Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

МВР

media-libraryde70q4td32141LUzO8V

Акција во Скопје: три лица се уапсени, најмладиот е 18 години

Три лица биле лишени од слобода во текот на изминатото деноноќие на повеќе локации во Скопје, откако кај нив биле пронајдени и одземени наркотични супстанци.Од Министерството за внатрешни работи информираат дека на 21 и 22 февруари 2026 година, полициски службеници од СВР Скопје ги привеле А.Б. (39), Г.С. (40) и Д.Б. (18), сите од Скопје, поради тоа што кај нив биле пронајдени прашкаста материја, марихуана и дробилка.По целосно документирање на случаите, против нив ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

Скопје | пред 1 месец

media-libraryje4t70hc48pc3Jj6dl6

Се ловеше дрога: Во Кичево уапсени две лица откако им влегле во казино и ги фатиле со прашкаста материја

Полициски службеници од ОВР Кичево рано утринава извршиле интервенција во казино на улицата „Тане Цалески“ во Кичево, каде биле пронајдени и одземени две најлонски опаковки со остатоци од бела прашкаста материја.Од Министерството за внатрешни работи информираат дека на 22 февруари 2026 година, во 02.40 часот, во врска со настанот од слобода биле лишени Р.Ч. (23) од кичевското село Црвевци и Б.Р. (21) од селото Грешница, додека на разговор биле повикани Ш.Ф. (29) и А.А. (29) од селото Гарани. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.Во одделен случај, СВР Тетово поднесе кривична пријава против Х.Ш. (25) од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. Во текот на 2025 година во Тетово, полициски службеници забележале патничко возило „БМВ“ во кое две лица вршеле купопродажба на марихуана. По извршен преглед кај едното лице била пронајдена марихуана, за која било утврдено дека претходно ја набавило од пријавениот.Кривична пријава поднесе и Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар против В.А. (51) и Ф.Т. (56), двајцата од селото Неготино, гостиварско, поради сомнение за истото кривично дело. На 13 мај 2025 година во Гостивар, полициски службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога и оружје запреле патничко возило во кое се наоѓале пријавените, при што при преглед на возилото бил пронајден и одземен кокаин.

Македонија | пред 1 месец

media-library5mat1j9e5tg648eq87S

Приведен скопјанец откако со метална монета погодил малолетник на кошаркарски натпревар во Куманово - детето со повреди

Дваесет и тригодишен жител на Скопје бил лишен од слобода по инцидент што се случил за време на кошаркарски натпревар во спортска сала во Куманово.Од Министерството за внатрешни работи информираат дека на 21 февруари 2026 година, во 19.40 часот, полициски службеници од СВР Куманово го привеле Б.Б. (23) од Скопје, откако на натпреварот погодил малолетно дете со метална монета, при што му нанел повреди.Б.Б. бил задржан во полициска станица, а по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Македонија | пред 1 месец

tepacka

Тепачки во Кисела Вода и во Центар пред ресторан

Две одделни физички пресметки биле пријавени во текот на изминатото деноноќие на подрачјето на Скопје, информираат од Министерството за внатрешни работи.На 22 февруари 2026 година, во 01.00 часот, во СВР Скопје било пријавено дека пред угостителски објект на подрачјето на Центар бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу В.В. (25) и С.Ќ. (23), двајцата од Скопје. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.Претходно, на 21 февруари 2026 година, во 17.20 часот, во СВР Скопје, Г.В. (40) пријавил дека околу 12.00 часот на подрачјето на Кисела Вода бил физички нападнат од М.И. (33), двајцата од Скопје. И за овој случај, по целосно документирање, ќе следува соодветен поднесок.

Скопје | пред 1 месец

policija-policaec

Приведен возач кај рампата „Маџари“, нападнал полицаец и имал 1,64 промили алкохол

Дваесет и осумгодишен жител на селото Јурумлери бил лишен од слобода откако физички нападнал полициски службеник при вршење службени дејствија во Скопје.Од Министерството за внатрешни работи информираат дека на 22 февруари 2026 година, во 01.20 часот, во близина на рампата „Маџари“, полициски службеници од Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата го привеле Т.Б. (28) од Јурумлери, скопско. Тој претходно бил запрен со патничко возило, по што физички нападнал полициски службеник кој извршувал службено дејствие и му упатувал закани.По извршеното алкотестирање било утврдено дека има 1,64 промили алкохол во крвта.По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Скопје | пред 1 месец

kocanii

Пожар во куќа во Кочани, изгоре куќа

Пожар избувнал рано утринава во куќа на улицата „Гоце Делчев“ во Кочани, информираат од Министерството за внатрешни работи.Според информациите, на 22 февруари 2026 година, во 02.35 часот, во СВР Штип било пријавено дека настанал пожар во куќа во која во моментот немало присутни лица.Пожарот бил изгаснат од Територијалната противпожарна единица Кочани, а повредени лица нема.На местото на настанот извршен е увид од увидна екипа на ОВР Кочани.

Македонија | пред 1 месец

media-libraryuj1h4p7somd7b17zL46

Запалено возило во Аеродром

Пожар на патничко моторно возило бил пријавен рано утринава на подрачјето на Општина Аеродром во Скопје.Од Министерството за внатрешни работи информираат дека на 22 февруари 2026 година, во 04.37 часот, во СВР Скопје било пријавено дека настанал пожар на патничко возило „опел“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на Ѓ.А. (48) од Скопје.Пожарот бил изгаснат од страна на Бригадата за противпожарна заштита, а повредени лица нема.За настанот е известен јавен обвинител, а увид на местото извршила екипа на СВР Скопје. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Скопје | пред 1 месец

media-libraryga57ac9t188e9dTEIQd

Товарно возило усмрти жена во Струга, возачот приведен

Седумдесетгодишна жена од селото Мислодежда почина по сообраќајна несреќа што се случила вчера попладне на улицата „Струшки Кепенци“ во Струга.Од Министерството за внатрешни работи информираат дека на 21 февруари 2026 година, околу 16.30 часот, во ОВР Струга било пријавено дека товарно возило „Ивеко“ со струшки регистарски ознаки, управувано од Н.О. (57) од Струга, удрило во И.И. (70) од село Мислодежда, струшко.По несреќата, повредената била пренесена во Медицинскиот центар Струга за укажување лекарска помош, каде подоцна им подлегнала на повредите.На местото на настанот извршен е увид од увидна екипа на ОВР Струга. Во 21.40 часот полициски службеници го лишиле од слобода возачот Н.О., а по целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Македонија | пред 1 месец

Screenshot-2024-02-17-at-12.57.53

Осум пијани возачи исклучени од сообраќај, едно лице приведено за безобѕирно возење, малолетник од Тетово удрил во електричен ормар

Мобилната единица за безбедност на сообраќајот при Секторот за сообраќајни работи спроведе акциска контрола на подрачјето на СВР Скопје и СВР Куманово во ноќта меѓу 21 и 22 февруари 2026 година, во периодот од 22:00 до 04:00 часот.При контролата биле изречени вкупно 15 мерки за сторени сообраќајни прекршоци. Осум возачи биле санкционирани и исклучени од сообраќај поради управување моторно возило под дејство на алкохол. Едно лице е лишено од слобода за сторени кривични дела „безобѕирно управување со моторно возило“ по член 297-а од Кривичниот законик и „напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста“ по член 383.Дополнително, седум возачи биле санкционирани за други сообраќајни прекршоци. За сите сторители се изготвени соодветни поднесоци.Во истиот период, на територијата на целата држава, полициски службеници лишиле од слобода 18 лица. Седум од нив управувале возило без возачка дозвола, седум под дејство на алкохол, две лица управувале возило по истек на важноста на регистрацијата и без возачка дозвола, едно лице било затекнато без возачка дозвола и под дејство на алкохол, а едно лице возело со брзина поголема од дозволената.Меѓу приведените се возачи од Скопје, Велес, Кавадарци и малолетник од Тетово, кој со голема брзина удрил во електричен ормар на ЕВН и се обидел да ги прегази полициските службеници.Возачи од Свети Николе, Кочани, Прилеп, Куманово, Богданци, Охрид и Скопје управувале возило под дејство на алкохол, додека возач од Република Србија бил затекнат како управува со брзина од 203 километри на час на место каде дозволената брзина е 120 километри на час.Возачи од Гостивар и Скопје управувале возила без возачка дозвола и со истечена регистрација, додека возач од Македонски Брод, кој управувал без возачка дозвола, бил и под дејство на алкохол.Лицата се приведени во полициска станица и по целосно документирање на случаите против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.Од МВР информираат дека сообраќајните контроли ќе продолжат и во наредниот период, апелирајќи до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи. Управувањето возило под дејство на алкохол и без возачка дозвола, посочуваат од полицијата, претставува сериозна закана за безбедноста на сите учесници во сообраќајот.

Македонија | пред 1 месец

media-libraryrpdcioavso43eOnJf5F

(Видео) Детали за опожарениот автомобил на поранешен полициски инспектор во Струмица: повредени нема

Два автомобили се запалени во Струмица, а во настанот нема повредени лица, информираат од Министерството за внатрешни работи за „Скопје1“. Едно од возилата, „ланд ровер“ е сопственост на поранешен инспкетор во СВР Струмица.Од МВР соопштуваат дека на вчера во СВР Струмица било пријавено дека во периодот од 19:30 до 19:45 часот настанал пожар на патничко возило „ланд ровер“ со струмички регистарски ознаки, сопственост на Н.М. (51) од Струмица, како и на патничко возило „форд“ со струмички регистарски ознаки, сопственост на В.Т. (53) од Струмица.Возилата биле паркирани на паркинг-простор пред зграда на улицата „Браќа Миладинови“ во Струмица.Пожарот бил изгаснат од страна на Територијалната противпожарна единица Струмица, а повредени лица нема.За случајот бил известен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица, а увид на местото извршиле инспектор за пожари и екипа на СВР Струмица.Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Настани | пред 1 месец

media-librarypinaq9vv1e5u3Ce2AG3

Поднесена кривична пријава против три лица за „разбојништво“ во обид

Инспектори од ЕВР-ОКР Кисела Вода поднесоа кривична пријава против И.Ш. (20), Х.С. (20) и А.Г. (19), сите државјани на Република Судан, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „разбојништво“ во обид, согласно член 237 во врска со член 19 од Кривичниот законик на РСМ, соопшти МВР.Случајот беше пријавен на 19.02.2026 година и се случил на трим-патеката на улицата „11-ти Октомври“ во Скопје. Оштетениот М.Т. (27) од Скопје додека се движел со своето куче, бил пресретнат од три лица кои побарале пари од него. Откако одговорил дека нема, сторителите го пребарале по џебовите и физички го нападнале, нанесувајќи му видливи повреди, по што се оддалечиле во непознат правец.По преземени мерки и активности, сторителите биле идентификувани и лишени од слобода. На 21.02.2026 година во просториите на Прифатен центар за странци, во присуство на јавен обвинител, оштетениот целосно ги препознал пријавените лица како сторители на кривичното дело.Истиот ден, пријавените биле спроведени пред судија на претходна постапка во Основниот кривичен суд Скопје, кој им изрече мерка притвор во траење од 30 дена.

Македонија | пред 1 месец

media-libraryoj0e0n8hasp6dG6Kzlq

Напад на трим-патека во Центар: Поднесена кривична пријава за разбојништво во обид

Министерството за внатрешни работи соопшти дека е поднесена кривична пријава против три лица поради основано сомнение за сторено кривично дело „разбојништво“ во обид, казниво по член 237 во врска со член 19 од Кривичниот законик.Станува збор за И.Ш.(20), Х.С.(20) и А.Г.(19), тројцата државјани на Република Судан. Пријавата е поднесена на 21 февруари 2026 година од инспектори од ЕВР-ОКР Кисела Вода.Според информациите од МВР, кривичното дело било извршено на 19 февруари 2026 година на трим-патеката на улицата „11 Октомври“ во Скопје. Додека оштетениот М.Т.(27) од Скопје се движел со своето куче, бил пресретнат од три лица кои побарале пари од него. Откако тој одговорил дека нема пари, осомничените го пребарале по џебовите, а потоа физички го нападнале, нанесувајќи му видливи повреди, по што се оддалечиле во непознат правец.По преземени мерки и активности, полициските службеници ги идентификувале и ги лишиле од слобода осомничените. На 21 февруари 2026 година, во просториите на Прифатниот центар за странци, во присуство на јавен обвинител, било извршено препознавање, при што оштетениот во целост ги препознал пријавените како сторители на делото.Истиот ден тие биле спроведени пред судија на претходна постапка во Основниот кривичен суд Скопје, кој им изрекол мерка притвор во траење од 30 дена.

Скопје | пред 1 месец

sneg

Нападнал малолетник по фрлање снежни топки, денеска полицијата го гони кривично

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против Х.С.(59) од Гостивар, поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело „насилство врз дете“, информира Министерството за внатрешни работи.Според пријавата, на 22 јануари 2026 година во Гостивар, пријавениот физички нападнал малолетник. Инцидентот се случил откако малолетникот, заедно со повеќе други малолетници, фрлале снежни топки кон возила, при што едно од нив го погодило пријавениот.По целосно документирање на случајот, против 59-годишникот е поднесена кривична пријава до надлежното обвинителство.

Македонија | пред 1 месец

media-libraryu2c0m9v4n7h1bsWS6d5

Семејни драми во Свети Николе и Делчево: Момче тепало партнерка, брат шамарал сестра

Две одделни пријави за семејно насилство се евидентирани во текот на 20 февруари во Свети Николе и Делчево, информира Министерството за внатрешни работи.Во 17:00 часот во Свети Николе, полициски службеници од ОВР Свети Николе го лишиле од слобода Р.А.(21), по претходна пријава дека во домот физички ја нападнал неговата 34-годишна партнерка и ѝ ги одзел мобилниот телефон и клучевите од возилото. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.Истата вечер, во 18:30 часот во Полициската станица Делчево, полициски службеници извршиле службен разговор со Ш.М.(37) од Делчево, по пријава дека физички ја нападнал неговата 44-годишна сестра, при што употребил тврд предмет и упатувал закани.Од МВР информираат дека и во двата случаи се преземаат мерки за целосно документирање, по што ќе следуваат соодветни поднесоци.

Македонија | пред 1 месец

media-librarybgp5hpdr72lgfGlTF86

Девојка нападната во Центар, инцидент во Градски парк и малолетник претепан во Арачиново

Три одделни случаи на физички напади се пријавени во текот на 20 февруари во Скопје, информира Министерството за внатрешни работи.Во 14:50 часот во СВР Скопје, М.К.(24) пријавила дека на подрачјето на Центар била физички нападната од А.Р.(45), двете од Скопје. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.Истата вечер во 20:20 часот, Д.Ј.(47) од Скопје пријавил дека околу 14:30 часот во Градскиот парк бил физички нападнат од едно лице со тврд предмет. Полицијата презема мерки за расчистување на случајот и идентификација на сторителот.Дополнително, во 14:50 часот во СВР Скопје, А.А. пријавил дека на 19 февруари околу 23:30 часот во селото Арачиново, неговиот 17-годишен син бил физички нападнат од три лица кои ги познавал. И во овој случај се преземаат мерки за целосно расчистување и документирање на настанот.

Скопје | пред 1 месец

kidnapiranje

Киднапирање и закани со оружје во Тетовско, приведени три лица, едно е во бегство

Три лица се лишени од слобода, а по едно лице се трага, по пријава за насилство и закани со огнено оружје во тетовското село Гајре, информира Министерството за внатрешни работи.Според пријавата, на 20 февруари 2026 година околу 20.00 часот, З.И.(39) од село Гајре бил пресретнат од Л.М. и 16-годишно малолетно лице, кои излегле од патничко моторно возило „голф“ со тетовски регистарски ознаки. Тие, според наводите, насилно го внеле во двор од куќа сопственост на Л.М., каде што му упатиле закани со огнено оружје и физички го нападнале со тврд предмет.По преземени мерки, околу 21.50 часот на улицата „Илинденска“ во Тетово, полициски службеници ги лишиле од слобода А.М.(43) и Е.М.(20) од Гајре, кои биле затекнати во истото возило „голф“, кое претходно не запрело на даден знак за запирање од полициски службеници.Во селото Гајре, во присуство на родител, од слобода било лишено и 16-годишното малолетно лице. Лицата се задржани во полициска станица, а возилото е задржано за преглед во Полициската станица Тетово.Полицијата презема мерки за пронаоѓање на Л.М., а по целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Македонија | пред 1 месец

soobrakjajka-izletano-vozilo

Едно лице загина: „Сеат ароса“ излетал од патот кон Берово

Триесет и четиригодишен возач го загуби животот во сообраќајна несреќа што се случила ноќеска на регионалниот пат на излез од Виница кон Берово, информира Министерството за внатрешни работи.Според информациите, на 21 февруари 2026 година околу 00.20 часот во ОВР Виница било пријавено дека патничко возило „сеат ароса“ со винички регистарски ознаки, управувано од М.М.(34) од село Крушево, виничко, излетало надвор од коловозот.Во несреќата возачот починал на местото на настанот, а смртта била констатирана од лекар од Итна медицинска помош.Увид на местото извршила увидна екипа од ОВР Виница, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот е предадено на обдукција. Причините за несреќата ќе бидат утврдени по целосното расчистување на случајот.

Македонија | пред 1 месец

media-libraryi74sgg7bee2a9a5IPKE

11 возачи пијани зад волан во Велешко, две лица лишени од слобода

Министерството за внатрешни работи информира дека во текот на ноќта меѓу 20 и 21 февруари 2026 година, во периодот од 21.00 до 03.00 часот, Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата при Секторот за сообраќајни работи спровела акциска контрола на подрачјето на СВР Велес, односно ОВР Кавадарци.Во рамки на контролата изречени се вкупно 20 мерки за сторени сообраќајни прекршоци. Од нив, 11 возачи биле санкционирани и исклучени од сообраќај поради управување моторно возило под дејство на алкохол. Две лица се лишени од слобода поради основано сомнение за сторено кривично дело по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“, а согласно член 300 од Кривичниот законик одземени се две моторни возила. Дополнително, санкционирани се девет возачи за други сообраќајни прекршоци.Во истиот период, на целата територија на државата, полициски службеници лишиле од слобода 11 лица, од кои девет поради управување возило без возачка дозвола, а две поради управување под дејство на алкохол.Без возачка дозвола биле затекнати возачи од Тетово, Кавадарци, Скопје, Дојран, Гевгелија и Струга, при што возач од Гевгелија управувал и возило со истечена регистрација. Двајца возачи од Кочани биле фатени како управуваат возило под дејство на алкохол, со измерени 1,83 и 2,91 промили алкохол во крвта.Сите лица се приведени во полициска станица, а по целосно документирање на случаите против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.Од МВР најавуваат дека сообраќајните контроли ќе продолжат и во наредниот период и апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат правилата и прописите, нагласувајќи дека управувањето возило под дејство на алкохол и без возачка дозвола претставува сериозна закана за безбедноста на граѓаните.

Македонија | пред 1 месец

media-librarynidbne316col7h3fcSO

(Фото) Лица од тетовско се заканиле со масовни убиства преку „Дискорд“, инспирацијa биле убиствата во училиште во САД

Две лица се лишени од слобода по полициска акција во тетовско, откако дваесетгодишник преку социјалната апликација „Дискорд“ испратил закана дека е подготвен да изврши напад со огнено оружје.Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал – Сектор за борба против тероризам до Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција поднесе кривична пријава против К.Х. (20) од Мала Речица за кривично дело „тероризам“ по член 394-б став 2 од Кривичниот законик. Дополнително, до Основното јавно обвинителство Тетово е поднесена пријава против 89-годишник за кривично дело „недозволено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“ по член 396 од КЗ.Според информациите, осомничениот на крајот на јануари преку „Дискорд“ испратил сериозна закана дека ќе изврши напад со автоматска пушка АК-47, при што навел дека има нарушено психичко здравје. Како инспирација го споменал нападот од 14 декември 2012 година во училиште во САД, кога беа убиени 26 лица, меѓу кои и 20 деца.По добиени информации од Амбасадата на САД во Скопје, дека Федералното биро за истраги побарало итно откривање на профилот од кој се испратени заканите, Министерството за внатрешни работи во координација со обвинителството презело мерки за идентификација на сторителот.На 17 февруари 2026 година, полициски службеници од Секторот за борба против тероризам, со асистенција на специјалната антитерористичка единица „Тигар“, извршиле претреси во дом и други простории во Мала Речица.При претресите биле пронајдени и одземени повеќе парчиња огнено оружје и муниција, меѓу кои автоматска пушка АК-47 со две рамки и 40 куршуми калибар 7,62х39 мм, пиштол „М57“ со две рамки и 49 куршуми, пиштол „Чероки“ со две рамки и повеќе од 600 куршуми калибар 9 мм, тактички и борбени елеци, ножеви со различна должина на сечиво, како и електронски уреди кои ќе бидат предмет на вештачење.Против дваесетгодишникот е поднесена кривична пријава за тероризам, додека против второто лице пријава за недозволено поседување и тргување со оружје. Истрагата продолжува под надзор на надлежните обвинителства.

Македонија | пред 1 месец

media-libraryjj4r1bn6h45ieFGqLj5

Од Дубаи екстрадиран Флорим Лимани, прва екстрадиција од ОАЕ во Македонија

Лице барано со меѓународна потерница е екстрадирано од Дубаи во Македонија, во прва реализирана екстрадиција од Обединетите Арапски Емирати во земјава.Според информациите од Министерство за внатрешни работи, станува збор за Флорим Лимани (33), кој бил баран за издржување затворска казна во траење од три години и шест месеци за кривично дело „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“, казниво по член 396 став 1 од Кривичниот законик.Екстрадицијата е реализирана денеска, а надлежните посочуваат дека станува збор за прв случај во кој лице барано од македонските органи е предадено од Обединетите Арапски Емирати врз основа на меѓународна потерница.

Македонија | пред 1 месец

media-library74ih4pojtev544bQWS1

Кривична пријава против ексдиректорката на Клиничка болница Битола: оштетила 49.000 евра од здравствениот буџет

СВР Битола, до Основното јавно обвинителство Битола, поднесе кривична пријава против Е.И.(53) од Битола поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување”.Пријавената, како поранешен директор на Јавна здравствена установа-Клиничка болница Битола, во текот на 2023 година, спротивно на одредбите од Законот за администаривни службеници, Законот за изменување и дополнување на Законот за администаритвни службеници, без согласност од Министерството за финансии и спротивно од Законот на буџети за вработување, без спроведени интерни огласи и согласност и потпис од Секторот за човекови ресурси, за 11 лица вработени како административни службеници во управната зграда во Клиничка болница Битола склучила анекси кон договорите за вработување со цел зголемување на коефициентите на сложеност на работните места и издала решенија за утврдување на висина на плата, односно унапредување во повисок степен без соодветно образование.На тој начин пријавената го оштетила Буџетот на Министерството за здравство, односно Фондот за здравствено осигурување за 49.304 евра до моментот на поднесување на пријавата.На пример, лице вработено како помошник одговорен инжинер за техничко одржување на објекти, каде било предвидено средно образование електротехника или електромашинство, било унапредено лице со академско звање - доктор на науки од областа на индустриски менаџмент и платата му била пресметувана по коефициент на сложеност кој се однесувал за профил доктор на немедицински науки, сродни на дејностите на установата.

Македонија | пред 1 месец

media-library5tsitds90bvpcVhtz4m

Прва екстрадиција од ОАЕ, oсуденик за недозволено тргување со оружје спроведен во земјава

Денеска (20.02.2026) од Дубаи во нашата земја беше екстрадиран Флорим Лимани (33), кој беше баран со меѓународна потерница за издржување затворска казна од три години и шест месеци за сторено кривично дело „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи”, казниво по чл. 396 ст.1 од КЗ.Ова е прва реализирана екстрадиција на лице од Обединетите Арапски Емирати, кое нашата држава го бара со меѓународна потерница.

Македонија | пред 1 месец

sekira-640x368

Драма во Битола: Го тепал син му, па го нападнал со секира

Вчера во 11:15 часот во Битола, полициски службеници од СВР Битола го лишија од слобода Ф.В.(41) од Битола поради сомнение за сторени кривични дела „убиство во обид“ и „загрозување на сигурноста“, односно затоа штпо на 18.02.2026 физички го нападнал неговиот син, при што употребил и секира.Додека со него се водел службен разговор во Полициксата станица Битола, тој нападнал полициски службеници и оштетил дел од инвентарот. За настанот е известен јавен обвините и по целосно документирање на случајот, против него ќе следуваат соодветни пријави.

Македонија | пред 1 месец

media-librarynrr78uj11n3e5s1L3vA

Надвор од работно време, влегол на работа и земал пари

СВР Штип поднесе кривична пријава против Д.И.(25) од Штип поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „затајување“.Пријавениот, надвор од работно време дошол во продажен објект во Штип, во кој работел и со клуч кој го имал кај себе, влегол во објектот и земал пари.

Македонија | пред 1 месец

media-librarycn6qbdaggm6b7OQaDku

Се судрија три автомобили и мотоцикл на Партизанска, едно лице тешко повредено

На 19.02.2026 во 16:30  часот во СВР Скопје е пријавено дека на  бул.„Партизански Одреди“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа во која учествувале патничко возило „пежо“ со скопски регистарски ознаки, управувано од З.П.А.О.(55) од Скопје, патничко возило „бмв“ со кривопаланечки регистарски ознаки, управувано од А.Ј.(20) од Крива Паланка и мотоцикл „сузуки“ со скопски регистарски ознаки, управуван од А.К.(34) од Скопје.Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на мотоциклот, констатирани во Градска општа болница „Св. Наум Охридски“ Скопје. Извршен е увид од увидна екипа на СВР Скопје.

Скопје | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања