Промени тема
За нас
Болници, лекови, специјализанти, закон за пушење, Брза помош, хаосот: „Претрес“ на министерот Алиу
Болници, лекови, специјализанти, закон за пушење, Брза помош, хаосот: „Претрес“ на министерот Алиу

Најнови вести

1 нед.
media-libraryjcg0p0cla7o57rS4R9i

Манасиевски со прашања до СДСМ за наводна улога на Башановиќ во енергетски и политички зделки

Членот на Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Валентин Манасиевски, упати низа прашања до СДСМ, поврзани со наводната улога на Зоран Башановиќ во политички и економски процеси во изминатиот период.Манасиевски праша дали Башановиќ, за кого тврди дека е поврзан со ПР тимот на СДСМ, имал посредничка улога во, како што наведе, „матни бизнис зделки“ во енергетиката, како и во процесите поврзани со промената на името на државата.„СДС да одговори дали нивниот ПР шеф Башановиќ бил посредник за матни бизнис зделки во енергетиката и промената на името на државата кое Заев и Филипче го спроведоа“, изјави Манасиевски.Тој дополнително изнесе тврдења дека Башановиќ, кој според него бил советник во владата на поранешниот премиер Зоран Заев, имал улога во поврзување на македонското и грчкото раководство во периодот на договорите меѓу двете држави.Во изјавата се поставуваат и прашања за евентуални зделки во енергетскиот сектор, вклучително и за договори поврзани со компании и концесии за ископ на јаглен, како и за наводни финансиски односи.Манасиевски побара од СДСМ да даде јасни одговори на изнесените тврдења, оценувајќи дека јавноста има право да знае дали постоела каква било поврзаност и одговорност.

Македонија | пред 1 седмица

1 нед.
katar-pozar

Хеликоптерска несреќа во Катар: загинаа седум лица, меѓу нив и турски државјани

Министерството за одбрана на Турција соопшти дека седум лица загинале во воена хеликоптерска несреќа во Катар, меѓу кои и тројца турски државјани.Според турските власти, меѓу загинатите се наоѓа еден турски војник и двајца припадници на обезбедувањето од турската одбранбена компанија „Асelsан“. Во несреќата животот го загубиле и четворица припадници на вооружените сили на Катар.Претходно беше објавено дека најмалку шест лица загинале, а едно се водело како исчезнато, но најновите информации потврдуваат дека нема преживеани.Причините за падот на хеликоптерот засега не се познати, а истрагата ќе ја спроведуваат катарските власти.Од Министерството за одбрана на Катар претходно беше објавен список со имињата на жртвите.

Свет | пред 1 седмица

1 нед.
nikoloski-delnica-Gostivar-Bukojcani_9

(Видео) Штип добива вештачко езеро, кое може да биде готово за две години

Вицепремиерот Александар Николоски изврши увид во изградбата на браната на реката Отиња, при што изрази очекување дека проектот би можел да добие завршница во 2028 година, со полнење на вештачкото езеро.„Доколку нѐ послужи времето, односно ако имаме сув градежен период, можеби уште оваа година ќе го завршиме езерото, а ќе ни треба уште една година да се наполни. Тоа значи дека некаде во пролетта 2028 година би можеле да видиме тука езеро кое ќе претставува атракција“, изјави Николоски.Тој посочи дека ова е второ вештачко езеро во државата, по она во Гевгелија, односно Коњско, и нагласи дека проектот има значаен потенцијал за локалниот развој.„Ова вештачко езеро многу ќе значи за развој на туризмот и локалната економија“, додаде вицепремиерот.Изградбата на браната на Отиња се смета за еден од покрупните инфраструктурни проекти во источниот дел од државата, со очекувања дека ќе придонесе за економски и туристички развој на регионот.

Настани | пред 1 седмица

1 нед.
talibanci

Израел: Во Либан убиен оперативец на Хамас задолжен за финансирање на активностите на групата

Израелската војска соопшти дека во напад извршен во Либан ликвидирала оперативец на Хамас, кој, според нивните наводи, бил вклучен во финансирање на активностите на оваа група.Во соопштението се наведува дека станува збор за Валид Мухамед Диб, кој бил цел на напад реализиран по налог на израелската разузнавачка служба Шин Бет.Според тврдењата на израелската страна, Диб бил одговорен за пренос на финансиски средства кон мрежите на Хамас на окупираниот Западен Брег, во Либан и на други локации, како и за регрутирање оперативци.Овие информации засега не се независно потврдени.

Свет | пред 1 седмица

1 нед.
putin

Зеленски: На Путин му одговара долг конфликт на Блискиот Исток

Украинскиот претседател Володимир Зеленски оцени дека продолжениот конфликт меѓу САД, Израел и Иран оди во прилог на Русија и на претседателот Владимир Путин, бидејќи ја пренасочува глобалната енергија и ресурси од Украина.Во изјава за Би-Би-Си, Зеленски посочи дека Кремљ има директен интерес од долготрајна нестабилност на Блискиот Исток, особено по одлуката на администрацијата на Доналд Трамп за 30-дневно изземање што овозможува купување руска нафта и деривати.Според него, ваквите потези ѝ носат финансиска корист на Москва, која може да ги искористи средствата за продолжување на војната против Украина.„Путин ќе посакува долг конфликт. За него, долга војна со Иран е плус. Тоа влијае врз цените на енергенсите, но и ги троши американските резерви и капацитетите за противвоздушна одбрана“, изјави Зеленски.Тој нагласи дека ваквата ситуација значи пренасочување на воените ресурси, кои наместо да се користат за поддршка на Украина, се трошат во друг конфликт.„Путину му одговара тие ресурси да не одат во Украина. Тој има цел да нè ослабне, а тоа е долгорочен процес. Блискиот Исток е еден од начините тоа да се постигне“, додаде украинскиот претседател.Русија е под санкции од САД и Европската унија од почетокот на инвазијата врз Украина во февруари 2022 година, но аналитичарите предупредуваат дека евентуалното нивно ублажување би можело значително да ја зајакне руската економија и воен капацитет.Изјавите на Зеленски доаѓаат во период на засилени геополитички тензии, при што паралелните конфликти отвораат прашања за распределбата на глобалната поддршка и ресурси.

Свет | пред 1 седмица

1 нед.
loru5bcabbkptivbtymx

Уапсен жител на гостиварско по пријава за семејно насилство врз сопругата

Полицијата приведе 43-годишен маж од гостиварско, осомничен за физички напад врз неговата сопруга во семејниот дом.Од Министерството за внатрешни работи информираат дека на 22 март 2026 година во 00:30 часот, полициски службеници од ОВР Гостивар постапиле по пријава од 40-годишна жена, која пријавила дека била физички нападната од нејзиниот сопруг.По интервенцијата, лицето Б.С. (43) било лишено од слобода.Од МВР наведуваат дека по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.Случајот е евидентиран како семејно насилство, за кое институциите најавуваат понатамошна постапка.

Македонија | пред 1 седмица

1 нед.
media-libraryibc9fg0j3r2g2mQX78i

Нова драма во Гостивар: млад возач бегал од полиција, па го фатиле без возачка

Дваесет и двегодишен жител на гостиварското село Чегране бил лишен од слобода откако се обидел да избега од полициска контрола и бил затекнат како управува возило без возачка дозвола.Од Министерството за внатрешни работи информираат дека на 21 март 2026 година околу 23:00 часот, на улицата „Боге Велјаноски“ во Гостивар, полициски службеници го привеле Л.Ф. (22).Претходно, при сообраќајна контрола на улицата „Питарница“, полицијата сопрела патничко возило „цитроен“ со гостиварски регистарски ознаки, кое го управувал, но тој се дал во бегство.По преземени мерки, лицето било пронајдено и приведено, при што било утврдено дека нема возачка дозвола.Возилото е одземено, а по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Македонија | пред 1 седмица

1 нед.
media-librarycnknba9drcl66ylKZAu

Малолетник затекнат зад волан во Тетово: полицијата го приведе, возилото одземено

Седумнаесетгодишен малолетник од тетовското село Милетино бил лишен од слобода откако полицијата го затекнала како управува возило без положен возачки испит.Од СВР Тетово информираат дека на 22 март 2026 година во 04:12 часот, на булевар „Илинденска“ во Тетово, полициски службеници сопреле патничко возило „опел корса“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од малолетникот.По извршените проверки било утврдено дека лицето е малолетно и нема положено возачки испит. По наредба на јавен обвинител, малолетникот бил лишен од слобода.Возилото е одземено, а по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Македонија | пред 1 седмица

1 нед.
avtopat

Возач без дозвола приведен на патот Тетово–Гостивар, возел и покрај активна забрана

Полицијата приведе 44-годишен жител на прилепското село Дебреште, откако бил затекнат како управува возило и покрај тоа што имал активна забрана за управување.Од СВР Тетово информираат дека на 22 март 2026 година во 04:05 часот, на патниот правец Тетово–Гостивар, полициски службеници сопреле патничко возило „голф“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од Ј.И. (44).При контролата било утврдено дека возачот управувал моторно возило иако имал изречена активна забрана за управување со возила од Б категорија.Возилото било одземено, а по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Македонија | пред 1 седмица

1 нед.
kazni-policija-policaec

Не застанал на црвено, па натепал полицајци - апсење во Гостивар

Полицијата во Гостивар приведе 48-годишен жител на тетовското село Голема Речица, откако при сообраќајна контрола физички нападнал полициски службеници.Од СВР Тетово информираат дека на 21 март 2026 година во 19:05 часот, на т.н. „Стакларска раскрсница“ во Гостивар, полициски службеници сопреле патничко возило „мерцедес“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од Б.Б. (48).При контролата било утврдено дека возачот не го почитувал светлосниот сигнал на семафорот. По извршената легитимација, тој физички ги нападнал полициските службеници, по што бил лишен од слобода.По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Македонија | пред 1 седмица

1 нед.
vozacka-1

Турчин чекал да добие возачка за жена му без да полага: платил 2.000 евра, ама ништо од ветеното, па пријавил во полиција

Триесет и тригодишен државјанин на Турција пријавил измама во ОВР Гостивар, откако, како што навел, останал без 2.700 евра за услуга која никогаш не била реализирана.Според информациите од СВР Тетово, случајот бил пријавен на 21 март 2026 година во 11:07 часот. Оштетениот пријавил дека во текот на 2026 година стапил во договор со лицето А.И., кое требало да посредува за добивање возачка дозвола за неговата сопруга.Во рамки на договорот, тој исплатил 2.000 евра однапред, додека преостанатите 700 евра требало да ги плати по добивањето на дозволата. Сепак, услугата не била реализирана, а пријавениот, според наводите, одбивал да ги врати веќе исплатените средства.Од полицијата информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Македонија | пред 1 седмица

1 нед.
media-library11umh2gfq8r73Sy6Z9x

Апсење во гостиварско: маж осомничен за уцена од 5.000 евра, кој сакал да ги изнуди со закани за објава на снимка

Полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода Г.Г. (34) од гостиварското село Чегране, под сомнение дека уценувал лице од тетовско село и му барал 5.000 евра.Како што информираат од полицијата, приведувањето се случило на 21 март 2026 година во 21:55 часот во Гостивар, по претходна пријава од оштетениот. Според пријавеното, осомничениот испраќал заканувачки пораки преку телефон и барал пари, тврдејќи дека лицето му должи сума од 5.000 евра.Воедно, тој се заканувал дека ќе објави снимка од разговор меѓу нив доколку не му бидат исплатени парите.Од СВР Тетово велат дека по целосно документирање на случајот против осомничениот ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.

Македонија | пред 1 седмица

1 нед.
media-librarytlcqb15n5hba1m2XP36

Зеленски: Имам многу лошо чувство

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изрази сериозна загриженост дека војната меѓу САД и Израел со Иран го пренасочува вниманието на Вашингтон од руската агресија врз Украина.Во интервју за Би-Би-Си, снимено за време на неговата посета на Лондон, Зеленски оцени дека развојот на настаните на Блискиот Исток има директни последици врз украинската позиција на меѓународната сцена.„Имам многу лошо чувство во врска со влијанието на овој конфликт врз Украина. За жал, Америка сега е повеќе фокусирана на Блискиот Исток отколку на Украина“, изјави Зеленски.Како конкретна последица, тој го посочи застојот во дипломатските активности, нагласувајќи дека планираните трилатерални состаноци се одложуваат.„Нашите дипломатски, трилатерални средби постојано се одложуваат. Причината е само една – војната со Иран“, додаде украинскиот претседател.Сепак, Зеленски истакна дека комуникацијата меѓу Киев и Вашингтон продолжува на дневна основа, како и контактите меѓу САД и Русија.Тој откри дека постоел предлог за состанок на највисоко ниво во САД, кој Украина го прифатила, но бил одбиен од руската страна.„Американската страна предложи да биде домаќин на средба меѓу двете страни. Ние се согласивме, но Русија го одби тој предлог. Затоа сега се чека нов термин и локација“, рече Зеленски, додавајќи дека Украина е подготвена да прифати било кој датум и место, освен Русија.Изјавите на Зеленски доаѓаат во момент кога глобалниот фокус сè повеќе се насочува кон ескалацијата на Блискиот Исток, што, според него, директно влијае врз дипломатската и воената поддршка за Украина.

Свет | пред 1 седмица

1 нед.
ck-dpmne

ВМРО-ДПМНЕ: СДС не одговори за наводната соработка со Шчекиќ и Башановиќ

ВМРО-ДПМНЕ обвини дека СДСМ три дена не одговара на прашањата поврзани со наводна соработка со Милјан Шчекиќ и Зоран Башановиќ, оценувајќи дека молкот отвора сомнежи за нивна вклученост.Од партијата велат дека СДСМ не демантира дали зад, како што тврдат, „соопштенија со невистини“ стојат овие две лица, ниту дали постои координација во креирањето на партиските ставови.Во соопштението се поставуваат и дополнителни прашања – дали, како што наведуваат, од скопски хотел се води „центар за манипулации“, како и дали имало средба во Ниш меѓу претставници на СДСМ и Шчекиќ, наводно по препорака на поранешниот лидер Зоран Заев.„СДС три дена молчи и не одговара на клучните прашања“, велат од ВМРО-ДПМНЕ, додавајќи дека јавноста има право да знае дали постои ваква комуникација и координација.

Македонија | пред 1 седмица

1 нед.
media-librarynofr7ihpsmf97kIELUo

(Видео) Нетанјаху повика на глобална акција против Иран: „Време е да ни се приклучат и другите лидери“

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху упати повик до светските лидери за поактивно вклучување против Иран, во услови на ескалација на конфликтот на Блискиот Исток.„Време е да ни се приклучат и лидерите на другите земји – некои веќе се движат во таа насока“, изјави Нетанјаху, нагласувајќи дека очекува поширока меѓународна поддршка за израелските активности.Неговата изјава доаѓа во момент кога конфликтот со Иран се продлабочува, со размена на ракетни и воздушни напади, како и зголемен притисок врз регионалната безбедност и глобалните енергетски текови.Повикот на Нетанјаху се толкува како обид за мобилизација на сојузниците, но и како сигнал дека Израел бара координиран одговор од меѓународната заедница во справувањето со иранската закана.Засега не е јасно кои земји конкретно се подготвени за поактивно вклучување, но дел од сојузниците веќе изразија поддршка, додека други повикуваат на воздржаност и дипломатско решение.Изјавата дополнително ја засилува неизвесноста околу понатамошниот тек на конфликтот, кој веќе има потенцијал да прерасне во поширока регионална криза.

Свет | пред 1 седмица

1 нед.
media-libraryokkusqvqc6d06m5CjEH

ОАЕ: Пресретнати три балистички ракети и осум дронови, 160 повредени во нападите

Министерството за одбрана на Обединетите Арапски Емирати соопшти дека противвоздушната одбрана денеска пресретнала три балистички ракети и осум беспилотни летала, во рамки на ескалацијата на нападите во регионот.Во официјалното соопштение се наведува дека има повредени лица од повеќе националности, при што вкупниот број на повредени достигнал 160. Повредите, како што информираат властите, се движат од полесни и умерени до тешки.Од Министерството потенцираат дека од почетокот на ескалацијата, одбранбените системи на ОАЕ се соочиле со значителен број напади, вклучително 341 балистички проектил, 15 крстосувачки ракети и дури 1748 беспилотни летала.Властите во Абу Даби нагласуваат дека државата останува целосно подготвена да одговори на сите закани и дека ќе продолжи со мерки за заштита на безбедноста и стабилноста.„Цврсто ќе се спротивставиме на сите обиди за нарушување на безбедноста на државата, со цел да ги заштитиме суверенитетот, стабилноста и националните интереси“, се наведува во соопштението.Овие податоци укажуваат на интензивирање на воздушните напади во регионот и зголемен притисок врз системите за противвоздушна одбрана, во услови на поширока регионална криза.

Свет | пред 1 седмица

1 нед.
media-libraryb4pgv2eeu4u32CwrZBr

Нетанјаху: „Претрпевме многу тешка вечер“

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека земјата поминала низ „многу тешка вечер“ по иранските ракетни напади врз јужните градови Арад и Димона, при што има жртви, десетици повредени и значителна материјална штета.Според официјалните информации, во нападот врз Арад загинале најмалку пет лица, додека повеќе од 100 се повредени. Забележани се сериозни оштетувања на објекти, а на неколку локации избувнале пожари. Паралелно, во Димона се регистрирани десетици повредени.Нетанјаху соопшти дека разговарал со локалните власти и порача дека Израел ќе продолжи со воени дејствија. „Одлучни сме да продолжиме да ги напаѓаме нашите непријатели на сите фронтови“, изјави премиерот.Израелските воздухопловни сили започнаа истрага за неуспешното пресретнување на балистичкиот проектил кој го погодил Арад. Се верува дека станува збор за ракета со конвенционална боева глава со голема количина експлозив.Покрај тоа, и Командата за домашен фронт води посебна истрага за околностите под кои дошло до пробив на противвоздушната одбрана, како во Арад, така и во претходниот напад врз Димона.Спасувачките служби и натаму се на терен и вршат пребарување на погодените подрачја, стравувајќи дека бројот на жртви може да се зголеми.Овие напади претставуваат една од најсериозните ескалации од почетокот на конфликтот, со директни удари врз населени подрачја и зголемен ризик од понатамошно ширење на насилството во регионот.

Свет | пред 1 седмица

1 нед.
Screenshot_774

Парис Хилтон и Картер Реум ги пресекоа муабетите за развод: „Ние сме најсреќниот пар на светот“

Парис Хилтон и нејзиниот сопруг Картер Реум јавно ги демантираа гласините дека нивниот брак е во криза, откако на социјалните мрежи почнаа да кружат „анализи“ за нивниот однос по нивното појавување на доделувањето на Греми наградите.Шпекулациите се разгореа поради тврдења дека говорот на телото на Реум на црвениот тепих наводно „открива“ незадоволство, а дел од коментарите се фокусираа и на момент кога Хилтон ја свртела главата додека тој се обидувал да ја бакне.Реум реши директно да стави крај на приказните и со објава порача дека нивната врска не само што не е разнишана, туку и дека се чувствуваат одлично како двојка.„Ве уверувам, мојата сопруга е една во милијарда и ние сме најсреќниот пар на светот, но ги ценам сечии аматерски психолошки анализи. Како што гледате, јас сакам да ја бакнам Парис, но таа едноставно не сака да ѝ се расипе шминката на црвениот тепих“, порача тој.Во продолжение, Реум додаде и дека меѓу нив „нема голема филозофија“, нагласувајќи дека Хилтон го обожава, со што практично ја затвори темата за наводен развод која се ширеше онлајн.

Магазин | пред 1 седмица

1 нед.
media-libraryat0lrpmbh2bj2vc69Kd

Украински инструктори изненадени од американската тактика: скапи ракети против евтини дронови

Украински воени инструктори испратени на Блискиот Исток изразиле изненадување од начинот на кој американските сили и нивните сојузници се справуваат со иранските напаѓачки дронови, оценувајќи дека се користат непропорционално скапи средства за нивно пресретнување.Според нивните сведоштва, во одредени случаи биле лансирани и до осум ракети од системот „Патриот“ за соборување на една цел, при што секоја ракета чини повеќе од три милиони долари. Овој пристап, како што наведуваат, значително ја зголемува цената на одбраната во однос на самата закана, со оглед дека дроновите од типот „Шахед“ чинат околу 70.000 долари.Украинските офицери посочуваат дека нивното искуство од војната со Русија довело до развој на поефикасни и поекономични тактики, вклучително и оптимизирање на бројот на пресретнувања и подобро управување со ресурсите. Тие изразиле зачуденост што нивните пресметки и оперативни искуства не се доволно искористени од страна на западните сојузници.Дополнително, критики има и за начинот на заштита на клучната воена опрема. Украинските експерти наведуваат дека во некои случаи скапи радари биле стационирани на исти позиции подолг период, што ги направило лесна цел за евтини дронови. Според нив, токму мобилноста и постојаното менување на позициите се клучни за преживување на вакви системи.Еден од примерите што го наведуваат е уништување на радар вреден околу една милијарда долари, погоден од неколку евтини беспилотни летала. Ова, според нив, покажува дека современото војување сè повеќе се сведува на асиметрични конфликти, каде што поевтините технологии можат да нанесат сериозни штети на скапи системи.Украинската страна нагласува дека нивното искуство во одбрана од дронови е меѓу најголемите во светот и дека може да биде од значајна корист за земјите кои се соочуваат со слични закани.Во меѓувреме, претседателот Володимир Зеленски потврди дека Украина испратила тимови експерти во неколку земји од Заливот, со цел да помогнат во одбраната од ирански дронови и ракети, што укажува на зголемена воена соработка во услови на поширока регионална ескалација.

Свет | пред 1 седмица

1 нед.
media-libraryfgj2o9rdavjg8Sog3xC

Сардинија под лупа: откриена генетска варијанта што ја кочи маларијата

Група истражувачи објавија дека кај дел од населението на Сардинија е пронајдена генетска варијанта што може да го спречи развојот на паразитот кој ја предизвикува маларијата, отворајќи нови насоки за идни терапии засновани на човечката генетика и еволуција.Според резултатите од студијата, работата е спроведена во соработка меѓу Институтот за генетика и биомедицински истражувања при Националниот истражувачки совет во Каљари и Универзитетот во Сасари. Анализирани биле примероци од ДНК на околу 7.000 волонтери, во рамки на голема популациска истражувачка програма.Научниците наведуваат дека откриената варијанта е поврзана со начинот на кој се развиваат црвените крвни зрнца – клетките во кои паразитот на маларијата го поминува клучниот дел од својот животен циклус. Истражувањето сугерира дека кај луѓето кои ја носат оваа варијанта се создава поголем број еритроцити со специфични карактеристики, што на паразитот му го отежнува размножувањето.Лабораториските тестирања, како што се наведува, покажале дека кога клетките од лица со оваа генетска варијанта биле инфицирани во контролирани услови, паразитот не успевал да се размножи и на крајот изумирал.Посебно значајно е и тврдењето дека оваа варијанта е релативно честа на Сардинија, а не е присутна во многу региони во светот каде маларијата сè уште е широко распространета. Истражувачите тоа го толкуваат како можен траг дека варијантата се развила по миграцијата на современиот човек од Африка – како еволутивен „штит“ во средини каде што болеста некогаш претставувала сериозна закана.Иако резултатите се охрабрувачки, научната заедница традиционално нагласува дека ваквите откритија најнапред треба да се потврдат со дополнителни анализи и независни студии, а потоа да се преведат во безбедни и ефикасни клинички пристапи. Сепак, наодите ја поттикнуваат идејата дека идните третмани против маларија би можеле да се потпрат не само на лекови насочени кон паразитот, туку и на механизмите што природно ги „вградува“ човечката биологија.

Свет | пред 1 седмица

1 нед.
izbori-britanija

Британски министер: Имаме одбрана што ја гарантира безбедноста, нема да бидеме вовлечени во војна

Британскиот министер Стив Рид изјави дека Обединетото Кралство располага со одбранбени системи кои ја гарантираат безбедноста на земјата, реагирајќи на тврдењата за дометот на иранското оружје и потенцијалната закана за европските метрополи.Изјавата доаѓа откако израелските одбранбени сили соопштија дека Иран поседува вооружување кое може да достигне градови како Лондон, Париз и Берлин. Овие тврдења, според британските медиуми, засега не се независно потврдени.Рид, говорејќи во утринска политичка емисија, одби да навлегува во детали за воените капацитети на Иран, но потенцираше дека Велика Британија има воспоставени системи што обезбедуваат заштита на државата.„Имаме системи и одбрана што ја гарантираат безбедноста на Обединетото Кралство и така ќе остане“, изјави министерот.Тој нагласи дека Лондон нема намера да влезе во војната, ниту да дозволи да биде вовлечен во конфликтот, но додаде дека ќе се преземат сите неопходни мерки за заштита на националните интереси, граѓаните и сојузниците.Во однос на најновите случувања, Рид потврди дека според проценките на британската влада, Иран испалил два проектила кон воената база Диего Гарсија. Едниот, како што наведе, откажал во текот на летот, додека другиот бил успешно пресретнат.Изјавите доаѓаат во момент на зголемени тензии на Блискиот Исток и растечки стравувања од поширока ескалација, при што европските држави внимателно ја следат безбедносната состојба и потенцијалните закани за сопствената територија.

Свет | пред 1 седмица

1 нед.
media-libraryl42sn4hv0m480pNUZbd

Иран пред ултиматум: ќе попушти ли Техеран или следува нова ескалација во Заливот?

Иран се соочува со сериозен притисок по 48-часовниот ултиматум на американскиот претседател Доналд Трамп за целосно отворање на Ормутскиот теснец, но досегашните сигнали од Техеран укажуваат дека брзо попуштање е малку веројатно.Иранските власти веќе најавија дека евентуален одговор на притисокот може да биде насочен кон енергетската инфраструктура во земјите од Заливот поврзани со САД. Во исто време, Техеран испраќа и селективни сигнали за деескалација, порачувајќи дека бродовите што не се поврзани со „непријателите“ можат да добијат безбеден премин низ теснецот доколку се координираат со иранските власти.Отворањето на Ормутскиот теснец за Иран би значело откажување од едно од неговите најсилни стратешки средства во конфликтот. Контролата врз овој клучен морски премин, низ кој поминува значителен дел од светската нафта, е главниот инструмент за притисок врз Западот и глобалната економија.Аналитичарите оценуваат дека Техеран има неколку можни сценарија. Првото е ограничена деескалација – дозволување делумен проток на бродови за да се намали меѓународниот притисок, без целосно откажување од контролата. Второто е задржување на сегашната стратегија, со продолжување на ограничувањата и индиректен притисок врз регионалните економии. Третото, најризично сценарио, е директна ескалација преку напади врз енергетски цели во Заливот, што би можело да предизвика поширок регионален конфликт.Иранската власт и во минатото покажала подготвеност да издржи сериозни економски последици, вклучително и санкции и внатрешни немири, со цел да го зачува политичкиот систем. Токму тоа ја прави непредвидлива во вакви кризни ситуации.Во меѓувреме, дипломатските канали остануваат отворени. Оман се наметнува како клучен посредник, додека дел од земјите од Заливот, свесни за економските ризици, вршат притисок за смирување на ситуацијата.Следните денови ќе бидат клучни. Одлуката на Техеран – дали ќе тестира до крај колку е сериозен американскиот ултиматум или ќе направи ограничен компромис – ќе го одреди понатамошниот тек на конфликтот, но и стабилноста на глобалниот енергетски пазар.

Свет | пред 1 седмица

1 нед.
media-library4qm31b5r4falfNrLvzI

„Граница, мито, шеми“: СДСМ со сериозни обвинувања за организиран криминал во земјоделството

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија обвинува за нов корупциски скандал поврзан со Министерството за земјоделство и институциите под негова надлежност, оценувајќи дека станува збор за организирана шема која се одвива преку граница.Според партијата, уапсениот директор на Државниот инспекторат за земјоделство, Васе Анакиев, наводно барал поткуп од 100.000 евра од фирма за да овозможи увоз на стока што не ги исполнувала законските услови. Како што посочуваат, дел од сумата, односно 50.000 евра, веќе биле исплатени, а комуникацијата се одвивала преку посредник – шпедитер.Од СДСМ велат дека овој случај се вклопува во поширок образец на криминал поврзан со гранични премини, царински процедури и институционални пропусти. Потсетуваат и на претходни случаи, меѓу кои и заплената на пет тони дрога, која, според нив, завршила кај функционер поврзан со српската СНС, а за кој, како што наведуваат, сè уште нема целосна разрешница.Партијата укажува дека вакви случаи не можат да бидат изолирани инциденти и дека е невозможно, како што наведуваат, поединци да делуваат без поширока мрежа и институционална поддршка. Дополнително, посочуваат и на претходен случај на уапсен директор поради мито од 50.000 евра, по што беше суспендирана ИПАРД програмата.„Не може толку многу корупција да има на пониските ешалони, а врвот на Министерството и Владата да не знаеле“, наведуваат од СДСМ, поставувајќи прашање за евентуална одговорност на повисоки функционери.Од партијата бараат темелна истрага која ќе ги утврди сите аспекти на случајот и ќе опфати, како што велат, „сите инволвирани, без исклучок“.

Македонија | пред 1 седмица

1 нед.
media-library3fbcoifjmj27dzCThLo

Напад со 500 војници и десетици возила одбиен за четири часа - Украина за жестоките борби кај Лиман

Украинските сили соопштија дека на 19 март одбиле масовен руски напад во близина на Лиман, оценувајќи дека станува збор за најголем обид за пробив на правецот Лиман–Борова во последниот период.Според Третиот армиски корпус, руските сили нападнале истовремено на седум правци, ангажирајќи повеќе од 500 војници, 28 оклопни возила и над 100 мотоцикли. Украинската страна тврди дека нападот бил одбиен за околу четири часа, благодарение на координирана одбрана долж целата линија на фронтот.Користењето мотоцикли и лесни возила, според анализите, укажува на обид за брзо распоредување и расфрлање на јуришни групи на повеќе точки. Сепак, таквата тактика остава малку заштита на единиците, особено откако ќе бидат изложени на артилериски оган, беспилотни летала и противоклопни системи.Украинскиот корпус соопшти дека руските загуби вклучуваат 84 мотоцикли, 11 борбени возила на пешадијата и оклопни транспортери, како и три тенка. Наведено е и дека бил погоден тежок термобаричен ракетен систем ТOС-1А „Солнцепјок“, пет артилериски орудија, како и повеќе од 160 беспилотни летала.Според украинското Министерство за одбрана, само на 19 март руските сили загубиле 1610 војници, три тенка, 21 оклопно возило, 31 артилериски систем и 1480 беспилотни летала од оперативно-тактичко ниво.Командантот на корпусот, генерал Андриј Билецки, изјави дека украинските сили со недели се подготвувале за ваков напад, откако забележале интензивирање на руските активности, вклучително и поставување понтонски премини и расчистување на мински полиња.Тој посочи дека за секој сектор биле подготвени одбранбени планови, што овозможило навремено и координирано одбивање на нападот на сите правци.Овие информации не се независно потврдени, а борбите на овој дел од фронтот продолжуваат без значителни територијални поместувања.

Свет | пред 1 седмица

1 нед.
media-libraryjprutcradgojaPgV63w

Ограничувања на бензинските пумпи во Словенија: До 50 литри по лице, активирана и армијата

Од полноќ во Словенија стапија на сила нови мерки за ограничување на точењето гориво на бензинските пумпи, со цел да се ублажат проблемите со снабдувањето со нафтени деривати.Согласно одлуката, физичките лица можат да точат најмногу 50 литри гориво дневно, додека за правните лица и за физички лица што вршат дејност, вклучително и земјоделство, ограничувањето изнесува 200 литри дневно.Мерките ќе важат до понатамошно известување, а владата најави дека ситуацијата ќе се следи на дневна основа. Премиерот Роберт Голоб изјави дека трговците со гориво ќе треба секое утро да доставуваат извештаи за состојбата на бензинските пумпи, по што ќе се одлучува дали се потребни дополнителни чекори.Во рамки на мерките, активирана е и словенечката армија, која ќе помогне во логистиката и транспортот на гориво, со цел да се забрза снабдувањето на пумпите.Владата ги повика дистрибутерите да ја координираат испораката од складиштата до бензинските станици, а дополнително беше препорачано да се разгледаат мерки што ќе се однесуваат и на странските државјани, со цел да се спречи дополнителен притисок врз резервите.Овие мерки доаѓаат во услови на засилена енергетска криза и нарушени глобални синџири на снабдување, што веќе предизвикува ограничувања во повеќе земји.

Свет | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања