Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

OHRID

Нема фотографија

Познати добитниците на наградите за најдобри ликовни творби посветени на светите Кирил и Методиј

По завршувањето на распишаниот Општински награден ликовен конкурс за поттикнување на ликовното творештво на учениците од основните и средните училишта, Жири –комисијата во состав: проф. Жанета Стаиќ Митреска (претседател), проф. Звонко Целески (член) и проф.Димитрија Ристески(член)  донесе одлука за избор на најдобрите  од вкупно пристигнатите 40 ликовни  творби  посветени на Охрид и животот и дејноста на светите Кирил и Методиј.Жири –комисијата одлучи :Првата награда во првата категорија – за ученици од одделенска настава (од прво до петто одделение)да  ѝ се додели на ликовната творба   под шифра: „Супер мува”.Втората награда во првата категорија – за  ученици од одделенска настава (од прво до петто одделение) да ѝ се додели  на ликовната творба   под шифра: „Просветители 13”.Третата награда во првата категорија – за ученици од одделенска настава (од прво до петто одделение) да им се додели на   ликовните творби под шифрите: „458 ЛП ”  и  „Виножито 5” Првата награда во втората категорија – за ученици од  предметна настава (од шесто до деветто одделение) да ѝ   се додели на ликовната творба под шифра:  „Светители”.Втората  награда во втората  категорија – за ученици од предметна настава (од шесто до деветто одделение)  да ѝ се додели  на  ликовната творба под шифра: “hope x6”.Третата награда во втората категорија –за ученици од предметна настава (од шесто до деветто одделение) да ѝ се додели на  ликовната творба  под шифра:  „16012008”. Првата  награда во  третата категорија – за ученици во средно образование (од прва до четврта година) да  ѝ се додели  на  ликовната творба под шифра: „Bruno 0505”.Втората награда во третата категорија – за ученици  во средно образование од прва до четврта година) да ѝ  се додели  на ликовната творба под шифра:  „ Амајс”.Третата награда во третата категорија – за ученици во средно образование од прва до четврта година да  ѝ се додели  на ликовната творба под шифра:  „1996КЈ”. Се повикуваат добитниците на наградите да дојдат во Одделението за култура во општина Охрид  на ден 26.05.2020 година, најдоцна до 12.00 часот  и со себе да понесат копија/фотографија од ликовната творба со која конкурирале  за да го докажат своето авторство.Наградените ликовни  творби ќе бидат објавени на официјалната страна на Општина Охрид.

Македонија | пред 5 години

Нема фотографија

Познати добитниците на наградите за најдобри поетски творби посветени на светите Кирил и Методиј

По завршувањето на распишаниот Општински награден литературен конкурс за поттикнување на творештвото на учениците од основните и средните училишта, Жири –комисијата во состав: проф.Славка Јанеска (претседател), проф. Кире Стојаноски (член) и проф.Христина Наумоска (член)  донесе одлука за избор на најдобрите  од вкупно пристигнатите 49 литературни творби  посветени на Охрид и животот и дејноста на светите Кирил и Методиј.Жири –комисијата одлучи :Првата награда во првата категорија – за ученици од одделенска настава (од прво до петто одделение)да  ѝ се додели на песната: „Браќата” под шифра „Апостоли”.Втората награда во првата категорија – за  ученици од одделенска настава (од прво до петто одделение) да ѝ се додели на песната: „ПЕСНА” под шифра:„ Ѕвездено небо”.Третата награда во првата категорија – за ученици од одделенска настава (од прво до петто одделение)  да ѝ се додели на песната : „Свети Кирил и Методиј –просветители наши” под шифра „Ангели 305”.Првата награда во втората категорија – за ученици од  предметна настава (од шесто до деветто одделение) да ѝ   се додели на песната:  „Св.Кирил и Методиј”  под шифра: „ Велосипед”.Втората  награда во втората  категорија – за ученици од предметна настава (од шесто до деветто одделение)  да ѝ се додели на песната : „Живата реч над Охрид” под шифра: “Ростислав 2020”.Третата награда во втората категорија –за ученици од предметна настава (од шесто до деветто одделение)да  ѝ се додели на песната : „Светите Кирил и Методија” под шифра:  „Дизниленд”.Првата  награда во  третата категорија – за ученици во средно образование (од прва до четврта година) да  ѝ се додели на песната:  „Светите Кирил и Методиј –наши први учители” под шифра: „Потомци”.Втората награда во третата категорија – за ученици  во средно образование од прва до четврта година) да ѝ  се додели на песната:   „Словенска писменост” под шифра:„ 120804”.Третата награда во третата категорија – за ученици во средно образование од прва до четврта година да  ѝ се додели на песната: „Кирил и Методиј “под шифра:  „Ананас 1”. Се повикуваат добитниците на наградите да дојдат во Одделението за култура во општина Охрид во текот на утрешниот ден, најдоцна до 12.00 часот  и со себе да го понесат четвртиот примерок од творбата со која конкурирале  за да го докажат своето авторство.Наградените творби ќе бидат објавени на официјалната страна на Општина Охрид на 24-ти Мај –Денот на сесловенските просветители, светите Кирил и Методиј. 

Македонија | пред 5 години

asfalt

(ФОТО) Завршено асфалтирањето на улица во должина од 250 метри во село Пештани

Како дел предвидените активности за подобрување на инфраструктурата во повеќе населени места во Општина Охрид, денеска е завршено асфалтирањето на улица во должина од 250 метри во село Пештани.Во текот на наредниот период ќе следува асфалтирање на улици во селата Рача, Коњско, Косел и Лескоец како и во населбата „Радојца Новичиќ“, напиша на својот ФБ профил градоначалникот Константин Георгиески.https://www.facebook.com/KonstantinGeorgieski7/photos/pcb.601112960494311/601112833827657/?type=3&theater

Македонија | пред 5 години

Kosta

Георгиески до матурантите: Само доколку бидете упорни ќе го реализирате она што сте го поставиле како животна цел

Драги матуранти, еден период од вашиот живот завршува , а друг почнува.Една врата се затвора, а се отвора друга. Се надевам дека со себе ќе ги понесете најубавите мигови од средношколските денови и ќе продолжите да го градите својот живот најдобро што знаете и умеете. Уживајте во секој нареден момент што следи, напиша на својот ФБ профил градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески.Реката ја пробива карпата не поради својата моќ туку поради својата упорност. Само доколку бидете упорни ќе го реализирате она што сте го поставиле како животна цел . Не е битно дали ќе се одлучите да го продолжите своето образование или не. Битно е на патот кон кој сте тргнале да бидете упорни, истрајни и одговорни. Не е битно дали ќе бидете доктор, адвокат, архитект , занаетчија, земјоделец... битно е работата да ја правите со љубов и посветеност. Само така ќе бидете успешни и среќни, а нашето општество напредно и подобро за сите нас.Уживајте во годините кои се пред Вас и никогаш не заборавајте ги своите соништа. Јас знам дека сте доволно храбри, чесни и добри луѓе и дека имате доволно сила да одговорите на секој нареден животен предизвик. Пред вас се отворени сите патишта, одберете го оној што најмногу ви се допаѓа и нема да погрешите. Не одете по патеките по кои друг минал, одете таму каде никој не поминал и направете свој препознатлив траг.Посакувам секој ден да научите нешто ново, а оние кои ќе се одлучат да студираат да го осетат вистинското волшебство на студентските денови , крај себе да ја почувствувате правата љубов , а стекнатите диплома нека ви обезбеди најдобар живот и сигурност.За да ви се исполнат соништата не треба само да планирате туку и да верувате... Иднината останува на оние кои веруваат во убавината на своите соништа. Затоа продолжете да верувате во себе како што ние веруваме во Вас затоа што иднината на оваа земја останува во Ваши раце.Вие сте идни градители на овој Свет, напиша градоналникот на ФБ.https://www.facebook.com/KonstantinGeorgieski7/photos/a.351826178756325/601048003834140/?type=3&theater

Македонија | пред 5 години

Gradiste-kosta

(ФОТО) Георгиески: Започнаа активностите за отстранување на нелегално изградениот ѕид во авто – кампот „Градиште“

Започнаа активностите за отстранување на нелегално изградениот ѕид во авто – кампот „Градиште“.Градежен, комунален инспектор и инспектор за животна средина, утрово, извршија увид по што беше констатирано дека изведувачот нема постапено согласно издаденото решение за отстранување.Согласно тоа, денес, започнаа активностите за отстранување на нелегално изградениот ѕид, објави на својот Фб профил градоначалникот на Охрид Константин Георгиески.https://www.facebook.com/KonstantinGeorgieski7/photos/pcb.599854973953443/599854793953461/?type=3&theaterфото: ФБ Константин Георгиески

Македонија | пред 5 години

ruisenje

(ЕКСКЛУЗИВНО ВИДЕО) „Самар Тајм“ сама си го урива парапетчето

По притисокот на јавноста, но и  решението на инспекциските служби на општина Охрид, на 24.03.2020 година, денеска инвеститорот „Самар Тајм Експорт Импорт Љубаништа“ на градбата во непосредна близина на Охридското Езеро во Авто кампот Градиште сам го руши. Инаку по фотографиите кои синоќа се споделуваа на социјалните мрежи се огласи и градоначалникот кој на ФБ напиша:Ве информирам дека инспекциските служби на општина Охрид, на 24.03.2020 година, извршија увид и составија записник. Согласно законските процедури донесено е решение за отстранување со кое на изведувачот му се дава законскиот рок сам да го отстрани, а доколку тоа не го направи во предвидениот рок, општина Охрид ќе го отстрани на сметка на изведувачот. Ве уверувам дека никој од Локалната самоуправа, а ниту јас лично сме дале или имаме намера да дадеме одобрени за изградба на објекти кои директно влијаат врз загадувањето на Охридското Езеро, или го нарушуваат светското природно и културно наследство, информира Георгиески.фото: Скопје 1

Македонија | пред 5 години

ohridski-region

(ВИДЕО) Сезоната непочната негативната кампањата за Охрид започна – зошто?

Сигурно се сеќавате на насловите: Наезда на змии во Охрид, Охридското Езеро е загадено… и ред други вакви наслови. Сите објавени во месец мај различна година. Зошто некој упорно и медиумски сака да го нападне Охрид?Годинава најнова вест која ја слушнавме е дека кафето во Охридските кафетерии ќе биде 350 ден. Кафичите неотворени некој им ги скрои цените. Зошто?Низа негативни коментари денеска и на емисјата на национална телевизија на која водителот потенцира дека кафето ќе биде 350 ден.https://www.facebook.com/111220626921688/videos/2677969259099126/?v=2677969259099126Имено, согласно препораките на Владата се очекува овој период да се отворат угостителските објекти во земјава. Но, тие ќе мора да работат според одредени протоколи. Имено неофицијално ќе работат само отворените тераси,  масите ќе мора да бидат на растојание од над 2 метри, нема да смеат да седат повеќе од двајца/тројца гости на маса, а  бројот на гостите ќе зависи од квадратурата и слично. Но ова се само неофицијалните препораки, за тоа како ќе работат угостителските објекти официјално како ќе биде ќе соопштат од комисијата за заразни болести, кога ќе ги презентираат официјалните препораки.Од познатата и омилена  на Охриѓани кафетерија ПЛАН Б велат:-Чекаме официјално да дадат дозвола да ги отвориме објектите, а цените нема воопшто да поскапат од оние кои беа пред вонредната состојба. Цените во План Б ќе останат исти, категорични се од менаџментот од План Б.Директорот на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот Љупчо Јаневски е човекот кој наназад постојано апелира, кризата ќе заврши а после да летуваме во Македонија.– ПОТСЕТЕТЕ СЕ ШТО ЗНАЧИ ДОМА! Ќе го истражам Охрид на поразличен начин! Велосипед на Галичица, Посета на заливот на коските, ќе уживам во зајдисонцето од Канео , кафе на св.Наум, ѓомлезе во локален ресторан знаејки дека покрај убавите моменти помагам за зачувување на триесетина илјади работни места во туристичкиот сектор. Знам дека ќе видам многу пријатели кои ќе го направат истото во многу дестинации на Македонија. Потсетете се што значи Дома си е дома, вели Јаневски за Охрид 1.   И додека некој се мачи да го оцрни Охрид, оние кои навистина го сакаат веќе пристигнаа во Балканскиот Ерусалим. Денеска колони возила пристигнаа во Охрид. Охриѓани велат добредојдовте, Охрид вака го личи, раздвижен и со гости.И секако на крајот да потсетиме дека денеска претседателот Стево Пендаровски прогласи нова вонредна состојба овој пат во трање од 14 дена. Активни се сите мерки од Владата за носење заштитни маски и држење на дистанца. Почитувајте ги мерките на Владата и повелете во Охрид.

Македонија | пред 5 години

zapisuvanje-prvo

Запишувањето на деца во прво одделение во основно училиште за учебната 2020/21 год. ќе се реализира во јуни 2020 год.

Согласно Уредба со законска сила за измена и дополнување на уредбата со законска сила за примена на Законот за основно образование за време на вонредна состојба и насоките од Министерството за образование и наука, запишувањето на децата во прво одделение во основно училиште за учебната 2020/2021 година ќе се реализира во месец јуни,2020 година.фото: Општина Охрид

Македонија | пред 5 години

ohrid-velosiped

Општина Охрид ќе објави втор повик за субвенционирање за купување велосипеди

Поради големиот интерес на охриѓани за искористување на субвенции за купување на велосипед, каде за неполни 24 часа се пристигнати повеќе од 110 барања, Локалната самоуправа одлучи во ребалансот на буџетот, кој ќе биде ставен на дневен ред на наредната седница, да одвои дополнителни средства за оваа намена.Ги охрабруваме сите кои периодот од објавување на првиот повик заклучно со денес, купиле велосипед потребните документи да ги достават до општина Охрид за добивање на субвенција.Сите оние кои што нема да бидат опфатени во првиот повик, ќе имаат приоритет во вториот повик кој ќе веднаш по изгласувањето на ребалансот на буџетот ќе биде објавен.фото: Архива  

Македонија | пред 5 години

basket-ohrid

Баскет игралиште во населбата „Црногорци“ - Охрид

Општина Охрид и Агенцијата за млади и спорт на Република Северна Македонија  наскоро започнуваат со реализација на крупен спортски проект, изградба на  Баскет игралиште во некогашната касарна „Михајло Апостолски“ .Игралиштето сместено во делот за спорт и рекреација  ќе биде со димензии 22м на 22м и површина од 422 м2. На него ќе има специјална подлога за играње кошарка, а ќе бидат поставени рефлектори, соодветни спортски реквизити, канти за отпадоци и клупи.Игралиштето ќе биде наменето за спорт и рекреација на жителите од населба „Црногорци“, а според  планираното Општина Охрид  во иднина предвидува овој дел на градот да го разубави и со останати спортски содржини.фото: Општина Охрид

Македонија | пред 5 години

ohrid-velosiped

Јавен повик за субвенционирање на граѓаните на подрачјетона општина Охрид за купување велосипеди во 2020

Согласно Програмата за поттикнување на развојот на туризмот на општина Охрид и Програмата за поддршка на локалниот економски развој на општина Охрид за 2020 година, согласно член 3 од Правилникот за користење на финансиски средства од Буџетот на општина Охрид за субвенционирање на граѓаните на подрачјето на општина Охрид за купување велосипед во 2020 година („Службен гласник на Општина Охрид’’ бр.1, бр.08-815/21), општина Охрид  објавува ЈАВЕН ПОВИКЗа субвенционирање на граѓаните на подрачјетоНа општина Охрид закупување велосипеди во 2020 година  Опис на јавниот повик1.1. Општина Охрид, со цел да ги стимулира жителите на општина Охрид за користење на велосипеди, на граѓаните кои ќе купат нов велосипед ќе им надомести дел од трошоците направени при купување на велосипед.1.2. Средствата што општина Охрид ќе ги субвенционира се во износ од 50% од вредноста на велосипедот,  но не повеќе од 6.000,00 денари по лице, со вклучен персонален данок на доход.1.3. Јавниот повик ќе биде реализиран по принципот  „првдојден, првуслужен“. Право на учество на Јавниот повикПраво  на учество на Јавниот повик имаат жителите на општина Охрид, кои ќе купат нов велосипед од било кој продажен салон во нашата држава од денот на објавување на јавниот повик се до исцрпувањето на буџетот  наменет за Јавниот повик, или неподоцна од 30.11.2020 година, и кои ги исполнуваат условите од овој Јавен повик. Услови што треба да ги исполни барателотБарателот треба да ги исполни следниве услови:да е жител на општина Охрид,до сега нема искористено субвенција за купување на велосипед,новиот велосипед да е купен во нашата земја во периодот од објавување на повикот се до исцрпување  на буџетот наменет за Јавниот повик, но неподоцна од 30.11.2020 година. Начин на пријавување на Јавниот повик4.1. За надоместување на дел од трошоците и докажување дека условите за учество на Јавниот повик се исполнети,  барателот до општина  Охрид  треба да достави:– барање за субвенција за купување на еден велосипед (Барањето може да се подигне во архивата на општина Охрид или да се обезбеди од интернет страницата на општина Охрид:  (www.ohrid.gov.mk),– доказ за жителство во општина Охрид, со доставување копија на важечка лична карта на барателот,  фотокопија од трансакциска сметка на барателот,-изјава дека барателот досега нема искористено субвенција за купување на велосипед ,–  оригинал фискална сметка издадена во Република Северна Македонија, со датум од  објава на јавниот повик на официјалната веб стрна на општина Охрид, се до исцрпувањe на буџетот наменет за Јавниот повик, но не подоцна од 30.11.2020година4.2.Едно лице може да поднесе само едно барање за добивање на субвенција за купување на еден велосипед.4.3. Барањата за субвенционирање на граѓаните на подрачјето на општина Охрид за купување велосипеди во 2020 година, заедно со потребната документација, граѓаните во затворен плик ги доставуваат до соодветната Комисија, преку Архивата на општина Охрид, ул. Димитар Влахов бр.57, секо јработен ден од 09:00 до 15:00 часот.4.4. На пликот треба да е наведено “Јавен повик за субвенционирање на граѓаните на подрачјето на општина Охрид за купување велосипеди во 2020година. “4.5. Архивата на општина Охрид примените барања ќе ги евидентира со точното време на поднесување (датум, час и минута), заради воспоставување редослед по кој ќе се разгледуваат барањата. Начин на спроведување на Јавниот повик5.1. За спроведување на јавниот повик Градоначалникот формира Комисија за спроведување на Јавниот повик за субвенционирање на граѓаните на подрачјето на општина Охрид за купување велосипеди во 2020година.5.2. Општина Охрид, во зависност од динамиката на пристигнување на пријавите, периодично ќе ја известува јавноста за преостанатите средства, се до нивно целосно искористување, но не подоцна од 30.11.2020година.5.3. Исплатата на средствата ќе се врши сукцесивно, според редот на пристигнати барања, се до исполнување на предвидениот буџет за оваа намена.5.4. Доколку бидат исцрпени предвидените финансиски средства, општина Охрид ќе го објави завршувањето на Јавниот повик преку својата веб страна. Финансиските средства ќе се сметаат за исцрпени односно доделени кога на предлог на комисијата, Градоначалникот ќе донесе решение за исплата на средствата. Начин на остварување на правото на надоместок(1) Градоначалникот на општина Охрид врз основа на Предлогот на комисијата носи решение за одобрување на Барањата за субвенционирање на граѓаните на подрачјето на општина Охрид за купување велосипеди.(2) Комисијата ги известува барателите кои не ги исполниле условите согласно Јавниот повик за одбивање на барањето.Деталите може да ги погледнате на овој линк...

Македонија | пред 5 години

Edna-godina-zaedno

Електронско издание на реализираните проекти во првата година од мандатот на градоначалникот Константин Георгиески

Водена од приоритеттите и потребите на охриѓани, локалната самоуправа предводена од градоначалникот, Константин Георгиески  во првата година од неговиот мандат, посветено, одговорно и чесно работеше за подобра иднина на Охрид.Врз основа на принципот на транспарентност  ви го презентираме електронското издание со реализираните проекти кои се од исклучително значење во повеќето сфери од општественото живеење, во период од мај 2019 до мај 2020 година.ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИЕ НА РЕАЛИЗИРАНИТЕ ПРОЕКТИ ВО ПРВАТА ГОДИНА ОД МАНДАТОТ НА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ КОНСТАНТИН ГЕОРГИЕСКИ

Македонија | пред 5 години

Kosta

(ВИДЕО) Георгиески: Посветено, одговорно и чесно, водени од Вашите приоритети и потреби, ЕДНА ГОДИНА ЗАЕДНО работиме за нашиот Охрид

1 година заедно за ОХРИД. Посветено, одговорно и чесно, водени од Вашите приоритети и потреби, ЕДНА ГОДИНА ЗАЕДНО работиме за подобра иднина на нашиот Охрид, вели градоначалникот на Охрид Константин Георгиески.Тој вели: Како што Ви ветив, во правата година од мојот мандат успеавме да реализираме голем број проекти кои се од исклучително значење во повеќе сфери од општественото живеење.Отчетот на градоначалникот за првата година од неговата работа на следниов линк  https://www.facebook.com/KonstantinGeorgieski7/videos/2351620018464236/?epa=SEARCH_BOX

Македонија | пред 5 години

kosta-izjava

Георгиески: ОУ „Ванчо Николески“ го одбележува својот патронен празник, се надевам следната година соодветно ќе го прославиме

Денеска ОУ „Ванчо Николески“ го одбележува својот патронен празник. Најискрени честитки за наставниот кадар и учениците, со желби за уште поголеми училишни успеси! Се надевам дека наредната година ќе имаме можност заедно и соодветно да го прославиме овој патрон, напиша на својот ФБ профил градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески.https://www.facebook.com/KonstantinGeorgieski7/photos/a.351826178756325/595071104431830/?type=3&theaterфото: ФБ Константин Георгиески

Македонија | пред 5 години

kosta

Георгиески: Една година заедно работиме за подобра иднина на нашиот Охрид

Посветено, одговорно и чесно, водени од Вашите приоритети и потреби, ЕДНА ГОДИНА ЗАЕДНО работиме за подобра иднина на нашиот Охрид, напиша напиша на својот ФБ профил градоначалникот на Охрид Константин Георгиески.Градоначалникот во својата објава додава:Како што Ви ветив, во правата година од мојот мандат успеавме да реализираме голем број проекти кои се од исклучително значење во повеќе сфери од општественото живеење.Водени од принципот на транспарентност, подготвен е соодветен материјал, преку кој ќе Ви бидат презентирани детали од мојата едногодишна работа.Презентацијата за сите реализирани проекти ќе се одржи на 11-ти мај 2020 година (понеделник) во 11 часот преку линк во живо на официјалната страница на Општина Охрид и на социјалните мрежи.https://www.facebook.com/KonstantinGeorgieski7/photos/a.351826178756325/594378681167739/?type=3&theater

Македонија | пред 5 години

Tabana

Завршни активности кај плоштадот “Табана“

По извршената  реконструкција и замената на бехатон плочките со гранитни, деновиве  плоштадот “Табана“ хортикултурно се уредува, а поставена е и инсталација за соодветно осветлување. Во текот на утрешниот ден ќе бидат поставени жардинерии околу плоштадот и се замолуваат граѓаните да не паркираат возила на овој простор.Вредноста на овој проект е 2.672.582 денари, а  Општина Охрид го реализира во соработка со Центарот за развој на југозападниот плански регион.фото: Општина Охрид

Македонија | пред 5 години

mazija

(ФОТО) Се уредува паркот ,,Мазија”

ЈП ,, Охридски комуналец” започаа со уредување на паркот ,,Мазија”.Со акцијата е опфатено чистење на џбунастите растенија, кастрење на крошни и отстранување на сувите врби. Вкупно ќе се отстранат четири врби, кои се суви и не постои можност за нивнс рехабилитација, бидејќи претставуваат опсаснот за граѓаните. фото: Општина Охрид

Македонија | пред 5 години

Нема фотографија

Георгиески до припадниците на полициските сили: Покажавте и докажавте дека сте спремни да се жртвувате за јавното добро

Почитувани припадници на полициските сили,Ви го честитам Денот на полицијата со желби за добро здравје и успешна работа. Уште еднаш и во овие тешки мигови за човештвото покажавте и докажавте дека сте спремни да го понесете бремето кое Ви се става на товар. Покажавте и докажавте дека сте спремни да се жртвувате за јавното добро, напиша на својот Фб профил градоначалникот на Охрид Константин Георгиески.Затоа, дозволете во мое име и во името на охриѓани да Ви изразам едно големо благодарам за сите ваши напори и заслуги сега и во минатото.Нека Ви биде честит Денот на полицијата !https://www.facebook.com/KonstantinGeorgieski7/photos/a.351826178756325/593241554614785/?type=3&theater

Македонија | пред 5 години

kosta-izjava

Георгиески: Улогата на медиумите во денешниот глобален свет е од исклучително значење

ФБ статус на градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески. Во објавата на градоначалникот се вели:🎥🎤🗞️📷Упатувам честитки до новинарите и медиумските работници по повод Светскиот ден на слободата на медиумите!Улогата на медиумите во денешниот глобален свет е од исклучително значење. Вистинската и навремена информација има огромна општествена вредност. Бидете посветени, известувајте независно и информирајте објективно, бидејќи Вие сте креаторите на јавното мислење и јавната свест! Ви посакувам големи професионални успеси и подобри услови за работа!Ценејќи ја вашиот ангажман и важноста на вистинската и точната информација, секогаш ќе бидам достапен за новинарите и подготвен за соработка!https://www.facebook.com/KonstantinGeorgieski7/photos/a.351826178756325/590825344856406/?type=3&theater

Македонија | пред 5 години

kosta

Георгиески: Должни сме да се бориме, да ги штитиме и унапредуваме правата, бидејќи работникот е нераскинлива алка во општествените и стопански текови

Честитка на градоначалникот Константин Георгиески по повод Меѓународниот ден на трудот. Во честитката се вели:Ви го честитам меѓународниот ден на трудот, 1. Мај, со желби за успех во работата, напредување во кариерата, вреднување на Вашиот труд и остварување на Вашите права.Сите ние заедно, сме должни да се бориме, да ги штитиме и унапредуваме правата, бидејќи работникот е нераскинлива алка во општествените и стопански текови. Секогаш бидете горди и посветени на она што го работите, бидејќи трудот и посветеноста се најголеми вредности и двигатели на иднината, стои во честитката на градоначалникот Константин Георгиески.фото: Архива 

Македонија | пред 5 години

tableti

(ФОТО) Општина Охрид доби донација од 50 таблет компјутери, наменети за учениците од социјално-ранливи семејства

Општина Охрид доби донација од 50 таблет компјутери од компанијата „Еколог Интернешнл“ кои ќе бидат наменети за учениците од социјално-ранливи семејства од Охрид кои имаат потреба од вакви електронски уреди за да можат да ја следат наставата „онлајн“.Oваа донација е во насока на соодветно и успешно спроведување на наставата по електронски пат, во време на вонредни услови, предизвикани од пандемијата на Корона вирусот „Ковид 19“.Освен во Охрид, компанијата донираше неколку илјади таблет компјутери и во други општини од Република Северна Македонија, напиша на својот ФБ профил градоначалникот Константин Георгиески.https://www.facebook.com/KonstantinGeorgieski7/photos/pcb.588979795040961/588979458374328/?type=3&theaterфото: ФБ Константин Георгиески

Македонија | пред 5 години

kosta-izjava

Георгиески: И покрај денешната одлука на Уставниот суд, за април и мај ќе подигнам плата од 14.500 денари, останатите пари ќе ги уплатам во Црвен крст Охрид

Поради лична желба, одговорност и солидарност во овие моменти, кога сите капацитети и ресурси се насочени кон побрзо надминување на кризата со Корона вирусот Ковид-19, сакам да ја информирам јавноста дека и покрај денешната одлука на Уставниот суд, за месеците април и мај ќе подигнам плата од 14.500 денари, а останатите средства до целиот износ на нето платата, ќе ги уплатам на сметка на Црвен Крст Охрид за обезбедување на прехранбени пакети за социјално-ранливите семејства од нашата општина, објави на својот профил градоначалникот на Охрид, Константин Георгиевски.Градоначалникот додава:❗Упатувам апел до сите носители на јавни функции да го следат овој пример. Само со лична одговорност можеме да дадеме придонес во оваа специфична ситуација.Секој поединец може да придонесе. Да продолжиме посветено да ги почитуваме сите препораки, да бидеме совесни и одговорни, бидејќи од нас зависи.

Македонија | пред 5 години

kanalizaciona-mreza

(ФОТО) Реконструкција на дел од канализационата мрежа во Пештани

Екипи на ЈП „Нискоградба“ деновиве работат на реконструкција на дел од канализационата мрежа во село Пештани.  Акцијата се спроведува со цел да се реши проблемот  предизвикан со дел од септичките јами.На стрмен простор се изработува каскадна шахта која ќе  е поставена на   длабочина од 2 метри, а на длабочина од околу 4 метри се  поставува нова  цевка Ф 20 со должина од 25 метри. Зафатот се очекува да заврши деновиве. фото: Општина Охрид 

Македонија | пред 5 години

kosta-izjava

(ВИДЕО) Започна реконструкцијата на улицата „Абас Емин“ во Охрид

Денеска започнува реализација на еден од најважните инфраструктурни проекти во Охрид, а тоа е Комплетна реконструкција на улицата „Абас Емин“. Со ова, конечно се решава еден децениски проблем и се обезбедуваат подобри услови за жителите на Општина Охрид.Проектот е поделен на два дела, првиот дел, за изведба и реконструкција на фекалната, атмосферската и водоводната мрежа на улицата се реализира со поддршка на Министерството за транспорт и врски и со средства од Европската банка за обнова и развој. Вториот дел од инвестицијата, кој опфаќа комплетна реконструкција на коловозната лента и тротоарите во должина од 1100 метри, од крстосницата со булевар „Туристичка“ до крстосницата со улицата „Железничка“ ќе се реализира со средства од Буџетот на Општина Охрид. Вредноста на вкупната инвестиција е околу 40 милиони денари.Во рамки на активностите за реконструкција на целокупната подземна инфраструктура, првично ќе биде опфатен потегот од крстосницата со булевар „Туристичка“ до крстосницата со улицата „Македонски Просветители“.Градоначалникот Константин Георгиески заедно со надлежните во Секторот за комунални дејности, сообраќај и улици, направи увид на започнатите активности.– Како резултат на истрајноста, упорноста, ангажираноста и посветеноста на Локалната самоуправа со особена гордост и задоволство сакам да Ве информирам дека денес започнува реконструкциајта на улицата „Абас Емин“. Реконструкацијата на оваа улица е капитална инвестиција за нашите граѓани, нешто што беше планирано од сите претходни градоначалници и сите претходни Локални власти. Како локална самоуправа ги препознаваме вистинските потреби за нашиот град, ги лоцираме вистинските проблеми и напорно работиме на нивно решавање. Ова е сложен инфраструктурен проект, во текот на изведбата ќе има измени на сообраќајниот режим на улицата „Абас Емин“ затоа упатувам молба до граѓаните за разбирање при изведување на работите, истакна Георгиески во своето обраќање до граѓаните. Тој најави дека доколку се тече според планираното, комплетната реконструкција на улицата ќе треба да заврши за околу една година.фото: Општина Охрид

Македонија | пред 5 години

kosta

(ВИДЕО) Георгиески: Во овие моменти кога ја славиме победата над смртта, треба да ја славиме вербата во бога, повеќе од било кога

Видео порака од градоначалникот на Охрид Константин Георгиески. Во продолжение обраќањето и Велигденската честитака од градоначалникот…https://www.facebook.com/KonstantinGeorgieski7/videos/2853474571404764/Видео: ФБ Константин Георгиески

Македонија | пред 5 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања