Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

ФИЛИПЧЕ

media-libraryt2gp9lgku0ik2GMnYFG

(Видео) Филипче: Мерките за горивата се задоцнети и нема да донесат реално поевтинување

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, остро ја критикуваше најавената мерка на Владата за намалување на ДДВ за горивата од 18 на 10 проценти, оценувајќи ја како задоцнета и недоволна за да има реален ефект врз цените.Тој посочи дека граѓаните веќе подолго време се соочуваат со значителни поскапувања, а владината реакција доаѓа предоцна.„Оваа мерка е многу задоцнета и далеку од доволна. Цените на горивата веќе три недели растат, дизелот поскапе за вкупно 21 денар, а се очекува и ново зголемување“, изјави Филипче .Според него, намалувањето на ДДВ нема да се почувствува од страна на граѓаните, бидејќи новите поскапувања ќе го неутрализираат ефектот.Филипче оцени дека Владата со недели не презела мерки, дозволувајќи растот на цените на горивата да предизвика поскапувања и на основните прехранбени производи.„Маслото за јадење е над 100 денари, јајцата над 300, овошјето и зеленчукот над 100 денари за килограм. Еднаш зголемените цени повеќе не се враќаат назад“, нагласи тој .Лидерот на СДСМ обвини дека Владата избегнува суштински економски мерки и работи во интерес на бизнис-структури блиски до власта.„Ова не е економска политика, туку заштита на одредени бизнис-интереси на сметка на граѓаните“, рече Филипче .Тој побара итно усвојување на мерки предложени од СДСМ, меѓу кои намалување на ДДВ за горивата на 5 проценти, намалување на акцизите, укинување на ДДВ за основните прехранбени производи и намалување на цените на патарините.Според Филипче, само ваков пакет мерки може да донесе вистинско намалување на цените и да го заштити животниот стандард на граѓаните.

Македонија | пред 1 седмица

market-pari

Да се намали акцизата на горивата, ДДВ-то на основните прехрамбени производи, цената на патарините, бара Филипче

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, најави дека партијата во текот на денот ќе поднесе пакет законски предлози со цел намалување на ценовниот притисок врз граѓаните, во услови на растечки трошоци за живот.„Ќе ги поднесеме нашите предлог-закони за намалување на акцизата на горивата, намалување на ДДВ-то за основните прехранбени производи и преполовување на патарините. Апелираме до оваа ненародна, корумпирана власт да ги прифати и да им излезе во пресрет на граѓаните“, изјави Филипче.Тој оцени дека Владата не презема соодветни мерки во време на економска криза и раст на цените.„Не растат платите, а наместо итни владини седници за помош на граѓаните, владиниот тим се шета во Брисел на прослави“, рече Филипче.Лидерот на СДСМ предупреди дека граѓаните се соочуваат со сериозен економски притисок, особено поради најавените поскапувања на струјата и растот на цените на основните производи.„Кога граѓаните утре нема да можат да ги платат надуените сметки за струја и нема да можат да обезбедат ни половина од потрошувачката кошничка, треба да се сетат дека премиерот бил на прослава на ЕПП“, додаде Филипче.

Македонија | пред 1 седмица

media-librarydsemnfdf9r30a1Vcdks

Ако не разбирате, премиерот работи на изолација на државата како што лаеше дека ќе го врати ФИРМ за да не бидеме НАТО држава, рече Филипче

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, остро го критикуваше премиерот и Владата, обвинувајќи дека наместо напредок кон Европската Унија, државата се води кон изолација и стагнација. Тој бара Бугарите да се внесат во Уставот.„Тој не зборува за пристапувањето на Македонија во ЕУ затоа што тоа не го интересира. Зборува за спроведени реформи, а се поставува прашањето – за кои реформи, кога ниту еден закон од областа на правосудството не беше донесен“, рече Филипче.Тој посочи дека единствените измени што биле направени се спротивни на препораките од оценската мисија, прашувајќи дали премиерот ќе зборува и за тие законски решенија.„Ако некој не разбрал, да преведам – премиерот работи на изолација на државата. Исто како што лаеше дека ќе го врати името – ФИРОМ, БЈРМ, со тоа да не бидеме НАТО држава. Манипулативниот ПР тим мора да внимава на секоја реченица“, изјави Филипче.Тој обвини дека, според него, станува збор за „организирана криминална структура“ која, како што рече, преку медиуми под контрола и со поддршка од странство, води антиевропска кампања.„Се создаваат намерни конфликти и се шират лаги за бугарска завера. Тоа е стар, веќе виден рецепт за задржување на власта, по цена на иднината на државата“, додаде лидерот на СДСМ.Филипче отвори и економски прашања, потенцирајќи дека Владата не дава одговор колку ја чини државата тоа што не се отвораат преговорите со ЕУ.„Дали некој пресметал колку средства би добиле граѓаните ако се отворат пристапните преговори?“, праша тој.Дополнително, предупреди и на геополитички ризици, посочувајќи дека евентуална промена на политичката сцена во Европа може да ја затвори вратата за проширување.„Кој ќе преземе одговорност ако следната година во Франција победи десница за која проширувањето не е приоритет? Кој ако Албанија стане членка пред нас и ни се наметнат нови услови?“, рече Филипче.Тој ја критикуваше и, како што рече, незаинтересираноста на премиерот за домашните проблеми.„Премиерот не е загрижен – тој е на самит на ЕПП на сметка на граѓаните, додека тука растат цените и се најавува поскапување на струјата“, додаде Филипче.

Македонија | пред 1 седмица

media-libraryrsq2gvq5gp92bOvwsja

Филипче тврди дека Шилегов одработува за ВМРО-ДПМНЕ, а и Шилегов тврди дека Филипче се договара со ВМРО-ДПМНЕ

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, обвини дека поранешниот градоначалник Петре Шилегов „процесно одработува за ВМРО-ДПМНЕ“ и придонесува за внатрешни поделби во партијата.„Не станува збор за поинакво мислење, тоа беше сослушано. Станува збор за процесно одработување за ВМРО-ДПМНЕ и за внатрешна поделба на партијата. По сите проверки дојдовме до тој заклучок, а Извршниот одбор одлуката ја донесе со консензус“, изјави Филипче.Тој нагласи дека единството на СДСМ е клучно во, како што рече, борбата против „криминалната и корумпирана власт“, додавајќи дека нема да дозволи партијата да биде поделена.„Нема да дозволам ВМРО-ДПМНЕ преку поединци да ја ситни и дели партијата“, истакна Филипче.Од друга страна, Шилегов возврати со остри критики, тврдејќи дека постои договор со кој СДСМ намерно се одржува во слаба позиција.„Очигледно постои договор СДСМ да биде во ваква состојба, да ги промашува темите и да дозволи ВМРО-ДПМНЕ да владее два мандата, за да не бидат предмет на истраги“, рече Шилегов.Тој оцени дека партијата е „целосно кадровски исцрпена“ и дека значаен дел од влијателните кадри веќе не се дел од неа.Шилегов го оспори и процесот за негово исклучување, тврдејќи дека е спротивен на Статутот.„Исклучувањето го врши општинската организација, а не Извршниот одбор. Го повикувам Филипче да дојде во Карпош и да разговара со членството“, изјави Шилегов.Тој порача дека ќе продолжи со својата политичка платформа и побара актуелното раководство да се повлече.„Ќе го замолам ова раководство да си замине и да ја ослободи партијата. СДСМ не е сопственост на една групација“, нагласи Шилегов.

Македонија | пред 1 седмица

Silegov

Шилегов: Филипче ако сака да го спроведе моето разрешување, нека дојде во организацијата во Карпош

Поранешниот градоначалник на Скопје, Петре Шилегов, денеска изјави дека во согласност со партискиот статут, исклучувањето на член го врши општинската организација на која тој припаѓа и го повика претседателот на партијата, Венко Филипче, доколку сака да спроведе таква иницијатива, да дојде во организацијата во Карпош за да разговара со членството.„Ќе ја искористам можноста, ако сакаат да спроведат таква иницијатива, да дојдам во општина Карпош, ќе разговараме со членството таму, ќе се обидам да имаме сериозна дискусија, и за моето исклучување и за неговото отстранување. Што се однесува до тоа што завршија, тој заврши кај Петре Шилегов, нема да го дозволам ова. Сè што сум направил во мојот живот професионално, но уште повеќе политички, она што сум го направил за СДСМ и она што сè уште го правам, нема да дозволам да биде оцрнето од човек кој е избран за претседател без статут“, рече Шилегов.

Македонија | пред 1 седмица

media-libraryij4jka12lc2j20pwL2m

Филипче: Нема да дозволам ВМРО-ДПМНЕ преку поединци да ја дели СДСМ

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, изјави дека нема да дозволи, како што рече, обиди за внатрешно разнебитување на партијата преку поединци поврзани со ВМРО-ДПМНЕ.Одговарајќи на новинарско прашање на денешната прес-конференција, Филипче оцени дека СДСМ се соочува со, како што рече, организирани обиди за внатрешна поделба.„Нема да дозволам да ја делат СДСМ, затоа што имаме работа со криминална и корумпирана власт која не може да го спречи падот на анкетите. Таков пад на ВМРО-ДПМНЕ досега немало, а ние бележиме раст. Единственото што можат да го прават е да се обидуваат да ја делат партијата одвнатре за да владеат како што сакаат. Тоа нема да го дозволиме“, изјави Филипче.Тој додаде дека, според него, вакви обиди биле присутни и во минатото, посочувајќи на политичките случувања во изминатите изборни циклуси.„Такви процеси имаше и во 2021 година, во 2024 имавме силна националистичка и, како што ја оценувам, лажна кампања, а во 2025 година самиот Шилегов посочи дека не работел за СДСМ. Има и други луѓе кои не работеле за партијата на изборите. Тоа влијаеше на резултатите, но јас тоа повеќе нема да го дозволам“, рече Филипче.Тој истакна дека пред СДСМ стои, како што наведе, сериозна задача поврзана со европската перспектива на државата, поради што, според него, е неопходно зачувување на единството во партијата.„Се бориме за опстанокот и европската иднина на државата и нема да дозволам ВМРО-ДПМНЕ преку поединци да ја дели оваа партија“, потенцираше Филипче.

Македонија | пред 1 седмица

media-library7idjh85vq4vc3y0pQnY

Филипче: ВМРО-ДПМНЕ паѓа во анкетите, СДСМ расте

Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, изјави дека последните анкети укажуваат на значителен пад на поддршката за ВМРО-ДПМНЕ, додека, како што рече, СДСМ бележи раст.Одговарајќи на новинарско прашање, Филипче оцени дека граѓаните веќе ги препознаваат политиките на власта и се разочарани од нив.„Нема да дозволам луѓе да ја делат СДСМ, затоа што имаме работа со криминална и корумпирана власт која не може да го спречи падот на анкетите. Ваков пад на ВМРО-ДПМНЕ досега немало, а ние имаме раст. Единственото што можат да го прават е да се обидуваат да ја делат партијата одвнатре за да продолжат да владеат“, изјави Филипче.Тој додаде дека, според него, граѓаните повеќе нема да бидат подложни на, како што ги нарече, националистички и коруптивни наративи.„Убеден сум дека на следните избори ВМРО-ДПМНЕ нема да може повторно да ги доведе во заблуда граѓаните, ниту да ги прикаже национализмот и корупцијата како патриотизам. Тоа веќе не поминува, граѓаните јасно гледаат што се случува“, рече Филипче.

Македонија | пред 1 седмица

media-library2aklf6fc9vip4HnYB5U

Филипче: Шилегов работи во корист на ВМРО-ДПМНЕ и ја дели партијата

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, изјави дека поранешниот градоначалник на Скопје, Петре Шилегов, работи во корист на ВМРО-ДПМНЕ и придонесува за внатрешни поделби во партијата.Одговарајќи на новинарско прашање, Филипче посочи дека не станува збор за различно мислење, туку за, како што рече, координирано дејствување.„Овде не станува збор за туѓо мислење, затоа што и тоа мислење беше сослушано. Станува збор за процесно одработување за ВМРО-ДПМНЕ и за внатрешна поделба на партијата. По сите проверки на информациите, дојдовме до тој заклучок. Извршниот одбор ја донесе одлуката со консензус, никој не гласаше против“, изјави Филипче.Тој нагласи дека зачувувањето на единството во СДСМ е клучно во, како што рече, борбата против корупцијата и криминалот, за кои ја обвини актуелната власт.„Нема да дозволам понатамошни поделби во СДСМ, особено во услови кога се соочуваме со криминална и корумпирана власт. Падот на рејтингот на ВМРО-ДПМНЕ е евидентен, додека ние бележиме раст. Единственото што можат да го направат е да се обидат да ја делат партијата одвнатре. Тоа нема да го дозволиме“, рече Филипче.Според него, обидите за, како што ги оцени, внатрешни раздорни процеси преку поединци, се насочени кон ослабување на СДСМ, но, како што потенцираше, партијата ќе остане обединета.

Македонија | пред 1 седмица

media-library8hq3j8pg4vqe8YoVd7f

Филипче: Пораката од Брисел е јасна – Европа не сака „тројански коњи“

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, оцени дека изјавата на еврокомесарката Марта Кос, според која Европа не сака „тројански коњи“, претставува сериозно предупредување за земјава и за нејзиниот евроинтегративен процес.На денешната прес-конференција, Филипче истакна дека ваквите пораки укажуваат на загриженост во Европската Унија во однос на влијанијата од трети земји.„Имаме сериозна изјава и предупредување од еврокомесарката Марта Кос дека нема место за нови членки врз кои Русија и други држави имаат влијание и дека Европа не сака тројански коњи. Тоа е многу сериозна и силна порака. По предупредувањето дека овде владее ‘српски свет’ во извештајот на Европскиот парламент, ова е уште една ваква порака“, рече Филипче.Тој се осврна и на последниот извештај на известувачот на Европскиот парламент, Томас Вајц, посочувајќи дека во него се констатира недостаток на напредок во клучните области.„Во извештајот нема напредок во владеењето на правото, реформите во правосудството и борбата против корупцијата и криминалот. Слободата на говор е сериозно доведена во прашање. Оваа власт носи резолуции со кои ѝ се ограничува просторот на опозицијата да говори за одредени теми“, изјави Филипче.Тој додаде дека не може да се зборува за медиумска слобода кога, како што рече, значителен дел од медиумите се поврзуваат со интереси блиски до унгарскиот премиер Виктор Орбан.„Не може да има слободни медиуми кога однапред се најавува кој ќе биде нов директор на МРТ. Се поставува прашањето дали тоа ќе биде човек близок до премиерот Христијан Мицкоски, со што ќе се воспостави целосна контрола. Во меѓувреме, со кредит од една милијарда евра, чија намена не е доволно транспарентна, се отвораат сериозни дилеми“, посочи Филипче.Тој истакна дека сличен модел, според него, се применува и во енергетиката, инфраструктурата и телекомуникациите, каде, како што тврди, проектите се поврзуваат со компании блиски до кругови околу Орбан.„Ова е уште еден показател во каква насока се движи државата под водство на ВМРО-ДПМНЕ – кон систем кој е подложен на корупција и криминал“, заклучи Филипче.

Македонија | пред 1 седмица

market-4

Филипче: Цените растат, владата на Мицкоски не презема ништо 

Од денеска повторно има покачени цени на горивата во земјава и ова е второ сериозно покачување на цените на горивата, а владата не презема буквално ништо да го заштити стандардот на граѓаните“, нагласи претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче, на денешната прес-конференција. Филипче посочи дека сите земји од регионот веќе преземаа мерки за да им помогнат на граѓаните, само нашата влада не презема ништо.„Нема најава за никакви мерки коишто во оваа тешка криза ќе им помогнат на граѓаните полесно да живеат. Не прават ништо, не се грижат за граѓаните, се грижат само за сопствените бизниси и за сопствените тендери. И ова не е нешто ново, тоа го прават изминатите две години во континуитет“, рече Филипче.Притоа, Филипче укажа дека според проценките согласно потрошувачка на деривати, само за една недела, граѓаните платија 3 милиони евра повеќе само со покачувањето на цената на дизелот.„Со новото поскапување, неделно тоа ќе ги чини граѓаните повеќе 4,5 милиони евра, пари коишто ќе бидат одземени од граѓаните и компаниите.Иако премиерот Христијан Мицкоски најавуваше дека горивата ќе поевтинат и дека ќе се намалат некаде за 2,5 денари по литар тие поскапеа за 7 денари. И тоа не е ништо од премиерот, секој ден му е само една нова лага “, рече Филипче.На прес-конференцијата Филипче најави дека СДСМ во Собранието ќе поднесе пакет законски решенија за намалување на цените на горивата и на храната, како и законско решение за преполовување на цените на патарините.

Македонија | пред 1 седмица

media-libraryjh5focvnr7dv3FbX14S

Филипче: СДСМ поднесува пакет законски решенија за намалување на цените на горивата и храната

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија ќе поднесе пакет законски решенија за намалување на цените на горивата и на храната, најави на денешната прес-конференција претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче. Тој посочи дека денешното поскапување на горивата  е второ сериозно покачување на цените на горивата, а владата не презема ништо за да го заштити стандардот на граѓаните.„Од денеска повторно има покачени цени на горивата во земјава.Иако премиерот Христијан Мицкоски најавуваше дека горивата ќе поевтинат и дека ќе се намалат некаде за 2,5 денари по литар тие поскапеа за 7 денари. И тоа не е ништо од премиерот, секој ден му е само една нова лага. Нема најава за никакви мерки коишто во оваа тешка криза ќе им помогнат на граѓаните полесно да живеат“, рече Филипче.Тој додаде дека сите земји во регионот веќе преземаа соодветни мерки со коишто им помагаат своите граѓани полесно да ја надминат оваа криза, само нашата влада не прави ништо, не се грижи за граѓаните, се грижи само за сопствените бизниси и за сопствените тендери.„Имајќи предвид дека апелиравме, имајќи предвид дека како и секогаш досега владата не одговори и нема намера да одговори, ние во Собранието ќе поднесеме пакет на закони со цел да им олесниме на граѓаните оваа криза полесно да ја надминат. Прво закон за намалување на стапката на ДДВ од 18% на 5% за горивата, понатаму намалување на акцизата за 4 денари, третиот закон е укинување односно сведување на 0 % проценти ДДВ за основните прехранбени производи и четвртиот закон е за преполовување на цените на патарините коишто нашите граѓани ги плаќаат возејќи по патиштата ширум државата“, најави претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче.

Македонија | пред 1 седмица

media-libraryak3os2b710ufbz0OUqA

Филипче: Една година непребол, болка и тага – Кочани никогаш нема да ги заборави своите чеда

Лидерот на СДСМ, Венко Филипче, преку емотивна објава оддаде почит на жртвите од трагедијата во Кочани, потсетувајќи дека помина една година исполнета со огромна тага и празнина.„Алексова Стефанија, Атанасовски Мартин, Јорданова Сара, Стојанов Александар, Петров Александар, Минова Драгана, Алексова Сара, Џамов Јорданчо, Трајчев Иван, Ѓоргиев Џоко, Стевановски Филип, Коларов Александар, Величков Иван, Стојанов Андреј, Антова Ивона, Христовски Павел, Димитријев Диме, Насевски Никола, Наунова Надица, Јорданов Виктор, Тасева Стојковска Лепа, Алексов Александар, Минов Божидар, Милковска Кети, Златков Томас, Богданов Тоше, Тодоровски Тоше, Коцева Ана, Живков Адријан, Петрушов Гордан, Горгиев Игорче, Стојанов Томче, Стоименова Моника, Стојанов Стојанчо, Пројковска Николовска Сара, Шопова Марија, Ивановски Петар, Ѓорѓиев Александар, Марковски Матеј, Закова Бојана, Василков Ѓорѓи, Ѓорѓиески Андреја, Ивановски Филип, Стрезоска Марија, Ефремов Александар, Велков Игор, Соколова Стефанија, Велков Леонид, Панов Андреј, Иванов Димитар, Стоименов Спиро, Владимиров Јове, Андонов Ице, Тасевски Стефан, Величков Ѓорѓи, Христова Сања, Танески Дамјан, Спасова Моника, Лазаров Андреј, Карадакоски Александар, Гавриловски Александар, Стефанов Стојанче, Блажев Владимир Панчо.Вечна им слава.Нека почиваат во мир. Сочувство до семејствата“, напиша Филипче.

Македонија | пред 2 седмици

media-library6oajvc3fr4f10qUzIYt

Филипче: Мицкоски вели работниците не мораат да одат на одмор, следно ќе каже не мораат да јадат

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче, во интервјуто за неделникот Фокус, посочи дека премиерот Мицкоски наместо да им помогне на граѓаните со конкретни мерки во овој период на ценовни шокови, тој им држи лекции како да живеат, само за да не ја покачи минималната плата.„Погледнете ги цените во маркетите, погледнете ја цената на струјата. Енормно поскапеа горивата.Што да прават луѓето? Мицкоски вели не мора да одат на одмор. Следно ќе каже не мора ниту да јадат.Ќе ве потсетам дека рече за луѓето што работат во државната администрација дека се одлично платени колку што работат. Тој ќе проценува колку кој работи, па тој ќе одредува кој колкава плата може да добие“, рече Филипче.Во интервјуто, Филипче порача дека власта мора да скрати од својот луксуз, бидејќи во буџетот има ставки од каде што може да се обезбедат пари за 600 минимална плата.„Мора да се скрати од луксузот на функционерите, од опремувањето канцеларии и купувањето мебел. Не може да има за нов авион за туристички патувања, во Сплит на море, Будимпешта и Белград кај нивните шефови, а работниците да немаат за леб. Не оди. Единствената дисторзија е во нивниот луксуз и во нивните џебови! Никаде повеќе. Ние дадовме конкретен предлог како со сегашниот буџет да се дојде до минимална плата од 600 евра за работниците, но и за работодавачите да не бидат оштетени, туку напротив, двете страни да бидат задоволни. Владата го одби предлог-законот“, рече Филипче.

Македонија | пред 2 седмици

media-library433ktv80uamrbhpEAQf

Филипче: Веќе сега во буџетот недостигаат две милијарди евра

Изборите ќе се случат во оној момент кога нема да има повеќе пари во касата за нови тендери за Мицкоски и нему блиските, кога ќе престане можноста за дополнителни задолжувања, рече претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче, во интервју за неделникот Фокус. Филипче укажа дека и во моментов буџетската дупка е продлабочена.„Веќе сега во буџетот недостигаат две милијарди евра. Кога ќе пресушат сите ресурси – еве ни избори. Дали ќе бидат наесен или на пролет, сè зависи од брзината на распишување тендери и од брзината на добивање нови кредити со високи камати, кои ќе ги враќаат нашите внуци“, вели Филипче.Во интервјуто, тој додаде дека политиката на власта е очигледна - изолација, избори, мигранти за пари. Филипче посочи дека државата веќе се соочува со процес на политичка и меѓународна изолација, што според него е резултат на промашените и неодговорни политики на Владата.„Како што рековме изолација, избори, па мигранти за пари. Изолацијата е во тек, се спроведува. За американски визи сме ставени во група со земји од третиот свет, а Европската Унија директно вели нема понатамошно продолжување на преговорите додека не се донесат уставните измени. Од друга страна, Мицкоски вели дека нема разговори за тоа додека тој е на чело на влада “, рече Филипче.Притоа, Филипче предупреди и намерно создаваните конфликти со соседните држави од страна на владата на ВМРО, што дополнително ја турка државата кон изолација, но и кон нов изборен циклус со цел продолжување на владеењето на актуелната власт.„Намерно создавање конфликти со Грција и Бугарија. Вицепремиерот познат по своето директно учество во ширењето на руското влијание во Македонија, вели влегуваме заедно со Вучиќ во ЕУ, а тие објавија дека Србија застанала со евроинтеграциите поради донесување спорни закони во правосудството и не дека е стопирана, туку дека отишла наназад. Што ни следи потоа? Избори! За да се продолжи владеењето на овој режим уште четири години. Уште четири години тендери и луксуз. Да се обезбедат и правнуците. И, секако, тука е потребно да се обезбедат пари за тој луксуз, а тука доаѓа забранетата тема - мигранти, односно „економски работници“, нагласи Филипче.

Македонија | пред 2 седмици

mickoski-gruevski-141412

Филипче: Мицкоски е чувар на фотелјата за враќање на вистинскиот газда во ВМРО - Груевски

Мицкоски е чувар на фотелјата во ВМРО, патот се чисти за вистинскиот газда на ВМРО - Груевски, нагласи претседателот на СДСМ, Венко Филипче, во интервју за „Фокус“.Филипче посочи дека начинот на кој ВМРО управува со партијата и јавноста се насочени кон заштита на лични и партиски позиции, а не кон решавање на вистинските проблеми на граѓаните.„Дали воопшто може да им се верува на луѓе кои за вистината велеа сечено-лепено?! Јасна им е веројатно на сите целта. Наместо Идризово, од аеродромот право кон Белата палата. Затоа Мицкоски, чуварот на фотелјата во ВМРО, ги отстрани сите потпретседатели на партијата. Патот се чисти за вистинскиот газда на ВМРО“, рече Филипче.Претседателот на СДСМ додаде дека целата стратегија на ВМРО, преку манипулации и засилена медиумска пропаганда, е насочена кон враќање на Груевски. „Ќе видат сами кога ќе почне целиот процес за укинување на пресудите и враќање на будимпештанскиот газда на ВМРО“, посочи тој.Во интервјуто, Филипче укажа  дека ВМРО затоа и го оцрнува СЈО со цел ослободување и враќање на Груевски.„Сите овде се запознаени со сè што се случуваше, со тоа што се случува сега, па и со овој случај. ВМРО го оцрни комплетно СЈО со една цел - ослободување и враќање на Груевски, по падот на Орбан во Унгарија. Катица ја пуштија порано за да учествува во црната кампања против СДСМ и повторно да се дојде до поништување на пресудите за Груевски“, вели Филипче.

Македонија | пред 2 седмици

media-libraryfbdelf6hhdm05gS7c1K

Димитриевски: Интересот на Венко Филипче е ограничен само на неговата партиска фотеља

Претседателот на Движењето ЗНАМ за Наша Македонија и градоначалник на Општина Куманово, Максим Димитриевски, во гостување во емисијата „За или против“ на Алфа ТВ говореше за актуелните политички случувања, односите во владината коалиција, состојбите во правосудството и ситуацијата во опозицијата.Осврнувајќи се на состојбите во СДСМ, Димитриевски оцени дека опозициската партија се соочува со сериозна политичка и кадровска криза и дека значителен дел од нејзините активности се насочени кон напади врз Движењето ЗНАМ.Според него, актуелното раководство на СДСМ не нуди нова политичка визија, а партијата се соочува со внатрешни поделби и незадоволство кај дел од членството.„Интересот на Венко Филипче е ограничен само на неговата партиска фотеља. Наместо сериозна опозициска политика, СДСМ денес се занимава со внатрешни пресметки и лични интереси, поради што голем број чесни членови се повлекуваат или ја напуштаат партијата“ - изјави Димитриевски.Тој посочи дека дел од разочараните членови на СДСМ веќе се приклучуваат кон ЗНАМ, но дека движењето внимателно пристапува кон приемот на нови членови со цел, како што рече, да се изгради стабилен и принципиелен политички субјект.Димитриевски се осврна и на случајот со поранешниот вицепремиер Артан Груби, оценувајќи дека одлуката за домашен притвор претставува сериозен преседан кој дополнително ја поткопува довербата на граѓаните во правосудниот систем.„Ова е невиден преседан. Лице кое било во бегство и за кое постоела меѓународна потерница не смее да заврши во домашен притвор. На господинот Груби местото му е во истражен затвор, согласно принципите на владеење на правото и законските процедури“ - истакна тој.Според Димитриевски, ваквите одлуки ја нагласуваат потребата од сериозни реформи во судско-обвинителскиот систем и враќање на довербата на граѓаните во институциите.Во интервјуто тој се осврна и на можната реконструкција на Владата, посочувајќи дека засега не се разговарало за конкретни кадровски решенија, но дека Движењето ЗНАМ е задоволно од работата на своите министри, кои, како што нагласи, реализираат значајни реформи исистемски закони.Димитриевски порача дека ЗНАМ останува стабилен партнер во рамките на владејачкото мнозинство, со јасна политичка ориентација кон реформи, владеење на правото и заштита на државните интереси.

Македонија | пред 2 седмици

media-librarys55a7kho7rg39FX3mD9

Филипче: Наместо мерки за граѓаните, власта сака да профитира од поскапувањето на горивата 

Владата наместо да донесе мерки со кои ќе ги заштити граѓаните од ценовните шокови од поскапувањето на горивата, дополнително сака да профитира врз грбот на граѓаните, вели  во интервјуто за неделникот Фокус, претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче. Тој посочува дека секогаш кога расте цената на нафтата, поскапува храната и сè друго, како продукти и услуги, а премиерот Мицкоски гледа само начин како да не им помогне на граѓаните.„Дополнително, владата како да сака да профитира врз грбот на граѓаните. Регулаторната комисија за енергетика, во екот на нафтената криза, го смени начинот на одредување на цените на горивата, односно, наместо секој ден, во зависност од движењето на цената на нафтата на светските берзи, да се одредува и цената на горивата на домашниот пазар, сега со измените тоа се прави еднаш неделно, на 7 дена“, рече Филипче.Тој додаде дека на овој начин, со новиот правилник и покрај тоа што цената на нафтата на светските берзи на почетокот на неделава се намали, треба да се чека цела недела за РКЕ да направи корекција..„Кога цената на нафтата на светските берзи бележи пад, како што се случи на почетокот на неделава, кога се движеше од 84 до 86 долари за барел, што е поевтино во споредба со цената од 96 евра минатата недела, да важеше стариот правилник, РКЕ ќе ја намалеше цената на горивата и граѓаните ќе купуваа поевтин дизел и бензин. Сега, поради ваквите штетни одлуки, граѓаните цела недела плаќаат поскапи деривати“, рече Филипче.По основ на оваа штетна и избрзана одлука како што кажа Филипче, ќе се соберат  околу три милиони евра повеќе за само седум дена.„Кој има интерес од ова поскапување? Каде ќе завршат овие пари? Ова се пари на граѓаните, кои и сега едвај го поминуваат месецот. Која влада, наместо мерки за помош на граѓаните, носи контрамерки за да им одмогне? Ете тоа ВМРО - од каде што може да зграби повеќе. Граѓаните не смеат да трпат заради погрешните и непромислени одлуки на власта“, рече Филипче.Во интервјуто тој посочи дека во името на СДСМ предложи неколку мерки за справување со ценовните шокови.„Прво, намалување на стапката на ДДВ од 18 отсто на 5 отсто при промет на сите енергенси: дизел, безоловен бензин, гасно масло, течен нафтен гас и метан. Намалување на акцизата за 4 денари. На овој начин директно ќе се намали цената на еден литар гориво. И во однос на цените на храната, предлагаме сведување на нула проценти ДДВ на основните прехранбени производи, за да се амортизира евентуален скок на цените на основните прехранбени производи. Зошто владата ги одбива?“, вели Филипче.

Македонија | пред 2 седмици

media-library433ktv80uamrbhpEAQf

Филипче: ВМРО е таблоидна партија, fake news

Обвинувањата од ВМРО веќе на сите им се смешни, тие обвинувања од ВМРО се викаат лажна вест, fake news, измислена афера и црна кампања, посочи претседателот на Социјалдемократкиот сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче, во интервју за неделникот Фокус, во однос на извештајотна ЦИА  и обвинувањата од ВМРО поврзани со  името на државата.Тоа воопшто не е обвинување, затоа што обвинување може да дојде од некоја релевантна страна, а не од таблоидна партија како ВМРО“, рече Филипче.Во интервјуто Филипче посочува дека тоа што го покажува документот на ЦИА, говори дека Киро Глигоров, како и СДСМ, секогаш мислеле на Македонија.Секогаш сме биле чувари на државноста. Во секоја ситуација што ја покажува сериозноста и државноста на СДСМ, а ВМРО  измислува како да го обезвредни тоа. Така е и со ова“, рече Филипче.Тој додаде дека постои уште еден документ на ЦИА што ВМРО  не го споменуваат, а се однесува на атентатот на поранешниот претседател Глигоров.Верувам дека многумина имале можност да го видат. Излезе во исто време кога и овој, само што ВМРО преку медиумите го презентира селективно, како и секогаш. Во тој документ пишува кој учествувал во атентатот врз Киро Глигоров. Можете да погодувате. Па, секако, ВМРО“, рече Филипче.

Македонија | пред 2 седмици

media-library7qqlfqprapbcfjYVQZA

Петрушевски: Филипче предлага мерки кои ВМРО-ДПМНЕ ги предложи во 2022 година, Владата работи да имаме најевтини енергенси во регионот

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски, реагираше на денешната прес-конференција на претседателот на СДСМ, Венко Филипче, оценувајќи дека предлага мерки кои, според него, ВМРО-ДПМНЕ ги предложила уште во 2022 година.„Неинвентивниот Венко Филипче денес на прес-конференција предлага мерки кои ние ги предложивме уште во 2022 година, кога бевме опозиција, а неговата влада одбиваше дури и да ги слушне“, напиша Петрушевски.Тој посочи дека мерките кои денес ги бара Филипче, според него, биле воведени уште во 2022 година со измена на член 92 од Законот за акцизите.„Она што денес Филипче го бара, уште во 2022 година, по силниот наш притисок, се воведе преку измена на член 92 од Законот за акцизите и се овозможи намалување на акцизата кога цените на горивата на светските берзи нагло растат“, наведе Петрушевски.Според него, тогашната влада на СДСМ планирала и нова „еколошка“ такса која дополнително ќе ја зголемела цената на горивата, но, како што тврди, ВМРО-ДПМНЕ како опозиција успеала да го блокира тој закон.„Врвот на лицемерието на Филипче и СДСМ е тоа што како власт го зголемија ДДВ за голем број прехранбени производи, за денес од опозиција наводно да бараат намалување“, додава Петрушевски.Тој оцени дека актуелната влада работи граѓаните да имаат меѓу најевтините енергенси во регионот и да се ублажи ценовниот шок и покрај притисоците од глобалните движења на цените.

Македонија | пред 3 седмици

media-library0av8mg16bvh6dVzxC7V

ДДВ за горивата 5%, акцизата намалена за 4 денари и 0% ДДВ за храната, предлага Филипче кој соопшти итни мерки

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на прес-конференција предложи пакет економски мерки со цел да се ублажат последиците од растот на цените на горивата и очекуваното поскапување на основните производи.Филипче оцени дека Владата не презема доволно мерки во услови на енергетска и економска криза предизвикана од случувањата на Блискиот Исток.„Гледаме како изминатите денови Владата не презема буквално ништо во однос на кризата која се случува на Блискиот Исток. Нема дебата, нема анализа, нема подготовки“, изјави Филипче.Тој посочи дека поскапувањето на горивата не е изненадување, имајќи предвид дека цената на нафтата на светските берзи во последниот месец пораснала за околу 60 проценти.„Денеска сме соочени со поскапувања. Од утре цената на бензинот расте од 74,5 на 79,5 денари, а дизелот од 71 на 85,5 денари. Ова е резултат на војната во Иран и растот на цената на нафтата на светските берзи“, рече Филипче.Тој оцени дека Владата требало да одржи повеќе вонредни седници за да го подготви системот за вакви ценовни шокови.Според него, покачувањето на цените на горивата ќе предизвика и низа други поскапувања.„Ќе поскапи струјата, ќе поскапат основните прехранбени производи. Тоа ќе биде ланец на настани кои ќе следат после поскапувањето на горивата“, изјави Филипче.Како решение, СДСМ предлага намалување на стапката на ДДВ за сите енергенси од 18 на 5 проценти, намалување на акцизата за горивата за 4 денари по литар, како и укинување на ДДВ за основните прехранбени производи.„Овие мерки директно ќе ја намалат цената на горивата на бензинските пумпи и ќе помогнат да се амортизира евентуалниот скок на цените на храната“, изјави Филипче.

Македонија | пред 3 седмици

media-libraryfa6e7c18k7un6eOLwQD

Филипче предупредува: Под знак прашање исплатата на плати и пензии

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Венко Филипче, на регионална средба со општинските организации од изборната единица 4 во Струмица оцени дека економската состојба во државата е сериозно влошена и дека постојат значајни проблеми во јавните финансии кои веќе се одразуваат врз работењето на компаниите.Филипче посочи дека буџетскиот дефицит се продлабочува, а државата продолжува да се задолжува.„Ја следиме ситуацијата со финансиите. Владата бара заеми. Последниот е околу 300 милиони евра. Дупката во Буџетот е некаде околу 2 милијарди евра. Една милијарда евра беше обезбедена преку еврообврзница, но тоа не е доволно“, рече Филипче.Тој додаде дека власта доцни со подмирување на обврските кон приватниот сектор, што, според него, создава дополнителни проблеми за компаниите.„Се доцни со исплатата кон економските субјекти, некаде околу 500 до 600 милиони евра. Околу 100 милиони евра е долгот по основ на повратот на ДДВ за компаниите. Има компании кои затвораат бидејќи не можат да издржат, земаат кредити. Луѓето живееле од повратот на ДДВ, а сега земаат кредити, заглавуваат и ги затвораат компаниите“, истакна Филипче.Според него, ваквата состојба може да ја доведе во прашање и редовната исплата на платите и пензиите.„Под сериозен знак прашање е редовната исплата на платите и пензиите. Кога наесен ќе се наталожат последиците од енергетската криза, случувањата на Блискиот Исток, финансиската криза, долговите и дупките во Буџетот и во Фондот за пензиско осигурување, економската состојба во земјава ќе биде блиску до катастрофа“, рече Филипче.

Македонија | пред 3 седмици

media-library7uvjd6fipen1bjaJKLq

Филипче: СДСМ ќе поднесе предлог до Собранието за помош на производителите на зелка

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче, на денешната средба со земјоделци производители на зимска зелка, во валандовско Јосифово, порача дека СДСМ во наредниот период ќе предложи предлог во Собранието за надминување на проблемот со откупот на зимската зелка.„Свесни сме дека оваа власт нема да има слух да им помогне на овие земјоделци, како што немаше слух за лозарите,  за грозјето. Во текот на следните недели ќе дадеме предлог во Собранието, да се постигне соодветна откупна цена  на зимската зелка, поради тоа што овие земјоделци издржуваат семејства, тие сега практично се соочени со егзистенцијални проблеми“, рече Филипче.Тој додаде дека земјоделците се соочуваат со сериозен проблем со откупот на зимската зелка, откупната цена е драстично намалена, а власта нема слух да им помогне.„Земјоделците имаат огромен проблем со откупот на зимската зелка. Тие укажаа дека откупната цена на зимската зелка која што во времето на владата на СДСМ по килограм била помеѓу 25 и 30 денари, сега е срамни 6 до 8 денари, помалку и од производната цена на килограм зелка.Луѓето нема што да прават, нивните апели никој не ги слуша. Немаат пристап до Владата, немаат пристап до Министерството за земјоделство“, рече Филипче.

Македонија | пред 3 седмици

media-library2aklf6fc9vip4HnYB5U

Филипче: Оваа влада го доведе до пропаст земјоделството, земјоделците се на раб на егзистенција

Сите земјоделски гранки се соочуваат со сериозни проблеми, власта ги понижи и измами земјоделците, нагласи претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, на денешната средба со земјоделците производители на зимска зелка во валандовско Јосифово.Филипче посочи дека проблемите со откупот и цената на производителите на зелка, се дел од низата проблеми со кои сите земјоделци се соочуваат поради незаинтересираноста на власта за поддршка и развој на земјоделството.„Ова е само еден од сегментите од практично сите во земјоделството кои што се сочуваат со огромни проблеми. Не беше решен проблемот со откупот на грозјето се намали цената по килограм, се скратија европските пари поради тоа што оваа власт беше фатена во кражба на европските фондови,  се намалија парите за субвенции и тоа и за тутун и за други продукти во земјоделството“, рече Филипче.Тој додаде дека дополнителен удар за земјоделците покрај намалувањето на субвенциите се и новите правила за добивање државна поддршка.„Се најавува закон и нови правилници со кои што се зголемува прагот на земја која што земјоделците треба да имаат за да воопшто аплицираат за субвенција од 3 на 5 декари, а над 80% барем во овој регион се мали земјоделци. Тие воопшто нема да може да аплицираат за субвенции“, рече Филипче.

Македонија | пред 3 седмици

media-library7uvjd6fipen1bjaJKLq

Филипче: Откупната цена на зимската зелка е понижувачка, власта нема слух за земјоделците

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче, попладнево во валандовско Јосифово имаше средба со земјоделците производители на зимска зелка од овој регион, на која се разговараше за откупот на зелката и начинот како да им се помогне на земјоделците. На средбата земјоделците беа револтирани од моменталната откупна цена на зимската зелка која како што кажаа, не ги покрива ниту производните трошоци.Филипче посочи дека земјоделците се соочуваат со сериозен проблем, мака мачат да го продадат производството, а откупната цена на зимската зелка е понижувачка.„Земјоделците имаат огромен проблем со откупот на зимската зелка. Тие укажаа дека откупната цена на зимската зелка која што во времето на владата на СДСМ по килограм била помеѓу 25 и 30 денари, сега е срамни 6 до 8 денари, помалку и од производната цена на килограм зелка“, рече Филипче.Тој додаде дека власта со своето однесување покажа дека не ѝ е грижа за земјоделците и покрај нивните апели за помош.„Луѓето нема што да прават, нивните апели никој не ги слуша. Немаат пристап до Владата, немаат пристап до Министерството за земјоделство“, рече Филипче.Околу 90% од производството на зелка е токму во валандовско, кој е специфичен регион по производство на ваква зелка и е единствен во Македонија каде се негува производство на зимска зелка. Денеска земјоделците, револтирани од игнорантскиот однос на Владата, наместо да ги берат, се принудени да ги изораат зелките.

Македонија | пред 3 седмици

media-library2aklf6fc9vip4HnYB5U

Филипче: СДСМ го откажува маршот во Богданци, на 8 Март се приклучуваме на граѓанскиот протестот „Нема да нè снема“ во Скопје

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија го откажува традиционалниот марш по повод 8 Март, кој требаше да се одржи утре во Богданци, и наместо тоа ќе се приклучи на протестниот марш „Нема да нè снема“. Ова го соопшти претседателот на СДСМ, Венко Филипче, истакнувајќи дека партијата ќе биде заедно со граѓаните на протестот што го организираат граѓански организации, активисти и иницијативи за родова еднаквост.Филипче посочи дека и оваа година СДСМ планирал да го одбележи Меѓународниот ден на жената со традиционалниот марш, на кој требало да се истакнат достигнувањата на жените и да се побара подобрување на нивната положба во општеството. Сепак, трагичниот настан во Скопје, во кој животот го загубија мајка и дете, длабоко ја потресол јавноста и партијата.Според него, станува збор за трагедија која укажува на сериозни системски проблеми поврзани со насилството врз жените и недоволната заштита од институциите.„Ова не е само индивидуална трагедија, туку уште еден трагичен доказ за системскиот проблем со насилството врз жените, за неадекватната заштита и реакција на институциите“, нагласи Филипче.Тој додаде дека членовите и симпатизерите на СДСМ на утрешниот протест ќе учествуваат како граѓани, а не како организатори.Филипче порача дека институциите мора итно да реагираат на секоја пријава за насилство, да обезбедат вистинска заштита за жртвите, како и брзи мерки и соодветно казнување на насилниците.

Македонија | пред 3 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања