Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

ФИЛИПЧЕ

media-librarygckl97mlsesgelKCcAB

Лефков: Заев и Филипче се врзуваат со згради, авиокомпании, фирми и јахти – дали парите се од продажбата на името на Македонија?

Во јавноста неодамна излегоа вести и фотографии од декласифицирани документи, според кои првиот претседател на независна Македонија, Киро Глигоров, во 1992 година одбил понуда од 100 милиони долари за промена на името на државата. Пратеникот Миле Лефков на прашање на новинарите каков е неговиот став во врска со ова, го поврза случајот со поранешната влада на СДСМ.„Ова е навистина едно значајно прашање кое  отвора прашање и за друг случај, а тоа е следното. Ако Киро Глигоров, како поранешен претседател, одбил 100 милиони долари за промена на името, колку Заев и Филипче имаат земено за промената на името Македонија? Тоа е прашањето кое што се наметнува по овој случај.И тоа е сосем легитимно прашање кое треба јавно да биде одговорено од ова дуо, бидејќи како прво, станува збор за прашање од важност за државата и за граѓаните, и како второ, ако земале пари, тоа се пари кои што се земени од нелегални активности и треба да се одговара за истото.Да потсетиме дека овие двајца се врзуваат со згради во Дубаи,со индиски авиокомпании, со фирми на Балканот, јахти и така натаму. Дали парите им се заработени од продажбата на името на Македонија се трошат на ваков начин  и за колку пари го продале ако го сториле истото?ВМРО-ДПМНЕ повикува на истрага од надлежните институции за ова најголемо национално предавство“, вели Лефков.

Македонија | пред 3 седмици

media-libraryqa6sr0liruro0by6qNZ

Филипче: Постојат сомнежи дека системот „Сејф сити“ штити луѓе блиски до ВМРО-ДПМНЕ

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче, во гостувањето во емисијата „Клик Плус“ на ТВ21, посочи дека постојат сомнежи дека системот „Сејф сити“ штити луѓе блиски до ВМРО-ДПМНЕ.Филипче рече дека СДСМ го поддржува подобрувањето на безбедноста во сообраќајот, но дека остануваат отворени прашања околу контролата и управувањето со податоците што ги собира системот.Што се случува со податоците. Како да поддржиме закон во кој што никако не е регулирано што се случува со податоците кои што системот „Сејф сити“  ги собира. Ве снимаат сегаде низ градот, никој не знае каде сеподатоците, ниту кој ги контролира. Имаме сознанија дека има регистарски таблички на членови на ВМРО-ДПМНЕ кои што преку системот „Сејф сити“ се тргнати да не се регистрираат, да не ги казнуваат своите луѓе“, рече Филипче.Тој додаде  дека ваквите информации се сериозни и дека во наредниот период очекува да има дополнителни детали.Тоа се информациите кои што стигнуваат до нас и ќе видиме во следниот период  какви се информации  ќе доаѓаат“, рече Филипче.Во интервјуто Филипче потенцираше дека владата на ВМРО-ДПМНЕ не покажува волја за системски решенија кои се во интерес на граѓаните.Нема желба оваа влада да се направи нешто суштински што е во интерес на сите.Оваа влада е најлошата влада во историјата на државата, ниту имаат знаење, ниту капацитет, ниту искуство како се води државата, ниту имаат желба да направат нешто добро за граѓаните“, рече Филипче.

Македонија | пред 3 седмици

media-library7idjh85vq4vc3y0pQnY

Филипче: Што треба уште да се случи за Панче Тошковски да си поднесе оставка?

Што уште треба да се случи за Тошковски да поднесе оставка?, праша претседателот на СДСМ, Венко Филипче, во интервју за Телевизија 21 во емисијата „Клик Плус“, посочувајќи низа скандали и безбедносни пропусти кои се случуваат, со човечки жртви, без никаква политичка одговорност.Филипче истакна дека во нормални демократии, по серија безбедносни пропусти и трагедии, одговорните функционери поднесуваат оставка, но во Македонија тоа не се случува.После пожарот во Кочани во којшто се обидуваа да ги сокријат полициските функционери, после сериски убијци коишто се шетаат слободно низ државата, после убиството, трагичното самоубиство, што се случуваат на секое ниво, после шверц на дрога пет тони преку граница никаква одговорност ниту од министерот за внатрешни работи ниту премиерот. За какви луѓе станува збор, за луѓе коишто што им се смееја во лице. Вратете ја снимката за време на анкетната комисија за Кочани, им се смееја во лице на родителите додека збореа додека плачеа и бараа помош. Е со такви луѓе имаме ние работа.“ рече Филипче.Тој потенцираше дека во јавноста се отвораат сериозни прашања за безбедносниот систем и за улогата на МВР во повеќе случаи.Како ќе се објасни шверцот на дрога преку граница? Не може да се пренесе дрога без знаење на државата. Каде биле службите, каде биле царинските служби, каде било Министерството за внатрешни работи? Се прошетала дрогата низ источна Македонија и се пренела во Србија“, истакна Филипче.Ваквите случаи укажуваат на сериозни слабости и нефункционалност на институциите кои требa да ја гарантираат безбедноста на граѓаните.Претседателот на СДСМ оцени дека наместо да понесат одговорност за серијата безбедносни пропусти, власта води кампања на дефокус со клевети и напади.Сè што прави ВМРО-ДПМНЕ е лажна кампања, клевети и обиди за дискредитација – приказни за згради во Дубаи, измислици и лични напади. Тоа е само обид за дефокус од главните прашања на кои немаат одговор“, истакна Филипче.

Македонија | пред 3 седмици

media-libraryfig25c1radso5OfRDpa

Филипче: Луѓето не може да преживеат, a што им вика премиерот јадете помалку или не одете на одмор

Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, во гостувањето во емисијата „Клик Плус“ на ТВ21, нагласи  дека зголемувањето на минималната плата на 600 евра е реална потреба и е неопходно за да се подобри животниот стандард на граѓаните. Филипче нагласи дека граѓаните се соочуваат со сериозни економски притисоци и дека е неопходна вистинска поддршка за работниците.„Луѓето не може да преживеат, реални потреби имаат, не може крај со крај да врзат. А што им вика премиерот јадете помалку или не одете на одмор, тоа ли е одговорна власт, тоа ли е тоа што луѓето сакаат да го видат. Се предвидува и друга криза сега со кризата во Иран, ќе се зголемат цените  на храната, што ќе прави Христијан сега, ќе вели не 1600 денари туку 1800 денари. Сега е 400 евра минимална плата ниту 3 не се доволни да се преживее месецот“, рече Филипче.Тој додаде дека власта постојано бара изговори за да не ја покачи минималната плата на 600 евра.Излегува премиерот и им  кажува на работниците вашиот човек кој што ја правел синдикалната кошничка кажал дека одморот е дел, а не е дел итн. Се бараат изговори за да не се направи нешто или за да им се помогне на граѓаните, за власта е првото сценарио. Само изговори за да не им се излезе во пресрет на граѓаните“, рече Филипче.Во интервјуто Филипче посочи дека СДСМ и како власт и како опозиција постојано предлага решенија за зголемување на минималната плата кои власта упорно не ги прифаќа.Дадовме предлог за 600 евра да се зголеми, нека ја зголемат 10.000 деари нека ја зголемат 8.000, 6.000 денари, а не 1600 денари. Не им е доволно на луѓето па нормално веќе протестираат и нормално дека ќе ги поддржиме“, изјави Филипче.Филипче посочи дека политиките на СДСМ за поддршка на работниците секогаш биле конзистентни, за разлика од  лицемерниот пристап на ВМРО-ДПМНЕ.Минималната плата пристапот кон работниците е најдобриот пример за конзистентноста на нашите политики и лицемерните политики на ВМРО-ДПМНЕ зошто. Кога тие беа во опозиција ги поддржуваа нивните иницијативи за раст на минималната плата во период кога таа континуирано растеше. Да потсетам во првите години од власта на СДСМ значи 2017-2018 до некаде пред ковид времето минималната плата се зголеми за 60% за да после и повеќе од дупло порасне. Две години има оваа власт сега, пола од мандатот е веќе поминато не мрднала минималната плата. И сега кога тие се на власт и можат да им излезат во пресрет тие тоа не го прават“, рече Филипче.

Македонија | пред 3 седмици

media-libraryhp0p0kn61n916ioMaAa

Филипче: Членството во НАТО е трајна придобивка од политиките на СДСМ

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, по обраќањето на генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, во Собранието оцени дека членството во Алијансата претставува трајна придобивка од, како што рече, стратешките политики на социјалдемократите.„Членството во НАТО е резултат на визионерските и државнички политики на Социјалдемократскиот сојуз во изминатите повеќе децении. Патот не беше лесен, но денес конечно можеме да се чувствуваме безбедни, со загарантирани граници, како дел од најголемиот безбедносен сојуз во светот“, изјави Филипче.Тој нагласи дека актуелните воени конфликти, особено војната во Украина, ја потврдуваат важноста на членството во Алијансата, оценувајќи дека станува збор за „трајна придобивка за државата“.Филипче изрази жалење што, како што рече, ВМРО-ДПМНЕ ги нарекла предавнички политиките поврзани со членството во НАТО. „Не знам за какво предавство станува збор кога отсекогаш сме се бореле исклучиво за доброто на државата и граѓаните“, рече тој.Осврнувајќи се на пораките од Руте, Филипче истакна дека биле јасни ставовите за руската агресија врз Украина и за, како што наведе, сојузништвото на Москва со Кина и Северна Кореја.Воедно, тој упати критики кон актуелната Влада, посочувајќи дека, според него, постојат врски со Русија и Кина. Го спомена вицепремиерот Стоиљковиќ, за кого рече дека негува контакти со руски структури, како и заемот од една милијарда евра преку Унгарија, кој, според него, во европски извештаи бил поврзан со кинеско финансирање.„Ова е сериозен сигнал дека нашиот одбранбен чадор внимателно ги следи политиките на актуелната Влада“, порача Филипче.

Македонија | пред 3 седмици

media-librarys55a7kho7rg39FX3mD9

Филипче: Мицкоски нема одговор на ниту едно прашање, секогаш прави дефокус, Дубаи, Харис Џиновиќ

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, во одговор на новинарско прашање нагласи  дека премиерот Христијан Мицкоски континуирано избегнува да даде конкретни одговори на клучните прашањата што ги поставува опозицијата, а се од интерес на јавноста. Како што кажа Филипче, одговорите на власта се секогаш сведени на дефокус.„На кое прашање до премиерот вие сте слушнале конкретен одговор. Сè е дефокус и сè е бегање од темата. На прашањето кое што јас го поставив кој е Душан Адемовиќ новопоставениот конзул на Македонија во Србија, премиерот не одговори. Избегна да одговори поради тоа што одговорот не му одговара“, рече Филипче.Тој додаде дека наместо одговори, јавноста постојано сведочи на обиди за пренасочување на вниманието и лажни весто.„Секогаш е дефокус, Харис Џиновиќ, Дубаи, плажа, тоа одговара премиерот. Тоа е недоличен речник и начин на коментирање на човек што ја води владата и државата“, истакна Филипче.Како што кажа Филипче, исто е и со прашањата за доаѓањето на Артан Груби, власта нема  одговор на ниту едно прашање.„Еве ги прашањата за Артан Груби ние ги поставуваме од моментот кога дојде, еве и сега ги поставувам. Како е можно да на тој начин се врати бегалец од правдата? Да го пречекаат камери, да го пречека специјална полиција и да оди во домашен притвор. Сте слушнале одговор од ВМРО-ДПМНЕ? Не, ниту ќе слушнете поради тоа што имаат договор, тоа е вистината“, рече Филипче.

Македонија | пред 4 седмици

media-libraryhp3nuvs3rech8aGcPgY

Филипче: Власта кумуваше на пренесувањето 5 тони дрога преку граница

Оваа власт кумуваше на трансферот на пет тони дрога преку граница, нагласи претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, во одговор на новинарско прашање на денешната прес-конференција.Филипче укажа дека власта упорно молчи и не дава одговор на ниту едно прашање, како толкава количина дрога поминала на македонската граница.„Пет тони дрога не можат да се пренесат без знаење на власта, без структурите од царината и без структурите во полицијата“, рече Филипче.Тој додаде дека владата на ВМРО-ДПМНЕ нема визија за напредокот на државата, единствено што знаат е да шират лажни вести и да ги интересираат сопствените интереси.„Оваа власт ја гуши слободата на говорот. Има своја мрежа на медиуми преку кои што шири лажни вести, оцрнува, дискридитира, спинува. Ние имаме работа со еден би рекол терминално неспособен премиер, терминално неспособна влада кои што немаат ниту капацитет, ниту знаење, ниту визија каде ја водат државата и се интересираат само за сопствениот интерес“, рече Филипче.

Македонија | пред 4 седмици

media-librarybl8dm9ud2j6na7HpA0p

Филипче: Сè е договорено, уште Мицкоски фалеше да го пречека Груби на граница

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, изјави дека случајот со враќањето на Артан Груби и одлуката за определување куќен притвор претставуваат јасен показател за политички договор и директно влијание врз судството и обвинителството од страна на власта.Одговарајќи на новинарско прашање, Филипче посочи дека уште од моментот на враќањето на Груби се поставуваат исти прашања без да се добие одговор. „Како е можно на тој начин да се врати бегалец од правдата, да го пречекаат камери, да го пречека специјална полиција и да оди во домашен притвор? Сте слушнале ли одговор од ВМРО-ДПМНЕ? Не. Ниту ќе слушнете. Поради тоа што има договор. Тоа е вистината“, рече Филипче.Тој оцени дека премиерот избегнува конкретни одговори на суштинските прашања и дека, наместо појаснувања, нуди дефокус и несоодветни коментари. Како пример го наведе прашањето за новопоставениот конзул на Македонија во Србија, Душан Адамовиќ, за кое, според него, не бил даден одговор.Филипче нагласи дека ваквиот развој на настаните не може да се случи без политичка координација и контрола врз институциите. „Такви политички договори во коишто судството и обвинителството се послушници никому не носат добро. Уште премиерот фалеше дека ќе го пречека Артан Груби на граница“, изјави тој.Според него, наместо институциите да функционираат независно и согласно законите, јавноста сведочи на координирани чекори – од медиумското покривање на враќањето, до експресното определување куќен притвор.

Македонија | пред 4 седмици

media-librarys55a7kho7rg39FX3mD9

(Видео) Филипче: Власта во Македонија има карактеристики како режимите во Иран и Венецуела, тоа треба да го знаат САД

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, ја спореди актуелната македонска власт со режимите во Иран и Венецуела, оценувајќи дека земјата се движи во опасна насока на авторитарност и институционално разградување. Тој има разбирање за нападот на САД кон Иран, со помош на Израел.„Тоа е за доброто на иранскиот народ, како што беше за доброто на народот во Венецуела. Очекувам да има деескалација на работите. САД како наш стратешки партнер треба да знаат дека во нашата земја има власт со многу слични карактеристики како властите во земјите со кои се соочуваат“, изјави Филипче.Тој обвини дека актуелната власт одржува отворени контакти со Москва.„Оваа власт има отворени контакти со Путин, преку контактите на вицепремиерот со ‘Ноќните волци’. Вториот човек во Владата не ги крие контактите со луѓе блиски до Путин“, рече Филипче откако претходно му замеруваа на министерот Иван Стоилковиќ за средбите во Белград.Според него, постои сериозно влијание врз судството, а институциите се под директна политичка контрола.„Премиерот преку телевизија именува и разрешува обвинители. Портпаролката објавува судски одлуки пред тие официјално да бидат донесени. Имавме враќање на бегалецот Груби по договор. Имавме случај со пет тони марихуана што поминала низ граница – нешто што не може да се случи без знаење на високи функционери. Се задушува слободата на говорот“, истакна тој.Филипче оцени дека ваквите состојби ја приближуваат земјата кон модел на управување што, како што рече, наликува на тоталитарни режими со кои се соочуваат Соединетите Американски Држави на глобално ниво.„Имаме работа со терминално неспособен премиер и терминално неспособна влада, кои се грижат само за себе“, додаде лидерот на СДСМ.

Настани | пред 4 седмици

media-libraryp1bmn955daft1AbP3fq

Филипче со тутунарите од Оризари: Огромен е револтот од лошите политики на владата

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче, вечерва одржа средба со тутунопроизводителите од велешко Горно Оризари, на која што се разговараше за лошите владини политики за производството на тутун и за севкупното земјоделство.Тутунарите изразија револт од катастрофалните политики на владата, од кои последците ги чувствуваат.Филипче посочи дека нивниот револт е оправдан, бидејќи оваа влада наместо да им помогне, им го отежнува производството. „Оваа влада го скрати буџетот за земјоделски субвенции за 40 милиони евра и ги усложни условите за добивање субвенции. Трудот на тутунарите, кои од утро до мрак се на нива, е понижен. Владата на ВМРО-ДПМНЕ покажа дека не ѝ е важен ниту развојот на земјоделството, ниту илјадници земјоделски семејства кои егзистираат од овој сектор“, рече Филипче.На средбата, Филипче нагласи дека владата  ги укина сите добри политики што беа воведени во периодот на СДСМ.„Сите добри мерки што ги воведе владата на СДСМ, ги укинаа. Нема авансна исплата на субвенциите, земјоделците останаа без сигурност, без поддршка, без чувство дека трудот им се вреднува“, рече Филипче.Тој додаде дека власта крати од сите за да има повеќе за сопствените луксузи.„Оваа влада крати од сите, само за да има за сопствениот луксуз, само за криминални тендери. Земјоделството не смее да биде жртва на политички игри и криминални политики. СДСМ е со земјоделците, ние сме нивниот глас, преку сите расположливи механизми ќе се бориме за секој земјоделец“, нагласи претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на средбата со тутунарите од Горно Оризари.

Македонија | пред 1 месец

media-libraryqcnmgcmc0fu3fN7MQmr

Мицкоски: Филипче е исплашен од исказите на Груби

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека побарал објаснување од МВР и АНБ зошто би бил загрозен Артан Груби во затвор и дека тоа се класифицирани, строго доверливи документи до кои, рече, нема пристап  директорот на затворот „Скопје“, кој изјави дека не би била загрозена безбедноста на Груби.Таква е одлуката сега, но тоа не значи дека куќниот притвор нема да биде заменет со ефективен. Лицето е обезбедено, мерките ги одредува обвинителство и судството врз основа на факти и тие имаат таква одлука, рече Мицкоски во гостување на Дневникот на ТВ Сител.Како што рече, прокси ботови на СДСМ се обидуваат да го искористат револтот на граѓаните за пуштањето на Груби во домашен притвор откако претходно воделе кампања дека Владата го пуштила Груби да избега пред 14 месеци, кога се појавил на ГП Блаце - дека Владата ја спасува ДУИ, а дека куќниот притвор е по налог и пакт со Владата.Мицкоски рече дека има чувство оти многу луѓе се загрижени во овој момент и дека токму од таа загриженост произлегува немирот кај опозицијата.Како што рече,  „ќе го држи за збор Венко Филипче“ за она што завчера го кажал на ТВ Сител за наводно постоење политички договор со ДУИ.Според него, Филипче е исплашен од исказите на Груби, но како што рече „ќе дојде момент на соочување со правдата, па потоа да не биде дека има политички реваншизам“.Кога ќе дојде до тој момент, имам такво чувство дека ќе дојде, да не биде по политички реваншизам или нешто друго. Да не биде после тоа како за модуларната „јас не сум виновен“, како од едно во друго министерство се движи тој проект, па како се случува и слично. Да не биде дека еве некој политички некој му се реваншира. Тоа е суштината кај СДСМ и нивните прокси ботови, исплашени се од тоа што ќе следува.... Јас бев единствениот кој лично од Груби беше најмногу напаѓан и од високи претставници на ДУИ најбрутално, со лаги и конструкции. Која е логиката да склучувам пактови со лица како Груби? Свесен сум дека овие растурени пердуви ќе остават лузна на мене и мојата политика, но крајната цел е важна – пораката и денес им ја кажав - дека големите одлуки се носат во тишина, рече Мицкоски.

Македонија | пред 1 месец

media-libraryqcnmgcmc0fu3fN7MQmr

(Видео) Мицкоски: Мислев ќе ме прашате која е најдобрата песна на Харис Џиновиќ, Филипче му врати: Тоа е кафански муабет

На почетокот на пленарната седница во Собранието, лидерот на СДСМ Венко Филипче ги критикуваше политиките на Владата посочувајќи дека размислува што прашање да постави за да добие конкретен одговор по што го праша премиерот кој е Душан Адамовиќ, зошто е поставен за конзул и дали има лична релација со него.Мицкоски во одговорот рече дека за Душан Адамовиќ треба да се праша поранешниот министер за правда во претходната влада.На забелешката од Филипче дека размислува што прашање да постави за да добие конкретен одговор, премиерот му одговори:Кога велите не знаете кои прашања да ги поставите, јас мислев ќе ме прашате која е најдобрата песна на Харис Џиновиќ за следниот пат кога ќе отидете во Дубаи таа да ја нарачате. Или ќе го поставите прашањето дали бевте добро исончан на една јахта која крстареше на егејските плажи, но очигледно сте ги заборавиле тие прашања. Или, пак, можеби ќе сакате да ве потсетам која е компанијата што требаше да ги набавува вакцините додека бевме држава со најголема смртност во Европа од ковид, или можеби ќе ми поставите прашање зошто не бевте во обвинителниот акт за Модуларната болница кога гореа живи луѓе во Тетово“, рече Мицкоски.На ова, Филипче му порача на Мицкоски дека тоа се кафеански муабети.Луѓето очекуваат поддршка од вас, а не Харис Џиновиќ, Дубаи и така натаму. Не сакаат тоа да го слушаат. Тоа е кафански муабет. Еве сега гледаме сакате да бидете експерт во сè, ама ако сте експерт во сè, слушнете ги луѓето, слушнете ги нивните барања и најдете им решенија, затоа што се друго е импровизација, рече Филипче.

Македонија | пред 1 месец

media-library8il2euar4m1dcdFnqUy

Филипче: Кој е Душан Адамовиќ и зошто е избран за Конзул?

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, денеска од собраниската говорница му постави директно прашање на премиерот Христијан Мицкоски во врска со назначувањето на Душан Адамовиќ за почесен конзул на Македонија во соседа Србија.Кој е Душан Адамовиќ? Новоназначениот конзул на Македонија во Србија. Кои критериуми се исполнети согласно упатството за постапка за номинации и задачи на почесни конзули објавено во Службен весник?“, праша Филипче.Тој потсети на критериумите што треба да ги исполнува еден почесен конзул:Прво, треба да е докажан пријател или негува почит и симпатии кон Република Северна Македонија. На Твитер видовме дека човекот пишува дека ова е српска Македонија и дека е окупирана територија. Тоа ли е исполнет критериум“ рече Филипче.Понатаму, додаде Филипче, треба да не е осудуван за кривични дела и да има професионални квалификации.Од медиумите гледаме дека тој е навивач, дека му бил дигнат автомобилот во воздух, дека му било пукано во нозе. Дали АНБ тоа го проверило? Треба да е афирмирана личност од областите на своето професионално делување. Освен што е високо позициониран член на вашата сестринска партија СНС, друго не сме виделе. И да има влијание во јавниот, политичкиот, стопанскиот и културниот живот на државата домаќин. Освен што се фали со свои контакти, врски и релации со Русија, ние друго не сме виделе.“ рече Филипче.Претседателот на СДСМ ги посочи и на јавните појавувања на Адамовиќ на настани на ВМРО и го праша Мицкоски дали има лична релација со него:Тој човек го видовме на прославата после вашата победа на изборите 2024 тука, во Скопје, го видовме на конгресот на ВМРО-ДПМНЕ. Моето прашање конкретно: Кој е Душан Адамовиќ, зошто е поставен за конзул и имате ли лична релација со него?“ рече претседателот на СДСМ, Венко Филипче.

Македонија | пред 1 месец

media-libraryatnrvqcpgc010wjjJG0

Филипче до Мицкоски: Ги оставивте работниците без поголеми плати  

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, денеска од собраниската говорница, на седницата за пратенички прашања, директно го обвини премиерот Христијан Мицкоски дека под негова директна команд, пратениците на мнозинството ги оставија работниците без заслужено зголемување на платите.Видовме вчера, под ваша команда, пратениците на владеачкото мнозинство не го изгласаа предлог-законот. Ги оставија работниците без зголемени плати, имаат проблеми во секојдневниот живот, не можат да врзат крај со крај. Тие не протестираат заради некаков чалам. Тие протестираат поради вистински проблем“, рече Филипче.Претседателот на СДСМ потенцираше дека кризата се чувствува во сите сегменти вклучутелно и кај земјоделците.

Македонија | пред 1 месец

media-library4pffk8jkp0ug3DPxTnT

Филипче: Од Владата на Мицкоски граѓаните веќе не може да очекуваат ништо, можеби банкрот

Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, во емисијата „Тема на денот“, на телевизија Сител, нагласи дека граѓаните од власта не можат да очекуваат ништо, ниту подобрување на животниот стандард, ниту економска стабилност, ниту пак стопанството може да очекува поддршка.Филипче предупреди дека економските политики на Владата предводена од Христијан Мицкоски ја туркаат државата кон сериозна економска неизвесност.„Не може да се очекува ништо. Може само да се очекува да тоне стандардот на граѓаните, не го изгласаа Законот за минимална плата. Може да се очекува банкрот на државата, затоа што веќе 2 милијарди е дупката во Буџетот. Може да се очекува компаниите само да пропаѓаат, заради тоа што ниту имаат поврат на ДДВ, ниту имаат поддршка од страна на владата“, рече Филипче.Тој додаде дека владата не работи во интерес на граѓаните, нема слух за покачување на платите ниту на социјалната помош, се крати од земјоделците, од сите граѓани, само повеќе да има за личните интереси на власта.„Може да се очекува да нема никакво зголемување на платите ниту во образованието, ниту во здравството. Може да се очекува да нема зголемување на социјалната помош. Може да се очекува да нема никаква поддршка, напротив намалување на парите во земјоделството, како што има сега, за 20 до 30 пати им се намалени. Од оваа влада не може граѓаните, ниту државата, да очекува ништо. Единствено нешто што може да очекуваат се нивни лични финансиски интереси“, нагласи Филипче.

Македонија | пред 1 месец

filipce-ck-sdsm

Филипче: Се бориме за систем, не еден човек како Мицкоски кој сака сè да контролира

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, во интервју за Сител Телевизија истакна дека суштинската разлика меѓу СДСМ и ВМРО е во концептот – дали ќе има функционален систем или еден човек кој ги контролира сите институции.„Ние се бориме да има систем, не еден поединец. Не треба тука да има еден човек, владетел кој што ги контролира сите работи, како што тоа сака Христијан Мицкоски да го прави. И го прави. Не, не. Ние се бориме да има систем. Затоа што само системот ќе врати вербата на граѓаните во оваа држава“, порача Филипче.Тој предупреди дека партизацијата на судството и обвинителството ја уништува довербата на граѓаните во правдата.„Не се прави тоа со партизирано судство. Да ставите судија за судија во Судски совет, жена на градоначалник на ВМРО ДПМНЕ, да ставите во Уставен суд советник на премиерот. Да квалификувате јавно обвинители со различни погрдни зборови… Очигледно е дека и судството и обвинителството се целосно партизирани. Тоа се луѓе кои директно му одговараат на премиерот. Па кој има верба во такво судство?“, изјави Филипче.Според него, токму ваквото однесување создава чувство на безизлез и недоверба кај граѓаните.„Стравот го чувствуваат граѓаните поради тоа што изгубија верба дека оваа власт може да испорача тоа што треба. Граѓаните не се ниту слепи, не се ниту глуви, не се ниту наивни“, рече тој.Филипче потенцираше дека единствениот начин да се врати довербата е преку вистински реформи и европски стандарди.

Македонија | пред 1 месец

media-librarycp21534u4i8raTYzVFr

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче докажа дека е најмекото ткиво на македонското општество

ВМРО-ДПМНЕ упати остри критики кон лидерот на СДСМ, Венко Филипче, обвинувајќи го дека, според нив, делува спротивно на националните интереси и шири политички ставови кои не носат придобивки за државата. Од партијата реагираат на негови изјави поврзани со можноста за внесување на Бугарите во Уставот, тврдејќи дека таков чекор би значел отстапки без соодветен бенефит за Македонија.Во партиското соопштение се наведува дека Филипче, како што велат од ВМРО-ДПМНЕ, покажува страв во врска со случајот поврзан со поранешниот функционер Артан Груби, при што изразуваат сомнежи дека евентуални негови искази би можеле да опфатат повеќе актуелни и поранешни функционери. За овие тврдења не се приложуваат докази во соопштението.ВМРО-ДПМНЕ дополнително ги обвини Венко Филипче и поранешниот премиер Зоран Заев за, како што наведуваат, политичко влијание врз правосудниот систем во минатото, оценувајќи дека токму тие биле одговорни за, според нив, најголемите политички притисоци врз судството во поновата историја на државата.Од партијата порачаа дека правдата ќе биде воспоставена и дека институциите треба да постапуваат независно, без оглед на, како што велат, политичките реакции и притисоци. Од СДСМ засега нема реакција на овие обвинувања.

Македонија | пред 1 месец

media-library7idjh85vq4vc3y0pQnY

Филипче: Граѓаните веќе немаат трпение, на младите не им се живее во државата

 Граѓаните се презаситени и веќе немаат трпение, на младите веќе не им се живее во државата, нагласи претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, во „Тема на денот“, на телевизија Сител. Филипче посочи дека власта не презема не презема суштински реформи во правосудниот систем.„Нема очигледно желба да се реформира правосудниот систем. Само еден од 12-те реформски закони кои што требаше лани да се донесат, се донесе. И тоа се направи трик и тој не се донесе согласно препораките на Оценската мисија,  и тој закон кој што е во рамки на реформската агенда, се донесе така да служи на власта“, рече Филипче.Во интервјуто, Филипче порача дека  излезот е јасен - вистинско реформирање на системот и силна борба против корупцијата.„Тоа што ни е суштински потребно, тоа што ќе врати ја довербата во државата, во институциите, тоа што ќе ја врати довербата на младите,е само вистински реформирано правосудство и за почеток канцеларија на Европското обвинителство, на обвинителката Лаура Ковеши, која што ќе има одврзани раце, како што ги има во сите други земји, и во овие последни кои што се приклучија кон Европското обвинителство, да се расчисти со корупција и криминалот“, рече Филипче.Тој посочи дека власта свесно ја држи државата изолирана со закочен евроинтеграциски процес,  а поради погрешните владини политики страда државата и граѓаните.„Треба храбри чекори. Доста ние само стоиме во место и премиерот и цело раководство на ВМРО ДПМНЕ, цела влада лаже дека нешто е загрозено. Дека они се борат за некакви национални интереси. Ништо не е загрозено. Страда државата, страдаат граѓаните, страдаат младите. Ние сме сега граѓани од втор или трет ред. Ние немаме пристап до единствениот пазар во Европа, немаме слободно движење низ Европа. Не ставаат на страна, отисоци, печати, пасоши и итн. Ние сме сега таму кај што не сакаме да бидеме. Владата има механизам, има начин, има понуда на масата, која што никако не е ризична. Треба да го направи чекорот“, рече Филипче.

Македонија | пред 1 месец

media-libraryjboo9gik85eq1g1FT5e

Филипче: Јасно и гласно да ви кажам, кој прекршил закон нека одговара

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, во гостување во „Тема на денот“ на Сител кажа дека секој што го прекршил законот треба да одговара, ама не со политички договори кои ја поткопуваат довербата во правосудниот систем.„Да ви кажам многу јасно и гласно да знаат гледачите, да знаат граѓаните. Кој што има, нека каже. Кој го прекршил законот, нека одговара. Од која и да е политичка партија. Ама вакви монтирани и договорени политички дилови не носат верба во судскиот систем“, посочи Филипче.Во контекст на случувањата со Артан Груби, Филипче појасни дека по целиот театар на границата јасно е дека покрај урнисувањето на правниот систем граѓаните ја изгубиле довербата во институциите . Тој истакна и дека контрадикторните информации од институциите дополнително ја продлабочуваат недовербата кај јавноста.„Излезе соопштение од обвинителството дека пуштањето во домашен притвор е по интервенција и по сугестија на АНБ и МВР. Па излезе директорот на затворот којшто каже дека ниту АНБ, ниту МВР, коишто се директно контролирани од премиерот, дошле и направиле процена. Тоа не се случило. Тие помеѓу себе почнаа да си пукаат политички, не во нога, во гради и во глава. Тоа не го сакаат граѓаните. Така да договор очигледно е дека има. Кој така доаѓа на граница? На кој сте виделе насмеан да му ставаат лисици на рацете?“, нагласи Филипче.Филипче додаде дека доколку постојат какви било информации или докази, тие треба да бидат изнесени јавно, но нагласи дека власта нема капацитет тоа да го спроведе со, како што рече, партизирано судство.„Апсолутно, нека се открие сè што треба. Ама ова власт нема капацитет да го правите. Не се прави тоа со партизирано судство. Очигледно е дека и судството и обвинителството се целосно партизирани. Тоа се луѓе кои директно му одговараат на премиерот. Па кој има верба во такво судство?“, истакна Филипче.

Македонија | пред 1 месец

media-librarycp21534u4i8raTYzVFr

ВМРО-ДПМНЕ: Се плаши ли Филипче од исказот на Груби и дали со него ќе ги повлече и неговите ортаци по криминал како Заев и Спасовски?

ВМРО-ДПМНЕ обвини дека претседателот на СДСМ, Венко Филипче, и неговата партија се единствените кои, како што наведуваат, покажуваат страв поради наводна поврзаност со корупција и криминал на структури блиски до СДСМ. Од партијата порачаа дека граѓаните треба да бидат спокојни, нагласувајќи дека „правда мора да има“ и дека институциите треба целосно да профункционираат.Во партиското соопштение се наведува дека, според нив, завршило времето на политички нарачани пресуди, при што се алудира на изборот на судии и обвинители во минатото. Од ВМРО-ДПМНЕ тврдат и дека, како што велат, „нема скандал или корупциски случај“ без поврзаност со поранешниот премиер Зоран Заев и со Венко Филипче, обвинувања за кои не се приложени докази во соопштението.Партијата ја обвини СДСМ дека со денови, како што наведуваат, создава медиумска врева околу случајот со запленета марихуана и актуелните случувања поврзани со поранешниот функционер Артан Груби, тврдејќи дека опозициската партија се наоѓа во паника поради можни сведочења.Во соопштението се поставуваат прашања дали СДСМ стравува од евентуален исказ на Груби и дали, според ВМРО-ДПМНЕ, тој би можел да инволвира и други политички функционери. Дополнително, од партијата го обвинија Филипче дека давал неточни изјави во врска со негови наводни познанства со лица поврзани со фирмата „ЦБД Медплант“, повикувајќи се на фотографии кои се појавиле во јавноста.ВМРО-ДПМНЕ порача дека владеењето на правото мора да важи за сите и дека секој што го прекршил законот треба да одговара пред институциите. Од СДСМ засега нема официјална реакција на овие обвинувања.

Македонија | пред 1 месец

media-libraryjc969la2ohkj9rzWe1A

Филипче: Мицкоски велеше ДУИ се криминалци а што се случи, се договориле со Груби

„Мицкоски ветуваше правда, викаше дека ДУИ се криминалци а што излезе? Се договориле со Артан Груби“ рече претседателот на СДСМ, Венко Филипче, во интервју за Сител Телевизија.Филипче нагласи дека случувањата на граничниот премин Блаце претставуваат сериозен удар врз правниот систем.„Граѓаните не се ниту слепи, не се ниту глуви, не се ниту наивни. Сите видоа што се случи на граничниот премин Блаце тој ден – во државата се случи урнисување на правниот систем.“ рече Филипче.Тој посочи дека начинот на кој се одвивало враќањето на Артан Груби отвора сериозни сомнежи во јавноста.„Се појави бегалец кој што е на листа, се појави елегантно, мирно, смирено, со наочари, со насмевка… единствено нешто што недостасуваше беше Црвен Килим.“Во однос на одлуката за домашен притвор, Филипче укажа на контрадикторностите меѓу институциите.„Излезе соопштение од обвинителството дека пуштањето во домашен притвор е по интервенција и по сугестија на АНБ и МВР. Па излезе директорот на затворот кој што кажа дека ниту АНБ, ниту МВР, кои се директно контролирани од премиерот, дошле и направиле проценка. Тоа не се случило. Очигледно е дека договор има. На кој насмеан сте виделе да и му ставаат лисици?“ рече Филипче.Претседателот Филипче потенцираше дека СДСМ нема страв од никакви постапки и дека секој што го прекршил законот треба да одговара.„Кој го прекршил законот, нека одговара. Од која и да е политичка партија. Ама вакви монтирани и договорени политички дилови не носат верба во судскиот систем.“ потенцираше претседателот на СДСМ.Филипче оцени дека со партизирано судство не може да се обезбеди вистинска правда.„Не се прави тоа со партизирано судство… Очигледно е дека и судството и обвинителството се целосно партизирани. Тоа се луѓе кои директно му одговараат на премиерот. Па кој има верба во такво судство?“ рече претседателот на СДСМ, Венко Филипче.

Македонија | пред 1 месец

media-libraryjboo9gik85eq1g1FT5e

Филипче: Урнат е правниот систем, за Груби фалеше уште црвен килим

Со доаѓањето на Артан Груби се случи урнисување на правниот систем на државата, нагласи претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче, во „Тема на денот“, на телевизија Сител.Филипче посочи дека по начинот на кој беше спроведено е очигледно дека договор има.„Сите видоа што се случи на граничниот премин Блаце тој ден, тоа утро во државата се случи урнисување на правниот систем, се случи целосно губење на довербата на сите граѓани. Се појави бегалец кој што е на листа, луѓе кои ги бараат во државата, се појави елегантно, мирно, смирено, со наочари, со насмевка, му ставија лисици луѓе кои што претходно беа дојдени, полицајци, не полицајците кои што се, кои работат на граничниот премин, имаше камера која го снимаше сето тоа, единствено нешто што недостасуваше беше црвен килим“, рече Филипче.Тој посочи дека граѓаните веќе чувствуваат страв поради тоа што изгубија верба дека оваа власт може да испорача конкретни резултати за напредокот на државата.„Стравот е кај сите граѓани, дека оваа држава нема да ја биде. И стравот им е оправдан, затоа што видоа што и како се прават тие договори. Граѓаните не се ниту слепи, не се ниту глуви, не се ниту наивни. Се случи целосно губење на довербата на сите граѓани, на сите луѓе кои што живеат во оваа држава, дека ова власт може да испорача тоа што треба, нешто што треба - реформи, вистинска правда, и тоа се случи на очите на сите граѓани“, рече Филипче.Во интервјуто Филипче посочи дека никој повеќе не може да ги излаже граѓаните и покрај силната пропагандна машинерија на ВМРО.„40% од медиумите се контролирани од ВМРО ДПМНЕ, тоа се Орбановите медиуми кои што шират дефетизам, кои што шират анти ЕУ пропаганда, се вклучија да го одбранат, а тоа едноставно не се брани. Такви политички договори во кои што судството и обвинителството испорачуваат тоа што треба во интерес на некакви непринципиелни политички договори, не му носи добро на никој“, рече Филипче.

Македонија | пред 1 месец

media-library7idjh85vq4vc3y0pQnY

Филипче: Булингот не доаѓа од Европа, туку од ВМРО и Мицкоски

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, реагираше на изјавите на премиерот Христијан Мицкоски, оценувајќи дека, како што наведе, единствениот „булинг“ врз македонскиот народ го вршат ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски.„Наместо да ги спроведе реформите што Европа ги бара две години, Мицкоски нуди само изолација и анти-ЕУ кампања. Преку 70 проценти од граѓаните сакаат членство во ЕУ, а тој зборува за ‘булинг’ и ‘прва и втора лига’“, наведува Филипче во реакцијата.Според него, проблемот не е во односот на Европската Унија, туку во неисполнувањето на обврските поврзани со владеењето на правото, слободата на медиумите и борбата против корупцијата. Тој обвини дека ВМРО-ДПМНЕ создава конфликти со соседите и дека на критиките од Брисел одговара со напади врз Унијата.Филипче ја поврза актуелната состојба со, како што рече, изостанокот на напредок во евроинтеграциите, случајот со пет тони дрога што, според него, излегле преку македонската граница, како и состојбите во судството, обвинителството и медиумите.Во реакцијата се наведува дека Европа дала јасна шанса до 2027 година, заедно со земјите од регионот, посочувајќи дека Црна Гора и Албанија напредуваат, додека Македонија, според него, стагнира.„Мицкоски и ВМРО не сакаат ЕУ, сакаат да крадат на тендери без надзор. Тоа не е европска вредност, тоа е криминална вредност“, се наведува во соопштението на Филипче, кој заклучува дека, според него, вистинскиот притисок врз граѓаните доаѓа од актуелната власт.

Македонија | пред 1 месец

aleksandar-nikoloski

Николоски: Филипче се однесува како бомбаш самоубиец во обид да го заштити столчето во СДС, да не манипулира, за превозниците решение има во дијалогот со Европската Комисија

Заменик претседателот на Владата на Република Македонија, Александар Николоски во одговор на новинарско прашање во Прилеп, каде што присуствуваше на отчет 100 дена од новото раководство на локалната самоуправа во Прилеп, истакна дека Филипче води една црна и гнасна кампања против него и Македонија, со што сака да ја уништи и СДС и нашите стратешки пријатели.„Не сум изненаден, гледаме еден нихилизам, една црна кампања, гнасна кампања која доаѓа од СДС, јас сум свесен дека и Венко Филипче е свесен дека му се ниша позицијата во СДС, ја има практично киднапирано партијата за цели што само тој ги разбира и буквално се однесува како бомбаш самоубиец, сакајќи да се заштити себе и сопствената позиција во партијата и уништува се околу себе'', појасни Николоски.Вицепремиерот Николоски истакна дека лагите и обвинувањата од страна на Филипче се гол популизам, затоа што во исто време создава токсична атмосфера во општеството којашто не е добра за Македонија.„Најголем проблем е што овој начин на комуникација создава една токсична атмосфера во општеството, создава една атмосфера којашто не е добра и нешто што нејќе Македонија да го види. Во исто време не кара и со стратешките пријатели, знаете дека цела кампања водеше против Велика Британија со којашто потпишавме стратешки договор и со којашто имаме стратешко партнерство“, нагласи Николоски.Во однос на обвинувањата од Филипче во делот за превозниците, Николоски е дециден дека овој наследен проблем се решава со дијалог со ЕУ.„Пред неколку недели превозниците од Македонија и целиот регион со право ги блокираа граничните премини коишто одат кон Шенген зоната со барање да ЕК започне дијалог за решавање на проблемот за престој за професионалните возачи во рамките на Шенген зоната. Нивното основно барање беше да се започне дијалог. Планот нивни беше да блокада трае 7 дена, да на четвртиот ден излезе претседателката на ЕК и каже дека таков дијалог ќе се случи и презентираше документ којшто се вика Нова визна стратегија на ЕУ со којшто документ возачите се признати како професионалци, тоа беше едно од основните барања и во рамки на овој дијалог којшто се води во моментот треба да се донесат конечните решенија. Никој никаде а камо ли во систем како ЕУ; дека за две недели сите работи ќе бидат решени, туку тоа што јас го кажав дека ќе започне овој дијалог и дека новата визна стратегија е начинот и патеката по којшто ќе се оди“, истакна Николоски.

Македонија | пред 1 месец

media-library4pffk8jkp0ug3DPxTnT

Филипче: Немам никаква поврзаност со било која фирма за марихуана во државата

Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, во одговор на новинарско прашање, ги отфрли обвинувањата од ВМРО-ДПМНЕ, за наводна поврзаност со фирми за марихуана. Филипче нагласи дека станува збор за координиран обид за дефокус од вистинскиот скандал со шверц на 5 тони дрога.„Тоа е апсолутно само една форма на дефокус. Јас немам никаква поврзаност со било која фирма за марихуана во државата. Повторно е тоа еден обид за дефокус и да се избегне одговорот на вистинското прашање, како пет тони марихуана 4-5 шлепери поминале преку граница и завршиле во Србија. Тоа е главното прашање. Како поминале на царинска контрола на граница? Тоа се прашањата, се друго е еден голем дефокус нешто што практично го гледаме изминатиот период цело време“, рече Филипче.Притоа Филипче нагласи дека и тој лично, како и партијата, се мета на организирана медиумска хајка и лажни обвинувања од страна на ВМРО-ДПМНЕ.„Оваа сегашна власт, ВМРО-ДПМНЕ контролира една голема мрежа на медиуми тие се во целосна координација, не само сега изминатите повеќе од 10 години. со медиумската мрежа којашто е контролирана од луѓе на унгарскиот премиер Орбан. Еве како излезе, прво Жан Митрев, некое смешно обвинување како јас сум влијаел на судски процеси, па Дубаи, па Харис Џиновиќ, па авиони, ме поистоветија со убиец на деца, па дека сум се дрогирал, што уште нема да измислат“, рече Филипче.Филипче нагласи дека ВМРО-ДПМНЕ споменувајќи ја модуларната болница во Тетово, покажува недостиг на емпатија кон семејствата на жртвите и ја користи трагедијата како дел од медиумска хајка.„Модуларната болница ја спомнуваат во Тетово. Дали мислат на оние луѓе семејства коишто ги изгубија таму членовите на семејствата? Дали на тие луѓе помислуваат? Но  не ме чуди овој систем на медиумска хајка којшто го водат поради тоа што овој систем на медиумска хајка и лажни вести, лажна кампања е воден од луѓе кои додека седат во собранието им се потсмеваат на родителите на децата што загинаа во Кочани“, рече Филипче.

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања