Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

ОХРИД

Ohridskiot_19_vek_01082023001

Промовирана книгата „Охридскиот XIX век“

Денес во големата сала на Општина Охрид, беше промовирана книгата „Охридскиот XIX век“, на авторите Димитар Пандев и Славе Ѓорго Димоски, со што официјално започна програмата за одбележување на 120 годишниот јубилеј од Илинденското востание. Од името на локалната самоуправа пред присутните се обрати советникот Перчо Божиноски.Ohridskiot_19_vek_01082023004– Дозволете ми најправо во мое лично име и во името на градоначалникот Кирил Пецаков да искажам огромна почит кон авторите Димитар Пандев и Славе Ѓорѓо Димоски за нивната неуморна работа и нескротлива инспирација и да им заблагодарам за овој бесценет подарок, кој доаѓа како најубава честитка во пресрет на утрешниот празник.Без сомнение, се работи за литературно дело, кое преку магијата на зборовите гради цврст мост помеѓу сегашноста и минатото и затоа треба да го прочита секој вљубеник во македонската книжевност и несомнено секој охриѓанец.Особено сме горди што оваа книга е уште еден доказ за нашето вековено постоење и претставува чувар на нашата историја, а најзначајно е тоа што истата доаѓа во време на нашата современа борба за зачувување на македонскиот идентитет и македонската нација.Посакувам и во иднина да промовираме уште многу вакви изданија, кои го промовираат Охрид како лулка на писменоста и центар на книжевноста и се вреден аманет за идните генерации.Оваа можност сакам да ја искористам за да упатам најсрдечни честитки по повод Денот на Републиката – Илинден, нека биде вечен споменот на илинденците и нивното херојство, нека ни е вечен Охрид и нека ни е вечна Македонија – истакна Божиноски.Промоторот на книгата, проф.д-р Лилјана Гушевска истакна дека 19 век не само за Охрид, тука и за Македонија е клучна и неисцрпна тема, која може да се набљудува и проучува низ различни аспекти.Оттука, не случајно и авторите на оваа публикација настојуваат да дадат една поширока слика за охридскиот 19 век, па на заинтересираниот читател му нудат можност да се загледа во проложните животописи на охридксиот 19 век, да прочита неколку интересни мемоарски записи, но и извадоци од прозни, поетски и драмски дела од современата македонска книжевност инспирирани од Охрид и од некои познати или помалку познати личности кои живееле во градот или го посетиле во некое време. Ваквиот концепт на книгата не само што овозможува накусо да се проследи историјата на Охрид и улогата на охриѓаните во историските процеси и случувања, туку и сето тоа да се согледа во една временска вертикала, односно да се осознае нивното влијание, значење и место во традицијата што е јасен показател за тоа дека тие личности, настани, идеи, процеси, борби и премрежја останале трајно врежани во колективната и индивидуалната меморија и тоа не само на охриѓани, но и во народното творештво наоѓајки одраз и во современата македонска литература посочи Гушевска.За коавторот Славе Ѓорго Димоски содржината на книгата „ е жива варница која на некој начин и го подготвува тој илинденски период за национално, духовно и политичко ослободување на Македонија“.Тука почнува и преродбата. Во оваа книга јас повеќе се занимавав со литературата инспирирана од 19 век. Тука се поместени извадоци од две поеми и неколку песни од македонски современи автори. Тоа значи дека материјата што ја нуди овој град, ова поднебје, овој духовен реактивен центар дека е интересна и за современата литература и творци кои широкоградо се навраќаат кон темата Охрид. Ние со професорот Пандев во седум-осум книги направивме една вертикала од Свети Климен до денес. Сите кои ги имаат во раце овие книги може да ја видат таа духовна вертикала, а книгите ќе даваат поттик за идни истражувачи, идни научници да се зафаќаат со охридската тема– подвлече ДимоскиПрофесорот Димитар Пандев посочи дека во оваа книга има некои прашања кои не се засегнати, но претходно биле дадени во некоја од претходните книги.Ја нема песната Охрид на Рајко Жинзифов, но затоа нејзе ја има во антологијата на песни „Дојди во Охрид“. Има одредени прашања кои и понатаму остануваат интерес за проучување. Како што постојат голем број недоречени прашања во смисла „Зошто Мисирков толку инсистира на охридското наречје во македонскиот литературен јазик. Бил ли Мисирков во Охрид?“. Тоа е една од оние книжевни фикции кои ги отвора оваа книга. Книгата „Охридскиот XIX век“ продолжува во една од нашите наредни книги, проекти на Општина Охрид, во која се зафаќаме со охридската поетска авангарда на XIX век -истакна Пандев.Настанот беше збогатен со уметнички перфоманс на актерката Валентина Божиноска и ансамблот „Билјана“.

Охрид | пред 2 години

korica-xix-vek

Излезе од печат „Охридскиот XIX век“

Денеска во издание на Општина Охрид, излезе од печат книгата „Охридскиот XIX век“ од професорите Димитар Пандев и Славе Ѓорѓо Димоски.Во книгата на 219 страници во 5 поглавја, опфатени се најзначајните културолошки и социолошки појави во 19 век во Охрид, кои имале свои рефлексии во македонската современа литература.Книгата ќе биде промовирана утре, во 11 часот во салата на Општина Охрид. Промотор на книгата ќе биде проф.д-р Лилјана Гушевска.Настанот ќе биде збогатен со уметнички перформанс на актерката Валентина Божиноска и ансамблот „Билјана“.

Охрид | пред 2 години

makedonija-zname-610x400-1

Општина Охрид ја објави програмата за свеченостите по повод 120 години од Илинденското востание

ОПШТИНА ОХРИД ВЕ ПОКАНУВА НА СВЕЧЕНОСТИТЕ ПО ПОВОД ЈУБИЛЕЈОТ: 120 ГОДИНИ OД ИЛИНДЕНСКОТО ВОСТАНИЕПрограма:01.08.2023 (вторник)11:00 часотПромоција на книга: „Охридскиот XIX век“ од проф.д-р Димитар Пандев и Славе Ѓорѓо Димоски;Промотор проф.д-р Лилјана Гушевска;Културно-уметничка програма;Место: Oпштина Охрид (голема сала)20:00 часот„НОЌ СПРОТИ ИЛИНДЕН“Полагање свежо цвеќе пред спомен- обележјето на Илинденците;Историски осврт кон Илинденското востание и неговото значење, м-р Михаил Патчев;Културно-уметничка програма;Meсто: Спомен – обележје на Илинденците, с.Велгошти02.08.2023 година (среда)10:00 часотПолагање свежо цвеќе пред спомен – обележјата на ИлинденцитеMeсто: Спомен – обележје на Илинденците, Градски парк10:20 часотПолагање свежо цвеќе пред спомен – обележјата на ИлинденцитеМесто: Спомен – обележје на Илинденците, Прентов мост10:30 часотПолагање свежо цвеќе пред спомен – обележјето на ИлинденцитеКултурно-уметничка програмаMeсто: Спомен – обележје на Илинденците, с.Плаќе

Охрид | пред 2 години

362691603_753674243439259_8542180057157049249_n

Пецаков на средба со амбасадорот на Италија, Силвестри

Средбите со амбасадорот на Италија, Н.Е. Андреа Силвестри ни се секогаш срдечни и плодотворни. Разговаравме за туристичката сезона и можноста за промоција на туристичката понуда на Охрид пред италијанскиот пазар, вели градоначалникот Кирил Пецаков.„Согласни сме дека пилот проектот за изучување на италијански јазик во основните училишта помина одлично и затоа се планира оваа година тој да се надогради.Амбасадорот истакна дека ќе вложи напори за повторно активирање на авиолинија од охридскиот аеродром до Италија.Голема чест ми укажа амбасадорот со тоа што бев домаќин на доделувањето на орденот за заслуги „Ѕвезда на Италија“ на госпоѓата Франка Винчензи Маркулеска.Во мое лично име и во името на Општина Охрид и честитам на госпоѓата Франка и на нејзиното семејство“, додава тој.

Охрид | пред 2 години

365045525_749429320318227_4629446176347261549_n

(ФОТО) Туристите оставаат хаос во Охрид: флаши од алкохол, пластики, хартии ширум кејот

Традиционално, Охрид го достигнува шпицот на туристичката сезона токму за празникот „Илинден“. Плажите на езерото се полни со туристи, чаршијата во градот е тесна да ги прими сите посетители.Она што е карактеристично речиси за секоја летна туристичка сезона е некоректниот однос на дел од гостите како неводењето сметка за хигиената и фрлање отпадоци насекаде, по улиците, парковите, па и во езерото.Екипи на градските комунални претпријатија секојдневно уште од зори се на терен и го собираат ѓубрето, но сепак останува впечаток дека генерално свеста за потребата од грижа за околината е на незадоволително ниво.„Активности на оперативните служби пред и по ИлинденПродолжуваме со максималниот ангажман за чистење на јавните површини-кејот, градското пристаниште, малото пристаниште кај Палас, во близина на амамот, градскиот парк и други локации, од расфрлани лименки, пластични шишиња и остатоци од храна, кои за жал се реална слика во доцните вечерни часови и наутроВо вечерните часови се спроведува машинско миење на коловози, пешачки патеки и други јавни површини, кое на одредени места е надополнето со рачно миењеСе одржува хигиената во и околу локациите каде се одржуваат концерти“, стои во објавата на ЈП Охридски комуналец.

Охрид | пред 2 години

363848572_751906886949328_3491937454443250436_n

Се работи на изведба на атмосферска канализација во кругот на ОСУ „Св. Климент Охридски“

Екипи на ЈП „Нискоградба“ работат на изведба на атмосферска канализација во кругот на ОСУ „Св. Климент Охридски“.„Должината на трасата изнесува 342 метри, а се поставуваат цевки со ф од 160 до 315. Вкупниот изнес на зафатот изнесува 2 553 657 денари.Екипи на ЈП „Водовод“ работат на поставување на хидрантска мрежа во ОСУ „Св. Климент Охридски“. Вредноста на овој зафат изнесува околу 2 400 000 денари. Гимназијата исто така ќе добие и нов приклучок на вода, што значи надминување на проблемите со водоснабдувањето. Вредноста на активностите за нов приклучок на вода изнесуваат околу 500 000 денари. Сите овие средства се обезбедени од буџетот на Општина Охрид.После завршувањето на овој зафат, следува партерно уредување на училишниот двор. Со проектот за партерно уредување е опфатено изградба на ново мултифункионално игралиште, училници на отворено, ново осветлување, уредено дворно место. Вредноста на зафатот согласно проектот предвидено да изнесува околу 14 000 000 денари. Во завршна фаза е поставувањето на уредувањето на оградата.Претходно во гимназијата како Локална самоуправа инвестиравме во промена на старите и дотраени санитарни јазли, набавивме нови клупи и столчиња, а во фаза сме на пред козерваторско одобрение за целосна внатрешна реконструкција на објектот. Согласно нашите пресметки очекуваме севкупните градежни активности да финишираат до крајот на 2024 година и со тоа Охрид да добие уште едно модерно и функционално училиште“, вели Пецаков.

Охрид | пред 2 години

patarina

(ВИДЕО) Кон Охрид како на грчка граница: колони, гужви и нервозни возачи

Огромна гужва на патарините кон Охрид, но и на граничните премини Богородица и Табановце.Километарска колона со возила има кај семафорот пред Гостивар, а возачите се нервозни бидејќи стојат во место.Од АМСМ информираат дека околу половина час се чека на граничните премини Табановце и Богородица.„Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На ГП Богородица и ГП Табановце за излез во државата се бележи зголемена фреквенција на возила, со време на чекање околу 30 минути, додека на останатите гранични премини од македонска страна, нема поголеми задржувања за влез и излез од државата“, велат од АМСМ.

Македонија | пред 2 години

363759728_749589530514397_6235165525776730531_n

Амбасадорот на Франција Бомгартнер во посета на Општина Охрид

Денеска остварив протоколарна средба со амбасадорот на Франција во Република Македонија, Сирил Бомгартнер кој беше во прва официјална посета на Општина Охрид, вели градоначалникот Кирил Пецаков.„Главна тема на средбата беше реализација на иницијативата за воспоставување на поголемо меѓународно партнерство помеѓу Општина Охрид и Општина Бонди од Париз. Беше потенцирано дека оваа соработка ќе придонесе за продлабочување на пријателството помеѓу македонскиот и францускиот народ и ќе обезбеди нови можности за заеднички проекти, особено во насока на промоција на ликот и делото на светски познатиот научник д-р Анастас Коцарев.Разговаравме и за приоритетните инфраструктурни проекти на кои работи општината, со посебен акцент на проектите за заштита и зачувување на животната средина, Охридското Езеро и исполнување на препораките на УНЕСКО. Исто така, се разговараше и за конкретни активности во делот на образованието и интересот за изучување на францускиот јазик во основните и средните училишта во Охрид.Ја потенциравме и важноста на континуираната поддршката од страна Француската амбасада за фестивалот Охридско Лето. Во рамки на овогодинешната програма на 3. август во Црквата „Света Софија“ ќе се одржи Француска вечер на која ќе настапат врвните француски пијанисти Ан Дезомбре и Уго Леклер“, додава тој.

Охрид | пред 2 години

avtopat-kichevo-ohrid-1

Охрид - Кичево стана автопат на смртта, вели Пецаков

Градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков гостуваше во „За или против“ на „Алфа“ и кажа дека граѓаните добиле нефункционален автопат до Охрид.Пецаков вели дека сите кои патуваат од Охрид кон Скопје и обратно знаат дека интензитетот на градба на автопатот е слаб.- Ова стана автопат на смртта затоа што многу луѓе загинаа во текот на изградбата. Добиваме лажни ветувања за тоа кога ќе заврши изградбата. Немаме речиси никаква комуникација со одговорните, а се трошат милиони евра. Јас се обидов да комуницирам кога го затворија влезот во Охрид, но тие сметаа дека сум бил лицемерен, вели Пецаков.

Охрид | пред 2 години

SLOWFOOD

По вторпат се организира настанот „Вкусете го Охрид – локално“

Слоу фуд Охрид по вторпат ќе го организира настанот „Вкусете го Охрид – локално“ на 29 јули на плоштадот кај Долна Порта. Посетителите ќе може да вкусат охридски специјалитети приготвени на традиционален начин.Слоу Фуд-Охрид е дел од слоу Фуд Македонија и преку своите уникатни приказни полни со искрена љубов кон традицијата и локалниот идентитет, промовираат бавна храна наспроти трендот на брза неквалитетна храна.Слоу Фуд замислува свет во кој сите луѓе ќе можат да уживаат во храна која е добра за нив, добра за оние кои ја одгледуваат и добра за планетата. Нашиот пристап се заснова на концепт за храна што е дефиниран со три меѓусебно поврзани принципи: добра, чиста и правична.ДОБРА: квалитетна, вкусна и здрава храна.ЧИСТА: производство што не штети на животната средина.ФЕР: достапни цени за потрошувачите и правични услови и плаќање за производителите.Настанот „Вкусете го Охрид, локално“ е организиран од движењето „Слоу Фуд“ Охрид со поддршка на Општина Охрид и „Слоу Фуд Македонија“ .Ве очекуваме во сабота 29 јули во 19 часот.

Охрид | пред 2 години

363294463_747801657359851_3967307410777656718_n

Заврши поставувањето на фотонапонската централа на кровот на училиштето „Св. Кирил и Методиј„ во Охрид

Заврши поставувањето на фотонапонската централа на кровот на СОСУ„Св. Кирил и Методиј„ Охрид.„Централата е со моќност од 22 kW и ќе биде надополнување на новиот систем на греење на училиштето преку топлотни пумпи што значително ќе ги намали трошоците на оваа образовна институција, а секако ќе придонесе и за заштита на животната средина.Остануваат да се завршат формалните процедури со ЕВН околу приклучување во дистрибутивната мрежа по што ќе биде ставена во функција.Фотонапонската централа, нејзиното проектирање и поставување е комплетна донација од страна на компанијата ОКТА а.д. Скопје за што во оваа прилика искажувам голема благодарност. Оваа донација е вистински пример за општествена одговорност“, стои во објавата.

Охрид | пред 2 години

DeenDolard_20072023001

Се санира споменикот на писателот А. Ден Долард вo холандскиот парк во Охрид

По налог на Одделението за култура при Општина Охрид, екипи на ЈП „Градски Гробишта“ започнаа активности за о, што се наоѓа на кејот „Македонија“ на брегот на Охридското Езеро.Општинските служби во неколку наврати и претходно го санираа спомен-обележјето на холандскиот писател, кој беше оштетен од надворешни влијанија и вандалско однесување на несовесни граѓани. Дополнително овој споменик беше оштетен од невремето кое го зафати Охрид минатиот месец.А. Ден Долард е еден од најзначајните холандски писатели, инаку голем пријател на Охрид. Токму неговите дела, во кои пред повеќе од половина век писателот пишуваше за убавините на Охрид и регионот, беа причина за големиот интерес што се појави кај холандските туристи да го посетат Охридското Езеро. После неколкудецениски прекин поради случувањата со распадот на поранешната заедничка држава, туристите од Холандија повторно се меѓу најбројните странски гости кои летуваат на Охридската ривиера.

Охрид | пред 2 години

IMG-11602ba11329b503238cd788d3926ced-V

Се воведува еднонасочен сообраќај на улицата „Климентов Универзитет“ во Охрид

Од денес, 20.07.2023 година (четврток), стапува на сила новиот режим на сообраќај на улица „Климентов Универзитет“ и на дел од улица „Нада Филева“ согласно основен соораќаен проект за воведување на еднонасочен сообраќај во Стариот дел на Охрид.Се упатува апел до учесниците во сообраќајот да го почитуваат новото сообраќајно решение.

Охрид | пред 2 години

Trpejca_21072023001

По 12-ти пат се одржа „На зајдисонце“ во Трпејца

Под покровителство на Општина Охрид и во организација на Здружението „За Трпејца со љубов“, вчеравечер во Трпејца започна 12. издание на културно-забавната манифестација „На зајдисонце“.На свеченото отворање, пред присутните гости се обрати заменик градоначалникот, Перчо Божиновски.Искрено се радувам и навистина сум почестен што повторно имам можност да бидам овде помеѓу вас, да ве поздравам и да го означам почетокот на 12-то издание на традиционалната културно-забавна манифестација, која ги надополнува летните убавини на оваа уникатна крајбрежна населба.Зајдисонцето над Охридското Езеро токму овде во Трпејца е секојдневен природен спектакл и предизвикува силно воодушевување кај сите посетители. Кога сонцето почнува да тоне во прегратките на планинскиот хоризонт, небесниот свод постепено се пелева во живописна палета на бои. Езерската вода започнува да лебди во неверојатни нијанси на портокалова, розова и пурпурна боја и претставува вистинско уметничко дело.Сите овие неописливи пејзажи, кои ве опиваат со својата убавина, се надополнети со аромата на недопреното зеленило и свежото ветре кое ве милува по образите. Секое дрво, секој камен, секој езерски бран, изгледаат волшебно и чиниш се излезени од најубавите соништа. Едноставно, на брегот, овде во Трпејца, чувствувате како да сте сплотени со природата, а мирот и спокојството го имаат исполнето вашето битие.Почитувани,Како и секоја година, така и оваа, очекувам културно-забавното лето „На зајдисонце“ во Трпејца да понуди креативна сценска програма испреплетена со низа спортски и едукативни содржини, кои ќе го привлечат вниманието на гостите.Од мое лично име и од името на Општина Охрид би сакал да упатам благодарност до организаторите за целиот досегашен труд и посветеност да го одржат континуитетот на оваа манифестација, со надеж дека истата ќе продолжи да се одржува и во иднина. Ние секогаш ќе бидеме подготвени да ги поддржиме и да ги стимулираме вакви проекти, кои го промовираат богатството и туристичките потенцијали на охридскиот регион.Ви посакувам успешно издание и пријатни мигови во рамки на сите настани од предвидената програма. Уживајте во зајдисонцето, истакна Божиновски во своето обраќање.На првиот ден од манифестацијата, присутните имаа можност да ја видат изложбата на дела од Интернационалната уметничка колонија која се одржува во Трпејца, а свој музички настап имаа Влатко Броз и диџеј Марама.

Охрид | пред 2 години

Ambasador_Polska_21072023003

Градоначалникот Пецаков на средба со полскиот амбасадор Гжелчик

Градоначалникот Кирил Пецаков денеска, оствари протоколарна средба со полскиот амбасадор Кшиштоф Гжелчик.На средбата беше разговарано за унапредување на меѓусебната соработка во сферата на туризмот. Градоначалникот го информираше амбасадорот дека благодарение на двете сезонски авиолинии од Варшава и Катовице кон Охрид, значително е зголемен бројот на полските туристи во градот во текот на летната сезона. Двајцата соговорници се согласија дека се потребни повеќе активности за поголема промоција на туристичките потенцијали на Охрид на полскиот туристички пазар.Тема на средбата беше и соработката на полето на културата, особено во креирање на програмата на реномираниот фестивал „Охридско Лето“, во чии рамки годинава, на 22-ти јули ќе биде организирана „Полска вечер“ на која ќе настапат музичките уметници Емилија Гох Салвадор и Емануел Салвадор.Исто така градоначалникот и амбасадорот разговараа и за потенцијалните можности за соработка помеѓу Охрид и одредени полски општини, со цел реализирање на заеднички проекти преку фондовите од Европската Унија.

Охрид | пред 2 години

Delegacija_germanija_21072023001

Градоначалникот на германскиот град Хурт во посета на Општина Охрид

Градоначалникот Кирил Пецаков денеска оствари протоколарна средба со Дирк Бројер, градоначалник на градот Хурт, кој е сместен во областа Северна Рајна-Вестфалија во Германија.Главна тема на средбата беа можностите за зајакнување на соработката помеѓу Охрид и Хурт на повеќе полиња. Градоначалниците разговараа за позитивното влијание на германските странски инвестиции во Охрид, врз локалната економија и стандардот на граѓаните. Исто така, во рамки на средбата се дискутираше и за даночната политика на локалните самоуправи во Македонија и Германија.Градот Хурт е лоциран на околу 6 километри југозападно од центарот на градот Келн, на североисточната падина на природниот резерват Котенфорст-Вил. Градот се состои од тринаесет области и е распространет на релативно голема површина.

Охрид | пред 2 години

ohrid

Свикана дваесет и деветтата седница на Советот на Општина Охрид

Врз основа на член 39 од Законот за локалната самоуправа („Сл.весник на РМ“ бр.5/2002) и член 26 од Статутот на општина Охрид („Сл.гласник на општина Охрид“ бр.8/2007, 01/08, 10/10, 05/11, 09/14, 14/14, 10/19 и 15/20), претседателот на Советот донесува:Р Е Ш Е Н И ЕЗА СВИКУВАЊЕ НА ДВАЕСЕТ И ДЕВЕТАТА СЕДНИЦАНА СОВЕТОТ НА ОПШТИНА ОХРИДЈА СВИКУВАМ дваесет и деветтата седница на Советот на општина Охрид на ден 28.07.2023 година ( петок ) со почеток во 09:00 часот.Седницата ќе се одржи во зградата на општина Охрид.За седницата го предлагам следниот:Д Н Е В Е Н Р Е ДУсвојување на Записникот од 25-та седница, Записникот од 27-та седница иЗаписникот од 28-та седницаПредлог-oдлука за давање согласност на годишниот план за вработување во ООМУ „Методи Патче“- Охрид за 2024 година.Предлог-oдлука за давање согласност на годишниот план за вработување во ООУ „Братство Единство“- Охрид за 2024 година.Предлог-oдлука за давање согласност на годишниот план за вработување во ООУ „Ванчо Николески“ Лескоец за 2024 година.Предлог-oдлука за давање согласност на годишниот план за вработување во ООУ „Григор Прличев“ – Охрид за 2024 година.Предлог-oдлука за давање согласност на годишниот план за вработување во ООУ „Живко Чинго“ с. Велгошти за 2024 година.Предлог-oдлука за давање согласност на годишниот план за вработување во ООУ „Кочо Рацин“- Охрид за 2024 година.Предлог-oдлука за давање согласност на годишниот план за вработување во ООУ „Св.Климент Охридски“- Охрид за 2024 година.Предлог-oдлука за давање согласност на годишниот план за вработување во ООУ „Св.Наум Охридски“ с. Пештани – Охрид за 2024 година.Предлог-oдлука за давање согласност на годишниот план за вработување во ООУ „Христо Узунов“- Охрид за 2024 година.Предлог-одлука за давање согласност на Одлуката за утврдување на вредноста на бодот за пресметка на бруто плата за вработените во ЈП „Водовод“ Охрид.Предлог-одлука за задолжување на ЈП „Водовод“ Охрид за изработка на Елаборат за определување граници на заштитни зони околу извориштата за водоснабдување на градот Охрид и околните населени места.Предлог-програма за измени на програмата други комуналн услуги за 2023 година.Предлог-програма за измени на програмата за уредување на градежно земјиште во 2023 година.Предлог-одлука за измена на распоредот на средствата на буџетот на општина Охрид за 2023 година.Предлог-програма за изменување и дополнување на Програмата за унапредување на родовата рамноправност на локално ниво за 2023 година.Предлог-одлука за дополнување на Одлуката за утврдување на висината на комуналната такса за користење на плоштадите и друг простор во градот и другите населени места.Предлог-одлука за разрешување и именување член во управниот одбор на ЈУ Меѓуопштински центар за социјални работи Охрид.Предлог-одлука за воспоставување меѓуопштинска соработка помеѓу општина Охрид и општина Ресен.Предлог-одлука за отстапување на времено користење простор на ФК „Св.Троица 2021“ Охрид.Предлог-одлука за пренесување на правото на користење на товарно возило – кипер марака „ISUZU“ сопственост на општина Охрид на ЈП „Водовод“ Охрид.Предлог-одлука за пренесување на правото на користење на возило – трактор со кабина марка „SOLIS 75 RX“ со цистерна (приколка) за шмукање фекалии – марка „FIMAKS FST 6000“ сопственост на општина Охрид на ЈП Нискоградба Охрид.Предлог-одлука за пренесување на правото на користење на возило – трактор со кабина марка „SOLIS 75 RX“ со плуг за чистење снег марка „AGRIMAK“ и соларка марка „YI 200“ сопственост на општина Охрид на ЈП „Охридски комуналец“ Охрид.Предлог-одлука за прифаќање донација на движни ствари – училишна опрема од Министерство за образование и наука на општина Охрид, наменети за општинските основни училишта.Предлог-одлука за давање на трајно користење движни ствари – училишна опрема сопственост на општина Охрид на општинските основни училишта.Предлог-одлука за прифаќање на иницијативата за експропријација на градежно земјиште на Кп.бр.7249/3 КО Охрид 1.Предлог-одлука за прифаќање на иницијативата за експропријација на градежно земјиште на Кп.бр. 1197/7 КО Велгошти.Предлог-одлука за одобрување на програмата за изградба на покриено повеќенаменско спортско игралиште на КП 2000/1 КО Лескоец – општина Охрид.Предлог-одлука за донесување урбанистички проект со план за парцелација за поместување на границите помеѓу соседни градежни парцели за ГП_3.5 со намена А1-домување во куќи и ГП_12.3.7 со намена А2-домување во згради, во ДУП за УЗ 12, дел од УБ 12.3-опфат 1, КО Охрид 4, општина Охрид со тех.бр.03/22 од Јуни 2023, изработен од ДПУП„Полог проект-про“ ДОО Гостивар.Предлог-одлука за донесување урбанистички проект со план за парцелација за градежни парцели ГП_58, ГП 2.55, ГП 2.56 И ГП 2.57, во ДУП за 6-та урбана заедница, урбан блок 6.2, опфат 1, општина Охрид со намена А1-домување во куќи, со техн.бр.09/22 од Јули 2023, изработен од друштво за проектирање и градба „СНЕГАР КОМПАНИ“ ДООЕЛ Охрид.Предлог-одлука за донесување урбанистички проект со план за парцелација за ГП 2.17 И ГП 7.2.16 со ДУП за УЗ 7, блок 7.2, опфат 2-Охрид, општина Охрид, со техн.бр.0212-05/22 од Јуни 2023, изработен од Друштво за градежништво, промет, посредување и услуги „ТИПИНГ“ ДООЕЛ Велес.Предлог-одлука за донесување урбанистички проект со план за парцелација за градежни парцели за ГП 3.37 со намена А2.1-згради за домување со споен ѕид и ГП 2.3.28 со намена А1.3 семејни куќи во низа, споени ѕидови на меѓа од двете страни, во ДУП за УЗ 2, блок 2.3-опфат 2, КО Охрид 3, општина Охрид со тех.бр.79/21-23 од Јуни 2023, изработен од ДУПУ„Полог проект-Про“Гостивар.Предлог-одлука за утврдување потреба од донесување урбанистичко – планска документација со цел вклопување на бесправно изградениот објект на Кп.бр. 780 и 781/1 КО Косел.Предлог-одлука за утврдување потреба од донесување урбанистичко – планска документација со цел вклопување на бесправно изградениот објект бр.35 и 36 на Кп.бр. 869/1 КО Охрид 4.Предлог-одлука за утврдување потреба од донесување урбанистичко – планска документација со цел вклопување на бесправно изградениот објект на Кп.бр. 1385 КО Лескоец.Предлог-одлука за утврдување потреба од донесување урбанистичко – планска документација со цел вклопување на бесправно изградениот објект на Кп.бр. 2331 КО Лескоец.Предлог-одлука за утврдување потреба од донесување урбанистичко – планска документација со цел вклопување на бесправно изградениот објект на Кп.бр. 2351/1 КО Лескоец.Предлог-одлука за утврдување потреба од донесување урбанистичко – планска документација со цел вклопување на бесправно изградениот објект на Кп.бр. 68/2 КО Велгошти.Предлог-одлука за утврдување потреба од донесување урбанистичко – планска документација со цел вклопување на бесправно изградениот објект на Кп.бр. 987/18 и 988 КО Оровник.Предлог-одлука за утврдување потреба од донесување урбанистичко – планска документација за усогласување на намената на земјиштето на Кп.бр. 8954/1 КО Охрид 2.СОВЕТ НА ОПШТИНА ОХРИДПретседателСашо Донев

Охрид | пред 2 години

ohrid

Свикана триесеттата седница на Советот на Општина Охрид

Врз основа на член 39 од Законот за локалната самоуправа („Сл.весник на РМ“ бр.5/02) и член 26 од Статутот на општина Охрид („Сл.гласник на општина Охрид“ бр.8/2007, 01/08, 10/10, 05/11, 09/14, 14/14, 10/19 и 15/20), Претседателот на Советот донесува:Р Е Ш Е Н И ЕЗА СВИКУВАЊЕ НА ТРИЕСЕТАТА СЕДНИЦАНА СОВЕТОТ НА ОПШТИНА ОХРИДЈА СВИКУВАМ триесеттата седница на Советот на општина Охрид на ден 28.07.2023 година ( петок ) со почеток во 12,00 часот.Седницата ќе се одржи во зградата на општина Охрид.За седницата го предлагам следниот:Д Н Е В Е Н Р Е Д1.Советнички прашања.СОВЕТ НА ОПШТИНА ОХРИДПретседателСашо Донев

Охрид | пред 2 години

356936670_243079828531081_4199669427805334321_n-1440x959-1

Се одржа третиот пливачки натпревар „Охрид Опен 2023

Денес на пливачкиот базен „Атина Бојаџи“, во организација на пливачкиот клуб „Акваспирит“, а со поддршка на Општина Охрид, се одржа третиот пливачки натпревар „Охрид Опен „2023“. Во името на локалната самоуправа се обрати советникот Перчо Божиноски.– Денес сме на градскиот базен “Атина Бојаџи“, за да присуствуваме на третиот по ред меѓународниот пливачки натпревар “Охрид Опен“, со што докажуваме дека сме искрено посветени на охридското пливање да му го вратиме стариот сјај.Ги упатувам моите честитки до Пливачкиот Клуб “Акваспирит“, кој за овие три години успева да организира пливачка манифестација, во која сите ќе уживаме.Ние како локална самоуправа, остануваме доследни на нашите заложби за континуирано помагање на спортот и спортистите. Верувам дека пливачкиот митинг “Охрид Опен“ во иднина ќе расте и во квантитет и во квалитет и Охрид ќе го направи центар на македонското пливање – истакна Божиноски.На годинашниот „Охрид Опен“ настапија 187 натпреварувачи од 19 клубови од Македонија и еден претставник од Франција. На најуспешните пливачи им беа врачени медали и пехари.

Охрид | пред 2 години

Foto-12

Објавен повик за учество на ревијална веслачка регата со кајчиња

Веслачки клуб “Горица Ремо” од Охрид објавува:ПОВИКЗа учество на ревијална веслачка регата со традиционални метални кајчиња, која ќе се одржи во Охрид, на 27 август 2023 година со почеток во 17:00 часот. Регатата ќе биде завршен настан на фестивалот на водните спортови кој ќе се одржи во периодот од 18 до 27 август 2023. Регатата ќе се одржи во близина на охридскиот кеј, на потегот од каналот до пристаништето.Пропозиции:Трките ќе се одржат во машка и женска конкуренција во 2 категории, и тоа:едносед, со должина на кајче 4-4.5 метридвосед, со должина на кајче 5-6 метриНаграден фонд:за I место: 5000 денари и резба традиционален охридски чунза II место: 3000 денариза III место: 2000 денариПријавување на email: gorica.remo@gmail.comТелефон за контакт: 078472482Краен рок за пријавување: 19 август 2023 година

Охрид | пред 2 години

Ohridsko_leto_13072023001

Градоначалникот Кирил Пецаков присуствуваше на отворањето на 63-то издание на фестивалот „Охридско Лето“

Градоначалникот Кирил Пецаков присуствуваше на отворањето на 63-то издание на фестивалот „Охридско Лето“ што синоќа се одржа на Античкиот театар во Охрид.Светската оперска дива Ангела Георгиу, придружувана од симфонискиот оркестар на Националната опера и балет под диригентската управа на Чипријан Теодорашку, приредија ноќ за паметење изведувајќи ги најпознатите арии на Паучини, Верди, Прокофјев, Брамс.Наредните 40 дена ќе се одржат атрактивни културни настани на сцените на Атичкиот театар, црквата „Св. Софија“ , „Долни Сарај“, Центарот за култура „Григор Прличев“, но и на други интересни локации низ градот.Програмата нуди настапи на светски познати имиња и ансамбли од музичката, драмската уметност, програма за сите вкусови и генерации, сето вклопено во неповторлив природен и духовен амбиент каков што е Охрид. Вљубениците во уметноста ќе имаат прилика да уживаат во 34 концерти и седум театарски претстави, а програмата ќе биде збогатена и со балет, изложба на фотографии и промоција на книга. На фестивалот ќе настапат повеќе од илјада уметници од над дваесет земји од светот – Србија, Чешка, Италија, Словенија, Полска, Франција, Турција, Израел, САД, Украина, Шпанија, Црна Гора, Грција, Германија, Романија, Португалија, Египет, Русија и Северна Македонија.

Охрид | пред 2 години

ohrid-turisticka-1

Се дислоцира автобуската постојка за туристи на улица „Кузман Јосифоски- Питу“ во Охрид

Се известуваат сите Тур – оператори и туристички водичи од градов дека автобуската постојка за туристи која беше лоцирана на улица „Кузман Јосифоски- Питу“ кај факултетот за Информатички науки и технологии „Св. Апостол Павле“ од денес (13.07. 2023г.) се дислоцира на улица „Партизанска“ кај студентскиот дом „Никола Карев“.Од Општина Охрид, упатуваат апел до превозниците, автобуската постојка да се користи исклучиво за качување и слегување на туристи, а не за паркирање на автобуси.

Охрид | пред 2 години

Ambasador_Srbija_13072023003

Амбасадорката на Србија во посета на Општина Охрид

Во официјална посета на Општина Охрид, денес, беше амбасадорката на Република Србија Н.Е. Невена Јовановиќ.На средбата градоначалникот и амбасадорката ги истакнаа добрите и пријателски односи помеѓу македонскиот и српскиот народ. Изразија желба и подготвеност ваквите односи дополнително да се надоградат со остварување на соработи во повеќе полиња. Потенцирано беше дека отворањето на сезонската авиолинија Охрид – Белград е од големо значење за развојот на туризмот во Охрид.Соговрниците разговараа и на актуелни теми кои го засегаат регионот.

Охрид | пред 2 години

Delegacija_Uchisar_150723003

Пецаков оствари средба со делегација на турската општина Учхисар од Кападокија

Градоначалникот Кирил Пецаков денеска оствари протоколарна средба со Осман Суслу, градоначалник на општина Учхисар, која е сместена во областа Кападокија во Република Турција.На средбата се разговараше за можностите за зајакнување на соработката меѓу Охрид и Учхисар во повеќе општествени сфери пред се во делот на туризмот, културата и образованието. Во фокус на средбата беше и темата за збратимување на двете општини.Учхисар е општина во историскиот и туристички регион Кападокија, кој припаѓа на провинцијата Невшехир и административниот регион Централна Анадолија во Турција. Ова е еден од најтипичните градови во Кападокија кој поседува уникатни културни и природни знаменитости кои го привлекуваат вниманието на туристите од целиот свет. Најпрепознатлива туристичка атракција е замокот „Учхисар“ кој е сместен во карпа, на 1300 метри надморска височина и нуди неповторлив пејзаж на целата област.

Охрид | пред 2 години

Saraevo_18072023001

Инвестициските можности на Охрид дел од „Реал Експо 2023“ во Сараево

Инвестициските можности и бизнис потенцијали на Охрид ќе бидат претставени на Саемот за бизнис инвестиции „Реал Експо 2023“ кој од денеска до 20-ти јули се одржува во Сараево, Босна и Херцеговина.Во текот на првиот ден од саемското претставување, штандот на Општина Охрид беше посетен од неколку потенцијални инвеститори помеѓу кои беше и Шеикот Мохамед бин Сакр Ал Касими од Обединетите Арапски Емирати. Со бизнис можностите на Охрид се запозна и премиерот на Кантонот Сараево, Нихад Ук.Градоначалникот Кирил Пецаков пред заинтересираните посетители изврши презентација на можностите за инвестирање во Охрид и оствари продуктивни бизнис средби, од кои во иднина постои можност да се вродат конкретни инвестиции во ОхридНа Саемот за бизнис инвестиции „Реал Експо 2023“ кој се одржува во изложбениот простор од 3.000 метри квадратни, во хотелот „Хилс“ учествуваат инвеститори, изведувачи, технолошки компании и бизнис експерти од 12 држави.

Охрид | пред 2 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања