Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

ИЗБОРИ 2024

Kuzeska

(Видео) Кузеска со критики за Силјановска

„На претстојните претседателски и парламентарни избори граѓаните имаат шанса да го изберат правецот на државата. ДПМНЕ нуди само назад, да бидеме повторно заглавени 11 години без било каков напредок. СДСМ е единствената опција која нуди надеж и продолжување на напредокот по вистинскиот пат“, вели Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ и додава:Иако патот до Европа е долг и тежок, тој е единствениот што може да донесе суштински позитивни промени во нашата земја и нејзината сигурна иднина.СДСМ иднината на С. Македонија ја гледа во ЕУ, како горда членка. Направивме се што е можно тоа да се случи додека опозициската ДПМНЕ блокираше.Единствен начин за огромна трансформација на македонското општеството е со да станеме членка на ЕУ.Тоа е можеби и единствена шанса за функционален судски систем и целосно владеење на правото.Она што го нудат Мицковски и ДПМНЕ заедно со Силјановска е да се откажеме од иднината, да се откажаме.Даваат лажни ветувања кои никогаш нема да се остварат. Доволно е само да се погледне што се случи во Скопје.ДПМНЕ не донесе никаква позитивна промена, не донесе никаква реформа, само катастрофа.Ист е примерот и со предлогот за претседателски кандидат на опозицијата во ликот на Давкова.ДПМНЕ не може да донесе никакви позитивни промени затоа што единствената шанса за Македонија е членството во ЕУ – а тие се против тоа. Со ДПМНЕ нема ЕУ ниту за 100 години.Изборот пред граѓаните е јасен. Напред по европскиот пат на напредокот со СДСМ или назад во изолација со ДПМНЕ.Токму затоа граѓаните ќе ја дадат поддршка за кандидатот на СДСМ и коалицијата.Глас за СДСМ е глас за поголеми плати и пензии, повеќе инвестиции и европска иднина!

Македонија | пред 2 години

Screenshot-2024-03-02-at-13.24.32

(Во живо) Започна конвенцијата на ВМРО-ДПМНЕ

Во живо од Конвенцијата на ВМРО-ДПМНЕ за избор на претседателски кандидат.

Македонија | пред 2 години

pretsedatelski

Пет кандидати сигурни, двајца доаѓаат, тројца водат „борба“ за претседател - Максим со најмногу потписи

Најмногу потписи досега има собрано Максим Димитриевски, а најмалку Господин Попоски од Вевчани. Борбата за влез во претседателската трка ја продолжува и Вело Марковски кој има 1330 потписи, Ѓоѓи Манасков кој има 338 и Зорица Цветковска од „Десна“ која има 176 потписи. Собирањето ќе трае до 8 март.Засега сигурни во трката со завршена „домашна задача“ се Димитриевски, Бујар Османи, Билјана Ванковска, Арбен Таравари, Стевчо Јакимовски.Од утре, потписи ќе собира и Гордана Силјановска-Давкова, претендент за претседателската трка од ВМРО-ДПМНЕ. Најава има и за Стево Пендаровски, кој исто сака да собира 10.000 потписи, за да биде кандидат од СДСМ.

Македонија | пред 2 години

gordana-siljanovska-davkova

Утре ќе можете да се потпишете за Силјановска-Давкова да влезе во трката за претседател

Потписите за професорката Гордана Силјановска-Давкова да биде кандидат за претседател на ВМРО-ДПМНЕ, ќе се собираат утре. Партијата очекува 10.000 граѓани да се потпишат за најрекорден период. Според ВМРО-ДПМНЕ, Давкова ќе донесе позитивни промени.„Доколку се најдеме во состојба правото ќе биде над политиката, тогаш со сигурност ќе имаме претседател каков што Македнија заслужува“, рече портпаролката на партијата, Марија Митева на панел-дискусијата пред почетокот на Конвенцијата на ВМРО-ДПМНЕ.Кандидатката Силјановска-Давкова во јавноста посочи дека колегите ја убедиле да се кандидира. Иако можеше да влезе во трката со потписи од 30 пратеници, таа реши да собира и поптиси.„Се кандидирам за претседателка на Македонија. Оваа моја кандидатура треба да се официјализира на конгресот на ВМРО-ДПМНЕ. Моите колеги пратеници ме убедуваа да се кандидирам и за кусо време без да знам собрале потписи. Јас ќе собирам и 10.000 граѓански потписи“, рече Сиљановска-Давкова.

Македонија | пред 2 години

424613314_964070505076014_9217147475064125923_n

Професорката го жртвуваше раатот, вам фала ви што собравме потписи, напиша Апасиев

Лидерот на Левица, Димитар Апасиев, јавно се заблагодари за поддршката која ја доби професорката Билјана Ванковска, која е официјален кандидат за претседател на неговата партија.„Народе, фала ви на сите што успеавме да собереме 10.000 потписи! Покажавме дека зрееме и растеме и имаме дисциплинирана структрура која почнува да боде очи на нашите политички непријатели, кои до вчера не' потценуваа.Огромно фала до нашите активисти од локалните ограноци и волонтери на штандовите низ цела Македонија. Без вашето оставање срце на терен, ништо од ова немаше да биде можно.Благодарност и до Професорката која си го жртвуваше раатот и влезе искрено во Борбата за нашата заедничка кауза.p.s. Собирањето потписи се' уште трае (до 8 март 2024). Сите кои сакате да оставите политичка трага на едно големо народно будење, можете релаксирано да се потпишете до крајниот рок. Канцелариите на ДИК работат и за викенди, до 20:00 часот. Да здивнеме, и одиме во вистинската битка која ни претстои!“, напиша Апасиев.

Македонија | пред 2 години

428600632_10231487868362801_1967594387056823141_n

Ги собра потписите, ама ги повика граѓаните да се прошетаат до ДИК: За мене ден кога ќе си го исчистам домчето

Левица објави дека Билјана Ванковска собрала 10.000 потписи со нивна поддршка и дека влегува во претседателската трка, а таа утрово повторно ги повика граѓаните да одат да се потпишат за неа. Меѓудругото, напиша и дека успеале во целта. Си раскажа и која и е агендата за денеска.„Викенд во кој можеме да одмориме или со лесен чекор да прошетате до ДИК доколку тоа не сте го сториле, а сакате да оставите трага во политичката историја.Нашата намера беше да ги избегнеме партиските армии на оние кои ја доведоа Македонија до ова дереџе. И успеавме.За мене ден во кој (конечно) ќе си го исчистам домчето, ќе си го видам дворчето, ќе дадам две интервјуа и вечер ќе уживам во драмска претстава во Велес“, напиша Ванковска.

Македонија | пред 2 години

Screenshot-2024-02-26-at-19.08.41

(Видео) Османи прв собра 10.000 потписи, влегува во трката со Силјановска и Пендаровски

Бујар Османи собрал 10.000 потписи за претседателска кандидатура. Тој преку видео им се обрати на граѓаните и кажа дека поддршката ја добил во рекоредн период.„Веста дека се собрани над 10 илјади потписи ме најде во домашен амбиент, додека ја барав поддршката и до моите најблиски“, кажа Османи.Тој посочи дека ќе влезе со најголема сериозност во кандидатурата.„Посакувам позитивна кампања и да се натпреваруваме со идеи и дела“, додаде тој.Истовремено, до вчеравечер, според податоците од ДИК, Османи имаше близу 8.500 потписи. По него, втор по број на потписи е Максим Димитриевски од ЗНАМ со 5923 потписи. Потоа, трета е Билјана Ванковска од Левица со 4478 потписи.За тоа колку потписи се собрани во текот на денешниот ден, ќе се знае утре изутрина.

Македонија | пред 2 години

Screenshot-2024-02-27-at-17.16.14

(Видео) Проверете дали ве има во Избирачкиот список

Државната изборна комисија на денешната седница го усвои Јавниот повик за проверка на податоците во Избирачкиот список за избор на Претседател на Република Северна Македонија, 24 април 2024 и пратеници во Собранието на Република Северна Македонија, 08 мај 2024 година.„Државната изборна комисија ги известува сите граѓани на Република Северна Македонија дека јавниот увид на податоците во избирачкиот список ќе започне на ден 28 февруари 2024 година и истиот ќе трае до 18 март 2024 година до 24:00 часот.Сите заинтересирани граѓани на Република Северна Македонија, кои сакаат да извршат увид во своите податоци во избирачкиот список, тоа да го направат по електронски пат на официјалната веб страна на Државната изборна комисија, http://www.sec.mk или на следната адреса: https://izbirackispisok.gov.mk или лично во подрачните одделенија и канцеларии на Државната изборна комисија.Барањето за запишување, дополнување или бришење на податоците во Избирачкиот список се поднесува писмено во подрачното одделение или канцеларијата на Државната изборна комисија на подрачјето на живеење, или по електронска пошта до Државната изборна комисија на следната адреса: upisis@sec.mk .Подрачните одделенија и канцелариите на Државната изборна комисија за време на траењето на јавниот увид, ќе работат секој ден во периодот 08:00 – 20:00 часот, вклучително во деновите сабота и недела како и за време на празници, а на 18 март 2024 година до 24:00 часот“, велат од Државна изборна комисија.?si=4RRr2Fby3obqgCmy

Македонија | пред 2 години

Screenshot-2024-02-28-at-17.36.52

(Видео) Се обрати Господин Попоски од Вевчани: Да собериме 100 потписи и да одиме во дуел со Бујар Османи

Со видео обраќање,  Господин Попоски, повика граѓаните да се потпишат за него за да биде независен кандидат во претседателската трка за изборите. Тој досега има 40 потписи, му требаат 10.000, а верува дека и дека ќе ги собере. Предизвик му е да му биде противник на Бујар Османи од ДУИ. Вели дека како што Османи успеал да ги собере, така мора и тој. „Давам апел до народот да излезат масовно да се потпишат, да собереме 100 потписи (?!) и да одиме во дуел со Бујар Османи. Како што ги собра Бујар Османи потписите, така и македонскиот народ треба да ги собере потписите за Господин Попоски“, кажа тој.Собирањето на потиси трае до 8 март. Господин Попоски е од Вевчани и е еден од кандидатите кои немаат партиска поддршка.

Македонија | пред 2 години

jakimovski

Јакимовски влегува во трката за претседател: Кога не сум фаворит обично сум најсилен

Стевчо Јакимовски од ГРОМ објави дека ги собрал потребните 10.000 потписи за да биде претседателски кандидат.„Потписите се собрани, битката допрва почнува. Кога не сум фаворит обично сум најсилен а првата цел е влез во вториот круг. На Република Македонија и треба храбар претседател, а не марионета. Македонија заслужува искусен политичар кој знае како да го врати значењето на функцијата Претседател на Македонија.Секој од нас заслужува подобро‼️Храбро до победа ‼️ Да живее Македонија‼️“, напиша Јакмовски.Тој објави дека има 10.372 потписи, а во трката влага со Максим Димитриевски, Бујар Османи, Арбен Таравари, Гордана Силјаноска-Давкова, Стево Пендаровски.

Македонија | пред 2 години

ge

Ванковска и Јакимовски на стартната линија кон Водно - кандидатката на Левица предничи во потписи

На Билјана Ванковска од Левица и недостасуваат уште 278 потписи за да влезе во претседателската трка, на Стевчо Јакимовски од ГРОМ му недостасуваат уште 735 потписи. Тие се и последните двајца кои се очекува да влезат во изборната трка за претседател на Македонија, заедно со Максим Димитриевски, Бујар Османи, Арбен Таравари, Гордана Силјаноска-Давкова, Стево Пендаровски.Останатите претенденти имаат од стотина до илјада потписи. Вело Марковски има 1196, Зорица Цветковска од „Десна“ има 148 потписи, Мерсиха Смаиловиќ има 1160 потписи, Ѓорѓи Манасков има 360 потписи, Господин Попоски има 86 потиси. Ова го покажува пресекот на ДИК, согласно евиденцијата до вчеравечер.Потписи ќе се собираат до 8 март.

Македонија | пред 2 години

421951398_964070525076012_5821741793377370357_n

Ванковска при крај со собирањето потписи, Апасиев прашува: Кај да правиме огномет или да позајмиме калашњикови од ДУИ

Лидерот на Левица, Димитар Апасиев смета дека на Билјана Ванковска и фалат уште дваесетина потписи за да ги собре потребните 10.000 за да влезе во претседатлската трка. Вчеравечер, пред полноќ тој напиша: „Утре кај ќе го праиме огнометот или да позајмуеме КАЛАШЊИКОВИ од ДУИ“.Дека собирањето на потписи е при крај, напиша и Ванковска.„Престапниот ден во престапната година поминува, ама фалат уште 20-30 јунаци за да славиме и да се спремаме за вистинската битка! Тетратките ќе бидат во канцелариите на ДИК до 8 март на полноќ. Па кој сака да се запише во историјата на Македонија - бујрум. Ќе имате борец а не дипломат! Паметно е да си имаме и резервна некоја стотка, со администрација никогаш не знаеш . Знам дека утре ќе врне, ама ако јас можам да бидам ваш глас, можете и вие да претрчате до ДИК!Победата мартовска ќе биде, онаа наредната априлска, па да славиме и на 9 Мај - Победа над фашизмот!“, напиша таа.

Македонија | пред 2 години

4-1

Минимум 100.000 граѓани кои немаат лична карта, а имаат пасош - нема да можат да гласаат на изборите, тврди Тошковски

Техничкиот министер за внатрешни работи, Панче Тошковски, смета дека пратениците немаат правни ниту човечки аргументи за да ја поткрепат одлуката да се измени Законот со кој, патните исправи ќе важат до крајот на годината. Според Тошковски, жив срам е да се тврди дека Уставот е причина за граѓаните да бидат заробени. Со измена на Законот за патни исправи, граѓаните ќе бидат ослободени, смета тој. Министерот посочи и дека 100.000 граѓани нема да можат да гласаат.„Само ние и Северна Кореја ги заробуваме граѓаните. Не знам како оние 54 пратеници гласаа против измените на Законот за патни исправи, а ќе можевме да ги ослободиме овие луѓе“, кажа Тошковски.Според него, не се крши само правото на слободно движење, туку и правото на глас.„Ова што ќе го кажам сега е реалност која ме загрижува особено од аспект на фер и демократски избори. Ние како држава сме должни да овозможиме на секој граѓанин да го оствари своето право на глас. Станува збор за над, минимум 100.000 граѓани кои имаат важечка односно неважечка патна исправа со старото име, кои што поради овие 54 лица, нема да можат да го остварат своето право на глас. Зошто? Затоа што овие граѓани, резиденти над 18 години, немаат лична карта и единствено со пасош можат да се легитимираат на изборниот ден“, објасни Тошковски на „Алфа“.

Македонија | пред 2 години

Screenshot-2024-02-27-at-17.16.14

На 249 портали, 35 радија и 37 ТВ ќе се рекламираат партиите за врема на изборите

Државната изборна комисија на денешната 84 - та седница ги усвои Регистарот на радиодифузери, печатени медиуми и електронски медиуми (интернет портали) за Избор на претседател на Република Северна Македонија и Регистарот на радиодифузери, печатени медиуми и електронски медиуми (интернет портали) за Избор на пратеници во Собранието на Република Северна Македонија.Од вкупно доставени 333 барања од медиумите за платено политичко рекламирање за претседателските избори, Државната изборна комисија ги потврди барањата на 37 телевизии, 35 радија, 11 печатени медиуми и 249 портали. Две телевизи и три радија ќе треба да достават корекција на ценовниците согласно чл.75 ѓ, ст.11 од Изборниот законик. Вкупно осум правни субјекти со 10 портали, 1 поткаст и 1 радио се одбиени поради неисполнување на законските услови за регистрација на медиуми за платено политичко рекламирање.Од вкупно доставени 334 барања за платено политичко рекламирање за парламентарните избори, Државната изборна комисија ги потврди барањата на 37 телевизии, 35 радија, 11 печатени медиуми и 249 портали. Две телевизии и три радија ќе треба да достават корекција на ценовниците согласно чл.75 ѓ, ст.11 од Изборниот законик. Вкупно седум правни субјекти со 9 портали, 1 поткаст и 1 радио се одбиени поради неисполнување на законските услови за регистрација на медиуми за платено политичко рекламирање.Против решенијата за одбивање на медиумите кои не ги исполнуваат условите за регистрација за платено политичко рекламирање, незадоволната страна има право на тужба до Управен суд на Република Северна Македонија, во рок од 24 часа од приемот на решението.Регистарот на медиуми кои ќе вршат платено политичко рекламирање и ценовниците ќе бидат достапни на веб страната на Државната изборна комисија.

Македонија | пред 2 години

424613314_964070505076014_9217147475064125923_n

Апасиев: Ситно броиме Уште 999 потписи; Ванковска: Ми пиша студент 'доста вие нам ни давате потписи, сега е наш ред'

Лидерот на Левица, Димитар Апасиев, посочува дека на Билјана Ванковска и недостасуваат уште 999 потписи за да влезе во претседателската трка.„Ситно броиме Уште 999 потписи. Потпишете се за проф. Ванковска уште денес!“, напиша Апасиев.Ванковска пак, се пофали со тоа дека студент кој е дипломиран политиколог се потпишал за да ја поддржи.„Ми пишува вчера еден од најбрилијантните студенти што сум ги имала, сега дипломиран политиколог: Професорке, денес ви дадов потпис! Доста вие нам ни давате потписи (во индекс), сега е наш ред“, напиша таа.Досега 10.000 потписи собраа Бујар Османи, Арбен Таравари и Максим Димитриевски. Потписи ќе собираат и Гордана Силјановска-Давкова и Стево Пендаровски, за да бидат рамноправни со другите кандидати. Сеуште нема доволно, Стевчо Јакимовски.

Македонија | пред 2 години

ge

Кому колку потписи му фалат: Ванковска со една нога тргна кон Водно, по неа и Јакимовски

Билјана Ванковска од Левица најблиску од 10.000 потписи, а по неа и Стевче Јакимовски од ГРОМ. Според пресекот на Државната изборна комисија, на Ванковска и недостасуваат 915 потписи, бидејќи досега собрала 9085 потписи. Јакимовски има собрано 7994 потписи, а му недостасуваат 2006 потписи.Од другите претенденти за во претседателската трка, далеку до 10.000 потписи се Зорица Цветковска од Десна која има 105 питиси, Мерсиха Смаиловиќ која има 977 потписи, Ѓорѓи Манасков кој има 323 потписи, Господин Попоски кој има 63 потписи, Вело Марковски кој има 1087 потписи.Досега, потребни 10.000 потписи собраа Бујар Османи, Арбен Таравари, Максим Димитриевски.

Македонија | пред 2 години

cvetkovska

Koja e кандидатката од „Десна“ на Палчо која собира потписи за претседател

Во претседателската трка сака да влезе и Зорица Цветковска, која до сега има собрано 140 потписи од потребните 10.000. Во одговорите што ги добивме, таа се претставува како кандидат за претседател на Република Македонија, верува дека ќе ги собере сите потребни потписи, а програмата и е експлицитно македонска. „Десна“ се поврзува со Љупчо Палевски-Палчо кој е осомничен за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски и се наоѓа во екстрадиционен притвор. Него го промовира како невино лице, а истото го кажува и за останатите нејзини сопартијци кои пред правосудните органи признаа дека учествувале во делата.„Во насока на промоција на Република Македонија првото нешто што ќе го направам кога ќе стапам на позиција претседател на Република Македонија, ќе покренам иницијатива за распишување референдуми за раскинување на договорите со Бугарија и Грција.Потписи очекувам да добијам од сите македонски родољуби, максимално свесни дека во борбата за Република Македонија една од важните алки е токму институцијата претседател на Република Македонија”, вели Цветковска за „Скопје1“.Прашана за Палчо, осомничен за двојното убиство, посочува дека го познава и дека нема вмешаност во случајот. Навлага во детали и посочува дека во моментот на убиството, тој бил во партијата со која раководеше.„Моето мислење за Палчо е екстремно позитивно, особено по местенката што му ја приредија Оливер Спасовски, Димитар Ковачевски и сите оние што стојат зад нив во целата афера. Љупчо Палевски е македонски родољуб, еден од најпосветените на македонското дело. Тој е љубител на домашни миленичиња, човек кој што никогаш не кренал глас, кој што секогаш имаше решение за се, никогаш, ама никогаш нема да крене рака на старец и девојче, ни теоретски во предизборен период. Со сигурност знам дека Палчо во времето на убиството на Вања бил во штабот на ПП ДЕСНА, тоа го знаат уште неколку луѓе кои што во тоа време свратиле во седиштето. Набругу ќе се врати во Македонија и ќе ги разобличи сите оние што учествувале во сценариото и режијата во негово оцрнување. Дека е местенка, доказ е жигосувањето и на нас членовите на ПП ДЕСНА, меѓу кои и на мене. Впрочем, за тоа имам поднесено и тужбено барање за клевета, навреда и нарушување на честа и угледот, мислам против лицето Оливер Спасовски”, одговара Цветковска.Ги познава и Манев, Видевски и Кешишев, осомничени во истиот случај и посочува дека не се убијци.„Ако мислите на осомничените лично од обвинителот Бубевски и фрустрираниот министер Спасовски, да ги познавам сите. За сите нив, Велибор Манев, Боре Видевски и Влатко Кешишев имам позитивно мислење, без врска што сите тие имаа различни функции во партијата. Со Велибор и Боре, собравме огромен број декларации за зачувување на името на МПЦ-ОА, во Повардарието. Тие луѓе ниту се убијци, ниту замешани во случајот. Она што го знам е дека Боре има дадено изјава под тешка тортура, бил тепан се додека не го „признал“ делото. Од ќотекот едниот бубрег му е откажан и сега има катетер. Некој сериозно ќе одговара за сериозно надминување на овластувањата. Мислам на полициските службеници што со ќотек го имаат изнудено неговото првично признание, кое што потоа, во присуство на адвокатот го има сменето. Боре изричито вели дека не е виновен, за што постојат и материјални докази дека не бил на местото на настанот”, е ставот на Зорица Цветковска од „Десна”.Мотив за собирање потписи и е огромната љубов кон Република Македонија и македонскиот народ.„Можете ли да замислите, дека во период на промена на името на Република Македонија, буквално секој ден, после работата, бев на протести и така 96 дена по ред. Само ако замислите со колкава љубов, посветеност и преданост ги носев транспарентите, ќе ја сфатите мојата мотивација, да бидам претседател на Република Македонија, и буквално како прв човек на Македонија, да сторам многу повеќе од колку што можам сега. Република Македонија мора да продолжи да постои. Мојата национална припадност мора да биде Македонка. Секој оној кој што ги дели моите определби и заложби, треба што е можно побргу да појде до една од канцелариите на подрачните единици на ДИК и во списокот назначен со Зорица Цветковска да го стави својот потпис”, бара Цветковска.

Македонија | пред 2 години

pendarovski-1

Извршниот одбор на СДСМ го поддржа Стево Пендаровски за кандидат за Претседател на државата

На денешната седница во Штип, Извршниот одбор на СДСМ ја разгледа информација за спроведената постапка за можни кандидати за Претседател на државата за претседателските избори 2024 година.По сите анализи, разговори и спроведени истражувања на јавното мислење, Извршниот одбор во проширен состав го поддржа Стево Пендаровски за кандидат за Претседател на државата и го предложи на Централниот одбор на партијата.Пендаровски е победнички кандидат, близок со народот, ги споделува прогресивните вредности, со јасна визија за европска иднина на државата.Во досегашниот мандат Пендаровски го врати угледот, интегритетот и кредибилитетот на институцијата Претседател на државата и покажа што значи да се биде вистински претседател за сите граѓани.Пендаровски е претставник на сите наши граѓани без разлика на етничка, политичка, верска или каква било припадност.Тоа е профилот на кандидатот кој и е потребен на државата и тоа е профилот на идниот претседател на државата.

Македонија | пред 2 години

fasdf

Скали во Карпош виновни што Ванковска уште нема 10.000 потписи: Стасале, но стари и болни не можеле да се искачат

Билјана Ванковска, која се кандидира за претседал со 10.000 потписи како кандидат на Левица, кажа дека скалите во Карпош каде треба да се потпишат граѓаните, вратиле многумина кои сакале да ја поддржат.„Овие скали вратија многу мои соседи од Карпош - стасале дотаму, но стари и болни, не можеле да ги искачат скалите и се вратиле тажни. Ние не сме свесни колку старееме како нација и колку малку грижа водиме за повозрасните и немоќните. Не само денес и за оваа работа! За секоја! Затоа бунтот на пензионерите заслужува секој респект и поддршка - тие луѓе што си го вградиле животот во оваа заедница се сега маргинализирани“, напиша Ванковска.Ова не е прва поплака на Ванковска.„Ќе се помачиш, ама нема да собираш потписи за 500-че! Каква деградација на оние најнемоќните и најсиромашните е тоа, што не можам ни да ја замислам! Или би си заминала со дигната глава ама со чиста совест – такви потписи не ми требаат. Неодамна кај мене докторираше еден умен млад човек од ромската заедница на тема за политичката партиципација на Ромите. Тешко е сознанието дека тие се и натаму паричка за поткусурување. Имавме искуства на луѓе на штандовите кои прашуваа: што давате (за потпис)? Одговотот беше: ништо не даваме, вие се борите за себе, за надежта дека ќе ја смениме оваа беда и сиромаштија. За наша среќа преку 8000 луѓе ни пријдоа без и да прашаат нешто такво!“, пишува Ванковска.Бујар Османи, Арбен Таравари и Максим Димитриевски ги собраа потребните потписи за претседателска кандидатура. Билјана Ванковска од Левица има собрано 7.876 поддржувачи и повикува граѓаните да излезат и да се потпишат. Стевчо Јакимовски има собрано 6.676 потписи. Тие двајца се најблиску до потребни 10.000 потписи.

Македонија | пред 2 години

pretsedatelski

Борбата за потписи продолжува: Јакимовски и Ванковска најблиску до кандидатура

Бујар Османи, Арбен Таравари и Максим Димитриевски ги собраа потребните потписи за претседателска кандидатура. Билјана Ванковска од Левица има собрано 7.876 поддржувачи и повикува граѓаните да излезат и да се потпишат. Стевчо Јакимовски има собрано 6.676 потписи. Тие двајца се најблиску до потребни 10.000 потписи.Господин Попоски има 40 поддржувачи. Ѓорѓи Манасков има 267 гласови. Зорица Цветковска од „Десна“ има 140 потписи. Мерсиха Смаиловиќ од Бошњачката партија има собрано 887 потписи.

Македонија | пред 2 години

424614396_964070705075994_9086350078794580974_n

На штадови од Левица прашувале што ќе им дадат за да се потпишат за Ванковска: Ќе се помачиш, ама нема да собираш потписи за 500-че

Билјана Ванковска, која собира потписи за да биде претседателски кандидат од Левица, посочува дека на нивните штандови доаѓаат луѓе кои прашуваат: „што давате за потпис?“. Таа потоа додава дека ќе се помачи, ама нема да собира потписи со пари.„Ќе се помачиш, ама нема да собираш потписи за 500-че! Каква деградација на оние најнемоќните и најсиромашните е тоа, што не можам ни да ја замислам! Или би си заминала со дигната глава ама со чиста совест - такви потписи не ми требаат. Неодамна кај мене докторираше еден умен млад човек од ромската заедница на тема за политичката партиципација на Ромите. Тешко е сознанието дека тие се и натаму паричка за поткусурување. Имавме искуства на луѓе на штандовите кои прашуваа: што давате (за потпис)? Одговотот беше: ништо не даваме, вие се борите за себе, за надежта дека ќе ја смениме оваа беда и сиромаштија. За наша среќа преку 8000 луѓе ни пријдоа без и да прашаат нешто такво!“, пишува Ванковска.Претходно, Европскиот сојуз за промени објави дека и Арбен Таравари ги собрал потребните 10 000 потписи потребни за кандидирање на изборите за претседател. Веста ја објави и Таравари на ФБ.„Ви благодарам на секој од вас што во рекордно време ја потпишавте мојата кандидатура за претседател! Целата оваа кампања нека биде наменета за Вас”, напиша Таравари.ДУИ исто се пофали дека нивниот кандидат Бујар Османи собрал 10 000 потписи за да се кандидира на изборите за претседател. Интегративците се задоволни од одзивот на граѓаните кој ја поддржале кандидатурата на Османи, а тој и понатаму ќе остане на чело на МНР и паралелно ќе ја трча изборната трка.,,Над 10.000+ потписи за кандидат за Претседател! Благодарам за поддршката. Продолжуваме заедно до конечна победа“, се пофали и Максим Димитриевски од движењето ЗНАМ, на социјалните медиуми”.

Македонија | пред 2 години

271411794_4566273830151665_730994699476532107_n

Јакимовски не се откажува од трката кон Водно: Ве повикувам!!

Стевчо Јакимовски уште не ги собра потребните потписи за претседателска кандидатура. Тој побара граѓаните и утре да го поддржат.“До денес до 20:00 часот, вкупно 6646 граѓани ја поддржаа мојата кандидатура.Ви благодарам за поддршката и Ве повикувам утре масовно да се потпишуваме, продолжуваме до 10000”, напиша Јакимовски.

пред 2 години

maksim-dimitrievski0123

Максим Димитриевски влегува во претседателската трка

И Максим Димитриевски собра 10.000 потписи за претседателска кандидатура.“Над 10.000+ потписи за кандидат за Претседател! Благодарам за поддршката. Продолжуваме заедно до конечна победа! #ЗНАМ #ДвижењеЗНАМ #ЗаНашаМакедонија”, напиша тој.

Македонија | пред 2 години

Нема фотографија

Мицкоски: Гледаме некои кандидати за претседатели кои се опозиција на опозицијата се мачат да соберат потписи, па власта им помага

Очекував да бидам искрен дел од потенцијалните кандидати да ги соберат побрзо потребните 10.000 потписи, вели Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ во вечерашното гостување во централниот дневник на ТВ Сител во Тема на денот.Мицкоски додаде дека иако некои од кандидатите воделе кампања и се нарекувале дека се фаворити во трката за претседател на државата и по 5 дена не можат да ги соберат потребните потписи.Има некои од кандидатите за кои што со недели се водеше кампања дека ќе бидат фаворити во трката за претседател на државата, но гледаме еве и после 4-5 дена тешко оди собирањето и практично официјалната кандидатура на тие кандидати, истакна тој.Претседателот Мицкоски нагласи дека владејачките партии помагаат на одредени кандидати за претседатели на државата со собирањето на потписите, и со тоа практично наместо да се натпреваруваат, тие се опозиција на опозицискиот кандидат.Има и такви примери каде што владејачките партии собираат потписи за некои од кандидатите. Тоа е и целта на некои од кандидатите, не да се натпреваруваат да бидат претседатели или претседателски кандидати, туку да бидат практично опозиција на опозицискиот кандидат. И тоа е целта на власта, додаде Мицкоски и порача?Но, мислам дека е препознаена од народот и дека ќе биде неуспешен тој обид.

Македонија | пред 2 години

Screenshot-2024-02-27-at-18.33.43

Таравари по Османи - албанската опозиција влегува во претседателската трка, македонската мака мачи

Арбен Таравари, претставник на коалицијата на албанската опозиција која настапува под името „Вредиме“, објави дека за два дена откако почнал, ги собрал сите потписи за претседател. Тој сега, според неговите пресметки има 10.000 поддржувачи и заедно со Бујар Османи, Горадана Силјановска и Стево Пендаровски влегува во претседателската трка.„Ви благодарам на секој од вас што во рекордно време ја потпишавте мојата кандидатура за претседател! Целата оваа кампања нека биде наменета за Вас“, напиша Таравари.Обид за кандидатура, а блиску до собирање на потребниот број се Максим Димитриевски на кого од вчеравечерта му фалат уште 1.500 потписи и Билјана Ванковска која ја претставува Левица на која и фалат околу 4.000 потпис.

Македонија | пред 2 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања