Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

OHRID

abaz-emin-2

(ФОТО) Се асфалтира улицата „Абас Емин“ во Охрид

„Абас Емин“ денес се асфалтира на потегот од раскрсницата кај Тубелес до пресекот со ул”Охридска Бригада”.Целосната реконструкција на оваа улица е огромен проект кој трае подолго време, но се гледа крајот.Ова е проект кој побаруваше поставување на нова атмосферска, фекална и водоводна линија, тампонирање на дел од коловозот, поставување нови рабници и секако асфалтирање. Продолжуваме со работа, напиша на својот ФБ профил градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески.

Македонија | пред 5 години

IMG_2507

Спасовски: Ја зголемуваме безбедноста на граѓаните, набавени пет пловни објекти за езерската полиција

Задоволство ми е што денеска ги промовираме петте пловни објекти што ги набавивме за македонската полиција, со што значително ги зајакнуваме капацитетите за заштита на границите, особено овде на Охридското езеро, рече министерот Оливер Спасовски на денешната прес конференција во Охрид по повод набавката на пет пловни објекти за езерската полиција.„Ова е набавка што се прави за прв пат по повеќе од 20 години, а е уште еден пример за нашата посветеност комплетно да ја опремиме македонската полиција и да обезбедиме максимални услови за работа на полициските службеници, што пак носи подобри резултати односно ја зголемува безбедноста на граѓаните. Во оваа прилика сакам да упатам огромна благодарност до Владата на Република Чешка и амбасадата на оваа пријателска земја, кои во изминативе години постојано ни помагаат во оваа цел“, рече министерот Спасовски.Два пловни објекта со цврсто корито се набавени од сопствени средства од буџетот на МВР со вредност од 8.055.511 денари, а согласно склучениот Договор за донација помеѓу Министерството за внатрешни работи на Република Северна Македонија и Министерство за внатрешни работи на Република Чешка набавени се два пловни објекти со цврсто корито и еден гумен патролен чамец со вредност од 8.144.074 денари. Пловните објекти се опремени сопрофесионални уреди за навигација GPS, радар и затворена кабина за екипажот, а патролниот чамец е погоден за брзи интервенции во разни инцидентни ситуации и контроли на водениот сообраќај, особено во летниот период во сите три езера, со што значително се зајакнуваат капацитетите за заштита на границите. Поголемите пловни објекти се со јачина од 200 коњски сили, а помалите со мотор од 160 коњски сили. Ова ќе овозможи висока ефикасност на припадниците на граничната полиција во секакви временски услови, како во делот на граничниот надзор и спречување на секаков вид прекуграничен криминал во Охридското и Преспанското езеро, така и во услови кога е потребно да се пружи помош и спасување во водите на езерата од најразлични причини. „Ова е само дел од она што го правиме за да овозможиме што подобри услови за работа на полициските службеници. Набавуваме униформи и опрема за полициските службеници, а посветено работиме и на реновирање на полициските станици. Во тек е реконструкција на ОВР Кавадарци, ОВР Крива Паланка, ОВР Гевгелија, Регионален центар Југ и Полициска станица Бит Пазар. Пред два дена ја исплативме и бонус платата за 2017 година, а во наредните месеци ќе ја исплатиме и бонус платата за 2018 и 2020 година. Обезбедувајќи подобри услови за работа за полициските службеници, добиваме поголема безбедност за граѓаните. За тоа говорат намалениот број на сообраќајни незгоди, големите заплени на дрога, оружје и пиротехника, како и многу други резултати на полицијата во изминатиов период“, рече министерот Спасовски. .

Македонија | пред 5 години

penzioneri

Одбележана 70 годишнината од формирањето на Здружението на пензионерите од Охрид и Дебарца

Денес со пригодна свеченост беше одбележана 70 годишнината од формирањето на Здружението на пензионери на Охрид и Дебрца. На свеченоста на Општина Охрид и беше врачена Плакета со благодарност за досегашната успешна соработка. Плакетата во име на локалната самоуправа ја прими Живка Ангелоска, претседателка на Советот на Општина Охрид, која во оваа прилика истакна.Ја имам таа чест и задоволство во името на Општина Охрид и во свое лично име, да Ви заблагодарам за укажаната чест и да ви посакам долговечост, добро здравје и успешно спроведување на вашите активности.За пензионерите се вели дека го живеаат третото доба, но јас би рекла дека Вие почитувани, го живеете времето кога нештата Ви се можеби најјасни, кога настаните и случувањата ги доживувате со толку потребната смиреност, кога Вашите размисли и совети ни се потребни токму нам, на помладите генерации. Вашата помош во секојдневието на традиционалното македонско семејство е немерлива, а Вашите активности во општеството драгоцени за сите граѓани.Особено е за поздрвување активноста на Здружението на пензионерите на Охрид и Дебрца на најразличните манифестаци на државно ниво, каде Вие почитувани имате забележителни резултати достојни за почит.Дозволете ми да истакнам дека локалната самоуправа секогаш ќе биде подготвена да излезе во пресрет на барањата и потребите на пензионерите, за успешно реализирање на вашата програма и активности.Уште еднаш ви посакувам долговечност, крепко здравје и мноштво радосни моменти во Вашето секојдневие.На свеченоста покрај на Општина Охрид, плакети и благодарници им беа доделени и на повеќе поединци и институции за ниванта активност и успешната повеќе децениска соработка со Здружението на пензионери од Охрид и Дебрца.

Македонија | пред 5 години

kosta-6

Владата додели 38 милиони денари за реконструкција на кејот

Езерскиот кеј во Охрид ќе добие нов изглед. Како дел од проектите на актуелната власт во општина Охрид, кејот, едно од најпрепознатливите обележја на градот по долг период ќе биде целосно реконструиран.– За овој проект дел од средствата во висина од 38 милиони денари веќе се обезбедени со одлука на Владата за реконструкција и целосна обнова на кејот во Охрид. Се прават напори во соработка со Владата да се обезбедат уште дополнителни 45 милиони денари, со што целосно ќе се затвори финансиската конструкција за овој капитален проект – изјави денеска градоначалникот Константин Георгиески.Од секторот за урбанизам на општина Охрид највуваат дека со реконструкцијата е предвидено да се опфати должина од 992 метри квадратни на крајбрежниот дел во градската зона.Во рамки на реконструкцијата ќе биде изведена заштитна потпорна конструкција, а предвидено е отстранување на постоечките бекатон плочки и поставување на слој од полупропусен цемент, врз кој ќе бидат поставени гранитни плочи.Проектот за обнова на кејот вклучува и замена на канделабрите и на клупите за седење. Целиот кеј е планиран да биде партерно и хоритикултурно уреден. Со реконструкцијата Кејот ќе добие нов и урбан лик а градот ќе добие јавни површини достојни за еден културен и туристички центар.Реконструкцијата на кејот, за која има целосна документација, се очекува да започне во пролетните месеци од 2021 година и да трае околу една година. Ќе се гради во фази за да се обезбеди нормално функционирање на овој фреквентен дел од градското крајбрежје- појасни градоначалникот Георгиески. Тој изрази благодарност за поддршката на Владата која помогна во раздолжувањето на општината, во реконструкцијата на улиците „ 15 Корпус“ и „ Абаз Емин“ и најавената реконструкција на улиците „ Македонски просветители“ и „ Гоце Делчев“, како и во други заеднички проекти.

Македонија | пред 5 години

kej-1

Охрид ќе добие нов кеј, Владата ги обезбеди првите 38 милиони денари наменети за реконструкција

Охрид ќе добие нов кеј, најави на својот ФБ профил градоначалникот на Охрид, константин Георгиески.Георгиески во својата објава пишува:Со гордост можам да кажам дека со одлука на Влада се обезбедени првите 38 милиони денари наменети за реконструкција на кејот.Градот заслужува да има вистински современ лик, достоен за еден културен и туристички центар на земјата.Наскоро, насекаде познатиот кеј во Охрид, ќе блесне во ново современо руво.

Македонија | пред 5 години

prostor

Уредување на просторот каде претходно се наоѓаше спомен бистата на Прличев

Се уредува просторот пред охридската библиотека, каде што претходно се наоѓаше спомен бистата на охридскиот лауреат Григор Прличев.Местото во паркот каде што беа поставени бекатон плочки, сега се отстрануваат при што ќе се постави трева и соодветно уреди.

Македонија | пред 5 години

Нема фотографија

(ФОТО) Со средства од општина Охрид промената целата столарија во училиштето „Св. Кирил и Методиј“

Учениците на училиштето „Св. Кирил и Методиј“ по зимскиот одмор ќе се вратат во училиште со обновен ентериер.Ја променивме целата столарија и направивме училиште какво што заслужуваат најмладите охриѓани. Средства за овој проект се обезбедени од буџетот на општина Охрид.

Македонија | пред 5 години

ohrid-6

(ФОТО) Охрид повторно блеска во новогодишен сјај

Охрид повторно блеска во новогодишен сјај. За жал, испраќаме година одбележана од пандемија, па со тоа и украсувањето е во намален капацитет. Но тоа не значи дека нема да ѝ се радуваме на Новата година која е пред нас.Охрид и покрај сѐ го има препознатливиот новогодишен шарм и декор, напиша на својот ФБ профил градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески.Во продолжание на објавата градоначалникот додава:Прошетајте по „Св. Климент Охридски“ и ул „Македонија“ кои го имаат познатото ѕвездено небо или пак видете ги кружните текови на бул. „Туристичка“ и околината на гимназијата „Св. Климент Охридски“ кои се разубавени со новогодишни фонтани.Секако не заборавајте да ги почитувате мерките за заштита.

Македонија | пред 5 години

grasnica

Градоначалникот Георгиевски на увид на градежните активности кај река Грашница

Градоначалникот Константин Георгиески денеска направи увид на градежните активности за уредување и проширување на коритото на реката Грашница кои се реализираат од пресекот на булевар„ Туристичка“  со улица „Железничка“ во должина од околу 170 метри.По расчистувањето, речното корито ќе се бетонира и ќе се обложи со камен. Вредноста на проектот е 6 милиони и 750 илјади денари, а градежните активности ги реализира Градежната компанија „Бокоп “ од Боровец која беше избрана по претходно распишан тендер на Општина Охрид. 

Македонија | пред 5 години

Kosta

Честитка на градоначалникот Герогиески по повод Денот на наставата на турски јазик

По повод одбележувањето на Денот на наставата на турски јазик – 21 декември, градоначалникот Константин Георгиески упати честитка до припадниците на турската заедница во Охрид и Република Северна Македонија.-На нашите сограѓани од турска националност им упатувам најискрени честитки по повод одбележувањето на Денот на наставата на турски јазик, празнување на денот кога официјално го добиваат правото да се образуваат и да творат на мајчиниот јазик. Велат дека учењето на мајчиниот јазик е основно човеково право и дека е основа за меѓусебно почитување и соработка меѓу граѓаните од различни националности.Свесни дека со почитување на различностите, како фундамент на демократијата, ние постојано ги унапредуваме условите за негување на соживотот и градењето на меѓусебната доверба. Турската заедница во Охрид била и ќе биде важен чинител за градење на посветла иднина на нашиот град и негова промоција како вековен крстопат на цивилизаците. Денешното празнуваање на Денот на наставата на турски јазик, нека биде уште еден заеднички и светол пример за меѓусебното почитување и градењето на соживот меѓу различните етнички заедници- се вели во честитката на градоначалникот Константин Георгиески по повод одбележувањето на Денот на наставата на турски јазик.

Македонија | пред 5 години

mehanizacija

Крпење дупки на “Даме Груев”

Од страна на Локалната самоуправа во текот на денот ќе биде извршена санација на дупките на улицата “Даме Груев” како и улицата непосредно пред економското училиште.

Македонија | пред 5 години

1-3

(ФОТО) Во Скопје и Охрид ноќеска запалени контејнери

Непознати сторители вчеравечер запалиле два контејнери од 3,2 кубни метри, поставени на улицата Франклин Рузвелт пред крстосницата со булевар Илинден, со што е предизвикана голема материјална штета. Благодарение на брзата реакција на скопските пожарникари, огнот не се проширил кон околните објекти и возила.Локацијата е веднаш исчистена и поставени се нови контејнери, се вели во објавата на Град Скопје.Од таму апелираат граѓаните да ја почитуваат поставената урбана опрема на јавните површини и да не ги палат садовите за отпад, за да се овозможи ефикасно подигање на комуналниот отпад и одржување на јавната хигиена.Најостро го осудувам палењето на контејнери на неколку локации кое се случило вчера вечер.Уништувањето и вандализмот мора силно да се санкционираат и затоа ги повикувам надлежните да ги откријат вандалите, напиша на својот ФБ градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески.Во продолжение на објавата се додава:Ваквиот чин е неразбирлив за мене,а штета трпат сите граѓани на Охрид.Голема благодарност до противпожарната служба која брзо и навремено реагираше и спречи евентуална поголема штета.Охрид е туристички град каде мирот и спокојството на граѓаните и туристите е од најголемо значење.

Македонија | пред 5 години

Нема фотографија

Чек листа на планот за управување на животната средина и социјални прашања

Министерството за труд и социјална политика заедно со Министерството за здравство поддржано од Светска Банка го реализираат Проектот за справување со кризата предизвикана од вирусот Ковид-19 и подготовеноста на здравствените системи.Во фазата на поставување на Ковид мобилните центри, интересот на јавноста е важен за институциите и за Светска Банка, за таа цел документот од јавен интерес Чек-листа за проверка на Планот за управување со животната средина и социјални прашања го поставуваме на општинската веб-страна.Коментарите и забелешките од пошироката јавност  можат да се испратат на следниот е-маил:  ivana.kjurkchieva@mtsp.gov.mk  ENVIRONMENTAL AND SOCIAL MANAGEMENT PLAN (ESMP) CHECKLIST

Македонија | пред 5 години

Novogodisen_bazar_12152020005

Поставен новогодишен базар во Охрид

Куќарки со автентичен изглед, изработени од соодветен дрвен материјал поставени се на Градскиот плоштад во рамки на Новогодишниот базар.

Македонија | пред 5 години

Vidoe

Георгиески: Загубивме вреден и голем човек, кој преку својата посветена работа и долгогодишно творештво остави значајни дела и силен печат во историјата на Охрид

Охрид се простува од истакнатиот писател и хроничар на градот, Видое Видически.Загубивме вреден и голем човек, кој преку својата посветена работа и долгогодишно творештво остави значајни дела и силен печат во историјата на Охрид, напиша на својот ФБ профил градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески.Во продолжение на својата објава градоначалникот додава:Во мое лично име и во името на Општина Охрид го упатувам моето искрено сочувство до семејството и неговите пријатели. Нека почива во мир и нека му е вечна слава.

Македонија | пред 5 години

Нема фотографија

Георгиески: Честитки за историскиот успех на Охридскиот ракометен клуб во Супер лигата

Честитки за историскиот успех на Охридскиот ракометен клуб во Супер лигата.Продолжете со ❤️ за Охрид , напиша на својот ФБ профил градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески.

Македонија | пред 5 години

opstina

Општина Охрид на прво место по индексот на отвореност на општините

Општина Охрид има најдобри резултати и се наоѓа на првото место во рамки на мерењето на Индексот на отвореност на општините за 2020 година како дел Проектот на УСАИД за граѓанско учество.Целта на истражувањето, кое беше спроведено од страна на Фондацијата за интернет и општество Метаморфозис е проценка на состојбата на доброто владеење во единиците на локалната самоуправа во Република Северна Македонија.Проценката на состојбата на доброто владеење во единиците на локалната самоуправа во Република Северна Македонија за 2020 година преку Индексот на отвореностИндексот на отвореност ги проценува перформансите на локалната власт во областа на добро владеење со тоа што се фокусира на четири принципи:пристапностефикасностинтегритет итранспарентност со еден заеднички домен присутен во сите четири принципи, а тоа се отворените податоци.Општина Охрид има висок процент на исполнителност во сите четири принципи на отвореност, а најдобри резултати има во делот на транспарентноста на организациски информации, јавни набавки, буџет и јавните консултации.На регионалната онлајн презентација извештајот за отвореност, посветена на Општина Охрид присуствуваше и градоначалникот Константин Георгиески кои истакна дека во текот на работењето Општина Охрид постојано се стреми да достигне високо ниво на транспарентност и максимално да го почитува принципот на отвореност со тоа што редовно се споделуваат сите информации кои се во интерес на јавноста и редовно се информираат граѓаните за сите детали од работењето. Тој потенцираше дека општината ќе ги прифати сите забелешки и заклучоци кои произлегуваат од ова истражување и ќе ги спроведе сите мерки за подобрување по одредени параметри на транспарентноста.Проценката на состојбата на доброто владеење во единиците на локалната самоуправа во Република Северна Македонија за 2020 година преку Индексот на отвореност можете да го погледнете на овој линк  

Македонија | пред 5 години

Plostad_dec

Започна новогодишното украсување на Охрид

Деновиве започна новогодишното украсување на Охрид. Во услови  на здравствената и економска криза предизвикана од пандемијата со Ковид 19, а со цел да се заштедат финансиски средства, локалната власт одлучи украсувањето да се реализира со намален буџет во однос на изминативе години.  Ќе се користат постоечките реквизити кои се сопственост на општината, а китењето ќе биде во централното градско подрачје и главните „улични артерии“.Годинава   ѕвезденото небо ќе блесне само на плоштадот „Св. Климент Охридски“ и на улицата „Македонија“  спроти кејот каде ќе се постават и  декоративни мразулци.  Со мразулци годинава ќе биде накитена и чаршијата .Кружните токови  на булевар „Туристичка“  и  кај гимназијата  „Св. Климент Охридски“ ќе бидат разубавени со новогодишни фонтани.Според планираното  украсувањето на Охрид  треба да заврши кон средината  на месец декември.

Македонија | пред 5 години

kosta-2-1

Општина Охрид има најдобри резултати и се наоѓа на првото место во рамки на мерењето на Индексот на отвореност на општините за 2020

Општина Охрид има најдобри резултати и се наоѓа на првото место во рамки на мерењето на Индексот на отвореност на општините за 2020 година како дел Проектот на УСАИД за граѓанско учество. Висок процент на исполнителност е евидентирана во сите четири принципи на отвореност: пристапност, ефикасностинтегритет и транспарентност, а најдобри резултати имаме во делот на транспарентноста на буџетот, јавните набавки, јавните консултации и организациските информации.И понатаму ќе продолжиме да одржуваме високо ниво на транспарентност и редовно да споделуваме информации кои се во интерес на јавноста, напиша на својот Фб профил градоначалникот на Охрид, константин Георгиески.

Македонија | пред 5 години

bolnica-2

Општина Охрид ги започна градежните активности каде што ќе биде поставена Модуларната болница

Општина Охрид ги започна градежните активности за подготовка на просторот во болничкиот комплекс каде што ќе биде поставена Модуларната болница за третман и лекување на пациентите со КОВИД 19. Согласно задолженијата на кризниот штаб на Општина Охрид, општинските надлежни служби во најбрз можен рок спроведоа тендерска постапка и беше избрана фирмата "МН-АС Констракшн" од Струга, за реализирање на градежните активности.На просторот каде што ќе бидат поставени монтажните објекти ќе биде извршен земјен ископ, тампонирање и бетонирање на подлогата. Исто така, ќе биде извршено поставување на водоводна и канализациона мрежа и ќе се спроведат приклучоци за електрично напојување, напиша на својот ФБ профил градоначалникот на охрид, Константин Георгиески.Георгиески во објавата додава:Во текот на денешниот ден екипите на општинските јавни претпријатија спроведоа активности за чистење и подготовка на просторот.Модуларната болница ќе има капацитет од 40 легла и ќе биде опремена со целокупна медицинска опрема. Дополнителните објекти значително ќе го зголемат капацитетот на Инфективното одделение во општата болница и ќе го олеснат справувањето со здравствената криза во Охридскиот регион.

Македонија | пред 5 години

Sv_Kliment_Ohridski_patron

(ФОТО) Охрид се поклони пред заштитникот Св. Климент Охридски

Во рамки на чествувањата посветени на Св. Климент- Патрон на Охрид, делегација на општината предводена од градоначалникот Константин Георгиески положи свежо цвеќе пред спомен обележјето на Светителот и заштитникот на Охрид на  градскиот плоштад што го носи неговото име. Цвеќе положија и останати претставници од политичкиот и јавниот живот од градов меѓу кои и од   охридската гимназија и  битолскиот универзитет „Св. Климент Охридски“.По традиција,градоначалникот Георгиески им  врачи парични награди и  примероци од книгите „Антологија за Прличев“и „Дојди во Охрид“ на учениците од охридските училишта кои учествуваа на Конкурсот за најдобра поетска творба што претходно го распиша општината по повод празникот.  Првата  награда   во прва категорија за ученици од одделенска настава   ја освои  Климент Укоески за  песната  „За Климент“. Придружната награда ја доби   Максим Георгиески   за песната „Учителот“ и Кирил Шапкароски   за   „Охриде“.Првата награда во  втора категорија   за ученици од предметна настава  ја доби   Надица Новеска автор на песната  „Охридска вечност“. Придружната награда беше доделена на  Надица Тасеска  за   „Охрид раскажува за Св. Климент“ и  Симона Димитриевска  за песната „Климентово дело“.Годинава наградата во третата категорија за ученици во средно образование од прва до четврта година не беше доделена откако тоа претходно  го одлучи   стручната Жири-комисија. Затоа  наградата се подели како придужна  на првонаградените во претходните категории.  

Македонија | пред 5 години

sv-kliment

(ФОТО) Доделени највисоките општински признанија “Св.Климент Охридски – патрон на градот“

Со пригодна свеченост, денес беа доделени највисоките општински признанија наградата и повелбата “Патрон на градот –  Св.Климент Охридски “. Поради актуелната ситуација со пандемијата, свеченоста беше одржана во присуство на лауреатите и мал број на граѓани.Пред присутните се обрати градоначалникот Константин Георгиевски.– Почитувани дами и господа, драги сограѓани, уважени добитници на Свети Климентовите наградиДенес во изменети услови и околности го чествуваме великиот Свети Климент Охридски, закрилникот на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија и нашиот Охрид, сесловенскиот учител и светител. Нека ни е честит и вековит празникот.Почитувани присутни,Повеќе од сигурно е дека никој во милениумското битисување на Охрид, не оставил таква силна трага и влијание како Свети Климент Охридски. И после повеќе од 11 века неговото присуство чиниш може да се допре. Ние си го имаме Свети Климента – секој ден, секој час, секој миг. Да не држи поблиску до Бога, до вистината, до човекољубието. Да не поддржи кога ни е тешко, да не укори кога сме горделиви, да не награди кога сме чесни кон другите и кон себе. Ете, така охриѓани и Македонците го чествуваат и чуствуваат својот Свети Климент Охридски.Драги сограѓани,Од многуте дела посветени на Свети Климент Охридски, дозволете ми да издвојам само една реченица, која ми се чини е најсоодветна за премрежјата низ кои денес поминуваме како генерација, а е запишана од неговите ученици – “Само од добар корен, никнува здрава фиданка“. Верувам и убеден сум дека денешната генерација Македонци, се здравите фиданки на Свети Климентовиот корен на просветлението, вистината и човекољубието и дека како такви ќе опстоиме и успешно ќе одговориме на денешните предизвици. И како народ и како држава.Ги упатувам моите најискрени честитки до Македонскиот народ, до Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија и до моите охриѓани. Искрени честитки и за годинашните добитници на Климентовите признанија: Академик  Вера Битракова Грозданова, добитник на Свети Климентовата награда – неуморен истражувач, универзитетски професор и еминентен научник од областа на археологијата и историјата на уметноста и добитниците на повелбата: ЈЗУ “Општа Болница“ Охрид – како главен носител на борбата со пандемијата на Ковид 19, д-р Мимоза Влаши Хиса – специјалист по гинекологија и акушерство и Проф. Д-р Рубин Земон, универзитетски професор, долгогодишен активист во невладиниот сектор за промоција на мултикултурализмот и толеранција.Нека ни честит и вековит Светиклиментовиот ден. Ви благодарам.Од името на наградените се обрати Академик Битракова Грозданова, која заблагодарувајќи се на наградата, рече дека со восхит и трепет ја прима оваа награда и посака и идните генерации охриѓани да бидат посветени и да го почитуваат делото и ликот на Свети Климент Охридски. Свеченоста заврши со доделување на специјално признание на НУ “Фестивал Охридско Лето“, за 60 годишното успешно работење и промовирање на Охрид и Македонија во светот. 

Македонија | пред 5 години

Sv-Kliment-Ohridski-patron-8

(ЖИВО) Свечено доделување на наградата и повелбата Св. Климент Охридски - Патрон на Охрид

На пригодна свеченост што поради актуелната здравствена ситуација ќе се одржи со ограничено присуство, денеска напладне, ќе бидат доделени наградата и повелбите Св. Климент Охридски – Патрон на градот. Настанот ќе биде емитуван во живо на официјалниот профил на градоначалникот на Општина Охрид Константин Георгиески на Фејсбук, а ќе може да се проследи и тука. 

Македонија | пред 5 години

Kosta1

Георгиески: Имав можност да ја следам виртуелна Zoom-дебата на култниот магазин „TIME“ во пресрет на откривањето на „TIME person of the Year“ за 2020 година

На мое големо задоволство имав можност да ја проследам денешната виртуелна Zoom-дебата на култниот магазин „TIME“ во пресрет на откривањето на „TIME person of the Year“ за 2020 година.Настанот беше составен од две панел дискусии и секоја беше модерирана од Бен Голдбергер, извршен уредник на „TIME“ и директор на „TIME person of the Year“, напиша на својот ФБ профил градоначалникот на Охрид, Константин Георгески.Во продолжение на објавата градоначалникот додава:Говорници беа д-р Селин Гаундер; експерт за инфективни болести и член на Ковид-19 работната група на Претседателот Бајден, д-р Леана Вен, лекар и застапник за јавно здравје; Џесика Бирд, партнерка на Three point strategies; Емануел Ачо поранешен играч на NFL и Хозе Андрес, основач и сопственик на ThinkFoodGroup.

Македонија | пред 5 години

opstina-Ohrid

Јавна расправа за нацрт програмите и нацрт буџетот на Општина Охрид за 2021 година

Согласно одредбите од Законот за локалната самоуправа и Законот за буџет, Општина Охрид организира Јавна расправа по Нацрт програмите и Нацрт буџетот на општината за 2021 година.Јавната расправа ќе се одржи во периодот од 10-ти до 17-ти декември 2020 година.Со оглед на актуелната состојба со здравствената криза предизвикана од пандемијата на вирусот КОВИД 19, Јавната расправа нема да може да се одржи со физичко присуство на заинтересираните лица.Се повикуваат сите заинтересирани физички и правни лица во перидот од 10-ти до 17-ти декември 2020 година да ги достават своите предлози преку дигиталната алатка „Вклучи се-Граѓански буџет“ која е поставена на општинската веб страница и да го пополнат поставениот прашалник.Нацрт програмите и нацрт буџетот на Општина Охрид се достапни за разгледување на следниот линк:НАЦРТ ПРОГРАМИ И БУЏЕТ 2021 (ZIP file 964 KB)

Македонија | пред 5 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања