Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

OHRID

trotoar-2

Хортикултурно уреден тротоарот кај училиштето „Григор Прличев“ во Охрид

Тротоарот на „Булевар Туристичка“ пред училиштето „Григор Приличев“ доби хортикултурно уредување. Засадени се дрва кои се протегаат во мал зелен појас прекриен со трева. Овој потег беше раскопан и неуреден, а дрворедот кој беше отстранет беше опасен за минувачите заради трулите стебла на дрвата. Поставен е нов тротоар и нов асфалт на велосипедската патека. Работите на потегот ги изведуваше ЈП ГРАДСКИ ГРОБИШТА – Охрид. 

Македонија | пред 5 години

sovet-Ohrid

Записник од 43 седница на советот на Општина Охрид

Четириесет и третата редовна седница на Советот на општината се одржа преку конференциска врска со употреба на интернет комуникација со почеток во 11:30 часотНа седницата присуствуваа 23 советници, Градоначалникот на општина Охрид д-р Константин Георгиески и претставници на стручните служби во локалната самоуправа и претставници на медиумите.Претседателот на Советот Живка Ангелоска – Со оглед дека е присутно мнозинството од вкупниот број членови на Советот, задоволени се законските претпоставки за одржување на седницата.Претседателот на Советот Живка Ангелоска отвори расправа за записникот од 42-та седница. Бидејќи никој немаше забелешки, записникот беше ставен на поименично гласање.З А П И С Н И К ОД 43-ТА РЕДОВНА СЕДНИЦА НА СОВЕТОТ НА ОПШТИНА ОХРИД

Македонија | пред 5 години

Vas_reonski_opstinar

Општина Охрид го започнува проектот“ Ваш реонски општинар“

Општина Охрид започнува реализација на проектот“  Ваш реонски општинар“.  Со проектот Локалната власт се   доближува до  граѓаните  со цел да се   овозможи  на лице место да  се примаат   забелешки  за комуналните  проблеми  со кои тие се соочуваат , да се  увиди  состојбата на самото место односно самата улица и  да се  постапи  по сите забелешки кои се во надлежност на Општина Охрид.Со овој Проект градот Охрид е поделен на 5 реони при што точно се дефинирани границите на секој реон.  За секој реон ќе бидат одговорни по двајца вработени во локалната самоуправа  кои преку теренски активности и средби со граѓаните ќе прибираат информации за сите  нивни проблеми и потреби.Преку  web страната на Општина Охрид и на  телефонски број  072 800 705  охриѓани ќе можат да воспостават непосреден контакт со реонскиот општинар и ќе можат да договараат средби на местото каде е посочен комуналниот проблем .По секоја забелешка или предлог од страна на граѓаните ќе се отвара посебен предмет и истите ќе бидат информирани за начинот на решавање на проблемот и за временската рамка кога ќе се реши истиот.Со ваквиот начин на работа,  преку овој Проект побрзо ќе започнат да се решаваат проблемите на граѓаните и истиот  ќе биде основа за изработка на програмските  активности  од комуналната сфера  на Општина Охрид.фото: Општина Охрид

Македонија | пред 5 години

plaza-1-1

(ФОТО) И денеска се отстранува урбаната опрема, шанкови и објекти во Канео

И денеска продолжи акцијата која ја спроведува општина Охрид со која се отстранува урбана опрема, шанкови и објекти од плажите. И денеска се отстранува се што е нелегално поставено во Канео.  Акцијата која започна неодамна се спроведува со полициска асистенција нема селективност.Потсетуваме дека акцијата има силна поддршка од амбасадорите во земјава.Инаку Општина Охрид за целата акција на почетокот само кусо информираше дека се преземаат активности за отстранување на урбаната опрема и остатоците од објекти кои се лоцирани на крајбрежјето на Охридското Езеро.„Се работи за урбана опрема и градби кои се надвор од опфатот на Генералниот урбанистички план. По завршувањето на активностите за отстранување на овој потег од крајбрежјето, ќе се пристапи кон отстранување и на останатите објекти, потпорни ѕидови, шанкови, метални конструкции и настрешници, кои исто така се надвор од опфатот на Генералниот урбанистички план и навлегуваат во КП 1/1 Охридско Езеро“, истакнаа од Општина Охрид. 

Македонија | пред 5 години

Kaneo-2

(ФОТО) Продолжи акцијата за отстранување на урбана опрема, шанкови и објекти, денеска во Канео

Рано утрово продолжи акцијата која ја спроведува општина Охрид со која се отстранува урбана опрема, шанкови и објекти од плажите. Денеска се отстранува се што е нелегално поставено во Канео.  Акцијата која започна неодамна се спроведува со полициска асистенција нема селективност.Потсетуваме дека акцијата има силна поддршка од амбасадорите во земјава.Инаку Општина Охрид за целата акција на почетокот само кусо информираше дека се преземаат активности за отстранување на урбаната опрема и остатоците од објекти кои се лоцирани на крајбрежјето на Охридското Езеро.„Се работи за урбана опрема и градби кои се надвор од опфатот на Генералниот урбанистички план. По завршувањето на активностите за отстранување на овој потег од крајбрежјето, ќе се пристапи кон отстранување и на останатите објекти, потпорни ѕидови, шанкови, метални конструкции и настрешници, кои исто така се надвор од опфатот на Генералниот урбанистички план и навлегуваат во КП 1/1 Охридско Езеро“, истакнаа од Општина Охрид. 

Македонија | пред 5 години

ohrid-1

Реализирани активности на Јавните претпријатија во изминатите 7 дена

Градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески на својот ФБ профил ги напиша реализираните активности на Јавни претпријатија во изминативе 7 дена:📌 ЈП „Водовод“▶️Работни активности за нова водоводна линија кај фабрика „Костал“;▶️Санација на јавни чешми на патека кон „Горица“;▶️Санација на дефекти на водоводна линија во близина на „Дрвара“;▶️Активности за санација на девијација водоводна мрежа на булевар „Туристичка“.📌 ЈП „Охридски Комуналец“▶️Поставени се 15 нови садови за отпад со капацитет од 240 литри на фреквентни и лесно пристапни локации во стариот дел на градот;▶️Работни активности за подигнување на нов тревник на реконструираната пешачка патека на булевар „Туристичка“;▶️Завршна фаза од подготвителните активности за формирање на нови парковски содржини и хортикултурно уредување на паркот „Мазија“;.▶️Тековни активности за уредување на јавното зеленило во селата :Горно Лакочереј, Долно Лакочереј, Косел, Подмоље и Лескоец.📌ЈП „Нискоградба“▶️Тековни активности за изведба на приклучоци на фекална канализација на улица „Абас Емин“;▶️Изведба на сливници за собирање на атмосферска вода на „15-ти Корпус“;▶️Чистење и отстранување на дефекти од мрежата на улиците „Караорман“, „Егејска“ „АСНОМ“, „Марко Нестороски“, „15-ти Корпус“.📌ЈП „Градски гробишта“▶️ Работни активности во делот на расчистување и уредување на Охридското крајбрежје, напиша градоначалникот на ФБ.https://www.facebook.com/KonstantinGeorgieski7/photos/pcb.624630024809271/624629951475945/?type=3&theater

Македонија | пред 5 години

Нема фотографија

Седмичен преглед на реализирани активности од страна на Локалната самоуправа

Седмичен преглед на реализирани активности од страна на Локалната самоуправа, објави на својот ФБ профил градоначалникот Константин Георгиески.📌На улица „15-ти Корпус“ се изврши поставување на првиот асфалтен слој на коловозот во рамки на првата фаза од проектот за реконструкција на улицата;📌На улицата „Прва Македонска ударна бригада“ се реализираат тековни активности за уредување на пешачките патеки од двете страни на улицата;📌На улицата во поранешната касарна се врши поставување на сливници за атмосферска канализација;📌На улицата „Абас Емин“ се изведуваат работни активности за поставување на атмосферска канализација;📌 Во тек се работни активности за поставување на рабници на тротоарите на крак од улицата „Даме Груев“ во населбата „Христо Узунов“;📌Во соработка со Агенцијата за поддршка и промоција на туризмот, на повеќе локации на територијата на општина Охрид се поставија патоказни табли.https://www.facebook.com/KonstantinGeorgieski7/photos/pcb.624068744865399/624068671532073/?type=3&theater

Македонија | пред 5 години

ademi

(ФОТО) Георгиески и Адеми извршија увид на работните активности за уредување на крајбрежјето на Охридското Езеро

Заедно со министерот без ресор, задолжен за дијаспората и претседател на Националната комисија за УНЕСКО, Едмонд Адеми, денеска уште еднаш ја потенциравме посветеноста на локалната и централната власт во насока на исполнување на препораките на УНЕСКО и имплементација на Планот за управување со природното и културното наследство на Охридскиот регион, напиша на својот ФБ профил градоначалникот Константин Георгиески.Градоначалникот во својата објава додава:Извршивме увид на работните активности за уредување на крајбрежјето на Охридското Езеро, каде што минатата седмица се вршеше отстранување на урбана опрема и бесправни градби кои се надвор од опфатот на Генералниот урбанистички план.Во рамки на уредувањето беа ангажирани екипи на сите општински јавни претпријатија, при што се изврши подигнување на градежниот шут и несоодветниот материјал, а планирани се и активности за насипување и уредување на плажата со соодветна речна песок.Дел од сопственици на објекти на крајбрежниот појас од населбата „Свети Стефан“ до потегот на крајбрежјето кај „Градиште“, веќе започнаа самостојно да ги отстрануваат поставените нелегални објекти на плажите. Упатуваме апел и до останатите сопственици да постапат по дадените препораки.Процесот на отстранување на урбаната опрема и бесправните градби од крајбрежниот појас на Охридското Езеро, според планираното ќе продолжи по завршување на активностите на уредување и ќе трае се до конечно расчистување на крајбрежјето.https://www.facebook.com/KonstantinGeorgieski7/photos/pcb.623962758209331/623962574876016/?type=3&theater

Македонија | пред 5 години

Patokazi-ohrid

(ФОТО) Патоказни табли за природните, културните и историските знаменитости поставени во Охрид

Во соработка со Агенцијата за поддршка и промоција на туризмот, на повеќе локации на територијата на општина Охрид се поставија патоказни табли.Со информативни патоказните табли се означија неколку локации низ стариот дел на градот, како и централното подрачје. Целта на ваквата акција е полесно пронаоѓање на знаменитостите во градот. фото: Општина Охрид

Македонија | пред 5 години

pateka

(ФОТО) Градоначалникот Георгиески со претставници  од Амбасадата на Швајцарија ги разгледаа пешачко рекреативните патеки

Градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески заедно со претставници  од Амбасадата на Швајцарија  и од Центарот за развој на Југозападниот плански регион,    беше на разглед на пешачко рекреативната патека  којашто води од  Саат кулата до Горна Порта во стариот дел на градов.За уредување на патеката беа обезбедени финасиски средства  преку проектот ” Уредување на атрактивни зони и патеки во Југозападниот плански регион”, во рамки на проектот “Одржлив инклузивен рамномерен регионален развој”,  од страна на Швајцарската агенција за развој, Министерството за локална самоуправа и Општина Охрид.Должината на патеката е 275 метри, со крак од 114 метри. Патеката е изградена од природни материјали, а долж истата се поставени и 24 автентични канделабри.Уредувањето на ова патека придонесува кон зголемување на атрактивните места во Југозападниот плански регион. Посетителите можат да нарпават рута по која од централниот дел на двата рида ќе излезат на источната страна, со што  се зголемува  видливоста на долниот дел од стариот град и на подградието на Охрид.фото: Општина Охрид

Македонија | пред 5 години

15_Korpus

(ФОТО) Финишира првата фаза од реконструкцијата на улица „15-ти Корпус“ во Охрид

Деновиве финишираат градежните активности од првата фаза за реконструкција на улицата „15-ти Корпус“.Во текот на вчерашниот ден завршија активностите за поставување на првиот асфалтен слој на коловозот, на потегот од крстосницата со улица „Железничка“ до мостот на реката „Сушица“.Претходно, во рамки на овој потег се изврши поставување на нова атмосферска канализација и се вршеше уредување на пашачките и велосипедските патеки од двете страни на улицата.Втората фаза за реконструкција на оваа улица, на потегот до влезот на село Лескоец е веќе започната, со изградбата на три потпорни ѕидови. Според планираното, во текот на наредната седмица ќе започне и поставувањето на атмосферската канализација на овој потег.Вкупната должина на улицата „15-ти Корпус“ е 1900 метри.  За овој проект се предвидени 58 милиони денари. Од нив 30 милиони денари се обезбедени од буџетот на Општина Охрид, а 28 милиони денари од ЈП „Државни Патишта“.фото: Општина Охрид

Македонија | пред 5 години

kosta-3

Георгиески оствари телефонски разговор со американската амбасадорка во земјава Кејт Мари Брнз

На моја голема чест и задоволство денеска остварив телефонски разговор со Амбасадорката на Соединетите американски држави во Република Северна Македонија, Н.Е. Кејт Мари Брнзн напиша на својот ФБ профил градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески.Градоначалникот во својата објава додава:Разговаравме за посветеноста и заложбите на локалната и централната власт да постапуваат согласно законските прописи и конечно да се стави ред во управувањето со крајбрежјето на Охридското Езеро, која е една од главните препораки на УНЕСКО.Оваа можност ја користам уште еднаш да упатам огромна благодарност до Амбасадата на САД за интересот за актуелните состојби во Охрид.https://www.facebook.com/KonstantinGeorgieski7/photos/a.351826178756325/622825304989743/?type=3&theater

Македонија | пред 5 години

kosta-2

Франција со силна поддршка на локалната за акцијата за расчистувањето на дивоградбите

Нашата посветеност во насока на почитување на законските прописи во делот на соодветното управување со крајбрежјето на Охридското Езеро, која е една од главните препораки на УНЕСКО, денеска доби голема поддршка од страна на Амбасадорот на Франција во Република Северна Македонија, Н.Е. Кристијан Тимоние, напиша на својот Фб профил градоначалникот на Охрид Константин Георгиески.Амбасадорот Тимоние ги поздрави досегашните заложби и на локалната и на централната власт во рамки на целокупниот процес и сите активности во делот на почитување на Планот за управување со природното и културното наследство на Охридскиот регион.Оваа можност ја користам да упатам јавна благодарност до Амбасадата на Франција во нашата држава за искажаниот интерес во врска со актуелните состојби во Охрид и зачувување на нашите природни и културни богатства кои се заштитени од УНЕСКО, напиша градоначалникот Георгиески.https://www.facebook.com/KonstantinGeorgieski7/photos/a.351826178756325/622137621725178/?type=3&theater

Македонија | пред 5 години

radmila

(ФОТО) Шекеринска и Георгиески направија увид на градежните работи на „15-ти Корпус“

Заедно со вицепремиерката Радмила Шекеринска и носител на Кандидатската листа на Коалицијата „Можеме“ во Петтата изборна единица, носителот на листата Јован Митрески и кандидатите за пратеници Лазе Таневски и Жаклина Лазаревска, денеска направивме увид на градежните работи за реконструкција на улицата „15-ти Корпус“, напиша на својот Фб профил градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески.Во продолжение на објавата на градоначалникот се вели:Ова е многу значаен инфраструктурен проект за Охрид и плод на заедничките заложби на локалната и централната власт предводена од СДСМ.Продолжуваме заедно со силни инвестиции во инфраструктурата.https://www.facebook.com/KonstantinGeorgieski7/photos/pcb.621569315115342/621569111782029/?type=3&theater

Македонија | пред 5 години

kosta-1

(ФОТО) Шекеринска, Георгиески и кандидатите за пратеници од СДСМ извршија увид на градежните зафати во ОЕМУЦ

Како локална самоуправа во текот на изминатата година особено бевме посветени на подобрување на условите во образованието. Реализиравме голем број ифраструктурни зафати во сите основни и средни училишта, напиша на својот профил градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески.🏢Во ОЕМУЦ „Свети Наум Охридски“ покрај изградбата на новата спортска сала, со која значително се подобрија условите за спортување на учениците▶️ Извршена е реконструкција на покривот на училишната зграда;▶️ Извршена е замена на старите дрвени прозорци во училниците со нови пвц прозорци;▶️Поставени се висококвалитетни плочи за спуштен плафон и соодветна лед електрика, во сите училишни простории;▶️Дворното осветлување целосно е заменето со ново лед осветлување.✅Продолжуваме понатаму да инвестираме плански и посветено за подобрување на условите за учениците и подигнување на квалитетот на целиот образовен процес, напиша градоначалникот на ФБ.https://www.facebook.com/KonstantinGeorgieski7/photos/pcb.621483135123960/621482805123993/?type=3&theater 

Македонија | пред 5 години

Нема фотографија

(ФОТО) Што работеа Охридските ЈП во изминатите 7 дена?

Градоначалникот на Охрид на својот ФБ профил ги објави реализираните активности на Јавни претпријатија во изминатите 7 дена. Георгиески напиша:📌 ЈП „Водовод“▶️Нови приклучоци и отстранување на дефекти на водоводната мрежа на улиците:▪️„Даме Груев“▪️„15-ти Корпус“ и▪️„Егејска“.📌 ЈП „Охридски Комуналец“▶️Согласно препораките на Кризниот штаб на Општина Охрид, беше извршена дезинфекција на манастирот „Свети Еразмо“;▶️Во тек се активности за садење нов цветен расад на кружните крстосници на булевар „Туристичка“;▶️Спроведени активности за чистење на окрекот од водите на Охридското Езеро по целата должина на Градскиот кеј;▶️ Тековни активности за уредување на јавното зеленило во село Велгошти.📌ЈП „Нискоградба“▶️Работни активности за изведба на приклучоци на фекална канализација на улица „Абас Емин“;▶️Завршни активности од првата фаза за поставувањето на атмосферска канализација на улица „Дејан Војвода“;▶️Уредување на тротоар на улица „Мите Богоески“;▶️Чистење и отстранување на дефекти од мрежата на улиците „Крум Точков“, „Питу Гули“, „Даме Груев“, „Абас Емин“, „Дејан Војвода“.📌ЈП „Градски гробишта“▶️ Завршна фаза од активностите за поплочување на тротоарот на булевар „Туристичка“.📌ЈП „Градски пазар“▶️Во тек е изработка на метална ограда на ЈЗУ Општа Болница, Охрид;▶️Тековни активности за санација и фарбање на клупите на градскиот кеј, во потегот од каналот „Студенчишта“ до градското пристаниште.https://www.facebook.com/KonstantinGeorgieski7/photos/pcb.620908501848090/620908371848103/?type=3&theater

Македонија | пред 5 години

grasnica-ezero

Георгиески: Езерото кое е светско природно наследство, се обрврзуваме да го заштитиме

21 јуни е денот кој го посветуваме на нашиот скапоцен бисер, нашата најголема гордост, нашето Охридско Езеро.Свесни дека ова уникатно природно богатство мора да го зачуваме, заедно со сите надлежни институции изминатиов период, но и оној што ни претстои преземаме решителни чекори, напиша на својот ФБ профил градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески.Она што природата ни го дала како дар, а светот го препознава како светско природно наследство, се обрврзуваме да го заштитиме.Нека е вековит денот на Охридското Езеро, напиша градоначалникот.https://www.facebook.com/KonstantinGeorgieski7/photos/a.351826178756325/620675278538079/?type=3&theater 

Македонија | пред 5 години

mancevski

(ВИДЕО) Министерот Манчевски во посета на општина Охрид

Подобрувањето на ефикасноста на административните службеници, поедноставување на процедурите за издавање на документи и зголемување на бројот на е-услуги за граѓаните, беа дел од темите на кои разговаравме со министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски, кој денеска беше во посета на Општина Охрид, напиша на својот ФБ профил градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески.Заедно со министерот извршивме увид на почетокот на градежните активности за салата „Една точка за услуги“, која е сместена во зградата на општината.Според планот на Министерството за информатичко општество и администрација, овој простор за многу кратко време ќе добие целосно нов изглед и ќе претставува место каде граѓаните ќе можат да добијат информации за сите електронски услуги, достапни на порталот uslugi.gov.mk.https://www.facebook.com/KonstantinGeorgieski7/photos/pcb.620177008587906/620176825254591/?type=3&theater

Македонија | пред 5 години

ohrid-transparentnost

Општина Охрид е најтранспарентна општина во Југозападниот регион

Општина Охрид е најтранспарентна општина во Југозападниот регион на Република Северна Македонија врз основа на Индексот на активна транспарентност, се вели во извештај е подготвен од Центарот за граѓански комуникации со поддршка на Агенцијата на САД за меѓународен развој (УСАИД).http://www.ccc.org.mk/images/stories/ia2020.pdfПо нивото на транспарентност охридската локална самоуправа го зазеде 14 место помеѓу општините, со резултат од 80,3 % остварени позитивни показатели.Од вкупно 98 институции во кои се мерела активна транспарентност, Општина Охрид е рангирана на 20 место на листата на многу добро оценети институции.Ценејќи ја важноста на точната информација, ОпштинаОхрид и јас како градоначалник ќе продолжаме да се подобрувааме во нивото на транспарентност и објавувањето на важни, веродостојни и точни информации за граѓаните и медиумите.Инаку Општина Охрид во моментот е опфатена со уште едно мерење на нивото на транспарентност во рамки на Проектот на УСАИД за граѓанско учество (Civic Engagement Project), со кој се мониторира отвореноста на 17 институции на локалната самоуправа во Република Северна Македонија. Овој проект го имплемемтираат Фондацијата Метаморфозис, во партнерство со осум локални невладини организации, напиша на својот ФБ профил градоначалникот на Охрид Константин Георгиески.https://www.facebook.com/KonstantinGeorgieski7/photos/pcb.620060711932869/620060595266214/?type=3&theater

Македонија | пред 5 години

kosta

Немањето на подземен катастар ги отежнува работите, но градежните работи ќе се завршат во предвидениот рок

Во моментов е постапка за распишување на шест тендери за летниов период кои треба да ги сработиме. Ќе  се менуваат тоалети по уличишта, ќе се менуваат подови. Во претходниот период за 12 милиони извршивме промена на крововите на 4 училишта, менуваме и дограма. Сега заврши тендерот за промена на дограмата во музичкото училиште, вели градоначалникот на Охрид Константин Георгиески.Градоначалникот додава дека во моментов има активни тендери за асфалтирање на тесни улички за крпење на ударни дупки.„Големите проекти кои почнавме да ги работиме се два големи капитални проекти за нашиот град. Тоа е новиот влез во градот 15 ти корпус, каде рабоотиме заедно до ЈП за државни патишта, коловозот е финансиран од нив во износ од околу 28  милиони, а сите останати работи, изработка на атмосферска канализација, тротоари, велосипедски патеки, осветлување и потпорни ѕидови, сетоа тоа е од општинскиот буџет  и за тоа треба скоро 25 милиони. Овој проект е околу 60 тина милиони“, вели Георгиески.Градоначалникот го образложува и вториот голем проект кој во моментов се изведува, а тоа е комплетната реконструкција на улицата Абас Емин.„Таму сме при крај со првата фаза. Овој проект е многу тежок за работа. Работите одат многу споро. Ние немаме подземен катастар, има многу диви приклучоци. таму менуваме фекална, атмосферска и водоводна линија. Рокот за изработка е 13 месеци. За брзо ќе ја почнеме и втората фаза. Таму имаме средства од 600 000 евра од Европска банка за обнова и развој, а тампонирањето кога ќе завршат подземните фази ќе бидат од општинскиот буџет, околу 25 милиони“, вели Георгиски.Инаку во тек е реконструкцијата и на улицата  „Прва македонска ударна бригада“, каде активностите се во понапредната фаза.„Почнавме со реконструкции на улици во населба Христо Узунов. Ни следи комплетна реконструкција на Охридска бригада, улицата во касарната е готова пред асфалтирање. За овие проекти нема задолжувања, се се финансира од општинскиот буџет, ание како локална самоуправа сеуште ги плаќаме ратите за кредитот земен од минаната локална самоуправа, со кои се направија Питу Гули и Ристо Чадо“, вели градоначалникот.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

kosta-2

(ВИДЕО) Мерко пречка за Охрид да се раздолжи целосно со државата

Општина Охрид во јануари 2019 имаше долг од околу милијарда и шестотини милиони денари, за денеска истиот значително намален по сите основи изнесува околу 470 милиони. Градоначалникот Константин Георгиески објаснува на кој начин е исплатен најголемиот дел од долговите, но и што е пречката поради која сеуште не е деблокирана сметката на општината.-Во јануари 2019 долгот на општината беше околу милијарда и шестотини, со процесот на раздолжување добивме 500 милиони и во преговорите со доверителите заштедивме околу 270 милиони по однос на камати. Претходно имавме исплатено од сопствени средства преку 100 милиони и сега вкупниот долг на општина Охрид по сите основи е околу 470 милиони. Тука спаѓаат 70 милиони денари кои се долг на општината према министертво за финансии по кредит земен од светска банка за колекторскиот систем. Со поделбата на МЈП ние треба да го префрлиме тој долг на колекторски ситем и на тој начин ние да не должиме пари према државата меѓутоа тука како и према други работи има проблем со градоначалникот на Струга Рамиз Мерко кој не сака да го потпише договорот за превземање на тие средства од причина што некогаш со судска пресуда со извршител се земени средства од сметката на Општина Струга, па сега кога ги завршивме сите работи побара тие средства да му се вратат и со ова го закочи целиот процес. Овие работи ни се останати, за да пристапиме кон деблокирање на сметката на општината“, истакна за Скопје 1 градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески.https://www.facebook.com/ohrid1/videos/660201967863892/ 

Македонија | пред 5 години

kosta-intervju

(ВИДЕО)Септички јами и нелегални приклучоци за вода на плажите во Охрид

Откако Владата со Уредба го забрза процесот на уривање на дивоградбите во Охрид и на брегот крај езерото општината веќе неколку дена отстранува урбана опрема, шанкови и други објекти.„Станува збор за еден процес кој што општината требаше да го заврши пред многу години, но тоа не е направено и сега согласно препораките на УНЕСКО и планот за управување со Охридскиот регион, ние сме должни тоа да го направиме. Станува збор за отстранување на некогашни шанкови, урбана опрема, тенди, настрешници, ивичњаци за автопат ставени на плажа до Езерото. Тоа е еден хаос кој владеел на плажите изминатите години. Добар дел од нив, точно е дека биле со одредени договори - концесии, меѓутоа поминати се многу години, а ситуацијата е сега драстично сменета и согласно планот за управување со УНЕСКО во точката каде е дефинирано развивањето на одржлив туризам, стои дека за плажите ќе се изработува урбанистичка документација за плажи, со кои ќе се обезбеди дека нема да се врши бетонирање на брегот, нема да се градат платформи кои навлегуваат во водата, нема да се изведуваат објекти од цврста градба и нема да се испуштаат отпадни води во Езерото. Јас ова не би го дефинирал како акција туку како процес кој ние како држава мора да го исполниме доколку сакаме да ги исполниме препораките од УНЕСКО, а тоа е нешто за што јавноста е цела година добро информирана“ , истакна градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески, за Скопје 1.Градоначалникот вели дека погоден термин за отстранување нема, тоа е еден болен процес, но многу е поболно тоа што таму наоѓаме, категоричен е тој.„Наоѓаме диви приклучоци за вода, нерешена канализациона мрежа од тоалетите на тие објекти, септички јами. Во еден град како Охрид тоа е недозволиво. Ние постепено ќе почнеме да ги средуваме тие состојби. Се надевам дека на тој потег каде што почнавме со отстранување на тие несоодветни градби или „бетонски чудовишта“ во Езерото, ќе успееме да го воведеме во ред тој простор. Најлошо е сега со рушењето сиот тој градежен шут да остане таму, но ќе се потрудиме сето тоа таму да биде расчистено и соодветно уредено. Ова е процес кој ќе трае цело лето, и сите објекти ќе дојдат на ред, затоа  што тоа е нешто што се мора, а не што се сака“, истакна Георгиески.https://www.facebook.com/ohrid1/videos/660201967863892/

Македонија | пред 5 години

kosta

(ФОТО) Градоначалникот Георгиески изврши увид на тековните градежни активности во општина Охрид

Градоначалникот Константин Георгиески денеска изврши увид на тековните градежни активности на повеќе локации во општина Охрид, кои се финансирани од општинскиот буџет.На улица „15-ти Корпус“ во тек е отстранувањето на стариот асфалт и се вршат подготвителни работи за поставување на новиот асфалтен слој на коловозот. Во рамки на проектот за реконструкција на оваа улица, се врши и изградба на четири потпорни ѕидови, а во завршна фаза е поставувањето на тротоарските рабници.Градоначалникот беше во посета и на градежните активности за реконструкција на улицата „Прва Македонска ударна бригада“. На оваа улица во моментот се работи на уредување и поплочување на тротоарите со бехатон.Исто така, градоначалникот заедно со тимот на соработници направи увид и на градежните активности за реконструкција на улицата „Абас Емин“ каде што екипите на ЈП „Нискоградба“ вршат изведба на приклучоци за фекална канализација.Беше направен и теренски увид на активностите од првата фаза за поставувањето на атмосферска канализација на улицата „Дејан Војвода“.Во рамки на теренската посета, беше направен увид и на работните активности во населбата „Христо Узунов“ каде што денеска започна реконструкцијата на краци од улицата „Даме Груев“.фото: Општина Охрид

Македонија | пред 5 години

urivanje2

(ВИДЕО) Продолжи акцијата за за отстранување на урбана опрема, шанкови и објекти, денеска во плажата „Немо“

И утрово се отстранува урбана опрема, шанкови и објекти од плажите. Денеска се отстранува се што е нелегално поставено во месноста Горица 3 или плажа „Немо“. Акцијата која започна пред три дена се спроведува со полициска асистенција нема селективност.Потсетуваме дека акцијата има силна поддршка од амбасадорите во земјава. Амбасадор на една од највлијателните земји во светот кажал јасно на Владата во Скопје мора да се справи со узурпирањето на брегот на Охридското Езеро и дека функционирањето на институциите на државата на Охридското Езеро е прашање од врвен приоритет.На ред е УЈП и пазрна инспекција да се види дали ќе порофункционираат.Инаку Општина Охрид за целата акција само кусо информираше дека се преземаат активности за отстранување на урбаната опрема и остатоците од објекти кои се лоцирани на крајбрежјето на Охридското Езеро, на потегот од „Горица 3“ до ЈЗУ Специјализирана болница за превенција, лекување и рехабилитација на кардиоваскуларни заболувања во населбата „Свети Стефан“.„Се работи за урбана опрема и градби кои се надвор од опфатот на Генералниот урбанистички план. По завршувањето на активностите за отстранување на овој потег од крајбрежјето, ќе се пристапи кон отстранување и на останатите објекти, потпорни ѕидови, шанкови, метални конструкции и настрешници, кои исто така се надвор од опфатот на Генералниот урбанистички план и навлегуваат во КП 1/1 Охридско Езеро“, истакнаа од Општина Охрид. 

Македонија | пред 5 години

asfaltiranje

(ФОТО) Денеска се асфалтирааа краци на улицата „8-ми Март“ во Охрид

Денеска започнаа градежни активности за асфалтирање на краци на улицата „8-ми Март“.Овие активности се дел од втората фаза за асфалтирање на пристапни патишта и тесни улички во рамки на Програмата за уредување на градежно земјиште за 2020 година, напиша на својот ФБ профил градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески.Во текот на наредниот период ќе се асфалтираат тесни улици и на уште неколку локации на територија на општина Охрид.https://www.facebook.com/KonstantinGeorgieski7/photos/pcb.617680718837535/617680645504209/?type=3&theater

Македонија | пред 5 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања