Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

ФИЛИПЧЕ

media-library5m66ccdmpqsj0eInipt

Филипче од Струмица: СДСМ се враќа и СДСМ ќе победи!

Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, вечерва од големиот митинг во Струмица „Се бориме за нашиот дом“, ја испрати најсилната порака, дека партијата се враќа и ќе победи.„Од тука тргнаа политичари кои ја менуваа државата. Од тука тргнаа политики кои носеа развој, правда и слобода. Од тука секогаш се раѓала надежта. Затоа од овде, од овој плоштад, ќе ја испратиме најсилната порака: СДСМ се враќа! И СДСМ ќе победи!“, порача Филипче.Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, исто така рече дека струмичани секогаш биле тука кога било потребно да се донесат клучните одлуки за државата.„Струмичани секогаш стоеле исправено и обединето кога било потребно. Кога Македонија имала потреба од силен и  одлучен чекор за борба против ненародната власт на ВМРО-ДПМНЕ. И сега повторно Струмица е на нивото на задачата. Струмица е симбол на отпор. Симбол на напредок и симбол на победи. Вечерва гледам очи полни одлучност. Гледам народ што знае кому да му верува. Затоа што во Струмица не поминуваат лагите и манипулациите на власта. Струмица препознава работа и визија. Препознава чесен труд затоа што е град на трудољубиви луѓе“, рече Филипче пред струмичани.

Македонија | пред 5 месеци

filipce34

За мене патриотизам е да го обединиш народот околу заедничка цел, вели Филипче

Јас верувам дека патриотизам е да го обединиш народот околу заедничка цел,  да водиш политика на заштита на луѓето, да подадеш рака на најслабите и да им се спротиставиш на моќните, порача претседателот на Социјалдемокртаскиот сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче, од митигнот во Струмица.Во обраќањето пред струмичани, Филипче посочи дека институциите мора да им служат на граѓаните и дека верува оти само со правилни политики Македонија може да напредува.„Јас верувам во институции што служат на народот и затоа верувам во реформи, а не политикантство. Јас верувам во Македонија што оди напред, а не се враќа назад во реваншизам и конфликти“, рече Филипче.Тој додаде дека во неговите ставови не е сам, туку зад него стои целиот Социјалдемократски сојуз на Македонија.„Партијата што ја донесе независноста. Партија што го обезбеди мирот и државноста. Партија што ја внесе Македонија во НАТО. Партија што ги отвори вратите кон Европа. Партија што, со сите маани, никогаш не се откажа од патот кон слобода, еднаквост и напредок“, истакна Филипче.Од друга страна, како што кажа Филипче, ВМРО-ДПМНЕ е партија што кога е на власт, државата стагнира.„Секогаш истото сценарио, прво празни обивнувања кон противникот, па поделби, па хистерија, па хаос. Со ВМРО-ДПМНЕ никогаш нема нови хоризонти и можности за граѓаните. Нема надеж, во воздухот има само гнев, апатија и немоќ. Партија која е единствено водена од патолошката потреба да се остане на власт, по секоја цена“, порача претседателот на СДСМ, Венко Филипче, додавајќи дека затоа СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ нема да бидат никогаш исти, а оваа битка не е само политичка, туку е морална и историска.

Македонија | пред 5 месеци

media-library372pv9grr17hfW2OPp2

Политички кукавици се оние кои наместо да ги решаваат проблемите тие манипулираат, вели Филипче

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, вечерва од Радовиш на граѓанската трибина „Се бориме за нашиот дом“ на радовишани им порача дека после година и пол власт на ВМРО-ДПМНЕ јасна е разликата за граѓаните помеѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ. СДСМ носи функционални институции и развој, а ДПМНЕ стагнација и притисоци.„Денес после година и пол е јасно дека ВМРО-ДПМНЕ не ја заслужува довербата на луѓето. Се докажа и дека не сме исти. Дека во суштина нашите политики се разликуваат. Кога СДСМ е на власт, има институции, дијалог, сигурност. Кога ВМРО-ДПМНЕ владее, закани, партиски списоци и притисоци. Кога граѓаните зборуваат и бараат помош, ние реагираме. Преговараме, бараме решенија, а тие ги игнорираат и ги заплашуваат. Едноставно тоа се политички кукавици и политиканти кои не ги решаваат проблемите туку манипулираат. И затоа не сме и не можеме да бидеме исти“, им порача Филипче на радовишани.Претседателот Филипче рече дека денес државата е повторно ставена пред закана закана од ВМРО-ДПМНЕ, кои ја туркаат во изолација, назадување, узурпација и режим за што е потребен силен СДСМ, да се спротивстави на овие закани.„Затоа, сега е време за борба, борба за нашиот дом, за нашата куќа и заедно да ја исправиме државата. Да се бориме за секое едно маало, за секој сосед и неговите проблеми, за секое дете кое живее во сиромаштија, да се бориме и за секоја улица, се бориме за чист воздух, за секој работник и работничка која чесно живеат од својата плата“, порача Филипче.Притоа тој ги повика граѓаните во Радовиш на 19 октомври да го заокружат бројот 5 кој гарантира успех и напредок. Со СДСМ, рече претседателот Филипче, Радовиш ќе ги реализира ветените проекти кои ќе го подобрат животот на граѓаните и ќе ги задржи младите во градот и државата.

Македонија | пред 5 месеци

mucunski-germ-3

Муцунски да одговори дали во Македонија ќе се носат мигранти по договор со Британија?, праша Филипче

Претседателот на СДСМ Венко Филипче денеска одговарајќи на новинарско прашање по написи во британските медиуми го повика министерот за надворешни работи Тимчо Муцински да одговори дали разговараат за носење мигранти во Македонија.„Го прочитав текстот, го видов во медиумите. тука многу сериозно владата треба да излезе и да каже разговараат или преговараат за таква работа. Со оглед на шпекулациите и написите во многу сериозни светски политички часописи. Треба министерот Тимчо Муцински да каже дали разговараат за тоа да мигранти се носат во нашата земја“, изјави Филипче.Дополнително, Филипче праша дали изградбата на споменатите мигрантски кампови во медиумите имаат некаква врска со заемот од 7 милијарди евра кои ги зема владата пред неколку месеци.„Министерт Муцунски исто така треба да каже, има ли тоа врска некаква со тој пакет со заемот 7 милијарди евра? Има ли некаква врска? Условена ли е владата за тие пари да го направи тоа? Очекувам министерот да во текот на денешниот ден, утре најкасно, да информира јавноста за тоа дали се зборува со Велика Британија за лоцирање на мигранти во нашата земја“, рече Филипче.Претседателот Филипче пред новинарите исто така рече дека СДСМ подолго време наназад  ги следи публикациите кои излегуваат во британските часописи каде веќе се укажува на тенденциите, британската влада тука во Македонија но и во регионот на Балканот и околните земји да лоцираат места за изградба на мигрански кампови но тое сега е на ниво на шпекулации и за тоа мора да им одговор од владата.

Македонија | пред 5 месеци

media-library8a1kslr7rf4140neCVb

Филипче: Власта сака да поставува свои судии и обвинители, затоа ниту еден реформски закон не е поднесен

Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, во одговор на новинарско прашање предупреди дека Владата на ВМРО-ДПМНЕ свесно го кочи реформскиот процес во судството, и тоа со јасна цел – политички да влијае врз поставувањето на судии и обвинители.Како што кажа Филипче, наместо суштинска реформа на судството, граѓаните се сведоци на континуирани обиди за манипулации од страна на власта. Тој потсети дека реформите во правосудниот систем се јасно дефинирани во реформската агенда, подготвена од  Владата на СДСМ, а потпишана од сегашната влада на ВМРО-ДПМНЕ.„Во таа реформска агенда има 12 закони кои што се однесуваат на многу аспекти на судството. Тие закони, реформски закони, и значат суштинско зајакнување на нашиот правосуден систем. Во тие закони се наоѓа Закон за јавно обвинителство, Судски совет, за плати на судии, за движење на судски предмети и така натаму. И таа реформска агенда е поврзана со буџетот. Оваа година, до месец јуни, требаше да се донесат седум од тие закони, дополнително до крајот на 2025 година уште пет. До сега во Собранието на тие 12 закони не е поднесен ниту еден. Тоа не го прави оваа власт“, потенцира Филипче.Тој ги отфрли обвинувањата што доаѓаат од власта како „спинови“ со цел да се одврати вниманието од вистинскиот проблем, избегнување на реформи во судството.„Сите спинови, сите обвинувања за некаква блискост со судии итн се само изговор да не се направи вистинска реформа во судството. Ако не се направат тие реформи во судството, кои што како стратегија се донесени со Европската унија, тоа остава простор, а видовме дека ВМРО-ДПМНЕ тоа го практикува, да се интервенира во судството, да се поставуваат свои судии, свои обвинители“, предупреди Филипче.Во одговорот Филипче потсети на  конкретни примери на непотизам и партизација во правосудството  од страна на власта.„Видовме во изминатите години, се постави сопруга на еден градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ, роднина на еден нивен коалициски партнер. Јасно е што треба да се направи за да се реформира судскиот систем“, рече претседателот на СДСМ, Венко Филипче.

Македонија | пред 5 месеци

media-library5lgnmsg5ovm31MzUef5

Филипче: Мицкоски нема резултати, мисли дека може да ги лаже луѓето дека добро живеат

„Мицкоски година и пол мисли дека може да ги изманипулира луѓето дека живеат добро. Тоа е инстинктот на измамниците и манипулаторите, да лажат за сè, па дури и за она за кое не може да се лаже: дали некој живее подобро или полошо“, порача вечерва претседателот на СДСМ, Венко Филипче од трибината во општина Гази Баба.Тој истакна дека реалноста е дека на оваа неспособна власт ни уште две децении нема да ѝ бидат доволни, затоа што немаат ниту план, ниту капацитет.„Но, најважно од сè, немаат чесна намера. Не сакаат да им помогнат на граѓаните, не сакаат да ја видат реалноста која е тешка, едноставно, не ги интересираат граѓаните. Ги интересира само олигархијата и личните бизниси“, порача Филипче.Тој се осврна и на лагите со кои власта манипулира во јавноста.„Кога Мицкоски ќе каже дека сме петти, трети или четврти во економија, тоа не само што е огромна лага, туку е тешка навреда за секој кој живее и работи во оваа држава“, рече Филипче, укажувајќи дека ВМРО-ДПМНЕ ги осиромаши и изманипулира граѓаните.Филипче изнесе и конкретни податоци, потенцирајќи дека бројките се погубни, а економската перспектива е уште полоша. За само една година, индустријата падна за 3,5%. Странските директни инвестиции се преполовени , а инфлацијата е 4%, меѓу највисоките во Европа.„Цените растат без контрола. Веќе се откажаа од лажните кошнички. Не ни пробуваат да кажат дека нешто прават, ги оставија луѓето да живеат со скапотијата. Платите тапкаат во место, просечната плата паѓа три месеци по ред. И ова е вистинската дијагноза: овие луѓе за година и пол, опиени од успехот на изборите, заборавија дека економијата и економските политики, пред сè, треба да им служат на граѓаните“, потенцираше Филипче.

Македонија | пред 5 месеци

media-librarya9panl17d7v2970qAtn

Филипче: Власта направи нов долг од 1,8 милијарди евра без никаков ефект

„Нема подобар живот туку нов долг од 1,8 милијарди евра“, им порача вечерва на граѓаните Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче од граѓанската трибина „Се бориме за нашиот дом“ во Гази Баба. Филипче рече дека наместо што сработиле нивните градоначалници премиерот вели дека за реални проекти биле потребни децении.„Замислете направен е 1,8 милијарди евра нов долг за само 13 месеци без никаков ефект врз реалниот развој. 250 милиони евра од унгарскиот кредит кои беа наменети за стопанството, ниту 10% не се реализирани.Само неколку нивни фирми се офајдија. Ова се реалните податоци и бројки, драги пријатели. Ова е причината зошто се нервозни, зошто наместо да понудат кампања во која ќе промовираат што сработиле, направија кампања во која кажуваат дека за промени требале децении. Неспособни ниту да ги повторат барем нашите економски резултати, велат најдоброто допрва доаѓало. Сака Мицкоски да ни порача, не нè гледајте сега што правиме, немавме време“, рече Филипче.Филипче од Гази Баба исто така рече дека, за влада без план и визија за правецот на државата и две децении би биле малку.„Реалноста е дека на оваа неспособна власт ни уште две децении нема да ѝ бидат доволни. Нема да ѝ бидат доволни затоа што немаат план, ниту капацитет, но најважно од сè немаат чесна намера. Не сакаат да им помогнат на граѓаните, не сакаат да ја видат реалноста која е тешка, едноставно не ги интересираат граѓаните. Ги интересира само олигархијата и личните бизниси. И ова е вистинската дијагноза, овие луѓе за година и пол, опиени од успехот на изборите, заборавија дека економијата и економските политики, пред сè, треба да им служат на граѓаните“, рече Филипче од Гази Баба.

Македонија | пред 5 месеци

media-librarysdeohmsgep5cb3MTpMv

Филипче: Мицкоски сака негово судство, СДСМ нема да дозволи нови тефтерчиња од Белата палата

Претседателот на СДСМ, д-р  Венко Филипче, вечерва од Гази Баба каде се одржа граѓанска трибина „Се бориме за нашиот дом“ го обвини Христијан Мицкоски дека не сака реформи во правосудството туку го сака скроено по свој терк како во времето на Груевски и порача дека СДСМ нема да дозволи нови тефтеричња од белата палата.„Тоа е нивната намера, да закочат сè за да го вратат судството како во времето на Груевски. Не знае ВМРО-ДПМНЕ да владее ако има независни институции. Па кој ќе ја покрива нивната неспособност? Кој ќе нарачува пресуди кога ќе бидат во густо? Тоа е проблемот, на Мицкоски му треба судството под контрола за да може да сее страв, да се заканува, да уценува, исто како што беше во времето на неговиот ментор Груевски. Затоа избега од подадената рака на СДСМ за реформи. Му реков, ајде да ги донесеме реформите тоа го бараат граѓаните. Бараат независно судство, европски реформирано судство. Ајде да ја вратиме довербата во институциите. Јас не се плашам од независно судство, ама изгледа се плаши тој. Пола влада со кривични пријави, пола партија со матни бизниси. Затоа не сака“, порача Филипче.Филипче во Гази Баба исто така рече дека наместо правда и реформи, наместо судска фела и експерти, граѓаните добија само неправди по што испрати порака дека СДСМ нема да молчи ниту ќе дозволи партизација во судството.„Сега јасно му порачувам да престане да се заканува што ќе правел по изборите. Да не мисли дека ќе му молчиме ако решил да го партизира судството. Тоа нема да се дозволи. Или ќе има темелни реформи па нека одговараат сите што грешеле или нови судии од тефтерчињата од Белата палата нема да дозволиме“, потенцираше претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче од Гази Баба.

Македонија | пред 5 месеци

media-librarydlq02f2prmt9ewKbnmT

Филипче: Мицкоски од уста не ме вади, нема ниту едно дело па затоа мора да плука

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче, на граѓанската трибина во Ѓорче Петров, рече дека ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски немаат никакви резултати зад себе, па затоа се служат со лаги, спинови и напади врз опозицијата.„Го гледам Мицкоски, од уста не ме вади во оваа кампања. Човекот изгледа не може да сфати дека е на власт и дека треба да промовира што направил, а не да се занимава со опозицијата. Секој ден нова измислена афера по стариот терк, но сега веќе никој не му верува.  Кога немаш ниту едно дело, останува само да плукаш. На Мицкоски треба да му биде едно јасно: граѓаните не живеат од неговата пропаганда“, порача д-р Филипче.Претседателот на СДСМ истакна дека граѓаните веќе ја препознаваат неспособноста на актуелната власт и дека секојдневно се чувствуваат последиците од погрешните политики на ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 5 месеци

media-library265bilv302btbIzqgC8

Мицкоски до Филипче: Професионално ли е што судот на Марковски за стомилионски криминал му дава куќен притвор?

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски,  се обрати од  народниот митинг одржан во општина Богданци, во рамки на изборната кампања 2025 која е под слоганот ,,Вистинскиот избор! Твојот човек! Твоето место! За твојата иднина!“, за претстојните локални избори закажани на 19 октомври. Мицкоски зборуваше на темата за судството и обвинителството во земјава. Според него, луѓето кои ги направија предавствата на државата, кои менуваа име и Устав, и кои изнесуваа милиони надовр од неа, повторно се обидуваат да го лажат народот, а нивната лагодност е во тоа што знаат дека имаат чувари во судството и обвинителството, и притоа лидерот на СДСМ се изјаснува во јавноста дека 2% доверба на граѓаните во судството за него е професионално. Тој додаде дека после локалните избори, потребен е ресет на системот.,,И кога ќе ме запрашаат од каде почнавте да работите овие 15 месеци како Влада, одговорот е тежок, затоа што велиме дека започнавме од самите темели. Толку тие беа разрушени, разјадени и ослабени што, по три децении независност и седум години катастрофално владеење, моравме повторно да почнеме од темелите на Македонија“, рече Мицкоски.Мицкоски нагласи дека кај истите луѓе кои ја распродаваа историјата на државата, менуваа Устав и изнесуваа милиони надвор од неа, има отсуство на срам и според него, покажува дека го потценуваат народот, а и повторно се обидуваат да го излажат.,,Навистина гледам дека тие исти луѓе кои седум години уриваа, кои менуваа име, Устав, распродаваа историја, крадеа, купуваа трговски центри, изнесуваа милиони, правеа дилови на грбот на народот, истите тие ги има фатено една колективна амнезија и без мува да ги лази излегуваат и коментираат, обвинуваат и лажат. Кај сите до еден кај нив има огромно отсуство на срам, и тоа отсуство на срам, говори дека не само што не научиле ниту една лекција, туку ја потценуваат интелигенцијата на народот и повторно сакаат да го излажат со истите фрази, со истите зборови“, кажа Мицкоски и додаде:,,Заев ветуваше живот, а овој сега неговиов наследник, Филипче, ветува среќа. Првиот ветуваше дека ќе ја заштити македонската жица од гитарата, вториот имал црвени линии со Бугарија. Првиот му ја води кампањата, а пак овој вториов слепо го следи. И нивната комоција се должи, освен на отсуството на срам, и на нивната желба за моќ, пари и богатење на грбот на народот. Просто е прашањетом, како со државна, докторска или градоначалничка, па и премиерска плата се стигнува до згради и златна виза во Дубаи? Милионски имот кој вртоглаво расте во годините кога тие се влада. Одговорот е преку криминал и неказнета корупција“.Според него, нивната лагодност се должи на тоа што тие знаат дека имаат чувари во правосудството, и за кое лидерот на опозициска СДСМ изјавува дека ова судство кое ужива само 2% доверба било професионално.,,Нивната лагодност се должи и на фактот што имаат чувар во обвинителството и судството, кои се пак последниот бастион на оваа наша длабока држава. Го слушав внимателно, вчера Венко Филипче како говори дека тоа судство и обвинителство е професионално. Замислете, ова судство и обвинителство со два процента рејтинг било професионално. Тоа што повеќе од 100 пријави ги држат во фиока, тоа што ќутат и тоа молчат за плацовите, вилите, за бизнисите со државни тендери, за вакцините од Кина, не ги прави професионални, туку напротив, ги прави криминални“, вели Мицкоски.Мицкоски додаде дека, сопственикот на омилената фирма на СДСМ и ДУИ, Марковски, на кој за сомнеж за криминал од сто милиони му е доделен куќен притвор, според него ова не е професионално туку криминално.,,И додека ова Филипче го говори, во истиот момент, во исто време судот на сопственикот на омилената фирма на СДСМ и ДУИ, Марковски, кој парче по парче направи во РЕК, за сомнеж за криминал од сто милиони, му доделија куќен притвор. Да го прашам Венко, професионално ли е што за сто милиони неговиот суд му дава само куќен притвор, а за некој што украл 10  ќебапи има притвор со месеци? Во ништо од ова нема професионално, туку само криминално“, посочи Мицкоски.Мицкоски нагласи дека после локалните избори годинава, на државата и е потребен целосен ресет, и само на тој начин ќе обезбеди иднина.,,И од тоа бегате упорно затоа што знаете дека после овие избори, лично ќе се позанимавам со правдата која за сите оние што се огрешиле е недостижна. И тоа мора да се смени, затоа што на Македонија повеќе од сè досега ѝ треба ресет на системот и не само во судството и обвинителството, туку ресет и во секоја пора од општеството. Ресет на вредностите кои ги газат и на сфаќањата кои мораат да ги променат. И само така сите ние, заедно, ќе обезбедиме иднина каква заслужуваме, целосно свесни дека ова е најважната битка на нашата генерација, која мораме да ја победиме“, заклучи Мицкоски.

Македонија | пред 5 месеци

media-librarytotn6l8jf7614778XmN

Филипче: Коки е човек од народот, направи повеќе за Ѓорче од актуелниот градоначалник на ДПМНЕ

Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, од граѓанската трибина „Се бориме за нашиот дом“ во Ѓорче Петров испрати порака дека во Ѓорче луѓето препознаваат кој е работник, а кој манипулатор и кој вистински ја сака општината, а кој е дојден за функција.„Ѓорчевци се посебни луѓе, луѓе кои ценат труд, работа и искрена грижа за општината. Прво, сакам да кажам нешто за Костадин Ацевски, за Коки. Го следам Коки како работи во кампањата, но го следев и како работеше во сите изминати години за општината. Па, човекот и нашите партиски другари кои се без функција во општината имаат повеќе сработено од градоначалникот. Имаат повеќе искосено, повеќе клупи поправено, повеќе корпи за отпадоци поставено отколку ВМРО-ДПМНЕ и нивниот неспособен градоначалник. За овие луѓе не требаат зборови и ветувања, доволно е да ги видите нивните дела и знаете дека се вистинскиот избор. Тие веќе докажаа како знаат да работат, колку ја сакаат општината и граѓаните и каква граѓанска одговорност имаат“, рече Филипче.Притоа, тој потсети на проектите кои Владата на СДСМ ги реализираше во Ѓорче Петров, а тоа се: нова детска градинка во Волково, модернизирање на системот за јавно осветлување, уредување на зелената срцевина на Ѓорче корзото, новиот изглед на улиците во Ѓорче, Волково, Кисела Јабука, Александрија, Орман и Кучково за овој континуитет после четири годишниот застој Филипче побара масовна поддршка од Ѓорче Петров.„Сега е потребна борба. Има уште седум дена до изборниот молк. Седум дена во кои барам секој еден од вас да го вложи секој атом енергија и да ги промовира нашите добри кандидати и политики. На овие избори СДСМ излезе со чесна понуда. Со луѓе кои докажано знаат и умеат, луѓе кои се од народот и ќе работат за народот, луѓе кои нема да се затворат во своите кабинети откако ќе ги изберете. Понудивме луѓе кои секојдневно ќе ги гледате на улиците како го прават Ѓорче подобро и поубаво место за живеење токму како што и сега го прават“, порача Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче.

Македонија | пред 5 месеци

media-library5t0s2ga1a4gb1Oo2nv5

Филипче: Време е за промени во Брвеница со Светлана Митреска Анџелскоска

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче, денес на граѓанската трибина во Брвеница, нагласи дека овие избори се одлучувачки за иднината на општината и за начинот на водење на локалната власт, повикувајќи на обединување околу планот и програмата на кандидатката за градоначалник на СДСМ, Светлана Митреска Анџелскоска.„Визијата за Брвеница која Светлана Митреска Анџелскоска сака да ја реализира е општина што ќе биде сервис на граѓаните, место каде младите ќе остануваат и ќе имаат шанса за развој, каде семејствата ќе се чувствуваат сигурно, а пензионерите достоинствено. Но оваа визија не може да се оствари без обединета сила на граѓаните, без глас што бара промена и чесност. Сега потребен глас за иднината на Брвеница“, порача д-р Филипче.Тој изрази разочараност од четиригодишното владеење на ВМРО-ДПМНЕ во Брвеница и нагласи дека најважните и клучни проекти за граѓаните од Брвеница не ги реализирал актуелниот градоначалник и дека непосредно пред кампањата почнал да ги раскопува улиците.„Ова не е локална власт што работи за граѓаните. Недовршена канализациска мрежа во сите населени места, улици ветени, а недоизградени. Ветувања за клучка кон автопатот, полициска станица, проширување на детската градинка, мини спортски полигони за пензионери – ништо од тоа не е реализирано. Брвеница остана со празни ветувања. Граѓаните гледаат дека локалната власт на ВМРО-ДПМНЕ се фали со проекти што не ги направила и се обидуваат пред избори да замачкаат очи дека нешто се работи. Ова е слика на локална власт која мисли на себе и партијата, а не на народот“, истакна д-р Филипче.Филипче  нагласи дека се што досега е вистински вложувано во Брвеница е направено од СДСМ, која секокгаш била на страната на граѓаните и со граѓаните, што го докажа на дело во времето на светски кризи, кога никој не беше оставен сам да се справува со предизвиците.„Сè што функционира денес во општината е благодарение на проектите обезбедени и поддржани од Владата на СДСМ. Инфраструктурни проекти, водовод и канализација, проекти во образованието и подобрување на јавните услуги сето тоа е резултат на грижата и посветеноста која СДСМ ја има кон граѓаните и секое населено место. И затоа на овие избори, единствено СДСМ нуди реални програми и чесни луѓе кои знаат да работат за граѓаните, а не за тесни партиски интереси“, рече тој.Лидерот на СДСМ порача дека Брвеница треба да биде општина што функционира, каде институциите се сервис на граѓаните, а не продолжена рака на партијата, со апел до присутните дека за тоа е потребно единство и обединување на сите околу вистинските вредности кои општината ќе ја развиваат.„Секој што ја сака Брвеница, секој што сака современа, чесна и просперитетна општина, денес треба да се приклучи во ‘Борба за нашиот дом’. Овие избори се многу повеќе од избор на градоначалник и советници – тие се избор меѓу два концепта: чесна работа и визија или празни ветувања, застој и партиски калкулации. Секој глас е важен, секој глас може да ја врати надежта и да ја осигура иднината на Брвеница“, нагласи Филипче.Тој ги увери граѓаните дека со поддршка на Светлана Митреска Анџелскоска и советничката листа на СДСМ предводена од Јовица Радески, Брвеница ќе добие локална власт што работи за граѓаните, ќе создаде услови за развој на младите и семејствата, ќе обезбеди достоинствен живот за пензионерите и ќе ги реализира капиталните проекти што се клучни за иднината на општината.„Светлана Митреска Анџелскоска и советничката листа на СДСМ се луѓе што нема да ве изневерат. Тие нема да заборават утредента по изборите на проблемите на граѓаните, туку ќе работат чесно, одговорно и посветено. Патриотизмот не е во големи зборови, туку во дела што ги градат заедницата, во посветеност на младите, пензионерите и секој граѓанин. Ова е нашата борба, ова е нашиот пат“, заклучи д-р Филипче.Клучните капитални проекти кои Светлана Митреска Анџелскоска која ги најави пред пристутните на денешната граѓанска трибина на СДСМ и Коалицијата „Се бориме за нашиот дом” во општина Брвеница, се пречистителна станица, изградба на Дом на културата и Дом за стари лица, проекти што ќе ја трансформираат Брвеница и ќе создадат услови за достоинствен живот. Освен капиталните проекти, нејзината визија предвидува системски промени во општината: зголемување на капацитетите на детската градинка, создавање простор за рекреативни и едукативни активности за младите, поддршка на младите брачни парови и семејствата со мали деца, мотивирање на жените да започнат сопствен бизнис, како и активно вклучување на младите во креирањето на локалните политики и економски развој.

Македонија | пред 5 месеци

media-librarykro89ii2bnir2z1cPmu

Герасимовски „ќе ги направи противниците салата“ на 19. октомври, порача Филипче

Лидерот на СДСМ, Венко Филипче на синоќешниот митинг во општина Центар порача дека актуелниот градоначалник кој е во трка за нов мандат, противниците на 19 октомври ќе ги „направат салата“.„Горан не сакаше ништо за противниците, а јас ќе кажам само една работа. На 19-ти октомври ќе ги направи салата“, порача Филипче. Обраќањето беше проследено со гласна смеа и аплауз од присутните.

Скопје | пред 5 месеци

media-librarymf6vrjfeh3m43JcZzid

Филипче : Се бориме за 500 евра минимална плата и достоинство за секој работник

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, денеска беше во посета на Пехчево од каде порача дека борбата на овие избори не е само локална ниту само политичка туку е економска и борба за достоинство.„Се бориме за 500 евра минимална плата на работниците. За правото на човекот да живее чесно од сопствената плата да може да оди во маркет, да ги обезбеди децата, да го обезбеди семејството. Се бориме за правда, за достоинство и за надеж“, рече Филипче.500 евра минимална плата на работниците за правото на човекот живее чесно од сопствената плата да може да доверба значи да му дадете семејство се бориме за правда за достоинство.Тој исто така оттаму испрати порака дека Пехчево е уште еден град од многуте каде нема инвестиции, нема горди граѓани. Пред граѓаните на Пехчево, Филипче зборуваше за лажното лице на власта и нивната двојна страна како власт и опозиција.„Го слушам премиерот Мицкоски оди по митинзи и зборува како да сме лани, како да е сеуште во опозиција. Не обвинуваа лани за криминални тендери за перење пари, за несоодветни теми кога пред неколку недели неговата влада, неговите луѓе потпишуваат договори со истите тие фирми за коишто не обвинуваа. Се што сега очекував е пратеникот Бране Петрушевски од ВМРО-ДПМНЕ да излезе на прес-конференција во Белата палата и да го нарече неговиот премиер криминалец. Ете тоа е нивното лицемерие“, рече Филипче.„Ароганцијата на ВМРО-ДПМНЕ мора да запре, затоа што нема светла иднина со лаги“, рече тој.  Ние на овие избори пред граѓаните истапуваме со чесни луѓе, со луѓе што имаат знаење, резултати, желба да се борат и да се изборат за подобри општини и подобар живот. Таков е и Златко Николовски кој сите вие добро го знаете. Такви се и нашите кандидати за советници.Притоа, Филипче ги повика граѓаните на 19 октомври да одлучат дали ќе ги одберат лагите и неисполнетите ветувања на власта или ќе одберат борба за правичен дом и подобар живот за сите.

Македонија | пред 5 месеци

nikoloski-kosovo-1

Николоски: Филипче да одговори за компаниите регистрирани во Петрич, Бугарија, што работат и како се отвораат фирми со докторска плата

,,Венко Филипче има неколку компании регистрирани во Петрич, на улица Гоце Делчев број 4, па добро е да каже како се регистрираат тие компании, што работат тие компании, од каде профитот на тие компании и дали од докторска плата тоа се заработува“, рече потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски за време на денешната поста на струмичкиот крај и општини кои се дел од изборна единица 4, говорејќи за претседателот на СДСМ, Венко Филипче.Според Николоски, СДСМ е партија која ја опустоши целата држава и потоа за да се заштитат и тие самите правеа национални предавства. Тој повика на масовна излезеност на локалните избори на 19 октомври годинава, па така на тој начин да се стави крај на оваа криминална банда на СДСМ.,,Добро е македонскиот народ да ги слушне сите овие одговори. Јасно е дека се работи за најголемата криминална банда воопшто видена во македонската политика. Се работи за луѓе кои што ја опустошија цела држава, а за да се заштитат себе правеа национални предавства“, кажа Николоски.Николоски укажа дека токму затоа е потребна една голема мобилизација на овие локални избори.„Масовно да се излеземе на 19 октомври, да гласаме за број 9 и да победиме уште во првиот круг, за да ставиме конечен крај на оваа банда,“ истакна Николоски.

Македонија | пред 5 месеци

media-library8h1ag8nit02l7jcoOg1

Филипче: Апстиненција е награда за ДПМНЕ, повикувам на мобилизација на локалните избори

„Локалните избори се момент на важна одлука за секоја општина, но и за Македонија. Или ќе ја браниме куќата што ја градиме, или ќе гледаме како ја рушат, цигла по цигла. Знам дека граѓаните се разочарани, но сега е време за мобилизација, не за апстиненција. Апстиненцијата е награда за ВМРО-ДПМНЕ. Повикувам на мобизација. Ајде заедно да ја одбраниме куќата што ја градиме со децении, заедно со СДСМ и коалицијата, за нашиот заеднички дом, за Македонија“, порача Претседателот на СДСМ,д-р Венко Филипче на граѓанскиот собир во Македонска Каменица.„Ова не се само локални избори“, додаде тој. „Граѓаните имаат можност со својот глас да испратат порака: доста е, државата мора повторно да се врати во рацете на луѓето,“ истакна Филипче.„Борбата за нашиот дом не е само локална и не е само политичка. Тоа е економска борба, борба за достоинство. Се бориме за 500 евра минимална плата, за секој човек да може достоинствено да живее од својата работа. Се бориме за ред и правда, за држава што работи за своите граѓани, а не за партиските елити. За иднина и за надеж.“, потенцираше Pретседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче.„Ние настапуваме со чесни и посветени луѓе. Таква е Соња Стаменкова – поранешна градоначалничка која покажа што значи да си го сакаш својот дом и да работиш за него“, подвлече тој.„Мотивот за нејзината кандидатура е да продолжиме таму каде што застанавме, затоа што општината назадуваше во секој поглед“ рече Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче.Тој нагласи дека СДСМ секогаш била повеќе од партија, движење за слобода, правда и еднаквост, со идеја државата да биде дом за сите, не за неколкумина привилегирани.

Македонија | пред 5 месеци

media-librarycrvr2ctu4khmchhSXDb

Филипче: За Владата на Мицкоски поважни се олигарсите, отколку работниците

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче, на граѓанската трибина „Се бориме за нашиот дом“, што се одржа во Велес, ја обвини  Владата на ВМРО-ДПМНЕ дека наместо да ги заштити работниците, работи за големите олигарси.Филипче посочи дека власта ги одби сите добри законски решенија на СДСМ за покачување на платите и справување со високите цени на храната затоа што поважни им се газдите на маркетите.„Ги одби, затоа што за нив поважни се газдите и крупниот капитал, отколку работникот кој секој ден се мачи да стигне до крај на месецот. ВМРО-ДПМНЕ, заради интересите на неколку компании блиски до нив, ги остава работниците по страна. ВМРО-ДПМНЕ се плаши да им каже на големите компании: Време е да го почитувате трудот на работникот. За нив, 400 евра биле доволни. За пуленот на Мицкоски, Трајко Славески, и тие биле многу. Додека тие трошат за ПР кампањи народни пари, луѓето се оставени на страна“, рече Филипче.На трибината тој појасни дека граѓаните поради лошите политики на власта се оставени да не можат да врзат крај со крај во месецот.„Што има обичниот човек? Празна кеса од маркет, сметки што пораснаа и до 30% и тие секојдневно чувствуваат дека живот е сè потежок. Речиси три минимални плати денес не можат да стигнат за една потрошувчка кошничка, а камоли за сметките. Луѓето не се борат за подобар живот, тие се борат за преживување. И токму затоа оваа власт мора да се соочи со прашањето: за кого работат, за народот, или за олигарсите?“, нагласи Филипче.Во обраќањето тој потсети дека СДСМ и во најголемите кризи, Ковид кризата и енергетската криза, покажа што значи вистинска грижа за граѓаните.„Го воведовме првиот механизам што предвидуваше раст на платите согласно растот на трошоците за живот. Бевме првата Влада што вистински со конкретни дела покажа што значи социјална држава. Во нашето време, минималната плата стана достоинствена, пензиите растеа, а работниците беа заштитени. Имавме девет пакети на антикризни мерки во најголемите кризи, 2,6 милијарди евра отидоа директно во компаниите и кај граѓаните. Се заштитија 80.000 работни места, се заштитија 20.000 компании од пропаѓање. Сега нема ништо. Има молк, има лажен ПР, има манипулации и има само слики од митинзи“, рече Филипче, и додаде дека ВМРО-ДПМНЕ наместо „балкански економски тигар“, како што ветуваа, ја претворија Македонија во економска пустина.

Македонија | пред 5 месеци

media-library0h6umhreaottaXNKC2P

Филипче : СДСМ имаше пет иницијативи за раст на платите, ВМРО-ДПМНЕ ги одби сите

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче, на граѓанската трибина „Се бориме за нашиот дом“ што се одржа во Велес, истакна дека за година и пол Владата на ВМРО-ДПМНЕ покажа тотална незаинтересираност за граѓаните, за мерки за подобрување на животниот стандард.„Помина година и пол од оваа власт. Период во кој имавме сите доволно време да видиме со кој си имаме работа и кои политики ги носи оваа власт. Доволно време да сфатиме дека имаме ненародна, арогантна, но пред сè власт без чувство за потребите на луѓето. Ова е реалноста,“ порача Филипче.На граѓанската трибина Филипче потсети дека СДСМ и како опозиција, исто како и додека беше на власт ги има истите политики кон граѓаните - поддршка за граѓаните, покачени плати и реална политика за подобрување на стандардот и имаше реално добри закони со кои се олеснуваше секојдневнието„СДСМ цела година нуди решение – минимална плата од 500 евра! Не популистички, туку со јасна методологија, со модел што веќе докажа дека функционира, ние покажавме дека државата може да расте и кога има кризи, ако има грижа за граѓанинот,“ истакна Филипче од Велес, и додаде дека земјите од регионот како Албанија веќе ја покачува минималната плата на 520 евра, во Србија минималната плата расте секоја година.Во обраќањето, Филипче ја обвини Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ дека ги одби сите предлози на СДСМ што се во интерес на работниците.„Имаше реални добри закони со кои се олеснуваше секојдневнието. Имаше пет иницијативи за покачување на платите, како минималната така и просечната во приватниот сектор. Што направи Владата на ВМРО-ДПМНЕ? Ги одби сите иницијативи. Предложивме мерка и за компаниите да ги субвенционираат придонесите за да не биде терет на компаниите, а сепак да има раст на платите. И тоа го одбија “, нагласи Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче.

Македонија | пред 5 месеци

media-libraryil9qv5ric8ub9D3iEZm

Мицкоски: ДУИ не враќа назад, Левица руши и безмилосно ја цицаат и самата партија, а Филипче мисли на Дубаи

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски,  на денешниот митинг во општина Јегуновце, во рамки на изборната кампања за локалните избори 2025 година со слоган „Вистинскиот избор! Твојот човек! Твоето место! За твојата иднина!“, имаше свое обраќање и зборуваше за опозициските партии и нивните претседатели, кои како што вели тој, водат црна кампања и функционираат како непринципиелна коалиција. Мицкоски потсети на тоа што правеше Левица, кога рушеше се што е на народот, и каква кампања водат Али Ахмети и ДУИ, од кои СДСМ зборува за дом, а имаа 7 години да зборуваат и направат нешто за тоа, додека ДУИ ја враќа кампањата со децении наназад, што не соодветствува со светските стандарди.,,Кога сме кај политичките пораки, мојата политичка порака е за да нема дилема. На овие локални избори, бираме помеѓу две концептуално спротивставени опции. Едната е онаа тивка коалиција, која што ја сочинуваат три политички партии, тоа е СДСМ, ДУИ, и политичката партија Левица. Тоа се трите политички партии коишто ја сочинуваат онаа концептуално различна понуда од нашата, која што ја предводи ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата. Тие се тие две практично концепти. Тие се тие две спротивставени страни коишто ќе се соочат на овие избори“, рече Мицкоски.Мицкоски зборуваше за коалицијата  Ахмети, Филипче, Апасиев, и истакна дека нивната заедничка поврзаност е гневот кон ВМРО-ДПМНЕ.,,Оваа непринципиелна коалиција, составена од овие три чинители. Венко Филипче, Али Ахмети и Димче Апасиев се здружила, жедна и гладна за власт, моќ, привилегии. Но исто така, најважната работа којашто нив ги поврзува, е големиот гнев кон ВМРО-ДПМНЕ. Тоа е точката која што овие три политички партии ги поврзува. Гневот кон ВМРО-ДПМНЕ“, кажа Мицкоски.Мицкоски се осврна на сите политички партии потсетувајќи прво што правеше Левица како дел од Шарените кои рушеа се што е создадено со народни пари, дека земаа пари од СЈО кое имаше за цел да го руши ВМРО-ДПМНЕ, а денес безмилосно ја цицаат самата партија.,,Сетете се 2015-2016 што правеа тие низ Македонија. Фарбаа, уништуваа, палеа државен ваш имот направен, со ваши народни пари, за да по насилен пат симнат една влада која што имаше легитимитет од народот. Тоа беше врхушката на денешната политичка партија Левица. Дел од нив станаа составен дел од СЈО, кое што имаше една задача пред себе, а тоа беше да врши тортура и политички прогон врз членовите и активистите на ВМРО-ДПМНЕ. Тоа беше единствената задача кое што ова СЈО ја имаше пред себе. До ден денеска кога гледаме како ја цицаат сопствената партија Левица “.Мицкоски се осврна и на кампањата на ДУИ и Филипче.„ Венко Филипче излезе пред граѓаните со слоган ,,Се бориме за нашиот дом“ . Прашањето е за кој дом? За хациендите во Дубаи, за хациендите на Халкидики, за јахтите на Халкидики, за фирмите во Петрич. За што се борат? Имаа тие можност да се борат за својот дом 7 години. ДУИ и Али Ахмети, цела кампања ја водат враќајќи не наназад цели децении, 30-40 години, потсетувајќи не за некакви средби со генерали, или не знам што. Во кампања во која што треба да зборуваме за иднина, во кампања во која што светот зборува за вештачка интелигенција, кога светот зборува за големиот зелен договор, кога светот зборува за освојување на космосот“, заклучи Мицкоски.

Македонија | пред 5 месеци

filipce-ck-sdsm

Филипче: Резолуцијата ги јакне нашите позиции, таа е државен консензус за црвени линии

Денеска од Кисела Вода претседателот на СДСМ Венко Филипче одговарајќи на новинарско прашање порача дека СДСМ не ги урнало националните интереси на државата, ниту пак гледа дека нешто вратило ВМРО-ДПМНЕ. Но рече дека има документ со кој може да се потврдат црвените линии и заедничката позиција со национален консензус.„Станува збор за потврдување на нашите црвени линии, потврдување на нашата заедничка позиција со национален консензус за првпат. Значи не станува збор за уривање туку за зајакнување. Ајде еднаш да сите заедно 120 пратеници како што тоа го прават сите држави вклучувајќи ја и Бугарија коишто имаат сите пратеници заеднички декларации во собранието бугарско за нивните национални интереси, ајде тоа да го направиме ние. Да конечно јасно и сите да потпишеме што е тоа што е наше национален интерес кои се нашите црвени илини и дека за тоа едноставно не преговараме.“, рече Филипче.Тој истакна дека токму тоа стои во предлог резолуцијата која точно е утврдено дека за јазикот, идентитетот, културата, историјата ниту една влада повеќе нема да преговара.Но повика за тоа да се зборува по изборите со цел овој период фокусот да биде ставен на локалните кампањи и презентација на програмите.

Македонија | пред 5 месеци

media-libraryj663k33jeql22BLCw74

Филипче: Скандал, ДПМНЕ склучи договор со ИРД за надзор, фирмата која беше за нив криминална

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, одговарајќи на новинарско прашање за најавите на кандидатот за градоначалник од ВМРО-ДПМНЕ Орце Георгиевски дека во Скопје ќе има воз, оцени дека станува збор за уште лага од низата нереални и лажни ветувања.„За жал сметам дека е тоа уште едно во низата лажни ветувања. Таква пруга ниту има каде да се направи ниту имаат траси, едноставно е ветување дадено од рака. Меѓутоа има едно многу други интересно прашање е што пред две или три недели,  Јавното претпријатие Македонски железници и инфраструктура потпишала договор за надзор за изведба на санација на одредени делници на пруга со италијанската компанија ИРД којашто е надзор на автопатите Бехтел и Енка и истата таа компанија за коешто многу претставници на ВМРО-ДПМНЕ меѓу кои и вицепремиерот Николовски обвинуваа дека се криминални зделки склучени од претходната влада. Обвинуваа дека фирмата работела само во Македонија и Молдавија, а не во Италија иако италијанска. Обвинуваа дека, поставуваа сомнеж како тоа да еден од директорите одговорен за Македонија претходно бил вработен во министерството за транспорти врски и сега после сите тие обвинувања после повиците до ОЈО да ги истражи тие таканаречени зделки сомнителни итн, тие потпишуваат договор со истата компанија“, изјави Филипче.Притоа Филипче констатираше дека нема крај на лицемерието на ВМРО-ДПМНЕ кое дојде на власт со лажна изјави, лажна кампања и лажни ветувања пред граѓаните.„Па има ли поголем доказ од тоа дека сè што кажуваа е невистина и дека нивната кампања беше изградена на лаги и манипулации?“ рече претседателот на СДСМ Венко Филипче.

Скопје | пред 5 месеци

media-librarydf81a9i300oealxVvgs

Филипче: Каја и Горан имаат конкретни програми со решенија за Скопје и Кисела Вода

Претседателот на СДСМ Венко Филипче заедно со кандидатите за градоначалници за Скопје и Кисела Вода беа во посета на паркот во Кисела Vода од каде испратија пораки дека со конкретна програма и работа на терен резултатите ќе дојдат и во Кисела Вода.„Мислам дека ова е еден добар пример како треба да се однесува градот кога се планираат содржини за сите категории на граѓани конкретно овој парк којшто направен во времето на претходниот градоначалник Петре Шилегов за жал е не одржуван, е запуштен ,нечист со едноставно никакви до содржини и развој после неговиот мандат. Имаме конкретни програми, имаме конкретни планови, направени врз основа на вистинските потреби на граѓаните. И Горан и Каја се луѓе коишто работат инклузивно кои имаат отворен пристап за потребите на граѓаните“, рече Филипче.Тој исто така потенцираше дека Горан и Каја, нема да бидат затворени во своите канцеларии туку низ населбите каде ќе ги лоцитаат проблемите и ќе работата на нивно решавање.„Едноставно гласајќи за нив граѓаните треба да знаат дека гласаат за подобри места за живеење“, рече Филпче.

Скопје | пред 5 месеци

media-librarykdtvf6dn7d162QAT7le

Саракинов: Кандидатот на СДС, Филипче и Заев - Стевчо Јакимовски ветуваше зеленило, а го бетонизираше Тафталиџе со десетканици

Христо Саракинов од ВМРО-ДПМНЕ ја критикува поддршката што СДС, Филипче и Заев му ја даваат на Стевчо Јакимовски, кој во 2021 година ветуваше 250.000.000 м2 нови зелени површини во Карпош.„Четири години подоцна, наместо зеленило, во Тафталиџе има десеткатници, а зелените површини се уништени и занемарени. Ова е резултат од тајната коалиција меѓу СДС, Филипче, Заев и Јакимовски, која го пушта низ вода нашиот град“, рече Саракинов.Тој предупреди дека гласот за Јакимовски значи повеќе бетонизација и уништување на зеленилото, за профит на урбаната мафија.

Скопје | пред 5 месеци

media-library9kc3b6lu618pexEH32q

Петрушевски: СДСМ не може да има црвени линии, тоа е уште една лага како жицата од гитарата на Заев во која се колнеше

Бране Петрушевски од ВМРО-ДПМНЕ жестоко ја критикуваше СДСМ и поранешниот министер за здравство Венко Филипче, обвинувајќи ги за, како што вели, лицемерна политика и заблудување на јавноста.„СДСМ не може да има црвени линии, тоа е уште една лага, како жицата од гитарата на Заев во која се колнеше“, изјави Петрушевски.Тој посочи дека или СДСМ и Филипче имаат „многу лош ПР“, или пак „мислат дека народот заборава кои се тие“.„СДСМ е партијата чиј претходен претседател и ментор на Филипче, Зоран Заев, ветуваше дека ако го смени името, ќе му се скине жицата. Го смени името, а од жицата – ништо. Сега и Филипче си најде своја жица – ја нарекува црвени линии, а всушност се бонбона-бизниси за Бугарија, државата од каде со Заев вртат милиони, од адреси каде фирма има и тој самиот“, додаде Петрушевски.Според него, Филипче со своите ставови испраќа порака до официјална Софија дека е „спремен на се“, што, како што тврди, народот го гледа и ќе знае да го санкционира.„Никој не очекува од СДСМ и Венко национална политика, сите знаеме што се крие зад тоа. Затоа и ќе бидат казнети на овие избори со историски најслабиот резултат“, рече Петрушевски.

Македонија | пред 5 месеци

media-libraryi0g1hd9rvc3eet89AJb

Филипче: СДСМ е силата што ја враќа надежта и вербата во иднината на Македонија

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче, вечерва на граѓанската трибина во Охрид,  истакна дека СДСМ е државотворна партија со обврска пред предците да ја одбрани Македонија и да ја врати довербата на граѓаните.„За помалку од една година, актуелната власт донесе несигурност и страв кај граѓаните за тоа каде се движи нашата земја. Должни сме како СДСМ да истапиме, да ги збиеме редовите и да излеземе сите силно обединети на овие избори. Ова е наша должност, затоа што СДСМ е партијата која ги постави темелите на државата“, порача д-р Филипче.Тој нагласи дека мора социјалдемократите да се изборат за домот и дека борбата почнува од секое маало, од секоја улица и куќа. „Наша обврска е да ја вратиме надежта дека оваа власт не може да прави што сака. Да дигнеме глас дека нема да молчиме пред неправдите, ароганцијата и игнорирањето на потребите на луѓето. Не смееме да дозволиме државата да стане алатка за лични интереси“, додаде лидерот на СДСМ.Филипче ја критикуваше ВМРО-ДПМНЕ како неспособна и без капацитет да решава проблеми, потенцирајќи дека „докажаа дека знаат само да се одмаздуваат, да владеат со терор и да шиканираат“.„АСНОМ не ја создаде оваа држава за некој да ја приватизира за свои интереси.  Да ги руши стратешките позиции и цели кои ги зацртавме и кои се во интерес за сите граѓани. Ако сега не излеземе да се бориме, на секој ќе му биде тешко”, рече д-р Филипче.Тој повика на мобилизација и единство во вербата за подобра Македонија, бидејќи како што рече д-р Филипче ова не е промената што ја очекуваа граѓаните.„Наша задача да им ја вратиме вербата дека сме тука за нив. СДСМ е единствената реална опозиција и нашиот дом како социјалдемократи. Потребна ни е верба дека можеме да се избориме за подобра Македонија“, истакна д-р Филипче.Лидерот на СДСМ упати порака до сите што веруваат во идеологијата на СДСМ да се вклучат и застанат рамо до рамо за да ја заштитат иднината на државата. „Поделбите во опозицијата се во интерес на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ. Силно верувам дека граѓаните гледаат и сфаќаат дека само единствена, организирана СДСМ може да ги одбрани нивните права и иднината на Македонија“, порача од Охрид претседателот на СДСМ, д-р  Филипче, на граѓанската трибина „Се бориме за нашиот дом”.

Македонија | пред 5 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања