Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

ОХРИД

1691823453663

Во Охрид одбележан денот на младите

Во организација на Младинскиот центар од Охрид, синоќа беше одбележан денот на младите. Во рамки на одбележувањето изминатата недела беше исполнета со низа активности во организација на младите од Охрид.На синоќешната свеченост присутните ги поздрави заменик градоначалникот Перчо Божиноски.– Чувствувам искрена радост, затоа што успеавме за помалку од една година од отворањето на Младинскиот Културен Центар, да покажеме дека оваа институција со својата работа ќе биде вистински центар за младите, за нивната креативност и реализација на најразлични проекти.Ние како локална самоуправа, како што ветивме, секогаш ќе бидеме силна потпора на вашите ангажмани за целосна реализација на вашите идеи, со што вие ја добивата вашата професионална сатисфакција, а тоа воедно е и добробит за пошироката заедница.Верувам дека во изминативе четири дена имавте успешна работа на вашите работилници и форуми кои ги организиравте и се стекнавте со нови вештини и знаења, кои успешно ќе ги користите во вашите идни ангажмани.Дозволете ми на крајот од моето обраќање, во името на градоначалникот Кирил Пецаков и во мое лично име да ви го честитам Светскиот ден на младите и да ви посакам добро здравје, лична среќа и освојување на нови хоризонти во вашите мечти и реални остварувања, истакна Божиноски.Синоќешната свеченост беше збогатена со музички настап на бендот Два2 и диџејот Reli Relax. Присутните имаа можност да уживаат во изложбата на фотографии од малата Нина Ангелоска, додека најмладите беа дел од забавни игри, детска атлетика и работилница за цртање на канвас.

Охрид | пред 2 години

IMG-5378fba5d92b915cfe93b6c18bccc964-V

Свечено откриена скулптурата “Раката на поетот”

Со пригодна свеченост, денес, во Велестово беше откриена склуптурата “Раката на поетот” од уметникот Никола Пијанманов, инспирирана од песната „Есен“ на големиот германски поет Рајнер Мариа Рилке.На свеченоста присуствуваше заменик градоначалникот Перчо Божиноски.– Стремежот за убавина на човекот е изразен преку најразлични форми во уметноста распослани на најубавите места.Во Велестово на десетина квадратни метри имаме бујна културно-историска искра од 15 в. до денес. Па така на препознатливата чешма на црковнословенско писмо е амблемот на Поетската ноќ изработен од Славко Упевче, а мозаикот изработен од Никола Упевче, истото писмо од 15 век го имаме и пред нас во црквата ,,Успение на Пресвета Богородица”. Бронзен релјеф на најгласниот македонски поет од 19 век, Григор Прличев. Во каменопис запишано е времето кога е изградена чешмата, 1892 г. и на мермерната плоча се младичите кои своите животи ги положиле во текот на НОВ. И сега оваа скулптура од Никола Пијанманов ја врзува нишката со сето ова – ,,Раката на поетот” која ја црпи духовата врска на сите векови. Симболиката на значењето на изразот ,,камено срце” додава емоции на самата скулптура од патинирано железо која ги освојува луѓето. Скулпторот го храни каменот со себе си, а срцето се храни со каменот. Спој на страста и нежноста, сега поетот има своја претстава во ова извонредно дело и заедно со Велестово одат рака под рака под закрила на градот Охрид. Како Општина Охрид сме горди на овој момент затоа што нашите заложби се несебична поддршка за културата, рече Божиноски пред присутните.Скулптурата е донација од уметникот за манифестацијата “Поетска ноќ во Велестово”, а реализацијата ја овозможи Општина Охрид.

Охрид | пред 2 години

Zivko_Cingo_14082023004

Се одржа традиционалната културна манифестација „Вечер на Живко Чинго“

Синоќа во атарот на црквата „Св. Петка“ во село Велгошти, се одржа традиционалната културна манифестација „Вечер на Живко Чинго“, посветена на еден од нашите најпознати литературни великани. Пред присутните свое обраќање имаше заменик градоначалникот на Општина Охрид, Перчо Божиноски.– Големите писатели не вовлекуваат во својот бесконечен свет на мисли, каде што времето стои, а емотивните доживувања се воскреснуваат од секој ред. Страниците стануваат магични прозорци кон нови хоризонти, а зборовите највкусна храна за душата. Големите писатели носат убавини, ги оживуваат чувствата што тлеат длабоко во нас. Големите писатели создаваат историја и остануваат да живеат во вечноста. Овие метафорички описи се најреалната лика и одлика на еден од нашите најзначајни литературни дејци, нашиот голем и единствен Живко Чинго.Почитувани, навистина се чувствувам гордо и возбудено, што како Македонист, како Охриѓанец и пред се како Македонец ја имам оваа привилегија да зборувам за ваков маркантен лик, кој по својата оргиналност е икона на македонската култура и книжевност.Неговите дела носат незаборавна емоционална интензивност стимулирајќи не на размислање за луѓето, идентитетот и општествените вредности. Тој не учи како да гледаме на светот околу нас од различни аспекти и да го цениме нашета богато наследство. Творештвото на Чинго е феноменално свидетелство на човековата креативност и има големо влијаниe на нашите вистини и верувања.Ние, како генерација треба да продолжиме да се восхитуваме на неговата книжевна моќ, да го чуваме неговиот спомен и соодветно да го вреднуваме. Токму во таа насока е и организацијата на оваа традиционална манифестација, со која му оддаваме достојна почит на неговото име, кое остава неизбришлива трага на нашето национално битие.Во мое лично име и во името на градоначалникот Кирил Пецаков, упатувам искрени честитки до Иван Антоновски кој е овогодинешен добитник на наградата „Живко Чинго“, а воедно упатувам и огромна благодарност до сите автори кои зедоа учество на литературниот конкурс на Општина Охрид.Верувам дека оваа традиционална манифестација ќе продолжи да се одржува и во иднина и дека ќе продолжиме да го негуваме и почитуваме делото на Живко Чинго оставајќи го како аманет на идните поколенија. Нека му е вечна слава и нека се чествува уште многу години неговото големо име, истакна Божиновски во своето обраќање.Говор пред присутните имаше годинешниот добитник на престижната награда „Живко Чинго“ за најдобар расказ Иван Антоноски, а своја осврт за „Чинго во песните“ имаше Валентина Божиновска.Во рамки на културно- уметничката програма, настапија Петар Паскали, Петар Кочовски, Филип Темелкоски, Христијан Чавкоски, Ангел Трајковски, Вања Танковски,Билјана Буџакоска и Танцов клуб „Соната“.

Охрид | пред 2 години

taekvondo_reprezentacija_15.08-1-scaled-1

Градоначалникот Пецаков им посака успех на охридските таеквондисти кои ќе учествуваат на светско првенство

Градоначалникот Кирил Пецаков денеска ги прими членовите на Македонската Традиционална Таеквондо Федерација (Таеквондо ИТФ) кои ќе учествуваат на Светското Таеквондо ИТФ првенство што ќе се одржи во Астана–Казахстан од 18-ти до 26-ти август годинава.На охридските репрезентативци Зоран Парулески, Христијана Парулеска, Давид Крстески и Елена Јанеска, под водство на Марјанчо Лазаревски, градоначалникот Пецаков им посака успешно претставување и постигнување на добри резултати. Гостите истакнаа дека очекуваат солидни резултати по интензивните подготовки кои ги имале во изминатиов период за Светското првенство на кое учество ќе земат над 1 000 натпреварувачи од 90 земји.Македонската Традиционална Таеквондо Федерација заминува во Казахстан под покровителство на Агенцијата за млади и спорт и со поддршка на Општината Охрид.

Охрид | пред 2 години

OHRID-WATER-FESTIVAL-1

17 спортски настани на вода во рамки на Ohrid Water Festival

Од 19-ти до 27-ми август Охрид ќе биде домаќин на 17 спортски настани на вода во рамки на првото издание на Ohrid Water Festival.-Во сабота на 19-ти август на базенот „Атина Бојаџи“ ќе се одржи „ОВФ Пливачки митинг“ во организација на ПК „Акваспирит“ Охрид. Истиот ден во претпладневните часови на Охридското Езеро ќе се одржи „Меѓународна охридска веслачка регата“ во организација на Веслачкиот клуб „Горица Ремо“.-На 20-ти август во недела предвидени се два настани: „ICF 23 Трета Меѓународна Илинденска регата во кајак и кану на мирни води-Охрид 2023“ во организација на ККК „Стрмец“ и „Триатлон“ во организација на ТК “Три дисциплини” Струга.-Програмата продолжува во понеделник на 21-ви август кога ќе започне „1ва Регатa околу Охридското Езеро“, во организација на „Меч Рејс Клуб“. Истиот ден на базенот „Атина Бојаџи“ во организација на Сојузот за училишен спорт од Охрид ќе се одржат „Водени лудории“, а во Охридското Езеро во организација на „СУП клуб“ Охрид ќе се одржи настанот „СУП јога“.-Во вторник на 22-ри август во организација на ЕК „Акватика Јахтинг“ ќе започне Турнир во едрење ,,ЕКСПРЕС СЕЛИНГ“ кој ќе трае два дена. Истиот ден, ќе се одржи „Трка со СУП“ во организација на „СУП клуб“ Охрид.–Во организација на ПК„Охридски бранови 2008“ на 23-ти август во среда во водите на Охридското Езеро ќе се одржи „Пливачки маратон во далечинско пливање на 5км и 10км на отворени води“.-Во четврток на 24-ти август во организација на Нуркачки центар „Амфора“ ќе се одржи Промоција на рекреативно нуркање за деца.-Наредниот ден, на 25-ти август, петок предвидени се три настани. Во организација на ПК„Охридски бранови 2008“ ќе се одржи „Ревијален Ватерполо турнир 2023“, а ќе биде организирана и „Промоција на водени спортови“. Во организација „Јахтинг клуб ОЛС“ ќе се одржи настанот „Запознај го едрењето, заштити го езерото“.-26-ти август, сабота е датумот, кој е резервиран за најголемиот традиционален спортски настан на вода во Охрид, а тоа е „Охридски Пливачки маратон 2023“ кој ќе се одвива на патеката Св.Наум-Охрид.-Комплетната спортскo-рекреативна програма на вода ќе финишира во недела на 27-ми август со одржување на спортскиот настан „Акватлон“ во организација на АК “Охрид трчаТ” и „Регатата со традиционални охридски кајчиња“во организација на ВК „Горица Ремо“.Повеќе детали за сите настани, за времето и локацијата на одржување може да добиете на следниот линкhttps://ohridwaterfestival.mk/wp-content/uploads/2019/08/Programa-2023-PDF-2.pdf (спортско рекреативна програма) или наwww.ohridwaterfestival.mk

Охрид | пред 2 години

367733637_761187089354641_8502809649218472168_n

Богата социјално-едукативна програма на првото издание на Ohrid Water Festival

Во рамки на првото издание на големата промотивно спортска манифестација Ohrid Water Festival покрај 17-те спортски настани, предвидена е богата социјално-едукативна програма која вклучува низа интересни и забавни содржини кои ќе го привлечат вниманието на публиката.Забавниот дел на фестивалот ќе стартува на 21-ви август (понеделник) со Концерт на поп пеачот Ѓоко Танески.На 22-ри август (вторник) ќе биде организирана Изложба „Флора и фауна од Охридско езеро“ и „Потонато културно историско богатство“, а за музичкиот дел од вечерта ќе се погрижи ДЏ Ванчо Плеј.На 23-ти август (среда) во текот на денот ќе биде организиран Отворен ден во ЈНУ Хидробилошки Завод, а текот на вечерните часови ќе се одржи Панел дискусија на тема „Охридското езеро-валоризација на вредностите како пат кон идните бенефити“. Во рамки на музичкиот дел од вечерта, ќе настапи ДЏ Багзи.На 24-ти август (четврток) ќе бидат поставена Изложба „Почетоците на веслањето во Охрид“ и „Победници на охридскиот пливачки маратон низ времето“, а за музичкиот дел ќе се погрижат „Балканикос Бенд“ и „Жармена Бенд“. На 25-ти август ќе биде поставена изложба „Рибите од Охридското Езеро“. Истиот ден во организација на ОФВ и SLOW FOOD Охрид ќе се одржи промоција на охридска и македонска традиционална храна и пијалоци, а за добрата атмосфера ќе се погрижи ДЏ Rootboy Selector.На 26-ти август (сабота), на денот кога е предвидено одржувањето на Охридскиот пливачки маратон ќе продолжи Промоцијата на охридска и македонска традиционална храна и пијалоци, а за добрата атмосфера во вечерните часови ќе биде задолжен „Ансамбл Билјана“.Фестивалот ќе финишира на 27-ми август (недела) со Концерт на Камерниот битолски оркестар „Рок Симфонија“.Сите настани од социјално-едукативниот дел на програмата ќе се одвива пред платото на хотелот „Палас“

Охрид | пред 2 години

366823802_753851313209361_6565720682111788707_n

(ФОТО) Опожарениот терен на депонијата Буково се покрива со повеќе слоеви земја

Јавното претпријатие Охридски Комуналец продолжува со активности за санација на депонијата Буково.„Ј.П.Охридски Комуналец продолжи со активности за санација на состојбата на депонија Буково, која претходно беше опожаренаОпожарениот терен на депонијата се покрива со повеќе слоеви земја кои секојдневно се транспортираат и нанесуваатВо досегашните активности се употребени 1.200 м3 земја“, велат од претпријатието.

Охрид | пред 2 години

366285462_758128602993823_2685972792349870313_n

Пецаков им посака успешна сезона на целокупниот тим од ГРК Охрид

Градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков им посака успешни подготовки и успешна сезона на тимот од ГРК Охрид.„Им посакав успешни подготовки и уште поуспешна сезона на целокупниот тим од ГРК Охрид во која цел е излез во Европа, истакнувајќи дека Градот цврсто стои зад клубот од кој во новата сезона се очекуваат добри резултати.Тренерот, Стевче Алушовски ме увери дека подготовките се одвиваат во посакуваниот правец најавувајќи дека претстои финално брусење на формата и воигрување на екипата пред стартот на првенството.Секогаш големи емоции пробудува кај мене клубскиот дрес. Неизмерно сум им благодарен за поклонот, вели Пецаков.Во знак на благодарност за поддршката, капитенот на ГРК Охрид, Иван Тасески, на градоначалникот Пецаков, инаку поранешен ракометен голман, му подари дрес со број 1

Охрид | пред 2 години

Kulturno_leto_Pestani_07082023004

Започна културното лето во Пештани

Вечерва во селото Пештани со пригодна свеченост започна културното лето и ќе трае шест дена. Во име на Општина Охрид присутните ги поздрави заменик градоначалникот Перчо Божиноски и воедно ја прими благодарницата што организаторите ја врачија за градоначалникот Кирил Пецаков, за континуираната поддршка.Љубителите на уметноста ќе можат да уживаат во миксот од серенадите, сериозната и народната музика. Исто така присутните ќе бидат почестени со поезиа и проза како и доза на хумор.“Денеска со почеток во 20.00 часот ќе има гастрономска вечер, каде присутните ќе можат да вкусат од прекрасните традиционални јадења од езерското крајбрежје. Од 08 до 11.август со почеток во 17.00 часот ќе се реализира сликање и цртање на зајдисонце како и изложување на ракотворби од културната работилница.Манифестацијата ја организира и реализира Граѓанското здружение “ ARTE AZZURRA” со поддршка на Општина Охрид.

Охрид | пред 2 години

Viktor-fridman

Академин Виктор Фридман од САД Светската Награда на Хуманизмот за 2023 година

Светската Награда на Хуманизмот за 2023 година ќе му биде доделена на еден од најголемите американски и светски слависти проф. д-р Виктор Фридман, од Универзитетот од Чикаго, САД.Академик Фридман е седумнаесетти добитник по ред на ова исклучително признание со кое што Охрид, градот на УНЕСКО, веќе ги овенча нобеловците Александр Солжењицин, Херта Милер, светските легенди Даисаку Икеда, Рави Шанкар, Питер Брук, Маноел Де Оливеира, Романо Проди, будејќи ги изворите на духовната меморија од првата средновековна школа на хуманизмот, основана од учениците на Св. Кирил и Методиј, заштитниците на Европа.Свечената церемонија на доделувањето на наградата ќе се одржи на 9 август, Св Климент летен, во куќата на Уранија на МАНУ, во Охрид, со почеток во 12 часот. Пригодни беседи за Фридман ќе одржат Претседателот на Охридската академија на хуманизмот Јордан Плевнеш и Градоначалникот на Охрид Кирил Пецаков, кој што едновремено и ќе му ја врачи наградата на добитникот, во присуство на поголема меѓународна асемблеја на гости, меѓу кои и претставници и градоначалници од збратимените градови на Охрид од Европа и градовите по покровителство на УНЕСКО. Со своја беседа на присутните ќе се обрати и лауреатот Виктор Фридман.Свечени обраќања ќе имаат и претседателот на МАНУ, академик Љупчо Коцарев, ректорот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, проф. д-р Никола Јанкуловски, како и минатогодишниот добитник на Светската награда за хуманизам, академик Далимир Хајко од Братослава, Словачка.На еклузивната промоција на книгата „Седум цркви на Охрид во светското културно наследство“ на англиски јазик, ќе говорат Ролф Ахилес, професор на Уметничкиот институт во Чикаго и д-р Панче Велков, директор на Музејот на Град Скопје.Во рамките на овој свечен настан, ќе се одржи и Меѓународна конференција со наслов:„Охридската школа на хуманизмот од средниот век до денес“, на која меѓу другите, ќе учествуваат и Романо Проди, поранешен Претседател на Европската Комисија и Премиер на Италија, Жан Патрик Конрад, Претседател на Европската Академија на науките, уметностите и книжевностите од “Империјал Колеџ” во Лондон, Велика Британија, Херта Милер, добитник на Нобеловата награда за книжевност од Германија, Хенри Малос претседател на Фондацијата Жан Моне – Таткото на Европа, Франција, Амбасадорот на Словачка, Н.Е. Хенрик Маркуш, Вида Огњановиќ, врвен книжевен и театарски деец од Србија, итн.Имено, добитникот на Светската Награда на Хуманизмот, Светлин Русев кој што ја доби наградата во 2014 година, предложи до Интернационалното жири на Охридската Академија на Хуманизмот да се подигне ваков тип на обележје во Охрид, градот на УНЕСКО. По ненадејното починување на Светлин Русев во 2017 година, Охридската Академија на Хуманизмот се обрати до еден од најголемите скуптори на македонската современа уметност, Жарко Башески, чии што дела се присутни во над 50 музеи на модерната уметност низ цела планета, кој го изработи спомен-обележјето како свој авторски проект.

Охрид | пред 2 години

programa_nedela-na-mladi

Се одбележува Неделата на млади во Охрид

Во организација на Младинскиот центар од Охрид започна одбележувањето на Неделата на млади.Активностите започнаа од денес и ќе траат 11 август. Во овие неколку дена предвидени се работилници со младинско учество, практични работи, летни школи и слично.Местото на одржување на настаните е во Касарна Охрид (Двор МЦО).

Охрид | пред 2 години

Ohrid-Water-Festival

Дефинирани деталите за организација на првото издани на Ohrid Water Festival

Дефинирани се сите детали и деновиве финишираат завршните подготовки околу организацијата на првото издание на големата промотивно-спортска манифестација Ohrid Water Festival, која ќе се одржува во Охрид од 19-ти до 27-ми август.На денешниот заеднички состанок, организациониот тим на фестивалот и одговорните во клубовите за водени спортови го информираа градоначалникот Кирил Пецаков за поважните аспекти на предвидените спортски настани, како и за сите пропратни социјално-забавни содржини.Беше потенцирано дека за голем дел од спортските настани веќе се пријавени бројни екипи и натпреварувачи од неколку странски држави и дека се обезбедени сите логистички мерки за пријатен престој и безбедност на учесниците.Ohrid Water Festival се организира со целосна поддршка на Локалната самоуправа и неговата основна цел е популаризација на водените спортови на Охридското Езеро и промоција на уникатните потенцијали со кои располага Охрид како најголем туристички центар во Република Македонија.Комплетната фестивалска програма ќе биде објавена во текот на утрешниот ден на наменска прес конференција.

Охрид | пред 2 години

komarec

Ќе се прскапротив комарци во Охрид

Согласно Законот за заштита на населението од заразни болести ( Сл. весник на РМ 66/2004, 139/2008 и 99/2009, 149/2014, 150/2015 и 37/2016 ), а врз основа на одлуката на Советот на Општина Охрид за спроведување на превентивна систематска дезинсекција на територијата на општина како општа против епидемиска мерка Општина Охрид го издава следното соопштение:Се известуваат граѓаните кои одгледуваат пчели на подрачјето на општина Охрид дека на ден 10.08.2023 год. ( четврток ) ќе се спроведе теристичка (од земја ) дезинсекција против комарци. Запрашувањето ќе се врши во период од 19 часот во четврток до 06 часот во петок.Со дезинсекцијата ќе биде опфатено Охридското крајбрежјето на потег од с. Подмолје до комплексот Св. Наум, територијата на град Охрид, потег на река Грашница, Коселска Река.Се молат пчеларите и пчеларските задруги да ги преземат соодветните мерки за заштита на пчелите.Исто така се молат и граѓаните во тој период да го намалат своето движење на посочениот опфат.Во случај на појава на неповолни временски услови (ветар, дожд) дезинсекцијата се одложува за следниот поволен ден.

Охрид | пред 2 години

Cingo_2

Одбран најдобриот расказ за годинашниот конкурс „Живко Чинго“

Расказот „Ние ја имаме судбината на Јозефа К.“ под шифра: „Обид на македонистот“, е најдобар на годинашниот конкурс „Живко Чинго“. Комисијата во состав: проф. д-р Димитар Пандев, претседател, м-р Перчо Божиновски, член и доц. д-р Мерсиха Исмајлоска, член, го издвои награденото дело со актуелноста на горливата тема, вклопена во интертекстуална книжевна матрица со референци на светската и македонската книжевност, што му дава постмодернистички сензибилитет.Комисијата го истакнува своето задоволство од високиот степен на квалитет на пристигнатите раскази, особено од мошне развиеното јазично чувство кај повеќето од раскажувачите што се јавија на овој конкурс.На Конкурсот пристигнаа 73 плика со вкупно 75 раскази, а во потесен избор беше и расказот под шифра „Билјанини извори“.Авторот на наградениот расказ, треба најдоцна до 11 август да се јави во Одделението за култура на Општина Охрид, за докажување на авторството со четвртиот примерок. Наградата на авторот ќе му биде врачена на традиционалната манифестација „Вечер на Живко Чинго“ на 13 август.

Охрид | пред 2 години

Ohrid-Water-Festival

Промовирана програмата за првото издание на Ohrid Water Festival

Од 19-ти до 27-ми август 2023 година во Охрид ќе се организира првото издание на големата промотивно-спортска манифестација Ohrid Water Festival.Фестивалот се организира со целосна поддршка на Локалната самоуправа и неговата основна цел е популаризација на водените спортови на Охридското Езеро и промоција на уникатните потенцијали со кои располага Охрид како најголем туристички центар во Република Македонија.Денеска на прес-конференција беше промовирана официјалната програма на фестивалот која вклучува спортски настани и пропратни социјално-забавни содржини.Градоначалникот Кирил Пецаков истакна дека Ohrid Water Festival e една нова спортска приказна која е симбол на неизмерната љубов кон нашето уникатно Охридско Езеро испреплетена со нашата голема желба за поголем развој и популаризација на водените спортови.– Долги години наназад слушавме и дебатиравме дека е потребна поголема промоција на водените спортови на Охридското Езеро и дека на Охрид му е потребна масовна манифестација која ќе придонесе за развојот на градот како интересна дестинација за спортски туризам.Навистина сум среќен и горд што низ заедничка соработка, конечно успеавме од зборови да преминеме на дела и нашите идеи да ги претвориме во реалност. Имам голема чест и задоволство да ви го најавам првото издание на големата спортско-промотивна манифестација Ohrid Water Festival која ќе се одржува од 19 -ти до 27-ми август.Манифестацијата вклучува натпревари и активности на вода и има за цел да допре до најмладата популација и да им ги промовира сите позитивни аспекти на водените спортови и да придонесе за зголемување на интересот и свеста за здрав начин на живот.Врз основа на прецизен концепт, посветена работа, подготвивме детална програма со 17 спортски настани кои верувам дека ќе донесат незаборавно доживување за учесниците и ќе го привлечат вниманието на публиката. Покрај сите традиционални натпревари и настани, круна на целата манифестација ќе биде Охридскиот пливачки маратон кој ќе се одржува на 26-ти август и кој од минатата година е под целосна организација на Општина Охрид соработка со Пливачката федерација на Македонија.Спортскиот дел од фестивалската програма ќе биде надополнет со голем број социјално-забавни настани, музички концерти, промоција на реквизити за водени спортови, промоција на традиционална храна, изложби на фотографии, панел дискусии и други културни и едукативни содржини, рече Пецаков.Тој упати признание до организациониот тим на фестивалот и сите клубови за водени спортови.– Знам дека секој чекор од концепцијата до имплементацијата, за сите вас беше преполн со предизвици и неуморен ангажман и затоа во мое лично име и во името на локалната самоуправа искрено ви благодарам. Вашиот тимски дух и координираноста ја направија оваа иницијатива вистински успешна и значајна и затоа сум уверен дека доколку и во иднина ја продолжиме оваа соработка, фестивалот ќе продолжи да расте и да се развива и дека ќе стане препознатлив белег на нашиот град.Јас како градоначалник и Општина Охрид секогаш ќе бидеме подготвени да ја дадеме сета потребна поддршка на ваквите настани кои ја афирмираат уникатноста и туристичките потенцијали со кои изобилува нашиот регион, потенцираше Пецаков, при што упати покана до сите љубители на природата, спортот и добрата забава да дојдат во Охрид од 19-ти до 27-ми август и да уживаат во првото издание на Ohrid Water Festival и во сите убавини на Охридското крајбрежје.Освен промоција на фестивалската програма, на прес конференцијата беше промовирана и официјалната веб-страница на фестивалот која е своевиден генератор на сите потребни информации за водените спортови на Охридското Езеро и располага со корисни детали поврзани со клубовите за водени спортови кои функционираат во Охрид.

Охрид | пред 2 години

P1015558

Се одржа концерт по повод големиот христијански празник Св. Климент Охридски (летен)

Во црквата Св. Софија, вечерва се одржа концерт на оперска пејачка – сопран Илина Митревска во пијано придружба на проф. Дарко Мариновски во чест на празникот Св. Климент Охридски. Присутните во име на Општина Охрид ги поздрави заменик градоначалникот Перчо Божиноски.– Делата како плод на уметноста носат вистина чија вредност е силен одблесок, а нејзините дарови се врвните уметнички души. Пред нас е аманет тоа да го негуваме како духовна ризница на Македонија затоа што културата е нашиот белег и нашето опстојување. Токму тоа како Општина Охрид го докажуваме со организацијата на овој величествен оперски рецитал со Илина Митревска – сопран и пијано придружба: Дарко Мариновски. Во чест на летен Свети Климент Охридски во овој духовен храм на убавината ги соединуваме јазикот на музиката и моќта на зборот. Ме радува што вечерва гледам искрен ентузијазам чувствувајќи колку многу си ја сакаме музиката и татковината. Да се препуштиме на нашите виртуози за кои не се сомневам дека има да допрат до нашите срца и што подлабоко да продрат во нашата душа, рече во своето обраќање заменик градоначалникот Божиноски.Организатор на концертот е Општина Охрид, а се реализира со поддршка на Македонската православна црква.

Охрид | пред 2 години

Нема фотографија

Иван Антоновски е годинешниот добитник на наградата за најдобар расказ „Живко Чинго“

Иван Антоновски е писателот на расказот „Ние ја имаме судбината на Јозефа К.“ под шифра: „Обид на македонистот“, кој од страна на комисијата во состав: проф. д-р Димитар Пандев, претседател, м-р Перчо Божиновски, член и доц. д-р Мерсиха Исмајлоска, член, беше избран за најдобар на годинашниот конкурс „Живко Чинго“.Иван Антоновски (1990) е писател, книжевен критичар, есеист и книжевен преведувач, асистент на Катедрата за македонска книжевност и култура на Филолошкиот Факултет „Блаже Конески“ при УКИМ. Автор е на неколку книги со студии и есеи за современата македонска книжевност, поетски книги и книжевни преводи. Неодамна, во издание на книгоиздавателството „Матица македонска“ беше објавена неговата најнова книга „Просто и строго – Конески“. Соприредувач е на три антологии и на неколку други монографски публикации кои се однесуваат на современата македонска книжевност. Бил уредник и соработник на неколку списанија за книжевност и култура, меѓу кои и на е-неделникот „Репер“. Во моментов е уредник на списанието за литература, уметност и култура „Стремеж“. Добитник е на неколку книжевни награди и општествени признанија, меѓу кои се наградата „13 Ноември“ на Град Скопје и наградата „Франк Манинг“ на Ректоратот на УКИМ. Прогласен е за најдобар млад научник во хуманистичките науки за 2021 година и од претседателот на државата му беше доделено признанието „Успешни млади“. Член е на Друштвото на писателите на Македонија, на Сојузот на литературните преведувачи на Македонија и на Македонскиот славистички комитет.Наградата за најдобар расказ ќе му биде доделена во рамки на манифестацијата „Вечер на Живко Чинго“ што ќе се одржи на 13 август во неговото родно место Велгошти.

Охрид | пред 2 години

Akademija_090823001

Врачена светската награда за хуманизам наамериканскиот лингвист и македонист Виктор Фридман

На свечена церемонија, денес во Куќата на Уранијав на професорот д-р Виктор Фридман, еден од најголемите американски и светски слависти, му беше врачена годинешната награда за хуманизам што веќе 17 години ја доделува Охридската светска академија на хуманизмот.Наградата ја врачи градоначалникот Кирил Пецаков, кој пред истакнатите академици и дипломати истакна:Akademija_090823006-Ми претставува голема чест и задоволство, денес да ја врачам Светската награда на хуманизмот за 2023 година на професорот д-р Виктор Фридман, еден од најголемите светски и несомнено најголем американски славист и македонист.Почитувани дами и господа, драги пријатели,Делото на Виктор Фридман со децении на научно фундирана основа и најискрен хуман начин ја доближува нашата култура до американската јавност и го прави еден од најголемите пријатели и почитувачи на Македонија и на македонскиот јазик и култура .Пред официјалното врачување на наградата на професорот Фридман, сакам да му се заблагодарам на амбасадорот Јордан Плевнеш и на Охридската академија на хуманизмот што ја организираат оваа величествена манифестација со која ние Македонците го продолжуваме вековниот код всаден од нашиот Свети Климент Охридски, за ширење на хуманизмот и човекољубието.Почитувани,Наскоро ќе ја реализираме идејата на добитникот на Светската Награда на Хуманизмот Светлин Русев, за поставување на спомен-обележјето “Охрид Центар на Светскиот Хуманизам”, како единствено такво обележје во целиот свет. Ви посакувам успешна работа на денешната научна конференција :„Охридската школа на хуманизмот од средниот век до денес“ за која верувам дека ќе фрли нова светлина за вековниот континиум на хуманизмот кој се ширел од овие простори.Беседа за годинашниот добитник одржа претседателот на Охридската светска академија на хуманизмот, професорот Јордан Плевнеш.Akademija_090823004-Денес, на 9 август 2023 на Празникот Свети Климент Летен и Свети Пантелејмон во светиот град Охрид се случува Балканска лингвистичка револуција, бидејќи Виктор Фридман е прв лингвист добитник на Светската награда на хуманизмот за 2023 година, а која е присутна на сите меридијани, а е инспирирана од учениците на сесловенските просветители, рамноапостолите Свети Кирил и Методиј , Заштитниците на Европа.Да, токму нивните ученици вечно живите охридски светци Св. Климент и Св. Наум кои ја основаа првата средновековна школа на хуманизмот вгнездена во копнежот на секој човек низ вековите наречена Носталгија по единството и сонуваната но никогаш неостваренаЦивилизација на љубовта!Балканската лингвистичка револуција во име на љубовта кон сите светски јазици ја реализиравте Вие Академик Виктор Фридман бидејќи со Вашата Балканофилија, Вие го вреднувавте македонскиот јазик на светската лингвистичка мапа и Свети Климентовиот сон низ митските корени на духовната и народната традиција стана неприкосновен легитимитет за кој Охридската Академија на хуманизмот Ве нареди на тој величенствен список на досегашните добитници,од јапонскиот будистички филозоф Даисаку Икеда, португалскиот филмски волшебник Маноел де Оливеира, рускиот нобеловец Александр Солжењицин, музичкиот сонувач од Индија, бесмртниот Рави Шанкар, германската нобеловка Херта Милер, светската театарска легендра Питер Брук што ги обединува Париз и Лондон со неговиот љубен Охрид, политичкиот сонувач за Обединета Европа и неговата родна Бологња Романо Проди, претседателот на Европската Академија Жан-Патрик Конрад, македонскиот неповторлив филозоф Георги Старделов, незаборавниот Абдулах Шарчевиќ од Босна и Херцеговина и меѓу нас присутниот Далимир Хајко од Словачка, кој со својата визија за хуманизмот ги обединува Моравската мисија и Охридската школасите тие се овде и тие што се на Небото над вечноста и тие што Ве гледаат Вас во овој миг во Охрид во Куќата на Уранија на МАНУ Ви ја честитаат Светската награда на хуманизмот, бидејќи Вие сте првиот Американец со интерконтинентално потекло што ја понесува оваа награда, што Македонија Ви ја подарува од своето срце и од својата испокината но боженствена душа со Песната на Свети Климента и песната на свети Григор Прличев славниот Охриѓанец, вториот Хомер кој тогаш пеел, а пее и сега:“Ќе ми бидете сираци , така било напишаноДојдете ми да ве гушнам за последен пат!”Нека пеат сите хорови од сите религии во сите храмови на светот : Благословена да е мисијата на Виктор Фридман и нека живеат сите 6345 јазици од листата на УНЕСКО бидејќи кога се читаат Вашите текстови и кога Ве слушаме како зборувате на голем број јазици, мислиме дека културните разлики низ Вашиот научен глас независно од геополитичките и нуклеарните катасторофи ја пеат Симфонијата на јазичната љубов од Вавилонската кула до тој Анти Вавилон за кој Крсте Петков Мисирков авторот на “За македонцките работи” во својата Антропофонетика велеше дека секој човек на Земјава има право на својот глас и на својот јазик! Бидејќи Вие академик Фридман сте меѓу најобожуваните македонисти и во македонската дијаспора расеана по континентите има една пост-модерна поговорка која вели: “Светот е мал, но Македонија е голема”.Низ црно-хуморната призма на славниот ирски емигрант Самуел Бекет кој напиша “Нема ништо посмешно од човечката несреќа”. Охридскиот писател со светско реноме Живко Чинго пишуваше:“Македонија е мала земја во крпче можеш да ја врзиш”Таа мала земја од тој врзоп во крпче од кого се пролеани океани солзи меѓу Чинговата мисла и мислата на Сервантес дека:„ целиот свет е мал како шамивче“( El mundo es un panuelo), ние Ве прогласуваме за Добитник на светската награда на хуманизмот за 2023 и Ви пожелуваме уште долго да ги крстарите светските јазички меридијани!Во ваша слава и чест на Охридското небо се отвора една чудесна слика една вонвремена играорна група го игра славното македонско оро “Тешкото”, кое го предлагаме да влезе на листата на трезорите на нематеријалното светско богатство на УНЕСКО бидејќи ние и денес го играме Тешкото низ стиховите на Блаже Конески:“Зурли штом диво ќе писнатштом тапан ќе грмне со поѕемен екотво градиве зошто жал лута ме стиска изошто ми иде да плачам ко дете…”Во името на сите детски солзи излеани на сите светски признати и непризнати јазици кои се дел на Вашата судбина на светски лингвисти со звуците на Тешкото, Охридската академија на хуманизмот Ве прогласува за добитник на Светската награда на хуманизмот 2023!За Многаја лета ! За Многаја лета! За Многаја лета! – истакна во својата беседа академикот Плевнеш.На свеченоста свои обраќања имаа и претседателот на МАНУ академик Љупчо Коцарев и ректорот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ проф. д-р Никола Јанкуловски.

Охрид | пред 2 години

Strelacko_050823005

Се одржа Меѓународниот турнир со воздушно оружје

Во организација на Стрелачкиот клуб “Охрид” денес се одржа Меѓународниот турнир со воздушно оружје. Во име на Општина Охрид организаторите и учесниците ги поздрави советникот Наум Јамандиев и го прогласи турнирот за отворен.– Денес сме на стрелиштето Бејбунар, за да присуствуваме на меѓународниот натпревар во стрелање со воздушно оружје со што докажуваме дека сме искрено посветени на охридскиот спорт.Ги упатувам моите честитки до Стрелачкиот Клуб „Охрид“ и Македонската стрелачка федерација за успешното организирање на денешната спортска манифестација, во која сите ќе уживаме.Ние како локална самоуправа, остануваме доследни на нашите заложби за континуирано помагање на спортот и спортистите. Верувам дека традиционалниот турнир по повод нашиот најголем празник Илинден, во иднина ќе расте и во квантитет и во квалитет и ќе изнедри квалитетни стрелци и Охрид ќе го направи центар на македонското спортско стрелаштво.На сите натпреварувачи им посакувам врвни резултати и пријатен престој во Охрид, истакна во своето обраќање Јамандиев.

Охрид | пред 2 години

Dodeluvanje_diplomi_11082023008

Доделени дипломите на матурантите од СОСУ „Св. Кирил и Методиј“

Со пригодна свеченост на сцената од Долни Сарај, вечерва беа доделени дипломите на матурантите од СОСУ „Св. Кирил и Методиј“. Во име на Општина Охрид за постигнатиот успех им честиташе советничката Ана Крстеска.– Бидете уверени во тоа дека упорноста и трудот секогаш се исплаќаат. Доказ за тоа претставува и примерот со новелистката кој што ја цитирав на почетокот. Таа, 12 години се обидувала да ја публикува својата прва книга „Хари Потер“, но била одбивана. Сепак после 12 години успеа во намерата и токму тоа дело беше прогласено за бестселер. Ј.К. Роулинг не е единствениот ваков пример. Тоа е така затоа што таа продолжила, а не се откажала кога работите станале тешки. Такви ги има многу. Такви луѓе постојат и во Охрид и во Македонија. Впрочем и историјата на Македонија укажува на тоа дека постоеле луѓе кои не се откажуваат, кои оделе по потешкиот пат само за направат нешто добро за Државата. Вашите способности за напорна работа, Вашата интелигенција, образованието кое ќе го стекнете, Ви даваат уникатен статус во општеството, бидејќи токму Вие сте супер силата на нашето општество. И доколку го искористите Вашиот глас да им помогнете на безгласните, Вашата сила за да им помогнете на немоќните, горди на Вас нема да бидат само родителите, туку сите оние на кои сте успеале да им помогнете. Не е потребна магија за да се направат промени во светот. Потребната енергија за промени ја носиме во нас самите, им порача советничката Крстеска.На свеченоста свое обраќање имаше и директорот на училиштето кој им посака успех во иднина. Во рамки на свеченоста беа доделени и посебни плакети за значаен успех и придонес за афирмација на училиштето.

Охрид | пред 2 години

1691651033721

Доделени дипломите на матурантите од ОСУ „Свети Климент Охридски“

На пригодна свеченост, вчеравечер во дворот на ОСУ „Свети Климент Охридски“ беа доделени дипломите на матурантите од генерацијата 2022-2023 година.Пред присутните, во името на Општина Охрид свое обраќање имаше заменик градоначалникот, Перчо Божиновски.-На овој прекрасен празник посветен на нашиот светител и најголем учител Свети Климент Охридски, со огромна гордост и радост се обраќам кон вас, додека стоите на прагот на новото поглавје во вашиот живот.Денес, по четири години надградба, трудољубивост и предизвици, подготвени сте да ја завршите оваа важна фаза од вашето образовно патување. Матурата е повод да ги прославите достигнувањата и стекнатото знаење. Ова е време кога треба да се гордеете со себе и да гледате на иднината со храброст и оптимизам.Сега, кога се наоѓате пред една од најважните крстосници во животот, кога треба да одлучите што понатаму, ве охрабрувам никогаш да не запрете. Запомнете дека успехот не е еднократно достигнување, туку континуиран стремеж кон учење и развој.И вечерва се слуша гласот на Свети Климент Охридски со моралната мисла: ,,Тргај се од злото и прави добро!”. Ова укажување е моментот на вашето израснување како личности, но и аманет за вашиот човечки пат.Златни деца, бродот е најбезбеден на пристаништето, но бродовите не се направени за тоа. Вашата верба е поголема од вашиот страв, затоа што како генерација пловевте и го следевте патот на успехот давајќи многу повеќе од тоа што се очекуваше од вас. Најсилните луѓе не се оние кои ја покажуваат својата сила, туку оние кои водат битки за кои не знае никој од нас. Верувавте во вашите вештини и знаење и тоа се исплати, затоа што никогаш не се откажавте од тоа што сте го наумиле. И успеавте, најдобри од најдобрите, а тоа го може само Авангардата.Бидете благодарни на Гимназијата која неуморен стремеж ѝ е да ја доведе вашата морална, интелектуална и физичка природа до совршенство за да можете да дадете најголем можен придонес за себе и за другите. И да, сигурно знам, научивте дека клучот до успехот се дисциплината и знаењето. Сега како цврсти личности вие сте најголемото богатство кое може да се понесе со себе. Само големи работи очекувам од секој од вас.Продолжете посветено, чесно, етички и со голем труд да ја минувате животната патека. Без разлика каде ќе ве одведе следниот чекор во вашето патување, верувајте во вашите способности и осмелете се да ги остварите најубавите соништа.Но, кога ќе ги достигнете височините и кога ќе ги берете плодовите на успехот, сетете се и бидете благодарни на вашите професори, за мудроста и за инспирацијата која несебично ви ја даваа; на вашите родители за неизмерната љубов и разбирање и на вашите пријатели за постојаната поддршка.Убеден сум дека вештините, талентите и идеите кои ги поседувате, ќе дадат огромен придонес за просперитетно општество и дека ќе бидат важен столб за иднината на Охрид и Македонија. Посакувам да бидете достоинствени и успешни професионалци, вредни за почит и пофалба.Почитувани, Во мое лично име и во името на градоначалникот Кирил Пецаков примете најискрени честитки за вашето матурирање, нека вашата иднина биде исполнета со светлина, успех и неверојатни можности!Бидете живи и здрави, нека е за многу години денешниот празник и нека е вечно името на Свети Климент!, истакна Божиновски во своето обраќање.

Охрид | пред 2 години

aerodrom

Повеќе од две години 15 милиони евра чекаат за модернизирање на терминалот на охридскиот аеродром

Сума од 15 милиони евра за реконструирање на двата македонски аеродроми се уште не е потрошена по повеќе од две и пол години од донесувањето на ТАВ-програмата. Последната одлука на Владата донесена минатиот месец е овие 904 милиони денари да ги контролира акционерското друштво во државна сопственост „Аеродроми на РСМ“ и да послужат за модернизација и проширување на терминалната зграда само на охридскиот аеродром „Св. Апостол Павле“, пишува Фактор.Во 2020, кога беше донесена ТАВ-програмата во вредност од 50 милиони евра наменети за десетици локални проекти, беше одлучено сума од 15 милиони евра да биде искористена за обновување на терминалите на скопскиот и охридскиот аеродром, а проектот да го надгледува Акционерското друштво за изградба и стопанисување со станбен и деловен простор.- Во меѓувреме беше заклучено дека нема потреба од овие пари да се инвестира во скопскиот терминал и сите средства да се пренасочат во охридскиот, како и тоа дека тука надлежност има АД Аеродроми, а на АДСДП, изјави Трајче Ангеловски, директорот на „Аеродроми на РСМ“.Целиот текст можете да го прочитате тука

Македонија | пред 2 години

detska-ishrana

Труење со храна во детско одморалиште во Охрид

Во детско одморалиште во Охрид пријавено труење со храна, информира директорот на Агенција за храна и ветеринарство Николче Бабовски.Уништена е повеќе од 200 килограми храна која не одговарала на одредбите на Законот за безбедност на храна. Месото и млечните производи се лесно расипливи, предупредува Бабовски.Тие мора внимателно да се чуваат и да се приготвуваат.

Македонија | пред 2 години

gubre

(Фотосторија) Охрид во две фотографии: Фрли кај што ти викаат дека не треба!

Во центарот на Охрид за да се задоволат потребите на граѓаните поставени се контејнери за депонирање на смет.Но, наместо во контејнерите отпадот главно е расфрлан на земја. Несовесните граѓани го истураат ѓубрето надвор од контејнерите иако стои знак за забрането депонирање на отпад.

Охрид | пред 2 години

opstina-ohrid

Одржани две седници на советот на Општина Охрид

Градските советници денес, една по друга, ги одржаа дваесет и деветтата и триесеттата седница. На првата седница се разгледуваа и се одлучуваше по 39 точки, дополнети со две нови. Содржината на дневниот ред на денешната работа на советот се однесуваше на усвојување на годишните планови за вработување во основните училишта, работата на дел од јавните претпријатија и општинската администрација и донесување на одлуки за вклопување на бесправно изградени објекти.Втората, триесетта седница беше посветена на советнички прашања, на која доминираа теми за работата на ЈП „Охридски Комуналец“ и јавната хигиена во централното градско подрачје.

Охрид | пред 2 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања