Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

ИРАН

media-libraryhmoiilavpn5c3prUKmK

Младиот Ерфан Солтани ќе биде обесен утре без судење: Погубувањето на 26-годишниот демонстрант ќе значи прва смртна казна поради протестите!

Иранските власти наводно планираат да го погубат 26-годишниот Ерфан Солтани, што би било првото извршување смртна казна поврзано со масовните антивладини протести што ја зафатија земјата. Според организации за човекови права, Солтани, кој беше уапсен минатата недела во Караџ, треба да биде обесен утре, без спроведено судење, објави индискиот медиум НДТВ.Случајот на Ерфан СолтаниСолтани беше уапсен во саботата за време на протестите во Караџ и обвинет за „водење војна против бог“, кривично дело за кое во Иран е предвидена смртна казна. Норвешката невладина организација „Иран Хјуман Рајтс“ соопшти, повикувајќи се на свои извори, дека на неговото семејство му било кажано оти е осуден на смрт и дека пресудата треба да се изврши на 14 јануари.Друга организација, Националната унија за демократија во Иран, наведе дека на Солтани му бил ускратен пристап до адвокат. „Неговиот единствен ‘злостор’ е борбата за слободата на Иран. Бидете негов глас“, порача организацијата во објава на социјалната мрежа Икс. Независна потврда за планираното погубување засега не е можна поради прекините на комуникациите во Иран, кои властите ги користат за да ги задушат протестите.Предупредувања од организациите за човекови праваОрганизацијата „Иран Хјуман Рајтс“ соопшти дека потврдила смрт на 648 лица за време на протестите, меѓу кои и девет малолетници, но предупреди дека вистинскиот број веројатно е значително поголем и дека некои проценки говорат за повеќе од 6.000 жртви. Поради прекините на интернетот, исклучително е тешко независно да се проверат овие податоци, наведуваат од организацијата, додавајќи дека се уапсени околу 10.000 лица.„Убивањето цивили потсетува на злосторствата на режимот од 1980-тите, кои се препознаени како злосторства против човештвото“, изјави директорот на организацијата, Махмуд Амири-Могадам. Тој додаде дека меѓународната заедница има обврска да ги заштити цивилните демонстранти од масовни убиства од страна на Исламската Република.Реакцијата на иранскиот режимИранските власти во понеделникот организираа масовни провладини собири низ земјата, кои врховниот лидер ајатолахот Али Хамнеи ги поздрави како доказ дека протестното движење е поразено. Хамнеи, кој е на власт од 1989 година, изјави дека одзивот на провладините сили бил „предупредување“ до Соединетите Американски Држави.„Овие масовни собири, исполнети со решителност, ги осуетија плановите на странските непријатели кои требаше да ги спроведат домашни платеници“, изјави Хамнеи, а пренесе државната телевизија. Во Техеран, претседателот на парламентот Мохамад Багер Галибаф им порача на насобраните на плоштадот Енгелаб дека Иран води „војна на четири фронта“: економска, психолошка, „воена војна“ со САД и Израел и „војна против терористите“, при што под тоа ги подразбира протестите.

Свет | пред 3 месеци

media-librarysekq3r5cadbj79w8x0U

„Напуштете го Иран веднаш“: САД со итен апел до своите државјани!

Американското претставништво за Иран упати итен апел до американските државјани веднаш да ја напуштат земјата, предупредувајќи дека безбедносната состојба се влошува и дека немирите во повеќе делови од Иран продолжуваат да ескалираат.Во соопштението се наведува дека граѓаните треба да заминат без да очекуваат помош од американската влада, а доколку тоа не е можно, да најдат безбедно засолниште. Се предупредува и на можни прекини на интернетот и телекомуникациите, при што како една од опциите се препорачува, доколку е безбедно, напуштање на земјата по копнен пат преку Ерменија или Турција.Американските власти дополнително нагласуваат дека двојните државјани на САД и Иран мора да патуваат со ирански пасоши, како и дека поседувањето американска патна исправа може да биде доволна причина за приведување.Предупредувањето доаѓа во услови на засилени тензии меѓу Вашингтон и Техеран. Американскиот претседател Доналд Трамп неодамна најави воведување царина од 25 отсто за сите земји што соработуваат со Иран, како дел од поширокиот притисок врз иранските власти поради насилното задушување на антивладините протести.Иако Трамп во повеќе наврати изјави дека не сака војна со Иран, американските власти потврдија дека се разгледуваат различни сценарија, вклучително и воени опции, доколку состојбата дополнително се влоши. Во исто време, официјален Вашингтон наведува дека сè уште постои подготвеност за дипломатски разговори со иранските власти.

Свет | пред 3 месеци

Tramp

Трамп се закани со трговски казни за цели држави: 25 отсто царина за секој што тргува со Иран

Американскиот претседател Доналд Трамп најави воведување царина од 25 отсто за сите држави што имаат трговска соработка со Иран, предупредувајќи дека мерката ќе се однесува на целокупната трговија што тие земји ја остваруваат со САД.„Итно соопштение: секоја земја што прави бизнис со Исламската Република Иран ќе плаќа царина од 25 отсто за сите трансакции со Соединетите Американски Држави“, објави Трамп на својата социјална мрежа Трут соушал.Тој нагласи дека одлуката е конечна и дека нема можност за исклучоци или жалби.Кина, Обединетите Арапски Емирати, Индија и Турција се меѓу најголемите трговски партнери на Иран, што значи дека новата најава може да има пошироки последици врз глобалната трговија и односите со Вашингтон.Заканата доаѓа во услови на зголемени тензии, откако портпаролката на Белата куќа, Каролин Ливит, изјави дека Трамп не ја исклучува можноста за употреба на воена сила против Иран.Според неа, воздушните напади се „една од повеќето опции на масата“, при што додаде дека американскиот претседател, како врховен командант, внимателно ги следи случувањата во Техеран.

Свет | пред 3 месеци

media-library4stmlcj6gtfhbpEUx7V

Белата куќа: Претседателот не се плаши од воени опции кон Иран

Портпаролката на Белата куќа, Каролин Ливит, изјави дека американскиот претседател Доналд Трамп јасно покажал дека не се плаши да прибегне кон воени опции доколку оцени дека тоа е неопходно.Во обраќање до новинарите, Ливит нагласи дека Трамп и натаму ги разгледува сите можни пристапи во односите со Иран, вклучително и потенцијални воени дејствија. Таа посочи дека воздушните напади се само една од многуте опции што се разгледуваат, но истовремено подвлече дека дипломатијата останува приоритет на американската администрација.Според неа, претседателот јасно ставил до знаење дека постои значајна разлика меѓу пораките што иранскиот режим јавно ги испраќа и комуникацијата што приватно се одвива со Вашингтон. Ливит додаде дека Трамп веќе покажал оти е подготвен да користи воени средства доколку смета дека тоа е во интерес на безбедноста и националните цели на САД.„Претседателот докажа дека не се двоуми да употреби воени опции кога ќе процени дека се неопходни, а тоа никој не го знае подобро од Иран“, порача портпаролката на Белата куќа.

Свет | пред 3 месеци

media-library83lkert1v73neqXRUSk

Расте бројот на жртви во Иран: потврдени најмалку 572 загинати

Бројот на загинати за време на масовните протести во Иран продолжува да расте, а според најновите податоци состојбата добива размери на сериозна хуманитарна криза. Американската организација Human Rights Activists News Agency соопшти дека досега се потврдени најмалку 572 смртни случаи, со напомена дека реалната бројка најверојатно е значително поголема.Организацијата, чии податоци и во минатото се покажале како точни и доверливи, се потпира на широка мрежа соработници на терен во Иран кои ги проверуваат и вкрстуваат информациите. Според нивната евиденција, меѓу загинатите има 503 демонстранти и 69 припадници на безбедносните сили.Истовремено, повеќе од 10.600 лица се приведени од почетокот на немирите, а протестите влегоа во третата недела. Според извештајот, регистрирани се речиси 600 протести низ сите 31 иранска покраина, што укажува на масовност и географска распространетост на незадоволството.Претседателот на иранскиот парламент, Мохамад Багер Галибаф, настапувајќи пред голем собир во главниот град, одговорот на властите го опиша како „борба против терористи“. Тој изјави дека Иран води „војна на четири фронта“, наведувајќи економска, психолошка и воена конфронтација со САД и Израел, додавајќи дека, како што рече, „денес станува збор за војна против тероризмот“.Галибаф порача дека „големиот ирански народ никогаш нема да му дозволи на непријателот да ги оствари своите цели“, додека присутните на собирот извикуваа слогани против Израел и Соединетите Американски Држави. Тој се закани дека иранските вооружени сили ќе му одржат, како што рече, „незаборавна лекција“ на американскиот претседател Доналд Трамп во случај на нов напад, предупредувајќи дека американските постројки во регионот би биле цел на одмазда.Во своето обраќање, Галибаф упати и лична порака до Трамп, повикувајќи го да не им верува, како што ги нарече, „лагите што му се пласираат“, во контекст на случувањата во Иран.

Свет | пред 3 месеци

teheran-iran

Иран најави враќање на интернетот и му порача на Трамп: „Подготвени сме и за војна и за дијалог“

Интернетот наскоро повторно ќе биде достапен низ целиот Иран, најави заменик-министерот за надворешни работи на земјата, Абас Арагчи, пренесува Ал Џезира. Тој изјави дека владата тесно соработува со безбедносните служби за решавање на ова прашање и потврди дека интернет-врската ќе биде повторно воспоставена и за амбасадите и за владините министерства, јавуваат странските медиуми.Арагчи се осврна и на предупредувањата од американскиот претседател Доналд Трамп за можноста од воена акција доколку протестите во Иран ескалираат во насилство. Иранскиот функционер ваквите изјави ги оцени како „чин на тероризам“, тврдејќи дека пораките на Трамп ги охрабриле „терористите“ да извршуваат напади врз демонстрантите и безбедносните сили, со цел да се испровоцира странска интервенција.И покрај зголемените тензии, Арагчи упати помирлива, но истовремено цврста порака, истакнувајќи дека Иран е подготвен и за војна, но и за дијалог.

Свет | пред 3 месеци

media-librarynron3iec6o1f7KQSy3a

(Вознемирувачко видео) Низ иранските болници одекнува „ШИФРА 99“: По улиците на Техеран лежат стотици мртви тела на демонстрантите, а Иран му се закани на САД

Во Иран, во третата недела од масовните антивладини протести, според американска организација за човекови права, загинале повеќе од 500 лица, додека властите веќе повеќе од 72 часа ја држат земјата без интернет и телефонски врски.Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека Иран побарал преговори, но и дека САД разгледуваат воени опции, на што Техеран се закани со одмазда. Протестите се проширија и надвор од Иран, со инциденти регистрирани во Лос Анџелес и Лондон.Истовремено, САД ги разгледуваат можните опции за дејствување, додека иранските власти ги обвинуваат Вашингтон и Израел за поттикнување немири.– убиени се најмалку 544 демонстранти– САД го предупредуваат Иран, Трамп тврди дека Техеран побарал преговори– воведен е речиси целосен прекин на интернетот– иранскиот врховен лидер преку карикатура му се заканил на ТрампСтрашни сведоштва пристигнуваат од иранските болници, каде што лекарите се борат за животите на демонстрантите ранети со огнено оружје за време на бруталното задушување на протестите. По болничките ходници одекнува „Шифра 99“ – итно предупредување резервирано за пациенти со прострелни рани, додека медицинскиот персонал се соочува со хаос и смрт, пишува „Тајмс“.Во болница во Машхад, на североистокот на Иран, еден лекар минатиот петок навечер се обидел да реанимира 22-годишна девојка која била застрелана од безбедносните сили. „Ја реанимирав трипати, но почина“, рекол тој. „Пукаат со боево оружје.“Оваа порака е една од ретките што протекоа од Иран, и покрај речиси целосниот прекин на интернетот и телефонските врски од минатиот четврток. Д-р Кајван Мирхади, иранско-американски лекар од Њујорк, ги користи своите канали на социјалните мрежи за комуникација со колеги во Иран, како што правел и за време на протестите по смртта на Махса Амини во 2022 година.Пред блокадата на интернетот, вели тој, добивал стотици пораки со барања за совети за лекување на ранети демонстранти.Црни бројки и информативна блокадаВо пораките што ги споделил со медиумите, лекарот од Машхад навел дека само минатиот петок навечер неговата болница регистрирала најмалку десет смртни случаи на демонстранти. Некои од нив биле веќе мртви при пристигнувањето во блиските здравствени установи – 12 во една и 22 во друга. Во уште две локални болници со трауматолошки центри, „бројките се многу поголеми“.Болниците пред колапсПораките и фотографиите што пристигнуваат прикажуваат медицински установи во состојба на тешка криза, кои се борат со голем прилив на повредени. Лекар од Иран изјавил за Би-би-си дека болницата Фараби, главниот очен центар во Техеран, е под огромен притисок, а итните служби се преоптоварени. Во Керманшах, на западот од земјата, здравствен работник ја опишал состојбата како „исклучително тешка“.Според податоците што ги собра курдската мрежа за човекови права, десетици цивили биле ранети таму минатата среда и четврток. Еден лекар од Техеран, под услов на анонимност, изјавил дека шест болници во градот регистрирале најмалку 217 смртни случаи на демонстранти само во четвртокот навечер. Друг лекар потврдил дека „најмалку 38“ тела биле донесени во неговата болница истата ноќ.„Ситуацијата тука е навистина лоша“, напишал тој. „Ги убиваат луѓето без милост, најчесто млади.“

Свет | пред 3 месеци

media-library5lbq3l1baqte2CC4fFw

(Видео) Се појавија потресни снимки од Иран: стотици вреќи со тела пред мртовечница јужно од Техеран

На социјалните мрежи се шират вознемирувачки и потресни снимки од Иран, на кои, според достапните информации, се прикажуваат сцени пред мртовечница во местото Хризак, јужно од Техеран. Снимките ги објави турскиот новинар Рагип Сојлу, кој наведува дека на нив може да се видат стотици вреќи со тела.Според описот, видеата прикажуваат десетици, па и стотици семејства собрани пред објектот, во очај и солзи, додека се обидуваат да ги идентификуваат своите најблиски кои, како што се тврди, биле убиени за време на масовните антивладини протести што ја потресуваат земјата.На снимките се слуша плач и лелек, а присутните семејства, видно вознемирени, се движат меѓу наредените вреќи со тела, надевајќи се дека ќе добијат информации за судбината на исчезнатите роднини. Иако автентичноста и точниот датум на снимките засега не се официјално потврдени од независни извори, тие дополнително ја зголемуваат загриженоста на меѓународната јавност за бројот на жртвите и размерите на насилството во Иран.Иранските власти досега не објавија целосни и официјални податоци за бројот на загинатите, додека организациите за човекови права и странските медиуми известуваат за значително поголем број жртви отколку што официјално се признава.СНИМКИТЕ ТУКА.

Свет | пред 3 месеци

media-libraryiega8e5hdb7ubfrDd7u

Сѐ повеќе протекуваат информации за опциите на Трамп против иранскиот режим

Сѐ повеќе информации излегуваат во јавноста за можните чекори што ги разгледува американскиот претседател Доналд Трамп во однос на иранскиот режим, во услови на ескалација на протестите и насилството во земјата. Британскиот весник „Телеграф“, повикувајќи се на извори запознаени со дискусиите во Вашингтон, објавува дека меѓу опциите на маса се наоѓа и можноста за воена акција против Иран.Според истите извори, на Трамп му биле презентирани и потенцијални цели кои опфаќаат делови од иранските безбедносни служби, за кои се смета дека се директно одговорни за насилните пресметки со демонстрантите. Во тие судири, како што наведуваат повеќе меѓународни извештаи, низ Иран загинале стотици луѓе.Истовремено, американските воени команданти, според информациите на „Телеграф“, го предупредиле политичкиот врв дека е потребно дополнително време за консолидирање на американските воени бази во регионот. Тие укажале и на неопходноста од подготовка на соодветни одбранбени мерки пред евентуални удари, со оглед на ризикот од сериозна иранска одмазда која би можела да следи.Извештајот доаѓа во период кога администрацијата во Вашингтон јавно испраќа пораки за поддршка на иранските демонстранти, додека зад затворени врати, според медиумските наводи, се водат интензивни разговори за тоа колку далеку САД се подготвени да одат во притисокот врз властите во Техеран.

Свет | пред 3 месеци

media-library9arb689eolvd77EsFTi

Белата куќа со „сите опции на маса“ додека Иран тоне во насилство и блокада

Американскиот претседател Доналд Трамп разгледува низа можности за поддршка на антивладините протести во Иран и за слабеење на тамошниот режим, во услови на ескалација на насилството и сѐ поголем број жртви. Според информации на порталот „Аксиос“, повикувајќи се на двајца американски функционери, во Вашингтон се водат интензивни разговори откако Трамп јавно порача дека е подготвен да употреби и воена сила доколку иранските власти продолжат со убивање на демонстранти.Масовните протести продолжија и трета ноќ по ред, и покрај речиси целосната интернет-блокада во земјата. Според извештаи од Техеран, како и проценки на американски и израелски извори, безбедносните сили сѐ поагресивно ги задушуваат протестите. Израелски одбранбен функционер изјавил дека во последните денови на улиците излегле стотици илјади луѓе.Податоците за бројот на жртвите значително се разликуваат и засега нема официјална потврда. Организацијата за човекови права ХРАНА во саботата објави дека се убиени 116 лица, додека американски и израелски извори тврдат дека вистинската бројка е далеку поголема. Иранскиот опозициски телевизиски канал „Иран интернешнл“ дури објави дека во последните 48 часа биле убиени околу 2.000 демонстранти, а израелски функционер спомена бројка поголема од 1.000. Еден американски претставник кратко изјавил дека бројот на загинати е „висок“.Во саботата, Трамп преку социјалните мрежи испрати порака со која ја засили реториката за можна американска интервенција, наведувајќи дека Иран „ја гледа слободата, можеби како никогаш досега“ и дека САД се подготвени да помогнат. Истовремено, американскиот државен секретар Марко Рубио телефонски разговарал со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху за состојбата во Иран. Американски извори наведуваат дека разговорот бил претставен како рутински, при што биле допрени и теми поврзани со Газа и Сирија.Од другата страна, иранските власти го обвинија Трамп за поттикнување немири, а САД и Израел за вмешување и за испраќање, како што тврдат, „изгредници“ меѓу демонстрантите. Иранскиот претседател Масуд Пезешкијан упати остро предупредување дека секој американски напад ќе биде возвратен со удари врз американски бази во регионот и врз Израел, додавајќи дека неговата влада е решена да ги реши економските проблеми што ги поттикнаа протестите.Зад затворени врати, администрацијата на Трамп одржува состаноци на кои се разгледуваат конкретни чекори. Американски функционер изјавил дека „сите опции се на маса“, но дека конечна одлука сѐ уште не е донесена. Друг извор појаснил дека иако се разговарало и за воени удари, најголемиот дел од опциите во моментов се невоени, поради стравувањата дека директна воена акција би можела да го поткопа легитимитетот на протестите.Меѓу мерките што се разгледуваат се чекори на одвраќање, како распоредување ударна група носачи на авиони во регионот, како и кибер-напади и информативни операции насочени против иранскиот режим.Израелски извори тврдат дека иранските власти и безбедносните структури биле затекнати од брзината и интензитетот на протестите што започнаа во четвртокот. Според нив, по првичниот шок следувала сериозна повторна проценка на состојбата, а постојат и индиции за несогласувања во рамки на безбедносните сили. Сепак, и американските и израелските функционери оценуваат дека, и покрај сериозната криза, режимот во Техеран засега не е пред непосреден колапс.

Свет | пред 3 месеци

media-libraryn1m9e81qf70jfkAb9QI

Откриено кои опции Трамп ги разгледува за поддршка на демонстрантите во Иран

Американскиот претседател Доналд Трамп разгледува низа опции со кои би им дал поддршка на демонстрантите во Иран и би го ослабнал тамошниот режим, во услови на ескалација на насилството и сè поголем број жртви. Како што дознава „Аксиос“ од двајца американски официјални претставници, разговорите во Вашингтон се одвиваат во сенка на јавната закана на Трамп дека е подготвен да употреби воена сила доколку иранските власти продолжат со убивање на демонстранти.Гушење на протестите и „црни бројки“Масовните протести и вчера го потресоа Иран, трета ноќ по ред, додека земјата и натаму се наоѓа под целосна интернет-блокада. Според извештаи од Техеран, како и информации од американски и израелски извори, безбедносните сили сè пожестоко ги задушуваат бунтовите. Еден израелски одбранбен функционер проценува дека во изминатите денови на улиците излегле стотици илјади Иранци.Податоците за бројот на жртви значително се разликуваат и ниту еден од нив не е официјално потврден. Додека организацијата за човекови права HRANA во саботата соопшти дека загинале 116 лица, американски и израелски извори тврдат дека реалната бројка е повеќекратно поголема. Иранската опозициска телевизија „Iran International“ извести за дури 2.000 убиени демонстранти во последните 48 часа, додека израелски функционер спомена бројка поголема од 1.000. Еден американски претставник кратко изјави дека бројот на загинати е „висок“.Пораката на Трамп и дипломатските контактиПретседателот Трамп во саботата сугерираше можна американска интервенција на страната на демонстрантите, објавувајќи на социјалните мрежи: „Иран гледа кон СЛОБОДАТА, можеби како никогаш досега. САД се подготвени да помогнат!!!“.Истовремено, американскиот државен секретар Марко Рубио телефонски разговарал со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху за состојбата во Иран, потврдија три американски извори. Еден од нив ја намали важноста на разговорот, наведувајќи дека бил „рутински“ и дека биле отворени и темите за Газа и Сирија.Техеран со обвинувања и заканиОд друга страна, Техеран го обвини Трамп за поттикнување немири, а САД и Израел за вметнување „изгредници“ меѓу демонстрантите.Иранскиот претседател Масуд Пезешкијан денеска упати остро предупредување, истакнувајќи дека Иран, во случај на американски напад, ќе возврати со удари врз американските бази во регионот и врз Израел. Тој додаде дека неговата влада е решена да ги реши економските проблеми кои и ги поттикнале протестите.Кои опции се на маса?Зад затворени врати, администрацијата на Трамп одржува состаноци на кои се разгледуваат конкретни чекори. „Сите опции се на маса за претседателот Трамп, но одлука сè уште не е донесена“, изјави еден функционер.Друг појасни дека се разговарало и за воени удари, но дека мнозинството опции што моментално се разгледуваат се „некинетички“. Во администрацијата постои страв дека директна воена акција во оваа фаза би можела да го поткопа легитимитетот на протестите.Меѓу опциите се и мерки за одвраќање, како испраќање ударна група со носач на авиони во регионот, како и кибернапади и информативни операции насочени против иранскиот режим.Режимот затечен, несогласувања во безбедносните сили?Високи израелски функционери тврдат дека иранскиот режим и неговите безбедносни служби биле изненадени од брзината и интензитетот на ширењето на протестите, кои започнаа во четвртокот.„По четвртокот, иранскиот режим беше значително вознемирен и спроведе сериозна повторна проценка на ситуацијата“, изјави израелски одбранбен функционер запознаен со разузнавачките информации. Американски и израелски извори наведуваат дека постојат индикации за несогласувања во рамките на иранските безбедносни сили, но засега не е јасно колку тие се распространети.И покрај сè, ниту еден од официјалните извори не смета дека режимот во Техеран се соочува со непосреден колапс.

Свет | пред 3 месеци

media-library83lkert1v73neqXRUSk

Иранските медиуми тврдат: Во немирите убиени најмалку 109 припадници на безбедносните сили

Најмалку 109 припадници на иранските безбедносни сили загинале во немирите што во изминатите денови зафатија повеќе делови од земјата, објави иранската новинска агенција Тасним. Во објавата не се наведува колку лица од редовите на демонстрантите го загубиле животот.Протестите започнаа на 28 декември на Големиот базар во Техеран, поттикнати од наглиот пад на вредноста на иранскиот ријал и влошените економски услови, по што брзо се проширија и во други градови низ државата.Надлежните институции досега немаат објавено официјални податоци за вкупниот број на загинати. Американската организација за човекови права Human Rights Activists News Agency соопшти дека во немирите биле убиени најмалку 116 лица, а повеќе од 2.600 биле приведени.Во меѓувреме, лекар од Техеран, кој зборувал анонимно за списанието Тајм, изјавил дека шест болници во главниот град регистрирале „најмалку 217 смртни случаи меѓу демонстрантите“, при што најголем дел од жртвите, според неговите тврдења, настрадале од употреба на боево оружје.Спротивставените податоци и ограничениот пристап до независни извори дополнително ја отежнуваат проценката на реалните размери на насилството, додека состојбата во Иран и натаму останува напната и неизвесна.

Свет | пред 3 месеци

media-libraryip5r3vut0r7n0L3AAZk

(Видео)Реза Пахлави: Не ги напуштајте улиците, моето срце е со вас

Реза Пахлави, синот на последниот ирански шах, кој долги години е во егзил, сѐ поотворено се обидува да се наметне како политичка алтернатива на актуелниот ирански режим.Со последната порака до демонстрантите: „Не ги напуштајте улиците. Моето срце е со вас“, тој директно ја презема улогата на симболичен лидер на антивладиното движење во Иран. Тој повторно повика на нови протести, кои треба да се одржат вечерва во 18 часот.Неговата реторика е внимателно насочена кон охрабрување на масовноста и континуитетот на протестите, кои според него веќе „сериозно го ослабиле режимот“. Со ова Пахлави се обидува да го капитализира моментот на политичка нестабилност и јавниот гнев, претставувајќи се како фигура на национално обединување надвор од постојните фракции во Иран.Сепак, неговото влијание останува ограничено од две клучни околности: физичката оддалеченост од земјата и строгата интернет-блокада, со која властите настојуваат да го прекинат протокот на пораки што можат да ги радикализираат протестите. Дополнително, дел од иранската јавност сè уште со резерви гледа на наследството на шахот, што го прави Пахлави контроверзна, но истовремено и препознатлива фигура.

Свет | пред 3 месеци

media-library2m7k45smt8iu1XctHUG

Продолжуваат судирите во Иран: Загинати припадници на безбедносни сили, стотици приведени

Најмалку шест припадници на безбедносните сили се убиени, а десетици демонстранти се приведени во судири поврзани со антивладините протести што и натаму го потресуваат Иран, јавуваат локалните медиуми. Протестите се поттикнати од влошените економски услови, растечката инфлација и наглиот пад на вредноста на иранскиот ријал.Државната телевизија IRIB, повикувајќи се на главниот државен обвинител Мохамад Моваеди-Азад, објави дека шест припадници на безбедносните сили загинале за време на немирите во западната иранска покраина Керманшах.Телевизијата Press TV, пак, информира дека иранските безбедносни служби уапсиле околу 200 лица кои ги опишуваат како „водачи на протестите“, при што биле спроведени рации во нивните домови и било запленето оружје.Началникот на иранската полиција, Ахмад Реза Радан, изјави дека координацијата меѓу безбедносните и полициските структури значително е зајакната, што, според него, довело до поинтензивни операции против лицата кои властите ги квалификуваат како извршители на немири.Тој наведе дека „клучните елементи“ зад протестите биле приведени во текот на ноќта и дека по завршување на правните постапки ќе се соочат со соодветни санкции. Радан тврди дека, според наодите на судската медицина, најголем дел од жртвите во актуелниот бран протести починале од убодни рани со нож, а не од дејствување на безбедносните сили.„Растојанието од кое било пукано било многу мало, што укажува дека делата не ги извршиле безбедносните сили, туку обучени и насочени групи“, изјави Радан, без да изнесе дополнителни докази.Иран е зафатен од бран протести од крајот на минатиот месец, кои започнаа на 28 декември на Големиот базар во Техеран, како реакција на економската криза и падот на животниот стандард. Демонстрациите брзо се проширија и во други градови низ земјата.Иако нема официјална бројка за вкупниот број на жртви, медицински извори од Иран во саботата пријавија стотици починати. Еден лекар од Техеран, кој зборуваше анонимно за списанието Time, изјави дека најмалку шест болници во главниот град евидентирале „минимум 217 загинати демонстранти, најголем дел од нив погодени со боева муниција“.

Свет | пред 3 месеци

media-libraryev0roe6bc2tp5YrPPiz

„Полошо е отколку што можете да замислите“: Сведоштва од Иран за замор, насилство и страв од уште потежок бран репресија

Антивладините протести во Иран, кои траат повеќе од две недели, влегуваат во нова, уште понапрегната фаза, сведочат граѓани од терен за CNN. И покрај строгата интернет-блокада воведена од властите, информации за состојбата успеваат да стигнат до странските медиуми и укажуваат на растечко насилство, физичка исцрпеност и страв меѓу демонстрантите.Еден 35-годишен жител на Техеран, кој зборувал под услов на анонимност од безбедносни причини, изјавил дека демонстрантите се целосно исцрпени по ноќи поминати без сон, додека комуникацијата во земјата е сериозно ограничена.„Полошо е отколку што можете да замислите и ќе стане уште понасилно. Луѓето се уморни од борбата, не спијат и не можат повеќе да издржат“, изјавил тој за CNN.Според неговите зборови, мобилната мрежа и интернетот функционираат само неколку часа дневно, најчесто од пладне до вечерните часови, што дополнително ја отежнува организацијата и секојдневниот живот.Тој предупредува дека иднината на протестите ќе зависи од тоа колку долго граѓаните ќе можат да го издржат насилството и економскиот притисок.„Ако луѓето се исцрпат и ако веќе не можат да ги прехранат своите семејства затоа што не работат, протестите ќе згаснат. Веројатно токму на тоа сметаат властите“, додал соговорникот.Друго лице, кое исто така зборувало анонимно од Иран, ја опишало атмосферата како исклучително тешка.„Се чувствува мирис на солзавец насекаде, се слушаат истрели, има многу повредени“, изјавил соговорникот за CNN.Во меѓувреме, генералниот секретар на иранскиот Совет за национална безбедност, Али Лариџани, утрово изјави дека е „неопходно да се направи разлика меѓу легитимни протести и немири“.Тој оцени дека првичните демонстрации, предизвикани од растечките економски тешкотии, биле „целосно разбирливи“, но додаде дека подоцна се појавила „организирана и деструктивна струја“ која, според него, нема врска со економските барања на граѓаните.Лариџани порача дека правосудните органи треба „одлучно да постапат“ против оние кои, како што рече, создаваат несигурност во државата.Неговите изјави доаѓаат само ден откако иранскиот главен државен обвинител јавно се закани со смртна казна за дел од учесниците во протестите.Според иранската активистка Негин Ширагаеи, која зборуваше за Sky News, ваквите поумерени изјави од страна на Лариџани укажуваат на постоење внатрешни пукнатини во иранскиот режим, кој не е монолитен, туку составен од повеќе различни центри на моќ.

Свет | пред 3 месеци

media-library96h4451i7r6e5mlXbRo

(Видео) Ескалација во Иран: Техеран со закани кон САД и извици „смрт за Америка“, додека протестите продолжуваат

Реза Пахлави, син на последниот ирански шах и еден од најгласните критичари на актуелниот режим во Техеран, утринава упати нова порака до учесниците во протувладините протести, повикувајќи ги да истраат и да не се повлекуваат од улиците.Во објава на социјалните мрежи, Reza Pahlavi оцени дека демонстрантите со своето масовно и храбро присуство сериозно го ослабнале режимот. Според него, протестите продолжуваат со несмален интензитет веќе трета ноќ по ред, што, како што наведува, е јасен показател за длабокото незадоволство во иранското општество.Пахлави во изминатите денови се обидува да се наметне како една од клучните фигури на иранското протувладино движење, а неговиот јавен повик минатиот четврток дополнително придонесе за ескалација и проширување на протестите низ земјата.Во меѓувреме, од Техеран стигнаа остри реакции на изјавите за можна американска интервенција. Претседателот на иранскиот парламент, Mohammad Bagher Ghalibaf, порача дека Иран ќе одговори на секој евентуален напад од САД, нагласувајќи дека израелските цели и американските воени бази во регионот би станале „легитимни мети“.Заканата беше изнесена за време на седница на парламентот, при што дел од пратениците извикуваа слогани „Смрт за Америка“, што дополнително ја заостри реториката и ја нагласи сериозноста на моменталната политичка и безбедносна криза.

Свет | пред 3 месеци

media-libraryuhluh0r1m56meqPkGnh

Трамп: Иран гледа кон слобода, САД се подготвени да помогнат

Бројот загинати во тринеделните протести во Иран се зголеми на 116, а уапсени се повеќе од 2.600 лица. Ова се податоци на американската новинска агенција „Активисти за човекови права“.Властите во Иран воведоа секаков комуникациски прекин, а државните медиуми за немирите ги обвинуваат, како што велат, „терористичките агенти“ од САД и Израел.И покрај блокадата на интернетот и заканите од властите, протестите во Иран продолжуваат и се шират во повеќе од 100 градови.Американскиот претседател Трамп ја објави својата поддршка за демонстрантите на Truth Social.„Иран гледа кон слобода, можеби како никогаш досега“. САД се подготвени да помогнат”, напиша Трамп.Државниот обвинител на Иран, Мохамад Мовахеди Азад, во саботата изјави дека секој што протестира ќе се смета за „непријател на Бога“ што е кривично дело за кое е предвидена смртна казна.Амнести интернешнл соопшти дека анализира „загрижувачки извештаи за засилена и незаконска употреба на смртоносна сила“ од страна на иранските безбедносни сили.

Свет | пред 3 месеци

media-librarysqlrta387mnb2FesoVl

Лекари од Иран за Би-Би-Си: „Убиваат млади луѓе, мртовечниците ни се преполни“

Медицински работници од најмалку три болници во Иран сведочат за драматична и шокантна состојба во здравствените установи, кои се преплавени со загинати и тешко повредени демонстранти, во екот на масовните антивладини протести што ја потресуваат земјата.Еден здравствен работник од болница во Техеран за Би-Би-Си опишува сцени што, како што вели, никогаш нема да ги заборави: директни истрели во главите и срцата на млади луѓе. Поради обемот на повредени, дел од болниците преминале во кризен режим на работа, а персоналот немал време ниту за основна реанимација.„Починаа околу 38 лица. Многумина умреа веднаш штом беа донесени во ургентниот центар. Имаше директни истрели во главите и срцата на млади луѓе. Дел од нив не ни стигнаа до болница“, раскажува медицинска работничка од Техеран.Според нејзиното сведоштво, бројот на жртви бил толку голем што мртовечницата целосно се наполнила.„Телата беа редени едно врз друго. Кога немаше повеќе простор, почнаа да ги носат во просторијата за молитва. Сите беа млади – меѓу 20 и 25 години“, вели таа.Слични информации доаѓаат и од други градови. Би-Би-Си Персијан потврди дека во болницата „Пурсина“ во градот Рашт биле донесени најмалку 70 тела. Бидејќи мртовечницата немала капацитет, телата биле однесени на други локации.Според болнички извори, на семејствата им било побарано да платат околу 7 милијарди ирански риали (околу 6.500 евра) за да им бидат предадени телата на починатите за погреб.Лекар кој стапил во контакт со Би-Би-Си преку сателитска врска вели дека болницата „Фараби“ во Техеран – главниот центар за очни болести – преминала во вонреден режим поради огромниот број пациенти со прострелни рани во пределот на очите.Сите неитни прегледи и операции биле откажани, а персоналот бил пренасочен исклучиво на итни случаи.„Видов пациент погоден во окото, а куршумот излегол од задниот дел на главата“, сведочи лекар од Техеран.Друг медицинар од градот Кашан раскажува дека многу демонстранти биле целно погодени во очите, додека од Шираз пристигнуваат информации дека болниците немаат доволно хирурзи за да се справат со напливот на повредени.Во еден од најпотресните настани, медицинар од Техеран раскажува дека група луѓе среде ноќ насилно влегла во здравствен центар и внатре внела човек со прострелна рана.„Го оставија и си заминаа. Но беше предоцна – почина пред да можеме да му помогнеме“, вели тој.Протестите започнаа пред две недели во Техеран поради економската криза и драстичниот раст на трошоците за живот, но брзо се проширија во повеќе од 100 градови низ Иран.Организациите за човекови права известуваат за десетици убиени демонстранти и стотици приведени, додека иранските власти тврдат дека загинале и најмалку 21 припадник на безбедносните сили.Извештаите од терен се ограничени поради речиси целосната интернет-блокада и забраната за работа на странски медиуми, меѓу кои и Би-Би-Си. Сепак, видеа што излегуваат од земјата прикажуваат масовни протести, запалени возила и владини објекти во пламен.Иранската армија најави дека ќе им се приклучи на безбедносните сили во „заштита на јавниот имот“, а Советот за национална безбедност најави „одлучни правни мерки“ против, како што ги нарекува, „наоружани вандали“.Според американската агенција Human Rights Activist News Agency, убиени се најмалку 51 демонстрант, меѓу кои и седум деца, а уапсени се над 2.300 лица.Организацијата Iran Human Rights од Норвешка наведува дека меѓу жртвите има најмалку девет деца, додека Би-Би-Си Персијан досега успеал да потврди идентитети на 26 убиени лица, од кои шест деца.Од друга страна, иранската полиција официјално тврди дека во Техеран „нема убиени лица“.

Свет | пред 3 месеци

media-library77614r3so4gffLZss0S

САД го предупредија Иран да не користи странски милиции против демонстрантите

Соединетите Американски Држави јавно го предупредија Иран да не користи странски вооружени групи за насилно задушување на антивладините протести што во изминатите денови ја зафатија земјата. Од Вашингтон изразија сериозна загриженост поради информации дека иранските власти ангажираат припадници на Хезболах и ирачки милиции за справување со мирните демонстранти.Преку иранската верзија на официјалниот профил на американскиот Стејт департмент на социјалната мрежа Икс, беше соопштено дека постојат извештаи за вмешаност на странски вооружени формации во сузбивањето на протестите. Во објавата се наведува дека ваквите постапки претставуваат сериозна ескалација и дополнително загрозување на основните човекови права.Американската администрација посочува дека иранските власти со години трошеле милијарди долари од државниот буџет, односно од средствата на сопствените граѓани, за поддршка на, како што ги нарекуваат, терористички структури надвор од земјата. Според Вашингтон, нивна можна употреба против сопственото население би претставувала уште едно тешко предавство на иранскиот народ.Од Стејт департментот потенцираат дека мирните протести се легитимен израз на незадоволство и дека секој обид за нивно задушување со помош на странски вооружени групи ќе биде внимателно следен од меѓународната заедница. Засега, иранските власти официјално не ги коментираа овие наводи.

Свет | пред 3 месеци

teheran-iran

Жител на Техеран за Си-Ен-Ен: „Ова повеќе не може да се запре“

Антивладините протести во Иран, поттикнати од високата инфлација и драматичниот раст на трошоците за живот, во изминатите две недели се проширија низ целата земја и претставуваат најсериозниот предизвик за властите во последните неколку години, објави Си-Ен-Ен. Според сведочење на жител на Техеран, протестното движење добило динамика што, како што вели, повеќе не може да се запре.Соговорникот на Си-Ен-Ен, 47-годишен маж кој од безбедносни причини инсистирал на анонимност, раскажува дека во поголемите ирански градови граѓаните чекаат да се стемни за да излезат на улиците. Собирањата, според него, најчесто се интензивираат по 19 часот, кога протестите добиваат масовен карактер.Тој опишува сцени во кои, во текот на ноќта, улиците се исполнуваат со луѓе и возила, а демонстрантите се движат низ градот без однапред утврдена рута или конкретна дестинација. Чувството што доминира, вели, е чувство на „неизбежен замав“, додека протестите се шират и стануваат сè посилни.„Луѓе од сите возрасти – мажи, жени и деца – учествуваат, викаат од прозорците и масовно се собираат“, изјави жителот на Техеран за Си-Ен-Ен, додавајќи дека стравот постепено го заменува решителноста.Иако протестите првично започнале како реакција на неконтролираната инфлација, политичката нестабилност, според неговите зборови, дополнително ја влошила економската состојба. Цените на основните прехранбени производи продолжуваат да растат, а намирници како јајца и млеко станале „значително поскапи“, што уште повеќе го зголемува незадоволството кај граѓаните.И покрај строгите ограничувања на комуникациите, вклучително и блокадите на интернетот, како и сè потешките економски услови, тој нагласува дека граѓаните остануваат „одлучни, организирани и отпорни“. Според него, меѓу демонстрантите преовладува силно убедување дека сегашната власт претставува ќор-сокак и дека за голем дел од општеството веќе не постои враќање назад.

Свет | пред 3 месеци

media-libraryuhluh0r1m56meqPkGnh

(Видео) „Ова е година на крв“: Нови снимки сведочат за ширење на протестите низ Техеран

Нови видеоснимки до кои дојде медиумот Iran International покажуваат дека синоќа протестите во Иран се прошириле на повеќе делови од главниот град Техеран, со сѐ поостри пораки против врвот на власта и отворени повици за промена на режимот.На плоштадот Херави во Техеран се слушале повици „Да живее кралот“, додека на булеварот Кешаварз демонстрантите скандирале „Ова е година на крв, Сејед Али ќе биде соборен“, директно алудирајќи на врховниот верски водач Али Хамнеи. Во одделни снимки од техеранската населба Долат, граѓани излегуваат на улиците и извикуваат „Слобода“, што укажува на широка поддршка за протестното движење и надвор од централните делови на градот.Во меѓувреме, поради влошената безбедносна состојба и немирите што зафатија голем дел од земјата, Министерството за надворешни работи на Пакистан упати повик до своите државјани да ги избегнуваат сите патувања во Иран што не се неопходни. Во соопштението објавено во саботата се наведува дека условите за безбедно патување се сериозно нарушени и дека препораката ќе важи сѐ додека состојбата не се стабилизира.На пакистанските државјани кои веќе се наоѓаат во Иран им се советува зголемена претпазливост, ограничување на движењето само на неопходното и постојан контакт со дипломатските претставништва на Пакистан.Дополнителна загриженост предизвика и објавата на новинарот на BBC, Шајан Сардаризадех, кој сподели снимка од градот Фардис. На видеото се слушаат истрели за време на протестите, додека демонстрантите панично се повлекуваат, обидувајќи се да се засолнат и да ја сочуваат сопствената безбедност.

Свет | пред 3 месеци

media-library99bujg1h2rtbbLdZcp7

(Видео) Активистика објави снимка: Гори една од најголемите џамии во Иран

На социјалните мрежи се прошири видео-снимка на која се гледа оган и густ чад во близина на верски објект, а која ја објави иранската активистка и новинарка Масих Алинеџад на платформата Икс. Во објавата таа тврди дека за време на актуелните протести во Иран горела „една од најголемите џамии во земјата“, објавувајќи ја снимката со силна политичка порака насочена против исламскиот режим.Во нејзината објава се наведува дека настанот не треба да се гледа како хаос, туку како израз на децениски гнев, тврдејќи дека по речиси пет децении репресија, протестите се директен одраз на насобраното незадоволство кај граѓаните. Пораката предизвика бројни реакции и коментари, а видеото за кратко време беше споделено илјадници пати и на други платформи.Сепак, во моментов не постои независна потврда за точната локација, времето и околностите под кои е направена снимката. На видеото не се забележуваат јасни ориентири, натписи или други визуелни елементи што би овозможиле сигурна геолокациска проверка или идентификација на објектот. Поради тоа, не може со сигурност да се утврди дали навистина станува збор за џамија, ниту дали снимката е поврзана со актуелните протести.Иранските власти досега не се огласија со официјален став во врска со видеото, а ниту релевантни меѓународни медиуми не објавија потврда дека за време на сегашните немири дошло до пожар во некој од поголемите верски објекти во земјата. Дел од корисниците на социјалните мрежи во коментарите тврдат дека станува збор за голема џамија во Техеран, но овие наводи засега не се поткрепени со проверливи извори.Единствено што може со сигурност да се потврди во овој момент е дека снимката ја објави Масих Алинеџад, која со години е една од најгласните критичарки на иранскиот режим, и дека истата е придружена со политичка интерпретација на случувањата во земјата. Надлежните институции и медиумите сè уште не излегоа со официјални информации што би ги потврдиле или демантирале тврдењата, поради што повиците се информациите од социјалните мрежи да се примаат со зголемена претпазливост.

Свет | пред 3 месеци

Screenshot-2025-08-15-at-22.40.57

Иран врие, Трамп се заканува, ама Путин ќути

Иран во изминатите години беше сцена на повеќе народни бунтови, но масовниот протестен бран што ја зафати земјата кон крајот на 2025 година сè почесто се оценува како најсериозната закана досега за опстанокот на автократскиот режим. Актуелните демонстрации се најголеми и најнасилни во последните неколку години, со запалени државни објекти, судири со безбедносните сили и пароли со директни повици за уривање на власта, меѓу кои и извици против врховниот водач Али Хамнеи.Во видеообраќање на 9 јануари, Хамнеи порача дека протестите ќе бидат задушени, по што властите воведоа речиси целосна блокада на интернетот. Состојбата внимателно ја следат и меѓународните актери, пред сè Соединетите Американски Држави и Русија, додека независна проверка на информациите е речиси невозможна поради ограничениот пристап до комуникациските мрежи.Протестите започнаа на 28 декември како реакција на високата инфлација и драматичниот пад на вредноста на иранскиот ријал, но за кратко време прераснаа во отворено политичко движење со барање за соборување на режимот. Немирите се проширија во повеќе од 100 градови и населени места, што претставува географски опфат без преседан. На улиците излегоа десетици, а според тврдењата на опозицијата и стотици илјади луѓе, кои влегоа во директни конфликти со полицијата и паравоените формации.Клучен момент беше 8 јануари, кога на протестите им даде дополнителен импулс повикот на Реза Пахлави, син на последниот ирански шах соборен во Исламската револуција во 1979 година. Пахлави, кој се залага за демократија и почитување на човековите права, за дел од јавноста претставува обединувачка фигура, а меѓу демонстрантите се појавија и повици за обновување на монархијата. Опозицијата тврди дека протестите се најмасовни од 1979 година наваму, со милиони луѓе на улиците, но овие бројки не можат да се потврдат поради информативната блокада.Според податоците на организацијата „Iran Human Rights“, најмалку 62 демонстранти се убиени, стотици се повредени, а повеќе од 2.000 лица се уапсени. Дел од аналитичарите сметаат дека протестите се без преседан бидејќи, за разлика од претходните бранови, не се ограничени само на големите градови, туку се проширија и во руралните средини, создавајќи атмосфера слична на Арапската пролет.Експертите се поделени околу прашањето дали режимот навистина е пред колапс. Некои оценуваат дека сегашните немири се поопасни за власта од претходните, бидејќи целат кон целосно уривање на системот, а не кон ограничени реформи, и затоа што во нив се вклучени пошироки општествени слоеви подготвени на радикални чекори. Други, пак, предупредуваат дека иранскиот режим, иако ослабен, сè уште располага со силен репресивен апарат и лојални безбедносни структури кои можат да ја задржат контролата.Во меѓувреме, се отвори и прашањето за можна странска интервенција. Американскиот претседател Доналд Трамп јавно се закани дека Иран ќе биде „жестоко погоден“ доколку режимот отвори оган врз демонстрантите, оставајќи простор за различни сценарија. Дел од аналитичарите сметаат дека ограничен удар врз клучни безбедносни структури би можел да предизвика распад на лојалноста во рамки на режимот, додека други предупредуваат дека странска интервенција може да има спротивен ефект и да го обедини населението околу власта под изговор на надворешна закана.Посебно значајна е и позицијата на Русија, еден од главните сојузници на Техеран. Москва засега молчи за случувањата во Иран, а аналитичарите оценуваат дека падот на режимот би значел сериозен геополитички удар за Кремљ, вклучително и губење на важен партнер. Сепак, се смета дека Русија веројатно нема активно да интервенира, туку евентуално би можела да понуди засолниште за иранските лидери, како што тоа го направи во други слични случаи.Иран, според многумина, влегува во најнеизвесната фаза од својата понова историја. Дали протестите ќе доведат до вистински политички пресврт или режимот повторно ќе успее да се одржи со сила, останува отворено прашање, чии одговори ќе зависат од одлуките на безбедносните структури, однесувањето на меѓународната заедница и истрајноста на граѓаните на улиците.

Свет | пред 3 месеци

media-library928rb7fvg2d00Q6SeWy

Ирански функционер со закана кон Трамп: Да постапиме со него како со Мадуро

Висок ирански функционер и идеолог, Хасан Рахимпур Азгади, синоќа изнесе крајно остра и провокативна изјава во која оцени дека Иран, како одговор на ставот на Вашингтон кон протестите во земјата, треба да постапи со американскиот претседател Доналд Трамп „на ист начин како што тој постапил со Мадуро“.Азгади, кој е член на Врховниот совет за културна револуција на Иран, изјави дека, според него, поради политиките и јавните изјави на Трамп, би била „дозволена секоја форма на операција на територијата на Соединетите Американски Држави, во сите сојузни држави и градови“, вклучително и, како што рече, „деструктивни операции од типот на оние што тие ги спроведуваат тука“.„Иран мора да му го направи на Трамп она што тие му го направија на Мадуро“, изјави Азгади, алудирајќи на постапките на САД кон венецуелскиот лидер. Во продолжение на својата изјава тој додаде дека американскиот претседател „мора да ја плати цената за своите постапки, за време или дури и по завршувањето на неговиот претседателски мандат“, изразувајќи и лична надеж дека Трамп „треба да биде фатен“.Изјавата доаѓа во период на сериозни тензии меѓу Техеран и Вашингтон, по заканите од американскиот претседател дека САД ќе реагираат „многу силно“ доколку иранските власти започнат со убиства на демонстранти за време на актуелните масовни протести во земјата. Реториката од иранска страна дополнително ја заострува веќе кревката дипломатска состојба и отвора сериозни прашања за натамошната ескалација на односите меѓу двете држави.

Свет | пред 3 месеци

IMG_6878

Иран ги обвини САД и Израел за немирите, писмо доставено до Советот за безбедност на ОН

Иран во писмо доставено до Советот за безбедност на Обединетите нации ги обвини Соединетите Американски Држави и Израел дека стојат зад немирите и насилните настани во земјата. Постојаниот претставник на Иран при ОН, Амир Саид Иравани, во писмото наведува дека, според Техеран, САД се „директно одговорни за немирите и насилните дејствија“, преку, како што тврди, закани, поттикнување и намерно охрабрување на насилството, како и преку нарушување на мирот и стабилноста.Иравани дополнително го осуди однесувањето на Вашингтон, наведувајќи дека американските активности се одвиваат во координација со Израел, што, според иранската страна, претставува директно мешање во внатрешните работи на Иран. Во писмото се истакнува дека ваквите дејствија се спротивни на меѓународното право и на Повелбата на Обединетите нации.Протестите во Иран траат веќе 14 дена и започнаа на големата пазарна зона во Техеран, по што се проширија и во други делови на земјата. Иранските власти во последните денови сè почесто повикуваат на разграничување меѓу мирните демонстранти и, како што ги нарекуваат, „изгредниците“, иако тој термин, според бројни реакции и извештаи, режимот го користи и за самите учесници во протестите.Состојбата во Иран и натаму предизвикува зголемено внимание кај меѓународната заедница, додека официјален Техеран инсистира дека надворешни фактори ја поттикнуваат нестабилноста и ја користат внатрешната социјална и економска криза за свои геополитички цели.

Свет | пред 3 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања