Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Германскиот министер за одбрана предупредува: Путин не сака директна војна со НАТО, туку да го разниша одвнатре

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 месеци -

Свет
mk-nato-6

Германскиот министер за одбрана Борис Писториус изјави дека рускиот претседател Владимир Путин не тежнее кон директна војна со НАТО, туку има за цел постепено да ја ослаби Алијансата одвнатре и да го поткопа нејзиното единство.

— реклама —

Во интервју за германскиот весник Die Zeit, Писториус оцени дека не верува оти Москва планира фронтален судир со НАТО, но предупреди дека стратегијата на Кремљ е насочена кон разорување на довербата, солидарноста и решителноста меѓу сојузниците. Според него, Русија континуирано ја тестира издржливоста на Алијансата преку политички притисоци, дезинформации и индиректни безбедносни закани.

— реклама —

Германскиот министер нагласи дека нема индикации оти Русија покажува подготвеност да ја заврши војната во Украина и дека одговорноста за прекин на конфликтот лежи исклучиво кај Путин.

— реклама —

„Тој е единствениот што може веднаш да ја запре војната“, порача Писториус, додавајќи дека сите други дипломатски напори остануваат без резултат сè додека Москва не покаже реална волја за мир.

Изјавите на Писториус доаѓаат во период на зголемени безбедносни тензии во Европа и засилени дебати во рамки на НАТО за потребата од поголема кохезија, заедничка одбрана и отпорност на внатрешни поделби, кои, според Берлин, претставуваат една од главните цели на руската надворешна политика.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

65717207620215fa45d0e545827251_v4_big

НАТО пресретна балистички проектил од Иран во турскиот воздушен простор

Свет | пред 8 часа

media-librarybf78tj12r94fdPla1kY

Прага признава: нема средства за исполнување на НАТО обврските

Свет | пред 2 дена

rute

Руте: Ормутскиот теснец мора да се отвори, ќе најдеме решение

Свет | пред 1 седмица

mark-rute-1

Членките на НАТО дискутираат за повторно отворање на Ормускиот теснец

Свет | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања