Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

OHRID

plaza-7

(ФОТО) Нема селективност, продолжи акцијата за за отстранување на урбана опрема, шанкови и објекти во Св. Стефан

Утрово Општина Охрид ја продолжи акцијата за отстранување на урбана опрема, шанкови и објекти од плажите во Св. Стефан, што се спроведува по налог на Општина Охрид. Во акцијата која се спроведува со полициска асистенција нема селективност. Се што е неглегално поставено на брегот на Езерото се  отстранува. Денеска се урна плажата Метрополис.Амбасадор на една од највлијателните земји во светот кажал јасно на Владата во Скопје мора да се справи со узурпирањето на брегот на Охридското Езеро и дека функционирањето на институциите на државата на Охридското Езеро е прашање од врвен приоритет.На ред е УЈП и пазрна инспекција да се види дали ќе порофункционираат.Инаку вчера Општина Охрид информираше дека се преземаат активности за отстранување на урбаната опрема и остатоците од објекти кои се лоцирани на крајбрежјето на Охридското Езеро, на потегот од „Горица 3“ до ЈЗУ Специјализирана болница за превенција, лекување и рехабилитација на кардиоваскуларни заболувања во населбата „Свети Стефан“.„Се работи за урбана опрема и градби кои се надвор од опфатот на Генералниот урбанистички план. По завршувањето на активностите за отстранување на овој потег од крајбрежјето, ќе се пристапи кон отстранување и на останатите објекти, потпорни ѕидови, шанкови, метални конструкции и настрешници, кои исто така се надвор од опфатот на Генералниот урбанистички план и навлегуваат во КП 1/1 Охридско Езеро“, истакнаа од Општина Охрид. 

Македонија | пред 5 години

plaza-1

(ФОТО) Општина Охрид започна активности за отстранување на урбаната опрема лоцирана на крајбрежјето на Охридското Езеро

Со отстранување на шанкови, монтажни објекти, конструкции и ѕидови, утрово започна најавената акција за вoведување ред на крајбрежјето на Охридското Езеро, согласно препораките на УНЕСКО. Акцијата ја спроведува Општина Охрид и истата започна на објектите лоцирани на крајбрежјето на Охридското Езеро, на потегот од „Горица 3“ до ЈЗУ Специјализирана болница за превенција, лекување и рехабилитација на кардиоваскуларни заболувања во населбата „Свети Стефан“.Се работи за урбана опрема и градби кои се надвор од опфатот на Генералниот урбанистички план. По завршувањето на активностите за отстранување на овој потег од крајбрежјето, ќе се пристапи кон отстранување и на останатите објекти, потпорни ѕидови, шанкови, метални конструкции и настрешници, кои исто така се надвор од опфатот на Генералниот урбанистички план и навлегуваат во КП 1/1 Охридско Езеро.Додека трае акцијата во јавноста се шпекулира колку ниски цени плаќале тие кои менаџирале и кога имале договори. Неофицијално сите плажи заедно плаќале околу 10 000 евра наемнина годишно, а користеле илјадници метри квадратни државно земјиште. Имало и плажи на најатрактивни локации кои плаќале наемнина од околу 40 000 денари годишно, за околу 1000 метри квадратни државна земја.Инаку Владата на седницата одржана на 10 јуни ја дополни Уредбата со законска сила за примена на Законот за градежно земјиште за време на вонредна состојба, која се однесува на плажите кои биле предмет на закуп, a која предвидува концесионерите чии договори се истечени или раскинати задолжително да ги вратат плажите со кои стопанисувале во првобитна состојба. фото: Скопје 1

Македонија | пред 5 години

urivanje-2

Почна уривањето на шанкови и потпорни ѕидови на охридското крајбрежје

Општина Охрид денес започна активности за отстранување на урбаната опрема и остатоците од објекти кои се лоцирани на крајбрежјето на Охридското Езеро, на потегот од „Горица 3“ до ЈЗУ Специјализирана болница за превенција, лекување и рехабилитација на кардиоваскуларни заболувања во населбата „Свети Стефан“.Се работи за урбана опрема и градби кои се надвор од опфатот на Генералниот урбанистички план. По завршувањето на активностите за отстранување на овој потег од крајбрежјето, ќе се пристапи кон отстранување и на останатите објекти, потпорни ѕидови, шанкови, метални конструкции и настрешници, кои исто така се надвор од опфатот на Генералниот урбанистички план и навлегуваат во КП 1/1 Охридско Езеро.Објектите кои се наоѓаат во опфатот на Генералниот урбанистички план ќе бидат решавани со изготвување на Урбанистичко-планска документација за крајбрежје, согласно Планот за управување со природното и културното наследство на Охридскиот регион.

Македонија | пред 5 години

Нема фотографија

(ФОТО) 7 дена за Охрид

Градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески на својот ФБ профил ги наброја активностите на ЈП во изминатите 7 дена. Градоначалникот напиша:Реализирани активности на Јавни претпријатија🔽📌 ЈП „Водовод“▶️Продолжување на тековни активности за поставување на нова водоводна линија Фабрика „Костал“-село Лескоец-Охрид во должина од 2140 метри и Ф160;▶️Санација на дефекти на водоводна мрежа на улиците „Абас Емин“ и „Крали Марко“ и во населбите „Рача“, „Чекоштина“ и „Исток“.📌 ЈП „Охридски Комуналец“▶️Согласно препораките на Кризниот штаб на Општина Охрид, реализирани се активности за дезинфекција на:▪️Улиците, јавните површини, урбаната опрема во централното градско подрачје, на градскиот кеј и чаршијата;▪️Заедничките простории на станбени објекти на територијата на општината;▪️Јавните површини во пригрaдските населби, туристичките локалитети и пешачката патека од каналот „Студенчишта“ до „Горица“;▪️На јавните површини во туристичките населба „Свети Стефан“ и „Лагадин“ и во селата Пештани, Елшани, Велгошти, Лескоец, Долно Лакочереј, Горно Лакочереј, Косел, Ливоишта, Сирула, Вапила, Подмоље, Орман и во делот на ЈЗУ Специјална болница за ортопедија и трауматологија „Св. Еразмо”;▶️Во тек се активности на садење нов цветен расад низ зелените површини во градот. Зимскиот цветен расад се заменува со летен сезонски цветен расад;▶️ Тековни активнисти за уредување на јавното зеленило на повеќе локации на територија на општината.📌ЈП „Нискоградба“▶️Работни активности за изведба на приклучоци на фекална канализација на улица „Абас Емин“;▶️Продолжување на тековни работни активности од поставувањето на атмосферска канализација на улица „Дејан Војвода“;▶️Завршна фаза од работните активности за поплочување на крак од улица „Петрино“;▶️Чистење и отстранување на дефекти од мрежата на улиците „Крсте Петков Мисирков“, „АСНОМ“, „Сатеска“, „Андон Дуков“, „Стив Наумов“ и населба „Охридати“.📌ЈП „Градски гробишта“▶️ Продолжување на тековни работни активности за поставување на рабници и поплочување на тротоар на булевар „Туристичка“;▶️Работни активности за изведба на пешачка патека.📌ЈП „Билјанини Извори“▶️Тековни активности од акцијата за расчистување и уредување напросторот наменет за сидрење на пловни возила во каналот „Студенчишта“, согласно потребите на корисниците-сопствениците на пловни објекти.📌ЈП „Градски пазар“▶️Санација и фарбање на клупите на градскиот кеј, во потегот од каналот „Студенчишта“ до Градското пристаниште.https://www.facebook.com/KonstantinGeorgieski7/photos/pcb.616033639002243/616033395668934/?type=3&theater

Македонија | пред 5 години

tezgi

Општина Охрид објеви понуди за издавање на времено користење на локации за поставување на урбана опрема

Врз основа на член 80, член 80а и член 81 од Законот за градење ( „Сл.весник на РМ“ бр. 130/09, 124/10, 18/11, 36/11, 54/11, 13/12, 144/12, 25/13, 79/13, 137/13,163/13, 27/14, 28/14,42/14, 115/14, 149/14, 187/14, 44/15, 129/15, 217/15, 226/15, 31/16, 39/16, 71/16, 132/16,35/18, 64/18, 168/18, и „Сл.весник на РСМ“ бр 244/2019 и 18/2020), член 34 од Статутот на општина Охрид, член 36 од Законот за локална самоуправа (Сл.весник на РМ бр. 5/02) , Годишната програма за поставување урбана опрема на подрачјето на општина Охрид за 2020 год. бр. 08-815/5 од 31.01.2020 год. („Сл.гласник на општина Охрид бр. 01/2020), Годишната програма за измена и дополнување Годишната програма за поставување урбана опрема на подрачјето на општина Охрид за 2020 год. бр. 08-4471/19 од 29.05.2020 год. („Сл.гласник на општина Охрид бр. 06/2020,) и Одлуката за утврдување на висината на надоместокот (закупнината) за поставување урбана опрема во општина Охрид за 2020 година со бр. 08-1997/14 од 26.02.2020 година, Градоначалникот на Општина Охрид објавува:О Г Л А С бр. 01/2020 ПРИБИРАЊЕ НА ПОНУДИ ЗА ИЗДАВАЊЕ НА ВРЕМЕНО КОРИСТЕЊЕ НА ЛОКАЦИИ ЗА ПОСТАВУВАЊЕ НА УРБАНА ОПРЕМАОпштина Охрид издава простор за поставување урбана опрема за комерцијално користење. Локациите за поставување на урбаната опрема се за следната намена:I. Локации за поставување урбана опрема – фрижидери за продажба сладолед – 14 локацииПоставување фрижидери се предвидени на следните локации:по должината на улица „Македонија“ вкупно 11 локацииплоштад „Крушевска Република“ вкупно 1 локацијана ул,,Климент Охридски,, вкупно 1 локациина пешачка улица кој води од канал Студенчиштакон хотел,,Парк,, – 1 локација.На секоја локација можат да се постават максимално по 2 (два) стандардни фрижидери, стандардна корпа за отпадоци и чадор за сонце.Графички приказ со нумерички ознаки на локациите се дадени во Изводот од Годишната програма за поставување урбана опрема во Општина Охрид за 2020 година.ЛОКАЦИИ И ОБРАЗЦИ ЗА СЛАДОЛЕДII. Локации за поставување урбана опрема за продажба книги – 5 локации:Локациите за продажба книги се наоѓаат на просторот меѓу комплекс Летница и ТЦ Амам, вкупно 5 локации.Продажбата на книги ќе се извршува на унифицирани тезги секоја со површина 4 м2.Графички приказ со нумерички ознаки на локациите се дадени во Изводот од Годишната програма за измена и дополнување на Годишната програма за поставување урбана опрема во општина Охрид за 2020 година.ЛОКАЦИИ И ОБРАЗЦИ ЗА КНИГИIII. Локации за поставување урбана опрема за продажба уметнички слики – 4 локацииЛокациите за продажба уметнички слики се наоѓаат на малиот плоштад кај Долна Порта, вкупно 4 локации.Продажбата на уметнички слики ќе се извршува на простор секој со површина 4 м2.Графички приказ со нумерички ознаки на локациите се дадени во Изводот од Годишната програма за поставување урбана опрема за 2020 година.ЛОКАЦИИ И ОБРАЗЦИ ЗА УМЕТНИЧКИ СЛИКИIV. Локации за поставување урбана опрема за продажба сувенири – 27 локации:Локациите за продажба сувенири се наоѓаат:на влезот во комплексот „Плаошник“ вкупно 4 локациина патека од Самоилова тврдина кон комплексот „Плаошник“ вкупно 5 локациина пешачка улица кој води од канал Студенчишта кон хотел,,Парк,, – 8 локации.пред влезот на Антички театар – 1 локацијана ул ,,Македонија,, – вкупно 9 локацииПродажбата на сувенири ќе се извршува на унифицирани тезги со димензии 2.00 х 1.00 м.Графички приказ со нумерички ознаки на локациите се дадени во Изводот од Годишната програма за поставување урбана опрема во Општина Охрид за 2020 година.ЛОКАЦИИ И ОБРАЗЦИ ЗА СУВЕНИРИV. Локации за поставување урбана опрема за продажба – храна; на тротоар на ул. ,,кеј,Македонија,, – 8 локацииПродажбата на храна ќе се извршува на простор секој со површина 4м2.Графички приказ со нумерички ознаки на локациите се дадени во изводот од Годишната програма измена и дополнувања на годишната програма за поставување урбана опрема за 2020 година.ЛОКАЦИИ И ОБРАЗЦИ ЗА ХРАНАЛокациите за поставување на урбаната опрема ќе се издаваат за времетраење од 90 (деведесет) дена.VI. Почетна цена за издавање на локација е:локација за продажба на сладолед со почетна цена од 5.000.оо (пет илјади) денари/месечно по локација (на една локација може да се постават по два стандардни фрижидери);локација до 4 м2 за продажба книги на унифицирани тезги со почетна цена од 8.000.оо(осум илјади) денари/месечно;локација до 4 м2 за продажба уметнички слики со почетна цена од 8.000.оо (осум илјади) денари/месечно;локација за продажба сувенири на унифицирани тезги (2м х 1м) од 2 м2 со почетна цена 3.000.оо (три илјади) денари/месечно;локација до 4 м2 за продажбата на храна со почетна цена од 5.000.оо (пет илјади) денари/месечно.6.1 Почетните цени за издавање на локациите се однесуваат за период од 30 (триесет) дена.6.2 Во почетната цена за издавање на локација не се содржани трошоците за комунална такса, одржување на хигиена, приклучок и трошок за електрична енергија.6.3 Трошоците за хигиена, приклучок и трошок за користење на електрична енергија паѓаат на товар на најповолниот понудувач.6.4 Трошокот за комунална такса изнесува 7,00 (седум денари) од м2 дневно.6.5 Договорите со најповолните понудувачи за точка I, II,III , IV и V ќе се склучуваат за период од 90 (деведесет) дена.6.6 Поставувањето на урбаната опрема ќе отпочне по склучување на Договорот и добивање на Одобрение од Секторот за урбанизам и управување со градежно земјиште.VII. Доставување на понуди7.1 Понуди можат да достават физички и правни лица регистрирани за вршење на дејност.7.2 Понудувачот треба да достави:Понуда на унифициран образец; (Унифициранот образец може да се подигне во просториите на општина Охрид или на веб страната на општината ohrid.gov.mkУплатница на име депозит за учество на износ од 3.000.оо (три илјади) денари. Уплатата се врши на следната сметка:Трезорска сметка: 1000000063095Уплатна сметка: 84015206553Приходна шифра: 723914 Програма 00За правни субјектиПотврда за регистрирана дејност (издадена од Централен регистар на РСМ или соодветен документ-доказ дека припаѓа на соодветно здружение-не постари од 6 месеци);Потврда дека нема заостанати обврски кон општина Охрид-Локална самоуправа по основ комунална такса и закуп на локација; (потврдата ја издава Сектор за финансиски прашања при општина Охрид);За физички лицаФотокопија од лична картаПотврда дека нема заостанати обврски кон општина Охрид-Локална самоуправа по основ комунална такса и закуп на локација; (потврдата ја издава Сектор за финансиски прашања при општина Охрид);Понудите по точките I, II,III,IV и V да бидат со важност од 90 денови.Депозитот на учесниците кои нема да бидат избрани за одредена локација е повратен, додека за учесниците кои ќе добијат локација на јавното наддавање ќе биде одбиен од вкупната цена на склучениот договор.VIII. Начин на доставување на понудаПонудата треба да се достави во затворен плик со назнака:„НЕ ОТВОРАЈ“Општина ОхридКомисија за спроведување на оглас за прибирање понуди за издавање на времено користење на локации за поставување урбана опрема бр. 01/2020Дел: , Локација бр.(се внесува делот и бројот на локацијата за кој понудувачот учествува,НА ПРИМЕР I – продажба на сладолед, Локација бр. 5)ул: „Димитар Влахов“ бр.57 6000 ОхридНАПОМЕНА:Комисијата не сноси одговорност за ненавремена и неуредна достава на понудите. Пример за адресирање на плик за достава на понуда:„НЕ ОТВОРАЈ“„Да не се отвора пред 26.06.2020 г15.00 часот. Оглас бр.01/2020Општина ОхридКомисија за спроведување на оглас за прибирање на понуди за издавање на времено користење на локации за поставување на урбана опрема бр.01/2020Дел: , Локација бр.(се внесува делот и бројот на локацијата за кој понудувачот учествува)ул „Димитар Влахов“ бр. 57 6000 ОхридПонудата се доставува по пошта или лично во Архивата на општина Охрид.Општина Охрид нема никаква одговорност за ненавремена достава на понудата, нејзино предвремено отворање или губење на истата.IX. Начин на отворањеПонудите да се достават најдоцна до 26.06.2020г во 15.00 часот.Електронското Јавното наддавање ќе се одржи по евалуација на доставените понуди. Јавното надавање ќе сеодржина www.eaukcijaohrid.mk Напатствија ,инструкции и лозинка во писмена форма ќе добијат сите учесници кои ги исполниле условите на најмалку 3 (три) дена пред јавното наддавање.За денот и часот на јавното наддавање учесниците ќе бидат известени на контакт адресата на понудувачот и web страната на општина Охрид.За избран ќе се смета понудувачот кој понудил највисока цена за локација под услов да ги исполнил условите предвидени во точка 7.2.X. Предмет на јавно наддавањеПредмет на јавното наддавање е тримесечната конечна цена;XI. Склучување на договорДоговор ќе се склучи со понудувачот кој понудил највисока цена на јавното наддавање.Договорот ќе се склучи во рок од три дена од денот на подигнување на Решението за избор на најповолен понудувач.Пред склучувањето на Договорот понудувачот е должен во целост да ги измири сите трошоци кои произлегуваат од постапката вклучувајќи ја и комуналната такса.Графичките прикази со нумерички ознаки на локациите за поставување урбана опрема заинтерисираните субјекти можат да ги превземат од web страната на општина Охрид, www.ohrid.gov.mk или секој работен ден од 14.00-15.00 часот во просториите на општина Охрид.Комисија за спроведување на постапка за издавање на времено kористење на површини за поставување урбана опрема со Решение бр. 09-4809/1 од 04.06.2020 г.Татјана СтојческаЈане БаткоскиАна Снегар СтојкоскаАлександра ПирузеваБиљана Анѓелоска

Македонија | пред 5 години

opstina

(ВИДЕО) Стручните училишта со современа промоција за идните средношколци

Пред овогодинешниот прв уписен рок во средните училишта, дел од стручните училишта во Општина Охрид преку современа промоција и кампања, ги информираат идните средношколци за наставните програми и образовните профили.Од ОУТУ „Ванчо Питошески“ со порака до идните средношколци да вложат во својата иднина и да изберат стручно усовршување со кое ќе бидат конкурентни на пазарот на труд.Од СОСУ „Кирил и Методиј“ упатуваат порака до идните средношколци да се одлучат за стручно образовение, преку практична настава, проекти и современа програма.Првото пријавување ќе биде на 16, 17 и 18 јуни во периодот од 7 до 19 часот, како и на 19 јуни од 7 до 13 часот. Училиштата во кои бројот на пријавени ученици во последните години е помал од бројот предвиден во конкурсот, може да организираат пријавување на учениците само во деновите 16 и 17 јуни. Ранг-листите со запишани ученици ќе бидат објавени на 19 јуни по 15 часот.видео: Општина Охрид

Македонија | пред 5 години

zid1

Георгиески: Се градат потпорни ѕидови на неколку локации

Во рамки на проектот за реконструкција на улицата „15-ти Корпус“, деновиве се работи на изградба на потпорни ѕидови на неколку локации, во должина на сообраќајницата, напиша на својот ФБ градоначалникот Константин Георгиески.Два потпорни ѕидови се веќе изградени, а во тек се работни активностите за изградба и на третиот потпорен ѕид. На изградбата на четвртиот потпорен ѕид ќе се работи во текот на наредните денови.Во рамки на проектот за реконструкција на улицата, паралелно се работи и на поставување на рабници, а се врши и тампонирање на тротоарите и велосипедските патеки, напиша на својот ФБ градоначалникот.https://www.facebook.com/KonstantinGeorgieski7/photos/pcb.614107435861530/614107275861546/?type=3&theater

Македонија | пред 5 години

Kosta

Георгиески: Ја поздравувам Уредбата со законска сила која ја усвои Владата во делот на управувањето со плажите, ова направи ред во искористувањето на крајбрежјето

Почитувани, ја поздравувам Уредбата со законска сила која ја усвои Владата на Република Северна Македонија за примена на Законот за градежно земјиште, во делот на управувањето со плажите, напиша на својот ФБ профил градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески.Со ова очекувам конечно да се стави ред во искористувањето на крајбрежјето на Охридското Езеро за туристички цели, кое се провлекуваше како проблем, години наназад.Оваа одлука придонесува за исполнување на визијата и целите на Планот за управување со природното и културното наследство на Охридскиот регион, кои се во насока на минимизирање на заканите на исклучителната универзална вредност.Тука особено се потенцира важноста за воспоставување на поголема контрола на крајбрежната трансформација за целите на масовен туризам и зголемена контрола врз уредувањето на постојните плажи.Оваа уредба значително ќе придонесе и во насока на исполнување на препораките од УНЕСКО, во делот на стопанисувањето со крајбрежјето.

Македонија | пред 5 години

ohrid

(ФОТО) Охридската улица „АСНОМ“ доби хоризонтална и вертикална сигнализација

Деновиве завршија предвидените работни активности за обележување на хоризонталната и поставување на соодветна вертикална сигнализација на улицата „АСНОМ“, напиша на својот ФБ профил градоначалникот Константин Георгиески.Вертикалното обележување е направено по сите современи стандарди за сообраќајно обележување. Покрај основната сообраќајна сигнализација, обележани севелосипедски патеки од двете страни на коловозот, во две насоки, со попречно поврзување помеѓу нив.🚴Со овие активности значително се подобруваат условите за велосипедистите во Охрид и се придонесува во насока на редуцирање на автомобилскиот сообраќај.✅Општина Охрид во текот на наредниот период планира активности за обележување на велосипедски патеки и на уште неколку сообраќајници во градот.https://www.facebook.com/KonstantinGeorgieski7/photos/pcb.613467712592169/613467475925526/?type=3&theater

Македонија | пред 5 години

dezinfekcija-3

(ФОТО) Од рано утрово дезинфекција на улици, јавни површини и станбени комплекси во Охрид

Согласно препораките на Кризниот штаб на Општина Охрид,  екипите на ЈП „Охридски Комуналец“ утрово по завршувањето на продолжениот викенд апочнаа со интензивна дезинфекција на улиците, јавните површини и станбените објекти на територија на Општина Охрид.Со средство за дезинфекција се изврши миење на улиците во централното градско подрачје, градскиот кеј и чаршијата.Дезинфекцијата на јавните површини ќе продолжи интензивно и во текот на наредниот период.https://www.facebook.com/KonstantinGeorgieski7/photos/pcb.612666542672286/612666296005644/?type=3&theater

Македонија | пред 5 години

aktivnosti-Opstina

7 дена за Охрид - Реализирани активности на Јавни претпријатија

Реализирани активности на Јавни претпријатија, напиша на својот Фб профил градоначалникот на општина Охрид, Константин Георгиески.📌 ЈП „Водовод“▶️ Изведба на нова водоводна линија Фабрика „Костал“-село Лескоец-Охрид во должина од 2140 метри и Ф160;▶️Нови приклучоци на водоводна мрежа на улица „Даме Груев“ и во село Лескоец;▶️Санација на дефекти на водоводна мрежа во близина на „Македонија Пат“ и на улица „Петар Поп Арсов“.📌 ЈП „Охридски Комуналец“▶️Акција за чистење на сувата трска од водите на Охридското Езеро во близина на „Холандскиот парк“;▶️Чистење на речното корито на река „Сушица“;▶️Поставен систем за наводнување на дрворедот во делот на тротоарот на булевар „Туристичка“ од ОУ „Григор Прличев“до пресекот со улица „Даме Груев“;▶️Темелно миење на улица „АСНОМ“ по обележувањето на новата хоризонтална сигнализација;▶️Отстрането скршено стебло од дрворедот по улицата „Македонски Просветители“, во близина на кружниот тек кај „Охридска Банка“.📌ЈП „Нискоградба“▶️Тековни активности за изведба на фекална и атмосферска канализација на улица „Македонски Просветители“;▶️Тековни активности за изведба на атмосферска канализација на улица „Дејан Војвода“;▶️Тековни активности за поплочување на крак од улица „Петрино“.📌ЈП „Градски гробишта“▶️ Тековни активности за поплочување на дел од тротоарот на булевар „Туристичка“;▶️Тековни активности за поплочување на улица „Крсте Мисирков“.📌ЈП „Билјанини Извори“▶️Реализирана акција за расчистување и уредување напросторот наменет за сидрење на пловни возила во каналот „Студенчишта“, согласно потребите на корисниците-сопствениците на пловни објекти.📌ЈП „Градски пазар“▶️Изработка на ограда за детските игралишта во село Орман и во населба „Рача“;▶️Санација на оградата на спортско игралиште, санација на клупите, изработка на нови корпи за отпад во подрачниот објект на ОУ „Григор Прличев“ во населба „Рача“;▶️Изработка на ограда на мост во населба „Рача“ и санација и фарбање на мост кај каналот „Билјанини Извори“.https://www.facebook.com/KonstantinGeorgieski7/photos/pcb.611582716114002/611582332780707/?type=3&theaterфото: Константин Георгиески

Македонија | пред 5 години

102381608_2306483459658001_4305043194787135488_n

Санкции за охриѓани кои изнајмиле станови

Кризниот штаб на Општина Охрид денеска одржа состанок на кој покрај постојаните членови, присуствуваше и Раководителот на Подрачната единица на Државниот пазарен инспекторат во Охрид.На состанокот беа донесени следните заклучоци:Поради зголемениот број на посетители во Охрид, инспекторите на Државниот пазарен инспекторат заедно со екипи на СВР Охрид и претставници на Инспекторатот при Општина Охрид спроведуваат 24 часовни контроли на сместувачките капацитети и се врши санкционирање на оние капацитети и станоиздавачи кои ги прекршуваат препораките и уредбите на Владата на Република Северна Македонија, во делот на туристичката дејност и во насока на превенција од Корона вирусот „Ковид 19“.Веќе се работи на зголемување на подготвеноста на капацитети од здравствениот систем во Охрид, при евентуален поголем прилив на заразени од „Ковид 19“, доколку бидат исполнети капацитети на Инфективната клиника во Битола и болничките капацитети во Скопје.По завршување на продолжениот викенд ќе се врши интензивна дезинфекција на улиците, јавните површини и станбените објекти на територија на Општина Охрид.Кризниот штаб на Општина Охрид упатува апал за максимално почитување на препораките за заштита од „Ковод 19“Да се носат заштитни маски;Да се одржува потребна дистанца;Да се одржува лична хигиена според препораките;Да не се организираат семејни собири и други слични групирања;Да се почитува во целост полицискиот час.Да бидеме максимално одговорни, да го зачуваме сопственото и јавното здравје.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

7-dena-za-ohrid

7 Дена за Охрид

7️⃣ДЕНА ЗА ОХРИД⬇️📄Седмичен преглед на реализирани активности од страна на Локалната самоуправа, напиша на својот ФБ профил градоначалникот Константин Георгиевски.📌На улица „15-ти Корпус“ во тек е поставување на рабници и се врши тампонирање на тротоарите и велосипедските патеки.📌На улица „Абас Емин“ се вршеше испитување на поставениот цевковод за фекална канализација, по што ќе започне преприклучување во новата линија.📌На улица „Прва Македонска ударна бригада“ се изврши отстранување на старите рабници и во тек е тампонирање на тротоарот.📌На улицата во поранешната касарна, во завршна фаза се активностите за поставување на рабници.📌Успешно реализирана активноста „Цветни балкони – Цветен Охрид “ при што, по соодветен распоред беа поделени околу 400 жардиниери со саксиско цвеќе.📌Објавено беше Решението за финансирање на програми и проекти од јавен интерес за Општина Охрид за 2020 година.📌Со почитување и применување на сите препораки за заштита и превенција од Корона вирусот Ковид 19 и во согласност со усвоениот Протокол, започна уписот на првачиња во сите основни училишта на територијата на Општина Охрид.https://www.facebook.com/KonstantinGeorgieski7/photos/pcb.610853826186891/610853679520239/?type=3&theater

Македонија | пред 5 години

merki-opstina

Георгиески: Упатувам апел до сите посетители кои во моментот престојуваат во градот, да ги почитуваат сите мерки за заштита и превенција од Корона вирусот

Општина Охрид тековно ги презема сите мерки кои се во надлежност на Локалната самоуправа за соодветна заштита и превенција од Корона вирусот „Ковид 19“ и постапува според сите мерки и уредби кои ги носи Владата на Република Северна Македонија, напиша на својот ФБ профил градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески.Градоначалникот додава:Кризниот штаб постојано се координира, се спроведуваат сите тековни активности кои се предвидени во локалниот оперативен план за делување. Исто така, постојано се реализираат вонредни мерки за дезинфекција и миење на улиците и јавните површини во градот.Поради карантинските мерки кои се активни во неколку градови во државата, во текот на вчерашниот ден во Охрид пристигнаа голем број гости.❗Упатувам апел до сите посетители кои во моментот престојуваат во градот, да ги почитуваат сите мерки за заштита и превенција од Корона вирусот „Ковид 19“:➡️Да се носат заштитни маски;➡️Да се одржува потребна дистанца;➡️Да се одржува лична хигиена според препораките;➡️Да не се организираат семејни собири и други друштвени групирања;➡️Да се почитува во целост полицискиот час.❗Упатувам апел и до трговците и угостителите, да ги почитуваат сите протоколи за работа во текот на викендот.❗Упатувам апел до надлежните инспекторати да ги засилат теренските контроли на угостителските објекти, на трговските објекти и на сместувачките капацитети, со цел да се почитуваат протоколите и да се превенираат несакани последици.➡️Да бидеме максимално одговорни, да го зачуваме сопственото и јавното здравје.https://www.facebook.com/KonstantinGeorgieski7/photos/a.351826178756325/611025262836414/?type=3&theater

Македонија | пред 5 години

Muzicko_upis_

Започнаа уписите на учениците во ОМУ „Методи Патче“ Охрид

Основното музичко училиште „Методи Патче“ во период од 1-ви до 10-ти јуни врши уписи за ученици во  прво оделение за инструментите пијано и виолина и за четврто одделение  за инструментите:флејта, гитара,кларинет и хармоника.Пријавувањето ќе биде по електронски пат на следниов линк: УПИС НА УЧЕНИЦИ ВО ОМУ „МЕТОДИ ПАТЧЕ“Заинтересираните ученици за термините за аудиција ќе бидат дополнително информирани на телефонските броеви кои треба да ги приложат  во пријавата.Дополнителни информации за уписите може да се добијат и на телефонскиот  број: 046 269 -139   

Македонија | пред 5 години

Signalizacija

Хоризонатално бележење на неколку улици во Охрид

Се известуваат сите учесници во сообраќајот  односно  сопственици  на моторни возила , дека во наредните денови за време на полицискиот  час ( петок, сабота и недела), општина Охрид ќе врши обележување  на хоризонтална сигнализација во  централното градско подрачје.  Поради тоа  се молат сопствениците да ги отстранат своите возила од паркинг просторите на подолунаведениве  улици , се со цел непречено одвивање на активностите.Паркинг простор на улиците: „ Булевар Македонски Просветители“, „ Кеј Македонија”, „ Димитар Влахов“, „ Партизанска“, „ Кузман Јосифовски Питу“, „ Ванчо Николески“, „ Серафим Китаноски“, „ Страшо Пинџур“, „ Караорман“, „ Мите Богоески“ и „ Даме Груев“. 

Македонија | пред 5 години

CVETNI_BALNOKI

„Цветни балкони – Цветен Охрид “ – саксиско цвеќе за охриѓани, еве за жители од кои улици

Општина Охрид традиционално и годинава ќе го реализира проектот „Цветни балкони – Цветен Охрид “Во рамките на овој проект ќе бидат поделени 400 жардиниери со саксиско цвеќе на жителите кои живеат на  улиците:-ул.„Ариф Мустафа“-ул. „Махмуд Рифат“-ул.„Бистрица“-ул„Шар Планина“-ул„Никола Петров Русински“-ул.„ Хаџи Мустафа“-ул.„Сатеска“-ул.„Васил Стефовски“-ул„Мишо Гилиќ“-ул.„Трајче Талески“-ул.„Гоце Делчев“Акцијата започна вчера а ќе се се реализира и денеска.Граѓаните од гореспоменатите улици кои се заинтересирани за  жардиниери соцвеќе истото ќе можат да го подигнат во расадникот на ЈП „Охридски Комуналец“- Охрид на  3 и 4 јуни ( среда и четврток)  2020 год. од 9 до 13 часот, а со себе да носат копија од лични документи (лична карта или пасош) за идентификација од кои ќе биде видлива адресата на живеење и задолжително заштитни маски, како и да се почитува задожителното растојание од 2 метри.фото: Општина Охрид

Македонија | пред 5 години

Нема фотографија

Општина Охрид: Колку дивоградби отстрани апсолутната власт на ВМРО ДПМНЕ во Охрид ?

Општина Охрид реагирајќи на нападите од ВМРО ДПМНЕ во јавноста го отвора прашањето колку дивоградби отстраниле Никола Бакрачески и Никола Груевски во време на нивната апсолутна власт до 2017 година ?СООПШТЕНИЕТО ВО ЦЕЛОСТ:Очајната потреба за поголема присутност во јавноста за ВМРО-ДПМНЕ прераснува во вистински циркуз. Нивните соопштенија и јавни настапи, со кои сакаат да купат трошка доверба кај охриѓани се тотално промашување и надвор од сите логични норми за политичко дејствување на една опозиција, се вели во Реакција од Општина Охрид на соопштението на ОО ВМРО-ДПМНЕ.Нејасно е како без ниту малку срам ја отвараат темата за УНЕСКО, кога многу добро знаат дека оваа локална и централна власт предвидена од СДСМ презедоа многу значајни чекори во рамки на заложбите за зачувување на статусот на светско природно и културно наследство, кој го поседува Охридскиот регион, за разлика од власта на ВМРО ДПМНЕ кои не само што не ги решаваа проблемите, туку и вешто ги сокриваа од јавноста.Ги прашуваме дали толку лицемерно сакаат да ги лажат граѓаните, па почнале и самите да си веруваат во сопствените лаги и дали навистина не знаат дека забелешките и препораките од УНЕСКО дојдоа како резултат реактивната мисија за Охридско-Струшкито регион од 2017 година, кога ВМРО-ДПМНЕ имаше комплетна власт и на локално и на централно ниво? Што направија и какви мерки презедоа тогашниот градоначалник Никола Бакрачески и тогашниот премиер Никола Груевски за да го зачуваат статусот на УНЕСКО? Зошто не донесоа План за управување со Светското природно и културно наследство на Охридскиот Регион? Колку бесправни граби отстранија тие и колку диви градби никнаа во време на нивното владеење, кога подготвуваа мегаломански проекти и сакаа да изградат “парапетче” околу целото Охридско Езеро?На охриѓани им е повеќе од јасно дека оваа локална власт предводена од градоначалникот Константин Георгиески, со комплетна поддршка на централната власт, преку посветена работа оствари резултати кои што централна власт на ВМРО ДПМНЕ не успеа ни да ги замисли за 11 години централна власт и 4,5 години локална власт во Охрид?Во однос на отстранување на дивоградбите за кои што се толку многу “загрижени”, би ги запрашале господата од ВМРО ДПМНЕ- Зошто вчера не ја поддржаа одлуката на Советот на Општина Охрид со која беше предвидено обезбедување на 3 милиони денари од општинскиот буџет за отстранување на бесправно изградени објекти, се вели во Реакција од Општина Охрид на соопштението на ОО ВМРО-ДПМНЕ.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

kosta-1

(ВИДЕО) Во моментов во Охрид во тек се два големи капитални проекти со поддршка од Владата

Денеска градоначалникот Георгиески одржа прес-конференција на улица „15 Корпус“ во врска со инфраструктурните проекти кои во моментов се реализираат на територија на Општина Охрид.видео: Општина Охрид

Македонија | пред 5 години

ohrid

(ФОТО) Започна реконструкцијата на улицата „Прва Македонска ударна бригада“

Денеска започнаа градежните активности за реконструкција на улицата „Прва Македонска ударна бригада“ од крстосницата со улица „Питу Гули“ до Стобекс во должина од 750 метри.Предходно беа извршени подготвителни работи за преместување на дистрибутивната ниско напонска мрежа за пренос на електрична енергија и замена на постоечките дрвени столбови со нови бетонски.Проектот за реконструкција на оваа улица е дел од годишната Програма за уредување на градежно земјиште и за оваа намена од буџетот на општина Охрид се издвоени 12.952.424 денари.Иведувач на работите е АД „Илинден“  од Струга. фото: Општина Охрид

Македонија | пред 5 години

Krvodariteli

Во среда крводарителска акција во Охрид

Општина Охрид, Црвен Крст – Охрид и Институтот за трансфузиона медицина од Скопје  на 27.05 2020 година (среда), организираат крводарителска акција во спортската сала при ОУ „Григор Прличев“ во Охрид. Акцијата започнува во 9 часот наутро  и ќе трае до 14 часот. Се повикуваат  сите хумани граѓани кои се во добра здравствена состојба да бидат дел од овој хуман настан.фото: Општина Охрид

Македонија | пред 5 години

ramazan

Георгиески: Посакувам Рамазанскиот Бајрам да го дочекате во добро здравје и расположение со уверување дека деновите што се пред нас ќе донесат нови радости

Честитка од градоначалникот Константин Георгиески до сите граѓани со исламска вероисповед. Во честитката се вели:На сите граѓани со исламска вероисповед како и на претставниците на Исламската заедница во Република Северна Македонија најискрено им го честитам големиот муслимански празник, Рамазан Бајрам .Овој празник нека ви донесе радост, мир и среќа во домовите и нека духот на Рамазанскиот месец го покаже врвот на своето значење и суштина преку добрите меѓусебни односи , искреност, хуманост и простување. Посакувам празничните денови да ги минете весело и среќно со своите семејства и драги луѓе, внимавајќи на своето и здравјето и сигурноста на другите луѓе.Во време исполнето со големи предизвици, најбитно е да се покаже човечност, слога и солидарност. Најголема доблест во време со искушенија е да се има сила . Искрено посакувам овој голем празник ви донесе семејно единство и општествена солидарност. Денеска како никогаш досега ни е потребно едни со други да подаваме рака и да помагаме со дела. Посакувам Рамазанскиот Бајрам да го дочекате во добро здравје и расположение со уверување дека деновите што се пред нас ќе донесат нови радости.https://www.facebook.com/KonstantinGeorgieski7/photos/a.351826178756325/603322000273407/?type=3&theater

Македонија | пред 5 години

Kosta

Георгиески: Кирил и Методиј, веруваа во правото на секој народ да го користи својот јазик, а врз основа на тоа да го гради својот идентитет

Нека ни е честит денот на сесловенските просветители Светите Кирил и Методиј. Секое одбележување на денот на сесловенските просветители одново ја потенцира симболиката во пораките кои тие ги испраќале од нашиот свет Град. Нивното дело нè обврзува да продолжиме да ги промовираме нивната мисија на учење и традицијата која се темели на мирот, духовното богатство на луѓето, меѓусебното почитување, толеранцијата и солидарноста. Кирил и Методиј, веруваа во правото на секој народ да го користи својот јазик, а врз основа на тоа да го гради својот идентитет, литература и култура, напиша на својот ФБ профил градоначалникот Константин Георгиески. Сите ние, треба достојно да ја почитуваме нивната жртва, но и да го продолжиме нивниот аманет во борбата за сопствениот јазик, бидејќи нивното дело никогаш не згасна, одолжувајќи преку работата на Светите Климент и Наум и преку работата на Климентовиот универзитет од каде произлегле илјадници ученици кои токму од Охрид, ја продолжиле мисијата за ширење на сесловенската писменост.https://www.facebook.com/KonstantinGeorgieski7/photos/a.351826178756325/603371386935135/?type=3&theater

Македонија | пред 5 години

paketi

(ФОТО) Градоначалникот Константин Георгиевски подели пакети за Рамазан Бајрам

Заради кризата со Ковид 19 оваа година не се одржа традиционалната Ифтарска вечера на отворено, па градоначалникот на Охрид денес подели пакети за социјално загорезни лица од муслиманската вера.Во официјалното соопштение на општината стои:Во духот на меѓусебното почитување и соживот, Општина Охрид традиционално години наназад организира Ифтарска вечера за граѓаните од муслиманска вероисповед.Поради моменталната ситуација, денеска во присуство на Муфтијата Семет Ајдари, донирани се 100 социјални пакети на Исламската верска заедница.Пакетите ќе бидат поделени на социјално загрозените граѓани.Ова е само мала порака за хуманост и солидарност во овие тешки денови и има за цел зајакнување на односите на граѓаните во Општина Охрид.https://www.facebook.com/KonstantinGeorgieski7/photos/pcb.602968130308794/602967926975481/?type=3&theater

Македонија | пред 5 години

kosta-1

Честитка на градоначалникот Георгиески по повод меѓународниот ден на Власите

Градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески ,  упати честитка до сите припадници на влашката заедница во Охрид и  Република Северна Македонија по повод 23 Мај –  Националниот ден на Власите.– Влашкиот народ како посебна етничка и културна заедница, има особено значење  во нашава земја. Власите се нераскинлив дел од македонската нација и македонската историја. Нивната култура, традиција, фолклор и јазик се значаен сегмент од богатството на македонското општество, кое  се темели на меѓусебно разбирање и  почит.Одбележувајќи  го овој празник покажуваме дека ги  почитуваме и негуваме традиционалните вредности и меѓусебното разбирање на сите етнички заедници во нашава држава. Тоа е влог во заедничкиот просперитет и напредокот  во нашава  татковина која нуди подеднакви можности за сите нејзини граѓани– се вели во честитката на градоначалникот Георгиески,  по повод 23 Мај-  Националниот ден на Власите.фото: Архива 

Македонија | пред 5 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања