Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

ОЈО

noz-ubistvo-napad

Додека спиела, влегол и ја прободел со кујнски нож во вратот - се бара притвор за синот од Росоман кој си ја уби мајка си

Основното јавно обвинителство Кавадарци донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 27-годишник од Росоман осомничен за кривично дело – Убиство согласно член 123 став 2 точка 2 од Кривичниот законик.„Осомничениот со умисла, при вршење семејно насилство, ја лишил од живот сопствената мајка. Додеката жената спиела во една од собите, тој ја прободел со кујнски нож во вратот, нанесувајќи и смртоносни повреди.Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот“, информираат од ОЈО.

Македонија | пред 5 часа

eZy-Watermark_26-08-2023_12-39-39-2680PM

Вишото јавно обвинителство остана без шеф, никој не доби потребна поддршка

Советот на јавни обвинители не донесе одлука за избор на нов шеф на Вишото јавно обвинителство – Скопје. Ниеден од петтемина пријавени кандидати не го доби потребниот број гласови за наследник на Мустафа Хајрулахи.Претседателот на Советот на јавни обвинители. Башким Селими, рече дека на огласот се пријавиле седум кандидати, од кои двајца, Џелал Бајрами и Трајче Пеливанов, ги повлекле кандидатурите.Државниот јавен обвинител Ненад Савески рече дека останува на ставот да им се даде шанса на сите за напредок, но дека негов фаворит е Јасмина Костеска-Здравеска.„Таа е обвинител со интегритет и има вештини и како личност е препознаена во фелата како позитивна и добронамерна, тоа се важни карактеристики за една менаџерска функција”, рече Савески.Членот на Советот, Марија Илиевска рече дека се согласува со ставот на Савески нагласувајќи дека тоа ѝ се потврдило и од интервјуто со кандидатите.Здравевска се споменуваше во „бомбите“ на Зоран Заев.Костеска доби недоволни четири гласа.Ермонд Незири гласаше за Фатиме Фетаи нагласувајќи дека е кандидатка со најмногу искуство и, според него, најсоодветна. Фетаи доби најмногу воздржани гласови.Светлана Стојковиќ рече дека за шеф на Вишото обвинителство според неа требало да биде кандидат кој се повлекол, мислејќи на обвинителот Трајче Пеливанов, па од останатите се одлучи за обвинителот кој го затвори случајот со сомнежите за фалсификат на сертификатот на директорот на АНБ, Бојан Христовски, Владимир Милошевски, кој доби само еден глас.На седницата на Советот не се разгледа кандидатурата на Александар Марковски кој претходно веќе беше избран за јавен обвинител во ОЈО ГОКК.

Македонија | пред 3 дена

media-library3jo007gnkfemeKUNMZi

Познати обвинителите кои ќе гонат организиран криминал

Александар Марковски е избран за јавен обвинител во Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, како дел од изборот на нови обвинители, на кој беа избрани вкупно четворица кандидати.Во постапката за избор, првично конкурирале десет кандидати, но двајца – Пеливанов и Ајро – се повлекле, по што во трката останале осум кандидати. Од нив, четворица добиле доверба и ќе бидат дел од ОЈО ГОКК.Едногласна поддршка добиле Енѓелуше Кадриу Леши, Александар Марковски, Ана Гоговска Јакимовска и Ана Стојковиќ Димитровска.Марија Ѓоргева не добила ниту еден глас, а Валентина Бислимовска освоила еден глас. Ивана Алексова Трајчева не го добила потребното мнозинство.Во текот на расправата, членовите на Советот посочиле дека станува збор за искусни и професионални кандидати, при што дел од нив се залагале за давање шанса и на обвинители кои досега не работеле во ОЈО ГОКК. Беше истакнато и дека предложените законски измени предвидуваат мандат од седум години без право на повторен избор, што, според дел од учесниците, ќе придонесе за поголема независност и развој на кариерата.Во дискусијата беа отворени и прашања за правичната застапеност на заедниците, како и потребата од поголема мотивација за кандидирање на идни конкурси.Одлуката за избор на обвинителите ќе стапи во сила од 1 април.

Македонија | пред 3 дена

media-libraryj0h8k113kh8g7Qh36PC

Ја клоцал и ја мавал со боксови по тело и и скршил три ребра: Кумановец брутално ја малтретирал сопругата

Основното јавно обвинителство Куманово поведе постапка против 59-годишен кумановец, осомничен дека при вршење семејно насилство тешко ја повредил сопругата.„На 20 март во семејната куќа сопружниците имале вербална расправија, а осомничениот физички ја нападнал жената, удирајќи ја со тупаници и клоци по целото тело, при што и предизвикал сериски фрактури на три ребра.Тој е осомничен за кривично дело – Тешка телесна повреда од член 131 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик, а јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Куманово достави предлог за определување мерка притвор со цел обезбедување на осомничениот во текот на постапката“, известуваат од ОЈО.

Македонија | пред 5 дена

media-library79rgnkfhu8oc2jIhEpt

Kраделе кабли во кругот на фабриката „Железара“, па оштетиле јавна електрична инсталација вредна 800 илјади денари

По спроведена истражна постапка, Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен акт против тројца соизвршители на кривично дело – Тешка кражба од член 236 став 4 во врска со став 1 од Кривичниот законик.„Во првите денови од март годинава, од кругот на фабриката „Железара“, обвинетите украле различни видови кабли вредни вкупно 196.500 денари, сопственост на правно лице од Кавадарци. При кражбата оштетиле и кабел кој бил дел од јавна електрична инсталација, вреден 800.000 денари. Кога ги натовариле каблите во автомобил и се обиделе да ги изнесат од кругот на фабриката, обвинетите биле откриени и лишени од слобода.Со поднесеното обвинение јавниот обвинител до Судот достави и предлог за продолжување на претходно определената мерка притвор за еден од обвинетите, додека за останатите двајца на сила се мерки на претпазливост“, информираат од обвинителството.

Македонија | пред 5 дена

media-librarya8f7lrt0dvnv9fOfN2S

СДСМ бара ОЈО веднаш да отвори предмет за Гувернерот и двајца Вицегувернери на НБМ

СДСМ денеска повика Основното јавно обвинителство (ОЈО) да отвори предмет и да го испита непостапувањето на гувернерот на Народната банка, Трајко Славески, во рокот предвиден со закон за избор на вицегувернери.„Станува збор за сериозни индиции за прекршување на законот и свесно блокирање на институционалниот процес од страна на гувернерот Славески“, наведуваат од СДСМ. Според Законот за Народната банка, вицегувернерите ги именува Собранието на предлог на гувернерот, а непостапувањето директно ја блокира законската постапка и го спречува Собранието да ја изврши својата надлежност.СДСМ потсетува дека мандатите на вицегувернерите истекле уште во октомври 2025 година, а рокот за избор истекол во декември 2025 година, додека истите продолжуваат да учествуваат во донесување одлуки. „Постои основано сомнение за незаконито непостапување на гувернерот, институцијата функционира во спорен состав, а одлуките донесени во такви услови може да бидат правно оспорени“, велат од партијата.СДСМ бара ОЈО да утврди дали гувернерот ја прекршил законската обврска, дали се овозможило незаконско продолжување на мандатите и дали одлуките на органите на Народната банка биле донесувани во незаконит состав. „Институциите не смеат да функционираат по волја на поединци. Законот мора да важи за сите, особено за оние што управуваат со најважните финансиски институции во државата. Сите ќе одговарате!“, порачуваат од СДСМ.

Македонија | пред 6 дена

media-library55pa1pgudiln2ipupBI

Ќе му се суди на ексдржавниот правобранител Стафа оти тргна да “средува” со судија за притворот на Ѓаволот

Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција поднесе обвинителен акт против Фехми Стафа, осомничен за кривично дело „примање награда за противзаконито влијание“.Според обвинението, Стафа во периодот од октомври до 13 декември 2025 година примил вкупно 50.000 евра со намера да посредува и да го искористи своето влијание за да интервенира кај судија во Апелационен суд Скопје, со цел да се донесе одлука што не би смеела да се изврши.Од Обвинителството информираат дека обвинетиот побарал поголема сума, а дел од парите биле исплатени во два наврати – прво 30.000 евра во октомври, а потоа уште 20.000 евра во декември 2025 година.Во моментот на приведувањето кај него биле пронајдени 20.000 евра, дел од договорениот износ.Според истрагата, Стафа бил ангажиран како адвокат на лицето Љупчо Пецов Ѓаволот, кој во тој период бил во бегство. Сомнежите се дека парите биле побарани за да се „среди“ замена на мерката притвор со домашен притвор.Обвинителството посочува дека поради ризик од влијание врз сведоци и други околности, со обвинителниот акт е доставен и предлог за продолжување на претходно определената мерка.Според претходно објавени информации, дел од доказите во истрагата вклучуваат и аудио-снимки на кои се споменува судија од Апелација, за кого наводно требало да се изврши влијание.Случајот предизвика силен јавен интерес, имајќи предвид дека станува збор за поранешен државенн правобранител, а обвинението отвора сериозни прашања за евентуално влијание врз судски одлуки.

Македонија | пред 1 седмица

media-librarydpqi2912p5fn4XnUYXr

Парите од измамите за лажни сообраќајки завршувале во Бугарија, приведени четири лица

Основното јавно обвинителство Битола со координација на дејствија на Истражниот центар во тоа обвинителство и на СВР Битола откри разработена шема на измами на граѓани со лажни сообраќајни несреќи, преку која на подрачјето на ОЈО Битола во последните 2-3 месеци биле измамени над десет граѓани од кои биле извлечени вкупно над 60.000 евра и други вредни предмети.Бројот на вакви настани особено се зголемува од почетокот на февруари, од кога се евидентирани веќе шест слични случаи.Во сите предмети начинот на извршување е сличен – оштетени се обично повозрасни лица кои добиваат телефонски повик дека некое ним блиско лице е тешко повредено во сообраќајна несреќа и дека итно се потребни пари за сложена операција. Втората верзија на лажни факти која измамниците им ја претставуваат на дел од оштетените е дека нивен близок предизвикал сообраќајна несреќа со тешки последици и дека парите се потребни за да се избегне затворска казна.Доведени во заблуда и исплашени за своите блиски, оштетените се согласуваат лично на рака да исплатат различни суми пари – од неколку десетици илјади денари до над 20.000 евра, златен накит и вредни предмети. Парите ги предаваат на различни локации во Битола, на лица кои претходно, преку оглас на Фејсбук, биле ангажирани за работа. До овој момент, Основното јавно обвинителство Битола има поднесено обвинение против четири вакви лица кои се гонат како соизвршители во измамите и директно ги преземале парите од измамените граѓани.Според сознанијата на истрагата, парите потоа се пренесуваат и се предаваат кај засега непознато лице во Бугарија. Она што ги поврзува случаите се и телефонски броеви од Романија кои се употребени во сите овие настани за контакт со оштетените.Од тие причини, Основното јавно обвинителство Битола упати и барање за меѓународна правна помош до органите на овие држави со цел преземање дејствија за откривање на сторителите.Во меѓувреме, истражните органи апелираат граѓаните да не потпаѓаат на вакви измами и да не се согласуваат на исплата на парични средства “на рака” на лица кои воопшто не ги познаваат, велат од обвинителството

Македонија | пред 3 седмици

media-librarykm19ta71i1cp7PLwsui

Ќе се „чешлаат“ социјалните служби за случајот со Ивана и Катја: како постапиле по секое насилство од Стојанче?

Јавното обвинителство отвори предмет за да го испита постапувањето на Центарот за социјални работи во случајот со Ивана и малата Катја Јовановска, по наводите дека институциите не реагирале соодветно и покрај пријавите за семејно насилство.Од Обвинителството информираат дека предметот е оформен по допрен глас, врз основа на информациите објавени во медиумите за утврдени неправилности при извршен инспекциски надзор во Центарот за социјални работи.„Врз основа на информациите објавени во медиумите за констатирани неправилности при извршениот инспекциски надзор во Центарот за социјални работи, Јавното обвинителство на РСМ оформи предмет по допрен глас и го проследи на надлежно постапување на Основното јавно обвинителство Скопје, кое ќе преземе дејствија на проверки за да испита дали со овие неправилности се исполнети елементи на кривично дело кое се гони по службена должност“, соопштија од обвинителството.Според информациите на СП, Ивана и Катја биле нападнати во болница од Стојанче. Социјални работници излегле на терен, но случајот не добил епилог со кој би се спречило понатамошно насилство.Трагедијата предизвика силни реакции во јавноста, особено поради сомнежите дека институциите не реагирале навреме. Невладини организации повеќепати предупредуваа на пропусти во работата на социјалните служби во случаи на семејно насилство.При последниот инспекциски надзор од Министерството за труд и социјална политика биле утврдени неправилности во водењето на предметот за Ивана и Катја, кои го загубија животот по пад од балкон во скопската населба Карпош.

Македонија | пред 3 седмици

media-librarynjo5p5396d1d9NYvbg3

Скопјанец ќе одговара за ширење омраза кон македонската држава и идентитет: го поттикнал бугарски државјанин за да поттикнува насилство

Основното јавно обвинителство Скопје оформи предмет по поднесена кривична пријава од Секторот за борба против тероризам, насилен екстремизам и радикализам во Бирото за јавна безбедност на Министерството за внатрешни работи против едно лице за кривично дело – Ширење расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем од член 394-г од Кривичниот законик.„Осомничениот, преку посебно креирана страница на социјалната мрежа Фејсбук, споделувал содржини кои предизвикуваат национална и етничка дискриминација со што поттикнувал омраза кон македонската држава и идентитет. По претходни сознанија на Агенцијата за национална безбедност, полициски службеници извршија претрес и одзедоа пропаганден материјал што 30-годишниот скопјанец го отпечатил со намера да го дистрибуира во земјава.На ваквите активности осомничениот бил поттикнат од бугарски државјанин кој подолг период на социјалните мрежи и на други портали објавува содржини чија цел е поттикнување омраза, нетрпеливост и насилство.Јавното обвинителство, во соработка и со координација со другите надлежни органи, продолжува да презема дејствија за обезбедување докази, информираат од ОЈО.

Македонија | пред 3 седмици

media-librarynrr78uj11n3e5s1L3vA

Наместо прометот да го стави во сеф, си го земал за себе: Менаџер од Чаир присвоил речиси 2,8 милиони денари

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против едно лице за продолжено кривично дело – Затајување согласно член 239 став 5 во врска со став 3 и став 1 од Кривичниот законик.Осомничениот 35-годишник ја злоупотребил својата службена положба – менаџер на продавница во трговски центар во Чаир, како и дадената доверба и пристапот до касите и сефот, па во периодот од 18.12.2025 година до 04.02.2026 година, во повеќе наврати одземал парични средства што му биле доверени. Парите од дневниот промет не ги депонирал во сеф ниту ги предавал на овластено лице за собирање и транспорт на прометот. На овој начин осомничениот незаконски присвоил 2.783.867 денари и ја оштетил компанијата во која работел.Бидејќи откако бил откриен тој веднаш бил отстранет од работното место, јавниот обвинител предложи и дополнителни мерки на претпазливост во текот на постапката – забрана за напуштање на живеалиште, обврска да се јавува во судот и привремено одземање на пасошот.Притоа, обвинителството го имаше предвид ризикот од бегство како и фактот дека осомничениот се уште ги крие и не ги враќа противправно одземените пари на правното лице.

Македонија | пред 1 месец

media-library3evk0esuong61cpIaAX

За омраза и отпор ќе одговараат дел од демонстрантите по протестите за одземените возила, вели Обвинителство

За предизвиквуање омраза и организирање отпор ќе бидат гонети лицата кои протестираа низ повеќе градови во Македонија, а откако полицијата им ги одзеде возилата поради возење без возачка дозвола.Обвинителството соопшти дека се испитуваат елементи од член 319 од Кривичниот законик, односно за предизвикување омраза, раздор или нетпреливост врз национлна, расна, верска и друга дискриминаторска основа, за што е предвидено казна од една до пет години. Ова дело е поврзано за верските навреди кои беа искажани на еден од протестите.Второто дело кое се разгледува, по член 387 од Кривичниот законик пак, се однесува на организирање отпор или непослушност спрема законити одлуки или мерки на државен орган, за што е предвидена затворска казна од една до три години. Ова дело се разгледува за сите протести кои беа организирани низ државата, бидејќи доаѓаат како отпор по законската постапка – одземање на возило доколку истото е управувано од лице кое не поседува возачка дозвола.„Доколку бидат утврдени елементи на кривично дело, соодветно надлежните јавни обвинителства ќе постапат“, рекоа од Обвинителството.Еден од демонстрантите пак, експлицитно посочи дека доколку интервенира полицијата, ќе има убиство.

Македонија | пред 1 месец

media-libraryblmbp08nqnd45AhZeAG

Обвинителство отвори предмет за случајот со „извоз на мозоци“ во САД

Јавното обвинителство на Република Северна Македонија, врз основа на повеќе објавени информации во медиумите, оформи предмет по допрен глас поради наводите од објавените документи во случајот за Џефри Епштајн кои упатуваат дека примероци од мозоци на починати лица од земјава наводно биле транспортирани за научно-истражувачки цели во САД.„Имајќи ја во вид природата на наводите, кои вклучуваат обработка, замрзнување и меѓународен транспорт на човечки ткива, како и евентуални прашања за усогласеноста со законските и етичките стандарди за експерименти со човечки ткива и примероци, Јавното обвинителство оформи предмет со цел да ги испита сите индиции за евентуално постоење на елементи на кривично дело кое се гони по службена должност.Предметот е доставен на надлежно постапување на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција кое треба да преземе дејствија на прибирање официјални информации од надлежните органи, институции и здравствени установи, во насока на утврдување на евентуално нелегално постапување со човечки ткива и биоматеријали, пропусти или злоупотреби при добивање дозволи и согласности“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 1 месец

eZy-Watermark_26-08-2023_12-39-40-1670PM

Обвинителство отвори предмет за петте тони марихуана запленети во Србија

Обвинителството во Северна Македонија има оформено предмет во врска со запленетите пет тони марихуана во Србија, за којашто српските медиуми првично информираа дека била набавена од македонска територија.„Обвинителството уште во петокот беше навремено и целосно информирано за настанот и без одлагање презеде активности во рамките на своите законски надлежности. Веднаш е воспоставена интензивна и континуирана комуникација со надлежните органи на Република Србија, со активна размена на релевантни информации и координација на дејствијата, со цел целосно и сеопфатно откривање на сите инволвирани лица и евентуални организирани структури поврзани со случајот на заплена на пет тони марихуана. Обвинителството има оформено предмет и веќе се преземаат конкретни, насочени и координирани дејствија за целосно утврдување на сите факти и околности за поврзаноста на Република Северна Македонија со овој случај, со цел обезбедување целосна кривично-правна одговорност“. велат од ОЈО.Петте тони марихуана беа запленети на 29 јануари во регионот на селото Коњух кај Крушевац, централна Србија. Српската полиција ја оцени заплената како најголема во историјата на земјата, а вредноста на наркотикот се проценува на седум до десет милиони евра.Вишиот суд во Белград одреди притвор за три лица.Српското обвинителство предложи издавање налог за апсење, вклучително и меѓународен, за осомничениот Александар Мијајловиќ, кој е означен како организатор на организирана криминална група и е во бегство.

Македонија | пред 1 месец

h_54384372-220098

Дрога спакувана во најлонски и книжни омоти во пластична кофа под маса – четворица осомничени за трговија во Валандовско

Основното јавно обвинителство Гевгелија донесе Наредба за спроведување истражна постапка против осомничен кој во временскиот период од октомври 2025 година до 23.01.2026 година, во угостителски објект во валандовското село Јосифово, неовластено заради продажба држел 121,40 грама марихуана,  751,99 грама хашиш и 37,44 грама мешавина од хашиш и марихуана.Дрогата била спакувана во најлонски и книжни омоти ставени во пластична кофа со капак под работната иноксна маса во објектот.  Полициски службеници пронашле и една пластична вага со остатоци од наркотична дрога.Од тие причини постои основано сомнение дека осомничениот сторил кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик.За истото кривично дело се осомничени уште 3 лица, кои меѓусебно препродавале наркотична дрога марихуана во непосредна близина на плантажи со лозје во Јосифово. На 21 јануари едниот осомничен продал 679,97 грама марихуана на вториот осомничен, а тој потоа неовластено ја држел во штала.Следниот ден дрогата ја однел кај третото лице во селото Пирава, кое требало да ја препакува и да посредува во купопродажбата на марихуаната на крајни корисници – зависници. При претресите полициски службеници ја пронашле дрогата, како и уште дополнителни 65,13 грама марихуана, 110 семки кои потекнуваат од растението канабис и вага со остатоци од наркотична дрога.Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Гевгелија достави предлог за определување мерка притвор за сите четворица осомничени дилери.

Македонија | пред 2 месеци

zena-noz

Пијана жена го прободела сопругот со нож во рамо, па го гребела по вратот и телото

Основното јавно обвинителство Кавадарци поведе постапка против 30-годишна државјанка на Р.Хрватска со привремен престој во Кавадарци, која е осомничена дека сторила кривично дело – Телесна повреда од член 130 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик.На 25 јануари утрото, во состојба на пијанство со присуство на 2,61 промили алкохол во крвта, осомничената вршела семејно насилство и телесно го повредила својот сопруг. По вербална расправија, зела нож од кујната и го прободела оштетениот во левото и во десното рамо, а потоа го гребела по вратот и телото.Јавниот обвинител, имајќи ги предвид сите околности, оцени дека се исполнети законските основи и до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Кавадарци достави предлог за определување мерка притвор за осомничената.

Македонија | пред 2 месеци

media-librarynuc1t4av05qsdf840qf

Анел Фидовски е нов шеф на скопското обвинителство, Бубевски „извиси”

Анел Фидовски е избран за нов јавен обвинител на Основното јавно обвинителство Скопје, соопшти по гласањето претседателот на Советот на јавни обвинители, Башким Бесими.Фидовски освои седум гласа „за“ а во врска со неговиот глас „воздржан“ за Бубевски, Бесими рече дека ваквиот начин на изјаснување е вообичаен во Советот, иако во законската рамка не е прецизно дефиниран.Фидовски доби најголема поддршка или седум гласа „за“. Досегашниот шеф, Гаврил Бубевски, освои пет гласа „за“, Тања Трајчевска и Спасенка Андонова добија по еден глас, додека Дејан Петрески не доби ниту еден глас „за“.На прашањето дали Фидоски поднел програма за работа, Бесими не одговори директно, само рече дека пред гласањето јавно кажал кој има поднесено програма, а на дополнително прашање дали ова значи дека само Бубевски поднел програма, бидејќи само тој бил посочен, претседателот рече:„Тоа што сте слушнале е тоа“.Анел Фидоски, е со искуство од 11 години и доаѓа од скопското Обвинителство. Тој е познат по неколку случаи: гонењето на обвинетите за убиството на Никола Сазодвски, член на групата „Комити“, потоа го наследи и долгогодишниот судски предмет „Тенковски делови“, во кој еден од обвинетите беше и експремиерот Владо Бучковски. По маратонското судење, на едно од рочиштата, Фидоски се премисли и го преквалификува делото пред самиот крај, со што случајот застари. Обвинителот ваквиот потег го оправда со фактот што Министерството за одбрана не пријавило значителна материјална штета, иако се работеше за милионска сума.Го застапуваше и случајот со малата Тамара, кој исто така застаре по преквалификација на кривичното дело во завршниот збор.,,Обвинителството на скандалозен начин ја спречи правдата за Тамара”, реагираше Хелсиншки комитет.Кај него во работа е и предметот за ,,Усје”, по поднесена кривична пријава од доскорашната скопската градоначалничка Данела Арсовска.

Македонија | пред 2 месеци

ojo-1

Пет кандидати во трка за прв човек на Основното јавно обвинителство Скопје

Советот на јавни обвинители денеска треба да ја одржи 36. седница, на чиј дневен ред, меѓу другото, е и донесувањето одлука за избор на основен јавен обвинител на Основното јавно обвинителство Скопје.Во трката за нов шеф на скопското обвинителство се пет кандидати, меѓу кои и актуелниот прв човек на оваа институција, Гаврил Бубевски. Тој е поранешен член на Специјалното јавно обвинителство, кое беше распуштено поради корупциски скандали.Покрај Бубевски, кандидати за функцијата основен јавен обвинител на ОЈО Скопје се и Тања Трајчевска, Анел Фидоски, Дејан Петрески и Спасенка Андонова. Одлуката на Советот се очекува да има значајно влијание врз идното функционирање на најголемото обвинителство во државата.

Македонија | пред 2 месеци

media-librarygfr51l0lud7p26M1rOU

Обвинителството бара притвор за 55-годишниот човек кој со камен го скрши стаклото на влезната врата на бугарската амбасада

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 55-годишник осомничен за кривично дело – Оштетување туѓи предмети од член 243 став 2 од Кривичен законик.На 11 јануари, осомничениот од омраза ја оштетил влезната врата на Амбасадата на Република Бугарија, така што со камен го скршил стаклото на вратата и веднаш се одалечил во непознат правец.Јавниот обвинител предложи судијата на претходна постапка да определи мерка притвор спрема осомничениот бидејќи постојат околности што укажуваат на опасност од бегство и околности го оправдуваат стравувањето дека осомничениот ќе го повтори кривичното дело, се вели во соопштението на ОЈО

Скопје | пред 2 месеци

media-library6kbs44i686i0eZQVmRj

Пратеникот Јанчев кој имаше сообраќајка во која загина тинејџер доби обвинение: свртел на место каде немал првенство на минување

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинение против Сашко Јанчев, пратеник од партијата Левица, за кривично дело „Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“, согласно член 300 став 4, во врска со член 297 став 3 и став 1 од Кривичниот законик.Обвинението се однесува на тешката сообраќајна несреќа што се случи на 14 септември, по полноќ, во скопското село Марино, во која животот го загуби 16-годишниот Матеј Димовски, а неговата 13-годишна сопатничка беше тешко повредена.Според Обвинителството, по спроведена истражна постапка, обезбедени се сите релевантни докази и извршени се соодветни вештачења со кои се утврдени причините за несреќата.Обвинетиот управувал патничко возило „Хјундаи Тусон“, при што не се придржувал до сообраќајните прописи и со своето однесување го загрозил јавниот сообраќај и безбедноста на учесниците.„Осомничениот непрописно свртел со возилото, без претходно да се увери дека маневарот може да го изврши без да ги загрози другите учесници во сообраќајот“, наведува Обвинителството.Во тој момент, во возилото удрил мотоцикл марка „Јијинг“, без регистарски ознаки и без вградени светлосни уреди, со кој управувал починатиот 16-годишник. Според официјалните наводи, мотоциклистот немал возачка дозвола, а ниту тој ниту неговата сопатничка не носеле заштитни кациги.Како последица на тешките повреди здобиени во сообраќајната несреќа, малолетниот возач на мотоциклот починал, додека девојчето кое било сопатник се здобило со тешки телесни повреди.Постапката продолжува пред надлежен суд.

Македонија | пред 3 месеци

bolnica-prilep-34-750x430-696x399-1

За благајникот од прилепската болница кој проневерил 244.000 евра Обвинителството бара куќен притвор

Постапувајќи по кривична пријава од Управата за финансиска полиција, Основното јавно обвинителство Прилеп донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за продолжено кривично дело – Проневера во службата од член 354 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик.Постои основано сомнение дека тој во временскиот период од 01.01.2020 година до 31.12.2021 година,  во својство на службено лице – самостоен референт – главен благајник во Одделение за материјално финансиско работење во Сектор за материјално – финансиски работи и сметководство при ЈЗУ Општа болница со проширена дејност Прилеп, со намера за себе да прибави противправна имотна корист, присвоил пари  доверени во службата.Тој во повеќе наврати дел од наплатените и примените парични средства од шалтерите на болницата, наплатени од пациентите по основ на партиципација и приватни здравствени услуги, не ги уплатил на банкарската сметка на болницата, не изготвил обрасци „каса-прими“ и истите противправно ги присвоил за себе со што прибавил значителна имотна корист во вкупен износ од 15.063.284 денари.Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка куќен притвор за осомничениот.

Македонија | пред 3 месеци

media-libraryn5qfe9madt2p2lc9bq0

Се бара притвор за ќерките и таткото од кривопаланечко по тепачките за кравите: детали од обвинителите

Oсновното јавно обвинителство Крива Паланка поведе постапка против три лица – татко и неговите две ќерки – поради сомнение дека со сила и сериозни закани спречиле службени лица да го извршат своето службено дејствие. Настанот се случил на вчера, на 2 декември, кога инспектори од Агенцијата за храна и ветеринарство, придружени од полиција, се упатиле да постапат по правосилно решение за одземање крупен добиток.Според обвинителството, осомничените се поставиле спротивно на законот и со агресивно однесување, физичка сила и вербални закани оневозможиле инспекторите да ја спроведат мерката. Тие ги нападнале, ги попречувале и создале атмосфера на страв и притисок, со што директно ја попречиле извршната постапка која била задолжителна.Обвинителството наведува дека однесувањето на семејството не е изолиран инцидент. Според нив, осомничените подолг период го малтретираат месното население и соседите, а последниот настан е ескалација на ваквото проблематично однесување. Овојпат, велат од ОЈО, нивните закани биле насочени и кон службени лица – инспектори од Агенцијата за храна и ветеринарство и униформирани полициски службеници.Поради опасност од бегство, како и опасност од повторување на делото, јавниот обвинител побара определување мерка притвор за сите тројца осомничени. Случајот продолжува пред надлежниот суд, кој треба да реши дали ќе го прифати предлогот на обвинителството.Семејството се товари за кривично дело „Спречување службено лице во вршење службено дејствие“ по член 382 став 3 во врска со ставовите 1 и 2 од Кривичниот законик, за кое се предвидени сериозни казни.

Македонија | пред 3 месеци

media-librarydqamjr88ssd7ee8BPb0

Голема акција на полицијата и обвинителството, претреси во Скопје и во Куманово

Полицијата во координација со Јавното обвинитество - Скопје, спроведува голема акција, при што се вршат претреси во Скопје и Куманово под сомнение за злоупотреба на положбата.Информацијата ја потврди Обвинителството без повеќе деталиВо координација со Основното јавно обвинителство Скопје во тек е полициска акција со претреси во Скопје, Куманово и на други локации, поради сомненија за кривично дело злоупотреба на службена должност. Повеќе информации по завршување на акцијата – велат од Јавното обвинителство

Македонија | пред 4 месеци

IMG_5572

За двајца куќен притвор, за седуммина мерки на претпазливост поради поврзаност со работата на клубот „Пулс”

Судија на претходна постапка од Основниот суд во Кочани, одреди куќен притвор за две лица, кои се даночни контролори од Службата за даночна контрола при Регионалниот даночен инспекторат во Регионална дирекција Штип, додека за шест лица кои беа опфатени во истрагата мерки на претпазливост и за едно лице дополнителна мерка на претпазливост, потврди претседателот на Основниот суд-Кочани, Спиро Борисов. Одлуката е донесена откако Основното јавно обвинителство Кочани поведе постапка против вкупно 11 лица за коруптивни кривични дела поврзани со работата на клубот “Пулс”.Вчера ОЈО Кочани, соопшти дека двајцата даночни контролори кои се во куќен притвор ја искористиле својата службена положба и овластување и пристапот до податоци и информации за ненајавени контроли во правни субјекти – даночни обврзници и со цел да прибават противправна имотна корист и подароци му ги откривале информациите и го предупредувале за контролите одговорното лице во клубот.,,Тие се осомничени за „Примање поткуп“ од член 357 од Кривичниот законик, додека одговорното лице, син на реалниот сопственик на “Пулс” е осомничен за „Давање поткуп“ од член 358 од Кривичниот законик. За првите двајца Обвинителството до надлежниот суд достави предлог за определување мерка притвор, додека за третиот во сила се мерки на претпазливост во првиот предмет поврзан со пожарот во “Пулс”, па се бара проширување на тие мерки со забрана за воспоставување и одржување контакти и со новоосомничените”, стои во вчерашното соопштение од Јавното обвинителство.Во него се посочува и дека шестмина осомничени, даночни инспектори и управници од регионалните дирекции на УЈП во Штип и Струмица, им овозможувале на правните субјекти “ММММ кафе” и “Пулс” да ги избегнуваат даночните контроли и да работат без соодветна фискализација, со што се осомничени дека сториле дело„Злоупотреба на службената положба и овластување“ согласно член 353 од Кривичниот законик. За нив се предложени мерки на претпазливост.,,Сопственикот на “Пулс”, кој веќе е во притвор, во другиот предмет е осомничен за „Фалсификување исправа“ според член 378 од Кривичниот законик, бидејќи подолг временски период свесно и со умисла за време на контроли од Управата за јавни приходи приложувал преправени фискални апарати со контролни фискални извештаи со невистинити податоци, кои истиот ги употребувал како вистински, а се со цел и намера избегнување на парични глоби и затворање на објектот”, велат од Обвинителството.Според вчерашното соопштение на ОЈО-Кочани осомничена е и инспекторка од Државниот пазарен инспекторат која, исто така, е опфатена со претходната постапка, во која и се определени мерки на претпазливост и за која сега се обезбедени дополнителни докази и за кривично дело „Оддавање службена тајна“ од член 360 од Кривичниот законик поради откривање информации за ненајавени контроли.

Македонија | пред 4 месеци

media-libraryi3jf2rmth9944Z9v0SB

Обвинителство: Скoпјанец осомничен за предизвикување општа опасност по инцидент со италијански државјанин

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 30-годишен скопјанец поради кривично дело – Предизвикување општа опасност од член 288 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик.Инцидентот се случил на 14 ноември, на булеварот „Партизански одреди“ и околните улици во центарот на Скопје, каде осомничениот, управувајќи „Алфа Ромео 147“ со скопски регистарски ознаки, со опасно и агресивно возење предизвикал сериозна опасност за животот на италијански државјанин и неговата девојка.Според обвинителството, откако оштетениот се обидел да се престрои во левата коловозна лента со возило „Алфа Ромео Тонале“, осомничениот го претекнал со голема брзина, повеќепати нагло кочел и застанувал, со што создал сообраќаен хаос.Кога возилата свртеле во лево на улицата „Франклин Рузвелт“, осомничениот продолжил да го следи оштетениот, нагло менувајќи ленти и застанувајќи пред неговото возило. На улицата „Народен фронт“, тој се вратил наназад со голема брзина и го удрил во предниот лев дел од автомобилот на италијанскиот државјанин.По ударот, оштетениот запрел за да повика полиција, но осомничениот фрлил тврд предмет кон нив, изнесол неразбирливи зборови и се оддалечил од местото.Имајќи ја предвид опасноста од бегство или повторување на делото, јавниот обвинител поднесе предлог за определување мерка притвор пред судијата на претходна постапка во Основниот кривичен суд Скопје.

Македонија | пред 4 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања