Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

МИЦКОСКИ

Screenshot-2025-08-30-at-13.27.05

Мицкоски за предлогот на Филипче: Донесоа декларации дека нема да менуваат име и нема да прифаќаат ултиматуми - па прифатија сѐ

Премиерот Христијан Мицкоски не се согласува со предлогот на лидерот на опозициската СДСМ, Венко Филипче за донесување на нова декларација во Собранието со „црвени линии“ во контекст на евроинтеграциите, за ако има ново вето, да се стави крај на преговорите. Според Мицкоски, тоа е само нова „итроштина“.„Мислам дека СДСМ и ДУИ го потценуваат народот и граѓаните и играат на картата на кратка меморија. Јас ќе ги потсетам дека тие имаа таква декларација во Собранието, да не прифаќаат ултиматуми од Софија, па прифатија сѐ. Имаше и една декларација во Парламентот дека нема да има промена на името, па знаете што правеше СДСМ. Исто така ќе ве потсетам дека ќе ги почитуваа резултатите од референдумот, а потоа не ги почитуваа кога беше неуспешен“, рече Мицкоски.

Македонија | пред 7 месеци

bujar-osmani

Османи: ВМРО-ДПМНЕ преку приватни канали испраќа пораки за затоплување на односите со ДУИ

Потпретседателот на Демократската унија за интеграција (ДУИ) и кандидат за градоначалник на Општина Чаир, Бујар Османи, денеска изјави дека од ВМРО-ДПМНЕ преку приватни канали стигнуваат пораки за затоплување на односите меѓу двете партии, и тоа во насока на можен влез на ДУИ во Владата.Изјавата следи по коментар на премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, кој од Битола порача дека опозицијата ќе загуби на локалните избори во сите општини и повика ДУИ да биде конструктивна опозиција, особено околу измените на Изборниот законик и обезбедувањето на Бадентеровото мнозинство.„Премиерот во јавноста дава такви пораки сметајќи дека така ќе им помогне на коалициските партнери, но не пушта такви пораки преку приватните канали. Други пораки се праќаат до ДУИ за да се затоплат односите. Меѓутоа, нашиот став е јасен: ДУИ нема да прави пазар за влегување во Влада – излези еден, влези друг“, изјави Османи.Тој додаде дека Албанците нема да дозволат да бидат третирани како „аморфна маса“ и дека самите преку избори ќе одлучат кој ќе ги претставува во Владата. Османи направи споредба со 1990-тите години на Косово, кога, како што потсети, „Милошевиќ од Белград носеше претседател на Косово, а Албанците создадоа паралелни институции за да покажат дека нема да прифатат наметнати претставници“.Османи истакна и дека анкетите покажуваат водство на Националната алијанса за интеграција, преименуваниот „Европски фронт“, во однос на коалицијата ВЛЕН, со сооднос од три спрема еден.На новинарско прашање дали има постојана комуникација меѓу ДУИ и ВМРО-ДПМНЕ, Османи одговори потврдно, нагласувајќи дека не може повеќе да се премолчуваат разликите меѓу јавните и приватните ставови. На дополнително прашање дали под затоплување на односите се подразбира идно коалицирање и влез во Владата, Османи кусо рече: „Да“.

Македонија | пред 7 месеци

mickoski-za-dui

Мицкоски: За 20 проценти се зголемени платите на социјалните работници

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски денес одговарајќи на новинарско прашање посочи дека колективниот договор потпишан од Министерството за социјална политика, демографија и млади, значи зголемување на платите за вработените во јавните установи за социјална заштита за 20 проценти, како и подобрување на условите за работа.„Станува збор за потпишување на колективен договор во историска смисла на зборот за вработените во социјалните установи и центрите за социјални работи ширум државата. Со тоа ќе имаме значително зголемување на платата, започнувајќи од платата за месец август. Во периодот којшто следи Министерството за социјална политика, демографија и млади прави би рекол историски чекор во таа насока, но не е само зголемувањето на платите коешто треба да биде 20тина%, туку станува збор и за услови коишто ќе го подобрат амбиентот на работа на вработените во тие установи и ќе значат дополнителна енергија во рамките на социјалната политика во Македонија како држава.“, вели Мицкоски.

Македонија | пред 7 месеци

mickoski-rek-bitola

Мицкоски: Честит Голема Богородица, благодарност до рударите во РЕК Битола

Премиерот Христијан Мицкоски, од РЕК Битола упати честитка по повод големиот православен празник Голема Богородица и го одбележа денот на рударите. Тој им посака здравје, среќа и љубов на сите граѓани, истакнувајќи дека празниците се моменти за обединување и духовна сила, кои помагаат да се надминат секојдневните предизвици.Мицкоски со посебна почит се обрати до рударите, кои ги нарече „јунаци“ поради нивната пожртвувана и макотрпна работа во РЕК Битола. „Благодарение на нивната енергија и секојдневен труд, ние имаме енергетска стабилност, а тоа значи и стабилен економски раст на Македонија и на македонското стопанство,“ рече тој.Во своето обраќање додаде дека е убеден оти мотивацијата и желбата на рударите нема да изостанат и дека во иднина ќе следуваат уште подобри резултати за македонскиот енергетски систем, рударството и економијата во целина. На крајот упати честитка до сите православни верници по повод празникот Голема Богородица и на рударите им го честиташе празникот со традиционалниот поздрав „Среќно“.

Македонија | пред 7 месеци

Venko-SDSM-1

Филипче: Неспособноста на Мицкоски да испорача резултати го турка повторно во старите измислени сценарија за хаос

Премиерот Христијан Мицковски повторно покажува целосна неспособност и менаџирање на државата. И денеска и една година наназад за политичкиот неуспех на Мицковски криви се СДСМ и ДУИ, рече претседателот на СДСМ Венко Филипче во изјава за Телма телевизија. Филипче обвинувањата на премиерот Мицковски дека СДСМ и ДУИ имаат тајни планови за хаос и политички малверзации за изборите ја оценува како резултат на немањето капацитет да се води државата.„Иако пред повеќе месеци Уставниот суд ја донесе одлуката и го укина телото од изборниот закон од процентот на потребни потписи да се кандидираат независните листи власта чекаше до последниот момент да даде предлог на закон откако изборите беа распишани. За жал не направија ништо ниту да се обидат тој закон за помине во Парламентот, не дојдоа сите пратеници од коалицијата од ВЛЕН од дел од националностите. Не се ни обидоа да го обезбедат бадентеровото мнозинство иако ние како СДСМ дадовме поддршка за тој процес. Излеговме во пресрет и ја подржавме и го поддржавме и предлогот да се намали цензусот на 0,5% во интерес на тоа да граѓаните ја изразат својата волја преку независните листи да може во еден јасно структуриран процес тие да се кандидираат и да ги дадат своите кандидати. За жал власта целосно потфрли“, рече ФилипчеЦелосно одговорен за оваа работа Филипче го смета премиерот Мицковски и владејачката коалиција кои дозволија отворање можности да се злоупотребат изборите во нивна корист, да го скријат очигледното губење огромен број на гласови.

Македонија | пред 7 месеци

mickoski

Мицкоски: ДУИ ако не е на власт зборува за етничка поларизација, тезата им е погрешна, кога беа на власт имаше само многу криминал

На денешниот Саем-Отчет по повод „4 години работа за тебе“ се обрати претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, кој на самиот почеток ги отфрли сите обвинувања за етничка нееднаквост од страна на ДУИ и истакна дека ДУИ означува криминал, неспособност и корупција, како и дека тезите се неконструктивни со што приложи докази за финансиската поддршка од страна на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ кон општините кои ги предводат градоначалници токму од ДУИ.„Нивната улога во Владата значи многу криминал, многу неработа, многу неспособност, многу корупција, и сега тие ставаат знак на еднаквост помеѓу сите овие епитети коишто го има нивното учество во Владата и етничката поларизација, доколку тие не се тогаш тоа било етничка поларизација, мислам дека таа теза им е погрешна. Еве на пример да речеме ако ги гледаме бројките ќе го споменам Кичево. Кичево градоначалник е Фатмир Дехари од ДУИ, во првиот повик скоро 56 милиони денари, проекти финансирани од оваа Влада, во вториот повик скоро 330 милиони денари, или вкупно 385 милиони денари за 16 проекти, тоа е повеќе од 6 милиони евра. Струга на пример, градоначалник е од ДУИ господинот Рамиз Мерко којшто е на листата на санкции на САД, во првиот повик има еден проект којшто е околу 135 милиони денари, вториот повик има 5 проекти вредни 307 милиони денари или вкупно 443 милиони денари. Сарај, во вториот повик имаме 5 проекти од близу 320 милиони денари, коишто оваа Влада ги обезбедила за општина во којашто градоначалник е од редовите на ДУИ“, објасни претседателот Мицкоски.Мицкоски исто така направи јасна дистинкција за време на владеењето на СДС и ДУИ кои не финансирале ниту еден проект во општините каде што се градоначалници од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.„Доколку одиме назад и доколку ги анализираме првите три години на градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ дали некој од нив ќе се сети на проект којшто е финансиран од владата на СДС и ДУИ, одговорот е ни еден. Повеќе од 40 општини не добија буквално ниту еден проект којшто го финансираше таа влада. Јас навистина ги отфрлам како неконструктивни и пораки коишто припаѓаат на минатиот век, навистина жалам што нереформираното, криминално и коруптивно ДУИ сè уште живее во тие години, и уште мисли дека со таков тип на пораки ќе придобие симпатии во јавноста мислејќи дека ако се радикализира, мислам дека грешат и тоа ќе го видат на локалните избори коишто ќе се случат за помалку од два месеци“, дециден е претседателот Мицкоски.

Македонија | пред 7 месеци

vlada

Мицкоски најави реконструкција на Владата, ќе се менуваат министри

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, изјави дека веднаш по локалните избори ќе следи реконструкција на Владата и отворање на партијата за нови кадри, со цел да се обезбеди „повеќе динамика и поголем капацитет“ за реформите.„И затоа веднаш после овие избори ќе ги отвориме вратите на партијата за нови смени и за нови луѓе, и во Владата ќе има реконструкција и подобрување и поголема динамика на капацитетите. Веќе добро знаеме како може уште посилно и похрабро со зголемени потенцијали. Тоа не значи дека луѓето кои ќе бидат заменети биле лоши или немарни, но на Владата секогаш ѝ треба подинамичен капацитет, уште посилно темпо за промените кои ги правиме“, рече Мицкоски.Тој додаде дека Македонија е на „патот на промените и заедничките успеси“ и дека резултатите веќе се гледаат во макроекономските показатели. „Имаме зголемен извоз, зголемен БДП, раздвижена економија, раст на стопанството, а времето на реално чувствување на овие резултати кај реалниот човек доаѓа“, истакна лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.„Не сум човек кој ги гледа работите од дистанца, и затоа промените во Владата ќе значат уште посилно темпо и уште поголеми заеднички успеси кои ќе оделотворат дека сме на правиот пат и граѓаните го направиле вистинскиот избор“, додаде тој.

Македонија | пред 7 месеци

Screenshot-2025-08-23-at-12.25.41

„Со фантомски листи сакаат да ја изиграат демократијата, но народот нема да се прелаже“, вели Мицкоски

„Со фантомски листи сакаат да ја изиграат демократијата, но народот нема да се прелаже“Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, обвини дека СДСМ и ДУИ преку „инфлација од независни кандидатури и фантомски листи“ се обидуваат да го заматат изборниот процес и да ја прикријат, како што рече, „сликата на историскиот пораз кој им претстои“.„Зад оваа игра не стојат само партиските штабови, туку и длабоката држава на СДС и ДУИ, нивните луѓе распределени во судството и ДИК. Денес тие се во коалиција за да го спречат поразот кој ќе им го донесе ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата на локалните избори“, изјави Мицкоски.Тој додаде дека владејачките партии продолжуваат со „матрицата на манипулации и подметнување“. „Не само што не се променети СДС и ДУИ, туку тие сакаат да докажат дека и непроменети ќе го прелажат народот. Но народот е мудар. За бадлија им е, тоа сакам јавно да им порачам. Вие сте гробари на демократијата и слуги на криминалот. Колку повеќе магла создавате, толку посилна ќе биде светлината на победата“, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.„ВМРО-ДПМНЕ е гаранција дека овој народ ќе ја закопа токму таа длабока држава што 30 години ја гуши државата“, порача Мицкоски.

Македонија | пред 7 месеци

unnamed-4

Хидросистемот Ѓавато се санира, во најскоро време ќе биде целосно функционален и оперативен

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, изјави дека хидросистемот Ѓавато е во процес на санација и дека во најскоро време ќе биде целосно функционален и оперативен. Тој нагласи дека заедно со заменик-министерката за животна средина и просторно планирање Ане Лашкоска, на лице место ги утврдиле проблемите што со години наназад го попречувале системот да работи со полн капацитет. Мицкоски посочи дека голем дел од цевководите биле оштетени и нефункционални, што предизвикувало значителни загуби на вода.Премиерот истакна дека благодарение на општествено одговорна компанија веќе се пристапило кон санација на цевките и дека се очекува во наредните денови тие да бидат целосно санирани, што ќе овозможи зголемување на количината вода која се носи до резервоарот и понатаму во Дојранското Езеро. Дополнително, тој нагласи дека од предвидениот капацитет на хидросистемот од 1.000 литри во секунда, моментално функционираат само две бунарски пумпи со капацитет од по 100 литри во секунда, додека останатите не се во функција. Планот на Владата е најскоро време да се оспособат уште четири пумпи, а потоа и дополнителни две, со што ќе се достигне целосниот капацитет на системот.„Со тоа не само што ќе се подобри состојбата со Дојранското Езеро, туку ќе се помогне и на земјоделците и на граѓаните во регионот кои во одредени периоди од годината зависат од овој водовод,“ рече Мицкоски. Тој додаде дека Владата ќе донесе одлука фабриката за опрема и делови при склоп на РЕК Битола да ги демонтира и санира потребните пумпи во рок од десет дена.Мицкоски најави и поставување на соларни панели и батериски системи со вкупна моќност од околу 2 мегавати, со што ќе се намалат огромните месечни трошоци за електрична енергија, кои сега изнесуваат околу 200.000 евра. Според него, ова ќе значи заштеда од приближно 2,5 милиони евра годишно, пари кои ќе се користат за одржување на хидросистемот.„Пристапуваме системски, со цел Ѓавато да стане целосно оперативен и функционален во најскоро време,“ истакна премиерот, додавајќи дека години наназад апелите на вработените не биле слушнати од претходните власти.

Македонија | пред 7 месеци

Screenshot-2025-08-21-at-09.43.32

(Видео) Мицкоски на гробишта во Кочани, родители се пожалија на притисоци и заплашување

Родителите на дел од загинатите деца во дискотеката „Пулс“, се сретнаа со премиерот Христијан Мицкоски, кој при посетата на Кочани, беше да запали свеќи на градските гробишта. Тие му ги кажале проблемите со кои се соочуваат, се пожалиле на притисоци. Имале забелешки и на постапувањето на институциите.„Само што ќе се објави нешто од наша страна, од родителите, веднаш од сите страни почнуваат со клевети, навреди и сето тоа ни е дополнителен стрес“, рече мајка на загинато дете, а Мицкоски возврати: „Ова е слободна држава, сѐ што мислите да правите, да кажете, да објавите, сѐ што мислите, од мене имате поддршка“.На ова мајката возврати: „Од вас можеби имаме поддршка, но на претходниот Марш имаше луѓе што сакаа да дојдат од Штип, од Виница, но кај 'Национал' се сопрени, претресни и е правено претрес. Тие не се убијци, атентатори...“„Секој кој што сака да се прилучи и да даде поддршка, ја има мојата поддршка, секој, еве јавно кажувам, пред камера овде. И никој нема право ниту да ве претресувани ниту да ве легитимира, надвор од законот“, рече Мицкоски.На гробиштата, Мицкоски беше придружуван од пратеникот Миле Лефков, кој досега, не се приклучи на ниту еден Марш на родителите, иако беше повикуван. Тој е единствениот пратеник во македонскиот парламент кој доаѓа од Кочани.

Македонија | пред 7 месеци

sela-2

Алијанса за Албанците – крилото на Зијадин Села: Мицкоски со изјавата за УЧК ги провоцира Албанците

Изјавите на премиерот Христијан Мицкоски за Националноослободителната армија се скандалозни и претставуваат отворена провокација кон националните чувства на Албанците“, соопшти Алијансата за Албанците – крилото на Зијадин Села.Од партијата обвинуваат дека Мицкоски се обидува да негира и забрани „славен дел од историјата“, и додаваат дека досега премиерот „поништил многу права и достигнувања“.„Она што нè загрижува уште повеќе е молчењето на Албанците во Владата, кои очигледно сакаат да го поминат ова со релативизации, па можеби дури и со напади врз Албанците како што правеа досега“, велат од Алијансата.Тие предупредуваат дека ваквите изјави се опасни за стабилноста, меѓуетничките односи и европската перспектива на земјата.

Македонија | пред 7 месеци

Mickoski-Carina

Мицкоски: Илинден е жив идентитет и обврска за иднината

„Илинден е темелот врз кој се изгради современата македонска државност, жива вистина за Македонија која живее“, порача премиерот Христијан Мицкоски по повод 2 Август – Илинден. Тој подвлече дека овој ден не е само историски спомен, туку постојан потсетник на стремежот за слобода, правда и државна самостојност.„На овој ден се сеќаваме на храброста и жртвата на оние кои ја започнаа нашата борба за достоинство. Тој стремеж денес е остварен, но не и завршен“, рече Мицкоски, нагласувајќи дека Илинден е и обврска – особено за институциите, кои мора да работат чесно и одговорно.Тој посочи дека Владата е свесна за довербата што граѓаните ѝ ја дале и за обврската таа да се оправда со резултати.„Ќе ја направиме Македонија држава на можности – праведна, безбедна и просперитетна, со силни институции на страната на граѓаните“, рече Мицкоски, додавајќи дека оваа генерација политичари има должност да покаже дека може подобро – и ќе покаже.Во пораката премиерот подвлече дека Илинден обединува и повикува на надминување на поделбите: „Да извлечеме сила од историјата и да ја претвориме во иднина. Да ја продолжиме борбата, но со знаење, визија и одговорност.“

Македонија | пред 7 месеци

unnamed-1-1

Ви ја знам стратегијата „каурите да не бираат градоначалник“, знам што правите, му рече Мицкоски на Снопче порачувајќи дека имаат синдром на тоалетна хартија

Премиерот Христијан Мицкоски, жестоко ја нападна стратегијата на Арбен Таравари и неговото движење, обвинувајќи ги дека на терен работат за интересите на ДУИ и практикуваат поделби од минатото.„Знам која ви е стратегијата во Гостивар и Тетово – ‘да не дозволиме каурите да бираат градоначалник’. Знам што правите. Тоа е стратегија од 19 век“, изјави Мицкоски.Тој го повика пратеникот Халил Снопче, дел од таборот на Таравари, да се откаже од таквиот пристап и му порача дека државата ѝ припаѓа на сите граѓани, без разлика на етничка или верска припадност.„Ако сум јас Македонец, секогаш се обраќам на сите. Влегувате во замката на коалициониот партнер – ДУИ“, рече Мицкоски.Според него, Таравари се одлучил да верува безусловно на ДУИ.„Таравари не ми рекол ‘Ако сакате да останеме во Владата, треба Влен да излезе’, но ми рече ‘А зошто да не влезе ДУИ?’. И јас го гледам во очи и реков ‘Ако влезе ДУИ, што ќе си ми ти?’. И ме гледа... јас го гледам... и така траеше тоа можеби минута до две. ‘Епа добро’ рече и си замина“, рече Мицкоски.Тој додаде дека Таравари свесно прифатил политичка математика во која, како што вели, ДУИ ќе го поддржува тивко, таму каде што тие нема да имаат кандидати.„Синдромот на тоалетна партија веќе сте го почувствувале, не е добро пак да го почувствувате“, предупреди Мицкоски, изразувајќи разочараност што, според него, наместо вистинска реформа, Влен избрал да биде алатка во рацете на стариот политички естаблишмент.

Македонија | пред 7 месеци

Mickoski-Carina

Мицкоски со прозивка до Фетаи и Меџити: Да се извинат ако службените возила ги користеле за партиски активности

Премиерот Христијан Мицкоски денеска јавно побара од вицепремиерот Арбен Фетаи и Изет Меџити да понесат одговорност и да се извинат доколку службените автомобили им служеле за партиски наместо за државни цели. Поводот е случка од пред десетина дена, кога возилата на двајцата функционери биле забележани доцна навечер – околу 23 часот – паркирани на булевар во близина на ТЦ „Мавровка“, непосредно до просториите на политичката коалиција ВЛЕН.Мицкоски потенцираше дека во случај возилата да биле користени за активности поврзани со Владата, тоа би било прифатливо. Но, ако биле употребени за партиски состаноци, тогаш, како што рече, „се работи за злоупотреба на државни ресурси“.-Доколку биле на состанок на тема поврзана со владините политики, тогаш во ред. Претпоставувам тие ќе го дадат одговорот, а и јас ќе ги прашам, кажа денеска Мицкоски на пуштање во употреба на затворен базен во Кисела Вода.Од друга страна, градоначалникот на Тетово и коалициски партнер во ВЛЕН, Биљал Касами, ги бранеше Фетаи и Меџити, нагласувајќи дека, според него, средбата била службена и поврзана со функциите кои ги извршуваат. Тој додаде дека не верува оти неговите партиски колеги би се состанале за политички прашања без негово знаење или учество.

Македонија | пред 8 месеци

kocevski1111

Мицкоски: Јавноста ќе види утре дали ќе ја поддржиме интерпелацијата за Коцевски

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, денеска не откри дали неговата партија ќе ја поддржи интерпелацијата за републичкиот јавен обвинител Љупчо Коцевски, поднесена од партијата Левица.„Јавноста ќе види утре, но ние како политичка партија и јас како човек не ги менувам ставовите преку ноќ“, изјави Мицкоски, избегнувајќи да даде конкретен одговор.Собранието утре треба да расправа за интерпелацијата поднесена од Левица, која го обвинува Коцевски за, како што наведуваат, нефункционален и селективен обвинителски систем. Однесувањето на ВМРО-ДПМНЕ по ова прашање е од клучно значење, со оглед на нивната мнозинска позиција во законодавниот дом.

Македонија | пред 8 месеци

Mickoski-Carina

Мицкоски: Создавање семејство е патриотски чин

Премиерот Христијан Мицкоски го кажа својот став за демографската слика во државата.„Некои можеби ќе ме прогласат и за конзервативен, некои можеби ќе ме прогласат за човек кој што можеби живее во минатото, но, јас мислам дека потомството, создавањето семејство и дечињата е патриотски чин и денеска така се брани иднината на Македонија и македонскиот народ. Ценам дека двојно зголемените бесплатни ин-витро процедури се во таа насока и тука не застануваме. Продолжуваме и понатаму. Во годината што следи ќе имаме многу поробусни акции кои што ќе значат подобрување на демографската слика во Македонија“, рече Мицкоски.

Македонија | пред 8 месеци

mickoski-1

Вчера се донесоа два закони со кои се овозможува ново линеарно покачување на пензиите и ваучери за електронски уреди за студентите

Во текот на денешниот настан во Гевгелија, по повод пуштањето во употреба на новиот булевар „Свети Климент Охридски“ претседателот на Владата, Христијан Мицкоски даде свој коментар на двата закони кои вчера беа донесени во Собранието, а со кои се овозможува линеарно зголемување на пензиите и ваучери за студентите.„Она што е важно да се каже е дека вчера поминаа два важни закони; едниот Закон е линеарното зголемување на пензиите, она што пенизонерите го бараа. Тие бараа фер, правично, линеарно зголемувње и со овие нови 2 илјади денари линеарно зголемување, ако се додадат и оние претходните 5 илјади денари, тогаш за 18 месеци имаме линеарно зголемување на пензиите за 7 илјади денари. Ако се спореди ова зголемување со зголемувњата во минатото тогаш доаѓаме до заклучок дека неколкукратно се зголемени пензиите за пензионерите. Дали е доволно ? Не е. Но, дали е повеќе од тоа што било- тогаш апсолутно е 3, 4 пати повеќе од било кој просек да го земете во подолг период. Земете го просекот на претходната Влада на СДСМ во 7 години ќе видите дека во овие 18 месеци за 4 пати е повеќе зголемувањето на пензиите.“ рече Мицкоски.Премиерот Мицкоски се осврна и на ваучерите за студентите кои се овозможуваат со одлуката донесена вчера во Собранието.„И да, вториот Закон е законот за кој што студентите на сите универзитети во државата и редовни и вондредни, буквално сите ќе се стекнат со право да добијат ваучер, вредносен бон во вредност од 15 илјади денари кој што ќе го искористат за набавка на електронски уреди кои што понатаму ќе им послужат на нив во текот на студирњето. Така што, овие два закона кои што ги ветивме еве ги испорачуваме. Тоа што во минатото се крадеше, сега се гради и се испорачува за граѓаните.“, заклучи премиерот.

Македонија | пред 8 месеци

03012025-Mickoski-9

Темата за Кочани да ја оставиме на политичките лешинари: Мицкоски не сака да ја објави снимката од средбата со родителите

Премиерот Христијан Мицкоски вели болката е преголема за загинатите во дискотеката Пулс во Кочани и сите се уште ја чувствуваме.„Ве молам, таа тема да ја оставиме на политичките глодари и лешинари“, рече Мицкоски прашан дали ќе ја објави целосната видео-снимка од состанокот со родителите на загинатите деца.Состанокот се одржал на 7 јули 2025 година во Владата.Премиерот вели дека сочувствува со родителите, но бара темата да се остави на лицата кои што навистина чувствуваат голема болка, а не на оние кои што сакаат да добијат ситни политички поени.Здружението на граѓани „16-ти Март 2025“ од Кочани вели дека целиот разговор бил снимен од негова страна.„Доколку навистина стоите зад своите зборови и верувате во транспарентноста и чесноста, Ве повикуваме слободно да ја објавите целосната видео-снимка од тој состанок, за јавноста самата да се увери во вистината”, стои во соопштението на здружението.Тие тврдат дека Мицкоски ги навредил бидејќи им рекол дека нивните барања се исти како тие на опозициската СДСМ, партија која достави предлог-закон во Собранието за помош на настраданите и дека како што велат им рекол да одредат деца за нивните деца.Од Владата ја потврдија средбата, но тврдат дека атмосферата и разговорот биле сосема поинакви.

Македонија | пред 8 месеци

mickoski

Мицкоски нема да прави естрада во Парламентот со разрешување на првата анкикорупционерка

Владата нема намера да се занимава со разрешување на претседателката на Државната комисија за спречување на корупцијата Татјана Димитровска.Таа е веќе обвинета за оддавање државна тајна како и за фалсификување на тестот за безбедносен сертификат, кој место неа го полагало друго лице.Премиерот Христијан Мицкоски рече дека нема намера да прави естрада во Собранието.„Има два начини на одговорност, еден е морален кога човек кога обавува некоја функција и ако направи грешка тогаш треба самиот да се повлече. И вториот е кривичен, доколку има сторено кривично дело”, изјави премиерот.Според Мицкоски, има поедници кои што се обидуваат политиката кај нас да ја направат естрада.„Што дека ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе или која било друга политичка партија ќе поднесе? Ете видовте за Судскиот совет, поднесовме, ги разрешивме, тие уште седат таму и добиваат илјадници евра врз грбот на граѓаните. Да ја оставиме естрадата за естрадните уметници, политиката за политичарите. Постои морален чин на одговорност, ако чувствува некој треба да отстапи и да заврши со таа работа. А за кривична одговорност тука се обвинителствата, судовите, тие нека гонат доколку има кривична одговорност. Ние сега да правиме естрада, па во парламентот, па тоа ништо не значело според Уставот. Веќе немаме намера да се занимавме со такви работи”, вели Мицкоски.

Македонија | пред 8 месеци

unnamed-1

Мицкоски: Бидејќи Радев вели дека освен Бугари во Устав, нема друг услов, повикувам – Ајде со Бугарија да поднесеме резолуција до ЕП каде се гарантира македонскиот идентитет и јазик

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски во „Само Интервју“ на телевизија Канал 5, се осврна околу блокадите од страна на Бугарија и условите кои и ги поставуваат на државата за влез во ЕУ.Премиерот потенцираше дека Македонија нема да стане членка на ЕУ по секоја цена, затоа што овој народ и Македонија дале премногу изминативе повеќе од 30 години.„Сите сме за ЕУ, и сите сакаме да бидеме во ЕУ, но не по секоја цена. Затоа што да беше ова прво нешто, нема никаков проблем ќе седневме ќе разговараме. Овој народ, и овие граѓани и оваа држава дала премногу како никој друг што не дал, и преку глава им е на граѓаните од таков тип политика, сега или никогаш, прозорецот е отворен, сега е моментумот, од Солана го слушаме“, рече Мицкоски.Претседателот на Владата, Мицкоски кажа дека, не се ова први измени што се бараат, тој потенцира дека се менуваше нашиот идентитет, од знамето до името, се тоа е дел од основните темелни вредности на еден идентитет, атрибути коишто го дефинираат идентитетот, истакнувајќи дека во минатото еден по еден овие атрибути се менувале, а за разлика од тогаш, сега тоа нема да биде случај.„Тоа што сега го правиме ќе има влијае во иднината, и тогаш тие генерации ќе судат кој што правел и како прави“, дециден е Мицкоски.

Македонија | пред 8 месеци

unnamed

Мицкоски: Бидејќи Радев вели дека освен Бугари во Устав, нема друг услов, повикувам - Ајде со Бугарија да поднесеме резолуција до ЕП каде се гарантира македонскиот идентитет и јазик

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, вечерва во „Само интервју“ на Телевизија Канал 5, зборувајќи за односот на Бугарија кон нашата евроинтеграција кажа дека барањето на Бугарија не се само Бугарите во Устав, и дека тоа е само почеток, а не како што говори и СДСМ дека потоа не чека отворен пат.„Ајде да направиме велам еден обид, а тој обид е Европскиот парламент со мнозинство гласови да донесе одлука со која што или резолуција, или ќе биде дел од извештај со која што јасно ќе се признае македонскиот идентитет и јазик како посебен“, рече Мицкоски и додаде:„И тоа се случи во рамките на извештајот на известувачот Вајц. Пред да помине на АФЕТ имаше една друга сагра. Тогаш беше потребно не да се избрише од извештајот, туку да се избрише „сегашен“. Потоа дојде „модерен“ од одредена група на европратеници.“Мицкоски истакна дека одредени политички фигури во Бугарија јасно кажуваат дека уставни измени не се единствената пречка на патот на Македонија кон ЕУ.„Она што можеше да го види Европа и светот е дека не е само промената на Уставот единственото нешто коешто треба да го направиме за да продолжиме. Впрочем, многу влијателни политички фигури во Бугарија тоа го кажуваат“, вели Мицкоски.Според него, изјавата на Радев во која тој вели дека единствениот услов се уставните измени не е точна, бидејќи и во Договорот за добрососедство нема никаков услов, а сега де факто имаме.„Пред некој ден слушнав изјава од претседателот Радев во која што вели единствениот услов којшто треба да го направи Македонија е да го смени Уставот. Ние во Договорот за добрососедството немавме никаков услов. Потпишан договор во којшто Бугарија треба да не поддржува во рамките на процесот на преговори и членство. Па добивме вето, затоа што ние не сме го исполнувале договорот и не сме ги испорачале малцинските права на бугарската заедница во Македонија“, истакна премиерот.

Македонија | пред 8 месеци

mickoski-i-kostadinov

Костадинов, кој го замрзна членството во СДСМ, од срце му се заблагодари на премиерот Мицкоски за 6,5 милиони евра за Струмица

Градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов, јавно изрази благодарност до премиерот Христијан Мицкоски и Владата за финансиската поддршка од 6,5 милиони евра наменета за проекти во неговата општина. Благодарноста ја објави на својот фејсбук профил, каде сподели и фотографија со Мицкоски, по потпишувањето на договорите за стратешки инфраструктурни инвестиции.„Денеска во Владата ги потпишавме договорите за стратешки важни проекти за нашата Струмица, со вкупна вредност од речиси 6.5 милиони евра.Продолжуваме со уредувањето на каналот Крушевска Република,Инвестираме во станбени и сервисни улици,Обезбедуваме целосна инфраструктура околу новиот градски пазар, кој ќе биде најголем во Македонија.Ова не се само проекти – ова се конкретни чекори за ново урбано лице на нашиот град. За повисок квалитет на живот, за поубава, поподготвена, похумана и поевропска Струмица.Од срце му благодарам на мојот тим за посветената работа, но и на Владата и Премиерот, кои ја препознаа нашата визија и го валоризираа трудот што го вложивме“, напиша струмичкиот градоначалник.

Македонија | пред 8 месеци

Mickoski-Carina

Мицкоски: ДДВ се враќа редовно, нема отстапувања – ако некој чека, нека ми се обрати

Премиерот Христијан Мицкоски тврди дека нема информации дека компаниите чекаат по три месеци за поврат на данокот на додадена вредност (ДДВ) и истакна дека секој што мисли дека му се должи, слободно може да му се обрати.– Нема поголеми отстапувања од тоа што е пракса во минатото, данокот на додадена вредност се враќа редовно, но разликата е во тоа што сега внимателно се проверува за да не ни се случат Крмзов и слични луѓе кои го злоупотребувале и црпеле системот и ги злоупотребувале граѓаните – рече Мицкоски, одговарајќи на новинарски прашања по денешниот настан во Царинската управа.На новинарско прашање поврзано со наводите од дел од стопанството дека се чека над три месеци за поврат на ДДВ, премиерот посочи дека „апсолутно не слушнал таква информација“ и повтори дека постапката тече вообичаено.

Македонија | пред 8 месеци

mickoski

Мицкоски: Најпрво потврда на коалицијата, потоа кандидати за градоначалници на Центар и Куманово

Премиерот Христијан Мицкоски денеска изјави дека прво ќе се финализира коалицијата меѓу ВМРО-ДПМНЕ и политичките партии со кои соработуваат, по што ќе продолжат разговорите со коалициските партнери во Владата, ЗНАМ и Вреди. Тој го потенцираше значењето на внатрешната коалиција како приоритет пред објавување на имињата на кандидатите за градоначалници на општините Центар и Куманово.– Преговорите со политичките партии се во тек. Сите политички партии кои се дел од нашата внатрешна коалиција се наш приоритет, тие преговори се во тек, се разговара. Очекувам коалицијата да биде потврдена. Потоа ќе продолжат и преговорите со нашите коалициски владини партнери. Во овој момент се движат во одлична позитивна насока. Кога ќе имаме повеќе детали ќе излеземе во јавноста со информации – одговори Мицкоски на новинарско прашање за текот на разговорите со ЗНАМ и Вреди.Во врска со критиките на СДСМ за квалитетот на новата делница од автопатот Кичево-Охрид, премиерот одби да ги коментира изјавите на опозициската партија.– СДСМ има многу поважна работа од тоа да излегува со вакви пораки, прво треба самиот себе внатре да се консолидира, бидејќи се соочува со уште еден дебакл на уште едни избори кои ќе се случат набргу – рече Мицкоски.

Македонија | пред 8 месеци

Kriva-palanka

Мицкоски одговори дали функционер на ДУИ е осомничен за намерно предизвикување пожари

„Има одредени сомневања, во детали не би сакал да зборувам“. Ова беше одговорот на премиерот Христијан Мицкоски, прашан од новинарите, дали осомничен за намерно предизвикување пожари низ Скопје е функционер од ДУИ. Тој рече дека се водат истраги, се вештачат телефони.„Имаме одредени информации и основани сомневања, дека за она што се случи пред неколку дена во Скопје е организирана акција. Имаме приведени, одземени телефони. Доколку се потврдат овие основани сомневања, тогаш одредени личности ќе бидат во сериозен проблем“, рече Мицкоски.Инаку, „Фокус“ објави дека функционер на опозициската ДУИ е осомничен и приведен од полицијата за намерно предизвикување пожари.

Македонија | пред 8 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања