Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

МВР

media-library0gloph133loj7jZ2Hpj

„Скопје1“ дознава: Се запленуваат рекордни 27 тони марихуана во Скопје и струмичко

Полицијата вечерва завршува заплена на речиси десет тони марихуана во Скопје, поврзани со претходно одземените пет тони во Србија, а складирани во кругот на фирмата инволвирана во случајот со нелегалниот шверц, дознава „Скопје1“ од извори вклучени во истрагата. Паралелно со оваа заплена, според истите извори, се спроведува и втора акција на локации надвор од Скопје, каде што се одземаат дополнителни 18 тони марихуана. Според неофицијалните информации, втората заплена е во струмичко.Акцијата, која трае во текот на целиот ден, ја спроведува Министерство за внатрешни работи под насоки на Обвинителство за гонење организиран криминал и корупција. Со тоа, се одзема вкупна количина од околу 27 тони марихуана, што според достапните информации претставува најголема конфискација на дрога во Македонија за која досега се слушнало во јавноста.Акцијата следи по настаните од пред четири дена, кога во Србија беа пронајдени и одземени пет тони марихуана за кои српските власти соопштија дека биле прошверцувани од Македонија и биле наменети за српскиот пазар. Тамошните институции информираа дека дрогата била складирана во магацин поврзан со семејство во село во Крушевац.Во фокусот на истрагата е компанијата „Алфафарм ДОО Скопје“, регистрирана во 2023 година, со дејност одгледување и преработка на билки, ароматични и лековити растенија за фармацевтска употреба. Според податоците од Централниот регистар, компанијата има акционерски капитал од околу 529 илјади евра и повеќе ко-сопственици. Интересно е што има измени во сопственичката структура денови пред да бидат фатени шверцуваните пет тони во Србија.Од македонските институции засега не се соопштуваат детали, со образложение дека акцијата сè уште е во тек. Во кругот на поранешниот комплекс ОХИС, каде што правно е регистрирано седиштето на „Алфафарм ДОО Скопје“, вечерва е забележливо засилено полициско присуство, истражители на Обвинителството, како и медицински лица.Во Србија, според официјалните информации, осомничени се пет лица, од кои две се сè уште недостапни за органите на прогонот, а се гонат за неовластено производство и ставање во промет на наркотични дроги. Бројот на осомничени и кривичните дела за кои постојат сомневања во Македонија ќе бидат соопштени по завршувањето на целосната истражна постапка, кога и официјално се очекува потврда за заплената од над 27 тони марихуана.

Македонија | пред 1 месец

media-libraryv03pbng74ego1al7rqe

(Видео) По заканите за „убиства и тепачки“, демонстрантот се извини: „Нема да се повтори“

Лицето кое за време на протестите се закани дека „ќе има убиства и тепачки“ доколку полицијата одземе нечие возило, денеска јавно се извини, наведувајќи дека изјавата ја дал во афект.Демонстрантот посочува дека неговата реакција била предизвикана од тоа што на негов братучед му било одземено возилото, согласно измените на Законот за прекршоци, и уверува дека вакво однесување нема да се повтори.„Ова нема да се повтори уште еднаш, на братучед ми му ја земаа колата. Ова нема да се повтори уште еднаш. Нема да се закануваме повеќе“, изјави тој.Заканите предизвикаа силни реакции во јавноста, а надлежните институции претходно најавија дека ќе постапуваат по сите случаи на загрозување на јавниот ред и безбедноста.

Македонија | пред 1 месец

pretepan

Гостиварец им се заканувал на сопругата и синот, па доби кривична пријава

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против Г.П. (64) од Гостивар поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“.Според пријавата, во семејниот дом пријавениот упатувал закани кон неговата 60-годишна сопруга и 40-годишниот син, при што оштетил и дел од покуќнината.

Македонија | пред 1 месец

kazni-policija-policaec

Кривична за 11 возачи кои возеле без возачка или со забрана за управување

Полицијата ќе поднесе кривични пријави против 11 возачи кои управувале возила без положен возачки испит или со изречени забрани за возење, а дел од нив се лишени од слобода и им се одземени возилата.На 4 февруари 2026 во 10:10 часот на автопатот Градско–Велес, кај клучка Караслари, полициски службеници од СВР Велес го лишија од слобода Ф.Ј.(35) од Прилеп. При контрола било сопрено патничко возило „голф“ со прилепски ознаки, кое го управувал иако имал три мерки забрана за управување со моторно возило од Б категорија.Во 21:45 часот во Пробиштип, полициски службеници од ОВР Пробиштип го лишија од слобода К.А.(29) од с.Злетово. При контрола било утврдено дека управувал „опел корса“ со пробиштипски ознаки и покрај активна забрана за управување со моторно возило.Во 18:00 часот на ул. „Иво Рибар Лола“ во Тетово, полициски службеници лишија од слобода 16-годишник од с.Желино, кој управувал „голф“ со тетовски ознаки пред да стекне право на управување. Со него бил извршен службен разговор во присуство на родител, а возилото било одземено.Во 15:20 часот на ул. „Браќа Ѓиноски“ во Гостивар, полициски службеници го лишија од слобода А.М.(18) од с.Падалиште, кој управувал „опел“ со гостиварски ознаки без положен возачки испит.Во 13:40 часот во с.Љубодраг, кумановско, биле лишени од слобода Д.Ј.(37) од Куманово и Ф.А.(29) од с.Черкезе. Тие управувале возила „шкода“ и „опел“ без положен возачки испит.Во 19:30 часот во с.Банско, струмичко, полициски службеници запреле „тојота“ без регистарски ознаки, управувана од Д.А.(20) од Струмица. Утврдено е дека управувал без возачка дозвола, а во возилото превезувал и бесправно исечени огревни дрва, по што возилото и дрвата биле одземени од Шумската полиција.Во 22:00 часот во Струмица бил запрен „форд“ со струмички ознаки, управуван од С.В., за кој било констатирано дека нема важечка возачка дозвола.Околу 21:00 часот на ул. „Балканска“ во Штип, полициски службеници го лишија од слобода А.М.(40) од Штип, кој управувал „голф“ без положен возачки испит.Во 13:30 часот на ул. „9“ во с.Батинци, скопско, бил лишен од слобода С.А.(43), кој управувал товарно возило „мерцедес“ без важечка возачка дозвола.Во 18:10 часот на локалниот пат Бутел–Мирковци во Скопје бил лишен од слобода С.К.(47) од Скопје, кој управувал „мерцедес“ без положен возачки испит.По насоки на јавен обвинител, лицата се лишени од слобода, возилата се одземени и по целосно документирање на случаите ќе бидат поднесени пријави по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“.

Македонија | пред 1 месец

mobilen-telefon

Фатен охриѓанец кој со измама за лажни сообраќајки заработил 3,6 милиони денари

На ден 04.02.2026 од страна на полициски службеници од Одделението за криминалистичка полиција при СВР Штип, во координација со Одделот за криминалистичка полиција преземени се оперативно тактички мерки за расчистување на претходно сторени кривични дела Измама во врска со лажни сообраќајни незгоди, при што лишен од слобода е П.С.(38) од Охрид.По извршен службен разговор П.С. појаснил за начинот, местото и времето на извршување на девет кривични дела од кои шест во Штип и три во Виница при што пријавителите се оштетени за околу 3.600.000 денари. До ОЈО Штип поднесена е кривична пријава по итна постапка, а по предлог на ОЈО Штип П.С. е спроведен пред Судија на претходна постапка при што му е одредена мерка притвор.

Македонија | пред 1 месец

semejno-nasilstvo

Скопјанка натепана од деверот

На 04.02.2026 година во 11:30 часот, во СВР Скопје, 41-годишна жена од скопско пријавила дека на 03.02.2026 година околу 13:00 часот во семејниот дом била физички нападната од својот девер Д.М.Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Скопје | пред 1 месец

media-library90qiek8unsp28xQ6dp2

Претрес во Гостивар: Пронајдена дрога, уапсено едно лице

На 05.02.2026 година во 01:20 часот во Гостивар, полициски службеници од ОВР Гостивар го лишија од слобода Б.Б. (34) од Гостивар, поради основано сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“.Врз основа на судска наредба, извршен е претрес во домот и помошните простории на Б.Б., при што тој доброволно предал кутија во која била пронајдена марихуана.Б.Б. е задржан во Полициската станица Гостивар, а по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.

Македонија | пред 1 месец

Screenshot-2022-03-16-at-22.05.40

Одземени возила на двајца охриѓани по сообраќајка – двајцата со забрани за возење, а едниот бил пијан

На 04.02.2026 година во 20:30 часот во СВР Охрид е пријавено дека на улица „АСНОМ“ се случила сообраќајна несреќа во која учествувале три возила – „фолксваген амарок“ управувано од В.В.М. (24), „ланчија“ управувано од Ј.П. (37) и „мерцедес“ управувано од П.Н. (35), сите од Охрид.По извршените проверки, било констатирано дека В.В.М. управувал возилото под дејство на алкохол со 0,71 промили во крвта и имал три забрани за управување со моторно возило од Б категорија. И Ј.П. имал една изречена забрана за управување со моторно возило од Б категорија.Известен е јавен обвинител, по чии насоки возилата на В.В.М. и Ј.П. биле одземени. По целосно документирање на настанот, против нив ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави по член 297-а од Кривичниот законик за „безобѕирно управување со возило“.

Македонија | пред 1 месец

media-libraryiv746m5csmbbejiU9QP

101 казна за непрописно затемнети стакла на автомобили минатиот месец

Во периодот од 01.01.2026 до 31.01.2026 Секторот за сообраќајни работи при Министерството за внатрешни работи спроведе сообраќајни контроли на територијата на Република Македонија за санкционирање на возачи кои не ги исполнуваат пропишаните услови во однос на затемнувањето на стаклата на возилата. При контролата санкционирани се 101 учесник во сообраќајот. На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци.Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.

Македонија | пред 1 месец

media-library0macachlreevcFQIboH

Возеле и покрај забрана: одземени три возила во Ресен и Кичево

На 3 февруари 2026 година, при засилени сообраќајни контроли во Ресен и Кичево, полициските службеници затекнале тројца возачи како управуваат возила и покрај изречена забрана за управување со моторно возило од Б категорија.Во 12:45 часот, на улицата „Корчуланска“ во Ресен, полициски службеници од ОВР Ресен запреле патничко возило „мицубиши“ со битолски регистарски ознаки, управувано од Љ.С. (49) од Битола. При контролата било утврдено дека возачот управувал со возилото иако имал активна забрана за управување.Претходно, во 10:50 часот, на булеварот „Ослободување“ во Кичево, полициски службеници од ОВР Кичево сопреле патничко возило „фиат“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Ѓ.Г. (26) од селото Белчишта, општина Дебрца, кај кого исто така била констатирана изречена забрана за управување со моторно возило.Истата служба, во 11:30 часот на улицата „11 Септември“ во Кичево, запрела патничко возило „сеат леон“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од А.М. (42) од селото Лазоровци, кичевско. При проверките било утврдено дека возачот имал изречени две мерки забрана за управување со моторно возило од Б категорија.По насоки од јавен обвинител, возилата се одземени, а по целосно документирање на настаните ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Македонија | пред 1 месец

media-librarynbqnl1fa558vd8P9eUD

Полицијата со официјална информација за протестите на Ромите: Нема инциденти на вчерашните јавни собири

Од Министерство за внатрешни работи за Скопје1 информираат дека во текот на вчерашниот ден се одржуваат јавни собири на граѓани на повеќе локации низ државата, при што ниту еден од нив не резултира со нарушување на јавниот ред и мир.Според информациите од МВР, собири се одржуваат на патниот правец Ресен–Прилеп, како и во Струмица, Прилеп, Ресен, Штип и Кочани. Од Министерството наведуваат дека сите јавни собири се одвиваат и завршуваат мирно, без инциденти и без потреба од интервенција за воспоставување ред.Во соопштението се додава дека МВР, во координација со Јавното обвинителство, презема соодветни мерки и активности за понатамошно постапување, во рамки на своите законски надлежности. Од институцијата нагласуваат дека состојбата постојано се следи и дека приоритет останува зачувувањето на безбедноста на граѓаните и јавниот ред.

Македонија | пред 1 месец

marihuana

Уапсени осум лица кои имале дрога, меѓу нив и двајца малолетници

Во текот на 3 и 4 февруари 2026 година, на повеќе локации во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје лишиле од слобода осум лица поради поседување наркотични средства.Приведени се А.Л. (24), А.А. (32), А.А. (38), Д.И. (18), А.М. (35), 17-годишно момче и 16-годишна девојка, сите од Скопје, како и А.К. (45) од селото Морани, општина Студеничани. При полициските контроли кај нив била пронајдена и одземена прашкаста материја и марихуана.По целосно документирање на случаите, против лицата ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

Македонија | пред 1 месец

dokumenti

Измамена фирма од Велес: Уплатиле 21 илјада евра за фалсификувана електронска фактура

Фирма од Велес измамена за над 21 илјада евра преку фалсификувана електронска фактураНа 3 февруари 2026 година во 07:15 часот, во СВР Велес, 60-годишна жена од Велес пријавила финансиска измама во фирмата каде што е вработена, при што биле оштетени за вкупен износ од 21.111 евра.Според пријавеното, фирмата извршила уплата на средства по фактура кон деловен партнер, но откако на службената електронска адреса добиле известување дека уплатата не е реализирана, стапиле во контакт со банката и со деловните партнери. По извршените проверки било утврдено дека фактурата била пресретната и фалсификувана, а парите биле префрлени на друга сметка.Од полицијата информираат дека се преземаат мерки и активности за целосно расчистување и документирање на случајот.

Македонија | пред 1 месец

tepacka-4

Партнерот ѝ го одзел телефонот, ја нападнал со остар предмет и ѝ го демолирал возилото

На 3 февруари 2026 година околу 20:50 часот, во СВР Скопје била пријавена сериозна семејна расправија со елементи на насилство, која се случила во дом на подрачјето на Кисела Вода.Според пријавата поднесена од 31-годишна жена, нејзиниот партнер Љ.З. ѝ го одзел мобилниот телефон, по што физички ја нападнал и ѝ се заканувал со употреба на остар предмет. Како што е наведено во пријавата, инцидентот продолжил и надвор од домот, каде што во дворот со тврд предмет било оштетено и нејзиното возило.Од Министерството за внатрешни работи информираат дека се преземаат соодветни мерки и активности за целосно расчистување и документирање на случајот.

Скопје | пред 1 месец

media-library05ol27tftfj1crMAwXz

Уапсен скопјанец, во домот му нашле марихуана, дигитална вага, пиштол, рамка со куршуми и пари

На 03.02.2026 во 22:50 часот, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода Ѓ.С. (23) од Скопје.При претрес со судска наредба извршен во неговиот дом на подрачјето на Центар, пронајдени и одземени се марихуана, дигитална вага, пиштол, рамка со куршуми, пари и други предмети.По целосно документирање на настанот, против лицето ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Скопје | пред 1 месец

media-libraryeb79874sfn40ev4Bmi3

Сејф сити: Од 650 прекршоци, 590 се за пребрзо возење

Во текот на 03.02.2026 година, системот „Безбеден град“ регистрираше вкупно 650 прекршоци. Од нив, 36 биле за минување на црвено светло, 590 за возење со брзина над дозволеното, а 24 за нерегистрирани возила.Дополнително, изречени се 61 забрана за управување со моторно возило.Од МВР апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат правилата и пропишите, со цел да се обезбеди безбеден сообраќај низ целата држава.

Македонија | пред 1 месец

media-libraryi74sgg7bee2a9a5IPKE

Уапсени седум возачи: Управувале без дозвола, со забрана или под дејство на алкохол

Во текот на 03. и 04.02.2026 година, полициски службеници од Дебар, Пробиштип, Тетово, Велес, Кавадарци и Кичево лишија од слобода повеќе лица поради управување со моторни возила без положен возачки испит, со активна забрана или под дејство на алкохол.Во Дебар, на 04.02.2026 околу 00:30 часот, А.Л. (28) и А.Л. (23) од Дебар биле лишени од слобода откако претходно учествувале во физичка пресметка со други лица, а при контрола било утврдено дека 28-годишниот управувал возило под дејство на алкохол (1,65 промили) и без возачка дозвола. Возилото било одземено.Во Пробиштип, Ж.К. (57) од с. Трипатанци бил лишен од слобода поради управување со „југо“ без регистарски ознаки и без положен возачки испит. Во Тетово, А.И. (43) бил лишен од слобода за управување со возило за време на активна забрана, а возилото привремено одземено.Во Велес, Б.П. (22) од Неготино управувал „сеат толедо“ без да поседува возачка дозвола, а во Кавадарци, С.Ф. (43) управувал „фолксваген пасат“ без дозвола, при што и на двете лица возилата и документи биле одземени.Во Кичево, Ф.Т. (21) од с. Стрелци и Џ.А. (32) од Прилеп биле лишени од слобода за управување со возила без положен испит.По целосно документирање на сите случаи, против сите ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Македонија | пред 1 месец

2

Уапсен бегалец од затвор, спроведен во „Идризово“ за доиздржување на казната

Денеска (04.02.2026) во 09:15 часот на бул. „Кочо Рацин“ во Скопје, полициски службеници од Секторот за меѓународна полициска соработка го лишија од слобода А.Ј. (25) од Гостивар, кој бил баран со потерница по судска наредба поради бегство од Затворот „Идризово“.А.Ј. е осуден на затворска казна од пет години и еден месец за сторени кривични дела по членовите 236 и 215 од Кривичниот законик. По лишувањето од слобода, тој е спроведен во Затворот „Идризово“ за доиздржување на казната.

Скопје | пред 1 месец

media-library4j88o06argn48A14PBn

(Видео) „Ми земаа кола 700 евра! Да ми се врати оти со пет деца во шупа живеам“, протест на патот Битола-Охрид оти сакаат да возат без возачки

Социјалниот револт поради одземањето на возилата на лица кои управуваат без возачка дозвола кулминираше на патот Битола–Охрид, каде демонстрантите јавно ги изнесуваат своите лични приказни и причини за протестот.„Ние сме од Битола, ние сме од нашите, некои немаме возачки. Денеска ми земаа 700 евра кола. Пет деца имам, во шупа живеам. Кај да одиме?“, вели еден од демонстрантите, објаснувајќи дека возилото за него не е луксуз, туку единствено средство за преживување.Тој директно ги поврзува протестите и блокадите со последните законски измени со кои се предвидува задолжително одземање на возила управувани без возачка дозвола. „Гледај сега што направи претседателот со ова. Е сега гледај ние што правиме. Прилеп, Ресен, Битола – сѐ е блокирано. Уште 2000 души доаѓаат“, изјавува демонстрантот, нагласувајќи дека протестите се шират и дека незадоволството расте.Во неговото обраќање доминира чувството на социјална безизлезност. „Без возачки што беа луѓето трпат за леб. Греотичка сме, кај да најдеме леб? Овде што сме ние, немаме возачки. Ни даваат по 50 евра социјално“, вели тој, додавајќи дека барањето е едноставно и директно: „Колата да ми се врати“.Ваквите сведоштва ја отсликуваат атмосферата на протестите, каде што законските мерки за зголемување на безбедноста во сообраќајот се судираат со длабоки социјални проблеми и сиромаштија. Демонстрантите порачуваат дека за нив возилото претставува основно средство за егзистенција, а не прекршок од кој може лесно да се откажат, додека институциите најавуваат дека законот ќе се применува без исклучоци.

Настани | пред 1 месец

media-librarya6n7f26cob4d0UPEEyc

(Видео) Камион излета од патот Битола-Прилеп

Сообраќајна незгода е регистрирана на патниот правец Битола – Прилеп, каде камион излетал од коловозот и се превртел покрај патот.Засега нема официјални информации дали во несреќата има повредени лица, ниту пак се познати причините поради кои дошло до излетувањето и превртувањето на товарното возило.На местото на настанот се присутни полициски екипи кои вршат увид, а повеќе детали се очекуваат по завршување на истрагата.

Македонија | пред 1 месец

media-librarynbqnl1fa558vd8P9eUD

(Видео) Протест во Штип поради одземање возила: запален оган и тензии со полицијата

Граѓани од ромската заедница протестираат во Штип, каде што палат оган на јавна површина. Причината за протестот, како што посочуваат, е одземањето на возилата на дел од нив поради управување без возачка дозвола, мерка што произлегува од новите законски одредби.На местото е повикана и пристигнува Противпожарна екипа, но демонстрантите не дозволуваат пристап за гаснење на огнот. Повеќе од 20 минути трае расправија меѓу учесниците на протестот и полициските службеници, по што полицијата повикува и засилување.Демонстрантите тврдат дека мерката е неправедна и дека им се одземаат возилата, иако ги управуваат без возачка дозвола, поради што извикуваат „бараме правда“. Атмосферата е напната, а огнот сè уште гори.Полициските службеници се обидуваат да им укажат дека палењето оган претставува опасност и дека истиот мора итно да биде изгаснат, но демонстрантите продолжуваат да одбиваат соработка. Засега нема официјални информации за приведени лица, но од надлежните се очекува постапување согласно законот.

Настани | пред 1 месец

media-librarytljvsfk8b6jm7xCIUCF

Управувал возило со 2.09 промили алкохол во крвта

Денеска (03.02.2026) во 17:30 часот на автопат Куманово-ГП Табановце полициски службеници од Мобилна единица за безбедност на сообраќајот на патиштата го лишиле од слобода Б.Ѓ (35) Куманово.Имено, при контрола полициските службеници сопреле моторно возило „фолксваген голф“ со кумановски регистарски ознаки, кое го управувал Б.Ѓ. и по извршен алкотест било констатирано дека возачот е под дејство на алкохол, односно дека управува моторно возило со 2,09 промили алкохол во крвта. Б.Ѓ. е лишен од слобода и е задржан во полициска станица за понатамошна постапка, а возилото е одземено.

Македонија | пред 1 месец

policija-policaec-35-450x270-1

Лишени од слобода двајца возачи од Скопје и Куманово, возеле без положен возачки испит – возилата одземени

Двајца возачи од Куманово и Скопје биле лишени од слобода откако било утврдено дека управувале моторни возила без положен возачки испит, а нивните возила биле одземени, соопшти полицијата.На 3 февруари 2026 година во 12:40 часот, на патниот правец Куманово – село Липково, полициски службеници од Мобилната единица за безбедност на сообраќајот при Секторот за сообраќајни работи го лишиле од слобода Ш.А. (31) од Куманово. При извршена сообраќајна контрола било сопрено патничко возило „голф“ со кумановски регистарски ознаки, при што било констатирано дека возачот управувал возило без положен возачки испит за Б категорија. Лицето било задржано во полициска станица, а возилото било одземено.Истиот ден, во 13:00 часот на улицата „Јустинијан Први“ во Скопје, полициски службеници од истата мобилна единица го лишиле од слобода И.Џ. (20) од Скопје. При контрола на патничко возило „опел“ со скопски регистарски ознаки, било утврдено дека и тој управувал без положен возачки испит за Б категорија. И ова лице било задржано во полициска станица, а возилото било одземено.По целосно документирање на случаите, против двајцата ќе следуваат соодветни поднесоци.

Македонија | пред 1 месец

media-libraryooa6qk51d0j693IBSQ6

(Видео) Одземањето на возила на тие кои немаат возачки донесе блокирање на патот Битола-Охрид со запален отпад

Со палење пластика и ѓубре, група граѓани од ромската заедница организираа протест и го блокираа регионалниот пат Битола–Охрид, поради што сообраќајот беше привремено прекинат. Протестот беше проследен со извици „нема правда, нема мир“ и „бараме правда“, а чад од запалениот отпад се забележуваше и од поголема оддалеченост.Според неофицијални информации, причината за протестот е одземањето на возилата на лица кои управувале без положен возачки испит, мерка што стапи во сила со последните измени на Законот за прекршоци. Дел од присутните јавно негодуваа поради, како што велат, високата вредност на одземените автомобили, а на една од снимките од настанот се слуша извикување „5.000 евра кола ми земавте“.Присутните се жалеа на дискриминација, објаснувајќи дека тие немаат завршено училиште за да полагаат за возачка.На местото на протестот биле присутни и полициски службеници, кои ја следеле состојбата. Засега нема официјална информација за приведени лица или за времетраењето на блокадата, ниту пак за евентуални понатамошни мерки.

Настани | пред 1 месец

media-library9rgd4tjbgbnh4DzR37X

Тешка кражба на струја за копање криптовалути: ЕВН издаде сметка од 260.000 евра

Утврдена е тешка кражба на електрична енергија од трафостаница, по што на сторителот му е изготвена фактура за надомест на штета во износ од 16 милиони денари или околу 260.000 евра, соопшти ЕВН Дистрибуција.Тимот за откривање на неовластено користење на електрична енергија побарал од МВР да се спроведе пребарување и да се вклучи вешто лице, поради основи на сомневање за кражба на електрична енергија во деловен објект на улица Бутелска во Скопје.При тоа е констатирано дека противправно се користела електрична енергија преку неовластено приклучување на 3 нисконапонски кабли во самата трафостаница во сопственост на Електродистрибуција.– Деловен објект, поранешен млин, бил користен за неовластено снабдување на системи со графички картички за копање биткоини – соопшти ЕВН Дистрибуција.Направен е Записник за неовластено користење, изготвени се наод и мислење од овластено вешто лице. Поднесена е пријава за неовластено преземање на електрична енергија до МВР според член 235-а од Кривичниот законик.

Скопје | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања