Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

ФИЛИПЧЕ

filipce

Филипче: Законот за бранители нема никаква етничка компонента, опфаќа Македонци, Албанци и други етнички заедници

Во Закон за бранители опфатени се сите загинати припадници на Армијата на Македонија и на полицијата, односно членовите на нивните семејства коишто сега треба да бидат обесштетени како и воените инвалиди од сите настани коишто се случиле, не само во 2001 туку од 1990 година до денес. Притоа, во тие бранители ќе има луѓе коишто се Македонци, Албанци, Турци и Роми. Не е точно дека Законот за бранители ќе има некаква етничка конотација.Ова го истакна претседателот на СДСМ, Венко Филипче во интервју за емисијата „Само интервју“ на Канал 5.„Законот што СДСМ го предложи е најсеопфатен до сега. Опфатени се сите, а тие кои веќе добиле некакво обесштетување во минатото по други закони сега ги изедначува со сумите коишто ги добиваат новите категории коишто ќе влезат во новиот закон“, појасни Филипче.Според него, ВМРО-ДПМНЕ покажува лицемерие и се служи со двојни аршини кога станува збор за закони што се во корист на граѓаните и закони од лична корист на ВМРО-ДПМНЕ и премиерот Христијан Мицкоски. Споредбата на ја прави преку процедурите за носење на Законот за заем од Унгарија и Законот за бранителите.„Имено како што ВМРО-ДПМНЕ по кратка постапка го натера претседателот на Собранието, Африм Гаши да ја закаже Комисијата за финансирање и буџет и да помине Законот за заем од Унгарија, истото можеше да го направи и за комисијата на која требаше да се разгледува Законот за бранители. Наместо тоа, сакајќи само да глумат некаква конструктивност тие потпишаа некое барање од група пратеници на ВМРО-ДПМНЕ до претседателката на Комисија за социјална политика, Илире Даути којшто очигледно не ја свикува комисијата“, рече Филипче.Според Филипче, Гаши има обврска да ја свика Комисијата и на неа да се дискутираат сите аспекти во процедура како што доликува, а не преку медиумите.„Станува збор за вистински потреби на семејствата и на воените инвалиди. Кој е друг фронт подобар да се разговара за сите овие работи освен Собранието“, потенцира Филипче.

Македонија | пред 1 година

IMG_6534

Филипче: Раздвојувањето на Албанија и Северна Македонија е катастрофа за иднината на граѓаните

,,Амбасадорите на државите членки на Европската унија вчера донесоа одлука Албанија да ги продолжи преговорите со Европската унија и да се раздвои од Северна Македонија на патот на евроинтеграциите. Со оваа одлука станува јасно дека Албанија ќе добие зелено светло за продолжување во втората фаза на преговорите со ЕУ и отворање на првиот кластер.Раздвојувањето на Албанија и Северна Македонија е тежок пораз на политиките на Владата на планот на европската интеграција на државата. Но пред се, ова е огромна катастрофа за иднината на граѓаните. За жал, оваа нова пропуштена шанса ќе се одрази на многу семејства и на уште една цела нова генерација. Ова ја убива надежта дека нашата држава може да напредува и да се развива.ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски на граѓаните им сервираа изборна измама. Преку куп лаги и манипулации тие се обидоа да ја затскријат вистинската намера. А вистинската намера е дека ниту имаат план, ниту сакаат државата да напредува и да се развива во Европската Унија. Велеа, планот ќе се соопштеле откако ќе победат на изборите. Па еве денес, откако доживеавме тежок пораз, ги прашуваме, кој е планот? Кои се роковите на планот ако воопшто постои? До кога ќе бидете фиктивна опозиција во државата и нема да преземете одговорност и чесно да кажете што ќе се случува со оваа земја?Сега Македонија останува изолирана, без јасен план и стратегија како ќе продолжиме напред. За само 100 дена, Владата ја закопа последната надеж дека тука некогаш подобро ќе се живее. Политиките на ВМРО-ДПМНЕ кои служат само за ширење популизам и лажен патриотизам ни носат само меѓународна изолација, економска стагнација и внатрешни тензии. Осиромашена, безнадежна, внатрешно раскарана и раселена – ова е планот на ВМРО-ДПМНЕ за Македонија.За прв пат во 30 години откако државата го започна својот пат кон ЕУ, Владата сама себе се блокира. Стравот од било кои идни блокади, е сам по себе блокада. Мицкоски ги блокира граѓаните и напредокот на државата додека сите не плаши со идни блокади. Овој апсурд не е виден никогаш во политичката историја. Но она што е видено и се повторува е периодот од 2008 година кога ВМРО-ДПМНЕ беше на власт. Тогаш, од лидери во ЕУ интеграциите паднавме на последно место. Сега повторно Влада на ВМРО-ДПМНЕ сака од последно место конечно да се откажеме од планот за евроинтеграции.ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски се цунами за Македонија. Оваа Влада е Влада без чуство за одговорност, лидерство и грижа за грѓаните. Ова е Влада која во 100 дена само се жали, бара оправдувања и внесува параноја во општеството. Наместо за надеж се говори за дестабилизации, наместо за решенија се отвараат нови проблеми, наместо за мир и градење мостови, се создаваат нови надворешни и внатрешни непријатели. Ова се политиките на ВМРО-ДПМНЕ со кои сакаат граѓаните да ги направат гневни, раскарани и откажани од подобар живот.Најголемата трагедија е што ВМРО-ДПМНЕ всушност сака повторна билатерализација на европскиите преговори и спорот со Бугарија. Треба на сите да им е јасно, спорот со Бугарија не беше веќе билатерален. Со тешки маки успеавме од билатерален спорот да го донесеме во рамки на преговорите.Ние веќе не преговараме со Бугарија туку со ЕУ, а ВМРО-ДПМНЕ сака пак да го билатерализира. Значи целта е да се врати се наназад односно да се отоври повторно билатерален проблем. Како планира Мицкоски со реторика на карање и конфликти да обезбеди подобри услови со Бугарија во билатерална комуникација? Свесен ли е дека ќе добие само полош Договор? Свесен е, но тоа е очигледно и целта. Ова прашање да биде повторно и повторно главна тема во медиумите, а расправиите со соседите главна алатка на неговата пропаганда.Јас и понатаму сум убеден дека со промената на Уставот што е јасен услов од Преговарачата рамка, ништо нема да изгубиме. Напротив, ќе добиеме.Тоа е најдобриот начин да се заштитиме од натамошни барања и уцени. Тоа е единствениот начин веќе за секој проблем со кој може да се соочиме, да биде решаван во рамки на ЕУ пред сите членки, а не само Бугарија. Тоа е начинот веќе да нема билатерилизација на проблемот. Со почеток на разговорите ние веќе никогаш нема да преговараме со Бугарија туку со ЕУ и таа е гаранцијата за нашиот пат кон членство.”, изјави Венко Филипче.

Македонија | пред 1 година

IMG_4831

Филипче: Законот за бранители излегува во пресрет на потребите на луѓето, нема етничка димензија

Законот за бранители излегува во пресрет на реалните потреби на преживеаните бранители, на тие со инвалидитет и на семејствата кои што имаат загинати бранители, изјави претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија и пратеник, Венко Филипче, во одговор на новинарско прашање на денешната прес- конференција.„Овој Закон е со цел да им се излезе во пресрет на реалните потреби и на барањата и тие луѓе кои имаат инвалидитет, на преживеаните и на семејствата коишто имаат загинати бранители. Сметам дека се што може да направиме во интерес на граѓаните и задоволување на нивните реални потреби ние го правиме и ќе го правиме и понатаму. Тука воопшто нема никаква димензија на некаква меѓуетничка поделба или подгревање на меѓуетнички тензии“, потенцираше претседателот на СДСМ и пратеник Венко Филипче.На прашање во врска со реакциите на албанскиот политички блок дека Законот не задоволува и потреби на граѓаните Албанци и Филипче посочи дека пратеничката група на СДСМ и коалицијата е подготвена да разговара за сите аспекти, ако има потреба да се отвори и дебата на комисиската расправа со цел да се расчистат сите дилеми и доколку има потреба да се преземат дополнителни чекори за потребите на граѓаните.

Македонија | пред 1 година

IMG_6534

Филипче: На чело си ја напишавте корупцијата со носење на Законот за кредит по скратена постапка

,,Предлог законот, што веќе влезе во собраниска процедура во скратена постапка, и со кој Владата на ДПМНЕ ќе ги задолжи граѓаните со 500 милиони евра кај Унгарската експорт – импорт банка е одлука без преседан.Во услови кога за прв пат државата се задолжува директно кај друга држава, кога не постојат јасни критериуми и механизми за распределба на позајмените пари.Kога не постои јасно утврден систем за контрола на трошењето на парите. Kога нема јасни одредби во законот кои тоа го гарантираат, кога има точки каде се кријат скриени трошоци кои не се јасно изразени за нас како СДСМ е недозволиво и крајно неодговорно да се носи овој закон во скратена постапка.Со носење на овој Закон во скратена постапка целта на Владата е јавноста и граѓаните да бидат лишени од можноста детално да слушнат што се крие зад ова задолжување. ВМРО-ДПМНЕ го скрати правото на дебата и вклчување на експертската јавност во процесот на носење на самиот закон.Ова јасно упатува на заклучок дека Владата има многу што да скрие во овој закон.Сите овие постапки го потврдуваат ставот кој јас лично и СДСМ го кажавме по однос на ова задолжување, а тоа е дека е коруптивно и ја носи државата во должничко и политичко заложништво на Унгарија.Самиот предлог Закон изобилува со нелогичности, недоречености и многу непознаници и истиот мора апсолутно да биде предмет на широка јавна расправа, прецизно утврдување на секој детал од овој договор и секој денар кој треба да го платат граѓаните како камата.Во самиот закон постојат јасно видливи членови и елементи со кои се потврдува огромната корупција.Би сакале да посочиме неколку клучни точки од законот со кој се потврдува договорената корупција и бизнис со овие пари.Најважно, ова задолжување e договорено уште кога ВМРО-ДПМНЕ беше во опозиција, вонинституционално и во четири очи.Како што тогаш бил договорен законот, надвор од сите процедури, така и сега Владата сака да го изгласа надвор од секаква дебата или анализа. Ова СДСМ го смета за скандал!Затоа, информирам дека СДСМ кој ја води Комисијата за финансирање и буџет нема да го стави овој закон на расправа.Ја повикуваме власта да се вразуми, да го повлече Законот и да го стави во редовна процедура.Да организираме јавна експертска дебата а законот да ги помине сите филтри.Да се прецизира секој аспект на задолжувањето, да се расчистат сите дилеми и да се гарантира дека граѓантие ќе бидат заштитени. Доколку ова не го направи ВМРО-ДПМНЕ тогаш јасно потврдува дека има сосема други скриени намери на кои предупрдувавме.Еве му на Мицкоски шанса, да ја реалзира платформата која помпезно ја најави.Му подаваме рака во име на транспарентноста, правната држава, отчетноста, отвореноста. Вредности за кои тој вели дека се залага.Еве му шанса да докаже дека сака заеднички да работи во интерес на граѓаните.Уште еднаш апелираме, срамно и недозволиво овој закон да се донесе во скратена постапка.СДСМ бара да се искористат сите механизми на Собранието за јавна расправа по овој овој закон.СДСМ бара да се свика јавна расправа на која ќе учествуваат експерти и стручната јавноста, за граѓаните да може да слушнат каков закон се планира и кои ќе бидат последиците од ова задолжување.Ако го поминете законот вака, на чело ќе си ја напишете сами на себе корупцијата која ja правите.Немате оправдување за овој начин на носење на законот освен да ја скриете вистината и корупцијата која ja спремате.”, вели претседателот на СДСМ, Венко Филипче.

Македонија | пред 1 година

IMG_5169

Филипче: Мицкоски едно нуди, сосема спротивно прави, не се чесни неговите намери

„Се што понуди премиерот пред два дена е дијаметрално спротивно на политиките кои ги води, се залага за департизација, а тоа што сега се случува во институциите е целосна партизација“, посочи претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Венко Филипче, во Струмица, во одговор на новинарско прашање во врска со платформата за 10 принципи за заедништво и сплотеност што ја понуди Мицкоски.Филипче потенцираше дека наместо департизацја во моментов се назначуваат луѓе само по партиска основа, а тие кои припаѓаат на друг политички субјект или се преместуваат или се деградираат и се преместуваат на работа во други градови.Во одговорот на прашањето, Филипче потенцираше дека нема поместувања ниту во борбата против корупција.„Гледаме дека најавата за борба против корупција, криминал, неправилности во работата за жал е само најава, и тоа селективна. Премиерот не се грижи за тоа како се однесуваат неговите соработници и очигледно правејќи престапи на многу нивоа. Ние за тоа ја запознавме јавноста во изминатиов период“, рече Филипче.Воедно, Филипче во одговоротпосочи дека во моментов нема некаков напредок на земјата.„Не гледаме ниту еден чекор со кој се обезбедува идниот напредок на земјата во однос на евроинтегративниот процес. Во таа смисла ние како партија сме целосно посветени на напредокот на државата и можеме и сакаме да разговараме со секој кој има искрени намери и кој што има навистина вистинска работа. Не веруваме во овој момент ниту пак гледаме дека ВМРО ДПМНЕ има чесни намери во понудата за соработка. Сметаме дека тоа е само понуда да се обезбеди партнер за да поминат нивни теснопартиски или лични интереси“, изјави претседателот на СДСМ, Венко Филипче.

Македонија | пред 1 година

IMG_6239

Филипче: Корупцијата во Законот за кредитот од Унгарија се гледа од авион

Претседателот на Социјалдемократскиотсојуз на Македонија, Венко Филипче, денеска во Струмица, во одговор на новинарско прашање, потенцираше дека Законот за кредит од Унгарија што го најави Владата, е голем корупциски проект за кој каматите ќе ги плаќаат идните генерации.„За жал морам да констатирам дека корупцијата во овој Закон се гледа од авион.Имено, како никогаш досега една фирма која ќе биде одговорна за провизиите ја назначува унгарската банка која ги дава парите, тоа никогаш не било сценарио и не се случило во нашата земја. Секогаш кога имало меѓународна куќа таа била етаблирана, позната и ја обезбедувала државата со цел да се заштити. Сега некој друг ни кажува кои адвокати и која фирма ќе ги земе тие провизии. За жал, сметам дека тоа е еден голем корупциски проект кој што е озаконет, односно веќе влегува во законска процедура, генерации и генерации ќе плаќаат понатаму камати“, изјави претседателот на СДСМ Филипче.Во одговорот на новинарското прашање, Филипче посочи дека загрижува и фактот што Владата го криеше овој закон од јавноста и сега се носи по скратена постапка.„Ние укажувавме изминатиов период и сега излегува дека е вистина. За жал се носи еден таков сериозен закон по скратена постапка, за да нема доволно време за дискусија или анализа од страна на експертите и експертската јавност. Тој закон е поминат на Влада на 3-ти септември и очигледно еве скоро цела недела се криел од јавноста. Се поставува прашање зошто на таков шверцерски начин се обидуваат таков закон да протнат во Собранието по скратена постапка“, рече претседателот на СДСМ Филипче, додавајќи дека СДСМ многу внимателно ќе следи кои ќе бидат тие фирми што ќе бидат назначени од Унгарија и ќе бидат одговорни за провизиите, и сите работи кои ќе ги открива СДСМ ќе и бидат презентирани на јавноста.

Македонија | пред 1 година

IMG_6530

Филипче: Струмица станува првата општина во регионот со електричен и еколошки јавен превоз

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Венко Филипче, денеска во Струмица присуствуваше на промоција на новите електрични автобуси за јавен превоз во општината. Вредноста на инвестицијата е 7 милиони евра, пари обезбедени од буџетот на оптина Струмица, а капацитетот на секој автобус е за 48 патници. Еден месец превозот ќе биде бесплатен, а потоа цената на билетот ќе биде 30 денари. Јавниот превоз е наменет за жителите на градот, околните населени места и за учениците. Претседателот на СДСМ, Филипче, во изјавата за медиуми истакна дека со овој проект Струмица е првиот град во земјава и на Балканот со обезбеден електричен и еколошки јавен превоз.„Ова е еден сеопфатен проект во кој што се мислело на многу аспекти. Ова е еден проект кој што е императив на многу европски градови, да има електричен превоз, да се поврзат подобро градските населби помеѓу себе, приградските населби, селата со градот. При тоа, се обезбедува бесплатно возење за одредени категории граѓани, како за пензионерите, учениците, студентите. Обезбеден е посебен пристап во автобусите за лица со посебни потреби, како и посебно место за полнење на електричните автобуси, повторно обезбедено од обновливи извори на енергија, нешто што е цел на секој европски град согласно европската зелена агенда“, изјави претседателот на СДСМ, Филипче.При тоа, Филипче потенцираше дека овој проект во Струмица, реализиран од градоначалникот Коста Костадинов од редовите на СДСМ, е вистински доказ како треба да работат сите градоначалници и како треба да се грижат за потребите на граѓаните и подобрување на условите за живот во општините„Сведоци сме на примери како се однесуваат други градоначалници. Како лош пример, чиста спротивност на ова што сега се случува во Струмица, за жал е градот Скопје, затрупан во ѓубре, без доволно автобуси за јавен превоз. За жал тоа е еден целосно неодговорен однос на ВМРО ДПМНЕ и нивната градоначалничка Данела Арсовска“, изјави претседателот на СДСМ, Венко Филипче.

Македонија | пред 1 година

429556923_786909476816831_8219045427397920325_n

Филипче честита празник без “северна”: Време за сплотеност и одлучност за подобро утре

По повод 8 Септември, Денот на независноста, претседателот на СДСМ, Венко Филипче испрати честитки до сите граѓани на Македонија. Тој во честитката не го користи уставното име Северна Македонија, како што му беше пракса во минатото.-Денешниот 8 Септември и 33 години независност на нашата Македонија нѐ потсетуваат на силата, единството и храброста што ја имавме кога го избравме патот на суверенитет и самостојност, наведува претседателот Филипче.Во изминатите 33 години, нашата татковина се изгради како независна, суверена држава, одлучна да го заземе своето место на европската и на светската сцена, потенцира тој.-Овој пат не беше лесен и беше исполнет со предизвици, но и со многу достигнувања. Патот што го избравме пред три децении е потврда на нашата колективна волја за достоинство и просперитет. Во овие три децении, Македонија ги зајакна своите институции, ја обезбеди својата меѓународна позиција и создаде услови за економски и социјален напредок, вели Филипче.Претседателот на СДСМ потенцира дека нашата држава денес се наоѓа пред многу искушенија, кои бараат од нас да покажеме уште поголема зрелост, сплотеност и одлучност. Пред нас се моменти кога мораме да го зачуваме она што е стекнато со многу труд – демократијата.-Во ова време на нови предизвици поврзани со понатамошниот пат по кој ќе се движи Македонија, време е нашата сила и способноста на нашите граѓани да ја искористиме за да ја надминеме секоја препрека што стои на патот кон подобро утре. Пред нас е одговорноста да ја продолжиме изградбата на општество каде што секој граѓанин ќе има еднакви можности, а нашата земја ќе биде пример за стабилност, толеранција и напредок. Честит 8 Септември!, стои во честитката на претседателот на СДСМ, Венко Филипче.

Македонија | пред 1 година

IMG_4771

Венко Филипче да каже како 5 стана кои ги пријавил сега, а ги имал пред да биде министер не ги пријавил првпат кога станал функционер?, бара ВМРО-ДПМНЕ

“Венко Филипче да каже како 5 стана кои ги пријавил сега, а ги имал пред да биде министер не ги пријавил првпат кога станал функционер?”, бара ВМРО-ДПМНЕ и додава:Што крие Венко Филипче? Анкетните листови на министерот Филипче и пратеникот Филипче се дијаметрално спротивни.Во анкетниот лист на Филипче како пратеник има 5 стана, кои тој како што навел самиот ги поседувал пред да стане министер, но проблемот е во тоа што тој тогаш не ги пријавил.Зошто Филипче не ги пријавил становите во Скопје во 2018 година?Зошто криел имот Филипче, се работи ли за законски стекнат имот или не?ДКСК да отвори случај. ЈО да се заинтересира за Филипче.

Македонија | пред 1 година

IMG_3331

(Фото) Проблематична себепромоција на Филипче: освен дека работи, јавноста дозна и која е пациентката која има здравствен проблем

Фотографија на докторот Венко Филипче, кој воедно е и претседател на СДСМ, донесе дилеми и негодувања во јавноста. Тој се пофали со активностите кои ги обавува на неговата официјална страница на “Фејсбук”, под која напиша “Работно”.На фотографијата освен тој, е и негова колешка. Но и име и презиме, датум на раѓање, од пациентката, чија медицинска снимка е отворена на екранот до нив.Откривањето на лични податоци од здравствен осигуреник (пациент), би значело и прекршување на Законот за здравствена заштита. Членот 153, став 2, вели дека професионална тајна се податоците на пациентите. Во член 154 пак се наведува дека прекршувањето на одредбата ќе значи повреда на работниот однос.Во Законот нема одредби кои овозможуваат овие членови да не важат. Тоа значи дека без разлика дали е од невнимание, негрижа или со дозвола, откривање на медицинска снимка од пациент би било прекршок.Фотографијата ја виделе минимум 5.000 лица ако се суди според бројот на лајкови. *Сликата е со заматено име и презиме, оригиналната можете да ја најдете на страницата од Венко Филипче или линкот во првата реченица

Македонија | пред 1 година

filipce

Филипче: ВМРО-ДПМНЕ ја влоши меѓународната позиција на државата што е на штета на националните интереси

Владата на ВМРО-ДПМНЕ дојде на власт со ветување за подобра позиција во однос на преговарачката рамка со Европската Унија, но наместо тоа гледаме влошување на односите со соседите што оди на штета на нашите национални интереси.Ова го истакна претседателот на СДСМ, Венко Филипче во одговор на новинарско прашање кој е ставот на опозицијата во однос на моменталните односи со Бугарија.„ВМРО ДПМНЕ ветуваа некаква мудра политика и ветуваа дека тие ќе направеле позиција многу подобра од тоа што ние сме го постигнале. Меѓутоа, сè што гледаме е влошување на односите со соседите. Не гледаме ниту еден чекор во насока на обид да се направи нешто во контекст на тоа што го ветуваа. И ако тоа било дел од стратегијата, јас навистина не знам што е мудро во таа политика. Сметам дека оваа влада до сега не покажа апсолутно никаква намерата ние да го продолжиме европскиот пат“, изјави Филипче.Филипче истакна дека и СДСМ, но и граѓаните очекуваат Владата да се зафати со работа на полето на меѓународните односи на земјата и подобрување на нејзината позиција во однос на продолжување на преговорите со ЕУ.„Тоа е обврска на владата, да направат сè, нека биде согласно нивните ветувања, дека ќе ја подобрат позицијата, дека ќе направат не знам какви работи, но сè што гледаме е само влошување нашите односи со Бугарија и тоа никако не оди во прилог на националните интереси на земјата“, смета Филипче.

Македонија | пред 1 година

IMG_5169

Филипче: ВМРО-ДПМНЕ ја прекина низата на растот на плати во образованието

Оваа учебна година наставниците нема да ја започнат со повисоки плати, откако ВМРО-ДПМНЕ ја прекина низата на растот на плати во образованието, рече денеска претседателот на СДСМ, Венко Филипче во изјава на медиумите.-Со СДСМ наставниците секоја нова учебна година ја започнуваа со повисока плата, почнувајќи од 2019 и 2020 година кога платите во образованието пораснаа за 5%, во 2021 за 10%, а во 2022 и 2023, СДСМ ги зголеми платите на двапати по 15 проценти. Тоа е зголемување за над 55 проценти и тоа е влог во образованието, во нашите ученици и иднината на државата. Со СДСМ имаше зголемување на платите и враќање на достоинството на наставниците какво што не се случило до сега. За жал, оваа низа на раст на плати ја прекина ВМРО-ДПМНЕ, она кое пред неколку месеци ветуваше зголемување на платите на наставниците за 15% од септември и кое денес за истото вели-Не сега., рече Филипче.Но најстрашно е тоа дека ВМРО-ДПМНЕ ги остави без образовни асистенти учениците со посебни образовни потреби и кои имаат нужна потреба од нив, додаде тој.-Денес на првиот училиштен ден ВМРО-ДПМНЕ ги прекина договорите на, 800 досегашни образовни асистенти, лица кое се прифатени и им се блиски на учениците. Тоа е срамно и нечовечно. За среќа, во Општина Центар градоначалникот Герасимовски имаше распишано Јавен повик за лични образовни асистенти кои ќе ги придружуваат учениците и ќе им помагаат во совладувањето на целиот наставен образовен процес“, рече Филипче.После ова ниту родителите, ниту наставниците, ниту граѓаните повеќе не веруваат во патриотските и грижливи изјави на министрите од ВМРО-ДПМНЕ.-Не е подобро и нема да биде! Наместо со зборови, да говориме со дела. Подобриот живот не доаѓа со лажните ветувања туку со вистински проекти кои носат резултати“, рече Филипче.

Македонија | пред 1 година

IMG_6397

Филипче: Нова инвестиција во училиштето Коле Неделковски после 66 години

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, денеска присуствуваше на настан во ООУ „Коле Неделковски“ во Општина Центар, каде на почетокот на училишна година беа пуштени во употреба нови училници и кабинети. Ова е нова инвестиција во училиштето Коле Неделковски, после 66 години.-Градоначалникот Горан Герасимовски и Општина Центар издвоија 43 милиони денари за изградба на 4 нови училници, 2 кабинети, една библиотека. Средства кои обезбедуваат инклузивност во образованието, со лифт и тоалет за учениците со потешкотии во движењето како и пристапна рампа за непречен пристап во училиштето, рече Филипче.СДСМ обезбедува инклузивно образование за секое дете. Образование кое ги почитува и прифаќа различностите и кое овозможува и децата со попреченост да имаат еднакви шанси за достигнување на својот полн потенцијал и придонес во општеството, додаде тој.-Преку проектот за унапредување на основното образование СДСМ во изминатите години реализираа реконструкции на санитарни јазли и изградба на рампи за ученици со попреченост во повеќе од 40 училишта. СДСМ набави и опреми кабинети по природни науки во повеќе од 260 основни училишта и опрема и нагледни средства за кабинети по природни науки во повеќе од 358 училишта. А, минатата 2023 година, сите основни училишта во државата комплетно беа опремени со нови нагледни средства и помагала во кабинетите по историја, географија и за другите предмети од групата општествени науки. И овие инвестиции не треба да престанат, затоа што без квалитетно образование нема силна држава, рече Филипче.Претседателот на СДСМ, Венко Филипче на сите првачиња им посака среќна учебна година и успех на сите ученици."Верувам дека во секој ученик се кријат индивидуални посебности и силни таленти. Но, без инвестиции во образованието не можеме да зборуваме за квалитетно образованието и успешни и образовни кадри. Затоа во едно од најстарите училишта во Скопје Коле Неделковски, капацитетите се прошируваат по цели 66 години“, рече Филипче.

Македонија | пред 1 година

IMG_6368

Филипче пред членовите на СДММ: Иднината не е предодредна, таа ја обликуваме сите ние денеска

„Младите на СДСМ се надежта дека социјалдемократијата ќе опстои, а со тоа и надежите за подобро утре за секој од нас“ истакна претседателот на СДСМ, Венко Филипче на денешната конференција за избор на раководство и претседател на СДММ.Претседателот на партијата порача дека младите ја обликуваат судбината на нацијата, посочувајќи им секогаш да бидат гласни и храбри да не молчат пред неправдите. Потсетувајќи на младинските демонстрации низ историјата, Филипче истакна дека секогаш младите се тие кои го палеле огнот на промените, од уличните протести во Париз 1968 до Арапската пролет, младите се тие кои застанаа против угнетувањето, бараа правда и се бореа за еднаквост.„Сите предизвици со кои се соочуваме-било да се климатските промени, социјалната нееднаквост или економската неправда - не се само прашања за утре, тие се прашања за денес. И тие бараат храбра, решителна акција сега. Живееме во време на голема неизвесност. Подемот на популизмот и екстремизмот ја загрозуваат слободната младинска мисла, влеваат недоверба и гнев кај младите. На ова мора да се спротивставите. Социјалдемократијата е единствена политичка платформа преку која можете да делувате слободно , да се борите за вистинските вредности и да обезбедите просперитетна иднина за себе. Јас силно верувам а сакам да верувате и вие дека сепак, нашето општество е вкоренето во правичност, еднаквост и солидарност. И такво мора да остане и наша обврска е да не се предадеме во битката да имаме такво општество“-рече претседателот на СДСМ, Венко Филипче.Истакнувајќи ја принципите и вредностите на социјалдемократијата, претседателот на СДСМ, Филипче посочи дека СДММ мора да се борат за напредок, за вистински вредности, за достоинствен живот и благосостојба на сите.„Политиката не е спорт на гледачи. Не е доволно да застанете на страна и да се надевате дека некој друг ќе ја направи промената што сакате да ја видите. Без разлика дали тоа е преку организирање во вашите факултети, застапување за политики што ги одразуваат вашите вредности или интереси или пак сакате да се кандидирате за функција - вашето учество е од клучно значење“-рече Филипче.Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, повика на обединетост, посочувајќи дека силата е во единството на СДСМ.„Заедно сме посилни. Само со застанување заедно можеме да се спротивставиме на силите кои сакаат да не поделат. Само со заедничка работа можеме да изградиме општество кое е поправедно и сочувствително. Денес да се обврземе дека ќе се поддржуваме еден со друг, да се креваме едни со други и да се бориме заедно за светот во кој веруваме. Иднината не е напишана. Не е предодредена. Таа е обликувана од активностите што ги преземаме денес. И тоа е обликувана од луѓе како вас - луѓе кои се подготвени да застанат, да зборуваат и да водат. Затоа, ве прашувам, каква иднина сакате да создадете? Во какво општество сакате да живеете? И што сте спремни да направите за да стане реалност? Одговорите на тие прашања не се само за размислување, тие се патоказ за делување. И верувам дека ќе делувате“ рече Филипче во своето обраќање.Филипче му честиташе на новиот претседател на СДММ, Трајче Стојчевски, за изборот и му посака успех во работата.

Македонија | пред 1 година

21082024-Mickoski-1

Филипче: Ако Мицкоски не ги сподели со ОЈО информациите за понуденото мито, тој е соучесник

Претседателот на СДСМ денес одговараше на новинарски прашања на поврзани со изјавата на Мицкоски дека му било понудено мито за Коридорот 8. Претседателот Филипче изјави дека е крајно несериозно различни функционери да даваат различни изјави по однос на овој проект кој е НАТО коридор и од стратешко значење на за државата. Тој рече дека зачудува што за наводното мито понудено на премиерот, ниедна друга институција која треба да спроведе истрага нема информација.„Тоа што го изјавува премиерот е многу сериозно. Но, зачудува што ниту една друга институција нема информација. ОЈО да отвори постапка и премиерот во таа постапка да ги каже сите информации. Ако тоа не се случи тоа е соучество на Мицкоски“ - рече претседателот Филипче.Тој го осуди однесувањето на Мицкоски кој од говорница и преку прес конференции води партиски ПР наместо да ги докажува своите сериозни обвинувања преку институциите.„Го осудувам тој пристап на употреба на говорница и ПР пораки за сериозни работи и обвинувања. Со ова Мицкоски докажува дека единствено што прави е политизирање и манипулација, неместо сериозна истрага и докази“ - рече претседателот Филипче.

Македонија | пред 1 година

IMG_2695

Филипче: Поддршка за наставниците, во буџетот има пари за поголеми плати

“Денес сум тука во поддршка на наставниците и просветните работници кои дојдоа да испратат порака на незадоволство од одлукатa на ВМРО-ДПМНЕ да ја прекине политиката на раст на плати.Владата нема оправдување што наставниците ја започнуваат школската година без покачени плати и би рекол понижени и запоставени од Владата”, вечи Венко Филипче, претседател на СДСМ и додава:Мицкоски јасно покажува дека го запоставува образованието, ги запоставува оние кои ни ги учат и воспитуваат децата.Оправдувањата дека нема пари во буџетот се неприфатливи.Ако СДСМ беше на власт ќе имаше пари и за покачување на плати и за почитување на сите колективни договори.Никој не верува дека нема пари за покачување на платите на наставниците за 12%. Гледаме дека има пари за нови четири министерства и цела армија партиски вработувања, има пари за луксузирања со скапи авионски карти, има пари измислување на нови директорски места во царина и така натаму.Буџетот има пари, но платите не се приоритет. Ако имаше средства во времето на СДСМ, и тоа во најголемите светски кризи, здравствена, економска, енергетска како нема пари овој септември за да се покачат платите на просветните работници.Овој собир пред почетокот на учебната година е алармирање на власта за погрешните политики во образованието.Апелирам Владата да се соземе и сфати дека без редовно покачување на платите, во услови кога цените растат и тие не ги контролираат како тоа што го правеше СДСМ, животниот стандард ќе паѓа.Економијата нема да расте како што најавуваат и ќе создадат се потежок живот за граѓаните и работниците.

Македонија | пред 1 година

IMG_6239

Филипче: Влада која не покачува плати е влада која не се грижи за луѓето

Резочараноста на граѓаните од владеењето на Христијан Мицкоски и ВМРО ДПМНЕ е големо и присутно низ целата земја, рече претседателот на СДСМ Венко Филипче на средба со граѓаните на Маврово Ростуше каде што беше во посета.-Изневерени се предизборните ветувања а владата стана извор на секојдневни скандали за кои нема одговорност. Најмногу реакции има за прекинивањето на политиките на постојан раст на платите, во сите сектори, додека има зголемување на трошоците за живот. Влада која не покачува плати е влада која не се грижи за луѓето, рече Филипче.Претседателот Филипче потенцираше дека СДСМ во време на најголема здравствена и економска успеаваше да ги покачува платите и да покаже вистинска грижа за работниците.-Христијан Мицкоски и неговата Влада го прекинаа растот на платите и го вратија концептот на ВМРО ДПМНЕ да бидеме земја со евтина работна сила. Тоа е погрешно и го загрозува стандардот на работниците, на граѓаните. Било какви правдања не држат. Работа на Мицкоски е да обезбеди пари за поголеми плати и СДСМ ќе продолжи да ја притиска Владата.,рече претседателот на СДСМ, Венко Филипче на средба со граѓаните на Маврово Ростуше.

Македонија | пред 1 година

IMG_5169

Филипче: Паднаа во вода ветувањата за одговорноста што ја ветуваше Мицкоски со случаите поврзани со спикерот Гаши

Паднаа во вода ветувањата на ВМРО-ДПМНЕ и премиерот Христијан Мицкоски дека ќе има одговорност за сите функционери што се огрешиле од законот. Ова го истакна претседателот на СДСМ, Венко Филипче во одговор на новинарско прашање каков став ќе заземе Социјалдемократскиот сојуз во однос на интерпелацијата за собранискиот спикер, Африм Гаши.„МВР детектираше и за тоа има писмен документ, несоодветно однесување и неправилно постапување од страна на собранискиот спикер така што падна во вода ветување ВМРО-ДПМНЕ за одговорност на функционерите“, потенцира Филипче.Според него, главното прашање е зошто ВМРО-ДПМНЕ не почне постапка за смена на собранискиот спикер во контекст на сите нивни најави и изјави за одговорно работење на кој било функционер којшто е поставен на која било позиција.Филипче истакна дека пратеничката група на СДСМ ќе има координација во однос на ова прашање оваа недела, по што ќе ја информира јавноста за нивната позиција. Собраниската седница на која се точка на дневен ред е интерпелација за работата на Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија - Африм Гаши е закажана за 3 септември.

Македонија | пред 1 година

IMG_6239

Филипче: Приказни за мали деца е тоа дека нема пари во буџетот за повисоки плати

Владата на СДСМ во време на најголема здравствена и економска криза можеше да покачува плати, Христијан Мицкоски и неговата Влада само покажуваат колку се неспособни, бидејќи не може да се справат со предизвиците, вели претседателот на СДСМ, Венко Филипче, во изјава за медиумите.Филипче истакна дека политизирањето на барањата на Синдикатот од страна на Мицкоски е навреда не само за синдикатите туку и за сите работници во Македонија.,,Сметам дека тоа е обид да се дефокусира вниманието на граѓаните и на јавноста од навистина големите скандали коишто се случуваат веќе на почетокот на работата на владата – би рекол една ужасна неспособност од страна на Мицкоски да се справи со сите предизвици. Ако Владата на СДСМ можеше да најде пари во наголемите кризи во Ковид кризата, енергетската криза за време на почекот и во време на војната во Украина навистина сметам дека приказни за мали деца или изговор е да се каже дека во буџетот нема пари"-истакна претседателот на СДСМ, Филипче.Тој истакна дека владата на СДСМ работеше во интерес на работниците.,,За време на нашето владеење од 7 години ние покажавме вистински што значи да се мисли на работниците, да во континуитет се зголемува нивниот стандард и квалитет на живеење, а Владата на ВМРО-ДПМНЕ уште на почетокот кажува дека не само што нема да го. зголеми квалитетот на животот туку напротив ќе го намалува со тоа што не може да најде пари за зголемување на платите коешто сите го очекуваат" изјави претседателот на СДСМ, Венко Филипче.

Македонија | пред 1 година

zaev-filipce

„Замислете што ќе се случи ако ВМРО-ДПМНЕ ја води Владата во криза, тоа ќе биде 'Game over'“, Филипче го критикува Мицкоски

„Ужасна неспособност кај Мицкоски да се справи со сите предизвици“, ова го констатираше претседателот на СДСМ, Венко Филипче на прашање дали оставиле празен буџет за да сега не може да се покачи минималната плата за работниците и наставниците. Според Филипче, СДСМ владеел без штрајкови, а ВМРО-ДПМНЕ ја политизира работата.Според Филипче, ако СДСМ можела да најде пари во време на криза, тогаш ВМРО-ДПМНЕ немаат изговори.„Барањата за зголемување на платите потекнува од работниците. Премиерот мора да испланира како ќе продолжи да ги зголемува платите на работниците, а не да продолжува со политиките од едно друго време, кога работниците беа евтина работна сила“, рече Филипче.Првиот човек на СДСМ, Филипче вели и: „Тие не можат да се снајдат во услови кога нема криза, а замислете што ќе се случи ако ВМРО-ДПМНЕ ја води Владата во криза, тоа ќе биде 'Game over'“.

Македонија | пред 1 година

filipce

Филипче: СДСМ ќе понуди граѓански економски модел напсроти дивиот капитализам на ВМРО-ДПМНЕ

Во интервју за Фокус, претседателот на СДСМ Венко Филипче, одговораше што треба да постигне СДСМ за повторно да победува.Претседателот Филипче посочува дека СДСМ ќе победува кога ќе го промени однесувањето кон членството и цврсто ќе ги реафирмира социјалдемократските вредности. Тој додава дека најавената нова модерна платформа е од клучно значење за подигање на паритјата но и дека мора да направи реорганизација и демократизација на партијата. Тој понатаму вели: „СДСМ ќе победува ако се насочи кон реалните проблеми на граѓаните во политичка програма која ќе значи унапредување на животот во секој сегмент и за секого. По ова треба да биде препознаен СДСМ. Да нуди конкретни решенија и ја доближи својата политичка реторика до граѓаните“ - рече претседателот Филипче.Тој додава дека СДСМ мора да ја негува демократијата и слободата како единствена голема партија во моментов која има целосно демократска ориентација. „ СДСМ не смее да калкулира со национализмот и да води политики на манипулации на штета на напредокот. Такви партии имаме доволно“ - вели претседателот Филипче. Тој додава дека СДСМ мора да им се обраќа на работниците и на ранливите групи за кои е направено навистина многу во изминатиот период. „Овој пристап кон работниците, комбиниран со ефикасен модел за раст на економијата и поддршка на компаниите, ќе даде резлтат за сите. И ова е политика на заштита на граѓаните која верувам дека ќе биде препознаена пред налетот на дивиот капитализам кој го нуди ВМРО-ДПМНЕ“ - заклучува претседателот Филипче.

Македонија | пред 1 година

IMG_4831

Филипче: 35% од оние кои гласаа за ВМРО-ДПМНЕ денес не би гласале повторно за нив

Општото незадоволство од владеењето на Мицкоски и неговата Влада е очигледно вели во интервју за неделникот Фокус, претседателот на СДСМ, Венко Филипче. Во интервјуто, Филипче ги коментира кадровските политика на владата и пропустите кои ги прави Мицкоски и неговата влада како во процесот на реформи, така и во сферата на економијата и надворешната политика на Македонија.„ Според нашите анализи, 35% од граѓаните кои гласале за ВМРО-ДПМНЕ на изборите денес не би го направиле истото. Ова е јасен индикатор дека поддршката за Владата паѓа. Според мене, Владата ги изневери скоро сите клучни ветувања“-вели Филипче.Во интервјуто за неделникот „Фокус“, претседателот на СДСМ, коментира дека од владеењето на Мицкоски разочарани се и работниците, а со економските политики кои ги планираат, стандардот на граѓаните ќе биде уште полош.„Ги разочараа работниците на кои јасно им порачаа дека не се приоритет. Платите со ВМРО-ДПМНЕ нема да растат, додека според нивните економски проекции на БДП, нема да расте ниту економијата. Истовремено, најавуваат даночен рај за најбогатите компании, политика која е исклучително погрешна и целосно несоодветна за 2024 година. Таа носи и ризици по меѓународните финансиски рејтинзи на државата. Ако на ова се додадат огромните задолжувања, но и поскапувањата кои Владата нема намера да ги контролира и амортизира, јасно е дека животниот стандард само ќе тоне“-вели Филипче за неделникот „Фокус“.Коментирајќи ги кадровските политики на новата влада, предводена од Мицкоски, претседателот на СДСМ, Венко Филипче, вели дека тоа е најлошо екипирана влада досега, со секојдневни гафови на министрите поради нивната нестручност и некомпетентност. Што се однесува до надворешната политика, наместо решенија Мицкоски креира нови конфликти со соседите, вели претседателот на СДСМ.

Македонија | пред 1 година

IMG_4771

Филипче: Мицкоски го одби предлогот за нов Кривичен законик со кој ниеден функционер нема да биде заштитен

Во Министерството за правда веќе има нов Кривичен законик што се подготвуваше долго време од страна на експертска работна група. Јас лично го повикав премиерот Христијан Мицкоски тој текст да го стави на јавна расправа и да биде донесен час поскоро. И навистина ме чуди зошто толку експресно тој мој предлог беше одбиен од Мицкоски. Ова го истакна претседателот на СДСМ, Венко Филипче во интервју за неделникот „Фокус“.„Во новиот Кривичен законик кој инсистирам да се донесе има нови одредби кои ја санкционираат злоупотребата на службената положба и овластувања и тоа беше мој одговор на сите шпекулации дека го нудиме заради некаква скриена амнестија на функционерите од претходната власт“, потенцира Филипче.Тој негира дека измените на Кривичниот законик, донесени од страна на Владата на СДСМ и ДУИ, биле со цел спас на функционерите од овие партии.„Сметам дека е погрешно да бидеме и натаму обвинувани дека тоа било направено за да се заштитат функционерите на Владата на СДСМ од наводни криминали, кога токму челници од ВМРО-ДПМНЕ најмногу се офајдија од тие измени и сега се на високи функции“, вели Филипче во интервјуто.Претседателот на СДСМ смета дека не постои никакво оправдување зошто новиот текст на Кривичниот законик да стои во фиока, кога тоа не е само заложба на СДСМ како претходна владејачка партија, сега опозиција, туку е и обврска од реформската агенда со Европската Унија.Во однос на тоа дека довербата во судството паднала многу ниско за време на Владата на СДСМ, Филипче рече дека СДСМ грешка било што СДСМ не се успеа навреме да се реализираат сите проекти предвидени и во Стратегијата за реформи на правосудството, но додаде дека се донесени многу клучни реформи и закони.„Да не заборавиме дека беа донесени над 20 закони или законски измени во оваа сфера. Споменав, претходно во финална фаза беше и новиот кривичен закон. Впрочем Владата на СДСМ беше таа која побара Брисел да испрати оценска мисија за Судскиот совет и согласно препораките на европските експерти почна да се работи и на измените на законот за Судски совет. Успешно се спроведе скринингот за Поглавјата 23 и 24 и беше подготвен и прифатен од Брисел. Сите овие резултати не се занемарување и покажува дека СДСМ сепак имал искрена намера во однос на процесите во правосудството„ -рече Филипче.Во однос на барањето на ВМРО-ДПМНЕ да се распуштат Советот на судии и обвинители, Филипче рече: „Што се однесува до барањето на ВМРО-ДПМНЕ, ние јасно го кажавме нашиот став а тоа е дека било каква реформа во овој правосудството мора да биде мониторирана и одобрена од меѓународната заедница. Апсолутно не веруваме, а на тоа не учи историјата, дека ВМРО-ДПМНЕ има искрени намери да го реформира судството, напротив, сакаат да го скројат согласно своите потреби.И на оваа тема кај нив се гледа голема неискреност кон граѓаните, во јавноста се говори едно, а зад затворени врати се потпишува друго. Само што стигна информација дека Владата писмено се согласила да не ги распушта Советите на обвинители и судии како дел од реформската агенда, за веднаш потоа ВМРО-ДПМНЕ да излезе на прес конференција и да речат дека не се откажуваат од таа намера“ - рече Филипче.

Македонија | пред 1 година

IMG_5169

Филипче: Кредитот од Унгарија е бизнис план на Мицкоски на штета на граѓаните

Ставање на државата во економско и политичко заложништво на друга земја е многу погрешен чекор. Три поколенија ќе ги враќаат позајмувањата на премиерот Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ зад кои се кријат очигледни матни намери.Според претседателот на СДСМ, Венко Филипче, кредитот од Унгарија е всушност бизнис план на Мицкоски кој со сигурност ќе оди на штета на граѓаните.„Мицкоски обвинуваше за наводно подаништво на СДСМ кон ЕУ, а сега тој лично е најголемиот поданик на Унгарија, земја со отворено происточни тенденции и нејасна улога во рамките на Европската Унија. При состојба на ваков долг кон Унгарија, несомнено е дека и политичките одлуки и целосната стратешка ориентација на земјата ќе бидат под силно унгарско влијание.Но тоа е едниот проблем, другиот проблем е потенцијалната корупција која се спрема со овие пари“, изјави Филипче во интервју за неделникот Фокус.Една од причините за кредит од земја, а не од финансиска институција е помалата контрола врз тоа како ќе се трошат парите, појаснува Филипче.„Ова значи дека овие пари ќе се потрошат неконтролирано што апсолутно значи дека ќе има многу корупција. Според нашите информации, ВМРО-ДПМНЕ и за делот кој се однесува на проекти од општините веќе преговара со компании кои ќе ги работат проектите, при што ќе бидеме сведоци на офајдување на бизниси блиски до ВМРО-ДПМНЕ“, вели Филипче во интервјуто.Фактурите од договорот со Унгарија веќе пристигнуваат, смета Филипче, а допрва ќе ги видиме и другите фактури и бизнис интереси што се кријат зад договорот за кредитот.„Веднаш по кредитот стигна и најавата дека телекомуникациска компанија блиска до унгарскиот премиер, Виктор Орбан влегува во државата. Таа се најавува како некаква голема инвестиција која реално ништо нема да донесе за граѓаните и економијата. Но, Владата не одговара, како унгарскиот мобилен оператор „4iG“ ќе влезе во земјава кога има стратешко партнерство со кинеска компанија и тоа е спротивно на домашните закони со кои се обврзуваме да користиме телекомуникациски системи од доверливи добавувачи“, вели Филипче.

Македонија | пред 1 година

filipce

Филипче: На ДУИ треба да им е јасно дека Рамковниот Договор не е извор на желби

Претседателот на СДСМ, проф. д-р Венко Филипче во интервју за неделникот „Фокус“ вели дека СДСМ нема да поддржи никаква интерпретација или автентично толкување на Рамковниот договор и додава дека тој не е извор на желби.„На ДУИ треба да им биде јасно дека тој не е неисцрпен извор на желби. Тоа е историски документ и се што е од него произлезено и договорено со нашите стратешки партнери, како меѓународни гарантори на тој договор, е веќе втора деценија дел од уставниот поредок на земјата. Нема интерпретации, нема автентични толкувања. Мачен и долг беше процесот на негова имплементација и ставот на СДСМ е јасен: ниту поддржувала, ниту ќе поддржи какви било барања за негова интерпретација, или како што слушам сега, автентично толкување од странски експерти, од кого и да доаѓаат“, вели претседателот на СДСМ, Венко Филипче во интревју на неделникот „Фокус“.

Македонија | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања