Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

МВР

media-libraryin07oeuc4971dW010pB

Почина 23-годишен велешанец, врз него паднал метален профил во фабрика во Петровец

На 19.02.2026 во 15:00 часот во СВР Скопје е пријавено дека во индустриска зона на подрачјето на општина Петровец, при изведување работни задачи на објект во изградба на една фабрика, од висина паднал метален профил врз Е.А.(23) од Велес, кој од здобиените повреди починал на местото на настанот.Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт, а по насоки на јавен обвинител телото на починатиот е дадено на обдукција. За настанот е известен трудов инспектор, а извршен бил увид од увидна екипа на СВР Скопје.

Скопје | пред 1 месец

pistol

Италијанец фатен со пиштол и муниција на Табановце

На 19.02.2026 околу 13:30 часот на Граничен премин Табановце, на влез во државата, полициски службеници го приведоа С.В.(45) од Италија.При гранични проверки и контрола на возило со италијански национални ознаки, кое го управувал, пронајдени се и одземени осум импровизирани направи со игла за активирање на непозната муниција, пиштол калибар 22, шест кутивчиња со по 100 парчиња муниција, едно кутивче со 200 парчиња муниција, едно кутивче со 60 парчиња муниција и други предмети.По наредба на јавен обвинител, лицето е задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Македонија | пред 1 месец

media-librarybj30ggd6d4dc8F81a8z

Татко и син продавале „фејк“ облека и лажеле купувачи

СВР Струмица поднесе кривична пријава против Г.Б.(37) од Радовиш поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „измамување на купувачи“.На 10.02.2026 и во два наврати на 18.02.2026, пријавениот и неговиот малолетен син, со намера да измамат купувачи на подрачјето на Радовиш, пуштиле во промет производи со ознака на позната марка, кои не одговараат на потеклото или квалитетот на оригиналните производи, при што се стекнале со противправна имотна корист од 250 евра и златен накит, кој го прифатиле за наплата како замена за пари.На 18.02.2026 пријавениот и неговиот малолетен син, се затекнати во Радовиш со патничко возило „пежо“ со скопски регистарски ознаки и при извршен преглед на возилото, биле пронајдени и одземени повеќе различни комплети со ознака на позната марка, а при извршен преглед над нив, се пронајдени и одземени пари и златен накит, кои пријавениот ги земал од измамените лица за наплата на купените производи.

Македонија | пред 1 месец

pretepan

81-годишен скопјанец нападнат од зетот

На 19.02.2026 во 12:00 часот во СВР Скопје, 81-годишен маж од Скопје пријави дека на 18.02.2026 околу 15:30 часот во станбена зграда на подрачјето на Чаир во Скопје бил физички нападнат од неговиот зет С.А., при што му биле нанесени тешки телесни повреди.Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Скопје | пред 1 месец

semejno-nasilstvo

Скојанец ја тепал партнерката и нејзиниот син

На 19.02.2026 во 22:30 часот во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода А.П.К.(41) од Скопје, постапувајќи по претходна пријава од неговата 40-годишна партнерка дека во семејниот дом  во Скопје физички ја нападнал неа и нејзиниот малолетен син.По целосно документирање на случајот, против него ќе следува соодветна пријава.

Скопје | пред 1 месец

plata-evra

Неготинец остана без 4.000 евра: Му дал чанта со катaнец да ја чува како доказ дека ќе се врати

На 19.02.2026 во 12:30 часот во ОВР Неготино, 76-годишен неготинец пријави дека бил измамен од едно лице за сума од 4000 евра.Според пријавеното, лицето побарало од оштетениот да му даде 4.000 евра за да му ги покаже на друго лице, кое го претставил како странски државјанин, а за да му докаже дека еврото е валидна валута во земјава. Како што е пријавено, тој му ги дал парите, а лицето му дало чанта со катaнец да ја чува како доказ дека ќе се врати.Откако, оштетениот ја отворил чантата сфатил дека е измамен. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.

Македонија | пред 1 месец

mobilen-telefon

Старица измамена со 3000 евра: Лажен лекар и кажал дека ќерка и е во болница

Во ОВР Неготино, 81-годишна жена пријави дека била измамена за 3000 евра. Според пријавата, непознато лице ја контактирало телефонски, се претставило како лекар и ѝ рекло дека нејзината ќерка наводно е во болница со скршеница и дека треба итно да се изврши оперативен зафат, за што треба да плати.Жената ги оставила парите на договореното место, но подоцна сфатила дека станува збор за измама.Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Македонија | пред 1 месец

media-librarykm5s76u12kb66ezDY6y

Детали од МВР: Ексхумација и ДНК-вештачења во истрага за серија убиства во кумановско

СВР Куманово поднесе кривична пријава до Основно јавно обвинителство Куманово против Т.Б. (25) од Куманово, поради основано сомнение дека сторил кривично дело убиство по член 123 став 2 точка 1 од Кривичниот законик.Според пријавата, во периодот од 27 јануари до 12 февруари 2026 година, во селото Челопек, општина Старо Нагоричане, осомничениот со умисла на свиреп и подмолен начин лишил од живот жена родена во 1947 година. Ја искористил околноста што таа живеела сама, била стара и немоќна, па додека спиела во својот дом физички ја нападнал и ѝ нанел повеќе тешки телесни повреди од кои починала.Со координирани активности на СВР Куманово, Одделот за криминалистичка полиција, обвинителството и екипи од Институт за судска медицина обезбедени се докази што укажуваат на можна поврзаност на овој настан со други слични случаи во кумановскиот регион.Поради сличностите во изборот на жртвите и начинот на извршување, се испитува дали станува збор за убиства извршени од ист сторител. За една од потенцијалните жртви е наредена ексхумација и обдукција, при што се подигнати траги и ДНК-материјал за вештачење.Осомничениот е лишен од слобода и му е одредена мерка притвор. Наредено е и психијатриско вештачење од тим форензички психијатри од Институтот за психијатрија во Скопје. Истрагата е во тек, а дел од доказните дејствија засега не се соопштуваат поради тајноста на постапката.

Македонија | пред 1 месец

policiska-lenta

Постојат сомнежи дека 25-годишник извршил повеќе убиства: се продлабочува истрагата по убиството на жената во Челопек

Јавен обвинител од Основно јавно обвинителство Куманово донесе наредба за спроведување истражна постапка против 25-годишно лице осомничено за кривично дело убиство по член 123 став 2 точка 1 од Кривичниот законик.Според наводите, во периодот од 27 јануари до 12 февруари 2026 година, во селото Челопек, општина Старо Нагоричане, осомничениот со умисла на свиреп и подмолен начин лишил од живот жена родена во 1947 година. Тој ја искористил околноста што жртвата живеела сама, била стара и немоќна. Кога влегол во куќата, таа спиела, по што физички ја нападнал и ѝ нанел повеќе тешки телесни повреди, од кои починала.Со координирани дејствија на обвинителството, Министерството за внатрешни работи и екипи од Институт за судска медицина обезбедени се докази што укажуваат на можна поврзаност на овој настан со неколку други слични случаи во кумановскиот регион.„Заради сличности во однос на изборот на жртвата и суровиот начин на извршување на делото се испитува дали и во тие случаи станува збор за убиства извршени од истиот сторител. За една од потенцијалните жртви вчера беше наредена ексхумација и обдукција, од телото на починатата жена се подигнати траги и ДНК кои се вештачат. Истражните органи работат на сложени вештачења и анализи, како и други дејствија за обезбедување докази, кои во моментов не можат да бидат споделени со јавноста поради тајноста на постапката“, велат од Обвинителството.Осомничениот е лишен од слобода и му е определена мерка притвор. Наредено е и психијатриско вештачење од тим форензички психијатри од Институтот за психијатрија во Скопје. Истрагата е во тек, а дел од доказните дејствија засега не се соопштуваат поради тајноста на постапката.

Македонија | пред 1 месец

media-librarybgp5hpdr72lgfGlTF86

Тепачка пред спортски објект во Кичево, едно лице повредено со метален предмет

Вчера во ОВР Кичево, полициски службеници ги лишија од слобода Р.М.(26) и Е.М.(19) од Кичево, по пријава дека пред спортски објект во населбата „Иванидол“ физички ги нападнале Р.Н.(24), Ј.Н.(22) и Б.М.(21), сите од Кичево.Инцидентот прераснал во физичка пресметка, при што Е.М. со метален предмет го удрил Б.М..По целосно документирање на настанот, против приведените ќе следува соодветна пријава.

Македонија | пред 1 месец

media-librarytn8237fpujbp4OcV9Jp

(Видео) Германија донира 600.000 евра опрема за МВР: Моторни возила, термовизиски камери, софтвери, специјални возила за воздухопловната единица

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска во кругот на Министерството за внатрешни работи присуствуваше на церемонија на примопредавање на донација од Сојузна Република Германија, на која присуствуваше и амбасадорот на Германија во Република Северна Македонија, Н.Е. Петра Дрекслер, како и претставници од Канцеларијата за врски на Сојузната полиција на СР Германија.Донацијата, во вкупна вредност од околу 600.000 евра реализирана во претходниот период, опфаќа моторни возила, термовизиски камери, компјутерска опрема и софтвери, специјализирани уреди за проверка на документи, како и специјални возила за воздухопловната единица. Оваа опрема е наменета за унапредување на капацитетите на Министерството во делот на граничното управување, борбата против трговијата со луѓе и криумчарењето мигранти, криминалистичко-разузнавачката анализа и форензичките испитувања.Министерот Тошковски истакна дека донацијата претставува симбол на довербата и силното партнерство меѓу двете земји.„Оваа церемонија не е само формално примопредавање на опрема, туку јасна порака дека Германија стои рамо до рамо со Македонија во заедничката борба против организираниот криминал, во заштитата на нашите граници и во обезбедувањето на сигурноста на граѓаните. Поддршката што ја добиваме не се мери само во материјални средства, туку и во знаење, обуки и размена на искуства, што значи долгорочно зајакнување на капацитетите и професионализација на македонската полиција“, нагласи Тошковски.Тој изрази благодарност до Сојузната полиција на СР Германија и до Амбасадата на Германија во Скопје за континуираната поддршка, посочувајќи дека шесте реализирани обуки за македонските полициски службеници се доказ за стратешката и долгорочна соработка меѓу двете институции.Министерот потенцираше дека ваквата помош претставува значаен придонес во зајакнувањето на институционалните капацитети и унапредувањето на безбедноста, како и во остварувањето на заедничката визија за сигурна, стабилна и европска Македонија.„Со обезбедувањето на техничка опрема ја продолжуваме нашата долгогодишна доверлива полициска соработка. Зајакнувањето на капацитетите на Северна Македонија во делот на граничниот надзор, во борбата против трговијата со луѓе, илегалната миграција и прекуграничниот криминал е во наш заеднички европски интерес. Заедно работиме на јакнење на Европа – денес и во иднина.“, истакна амбасадорката Дрекслер.

Македонија | пред 1 месец

krediti-za-skoluvanje-denari-1

Го измамиле дека има долг од 5 милиони денари, па со негови податоци подигнале кредит

46-годишник од гостиварско село пријавил дека неговите лични податоци биле злоупотребени.Пријавителот, кој работи во Швајцарија, бил известен при разговор со извршител во Гостивар дека се води постапка против него како сопственик на фирма за долг од 5.085.079 денари кон банка во стечај. Дополнително, биле барани заложени товарно возило „ман“ и работна машина багер.Пријавителот истакнал дека никогаш не поседувал фирма или механизација и се сомнева дека неговите податоци биле злоупотребени со фалсификувана документација при подигнување на кредит.Се преземаат мерки за расчистување и целосно документирање на случајот.

Македонија | пред 1 месец

policija-policajci-kontrola-vozaci-avtopat

Контрола во Тетово: Четворица возачи без лиценца вршеле јавен превоз

Вчера во 15:20 часот на бул.„Илинденска“ во Тетово, полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Тетово извршиле контрола за санкционирање возачи кои со патнички моторни возила вршат јавен превоз на патници без лиценца.Контролирани се патничко возило „форд“ со тетовски регистарски таблички, управувано од Х.К.(60) од с.Пирок, тетовско, патничко моторно возило „форд“ со тетовски регистарски таблички, управувано од А.Б.(64) од с.Мала Речица, тетовско, патничко моторно возило „форд“ со тетовски регистарски таблички, управувано од М.М.(36) од с.Горно Палчиште, тетовско и патничко моторно возило „мерцедес“ со тетовски регистарски таблички, управувано од Ф.Б.(51) од с.Голема Речица, тетовско.Притоа, констатирано е дека немале лиценца за вршење јавен превоз и по документирање на случаите, против лицата ќе следуваат соодветни пријави.

Македонија | пред 1 месец

media-libraryqqqj6jrpg4kvcO37G8e

Уапсени четири лица без возачка дозвола, со забрана за управување возило и поради нерегистрирано возило

Во текот на вчерашниот ден, полициски службеници на целата територија на државата лишија од слобода четворица, од кои двајца за возење без возачка дозвола, еден со забрана за управување возило од Б категорија, а едно лице затоа што управувало нерегистрирано возило без дозвола.По еден возач во Кичево и Свети Николе управувале возило без воачка дозвола, едно лице во Скопје управувало нерегистрирано возило без возачка дозвола, а еден возач во Македонски Брод управувал возило иако имал мерка забрана за управување моторно возило. Лицата се приведени во полициска станица, а по целосно документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не управуваат возило без положен возачки испит или доколку имаат изречена мерка за забрана за управување или доколку се под дејство на алкохол и сите заеднички да придонесеме за побезбеден сообраќај.

Македонија | пред 1 месец

media-libraryi3jf2rmth9944Z9v0SB

Кривична пријава за уште еден поранешен градоначалник

Одделението за внатрешни работи Кавадарци поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство Кавадарци против С.Н. (29) од Росоман, поради сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“ по член 353 од Кривичниот законик.Според информациите, во периодот од август 2024 до септември 2025 година, пријавениот, во својство на градоначалник на Општина Росоман, во два наврати ги пречекорил границите на службеното овластување, при што од буџетот на општината биле противправно прибавени парични средства во вкупен износ од околу 500.000 денари.Средствата, според пријавата, биле присилно наплатени од извршител за личен долг на С.Н., со што, како што се наведува, била предизвикана штета на општинскиот буџет.Предметот е во постапка пред надлежното обвинителство.

Македонија | пред 1 месец

media-libraryccu8ujngcvjpbPTx5m8

Возачи со забрана за возење, алкохол и без дозвола приведени во текот на вчерашниот ден

Во текот на вчерашниот ден, полициски службеници на целата територија на државата лишија од слобода осум возачи, од кои тројца за возење без возачка дозвола, двајца за управување возило под дејство на алкохол и тројца со забрана за управување возило од Б категорија.По еден возач во Скопје и Битола управувале возило без возачка дозвола, од кои возачот во Скопје е малолетник. По еден возач во Куманово, Велес и Неготино за управување возило иако имале мерка забрана за управување моторно возило од Б категорија. Додека, по еден возач во Македонска Каменица и Струга управувале возило под дејство на алкохол. Лицата се приведени во полициска станица, а по целосно документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не управуваат возило без положен возачки испит или доколку имаат изречена мерка за забрана за управување или доколку се под дејство на алкохол и сите заеднички да придонесеме за побезбеден сообраќај.

Македонија | пред 1 месец

k15

Благајничка од Велес од каса земала 212.000 денари

СВР Штип поднесе кривична пријава против И.П. (35) од Велес поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „затајување“.Според пријавата, во периодот од 26 до 27 декември 2025 година, на своето работно место како благајник во приватна фирма од Скопје, пријавената одзела дел од парите од касата кои ѝ биле доверени. Со тоа се стекнала со противправна имотна корист во износ од 212.000 денари.По целосно документирање на случајот, против неа ќе се води соодветна постапка.

Македонија | пред 1 месец

Internet

Неовластено користел туѓа картичка и вршел онлајн плаќања од над 230.000 денари

СВР Велес поднесе кривична пријава против К.И. (26) од Кавадарци поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски системи“.Според пријавата, осомничениот набавил податоци од платежна картичка сопственост на 60-годишно лице, по што во повеќе наврати извршил поголем број трансакции за онлајн плаќања. Со ваквите дејствија, тој се стекнал со противправна имотна корист во износ од 232.788 денари.По целосно документирање на случајот, против пријавениот ќе се води соодветна постапка.

Македонија | пред 1 месец

prilepski-kradec-ograbil-stan-vo-skopje-250484

Провалил во куќа, па кога ја затекнал газдарицата и го одзел телефонот и накитот

СВР Штип поднесе кривична пријава против Џ.Д. (36) од Кавадарци поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „разбојништво“.Според пријавата, на 26 јануари 2026 година во Штип, пријавениот со употреба на подесен алат влегол во куќата на С.Д. Откако ја затекнал сопственичката во домот, со употреба на физичка сила ѝ го одзел мобилниот телефон и личниот накит.По целосно документирање на случајот, против осомничениот ќе се води соодветна постапка.

Македонија | пред 1 месец

media-libraryoj0e0n8hasp6dG6Kzlq

Полицаец возел без возачка во центарот на Скопје, колеги го застанале, а МВР го прати на психијатар

Министерство за внатрешни работи информира дека Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди до Основното јавно обвинителство Скопје поднел кривична пријава против Ѓ.К. поради сомнение за сторено кривично дело „безобѕирно управување со моторно возило“.Според информациите, пријавениот, вработен како полицаец во Одделот за заштита на определени личности и објекти, на 6 февруари 2026 година на улицата „Даме Груев“ во Скопје управувал патничко возило „сеат алтеа“ без да има положен возачки испит и без возачка дозвола. Како учесник во сообраќајот не се придржувал до прописите за безбедност и управувал возило на безобѕирен начин.Од Одделот за внатрешна контрола против него е поднесен и предлог за поведување постапка за утврдување дисциплинска одговорност. Воедно му се изречени задолжителни мерки – одземање на службеното оружје и муницијата, како и упатување на задолжителен психијатриски и психолошки преглед.

Скопје | пред 1 месец

niva-so-kanabis

Претрес во Кавадарци, пронајдена дрога, уапсено едно лице

На 18.02.2026 во 07:15 часот полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишија од слобода И.Л.(44) од Кавадарци.При претрес во неговиот дом и помошни простории, извршен со наредба од Основен суд Кавадарци, полициски службеници пронашле и одзеле марихуана, жолта грутчеста материја, жолта прашкаста материја и семки од растението канабис.За настанот е известен јавен обвинител и по целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Македонија | пред 1 месец

policija-policajci-kontrola-vozaci-avtopat

Имал забрана за возење и лажел дека ја изгубил возачката, па поднел барање за нова

ОВР Струга поднесе кривична пријава против Л.Р.(25) од струшката населба Тефериќ, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „давање лажен исказ“.Според пријавата, осомничениот во Отсекот за управни работи во Струга лажно пријавил дека ја изгубил возачката дозвола, иако во тој период имал активна забрана за управување моторно возило.Со лажната пријава поднел барање за издавање нова возачка дозвола, по што случајот бил откриен од надлежните служби. Против него е поднесена соодветна кривична пријава.

Македонија | пред 1 месец

media-libraryckij20ejrh149ZBcYtG

Измамен возач во Скопје, платил 800 евра за лажен златен накит

На 18.02.2026 во 15:30 часот во СВР Скопје, 32-годишник од Скопје пријавил дека бил измамен за сума од 800 евра.Според пријавеното, додека управувал патничко возило, застанал на знак од непознато лице кое побарало пари за гориво за да стигне до одредено место. Двајцата се договориле лицето да му продаде личен златен накит.Откако оштетениот заминал во златарница за да го провери накитот, бил известен дека истиот не е изработен од злато, по што сфатил дека бил измамен.Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.

Скопје | пред 1 месец

Screenshot-2022-12-04-at-16.32.45

Приведен 17-годишник, нападнал двајца скопјани во автобус на ЈСП

На 17.02.2026 во 07:30 часот, полициски службеници од СВР Скопје привеле 17-годишник од Скопје, постапувајќи по претходна пријава дека во автобус на ЈСП на подрачјето на Кисела Вода во Скопје со уште неколку лица физички ги нападнале Д.Б.(18) и Б.Ј.(18), двајцата од Скопје.Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Скопје | пред 1 месец

IMG_5581

Пијан скопјанец нападнал две лица, поранешната партнерка со закани ја внел во автомобил и ја тепал

На 18.02.2026 во 22:50 часот во Скопје, полициски службеници го лишиле од слобода П.Г.(50) од Скопје, постапувајќи по претходна пријава дека пред маркет на подрачјето на Ѓорче Петров физички ги нападнал В.С.(40) од Скопје и С.В.(51) од Крива Паланка.Според пријавеното, по нападот тој со закани ја внел во патничко возило неговата 44-годишна поранешна партнерка и физички ја нападнал.По извршените проверки било констатирано дека П.Г. бил под дејство на алкохол, односно дека имал 1,15 промили алкохол во крвта.По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Скопје | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања