Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

МВР

soobrakajka

Тројца возачи приведени поради алкохол во Куманово и Прилеп, еден предизвикал и сообраќајка удирајќи во три паркирани возила: има повредени

Тројца возачи се лишени од слобода во Куманово и Прилеп поради управување моторни возила под дејство на алкохол, а во еден од случаите е предизвикана и сообраќајна несреќа, велат од МВР и додаваат:На 27 јануари 2026 година, околу 21:00 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода М.Ј. (35) од Куманово. Претходно, во 20:20 часот, на улицата „Ѓорче Петров“ во Куманово, управувајќи патничко возило „пежо“, тој удрил во три паркирани возила. По извршените проверки било утврдено дека возачот бил под дејство на алкохол, при што му биле измерени 1,74 промили алкохол во крвта.Во Прилеп, на 28 јануари 2026 година, во 01:30 часот, на улицата „Цар Самоил“, полициски службеници од ОВР Прилеп го лишиле од слобода А.Т. (43) од Прилеп. При контрола на патниот сообраќај било запрено патничко возило „тојота“ со прилепски регистарски ознаки, кое тој го управувал, а по преземените мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно измерени му биле 2,13 промили алкохол во крвта.Исто така, на 28 јануари 2026 година, во 01:00 часот, на улицата „Александар Македонски“ во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп го лишиле од слобода и А.К. (35) од Прилеп. При сообраќајна контрола било запрено патничко возило „опел“ со прилепски регистарски ознаки, а по извршените проверки било утврдено дека возачот бил под дејство на алкохол, со измерени 2,54 промили алкохол во крвта.По целосно документирање на случаите, против лицата ќе бидат поднесени соодветни пријави по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“.

Македонија | пред 2 месеци

media-library0m93ufldt2e80yYEqce

Протест на ССМ денеска од 17 часот, изменет сообраќај во центарот на Скопје во попладневните часови

Денеска (28 јануари 2026 година) во Скопје ќе биде воведен посебен режим на сообраќај поради најавен протест во организација на Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ).Како што информира Министерството за внатрешни работи, протестот ќе започне во 17:00 часот, а учесниците ќе се движат по следната траса: од пред зградата на ССМ на улицата „Мирче Ацев“, лево по улицата „Филип Втори Македонски“, десно по улицата „11 Октомври“, право по улицата „Димитрие Чуповски“, десно по улицата „Васил Главинов“, право по булеварот „ВМРО“, лево по булеварот „Илинден“, со крајна дестинација пред зградата на Владата.Поради тоа, Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе соодветни мерки за регулирање на сообраќајот на наведените сообраќајници, со цел безбедно и непречено одвивање на протестот.Од МВР апелираат до граѓаните да ги почитуваат наредбите и упатствата на полициските службеници и, доколку е можно, да користат алтернативни правци на движење за да се избегнат застои и метеж во сообраќајот.

Скопје | пред 2 месеци

mobilen-telefon

Ја истепал сопругата, па и го одзел мобилниот телефон

На 26 јануари 2026 година во 16:00 часот, во Полициската станица Кисела Вода, полициски службеници од СВР Скопје извршиле службен разговор со В.Т. (49) од Скопје.Постапката била преземена по претходна пријава од неговата 42-годишна сопруга, која навела дека на 24 јануари 2026 година, во семејниот дом на подрачјето на Општина Центар, била физички нападната, при што ѝ бил одземен и мобилниот телефон.По целосно документирање на случајот, против лицето ќе следува соодветен поднесок.

Скопје | пред 2 месеци

media-libraryuj1h4p7somd7b17zL46

Два автомобили опожарени синоќа во Скопје

Две патнички возила од марката „ауди“ биле опожарени изминатата ноќ на паркинг простори во Скопје, информираат од Министерството за внатрешни работи.Првиот случај бил пријавен на 27 јануари 2026 година околу 02:00 часот, кога во СВР Скопје било пријавено дека на паркинг на улицата „Христо Татарчев“ било запалено возило „ауди“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на 20-годишниот Г.Ч. од Скопје. Во пожарот нема повредени лица, а огнот бил изгаснат од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје. На местото бил извршен увид од полициска екипа.Околу час и половина подоцна, во 03:30 часот, полицијата добила уште една пријава за опожарување. На паркинг простор на улицата „Лазар Димитров“ било запалено патничко возило „ауди А4“ со скопски регистарски таблички, сопственост на 61-годишната Р.Л.Г. од Скопје. И во овој случај нема повредени, а пожарот бил изгаснат од противпожарната служба.Полицијата извршила увид на двете локации и презема мерки за утврдување на причините за пожарите.

Скопје | пред 2 месеци

media-libraryvi23ecleuju93chcR5Z

Гостиварец со остар предмет се обидел да го нападне сопствениот син

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против З.Ш. (59) од Гостивар, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување со опасно орудие при тепачка или караница“.Според пријавата, на 27 ноември 2025 година, во семејниот дом, осомничениот со остар предмет се обидел да го нападне својот 35-годишен син. Настанот бил пријавен, по што полицијата презела соодветни мерки и активности, а против лицето е поднесена кривична пријава до надлежното обвинителство.

Македонија | пред 2 месеци

ucenici

Наставник од Ѓорче тепал ученик

На 26 јануари 2026 година во 15:30 часот, во СВР Скопје, С.С. (36) од селото Сарај, скопско, пријавил дека неговиот малолетен син бил физички нападнат од наставник.Според пријавата, инцидентот се случил околу 12:40 часот во спортската сала на основно училиште на подрачјето на Ѓорче Петров во Скопје, каде што, наводно, детето било нападнато од А.П. (48) од Скопје, кој е наставник во училиштето.Од Министерството за внатрешни работи информираат дека по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Скопје | пред 2 месеци

dokumenti

Референтка се здружила со струмичанец и преку фалсификување на договор префрлиле имот спротивно на закон, вели МВР

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Валандово поднесе кривична пријава против К.Д. (55) од село Јосифово, поради основано сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“, како и против З.М. (51) од Струмица, осомничен за кривично дело „измама“.Според информациите од полицијата, второпријавениот З.М. во текот на 2022 година дал полномоштво на друго лице за продажба на негов недвижен имот, иако претходно имал дадено изјава дека истиот нема да го отуѓува, заложува или на кој било начин да го става на располагање без писмена согласност од ремитентот – кредитор.По даденото полномоштво, овластеното лице склучило договор за продажба на недвижниот имот со таткото на З.М., а договорот бил потврден, односно солемнизиран кај нотар и електронски спроведен во надлежното Одделение за катастар на недвижности, со цел запишување на промената.Дополнително, првопријавената К.Д., во својство на самостоен референт за геодетски работи, извршила промена во катастарската евиденција, при што спорната парцела била вратена на претходниот сопственик, односно на второпријавениот З.М.

Македонија | пред 2 месеци

avtobus

Возач на приватен автобус натепал скопјанец

На 25 јануари 2026 година во 15:50 часот, во СВР Скопје, В.П. (29) од Скопје пријавил дека бил физички нападнат на паркинг простор на подрачјето на Карпош.Според пријавеното, инцидентот се случил по претходно недоразбирање во автобус во сопственост на приватна фирма, при што тој бил нападнат од возачот на автобусот и уште едно лице.Од Министерството за внатрешни работи информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Скопје | пред 2 месеци

media-library8rbk0brmvdnv4wziuyT

На поранешната девојка и се заканувал со компромитирачко видео од неа

На 26 јануари 2026 година во 11:30 часот, во Полициската станица Кисела Вода, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода Р.Ќ. (32) од Скопје.Приведувањето било извршено по претходна пријава од неговата 34-годишна поранешна партнерка, која пријавила дека на 23 јануари 2026 година ѝ упатувал закани дека ќе објави компромитирачка видео-снимка од неа.По целосно документирање на случајот, против лицето ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Скопје | пред 2 месеци

dokumenti

Со лажни ветувања за документи измамил турски државјанин за 6.650 евра

На 26 јануари 2026 година во 13:40 часот, на кејот „Димитар Влахов“ во Скопје, полициски службеници од ЕВР Центар и Бит Пазар го лишиле од слобода К.К. (30) од Република Турција.Тој се сомничи дека сторил кривично дело измама, при што оштетил друг турски државјанин за износ од 6.650 евра. Според пријавеното, во октомври 2025 година, преку социјална мрежа стапил во контакт со оштетениот и му ветил дека ќе посредува за добивање документи за работа и престој во државата. По тоа, оштетениот во повеќе наврати му префрлал пари преку трансакциска сметка.Откако осомничениот престанал да одговара на повиците и пораките, случајот бил пријавен во полициска станица. Полицијата презема мерки и активности за целосно расчистување на настанот.

Македонија | пред 2 месеци

semejno-nasilstvo

Маж психички ја малтретирал сопругата, па потоа физички ја нападнал

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Делчево поднесе кривична пријава против 54-годишен жител на Делчево, поради основано сомнение дека сторил кривични дела „загрозување на сигурноста“ и „телесна повреда“.Според пријавата, осомничениот подолг временски период психички ја малтретирал својата 54-годишна сопруга, упатувајќи ѝ закани, а во периодот од 6 до 8 јануари 2026 година, во семејниот дом извршил и физички напад врз неа.

Македонија | пред 2 месеци

soobrakjajka-izletano-vozilo

Излетал од патот – возач фатен со 3,19 промили алкохол

На 26 јануари 2026 година, во 23:07 часот, полициски службеници од ОВР Кратово го лишија од слобода С.С. (38) од село Татомир, кратовско. Претходно, околу 22:45 часот, на регионалниот пат село Татомир – Кратово, во близина на село Туралево, возачот изгубил контрола и излетал од патот.При извршени проверки било утврдено дека С.С. управувал возило под дејство на алкохол, при што му биле измерени 3,19 промили алкохол во крвта.По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик за „безобѕирно управување со моторно возило“.

Македонија | пред 2 месеци

uapsen

Лишен од слобода кумановец за издржување казна од 40 месеци

На 27.01.2026 година околу 00:15 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода М.С. (28) од Куманово.Тој бил баран по централна потерница врз основа на судска наредба за издржување казна затвор од три години и четири месеци поради сторени кривични дела „тешка кражба“ според член 236 од Кривичниот законик.Лицето е спроведено во Казнено-поправната установа „Затвор Идризово“ за издржување на казната.

Македонија | пред 2 месеци

media-library7gtdr65gr0o635RUCYN

Ќе се тестират камерите на автопатот Охрид-Кичево

Секторот за внатрешни работи Охрид, денеска, во рамки на проектот „Безбеден град“ ќе спроведува активности за тестирање, калибрација и верификација на поставените уреди (камери) за сообраќаен надзор на подрачјето на Охрид, поточно на автопатската делница Охрид-Кичево, помеѓу селата Горенци и Требеништа и помеѓу Ботун и Ново Село, општина Дебрца. Предвидените активностите ќе се реализираат со почеток во 12 часот при што, на секоја локација со поставена камера постапката ќе се изврши еднократно и ќе трае од 15 до 30 минути.Aпелираме до сите учесници во сообраќајот на овој патен потег, да покажат разбирање за неопходноста од планираните мерки, да ги почитуваат привремените ограничувања и насоките на полициските службеници со цел, безбедно реализирање на планираните активности.

Македонија | пред 2 месеци

media-libraryjsahk42s1lfveGFSTj5

Тројца пешаци тешко повредени во три сообраќајни несреќи во Скопје, Куманово и Битола

На 26 јануари 2026 година, во три одделни сообраќајни несреќи во Скопје, Куманово и Битола, тројца пешаци се здобија со тешки телесни повреди.Околу 17:20 часот во Скопје, на крстосницата на ул. „Васил Ѓоргов“ и ул. „Шарски Одреди“, патничко возило „Фолксваген Фокс“ со скопски регистарски ознаки, управувано од З.А. (60) од Скопје, удрило во пешакот Б.К. (59) од Скопје. Поради ударот, пешакот се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“ во Скопје. На местото на настанот извршен е увид од екипа на СВР Скопје.Во Куманово, околу 19:25 часот, патничко возило „Даеву Тико“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од М.Ј. (23), удрило во пешакот С.К. (67). Поради ударот, С.К. се здобила со тешки телесни повреди и била пренесена во Општата болница Куманово. Исто така, извршен е увид од екипа на СВР Куманово.Во Битола, околу 17:48 часот, мотоцикл удрил во пешакот С.Д. (76) на ул. „Смилевски конгрес“ и го напуштил местото на настанот. Пешакот се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во болницата во Битола, а увид извршила екипа на СВР Битола.Сите случаи се под истрага и увидот продолжува, а повредените се на лекување.

Македонија | пред 2 месеци

media-library1gidp34bpug3eZ5IWTB

Пронајдени две торби марихуана во Скопје – лишени од слобода две лица

На 26 јануари 2026 година, околу 15:30 часот, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје лишија од слобода 37-годишниот Н.А. од Скопје. При преглед на неговото возило беа пронајдени две патнички торби со марихуана.Следниот ден, на 27 јануари, околу 00:10 часот, на ул. „Цветан Димов“ во Скопје, полициски службеници од истата единица го лишија од слобода 21-годишниот Е.Х. од Тетово, кај кого беше пронајдена марихуана.По целосно документирање на случаите, против двете лица ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Скопје | пред 2 месеци

avtobus

Автобус удри девојче во Ново Село, сообраќајот кон Волково се одвива во една лента

Сообраќајот кон скопската населба Волково попладнево се одвива отежнато и само по една коловозна лента, поради сообраќајна незгода што се случила во непосредна близина на Основното училиште „Тихомир Милошоски“ во скопската населба Ново Село.Според информации што ги споделуваат граѓани на социјалните мрежи, во незгодата бил вклучен приватен автобус кој удрил во девојче, при што таа, според првичните наводи, се здобила со полесни повреди.На местото на настанот сообраќајот е делумно регулиран, а се создаваат и застои во движењето на возилата во правец кон Волково. Повеќе информации за околностите под кои се случила сообраќајната незгода се очекуваат од Министерството за внатрешни работи.

Скопје | пред 2 месеци

media-libraryi3jf2rmth9944Z9v0SB

Државјанин на Камерун фатен со француска лична карта барана од Интерпол, ја купил од скопјанец

На 25 јануари 2026 година, во 18:12 часот, на Граничниот премин Табановце, на излез од државата, полициски службеници го лишиле од слобода П.М.Ф.Б. (29) од Камерун. При извршената гранична контрола било констатирано дека тој на увид приложил туѓа француска лична карта, која била евидентирана како предмет на потрага од Интерпол.По дополнителната проверка, утврдено е дека лицето било регистрирано во Прифатниот центар „Визбегово“, а при службениот разговор изјавило дека француската лична карта ја набавил од лице од Скопје за сума од 1.000 евра.Приведениот е предаден на полициски службеници од СВР Куманово за понатамошна постапка, а по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Македонија | пред 2 месеци

20220325143806

Малолетници запалиле автобус во училишен двор во Радовиш

На 25 јануари 2026 година, во 20:30 часот, во Полициската станица Радовиш е пријавено дека избувнал пожар на автобус паркиран во дворното место на Основното училиште „Крсте Петков Мисирков“ во Радовиш.На местото веднаш интервенирала екипа на Територијалната противпожарна единица Радовиш, која успешно го изгаснала пожарот. Во инцидентот нема повредени лица.По преземените мерки и активности, полициските службеници утврдиле дека пожарот бил предизвикан од две малолетни лица од Радовиш. Со нив биле извршени службени разговори во присуство на нивните родители, при што малолетниците го признале делото. Воедно, од нив била одземена и запалката со која го предизвикале пожарот.За настанот е известен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица, а по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Македонија | пред 2 месеци

kreditni_karticki_1_151010-600x450

Штипјанец злоупотебил туѓа картичка и подигнал над 31 илјада денари од банкомати

СВР Штип поднесе кривична пријава против Џ.К. (24) од Штип поради основано сомнение дека сторил кривично дело „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем“.Според пријавата, на 20 октомври 2025 година, осомничениот без согласност и дозвола од женско лице од Штип неовластено ја прибавил и ја употребил нејзината банкарска картичка. Со картичката извршил четири успешни трансакции на два банкомати во Штип, при што одзел вкупно 31.300 денари.Против него е поднесена соодветна кривична пријава, а случајот се процесуира согласно законските прописи.

Македонија | пред 2 месеци

media-librarygan6kj3hhkpp8ltitPV

Кичевчанец нападнал 28-годишник со стаклен предмет во угоститлески објект

На 25.01.2026 година, во 14:00 часот, во ОВР Кичево е пријавено дека во угостителски објект во Кичево, Д.С. (30) со стаклен предмет го нападнал Д.Б. (28), двајцата од Кичево.По целосно документирање на настанот, против напаѓачот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Македонија | пред 2 месеци

525260601_10164110712530934_3299071640872807828_n

Жена од Кичево нападнала малолетник на улица

На 25.01.2026 во 12:50 часот во ОВР Кичево е пријавено дека Б.Б.(49) од Кичево, на улица „Влашки пат“ физички нападнала малолетник.По целосно документирање на настанот, против неа ќе биде поднесена соодветна пријава.

Македонија | пред 2 месеци

media-librarypif28ud6ql1459mpYO6

Младо момче од кавадаречко пронајдено мртво во својот дом во кавадаречко

Дваесет и четиригодишно момче почина во селото Возарци, кавадаречко, а телото е предадено на обдукција со цел да се утврди точната причина за смртта, информираа од Секторот за внатрешни работи – Велес.Според официјалните информации, синоќа околу 22:30 часот во Одделението за внатрешни работи Кавадарци било пријавено дека во семејниот дом во селото Возарци починал С.П. (24), жител на истото село. На местото пристигнал лекар од Итната медицинска помош – Кавадарци, кој констатирал смрт, при што не биле забележани видливи траги на насилство.По насоки на дежурен јавен обвинител, телото на починатиот е дадено на обдукција, а надлежните институции продолжуваат со постапките за целосно расветлување на случајот. Од СВР – Велес посочуваат дека повеќе информации ќе бидат соопштени по добивањето на резултатите од обдукцијата.

Македонија | пред 2 месеци

media-libraryqgo5ra0l87nfavxMVwt

Две лица приведени во Скопје по пронајдена марихуана

Два одвоени инциденти во Скопје завршија со приведување на лица поради пронајдена дрога.На 25 јануари 2026 година, во 12:30 часот, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишија од слобода М.А. (31) од Скопје, откако при преглед кај него била пронајдена марихуана.Истиот ден, во 12:00 часот, на улицата „Волковска“ од слобода е лишен Ѓ.Л. (44) од Скопје, поради пронајдена марихуана при преглед.По завршувањето на документацијата за случаите, ќе бидат поднесени соодветни поднесоци против приведените.

Скопје | пред 2 месеци

media-librarys7om2kqll30h2CYB0o0

Три автомобили се судрија во тетовско, две лица префрлени на клиника во Скопје

На 25 јануари 2026 година, во 22:50 часот, СВР Тетово доби пријава за сообраќајна несреќа на регионалниот пат село Јажинце – Тетово, во близина на влезот за село Непроштено, во која учествувале три патнички возила „Фолксваген Голф“ со тетовски регистарски ознаки.Возилата ги управувале Е.С. (25) од село Слатино, А.И. (55) од село Доброште и А.Ј. (19) од село Слатино.Во несреќата, со тешки телесни повреди се здобиле Е.С. и неговиот сопатник Б.С. (36), кои по укажаната помош во Клиничка болница Тетово, поради сериозноста на повредите, се префрлени во Комплекс клиниките „Мајка Тереза“ во Скопје.Исто така, со тешки повреди се здобила Ш.В. (45) од село Доброште, сопатничка во возилото управувано од А.И., кој се здобил со телесни повреди. Со телесни повреди се здобил и возачот А.Ј. од село Слатино.На местото на несреќата увид извршила екипа од СВР Тетово во координација со јавен обвинител, а истрагата е во тек.

Македонија | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања