Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

ЛЕВИЦА

photo_2024-11-21_09-06-52

​​​​​​​Со 100 амандмани Левица ја блокира одлуката за продажба на општински имот во Штип

Од страна на советникот од Левица, Ангеле Михајловски, поднесени се 100 амандмани со цел „блокирање на донесување на одлука за продажба на општински имот во Штип“.„Оваа одлука, сама по себе е скандалозна, поради фактот што објектот што е цел на продажба е објект со утврдено својство на Споменик на културата со режим од втор степен на заштита, утврден со решение број 0801-72 од 23.02.1994 година.Поточно, на денешната 54-та седница на Советот на Општина Штип, како точка на Дневен ред е дополнување на одлуката за Продажба на недвижна ствар (деловен простор - хотел), односно споменатиот споменик на културата.Во изминатите 3 години, локалната власт на ДПМНЕ во Штип изгласа неколку вакви одлуки за продажба на општински имот:- објект, сопственост на ЈП Стипион;- 2 деловни објекти, сопственост на ЈП Исар;- објект во кругот на Домот на млади...Поради овој крајно несериозен пристап на локалната власт во Штип, единствен начин да се застане на патот за донесувањето на вакви штетни одлуки, е примена на филибастеринг од страна на советникот Михајловски од Левица“, велат од партијата.

Македонија | пред 1 година

divogradba-struga

Дивоградбата во струшката чаршија продолжува да се гради иако инспектор констатира незаконитости, велат од Левица

„Дивоградбата во центарот на струшката чаршија, деновиве продолжува интензивно да се гради, иако по Решение и Записник од овластен градежен инспектор констатирано е дека се гради незаконски. Левица претходно поднесе Барање за вонреден инспекциски надзор, при што градежниот инспектор изрече Решение за отстранување на неправилностите. Фактичката состојба е дека инвеститорот продолжува незаконски да гради, иако не е поставена табла за градење (на која мора да е наведена дозволата за градење), додека за сомнежите дека се узурпира земјиште на Р. Македонија, никој не постапува“, велат од Левица.„Дивоградба никнува во самото јадро на градот, пред очите на целата јавност, а институциите и понатаму не постапуваат. Очигледна е тенденцијата да никне уште една дивоградба која ќе ја огрди струшката чаршија, па со иден Закон за легализација, дивоградбата да се легализира во скратена постапка. Ваквото непостапување на институциите е целосно девалвирање на законите, правото и на јавниот интерес.Иако Левица претходно алармираше за сомнежите дека се узурпира државно земјиште, правобранителите надлежни за Струга (Надежда Ѓоревска, Катерина Талевска-Скепароска, Астрит Селими) сѐ уште не покренуваат постапка, како надлежен орган да ги брани интересите на Републиката.Поради сето ова, пратеничката од Левица, Јована Мојсоска, поднесе Барање до Основното јавно обвинителство во Струга - како орган кој има надлежност да поднесе барање до судот за изрекување на привремени мерки: привремено запирање на градежните активности, отстранување на бесправно изградените објекти, како и забрана за понатамошно градење. Според Член 244-а од Кривичниот законик, бесправното градење претставува кривично дело за кое е предвидена казна затвор од три до осум години.Го повикуваме Јавното обвинителство во Струга веднаш да иницира запирање на градежните активности во струшката чаршија, а МВР да поднесе кривична пријава поради бесправно градење. Алармираме дека ако се дозволи да никне уште една дивоградба во самиот центар на градот Струга, и покрај механизмите кои можат да ги преземат бројни институции (МВР, ОЈО, суд, правобранители), тогаш не се работи само за корумпирани поединци, туку за тотална системска корупција и моќници кои се посилни од самата држава“, соопшти Левица.

Македонија | пред 1 година

photo_2024-11-19_08-11-53

(Видео) Мециновиќ: Мицкоски излажа за Чебрен и продолжува со приватните интереси

Пратеникот од Левица, Амар Мециновиќ, критикувајќи го Предлог-буџетот за 2025 година, ја потенцираше важноста на проектот Чебрен како единствениот одговор за енергетската стабилност. Тој истакна дека, иако во предизборието го најавуваа, сега, ВМРО - ДПМНЕ за 2025 година не предвидуваат да насочат ниту денар за енергетска независност.„ДПМНЕ направи ново Министерство за енергетика. Некој би рекол дека ова е приоритет на ДПМНЕ, дека со отворање на ова Министерство за енергетика, сака да ја зголеми енергетскатанезависноста на државата, но, ако видиме меѓу редови, дека припадниците на оваа Влада се претставници на приватниот енергетски интерес, па да не кажам енергетска мафија, и ако видиме како им е конципиран Буџетот - тоа значи дека Министерството за енергетика е создадено само за приватниот енергетски интерес.“ – заклучи пратеникот Мециновиќ.„Од друга страна, имаме зголемување, на средствата за вооружување и за НАТО, за 2 милијарди дополнителни денари, и ние сме веќе блиску до таа препорачана стапка од 2% за трошење за НАТО, т.е. рекет за НАТО. А за 2026, Мисајловски и Мицкоски пак, предвидуваат дуплирање на таа цифра! Зошто една од најсиромашните држави сака да ја надмине стапката од препорачани 2%, кога покадарни држави не се приближуваат до таа стапка, туку ги приоритизираат социјалните и сите цели кои служат за вдахнување живот во капацитетите на државата?!“ – праша тој.Мециновиќ потсети на 1991 година и кажа дека Македонија тогаш преживеа без сопствена полиција, војска и парична валута – затоа што имала независен енергетски систем, а денес, таа независност е потполно уништена.„Ситуацијата дополнително се комплицира со тоа што ТЕЦ Неготино сѐ уште работи на мазут, со тоа што е еколошки и економски неодржливо; РЕК Битола за време на енергетската криза во 2022 година, еден од реакторите се испостави дека 365 дена бил во квар и еден ден само работел. И наместо да се свртиме кон развивање на сопствените енергетски капацитети, а одговорот е очигледен, тоа е Чебрен на Црна река - ние не гледаме дека оваа Влада воопшто има ваков план.“ – продолжи пратеникот од Левица.„Има едно 10 изјави од Мицкоски за Чебрен, како и за многу работи во неговата политичка кариера... И сега? Каде е приоритетот за Чебрен? Дајте да почнеме барем со првата од десетгодишната фаза. Нема ништо! Затоа што не е приоритет развивање на независноста на енергетскиот систем на Македонија, туку приоритет е Мицкоски со неговите хидроцентрали, со неговите пријатели и Владата наполнета со неговите партнери од времето на неговиот ангажман во енергетскиот сектор. Наместо Чебрен, ние ќе добиеме приватен интерес и дополнителна корозија на енергетскиот систем“ – кажа Мециновиќ којшто поднесе и амандман кон Предлог-буџетот со цел да се пристапи кон изградба на хидроцентралата Чебрен.„Сите државни елементи во овој цел систем се во долг! АД Електрани се во долг, неплатен долг од 4,4 милијарди денари и недоспеан долг во висина од 5,7 милијарди денари. Што значи вкупен долг од 10 милијарди денари или околу 165 милиони евра. Од друга страна, ЕСМ за производство на топлинска енергија има вкупен доспеан и недоспеан долг од над 510 милиони денари. А во контраст на ова, приватните енергетски компании како ЕВН Македонија, во 2023 година имаат добивка од 28 милиони евра, што претставува раст од 546% споредено со 2022 година!“, акцентираше Мециновиќ на комисиската седница.„Приватните компании во овој систем, ги искасапија нашите граѓани. Дури има статистика дека со мрежарината што ја воведе Регулаторната комисија, која е околу 150-200 денари месечно - никој од нас една сијалица да не запали во Македонија, за 8 години ЕВН ќе направи профит од 200 милиони евра т.е. онолку колку му требаше да го купи делот од ЕСМ“. Мециновиќ објасни и дека, иако велеа дека нема, сепак, околу Нова година ќе следи покачување на цената на струјата.„Заклучокот е дека енергетската криза со која се соочуваме не е само резултат на глобални трендови, туку и на нашиот сопствен недостаток на стратешко планирање и поставување на луѓе со мафијашки интереси на позиции. Абе не може цело време Украина да ни е крива за сѐ, кога ние во Буџетот не предвидуваме средства за Чебрен. Крива ни е, очигледно, нашата политичка гарнитура и консталација која со децении не може да одговори на потребите на граѓаните“, додаде пратеникот од Левица.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-11-18-122004

Владите на ДПМНЕ и СДС намерно ги пропаѓаат Македонски пошти, вели Левица

„Владите на ДПМНЕ и СДС, водени од лични и лукративни интереси, намерно раководат лошо со „Македонски пошти“ со цел пропаст на државната институција и нејзино приватизирање. За ваквите постапки мора да следат соодветни санкции, предвидени со закон, но и политичка одговорност, во спротивно нема да се превенираат намерните злоупотреби во иднина, што ќе доведе до тотален крах на институцијата“, велат од Левица.„Последната злоупотреба е со зголемување на платите на екс-директорката - Бујаре Абази и нејзиниот заменик додека вработените се борат со нередовни примања, несоодветни услови за работа, слаба поддршка и ресурси, што е противзаконски и морално неприфатливо.Овој потег не само што е во спротивност на Законот за трговски друштва, туку е посебно скандалозен во време кога поштенскиот сервис се соочува со сериозни финансиски проблеми, недоволно модернизирани и неквалитетни услуги, прогресивно опаѓање на довербата кај корисниците, но и се јавува како еден од најлошите работодавачи во државава.Особено загрижува фактот што актуелниот директор Орхан Куртиши, кадар на Алтернатива, гледа оправданост во зголемениот процент на платата на неговите претходници! Неговиот изговор е дека тие имале најниски плати споредено со директорите во другите институции. Ова оправдување на постапките на Абази од страна на Куртиши е јасен показател дека ни актуелниот менаџмент, како и до сега, не е загрижен за бездната во која е втурната „Пошта“.Левица повикува на одговорност и ревизија на работењето на раководните лица не само во Македонски шуми туку во сите јавните сервиси. Потребна е поголема транспарентност, ефикасност и отчетност, со цел да се гарантира дека ресурсите се користат за интересот на граѓаните и општеството, а не за лични придобивки“, соопшти Левица.

Македонија | пред 1 година

photo_2024-11-18_09-27-13

„Шумите изгореа, а власта го крати буџетот“, Левица нуди решенија

„Македонските шуми исчезнуваат под тежината на системска негрижа, неказнивост, политичката злоупотреба и тактизирање! Според најновата мапа на проф. д-р. Ивица Милевски, изработена врз основа на податоци од Hansen Global Forest Change датабазата, шумските површини во Македонија се алармантно намалени од 2000 до 2023 година. Загрозени се највредните природни предели – Скопска Црна Гора, Јакупица и околината на ​​​​Охридското Езеро, а не се поштедени ниту националните паркови“, велат од Левица.„Доколку на ова би се додала и состојбата со пожарите во 2024 година, кога изгоре околу 90.000 хектари површина или 3.6% од територијата на Македонија - ситуацијата е навистина загрижувачка.Овие загуби се доказ за хроничната негрижа и неодговорност на владејачките структури.Државните институции систематски го игнорираат уништувањето на едно од најдрагоцените природни богатства на Македонија. Неказнивоста за подметнатите пожари и неконтролираното дрвокрадство се само врвот на ледениот брег. Надлежните одбиваат да создадат функционален шумски катастар, со што се остава простор за злоупотреби и хаос. Покрај тоа, ЈП „Национални шуми“ наместо да биде столб на заштита и одржливост, е претворено во алатка за партиски вработувања и злоупотреба на ресурси.Лежерноста на владејачките елити продолжува, па како круна на сета оваа катастрофа – Владата на ДПМНЕ-ВРЕДИ-ЗНАМ, понуди намален буџет за шумарство за 2025 година!За спречување на понатамошниот пустош, пратениците Реџеп Исмаил и Сашко Јанчев од Левица, поднесоа амандмани со кои се бара зголемување на средствата за набавка на современа противпожарна опрема и буџет за ревитализација на уништените шумски предели.За потсетување: пратениците од Левица овој мандат предложија законски измени со цел дестимулирање на намерното палење на шумите и подметнувањето шумски пожари. Измените предвидуваа 50 годишна забрана за било каква урбанизација, градење објекти, поставување на фотоволтаични централи, сеча на дрвја на површини коишто биле зафатени од пожар. Владејачкото мнозинство од ДПМНЕ-ВРЕДИ-ЗНАМ не гласаше за овој предлог на Левица.Без итни мерки, последиците ќе бидат катастрофални! Уништувањето на шумите веќе предизвикува ерозии, свлечишта и поплави, со ризици од долгорочни еколошки и економски штети. Неодговорноста на владејачките структури во последните две децении ја претворија Македонија во жртва на сопствената негрижа.Оваа криза е последен аларм за суштински промени и одговорност за оние кои со години ја запоставуваат и уништуваат нашата природа.Без акција денес, Македонија утре ќе се соочи со последици коишто нема да може да ги поправи!“, соопшти Левица.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-11-17-090415

(Видео) Левица: Општина Карпош ќе плати 2.4 милиони евра за експропријација на улица која не постои

„Блокирана општинска сметка, милионски тужби и кратење наменски средства е епилогот од расипничкото владеење на Стевчо и неговото шурување со олигарсите! На последната седница на Советот на О. Карпош, беше поставена точка за итна пренамена на 16 милиони денари од буџетот за деблокада на општинска сметка и истата беше изгласана со мнозинство обезбедено од градоначалникот“, велат од Левица.„Но, советничката група на Левица реагираше и бараше појаснување за потребата да се одвојуваат по 8 милиони денари во наредните 15 месеци за исплати по тужба од Свето „Пивара“.Имено, поранешниот сопственик на Скопска Пивара е исто така и земјопоседник во Карпош, односно неговата фирма Инвестмент Интернатионал е сопственик на празната парцела наспроти салата Борис Трајковски.Откриваме, дека тој добива тужба против О. Карпош, која претходно сакајќи да избегне друга тужба од Пуцко Петрол за 15 миллони евра за поништување на ДУП со кој тој добиваше простор за бензинска пумпа, пренаменува дел од имотот на Свето за изградба на сервисна улица.Иако улицата никогаш не беше изградена, а ДУП-от подоцна беше и поништен од Уставен Суд, Јаневски ќе добие над 132 милиони денари од Општината!Неодговорноста на Јакимовски и неговото кокетирање со овие олигарси, потоа носи дополнителни 16 милиони денари штета во камати и нотарски трошоци, бидејќи цела година ја одолговлекува исплатата!Залудни се манипулациите на Јакимовски, ДПМНЕ и СДС дека мора да гласаат и дека Општината е ставена пред свршен чин, бидејќи целиот проблем е создаден кога во 2016 токму Стевчо го создава спорниот ДУП за Пуцко Петрол, а подоцна повторно Богоев го донесува, шверцерски, на само месец пред крај на својот мандат.Левица бара одговорност за расипничкиот однос на сите овие чинители со што се доведува во ризик функционирањето на општината и се крати од буџетот за градинки, уредување паркови, одржување на инфраструктура, за да се полнат џебовите на бизнис елитата со парите на граѓаните!“, соопшти Левица.

Скопје | пред 1 година

pratenici-sobranie-levica

Буџетот за 2025 е ‘уличарски’ - наменет за прикривање на неспособноста на градоначалниците на ДПМНЕ, вели Мециновиќ

На вчерашната седница на Комисијата за финансирање и буџет, пратеникот од редовите на Политичката партија Левица, Амар Мециновиќ, се осврна на една од главните намери на Предлог-буџетот за 2025 година, односно финансирањето на општините за реконструкција на улици во пресрет на локалните избори. Оттука, пратеникот Мециновиќ Предлог-буџетот го нарече ‘уличарски: „По тоа што го слушнав од колегите од ВМРО – ДПМНЕ и од тоа што може да се види во Буџетот, ова нема да го кажам пежоративно туку описно – овој Буџет е ‘уличарски’! Милион улици набројавте“.„Па од 2021 што ви правеа градоначалниците 3 години? Што прават градоначалниците на ДПМНЕ 3 години? Знам што прават! Муцунски чекаше да стане министер и го задолжи Аеродром... ете тоа прават. И сега, ќе дојдат на ребаланс на буџет, улици, овој крак, тој крак. Абе луѓе, 3 години сте на власт на локално ниво, сега ви текна за улици?“ – праша тој.„Тоа значи дека во недостаток на визија, во недостаток на долгорочна економска политика, приоритетите на нашата Влада се да одговорат на изборната година и да освојат повеќе општини за и понатаму да може да продолжи агонијата на луѓето и испумпувањето на пари.“ – потенцираше пратеникот од Левица.„Ова е реалноста – уличарски муабет кој има за цел да вбризга пари во единиците на локалната самоуправа за да се подобри позицијата во општините каде што, очигледно, се негативни резултатите на градоначалниците на владеењето на ДПМНЕ.Значи, имаме општини каде што нема никаков развој и, еве сега, Собранието ќе ги поправа краковите на градоначалниците. Мислам, апсурдно!“ – нагласи Мециновиќ.„Наместо да зборуваме за развивање на производството на државата, ние улици разговараме. Тоа е визијата на ДПМНЕ, дотаму одат. Тие гледаат во тромесечија. Тромесечие и максимум една година, ако е изборна година и тука завршува визијата.“ – поентираше пратеникот од Левица, Мециновиќ.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-05-28-at-11.50.20

Заради купување на оружје се кратат пари од ранливите категории, тврди Левица

„Нагласеното зголемување на средствата за воените расходи и милитаризација за сметка на намалување на социјалната и еколошката компонента во буџетот е алармантен показател за приоритетите на оваа власт. Буџетот за одбрана и купување оружје од САД, е зголемен за 13%, додека, власта на ДПМНЕ, ЗНАМ и ВРЕДИ на сопствените граѓани, односно лицата од социјални категории, по одредени параметри им скратува неверојатни 40%“, велат од Левица и додаваат:Економската стратегија на актуелната Влада не само што е заснована на истиот модел од претходната на ДУИ и СДС, туку одлучи и да крати од ранливите категории. Особено е алармантно што буџетот за социјална заштита за деинституционализација и социјални услуги се намалува за 44,6%, што значи 245,401 денари помалку. За споредба, буџетот во одбраната, достигнува рекордни 20,5 милијарди денари. Ова е класична илустрација на владините приоритети.Дополнително, додека македонските граѓани дишат најзагаден воздух во Европа, изгорена е шума вкупно 4% од територијата на земјата за само едно лето, во делот за заштита на животната средина, буџетот за квалитет на воздухот е намален за вртоглави 33,1%, што не само што нема да ја подобри ситуацијата, туку и директно ќе нанесе сериозни последици врз здравјето на населението.Левица направи голем број на амандмански интервенции, каде се предлага алтернативи за поинаква, поефикасна и поодржлива распределба на средствата. Наместо милијардите за воена опрема и вазалско следење на странските насоки за непотребно вооружување, бараме овие ресурси да се пренасочат во фондови за социјална заштита и влог во екологијата, кои имаат егзистенцијално значење за голем дел од населението.

Македонија | пред 1 година

21

Заштита од пожари и град и државни откупни центри за заштита на земјоделците, бара Левица

„Одделување повеќе парични средства за социјални мерки, за земјоделие, екологија и заштита од пожари, се дел од амандманите за предлог Буџетот за 2025 година, коишто ги поднесе пратеникот Сашко Јанчев од Левица“, известуваат од Левица.„Само во 2024 година во шумски пожари изгореа 90 илјади хектари површина што е речиси 4% од цела територија на државата. Катастрофални шумски пожари се повторуваат секоја година. Со цел решавање на проблемите кои претходно ги детектиравме како главен извор на лошото справување со пожарите, побаравме зголемен буџет за борба против пожарите.Прекупците на земјоделски производи од приватните откупни центри на земјоделците им даваат цени со кои не можат да си ги покријат ни трошоците за производство. Затоа, предложен е амандман со што се предвидуваат средства за изградба на државни откупни центри во земјоделските региони. Дополнително, со цел заштита на производството од природни непогоди, предложен е и амандман за набавка на систем за заштита од град.Стареењето на населението, заедно со опасноста од исчезнување на Дојранското езеро, се клучни проблеми кои што го засегаат населението од југот на Македонија. Заради ова, поднесени се амандмани за изградба на старечки дом во Гевгелија и Буџет за мониторинг и управување со квалитетот на водата и заштита на Дојранско Езеро“, соопшти Левица.

Македонија | пред 1 година

465951760_1139437530872643_7194300136233149214_n

Македонија гласаше против Резолуцијата за борбата со глорификација на нацизмот во ООН, вели Левица

„Владата се промени, вазалски пристап во надворешната политика останува. Македонија е целосно подредена на западните империјалистичките интереси. Ова го потврдува новото гласање на Македонија во ООН „Против“ Резолуцијата која ги осудува современите форми на фашизам и нацизам“, велат од Левица.„Имено, во Генералното собрание во ООН, со 116 гласови „За“, уште еднаш беше усвоена нацрт-Резолуција за ,,Борба против глорификација на нацизмот, неонацизмот и другите практики кои придонесуваат за поттикнување на современите форми на расизам, расна дискриминација, ксенофобија и нетолеранција“.Слепото следење на надворешно-политичкиот курс воден од земјите кои припаѓаат на т.н. Колективен запад и игнорирањето на македонското анти-фашистичко минато и АСНОМ-ските вредности, не ги одразуваат ставовите и принципите за кои македонскиот народ се борел во минатото, а ги вреднува и денес.Следејќи го трендот на величење на балисти и ревидирање на антифашистичкото минато на Македонија, потсетуваме дека Пратениците на Левица уште во 2022 година, во Собранието поднесоа Резолуција против рехабилитацијата и глорификацијата на фашизмот, нацизмот и нивните современи облици. Тогашната власт, на спикерското место со Џафери, оваа резолуција ја заклучи во фиока.Очекуваме надворешната политика која ја води Тимчо Муцунски да не се разликува по ниту еден параметар од неговиот претходник Бујар Османи. Оттука Левица останува единствениот политички фактор што ги изразува ставовите на граѓаните по однос на надворешно-политичките прашања, кои очигледно се тотално различни од она што го претставува и претходната, а и актуелната Влада“, соопшти Левица.

Македонија | пред 1 година

IMG_2534

Доизградба на колекторот на Охридското езеро и современ центар за отпад, бара Левица со амандмани

„Поради катастрофалната состојба во однос на заштитата на животната средина во која се наоѓа Македонија, пратеничката од Левица, Јована Мојсоска поднесе амандмани кон владиниот предлог-буџет за 2025 година, кои се однесуваат на проекти кои со години се најавуваат, но ниту една влада не ги реализирала“, велат од Левица.„Дел од амандманите со кои Левица бара да се интервенира во Предлог-Буџетот се:1. Доизградба и реконструкција на колекторскиот систем на Охридското езеро, со цел целосно затворање на колекторскиот систем;2. Дислокација на дивата депонија Буково и преземање мерки за ревитализација на земјиштето;3. Дислокација на дивата депонија во Струга и преземање мерки за ревитализација на земјиштето;4. Отпочнување на изградба на современ центар за рециклирање отпад во Југозападниот плански регион, проект кој веќе 10 години е заглавен во бирократски процедури.Сметаме дека со ваквите амандмани ќе се санираат најгорчливите проблеми на населението од овој регион, со оглед на опасноста на која се изложени поради честото палење на дивите депонии, во кои се складира неселектиран и опасен отпад. Овие диви депонии се еколошки катастрофи, додека незаинтересираноста на сите власти досега, дополнително го загрозува здравјето на обичните граѓани.Дополнително, заштитата и грижата за Охриското езеро како најзначајно природно богатство во Македонија, мора да биде врвен приоритет на секоја власт. Проблемот со излевање на загадени материи во Охридското езеро директно го загрозува неговиот биодиверзитет, специфичност и природни карактеристики. Токму доизградбата на колекторскиот систем до 2025 година е дел од Планот за управување со Охридскиот регион.Поради тоа, сметаме дека средства за доизградба на колекторскиот систем на Охридското езеро мора да се предвидени во Буџетот за 2025 година, поради опасноста и ризиците од пролонгирањето на овој проект. Бидејќи премиерот Мицкоски во предизборието најавуваше реконструкција на колекторскиот систем на Охридското езеро, очекуваме владејачката коалиција да ги прифати амандманите на Левица, со цел реализација на проектите кои беа ветувани токму од нив.Левица со ваквите амандмани интервенира во решавањето на долгогодишни проблеми, со цел подобрување на квалитетот на животот на народот и основна заштита на животната средина и нашите природни богатства“, соопшти Левица.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-08-12-at-15.09.15

Левица со амандмани бара изградба на „Чебрен“ и гасификација на Македонија

„Иако премиерот Мицкоски најави дека изградба на когенеративни централи што ќе произведуваат електрична енергија на гас, во Предлог-Буџетот, кој е веќе влезен во собраниска процедура, средства за ваква намена не се предвидени“, велат од Левица.„Оттука, пратеничката група на Левица поднесе низа амандмани на Предлог-Буџетот, токму во насока на унапредување на домашните капацитети за производство на електрична енергија и за ефективно намалување на енергетската зависност на државата, како и за изградба на првично потребната инфраструктура за гасификација на Македонија.Со еден од предлог амандманите на пратеникот Амар Мециновиќ, се бара одвојување на средства за конечно отпочнување на изградба на енергетски капиталниот хидроцентралата „Чебрен“. Со овој конкретен амандман, парите предвидени за наоружување ќе се пренасочат за првата фаза на изградбата на стратешкиот проект Чебрен. Потсетуваме дека премиерот Мицкоски, под притисок на експертската фела, ретерираше од неговите првични ставови за изградба на овој проект од страна на приватен инвеститор и токму Мицкоски во опозиција најавуваше дека државата мора да го гради ваквиот капитален енергетски проект.Со друг амандман пак, поднесен од страна на пратеникот на Левица, Реџеп Исмаил, се предлага зголемување на средствата во потпрограмата определени за гасификација, затоа што првично предвидените средства во Предлог-буџетот воопшто не соодејствуваат со описот и целите наведени во потпрограмата. Пратеникот Реџеп Исмаил дополнително поднесе амандман со кој се предлагаат средства за активирање на домашните рудни капацитети за јаглен со подземна експлоатација на рудникот „Живојно, чии количини би овозможиле непречено работење на РЕК Битола во наредниот период, со што ќе се спречи евентуално покачување на цената на струјата поради увозот на скап јаглен од соседството.Распродавањето на природните ресурси, давањето под концесија на националните води и либерализацијата на пазарот ги прави македонските граѓани кираџии во сопствената куќа. Стратешките индустриски капацитети, особено во енергетскиот сектор, мора да бидат во државна сопственост, затоа што суверенитетот на секоја држава произлегува и од самата енергетска независност“, соопшти Левица.

Македонија | пред 1 година

krmov

(Видео) Милион евра за решавање на кочанската депонија, бара пратеникот Крмов

Пратеникот Борислав Крмов од Левица поднесе амандман кон владиниот предлог-Буџет за решавање на проблемот со кочанската депонија:„Поднесов амандман на предлог-буџетот за 2025 година од милион евра со цел да се реши проблемот на кочанчани. Намерата е тие пари да се искористат да се направи соодветно оградување на депонијата, обезбедување со камери, со чувар и останатите пари да се искористат за сервисирање на машините и купување на нови машини на ЈП Водовод, коешто стопанисува со депонијата којашто е во очајна состојба.“Крмов нагласи дека не очекува опструкции од власта по ова прашање и дополнително побара Информацијата за кочанската депонија да се најде пред пратениците наредната Седница.„За жал, заради роковите на Собранието, нема да се најде на оваа Седница денеска. Но, ние очекуваме и се надеваме дека нема да има опструкции од владеjачкото мнозинство и дека ќе се најде на Седницата на дваесет и први кога ќе има исто и пратенички прашања.“

Македонија | пред 1 година

photo_2024-11-12_09-05-13

„Чибишев ја уништува Токсикологија за градење импровизиран ургентен центар“, велат од Левица

„ВМРО-ДПМНЕ деновиве промовира изградба на ургентен центар како дел од Клиниката за токсикологија како модерен и функционален простор. Овој проект, како донација од 400.000 евра на Комерцијална банка и Алкалоид, беше потпишан годинава во февруари со поранешниот министер Фатмир Меџити, кој беше дел од владата на СДС и ДУИ. Од реакциите на персоналот во Клиниката, станува збор за непочитување на стандардите и оневозможување на развој на научната дејност во Клиниката“, велат од Левица.„До Левица пристигнаа низа реакции од здравствената и академската фела за несоодветниот пристап во формирањето на Ургентен центар. Имено, концептот на „оддвоени“ хируршки и интернистички ургентен центар не постои во ниту една друга држава во светот! Вообичаено при тријажа на пациенти кои имаат ургентни состојби, лекарите одлучуваат дали понатамошниот третман ќе биде од страна на лекар специјалист по интернистички или по хируршки болести.Како што наведуваат вработените од Клиниката за токсикологија, во сите држави функционира исклучиво единствен ургентен центар, каде на едно место се решаваат сите случаи со што се овозможува брз, сеопфатен и рационален пристап кон третманот на пациентите. Дополнително, новиот импровизиран ургентен центар се гради во просториите на Универзитетската клиника за токсикологија, со што значително се редуцираат капацитетите на Клиниката.Именувањето на Чибишев за директор е контроверзно од неколку аспекти, со оглед на тоа што тој е поранешен претседател на Комисијата за здравство на ВМРО-ДПМНЕ. Дополнително, за неговиот избор за професор на УГД постојат сериозни сомнежи дека е незаконски. Односно, со партиски и несоодветни именувани кадри во здравствените установи, јавното здравство ќе продолжи да тоне и со новата влада на ДПМНЕ-ЗНАМ-ВРЕДИ.Ја известуваме јавноста дека Левица подготвува амандмански интервенции за предлог-Буџетот на Република Македонија за 2025 година, кои ќе овозможат соодветен Ургентен центар како посебна зграда во комплексот Клиника „Мајка Тереза“ во Скопје“, соопшти Левица.

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

Кронизмот е основен критериум при поделбата на ваучерите за клима уреди, велат од Левица

„Додека граѓаните во редици чекаат да аплицираат за ваучери за клима уреди, огромен број на поранешни или актуелни партиски функционери од владејачките партии, носители на јавни функции се најдоа на списоците на Министерството за енергетика рударство и минерални суровини“, велат од Левица.„За огромниот број на партиски активисти кои се „почестени“ со вакви ваучери алармираа голем број на граѓани, кои се сомневаат во транспарентноста при изборот на добитниците. Нивните реакции, а и самите списоци, укажуваат на бројни политички фаворизирања и злоупотреби при респределбата на јавните средства.Сметаме дека е потребно да се изврши надворешна ревизија на целиот процес, којшто граѓаните оценуваат дека не е реализиран во фер услови. Во отсуство на транспарентност, го повикуваме Министерството за енергетика да ја обелодени листата на сите членови на комисијата која одобрувала ваучери, како и деталите за нејзиното формирање и критериумите според кои се воделе во изборот на корисниците.Воедно, го повикуваме Јавното обвинителство да го истражи овој случај, и со тоа да утврди евентуелна и спречи идни злоупотреби на вакви процеси. Без транспарентни постапки е невозможно граѓаните да имаат доверба во институциите“, соопшти Левица.

Македонија | пред 1 година

photo_2024-11-11_08-52-41

Крмов бара проблемот со загадувањето во Кочани да се најде пред пратениците

„Две недели жителите на Кочани бараат решение од властите против енормно загадениот воздух во градот. На народен протест, две недели го блокираат патот до депонијата, којашто е главен извор на загадувањето. Оправданиот народен револт го потврдува и фактот дека бројот на болни од респираторни заболувања и канцер во Кочани се зголемува“, велат од Левица преки соопштение.„Пратеникот од редовите на Левица - Борислав Крмов, го посети протестот неколку пати и изрази поддршка до борците за оваа битка. Во рамките на своите ингеренции, тој до Собранието поднесе информација за енормното загадување на амбиенталниот воздух, проблемот со градската депонија во Кочани и побара итно да се најде пред пратениците на Седницата закажана во вторник.Уставно загарантираното право на здрава животна средина е неспорно! Должност на државата е да го обезбеди истото. Оттука, барањата на жителите на Кочани се интегрален дел од документот доставен до Собранието, а пратеникот Крмов од пратениците и ресорниот Министер, ќе побара нивна примена и итно и неодложно разрешување на проблемот заради којшто граѓаните се со денови на улиците“, соопшти Левица.

Македонија | пред 1 година

mickoski-danela

„Додека ДПМНЕ и нивната градоначалничка Арсовска се заглавени во деструктивни конфликти, цехот за очајната состојба на ЈСП го плаќаат граѓаните на Скопје“, велат од Левица

„Голготата со јавниот превоз во Скопје како да нема крај и покрај бројните директори кои се променија само во еден мандаѕ. Како да не е доволно тоа што значително е редуциран бројот на автобуси, па истите се чекаат и по 40 минути, ревизорскиот извештај за минатата година покажа и многу други недостатоци во работењето на ова јавно претпријатие“, велат од Левица.„Имено, согласно овој ревизорски извештај, ЈСП и покрај сите субвенции кои ги доделува Советот на Град Скопје, сепак има големи финансиски потешкотии. Ревизорите констатирале дека Јавното сообраќајно претпријатие има склучено неколку договори, чии што одредби идат директно на штета на претпријатието. Еден од нив е договорот за набавка на гориво, каде што е предвидена 50% поголема казнена камата од законски предвидената.Исто така, ревизорите утврдиле дека претпријатието не ја активирало банкарската гаранција и не ја искористило можностаказнена наплата кога фирмата „АИТОНИКС” која е што е задолжена за новата E-Cloud комуникациска платформа, т.е системот за наплата, не исполнила дел од договорните одредби, со што директно финансиски го оштетиле претпријатието.Дел од вината за ваквата состојба на ЈСП ревизорите ја лоцираат и кај Министерството за образование; кое две години по ред не му исплаќа средства на Градот за бесплатниот превоз на средношколците и студентите, трошок кој сега целосно се покрива од градската каса.Од сѐ погоре наведено, може да се заклучи дека вината за континуирано лошата состојбата во ЈСП може да се лоцира пред се во неговото раководството - кое што склучувало договори штетни за претпријатието и не покренувало постапки за заштита на неговите интереси, градоначалничката Арсовска (која на неколку месеци ги менуваше директорите на ова претпријатие и не поведе постапки за утврдување на одговорност за работата на директорите) и секако МОН кој што упорно се амнестира од одговорност за својот удел во колапсот на ЈСП.Додека ДПМНЕ и нивната градоначалничка Арсовска се заглавени во деструктивни конфликти и нерационални кавги, цехот за ваквата очајна состојба на ЈСП го плаќаат сите граѓани на Скопје“, соопшти Левица.

Скопје | пред 1 година

IMG_5188

​​​​Скандалозни назначувања во Академијата за судии и јавни обвинители, алармира Левица

„Последните скандалозни и нетранспарентни назначувања во Академијата за судии и јавни обвинители ја доцементираат довербата од 2% во правосудството!Согласно членот 9 од Законот за Академија за судии и јавни обвинители, во Управниот одбор на Академијата, двајца члена се назначуваат од страна на Судскиот совет од редот на судиите, како и двајца членови кои се назначуваат од редот на јавните обвинители од страна на Советот на јавните обвинители“, велат од Левица и додаваат:Меѓутоа, наместо судии и јавни обивнители, деновиве Судскиот совет и Советот на јавните обвинители за членови на Управниот одбор на Академијата скандалозно назначија луѓе од сопствените редови. Ова претставува сериозно законско прекршување и ЗЛОУПОТРЕБА на службената положба од страна на членовите на Судскиот совет и Советот на јавните обвинители, со оглед дека на истите во моментот на извршувањето на нивните функции во Советите им мируваат судиските и обвинителските функции, поради што немаат право да бидат членови и на Управниот одбор на Академијата.Дополнително, назначувањето се извршени и на крајно нетранспарентен начин, без образложение за ваквото незаконско постапување. Без каков било процес за изразување на интерес на судии и јавни обвинители, јавно презентирање на програми на кандидати итн., назначувањето на членови на Управниот одбор на Академијата било извршено на седница на Советот на јавните обвинители која траела само 11 минути, додека пак Судскиот совет назначувањето го извршило на таинствен начин под точката „разно“.Партиите на власт повеќе од три децении го узурпираат правосудството преку раководни лица во правосудството кои се верни на партиско-бизнис интересите на елитистичките партии кои криминално владејат со Македонија 33 години. Оваа контрола над правосудните органи партиите особено ја остваруваат преку Судскиот совет и Советот на јавни обвинители, во чиј состав за жал претежно се поставуваат луѓе блиски до власта и партиски и бизнис интереси.Левица ја повикува Државната комисија за спречување на судир на интереси и корупција да реагира на ваквото скандалозно постапување на овие органи, кои се најголеми виновници за очајната состојба во правосудството и ниската доверба на граѓаните од 2%. Потсетуваме, дека годишниот извештај на Европската комисија, ги потврди ставовите на Левица по однос на судството, и констатираше дека државата нема никаков напредок во оваа сфера.

Македонија | пред 1 година

lugje-karpos-esen-korona

Приватноста на македонските граѓани на тацна на власта, се работи за повици, пораки на „WhatsApp“, „Вибер“, обвинува Левица

„Приватноста на македонските граѓани веќе со години масовно и систематски се нарушува од страна на телекомуникациските оператори, кои од 2014 година со закон се обврзани да ги чуваат мета-податоците на граѓаните“, вели Левица и додава:.Се работи за податоци во врска со повици кои граѓаните ги прават, односно - со кого и колку пати разговарале, локацијата од каде се јавиле, каква содржина пребарувале на интернет, кому му праќале и од кого добивале пораки на ,,WhatsApp" и ,,Viber", какви социјални мрежи користеле и сл.​​​​​​​Телекомуникациските оператори не само што прибираат и чуваат вакви податоци за граѓаните, туку и на барање на МВР, Обвинителството, УБК и други институции на власта, по закон, имаат обврска овие податоци да ги предадат.За скандалозните членови 176, 177 и 178 од Законот за електронските комуникации, Уставниот суд неодамна оцени дека навлегуваат во правото на почитување на приватниот живот, неповредливост на комуникациите и правото на заштита на сигурноста и тајноста на личните податоци, кои се гарантирани со Уставот.Особено проблематично е што ваквото задржување на податоците е неселективно и се однесува практично на целиот телефонски и интернет сообраќај на секој граѓанин. Уставниот суд го повика парламентарното мнозинство во најбрз можен рок да го ограничи правото на државните институции и операторите да навлегуваат во приватноста на граѓаните, преку подетално уредување на условите и роковите во кои треба да се чуваат и употребуваат мета-податоците на граѓаните.Левица во својата програма се залага за воспоставување на строга контрола над квалитетот на електронските комуникации на приватните комуникациски, интернет и ТВ даватели на услуги, со цел заштита на граѓаните и нивните кориснички права, како и правото на приватност.Согласно тоа, апелираме до владејачкото мнозинство, да се земе предвид апелот на Уставниот суд и во најскоро време да се отпочне процесот за измена на Законот за електронските комуникации.

Македонија | пред 1 година

IMG_6833

Левица: За вработените во образование утврдена минимална плата пониска од минимална

,,По неколку „tet-a-tet“ средби на претседателот на СОНК, Јаким Неделков, со ресорната Министерка за образование, Весна Јаневска, двајцата ставија потпис на „историски“ документ: спогодба за платите во образование. Спогодбата ја игнорира најниската плата во државата која за сите, освен за вработените во образование е 22.567 денара.За вработените во образование по волја на Неделков и Јаневска, таа изнесува 20.245 денари, и тоа истата ќе биде пресметувана како бруто износ! Во пракса ова значи дека редица коефициенти за степен на сложеност во образование ќе се изедначат со тој од минималната плата, а наставниците ќе добијат 0,7%, односно околу 200 денара повеќе. Но, затоа пак директорите ќе имаат до 45% покачување!Овде, кај ова беззаконие и измама завршуваат сите приказни за заложбите на ВМРО- ДПМНЕ да го унапреди образованието. Образованието не се унапредува со уназадување на социјалната положба на просветните работници!Не во празните зборови, туку низ буџетските ставки се гледа кои се вистинските приоритети и за што се залага оваа власт: 35 милиони евра за трет универзитет на албански јазик, наспроти минимална плата пониска од со закон утврдената за наставниците и учителите се јасен показател каде плови бродот на чие кормило е Мицковски.Наставниците сè погласно најавуваат дека ќе одржат показна вежба колку е 0,7% наспроти 78% за колку што се зголемени платите на функционерите во државава.Левица секогаш застанува на страната на послабите, така што и сега ги поддржува наставниците во нивната борба.За да имаме квалитетно образование и образовани ученици, треба да имаме и мотивирани наставници. Професорите не треба да бидат вака девалвирани, туку финансиски мотивирани.Не смее да продолжи да се кине таму што е тенко, туку напротив - наместо да се даваат средства за мегаломански објекти и за мегаломански плати за функционерите, треба да се зајакнат платите на просветните работници, чија работа е основа за образована младина.”, велат од Левица.

Македонија | пред 1 година

apasiev-sobranie

Апасиев во Собрание: Крвта со памукче ќе ви ја пиеме

Говорот на претседателот на Левица, Димитар Апасиев, на вчерашната тензична седница за воведување ВТОР заменик-директор на Царинска управа. Левица посочува дека Апасиев рекол и: „За секој клиентелистички закон крвта со памукче ќе ви ја пиеме“„Колешке богаташке Дафина, за ајванот никој не е јунак, не оти јунакот не е јунак, туку оти ајванот е ајван. Паметните ќе разберат, вие богатите можеби не. Кога се обидуваме им кажеме дека корупцијата не го уништува политичкиот систем на луѓето, туку обратно, политичкиот систем којшто вие го креирате, кој е во срж'та корумпиран, ги уништува животите на луѓето, нормално е богаташите да се фрустрираат. Кога најгнасниот интерес, бесрамно ни го прикажувате како некое си јавно добро, вие само слугувате на вашите теснопартиски интереси!Имате жестока опозиција која е олицетворена во овие пратеници и ќе бидете спремни на 'фајт'. 'Мастермајндот' на власта е се да спопикаат во три дена. Ние сме единствениот Парламент во светот, а тоа ќе го докажеме фактографски, а можеби и пред Уставен суд, што забрани на опозицијата да зборува, дури и сега временски! Наместо три дена да зборуваме, ние зборуваме еден ден.Сакате да ни го одземете и тоа малку право што го имаме како опозиција. Јавно ви кажувам, за секој ваков клиентелистички закон ова ќе ви биде секојдневие. Колку и тоа да ве фрустрира, извинете што ви го нарушивме викендот, тоа ќе ви биде секојдневие. Колку и да се курчите, не ви се плашиме. Не ви се плашевме во време на Грујо, не па сега, вие сте мачкина кашлица за тоа ВМРО."

Македонија | пред 1 година

IMG_6815

Левица против Гаши со претставка до Антикорупциска комисија

,,Левица поднесе претставка до Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК) за претседателот на Собранието, Африм Гаши! Тој во својство на службено лице ја злоупотребил својата положба ненаменски и за друго лице трошејќи државни средства така што во периодот од 7 до 10 јули 2024 година кога бил на неколкудневно службено патување во Вашингтон (САД), како дел од парламентарната делегација ја вклучил и својата сопруга.Со тоа што ја зел во придружба сопругата во Вашингтон, Претседателот на Собранието, Африм Гаши, со своето самоволие ги прекршил законските и подзаконски одредби за спречување на корупција и судир на интереси и водејќи се од лични, семејни, интереси дрско ја прекршил обврски за наменско трошење на јавните средства и забраната јавните средства да се користат за друго лице.Јелиз Гаши иако не извршува никаква службена должност и таа во својство на сопруга на претседателот на Собранието, отпатувала и престојувала во Вашингтон (САД) на сметка на Собранието на Република Македонија.Согласно со чл. 77, ст. 1 од Законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси #Левица бара Гаши:- Да ја надомести висината на трошоците направени за неговата сопруга за време на службеното патување на начин што истите ќе ги уплати на сметката на Државниот буџет;- Да биде соодветно парично казнет со глоба и да се покрене соодветна прекршочна постапка против него за негова одговорност.”, велат од Левица.

Македонија | пред 1 година

Levica-logo

Левица: Кметот Максим троши 10 милиони денари народни пари за семафор во сала

,,Максим Димитриевски набавил за во спортската сала во Куманово семафор во вредност од 10 милиони денари, за споредба во просек еден семафор во НБА лигата чини 20 илјади американски долари или околу 1,1 милиони денари.Целиот предмет на набавката е „За Спортска сала: браварија, надворешни скали, осветлување, партерно уредување, набавка и на семафор висечки четворостран мултифункционален и друго“, договорот е склучен на 21.05.2024, во вредност од 69.885.289,88 денари или милион и 145 илјади евра, од кои 10 милиони денари се само за семафорот.Па следствено се прашуваме, како граѓани од чии даноци се трошат тие пари, дали воопшто постои некој разумен во владејачката гарнитура кој може да оправда вакви разлики во стандардната цена на семафор во НБА и на семафор во спортската сала во Куманово?!Како кумановци сме и изреволтирани што спортска сала која во 1979та година била почната со градење а веќе во 1980та била завршена, градба која следната 1981 г. ја добила Големата награда на Биеналето на Македонската архитектура (БИМАС), за сега спортот во Куманово да е пред праг на умирање затоа што сегашните власти веќе со години не се способни да ја санираат истата!По завршување на распашаниот мандат на Димитриевски идната година, Левица заедно со народот ќе направи ревизија на трошењето на народни пари и со сигурност ќе има одговорност.Левицаго повикува обвинителството да ја провери јавната набавка, а Мицковски ако бара вистински криминал лесно ќе го најде во општина Куманово.”, велат од Левица.

Македонија | пред 1 година

Levica-logo

Левица: Преку ваучери за летување ДУИ поткупувале гласачи - ВРЕДИ и ДПМНЕ го дореализирале проектот

,,Од парите на даночните обврзници, ДУИ поделиле, а ВРЕДИ аминувале 31.987.000 денари, пари со кои, практично, се злуопотребиле албански гласачи со ниски примања и оваа алатка била искористена за поткуп на гласачите - исплата на средствата вршеше новата власт од ДПМНЕ.Огласот за доделување на овие ваучери беше објавен во февруари од Министерството за економија од ДУИ, Крешник Бектеши. Според податоците, 80% од ваучерите за летување се доделени во регион каде сите гласови им припаднале на ДУИ и ВЛЕН.Потребни документи за апликација биле: Барање во кое се пишува приходот на семејството; членовите на тоа семејство; изјава дека услугата ќе ја користи лично барателот и членовите на неговото семејство и изјава пред нотар дека наведените податоци се точни. Не постоеле никакви други критериуми, ниту ранг-листа, ниту можност за жалба! Единствен критериум бил ,,прв дојден, прв услужен", а надзор над програмата повторно, сама на себе, вршела комисија формирана од Министерот.Друг симптоматичен момент е што често може да се забележи дека на членови од исто семејство, посебно им се исплаќани вакви ваучери. Сите овие показатели укажуваат на тоа дека преку државни средства и оваа навидум - социјална мерка, спроведена во периодот на предизборието, е искористена за на легален начин, преку народни пари од државниот буџет, да се злоупотребат граѓани од социјално-загрозени семејства и преку прилив на средства на нивните сметки, да бидат убедени, својот глас да го дадат за партијата (во случајов ДУИ), која ја спроведува оваа мерка.Иако апликациите се поднесувале пред изборите за добивање на овие средства, сепак, исплатата била оставена да се врши после избори, што го потврдува сомневањето дека се остава простор да се провери каде гласачите ќе го дадат својот глас, пред да биде реализирана исплатата. Исплатата, на овие срдства, денес ја реализира новата влада предводена од ДПМНЕ, ЗНАМ и ВРЕДИ, што само ги вклучува во овој процес.Левица смета дека ваквите индиции и показатели само потврдуваат дека државниот буџет, како и луѓето со ниски примања, се злоупотребуваат за реализација на партиските агенди и цели. Ваквите пракси го нарушуваат изборниот процес и директно ја поткопуваат демократијата.Оттука, бараме од надлежните институции да извршат целосна ревизија на процесот, да утврдат кои се точките на коруптивност и да утврдат дали е вршена етничка дискриминација или политичка дискриминација при реализирањето на ваучерите.Ваквите скандали, не смеат да бидат занемарени и оставени без политичка, но и законска одговорност!”, велат од Левица.

Македонија | пред 1 година

IMG_6219

Левица: Иако со закон укинати - партиски назначени економски директори незаконски продолжуваат да владеат со клиниките

,,Пред околу два месеца, со закон официјално беа укинати функциите „економски/организационен“ директор во јавните здравствени установи, но, најверојатно, и овој закон се изигрува, а Владата, изгледа, продолжува со назначување на лица кои незаконски управуваат со болниците, иако немаат високо медицинско образование!Пример е Алајдин Мемед (братучед на формално назначениот нов медицински директор, д-р Реџеп Мемеди), кој со консултантски договор, е ,,нелегално" ангажиран да управува со Клиниката за детски болести. Тој на јавноста ù е познат по исплаќањето плата повисока од коефициентот на самиот себе, а по утврдувањето на криминалот од Фондот за здравствено осигурување и ДЗР во 2022 година, тој бил разрешен!Инаку, Алајдин Мемеди е поранешен пратеник на Алтернатива, кој стапи во коалицијата ВРЕДИ, како член на Демократско движење и беше назначен од Владата на Мицкоски како економски директор на Клиниката за детски болести, која веќе била раководена од неговиот братучед.Според информациите кои ги добиваме од Клиниката, братучедите од Студеничани имаат заемно владеење на институцијата, па Алајдин, иако не е вработен во Клиниката, користи скениран потпис од својот братучед, медицинскиот директор Реџеп, за печатење на одлуки кои самиот ги донел.Информациите од нивните колеги кои доспеаја на наша адреса, според нив како наши информатори се однесуваат груба злоупотреба на службената положба и кривично дело според Законот за кривична постапка, преку кое тој фалсификува документи и вработува и отпушта персонал во Клиниката, која веќе кубури со медицински кадар!Ова е фрапантен пример за тоа како коалицијата ДПМНЕ-ВРЕДИ го злоупотребува државниот апарат за прибирање на лична корист!Мицковски и Таравари иако формално ги укинаа економските директори и најавија рационализирање на трошоците, сепак, гледаме како преку „договор на дело“ истите функционираат.Сето ова и понатаму се наплаќа од џебот на граѓаните, додека на клиниките продолжува тортурата врз вработените и етнотрибалистичкото владеење со јавните здравствени установи!Според гореизнесеното, а добиено како информација до нас од внатрешни извори од Клиниката, Левица бара итно разрешување на братучедите и назначување на медицински директор на Клиниката за детски болести преку оглас со соодветни критериуми предвидени со Законот за здравствена заштита!Дополнително, бараме од ДЗР и ДКСК итно да ја проверат работата на клиниките и да ги утврдат овие злоупотреби за кои предочуваат вработените, а, очигледно, се манипулира јавноста за укинувањето на економските директори и се изнаоѓа начин за заобиколување на законот!”, велат од Левица.

Македонија | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања