Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

ИЗБОРИ 2024

taravariontime1

Таравари ги истакнува 4-те главни столбови на неговата претседателска програма

Претседателскиот кандидат на Алијансата за Албанците, Арбен Таравари, во емисијата „On Time“ на ТВ Коха говореше за својата кандидатура за претседател на државата.Лидерот на АА наведе дека според анкетите постои реална можност да оди во вториот круг, бидејќи тоа го потврдува и демографијата на Северна Македонија.„Врз основа на анкетите што сме ги правеле, постои реална можност да одам во вториот круг. Секаде сум појаснил дека демографијата на Македонија, а според статистиката и последниот попис на населението, 54% се Македонци, околу 31% се Албанци и 15% се припадници на другите етнички групи.Нашата главна цел се секако Албанците и тука очекуваме најмногу гласови, но нашата кампања ќе таргетира и гласови на другите малцинства, како што се Турците, Ромите, Бошњаците, Власите, а ќе таргетираме и гласови од Македонците“, рече Таравари, додавајќи дека неговата победа на претседателските избори ќе има влијание и на парламентарните избори на 8 мај.Во врска со неговата програма, Таравари рече дека таа се заснова на 4 столба.„Главната точка ќе биде европскиот пат на Северна Македонија, втората точка ќе бидат уставните измени, а ние сме кажале дека уставните измени се важни и дека треба да се внесе и бугарското малцинство во Уставот, а за ова нема да се прави компромис во преговорите за формирање на влада и да се тргне 20% за албанскиот јазик. Исто така ќе инсистираме претседателот да се избере во Собранието.Третиот столб ќе биде владеењето на правото, а четвртиот столб е регионалната соработката и стабилност“, истакна Таравари.

Македонија | пред 2 години

Нема фотографија

Мицевски: На барање на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, по забелешките на Тошковски, денес беа изгласани измените на изборниот законик

„На барање на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, по забелешките и укажувањата од страна на министерот за внатрешни работи, господинот Панче Тошковски, денес во Собранието на Република Македонија едногласно и консензуално, беа изгласани измените на изборниот законик“, вели Никола Мицевски, пратеник и координатор на пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ и додава:Без денешните измени во Изборниот закон, постоеше ризик да се прекрши основното човеково право, право на глас, на над 100 илјади граѓани во нашата држава.Ова е последица на хаосот кој што зад себе го оставија Ковачевски и Спасовски, со што илјадници граѓани останаа без личните документи и заробени во државата.Со овие измени кои денес се усвоени ќе може да гласаат сите граѓани чии што лични документи, пасош и лична карта им истекол рокот по било кој основ во период од 9 месеци пред изборите.Ова значи дека личните документи на граѓаните на Македонија кои им се истечени по било кој основ од август месец 2023 година па се до 8-ми мај 2024 година ќе можат да го искористат своето уставно право на глас на следните избори.Исто така со овие измени покрај другото, конечно се внесоа и најголем дел од забелешките на ОБСЕ/ОДИХР.Во овие измени значаен сегмент е измената со која во Избирачкиот список ќе бидат запишани сите полнолетни граѓани кои имаат живеалиште на територијата на Република Македонија.

Македонија | пред 2 години

417466023_697125702597960_8365710883011608670_n

Ќе се гласа и со истечени документи, експресни измени на Изборниот законик

За само 24 часа и власта и опозицијата се согласија и донесоа измени во Изборниот законик.Експресно поминаа законските измени со кои се овозможува да гласаат и граѓаните чии документи истекле во последните девет месеци.Законските измени се донесени со 84 гласа „за“, а двајца пратеници биле воздржани.

Македонија | пред 2 години

Screenshot-2024-03-07-at-10.54.58

Политичарите лажат, бројките - не, ако нема законски измени до 18 мај - 100.000 граѓани нема да можат да гласаат, кажа Тошковски

Техничкиот министер за внатрешни работи, Панче Тошковски, порача дека освен измена на Изборниот законик, нема друг начин како 100.000 граѓани да го остварат правото на глас. Според него, ако до 18 март нема законски измени, тоа ќе значи дека тие граѓани не можат да го остварат нивното право да бираат, загарантирано со Устав.„Несериозна е изјавата имајќи во предвид дека станува збор за потреба од утврдување на можност со патните исправи со старото име, а важечки датум, да македонските граѓани го остварат правото на глас. Немаме 50 дена, бидејќи на 18 март се затвора Избирачкиот список. Ако до тој ден нема измена на законските измени, ќе биде прекршено второ човеково право - правото на глас. Се надевам дека премиер и останатите фактори во оваа држава, ќе најдат заеднички јазик и ќе ја поддржат иницијативата на ВМРО-ДПМНЕ за барем да не го кршиме ова право, а тоа е над 100.000 граѓани да можат да гласаат“, вели Тошковски.Според него, согласно сегашните количини, обрасци има до прва половина од мај - ако продолжи истата динамика на печатење.„Ако месечно произведуваме 75 до 80 илјади патни исправи, бројка драстично зголемена со претходните месеци кога имало 50 илјади, ако продолжиме така, до средината на мај ќе се исцрпат обрасците“, додаде Тошковски.Тој кажа дека работат во насока да се обезбедат обрасци до мај, за да не се прекине процесот на производство на пасоши.„Политичарите лажат, бројките не лажат. Бројките рапидно растат во споредба со претходниот месец, граѓаните можат да ги видат. Тоа значи дека со реорганизација можело да се зголемат бројките и да има ред. Сега не е хаотично со јамболии пред полициска станица во 12 часот на полноќ“, додаде Тошковски кој тврди дека драстично се зголемува бројот на издавање на документи.

Македонија | пред 2 години

siljanovska-gjorce-petrov

Силјановска Давкова: Очекувам поддршка од Дорис Пак и Розалија Диро, бидејќи кога жените се на високи функции тогаш може да се очекуваат вистински реформски зафати

„Ќе разговараме за времето на жените што доаѓа, како што знаете прва на листата за изборите за Европскиот Парламент ќе биде госпоѓата Урсула фон дер Лајен. Се работи за две личности кои се вистински икони, легенди во европското женско движење. Јас откако изразив и побарав поддршка од европското женско лоби, сега исто утре на средбите ќе побарам поддршка и од овие две госпоѓи“, истакна Гордана Силјановска Давкова, кандидат за претседател на Република Македонија од ВМРО-ДПМНЕ во изјава за вести на Алфа телевизија говорејќи дека очекува поддршка од Дорис Пак, почесната претседателка на женската организација и Розалија Диро, претседателка на женската организација на ЕПП.„Зборувам за идеја што е многу актуелна, зборувам за спремност во рамките на европските народни партии да промовираат еднаквост, да ги поддржат жените кандидатки. И мислам дека неподелена радост е и неподелено очекување е дека кога жените се на чело на европските партии или кога жените имаат високи функции во европските институции, кога жените имаат високи функции во националните држави членки на ЕУ или кандидатите дека со право може да се очекуваат вистински реформски зафати“, рече таа.Силјановска Давкова додаде дека најмногу се радува на средбата со подмладокот на ЕПП.„Всушност најмногу се радувам на оваа средба, за една професорка најважно е да се сретне со младите впрочем и од Македонија со нас се претставнички и претставници на младите од ВМРО-ДПМНЕ“, укажа таа.„Денес имаше и еден панел за дијалогот меѓу различни возрасти, за солидарноста, за поддршката на младите, за тоа дека ние најчесто возрасните или старите велиме дека иднината им припаѓа на младите меѓутоа мислам дека сегашноста треба исто така. Во сегашноста треба младите да се вклучат во одлуките бидејќи во таа синергија, во тој дијалог меѓу возрасните како носители на мудрост и искуство и младите како предвесници, носители на промени може да се дојде до вистински решенија“, нагласи Силјановска Давкова.

Македонија | пред 2 години

Screenshot-2021-10-16-at-18.48.14

Двајца имаат по нула потписи за да влезат во претседателската трка

Новиот претендент за да влезе во претседателската трка, Гоце Ристов, уште нема собрано ниту еден потпис. Заедно со него, нема ниту Томе Николоски, за кој низ медиумите се зборуваше дека се откажал од идејата да собира потписи, но и натаму е на табелата на Државната изборна комисија. За Ристов не се знае ништо, бидејќи тој нема комуникација со медиумите, ниту пак, има јавна-страница каде може да се види дека се само-промовоира.Истовремено, Гордана Силјановска-Давкова од ВМРО-ДПМНЕ останува на врвот на листата со собрани 28.086 потписи, повеќе од сите останати. По неа е Стево Пендаровски од СДСМ со 22.411 потписи.Потребниот број на потписи го собраа и Билјана Ванковска, Бујар Османи, Максим Димитриевски, Стевчо Јакимовски, Арбен Таравари.

Македонија | пред 2 години

417466023_697125702597960_8365710883011608670_n

Ќе се менува Изборниот законик за да се гласа со пасош кој нема „северна“

Претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски кажа дека тие кои немаат лична карта, а имаат важечки пасош со старото уставно име - се бара начин за да можат да гласаат на изборите. Станува збор за 100.000 граѓани, за кои тој вели, дека мора да се најде начин да избираат.„Поддржувам и веќе се разговара. Работните групи кои работат на Изборниот законик, се работи за одредба на Изборниот законик за да може секој граѓанин да го искористи своето гласачко право“, рече Ковачевски.Законот засега не е во собраниска процедура.

Македонија | пред 2 години

Screenshot-2024-03-05-at-10.13.07

Уште еден кандидат почна да собира потписи за да влезе во претседателската трка

Уште еден кандидат се појави на листите за собирање потписи за да биде претседателски кандидат.„Денес, до Државната Изборна комисија е доставена Иницијатива за собирање на потписи за кандидатура за Претседател на Република Северна Македонија, од страна на Гоце Ристов. Потписите ќе се собираат во подрачните одделенија/канцеларии на Државната изборна комисија на цела територија на државата“, велат од ДИК.Нема информација кој е Гоце Ристов и од каде доаѓа.Во однос на останатите кандидати, вака стои статистиката со потписи:

Македонија | пред 2 години

1

Пендаровски Стево е синоним за лаги и манипулации, обвини ВМРО-ДПМНЕ

„Пендаровски Стево е синоним за лаги и манипулации. Пред изборите во 2019 година им велеше на граѓаните дека власта на СДС и ДУИ ги затвориле сите отворени прашања на Македонија со соседите. Тој отиде дури и понатака па ги уверуваше луѓето дека Бугарија и Грција биле главни поддржувачи на македонската интеграција во ЕУ. Нити едното, нити другото е точно. Пендаровски а зина, а излажа“, обвини ВМРО-ДПМНЕ и додава:Реалноста за жал е поразителна за Македонија.Иако Пендаровски и СДС прифатија капитулантски договори на штета на Македонија, условувањата, негациите и отворените прашања не исчезнаа. Напротив политиката на свиткана кичма донесоа блокади, понижувања, згазено достоинство и поголеми апетити на оние кои не и мислат добро на Македонија.Денес Пендаровски пак без срам ќе зборува за решавање на отворени прашања, ќе агитира за нова измена на устав и ќе убедува дека тоа ќе биде последното понижување(по кој знае кој пат). Овој пат граѓаните нема да му веруваат, туку него ќе го „решат“ и ќе му ја покажат излезната врата од македонската политичка сцена. Пендаровски го изгуби својот кредибилитет и интегритет. Време е за промени.

Македонија | пред 2 години

Foto-3-2

Гордана Силјановска е реприза на Иванов и на Арсовска , искритикува Пендаровски

„ВМРО-ДПМНЕ е партија која што функцијата Претседател на државата ја деградира и смета дека истата може да ја извршува единствено нечиј партиски послушник“, вели Стево Пендаровски и додава:Затоа на овие избори наместо со професионална, натпартиска личност како што најавуваше, ВМРО-ДПМНЕ излегува со докажан партиски кадар како Гордана Силјановска Давкова, актуелна пратеничка во Собранието каде ревносно ги брани ставовите на партијата.Силјановска Давкова не е ново лице на македонската политичка сцена, нејзиното политичко профилирање е уште во далечниот период од 1992 - 1994 година, како министерка во првата Влада на СДСМ, а не се непознати ниту нејзините политички ставови.Силјановска Давкова беше гласен противник на Законот за употреба на јазиците и се докажа како албанофоб, а со силното противење на Договорот од Преспа и на Преговарачката рамка за влез во ЕУ, се докажа и како антиевропски политичар.Секогаш кога ВМРО-ДПМНЕ предлага вакви „натпартиски“ кадри, цената на крајот ја плаќаат граѓаните. Така беше и со Ѓорге Иванов кој ја сроза функцијата претседател на државата, така е и со Данела Арсовска која за две години направи пустош во Град Скопје.Но, ВМРО-ДПМНЕ и нивната кандидатка треба да бидат свесни дека граѓаните нема да дозволат функцијата Претседател на државата одново да биде погазувана и понижувана, а самата држава да тргне во погрешен правец, како што тоа беше случај цели 11 години.

Македонија | пред 2 години

Pendarovski

Пендаровски очекува да го гласате

Претседателот Стево Пендаровски, во интервју за „Тема на денот“ на Сител ТВ истакна дека тој ја очекува поддршката од сите етнички заедници, затоа што како што посочи, никој не може да стане претседател ако не добие широка граѓанска поддршка.„На изборите ја очекувам поддршката од сите етнички заедници и од сите политички партии кои се репрезенти на тие етнички заедници. Многу пати сум го кажувал тоа и го тврдам: не можеш да станеш претседател ако не те поддржат сите, во една значајна бројка“ посочи Пендаровски.Според Пендаровски, широката поддршка е нужна не само заради одзивот туку пред се и за понатамошниот политички легитимитет и кредибилитет на претседателот.

Македонија | пред 2 години

Screenshot-2024-03-02-at-13.46.25

Силјановска Давкова: Власта наместо да пласира идеи, проекти, таа ја троши енергијата во ветар, во навреди и негации, време е да се стави крај на безредието

„Зошто се кандидирав повторно? Тоа го сторив од повеќе причини. Прво, поминав за време на овие четири години низ школата на демократијата како велат Англичаните за Парламентот. Мислам дека многу работи сменив, покажав таму дека пратеникот може да ги претставува граѓаните и да гласа по сопствено уверување“, истакна Гордана Силјановска Давкова, кандидат за претседател на Република Македонија од ВМРО-ДПМНЕ во емисијата „За или против“ на Алфа телевизија.„Времето што го живееме е поинакво од 2019-та година. Се покажа дека во политиката влегле или на функции се нашле луѓе кои не можеле да ги антиципираат процесите, односите и настаните. Тоа се луѓе аматери. Мислеле дека ако ја направиме оваа отстапка од утре се отвора патот кон ЕУ, и нема да има никаков проблем. И страшно е кога уште веруваат дека се на правиот пат“, заклучи таа говорејќи дека власта и нанесе голема штета на Македонија со договорот за добрососедство со Бугарија, и тоа е една од причините зошто се кандидира пак за претседател на Македонија.Силјановска Давкова додаде дека таа во саботата говорот го започна и го заврши со повик за единство, со повик за натпартиско однесување, со повик на заборавање на разликите што се остри кога се работи за државни и за национални интереси, со повик до граѓаните како индивидуи, а некако војници, членови, симпатизери на партии. И немаше крај на нејзиното изненадување кога вечерта гледа дека има реакција на нејзината кандидатура. Такви феномени особено од власта не постојат во општеството, нема ништо западно во нив во кое што тие се колнат. Трагикомична е нивната реакција.Таа укажа дека власта наместо да пласира идеи, проекти, планови, таа ја троши енергијата во ветар, во навреди и негации.Во текот на интервјуто таа се осврна на хаосот со патните исправи кој го создаде власта. Силјановска Давкова рече дека со оваа одлука на власта се кршат човековите права. Власта ги произведе овие проблеми.„Проблемите со кои што се соочуваат ги произведе власта. Не ги произведе опозицијата овие проблеми, ниту пак граѓаните. Од власта ги произведоа проблемите. Тој што се нафатил за пет години, а заборавил дека десет години важат документите. Тој кој што заборавил и дека таму има и за внатрешна употреба, таму во поглавјата, а ниту едно поглавје не сме отвориле. Значи тој треба да го реши проблемот“, нагласи таа.Таа посочи дека сака да разговара со кандидат за проекти, планови и граѓаните да судат по тоа и по тоа да гласаат.„Каков претседател сте вие, какви национални државни интереси браните ако велите за сите важат, а особено за нас пресудите од Стразбур, но не важат за другите. Сите држави, сите народи имаат малцинства што е логично во соседството, ама ние ќе се откажеме од нашето, ќе заборавиме на пописите во Бугарија, ќе заборавиме на училиштата во Бугарија, ќе заборавиме на библиотеките и на театрите во Бугарија за Македонците. Ама тоа што не важи за над 180.000 луѓе по пописите во Бугарија, што се случи, важи за 1.500 луѓе кои се декларирале Бугари, а кои според нашиот Устав се целосно заштитени. Нашиот Устав има цел еден дел за заштита на правата на малцинствата“, појасни Силјановска Давкова говорејќи за апсурдите кои што се случуваат поради оној договор со Бугарија, а сегашниот претседател на државата ги одобрува.„За сите проблеми поврзани за надлежностите на претседателот јас имам предлог излезно решение. Тоа е она што е најважно ние да го сториме, да ги видиме проблемите и да ги надминеме. Дури некогаш нема потреба од уставни измени туку има потреба од практикување и на вето, и на обраќања, и на најдобри кандидати во Судски совет, и на најдобри кандидати на Уставен суд, и на најдобар прв човек на Генералштабот, и на различни тела кои при претседателот ќе обединуваат, вклучувајќи ја дијаспората. Ништо од тоа досега не го видовме“, рече таа.

Македонија | пред 2 години

25-01-2021-Kuzeska

Кузеска: Пендаровски ќе понуди напредок на државата

Ако Стево Пендаровски изминативе годни беше претседател на државата, Силјановска е пратеник на ВМРО-ДПМНЕ во Собранието, но ние досега воопшто не видовме некаква заложба од нејзина страна дека сака земјата да биде членка на Европската Унија, рече портпаролката на СДСМ , Богданка Кузеска, во утринската емисија на ТВ Клан.-Не само што не видовме никаква заложба за влез во ЕУ, туку Давкова се уште ги подржува луѓето, кои кажаа дека дури и за 100 години нема да бидеме во Европска унија. Таа ги подржува оние кои во слични вакви емисии кажаа дека доколку ЕУ не ги дели вредностите на ВМРО ДПМНЕ, тогаш нема да влеземе во ЕУ“, рече КузескаТаа потенцираше дека граѓаните во изминативе години можеа да видат како се преставиле и Пендаровски и Давкова и дека тоа што досега го работеле е тоа што тие и ќе им го понудат на граѓаните.-Пендаровски ќе го понуди напредокот и европска перспектива на државата, а Давкова ќе понуди повторно блокади, кочење и уназадување на државата“, рече Кузеска.

Македонија | пред 2 години

431194585_18421647574046929_6930683263016235106_n

Митева: После историскиот одзив од 28.000 потписи за Силјановска, остануваме посветени на промените за подобра иднина

„Дозволете ми во лично име и во име на ВМРО-ДПМНЕ да се заблагодарам на секој граѓанин кој го даде својот потпис за кандидатурата на професорката Гордана Силјановска Давкова. Историски најголем одзив досега, собрани се над 28.000 потписи за помалку од 12 часа“, вели Марија Митева, портпарол и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и додава:Ова е најголемиот доказ и најточниот индикатор за тоа колкава е желбата и надежта на граѓаните за промени за подобра иднина. Но, ова за ВМРО-ДПМНЕ пред се е голема одговорност пред секој еден граѓанин. Имаме обврска пред секој еден од вас да ја оправдаме во целост Вашата поддршка!Оваа бројка само ни потврдува дека мораме да останеме посветени на визијата за промени, за промени кои значат чесно и правично владеење, промени кои ќе значат подобар живот за граѓаните дома, промени кои значат враќање на достоинството на граѓаните и државата.На Македонија и се потребни темелни реформи, а ВМРО-ДПМНЕ се обврзува дека ќе ја оправда дадената поддршка од граѓаните.Остануваме посветени на работа, креирање на најдобра понуда и испраќање на клучните пораките кои ќе ги презентираме пред граѓаните. Остануваме посветени на подготовка на најдобрата програма која во себе нуди огромни промени. Време е да ги поразиме, затоа што Важно е да избереме лидерство што носи промени!

Македонија | пред 2 години

pretsedatelski

Силјановска за еден ден собра над 28 илјади потписи, најмногу споредено со останатите претенденти за претседател

Гордана Силјановска-Давкова од ВМРО-ДПМНЕ за еден ден успеа да собере најголем број на потписи споредено со останатите претенденти кои се обидуваат да влезат во претседателската трка, односно што влегоа во трката. Таа има 28.029 потписи до вчера, до 20 часот.Истовремено, Стево Пендаровски кандидат на СДСМ, има 21852 потписи. И тој, оваа бројка на поддржувачи ја собра за еден ден.Наспроти нив, Бујар Османи има 11.085 потписи, Билјана Ванковска има 10432 потписи, Арбен Таравари има 10.709 потписи, Максим Димитриевски има 11.601 потпис.Од друга страна, мака мачат да соберат потписи и други пет кандидати. Зорица Цветковска од „Десна“ има 204 потписи, Мерсиха Смаиловиќ има 1596 потпис, Ѓорѓи Манасков има 429 потписи, Господин Поповски собра 119 потписи, а Вело Марковски има 1466 потписи.

Македонија | пред 2 години

Screenshot-2024-03-03-at-21.58.19

Денес над 27 илјади граѓани со потпис за Гордана Силјановска Давкова

„Денес над 27 илјади граѓани, својот потпис го ставија позади кандидатот за Претседател на Република Македонија Гордана Силјановска Давкова“, вели претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и додава:„Условот од 10 илјади потписи е надминат. Ви благодарам за поддршката. Ова е сериозен патоказ дека народот бара промени и дека доаѓа крај на понижувањата, одземеното достоинство и време кога Македонија ќе стане горда држава каде има надеж и иднина!“.

Македонија | пред 2 години

Нема фотографија

Ковачевски: Ќе се избориме, ќе имаме двојна победа, ќе ја внесеме земјата во ЕУ

Сакам да изразам задоволство од постапката за избор на претседателски кандидат во рамки на партијата. Таа беше високо демократска, транспарентна, широка, отворена и инклузивна. Така доликува на најголемата и најпрогресивна партија во Македонија - посочи претседателот Ковачевски на денешното обраќање на 27 Конгрес на СДСМ.Вечерва, по заокружување на постапката во Извршниот и Централниот Одбор, предлагаме Стево Пендаровски да е нашиот избор! Пендаровски е победнички кандидат кој ги споделува прогресивните вредности, со јасна визија за европска иднина на државата. - рече КовачевскиИмаме историска можност за државата.Сите ние заедно, со граѓаните, со Стево Пендаровски како иден претседател на државата. Ќе успееме! Сите заедно во СДСМ, сите заедно во коалицијата! Најважно, сите заедно со граѓаните! За вистинска, европска, солидарна, чесна и развиена Македонија, вреди и мора да се бориме! - истакна КовачевскиИ ќе се избориме, ќе победиме! Победа на претседателските избори со Стево Пендаровски! И победа на парламентарните избори на СДСМ и коалицијата. - беше дециден Ковачевски во обраќањето на денешното обраќање на 27 Конгрес на СДСМ.

Македонија | пред 2 години

mickoski02032024

Мицкоски: До 14 часот се собрани над 22.000 потписи за идната претседателка на Македонија Силјановска Давкова

“Најпрво да се заблагодарам на граѓаните што во огромен број на самиот почеток од денешниот ден дадода поддршка на идниот претседател професорката Гордана Силјановска Давкова”, вели Мицкоски и додава:Мислам дека е историски самиот ден. Од оној пресек кој што го добивме некаде околу 12 часот, можеме да заклучиме дека до тогаш се собрани во насока на поддршка за идниот претседател професорката Гордана Силјановска Давкова повеќе од 15.000 потписи. Додека пак би рекол условно кажано за противкандидатот некаде околу 7500 потписи се собрани.Очекуваме до крајот на денот да се соберат навистина огромна бројка на потписи до сега не забележана во македонската историја за само еден ден во знак на поддршка на еден од кандидатите во случајот идниот претседател на Македонија, тоа е Гордана Силјаноска Давкова.Благодарам на македонските граѓани, им благодарам на сите оние кои излегоа се потпишаа во знак на поддршка за нејзината кандидатура. Исто така и на оние кои што не успеа денеска да дојдат и да се потпишат за кандидатката на професорката Гордана Силјановска Давкова. Но, истовремено да се заблагодарам на сите оние граѓани кои што го дадоа својот потпис и за другите кандидати до овој момент. Претпоставувам до 8ми март ќе има уште можност за некои од кандидатите кои што ги немаат исполнето условите да се потпишуваат, бидејќи на тој начин само се збогатува демократскиот процес, бидејќи знаете имавме политички партии кои што се закануваа со излезеност во вториот изборен круг доколку некои од политичките барања не бидат исполнети, што навистина нема никаква врска ниту со демократијата, ниту пак со процесите во кои што треба да се движи Македонија.Уште еднаш голема благодарност во овој момент според она што сум неофицијално информиран, ако се направи пресек околу 14 часот, бројката веќе е над 22.000 собрани потписи за идниот претседател професорката Гордана Силјановска Давкова и очекувам до затворањето на канцелариите на ДИК и нотарските канцеларии, бидејќи во четири места собираме во нотарски канцеларии, тоа е Аеродром, Ѓорче Петров, Петровец Илинден, затоа што Аеродром собира во Центар, па за да не се создава таму гужва и метеж, затоа се користи таа можност пред нотар да се собираат потписи. Истото важи и за Ѓорче Петров, бидејќи Ѓорче Петров собира во Карпош да не се создава дополнителен метеж, се собира во нотарска канцеларија. И истото важи за Илинден и Петровец, бидејќи тие собираат во Гази Баба, за да не се создаде и онака таму има огромна редица на граѓани кои што се потпишуваат за поддршка на Гордан Силјановска Давкова, да не се направи дополнителен метеж.Голема благодарност до граѓаните, на месец дена сме до официјалниот почеток на кампањата, ова се навистина силни индикатори, и исто очекувам огромна победа најпрво на 24 април, а потоа двојна победа на 8ми мај.

Македонија | пред 2 години

siljanovska-gordanaKonvencija-702032024

Силјановска има над 15.000 потписи до 12 часот

Од 08 часот утрово, до 12 часот на пладне, за Гордана Силјановска-Давкова се потпишале над 15.000 граѓани.Собирањето на потписи продолжува до 8 март, а сите кои сакаат да искажат поддршка за нејзе, ќе можат да се потпишат за нејзе.Претходно, Стево Пендаровски објави дека го собрал потребниот број потписи. Кажа дека има над 10.000 потиси до 13:00 часот.

Македонија | пред 2 години

Foto-3

Пендаровски собра потписи - влегува во трката за нов мандат

Во рекордно време, за неполни пет часа, собрани се 10 000 граѓански потписи за поддршка на кандидатурата за втор мандат на претседателот Стево Пендаровски.“Собирањето на потписите започна денеска, 3 март во 08.00 часот на територијата на целата држава и за неполни пет часа се собрани 10 000 потписи од граѓаните кои се потребни за поддршка на кандидатурата за претседател.Им благодариме на сите граѓани кои ја дадоа својата поддршка.Продолжуваме со собирањето на потписи и во наредните часови и денови”, велат од Кабинетот на Пендаровски.

Македонија | пред 2 години

mickoski-gordana-siljanovska-Konvencija-6-02032024

Очекувањата се дека потписите за Силјановска-Давкова ќе бидат собрани за еден ден

„Денеска се собирааат потписи за кандидатурата на професорката Силјановска Давкова, очекувањата се дека истите ќе бидат собрани за еден ден“, велат од ВМРО-ДПМНЕ и додаваат:„Денес се собираат граѓански потписи за кандидатурата на професорката Гордана Силјаноска Давкова за претседател на Република Македонија.Кандидатурата на професорката Силјановска Давкова покрај со потписите и поддршката од 30 пратеници од редовите на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата ќе биде поткрепена и со над 10.000 граѓански потписи.Профероската Силјаноска Давкова целата своја научна кариера ја има посветено на промоција и одбрана на демократијата како начин на уредување, и централната улога на граѓаните во неа, затоа и покрај тоа што таа има поддршка од 30 пратеници, поддршката од граѓаните е најзначајна.Очекувањата се дека потписите од граѓаните ќе бидат собрани за еден ден.Сите мерења на јавното мислење покажуваат повеќе од двојна предност на ВМРО-ДПМНЕ пред СДС. Доаѓаат промени“.

Македонија | пред 2 години

gasd

(Фото) Од утринава има редици за потпис и поддршка на Силјановска-Давкова

Од утрово, кај нотарите кои имаат овластување да собираат потписи за кандидатура на претседателскиот кандидат Гордана Силјановска-Давкова, гужви пред вратите. Уште пред отворање, во Ѓорче Петров се чекаше ред. Истата слика беше и во Аеродром.„Време е за промени. Огромен интерес од аеродромци за поддршка на Проф.д-р Гордана Силјановска Давкова за претседател. Да го вратиме достоинството и гордоста на Македонија. Вашиот потпис можете да го дадете кај Нотар Ана Јолакоска во Аеродром“, напиша советникот од Аеродром. Дејан Митески.Истовремено, потписи собира и Стево Пендаровски. СДСМ очекува тие да ги соберат 10.000 потписи за рекордно време, исто како и ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 2 години

Screenshot-2024-03-02-at-13.46.25

Гордана Силјановска Давкова ќе биде претседател кој ќе ги промовира македонските национални интереси, најавува ВМРО-ДПМНЕ

„Претседателот на државата има должност и обврска да служи на граѓаните на државата, да ги штити нивните интереси и да има лидерство кое ќе значи непотклекнување на туѓи лични агенди, таков претседател ќе биде професорката Гордана Силјаноска Давкова“, велат од ВМР0-ДПМНЕ и додаваат:Македонија заслужува претседател на народот, а не протеже на клики и елити кои за сметка на колективниот интерес, водат лични агенди.Македонија има потреба од Претседател кој ќе знае дека му припаѓа на народот и одговара единствено пред него, го штити Уставот.Претседателот треба да промовира законитост и бескрупулозна борба против криминалот и девијациите во општеството.Македонија има потреба од претседател како Гордана Силјановска Давкова, која ќе гради мостови и сојузи, дипломатијата ќе ја гради на стратегија и ќе се грижи за промоција на македонските национални интереси.Македонија има потреба од лидерство, од визија, од стабилност, од решителност. Македонија има потреба од промени.

Македонија | пред 2 години

siljanovska-gordanaKonvencija-702032024

Мицкоски со 10 постулати за тоа каков претседател и треба на Македонија, потребно е лидерство за промени и враќање на надежта

На денешната Конвенција на ВМРО-ДПМНЕ за избор на кандидат за претседател на Македонија, претседателот Христијан Мицкоски промовираше десет постулати за тоа каков претседател и треба на државата, додавајќи дека е потребно лидерство за промени и за враќање на надежта на македонските граѓани.Десетте постулати промовирани во говорот на претседателот Мицкоски се следните;1.Претседателот има должност и обврска да служи на граѓаните на државата, да ги штити нивните интереси и да има лидерство кое ќе значи непотклекнување на туѓи лични агенди. Да биде претседател на народот, а не застапник на интересите на клики и елити кои за сметка на колективниот интерес, водат лични агенди. Претседателот на државата му припаѓа на народот и одговара единствено пред него, го штити Уставот како акт кој произлегува од волјата на суверенот- граѓаните на Република Македонија. Претседател за народот, а не слуга на кликите.2. Повикувајќи се на славните традиции на илинденците и народно ослободителната борба, темелејќи се на јадрото воспоставено од претседателот на славната Крушевска Република, Никола Карев, од првиот претседател на АСНОМ, Методија Андонов Ченто, па се до лидерите и водачите кои се втемелија во историскиот раст на Македонија, претседателот е должен безусловно и со голема посветеност и капацитет да го продолжи истото дело. Да градиме држава која ќе ги почитува своите темели и ги надоградува со верба и посветеност кон идеалите кои беа обврска и за сите наши претходни претседатели. Во историските крстосници и бури на овој народ, посветеноста кон државата, долгот и почитта кон сопствениот народ треба да бидат најсилната врска на која треба претседателот да се потпира во секоја своја одлука. Претседател верен на традициите, на битките за слобода, на делата на великаните врз кои почива македонската држава.3. Претседателот треба да промовира законитост и бескрупулозно да се бори против неправдите и беззаконието. Потребна е решителна борба против криминалот и корупцијата која го разјадува нашето општество, која народот го реди во подредена позиција. Поддршка на обесправените, внесувањето на надежта дека промените се можни, само преку доследност и принципиелност, почитувањето на законите и Уставот се, како што кажав, обврска на Претседателот. Треба да се стави крај на неправдите, да се отворат портите за правдата, да се утеши изморениот народ од неправди и на гладните за достоинство и правда да им се каже јасно и гласно-правдата доаѓа! Заедно со правдата следи и одговорност за сите кои печалат преку криминал и корупција. Одговорност која нема да заврши преку инцидентни случаи кои се разводенуваат долж години за да на крајот биде неважно и целосно разводенето дали правдата воопшто ќе пристигне. Претседател за правда и одговорност подеднакво за сите, без поделби на вера, нација и припадност.4. Претседателот мора да има свој став. Тој не треба да зависи од партиски шефови, од партиски структури. Тој треба да и служи на Македонија и нејзиниот народ. Претседателот мора да има став па макар тој бил различен од Собранието, Владата или други носители на јавни и државни функции. Претседател кој ќе има карактер да се спротивстави доколку другиот греши. Да каже пред народот дека е отпорен на притисоци, дека не е нечиј слуга, туку политичар изграден од верувања, идеали и борба за принципи и вредности. Да биде свој, да служи непристрасно и објективно на Уставот и граѓаните. Да реагира согласно своите уверувања и државните интереси, а не за да задоволи суети, политичари и институции. Претседател со став, изградена личност, претседател кој им се спротивставува на другите кога грешат. Да престане практиката тој да е фигура во куклен театар, туку водач со став и интегритет.5. "Македонците се борат за своите правдини..." се најгласните зборови од нашата химна. Претседателот на државата мора да се грижи и пожртвувано, посветено да се работи за заштита на македонскиот идентитет и посебноста на македонскиот народ и македонците насекаде низ светот. Потребно е да се стави крај на политичките преговори и договори со кој се начнуваат есенцијалните прашања врз кој се потпира нашето егзистирање како народ и држава. Предолго и преагресивно во краток период се разградува македонското јадро по повеќе основи. Потребно е претседателот да биде браната пред налетот на разни пропаганди и настојувања за идентитетско осакатување на македонскиот народ. Претседател кој бескомпромисно ја штити посебноста на Македонија и македонскиот народ, наместо соучесник и изговор за штетни отстапки и договори какви досега сме гледале многу. Претседател за Македонците дома и за Македонците насекаде низ светот. Претседател кој треба да биде гласот на нивните потреби, бедрото на нивната енергија, колевката на нивната љубов и грижа за Македонија.6. Претседател кој ќе води дипломатија која се темели врз стратегијата за одбрана и промовирање на македонските интереси. Потребно е да се направи мобилизација на мудрите луѓе во нашето општество. Потребно е да се подаде рака, без комплекси и суети на луѓето кои имаат капацитет и знаење да помогнат на Македонија. Потребно е дипломатијата да изгради мостови, договори и сојузи кои ќе ги штитат и промовираат нашите интереси. Дипломатија која ќе биде необременета од партиски интереси, туку полна со знаење, квалификации и компетентност. Дипломатија која ќе ја штити вистината за Македонија, која ќе води борба за ставовите во кои веруваме и со кои настапуваме пред светот. Потребна е стратегија а не стихијно делување како досега. Претседател кој ќе обединува со мудрост, претставителност и знаење поткрепено со дипломатија која нашите сојузници ги убедува во работите кои се наш државен и стратешки интерес. Дипломатија и разговор како рамноправни чинители, а не послушници и неми посматрачи. Претседател кој води дипломатија со капацитет и создава пријателства и сојузи.7. Претседателот треба да ги промовира вредностите врз кои почива Македонија и да ја води државата кон исполнување на нашите стратешки планови за членство во Европската Унија. Македонија е изградена врз сонот и тежнеењето на прозападните цивилизациски вредности. Во тој контекст Претседателот на државата треба да работи за силна демократизација на процесите и водење на Македонија кон полноправно членство во Унијата како процес со кој се заокружува есенцијален напор за долготрајно стабилизирање и зацврстување на постоењето на македонската држава и сигурност за нашата заедничка иднина. Треба да се водат разговори без заблуди, со искрен и чесен пристап. Македонија нема друга алтернатива освен членството во ЕУ, но и го нема комодитетот да експериментира со своите идентитетски основи. Претседател кој работи за полноправно членство на Македонија во Европската Унија, кој гарантира сигурност за интеграција преку заштита на идентитетот на нашиот народ како посебна и уникатна целина.8. Претседателот треба да биде реализирана личност, која е препознаена од народот и мудрите луѓе на ова општество. Потребни се луѓе кои ќе работат за државата, а нема да се богатат од функцијата која ќе ја извршуваат. Државата е уморна од поединци кои градат кариери, без притоа да посветат внимание и не чувствуваат должност и обврска кон народот кој ги избира. Претседател со интегритет, стожер на чесноста. Потребна е одговорност и отчетност. Никогаш да не се заборави врската со народот. Удобствата, комфорот кои ги нуди позицијата се минлива категорија, трагата која се остава со функцијата е вредност која мора да трае.9. Претседател кој го промовира концептот – Македонија за сите луѓе. Силата која што ќе ги обедини сите искрени и чесни граѓани кои си ја сакаат земјата и кои сакаат својата иднина да ја градат овде дома, во Македонија. Време е да зборуваме за иднината, да му кажеме на народот која е и што е нашата визија, заедничкиот сон за нашата заедничка Македонија. Време е да се крене земјата од оваа национална и економска девастација. Време е да се победат неморалот, кичот и парадерството. Македонија за сите луѓе е одговор за заедничките неправди и предизвици. Економско обединување на народот и решавање на заедничките проблеми. Македонија за сите луѓе е Македонија и на Македонците, на Албанците, Турците, Ромите, Србите, Власите, Бошњаците и сите останати.10. Претседател кој промовира лидерство за промени. Потребно е да се стави крај на хаосот, неправдите, злоупотребите. Системот е распаднат, а народот вели дека се повеќе му се одзема државата. Ниту еден атрибут на државата не функционира. Потребно е да се внесе надеж, енергија дека она што никогаш не било полошо отколку сега, време е да се промени. Таа промена започнува од секој поединец, од неговата одлука да ги промени работите. А, изборите што следат се таа шанса за голема промена. Од секој од вас зависи и секој од вас е носител на своите одлуки и креатор на сопствените судбини. Овој народ е создаден од верба и надеж. Македонија има сила за големи промени, одлуки кои ќе ја определат судбината за сигурна иднина. Македонија која повторно ќе биде исправена, горда и твоја.

Македонија | пред 2 години

Screenshot-2024-03-02-at-13.46.25

На секое одење низ Македонија, пораката на Јане Ченто ми е пред очи, рече Силјановска

Гордана Силјановска-Давкова, кандидат на ВМРО-ДПМНЕ за претседател, на Конвенцијата ги повтори зборовите на осудениот Јане Ченто за „27 април“, кој прашува „До кога луѓе?“, мислејќи до кога со неправдите кои се нанесуваат на граѓаните. Според неа, Ченто ја доживеал судбината на Методија Андонов Ченто. Посочи дека има посебна обврска кон него.„Помилувањето е квази судска функција, ама имам посебна обврска, на секое одење низ Македонија деновиве, сликата и пораката на Јане Ченто ми е пред очи: „До кога луѓе?“. Каква судбина, судбината на дедото, како е можно тоа да се случува? Претседателите имаат можност низ таа квази судска функција да се водат од правдата, правичноста, моралот. Колку обединувачки може да биде кога претседател од друга партија ќе понуди помилување, бидејќи тоа не е заборавање на правдата и правото, туку напротив..“, кажа Силјановска-Давкова.

Македонија | пред 2 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања