Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

МВР

kreditni_karticki_1_151010-600x450

Штипјанец злоупотебил туѓа картичка и подигнал над 31 илјада денари од банкомати

СВР Штип поднесе кривична пријава против Џ.К. (24) од Штип поради основано сомнение дека сторил кривично дело „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем“.Според пријавата, на 20 октомври 2025 година, осомничениот без согласност и дозвола од женско лице од Штип неовластено ја прибавил и ја употребил нејзината банкарска картичка. Со картичката извршил четири успешни трансакции на два банкомати во Штип, при што одзел вкупно 31.300 денари.Против него е поднесена соодветна кривична пријава, а случајот се процесуира согласно законските прописи.

Македонија | пред 2 месеци

media-librarygan6kj3hhkpp8ltitPV

Кичевчанец нападнал 28-годишник со стаклен предмет во угоститлески објект

На 25.01.2026 година, во 14:00 часот, во ОВР Кичево е пријавено дека во угостителски објект во Кичево, Д.С. (30) со стаклен предмет го нападнал Д.Б. (28), двајцата од Кичево.По целосно документирање на настанот, против напаѓачот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Македонија | пред 2 месеци

525260601_10164110712530934_3299071640872807828_n

Жена од Кичево нападнала малолетник на улица

На 25.01.2026 во 12:50 часот во ОВР Кичево е пријавено дека Б.Б.(49) од Кичево, на улица „Влашки пат“ физички нападнала малолетник.По целосно документирање на настанот, против неа ќе биде поднесена соодветна пријава.

Македонија | пред 2 месеци

media-librarypif28ud6ql1459mpYO6

Младо момче од кавадаречко пронајдено мртво во својот дом во кавадаречко

Дваесет и четиригодишно момче почина во селото Возарци, кавадаречко, а телото е предадено на обдукција со цел да се утврди точната причина за смртта, информираа од Секторот за внатрешни работи – Велес.Според официјалните информации, синоќа околу 22:30 часот во Одделението за внатрешни работи Кавадарци било пријавено дека во семејниот дом во селото Возарци починал С.П. (24), жител на истото село. На местото пристигнал лекар од Итната медицинска помош – Кавадарци, кој констатирал смрт, при што не биле забележани видливи траги на насилство.По насоки на дежурен јавен обвинител, телото на починатиот е дадено на обдукција, а надлежните институции продолжуваат со постапките за целосно расветлување на случајот. Од СВР – Велес посочуваат дека повеќе информации ќе бидат соопштени по добивањето на резултатите од обдукцијата.

Македонија | пред 2 месеци

media-libraryqgo5ra0l87nfavxMVwt

Две лица приведени во Скопје по пронајдена марихуана

Два одвоени инциденти во Скопје завршија со приведување на лица поради пронајдена дрога.На 25 јануари 2026 година, во 12:30 часот, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишија од слобода М.А. (31) од Скопје, откако при преглед кај него била пронајдена марихуана.Истиот ден, во 12:00 часот, на улицата „Волковска“ од слобода е лишен Ѓ.Л. (44) од Скопје, поради пронајдена марихуана при преглед.По завршувањето на документацијата за случаите, ќе бидат поднесени соодветни поднесоци против приведените.

Скопје | пред 2 месеци

media-librarys7om2kqll30h2CYB0o0

Три автомобили се судрија во тетовско, две лица префрлени на клиника во Скопје

На 25 јануари 2026 година, во 22:50 часот, СВР Тетово доби пријава за сообраќајна несреќа на регионалниот пат село Јажинце – Тетово, во близина на влезот за село Непроштено, во која учествувале три патнички возила „Фолксваген Голф“ со тетовски регистарски ознаки.Возилата ги управувале Е.С. (25) од село Слатино, А.И. (55) од село Доброште и А.Ј. (19) од село Слатино.Во несреќата, со тешки телесни повреди се здобиле Е.С. и неговиот сопатник Б.С. (36), кои по укажаната помош во Клиничка болница Тетово, поради сериозноста на повредите, се префрлени во Комплекс клиниките „Мајка Тереза“ во Скопје.Исто така, со тешки повреди се здобила Ш.В. (45) од село Доброште, сопатничка во возилото управувано од А.И., кој се здобил со телесни повреди. Со телесни повреди се здобил и возачот А.Ј. од село Слатино.На местото на несреќата увид извршила екипа од СВР Тетово во координација со јавен обвинител, а истрагата е во тек.

Македонија | пред 2 месеци

media-librarypbn8bmh8tu7h8cJG3KG

(Видео) Со необележани полициски возила ќе се мери брзина и ќе се казнува низ Македонија

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски најави дека паралелно со системот “Сејф сити” ќе бидат активирани и полициски возила со мобилни камери на т.н црни точки.“За многу побрзо од шест месеци ќе може со камерите имплементирани во рамки на возилата да ги ставиме во функција”, рече Тошковски.Изминативе денови се врши тестирање на камерите на сите точки каде се поставени.

Македонија | пред 2 месеци

policija-2

Акциска контрола во Скопје: 37 сообраќајни прекршоци, одземен мотоцикл, две лица уапсени за дрога

На 25 јануари 2026 година, во периодот од 14:00 до 22:00 часот, Одделението за безбедност на патниот сообраќај Скопје заедно со Единицата за недозволена трговија со дрога при СВР Скопје спроведоа зајакната акциска контрола на подрачјето на општина Аеродром.При контролата, од слобода се лишени Б.П. (33) и К.З. (21), двајцата од Скопје, затоа што кај нив беше пронајдена и одземена марихуана. Кај Д.А. (26) од Скопје бил пронајден и одземен нож, а во друг случај е одземен мотоцикл поради сомневање за фалсификат.Во текот на акцијата санкционирани се 37 сообраќајни прекршоци, меѓу кои две за управување возило без возачка дозвола, две за истечена регистрација и една за управување под дејство на алкохол. Извршена е контрола на 55 моторни возила, легитимирање на 55 лица и преглед на 48 возила.

Скопје | пред 2 месеци

GP-Tabanovce

МВР ќе обезбеди непречен сообраќај за патничките возила и автобусите

Министерството за внатрешни работи – Оддел за гранични работи и миграција ја информира јавноста дека до Министерството за внатрешни работи е доставена најава за одржување на јавен протест од страна на асоцијацијата „Макам-транс“, кој е најавен да започне денеска (26.01.2026) од 12:00 часот.Според доставената најава, протестот е планиран да се реализира на следните гранични премини: Деве Баир, Делчево, Ново Село, Дојран, Богородица, Меџитлија, Ќафасан, Блаце и Блато.Протестот ќе се манифестира со ограничување на сообраќајот за товарни моторни возила, односно со затворање на коловозните ленти и терминалите наменети за товарен сообраќај, додека патничкиот сообраќај ќе се одвива непречено на сите гранични премини. Според најавата на организаторот, протестот е предвидено да трае до седум дена, со можност да биде прекинат и порано, доколку во меѓувреме дојде до надминување на причините поради кои е организиран.Министерството за внатрешни работи, во согласност со своите законски надлежности, ќе преземе соодветни мерки и активности за одржување на јавниот ред и мир, како и за обезбедување на безбеден и непречен сообраќај, со посебен акцент на движењето на патничките возила, автобусите и возилата кои превезуваат лекови, жива стока, опасни материи и други приоритетни пратки. МВР апелира до граѓаните и до превозниците навремено да се информираат за состојбата на граничните премини, да ја следат официјалната комуникација и, доколку е потребно, да користат алтернативни гранични премини.

Македонија | пред 2 месеци

media-librarydphh3e7c0lpo5vmaQPY

(Фото) Малолетник со автомобил прегазил пешак во Долно Коњари, повредениот се бори за живот

Малолетно лице управувајќи патничко возило предизвикало тешка сообраќајна незгода во скопското село Долно Коњари, во која сериозно е повреден пешак, кој се наоѓа во животно загрозувачка состојба.Од Министерството за внатрешни работи информираат дека несреќата била пријавена денеска околу 11:30 часот. Според првичните информации, автомобил со скопски регистарски ознаки, управуван од малолетник, најпрво удрил во паркирано возило, по што продолжил да се движи и удрил во пешакот И.Ф.Повредениот веднаш бил пренесен со возило на Итната медицинска помош во Ургентниот центар „Мајка Тереза“ во Скопје, каде му биле констатирани тешки телесни повреди. Лекарите информираат дека неговата состојба е критична и дека се преземаат сите неопходни медицински мерки.За настанот е известен дежурен јавен обвинител за малолетници, а полициските служби вршат увид и преземаат активности за целосно расчистување на случајот и утврдување на одговорноста.

Скопје | пред 2 месеци

mobilen-telefon

Се претставил како инспектор, изнудил пари од жена за наводна сообраќајка, па бил фатен на граница

СВР Битола, во координација со Одделот за криминалистичка полиција при Бирото за јавна безбедност, поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство Битола против М.А. (46) од Скопје, поради сомнение за сторено кривично дело „Измама“ по член 247 од Кривичниот законик.Како што информираат од полицијата, на 11 ноември 2025 година, 72-годишна жителка на селото Буково била жртва на телефонска измама. Лице кое се претставило како полициски инспектор ѝ се јавило и лажно ја известило дека нејзината ќерка и зет предизвикале сообраќајна незгода. Под закана и лажно уверување дека е потребно итно плаќање, жената оставила 40.000 денари и 1.500 американски долари на однапред договорена локација во Битола.Откако подоцна утврдила дека информацијата е невистинита, случајот бил пријавен во полиција, по што биле преземени истражни мерки.Осомничениот бил лишен од слобода на 24 јануари 2026 година на граничниот премин Ќафасан, при што во целост го признал делото. Истражната постапка продолжува во надлежност на Основното јавно обвинителство Битола.

Македонија | пред 2 месеци

media-libraryphbie5gt48bqei7e6uH

Девојка киднапирана во Струга, полицијата поднесе кривични пријави, четири лица се осомничени

ОВР Струга поднесе кривична пријава против четири лица од Скопје поради сомнение за сторени кривични дела „грабнување“ и „соизвршителство при грабнување“, информираат од Министерството за внатрешни работи.Станува збор за А.А. (25), Д.К. (35), Р.К. (18) и Р.К. (21), кои според пријавата, кривичното дело го извршиле на улицата „Маршал Тито“ во Струга, на штета на 23-годишна девојка од Скопје.Според полициските информации, А.А. најпрво ја забележал девојката и извесно време ја следел, по што во погоден момент насилно ја внел во патнички автомобил. Во извршувањето на делото, како што се наведува, му помогнале и останатите пријавени.Од МВР соопштуваат дека по целосно документирање на случајот, против осомничените се поднесени соодветни кривични пријави, а надлежните органи ќе продолжат со понатамошно постапување согласно закон.

Охрид | пред 2 месеци

eZy-Watermark_26-08-2023_12-38-42-4810PM

Возач удрил пешак во Охрид и избегал: на повредениот му нашле 1,69 промили алкохол во крвта

Сообраќајна незгода со бегство од местото на настанот се случила доцна синоќа на улицата „Гоце Делчев“ во Охрид, информираат од Министерството за внатрешни работи.Според полициските информации, на 24 јануари 2026 година околу 23:50 часот, патничко возило удрило во пешакот Б.С. (49) од Охрид, по што возачот без да застане го напуштил местото на несреќата. Повредениот пешак со возило на Итната медицинска помош бил пренесен во Специјалната болница „Св. Еразмо“ во Охрид, каде му биле констатирани телесни повреди.При медицинскиот преглед било утврдено и присуство на алкохол во крвта на пешакот, односно 1,69 промили.Од МВР соопштуваат дека се преземаат мерки за пронаоѓање и идентификување на возачот на автомобилот, по што ќе бидат поднесени соодветни пријави до надлежните органи.

Охрид | пред 2 месеци

media-librarys7om2kqll30h2CYB0o0

Едно лице почина, две тешко повредени во три сообраќајни несреќи

На 25.01.2026 во 04:10 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосницата од бул. „Александар Македонски“, ул. „16 Македонска Бригада“ и ул. „Интернационални Бригади“ во Скопје, патничко возило „форд“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Б.С.(45) од Скопје, излетало од коловозот. Во несреќата возачот се здобил со тешки телесни повреди и со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“ во Скопје, каде што лекар констатирал смрт. По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот било предадено на обдукција во Судската медицина, а увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Скопје.На 24.01.2026 во 15:43 часот во ОВР Кочани било пријавено дека на ул. „Маршал Тито“ во Кочани, патничко возило „фолксваген голф“ со кочански регистарски ознаки, управувано од А.П.(34) од с. Чешиново, излетало од коловозот. Во несреќата возачот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Општа болница Кочани, по што по укажана лекарска помош бил пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје. По наредба на јавен обвинител, извршен бил увид од увидна екипа на ОВР Кочани.Истиот ден, во 15:15 часот во ОВР Гостивар било пријавено дека на регионалниот пат Маврово – Дебар, кај Ростушки мост, се случила сообраќајна несреќа во која патничко моторно возило „фолксваген туран“ со албански национални ознаки, управувано од И.Т.(40) од Република Албанија, излетало од коловозот и се превртело. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката С.Т.(69) од Република Албанија, констатирани во Медицинскиот центар „Св. Еразмо“ во Охрид. Увид на местото на настанот извршила екипа од ОВР Гостивар.

Македонија | пред 2 месеци

krazba-kradenje

Тешка кражба во продажен објект на „Партизански одреди“, одземени пари и електроника

На 24.01.2026 во 10:00 часот  во СВР Скопје е пријавено дека на ул. „Партизански Одреди“ во Скопје, во продажен објект, сопственост на М.Д.(50) од Скопје, била извршена тешка кражба, при што биле одземени пари, таблети и мобилен телефон. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Скопје | пред 2 месеци

media-libraryeq7tv8cc9qc84AAm9Qw

Драма на гробиштата во Ѓорче Петров: Тепачка за паркинг, а бил употребен и дрвен предмет

На 24.01.2026 во 12:00 часот во СВР Скопје е пријавено дека во кругот на гробиштата на подрачјето на Ѓорче Петров во Скопје, по претходно недоразбирање околу паркинг простор, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Ј.Ф.С.(38) и Д.С.(33) двајцата од Скопје, при што Ј.Ф.С. употребила и дрвен предмет, додека Д.С. физички ја нападнал мајката на Ј.Ф.С., С.Ф.(60).По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.

Скопје | пред 2 месеци

media-libraryjlmrdiutfofd23SxeA5

Агресивен маж физички нападнал полицаец за време на службена интервенција

На 24.01.2026 во 20.35 часот во село Смолари, струмичко, полициски службеници од СВР Струмица го лишија од слобода М.М.(48) од село Дражево, струмичко.Тој околу 20.30 часот во село Смолари агресивно се однесувал кон полициски службеници кои извршувале службени задачи, а во еден момент физички нападнал и еден од нив. М.М. е задржан во Полициската станица Струмица и за настанот е запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица. По документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Македонија | пред 2 месеци

media-libraryhauailip3tq1dUUbmca

Страшна сообраќајка во Скопје: Возач загина откако излетал од булевар

На 25.01.2026 во 04:10 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосницата од бул. „Александар Македонски“, ул. „16 Македонска Бригада“ и ул. „Интернационални Бригади“ во Скопје, патничко возило „форд“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Б.С.(45) од Скопје, излетало од коловозот.Во несреќата возачот се здобил со тешки телесни повреди и со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“ во Скопје, каде што лекар констатирал смрт.По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот било предадено на обдукција во Судската медицина, а увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Скопје.

Скопје | пред 2 месеци

media-libraryi74sgg7bee2a9a5IPKE

Пијан возач со 3,15 промили удрил во објект во Велес, па побегнал

На 24.01.2026 во 20:38 часот во СВР Велес е пријавено дека околу 20:30 часот на ул. „Партизанска“ во Велес, патничко возило „мазда“ со неготински регистарски ознаки, управувано од Ј.С.(38) од Неготино, изгубил контрола и удрил во објект, при што го напуштил местото на настанот.Подоцна на ул. „4 јули“ во Велес, возилото и Ј.С. се пронајдени и по извршени проверки е констатирано дека е под дејство на алкохол, односно дека има 3,15 промили алкохол во крвта, по што Ј.С. бил лишен од слобода.

Македонија | пред 2 месеци

media-libraryfisefdcltqbg3o3TEFQ

Привремени прекини на сообраќајот во Куманово и Тетово поради тестирање на системот „Безбеден град“

Министерството за внатрешни работи ја известува јавноста дека утре, 25 јануари, во рамки на проектот „Безбеден град“ ќе се спроведуваат активности за тестирање, калибрација и верификација на поставените уреди за сообраќаен надзор на подрачјето на градовите Куманово и Тетово.Како што информираат од МВР, активностите ќе се реализираат во периодот од 08:00 до 20:00 часот. На секоја локација каде што се поставени камери, постапката ќе се изврши еднократно и ќе трае релативно кратко, односно приближно од 15 до 30 минути.За време на спроведувањето на активностите на конкретната локација, сообраќајот привремено нема да се пропушта, по што ќе продолжи да се одвива нормално и без ограничувања.Од Министерството апелираат до граѓаните и до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат привремените ограничувања, како и да покажат разбирање, трпение и соработка, со цел планираните активности да се реализираат непречено и безбедно.

Македонија | пред 2 месеци

media-librarynmmk7lv8h7ggct7J0EU

Судир на два „мерцедеси“ на патот Тетово–Јажинце, тројца повредени, двајца со тешки повреди

На регионалниот пат Тетово – село Јажинце, кај селото Слатино, вчера пред пладне се случила сообраќајна несреќа во која биле повредени три лица, соопштија од СВР Тетово. Несреќата била пријавена на 23 јануари 2026 година во 11:20 часот.Според информациите од полицијата, во судирот учествувале две патнички возила марка „мерцедес“, двете со тетовски регистарски ознаки. Едното возило го управувал А.И. (33) од селото Доброште, а другото А.Х. (36) од селото Нераште.Во сообраќајната несреќа, двајцата возачи се здобиле со тешки телесни повреди, додека сопатникот Б.А. (26) од селото Нераште се здобил со телесни повреди. Повредите биле констатирани во Клиничката болница во Тетово, каде што повредените биле пренесени за укажување медицинска помош.Увид на местото на настанот извршила увидна екипа на СВР Тетово, а причините за несреќата дополнително ќе се утврдуваат во рамки на истрагата.

Македонија | пред 2 месеци

1-1-1

Лажен „лекар од Словенија“ измамил 86-годишна жена од Виница за 30.000 евра

Осумдесет и шестгодишна жена од Виница пријавила во полиција дека била жртва на тешка измама, при што останала без 30.000 евра, соопшти Министерството за внатрешни работи.Како што е пријавено, на 23 јануари 2026 година во 08:50 часот, во ОВР Виница, жената навела дека била телефонски контактирана од лице кое се претставило како лекар од Словенија. Тој ѝ кажал дека нејзината ќерка, која наводно била на привремена работа во Словенија, се здобила со тешки телесни повреди и дека итно била потребна поголема сума пари за нејзина операција.Верувајќи во кажаното, оштетената ги подигнала парите од банка, по што, според инструкциите што ги добила, во дворот од својата семејна куќа ги предала на лице кое било испратено да ги преземе. Дури откако подоцна стапила во контакт со својата ќерка, сфатила дека станува збор за измама.Од Министерството за внатрешни работи информираат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот и идентификување на сторителот.

Македонија | пред 2 месеци

media-library3gmdcpi8djn1evtcTgd

Кривична пријава за обид за убиство во Охрид: со пиштол пукал во автомобил и тешко повредил возач

СВР Охрид поднесе кривична пријава против М.Т. (40) од охридското село Лескоец, поради основано сомнение дека сторил кривично дело „убиство во обид“, казниво по член 123 од Кривичниот законик.Според информациите од Министерството за внатрешни работи, инцидентот се случил на 30 декември 2025 година, околу 01:00 часот, на локален пат во близина на струшкото село Ливада. Осомничениот со огнено оружје – пиштол, пукал кон паркирано патничко возило „Голф“, при што на возачот Џ.Д.П. (40) од Охрид му нанел тешки телесни повреди.Повредениот бил пренесен и згрижен во Општата болница во Струга, каде што лекарите констатирале тешки телесни повреди. По пукањето, осомничениот со сериозни закани кон сопатничката во возилото ја принудил да влезе во неговиот автомобил.По преземените истражни дејствија и прибирањето на доказите, СВР Охрид поднело кривична пријава до надлежното обвинителство, а против осомничениот ќе се води понатамошна постапка.

Охрид | пред 2 месеци

DSC_0052

Тепачка меѓу жени на паркинг на Бит Пазар, кражби на оружје, апсење на син поради закани кон татко му - полицијата во Скопје со полни раце работа

Во текот на изминатите два дена, во СВР Скопје се евидентирани повеќе случаи на физички напади, закани и тешки кражби на различни локации во главниот град и скопско, информира Министерството за внатрешни работи.На 23 јануари околу 22:40 часот, 48-годишна жена од Скопје пријавила дека била физички нападната од друго женско лице на паркинг простор на подрачјето на Бит Пазар, по претходно недоразбирање околу паркирање. Полицијата презема мерки за целосно расчистување на случајот.Ден претходно, на 22 јануари во 17:20 часот, 54-годишен скопјанец пријавил тешка кражба во неговата викенд-куќа во селото Бразда. Според пријавата, во периодот од 18 до 22 јануари, од објектот биле одземени пневматска воздушна пушка од марката „Хатсан“, модел „AIR TACT ED“, како и пари.Истиот ден, на 23 јануари околу 22:30 часот, жител на општина Илинден пријавил дека неговиот 14-годишен син бил физички нападнат од тројца малолетници на паркинг простор во селото Марино. Според пријавеното, едно од лицата употребило метален предмет. Случајот се истражува.Уште еден физички напад бил пријавен од 18-годишен скопјанец, кој на 23 јануари во 23:20 часот пријавил дека ноќта претходно, пред влезот на неговата зграда во Чаир, бил нападнат од неколку лица.Полицијата на 23 јануари во 11:40 часот лишила од слобода 27-годишен маж од скопско, по пријава од неговиот 60-годишен татко, кој добил заканувачки пораки по мобилен телефон за неговиот живот и животот на сопругата. По целосно документирање, против осомничениот ќе биде поднесен соодветен поднесок.Дополнително, на 22 јануари, 39-годишен жител на Чаир пријавил тешка кражба во неговиот дом, извршена во периодот од 15:00 до 19:40 часот. Од куќата биле одземени 120.000 денари, златен накит и лаптоп. Извршен е увид и истрагата е во тек.Од МВР информираат дека за сите пријавени настани се преземаат соодветни мерки со цел нивно целосно расчистување и утврдување на одговорност.

Скопје | пред 2 месеци

policiski-cas-policaec-skopje-7

Уапсени се шест возачи: Бугарин возел над 200 км/ч, прилепчанец со 1,73 промили алкохол

Шест возачи се лишени од слобода и исклучени од сообраќај во одделни полициски акции спроведени во изминатите два дена на повеќе локации низ државата, информира Министерството за внатрешни работи. Петмина од нив биле затекнати под дејство на алкохол, додека еден возач управувал возило со брзина далеку над дозволената.На 23 јануари 2026 година во 10:46 часот, на автопатот А1 во близина на селото Милетково, гевгелиско, полициски службеници од ОВР Гевгелија го лишиле од слобода А.К. (52) од Република Бугарија. Со радарска контрола било утврдено дека управувал патничко возило „ауди“ со брзина од 205 километри на час, на делница каде што дозволената максимална брзина изнесува 120 километри на час. За случајот бил известен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија, а против возачот е поднесена кривична пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“.Во текот на ноќта на 24 јануари, полицијата регистрирала уште пет случаи на возење под дејство на алкохол. Во Куманово, во 00:48 часот, бил лишен од слобода Д.М. (33), кој управувал мопед и кај кого било утврдено присуство на 1,65 промили алкохол во крвта. Во Велес, во 01:30 часот, полицијата го привела Ѕ.Р. (44) од Свети Николе, кој управувал патничко возило со 1,72 промили алкохол.Во Македонска Каменица, на магистралниот пат А-3, во 01:46 часот, бил приведен Н.В. (23) од селото Дулица, кај кого алкотестот покажал 1,65 промили алкохол. Во Гевгелија, во 03:14 часот, полициските службеници го лишиле од слобода И.М. (51) од селото Миравци, кој управувал возило со 1,52 промили алкохол во крвта.Последниот случај е евидентиран во Прилеп, во 01:50 часот, на крстосница меѓу улиците „Леце Котески“ и „Трајко Николоски“, каде што бил приведен Х.Р. (38) од Прилеп, кај кого било утврдено присуство на 1,73 промили алкохол.По целосно документирање на сите настани, против шесте лица ќе бидат поднесени кривични пријави по член 297-а од Кривичниот законик за безобѕирно управување со моторно возило.

Македонија | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања