Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

РУСИЈА

kremlj-moskva

Москва и Вашингтон без напредок, мировната формула за Украина засега нема успех

Мисијата на американските пратеници во Москва заврши без договор. Посетата на Стив Виткоф, главниот преговарач на Доналд Трамп, и Џаред Кушнер, што требаше да внесе брзина во мировните разговори за Украина, само ја истакна длабоката дистанца меѓу двете страни. Пет часа разговори со Владимир Путин не беа доволни за да се затвори ниту едно од спорните прашања.Според Кремљ, средбата била „работна и отворена“, но американскиот предлог – веќе преработуван неколку пати на барање на Киев и европските држави – сè уште содржи точки што Русија ги смета за недозволиви. Американската делегација не даде ниту една изјава по напуштањето на Москва.Неколку часа пред средбата, Путин испрати најостра порака до европските лидери во последните месеци. Тој ги обвини дека живеат „под илузија“ дека Русија може да биде стратешки поразена и повтори дека Москва „не планира војна со Европа“, но дека ќе реагира ако европските држави „ја отворат таа врата“.Овие пораки го засилија впечатокот дека Кремљ сака поголема дистанца од европските модификации на американскиот план, кои Киев ги турка како услов за прифатлив договор.Русија и Украина остануваат најдалеку токму таму каде што е тешко да се најде компромис: контрола на териториите и идните безбедносни гаранции. Москва инсистира Киев да се откаже од дел од својата територија, а Украина бара гаранции што би ја спречиле нова руска офанзива – вклучително и гаранции што Кремљ ги смета за провокација.Европските партнери, пак, имаат свои, често различни позиции за тоа што е прифатлив мир, па мировниот документ се менуваше неколку пати во само неколку недели. Кремљ призна дека има делови што можат да бидат основа за договор, но високите руски претставници велат дека компромис „сè уште не е видлив“.

Свет | пред 3 месеци

media-libraryk2tqep07p75u3snM8bs

Русија тврди дека освоила два града во Украина, Киев ги отфрла тврдењата како „бомбастични изјави“ за влијание врз преговорите

Русија соопшти дека ги зазела Покровск во Донецката област и Вовчанск во Харкив, што – доколку се потврди – би претставувало значаен успе́х на фронтот. Украина веднаш ги демантираше овие наводи, оценувајќи ги како „бомбастични изјави“ со кои Москва сака да влијае врз тековните дипломатски напори за окончање на војната.Објавата на Кремљ дојде непосредно по разговорите на високи американски и украински претставници на Флорида, а само еден ден пред средбата на специјалниот пратеник на американскиот претседател Доналд Трамп, Стив Виткоф, со Владимир Путин во Москва.Андриј Коваленко, раководител на украинскиот Центар за спречување дезинформации, предупреди дека Русија во наредните недели ќе се обиде да создаде „дополнителен притисок на боиштата, проследен со гласни и драматични политички пораки“. Според него, ваквите тврдења се насочени „претежно кон западната публика“ и се дел од напорите да се зголеми дипломатската тежина пред новата рунда мировни преговори.Коваленко наведе дека „делови од Вовчанск сè уште се под украинска контрола“, но не даде информации за Покровск. Украинската армија претходно соопшти дека „и покрај тешката состојба“, нејзините сили продолжуваат да го одбиваат рускиот напад.Покровск претставува едно од најсилно утврдените точки во Донецк, познат како „град-тврдина“, каде што украинските сили повеќе од една година го одбиваа масивниот руски притисок. Во последните недели Русија постигна значаен напредок, стеснувајќи го просторот под контрола на Украина.Вовчанск, пак, беше под руска окупација до украинската контраофанзива во есента 2022 година, но повторно стана жариште на жестоки борби кога Русија започна ново пробивање во мај 2024 година.Во неделата Путин го посети командниот центар на фронтот, каде што генерал Валериј Герасимов го информирал дека руските сили ги презеле двата града. Кремљ истовремено објави видеоснимка – геолоцирана од CNN – на која руски војници развиваат знаме во централниот дел на Покровск, област што подолго време била под руска контрола.Покровск долго време важеше за значаен логистички јазол поради патните и железничките врски, но украинските власти во последните месеци се соочија со принудни промени на снабдувачките рути поради масовните руски напади со дронови и артилерија, што го намали стратешкото значење на градот.За време на посетата на боиштето, Путин им се заблагодари на командантите и на војниците за „успешните дејствија“. „Ви благодарам за резултатите во Покровск, на целото командување, на припадниците на групата и на нашите борци кои ги извршуваат задачите,“ изјави тој.Тој додаде дека успехот во Покровск ќе обезбеди „стабилно напредување кон сите цели на операцијата“.

Свет | пред 3 месеци

Screenshot-2025-08-24-at-11.16.09

Европа на нозе: страв дека „мировниот план“ на Трамп ја остава Украина ранлива, а Русија посилна

Европа со растечка загриженост го следи најновиот обид на Доналд Трамп да го заврши војниот конфликт во Украина, стравувајќи дека евентуален мировен договор – без разлика кога би бил постигнат – нема да ја санкционира или ослаби Русија, како што се надеваа европските лидери. Според анализата на агенцијата „Ројтерс“, европските влади стравуваат дека таков развој би ја загрозил безбедноста на целиот континент.Дополнително, постои и стравување дека Европа ќе мора да прифати ново економско приближување меѓу Вашингтон и Москва, иако Русија продолжува да се третира како главната закана за европската безбедност.Иако Украина и повеќе европски престолнини успеаја да се спротивстават на делови од американскиот предлог од 28 точки – кој се сметаше за премногу наклонет кон Русија – евентуален договор и понатаму би носел сериозни ризици.Европските земји практично немаат улога во преговорите. Тие не беа поканети на средбите меѓу американските и украинските преговарачи на Флорида, а денес ќе го следат оддалеку и патувањето на специјалниот пратеник Стив Виткоф во Москва, каде ќе се сретне со Владимир Путин.„Почнува да преовладува свеста дека во некој момент ќе дојде до ‘грда нагодба’“, изјави Лук ван Миделар од Бриселскиот институт за геополитика.„Трамп сака договор, но го гледа низ призма на големите сили: ‘Ние сме САД, тие се Русија – ние решаваме’. Тоа е многу непријатно за Европа.“Иако американскиот државен секретар Марко Рубио тврди дека европските партнери ќе бидат вклучени, европските дипломати велат дека тоа им нуди малку утеха. Секој сегмент од договорот директно ја засега Европа – од прашањето на територијалниот интегритет на Украина, до можната економска соработка меѓу Русија и САД.Неделава, дополнителна доза нервоза предизвика одлуката на Рубио да го прескокне состанокот на шефовите на дипломатиите на НАТО во Брисел.Во исто време, европските безбедносни служби веќе предупредуваат дека Русија ја остава „отворена опцијата“ за напад врз НАТО до 2029 година.„Русија ја задржува можноста за воен судир со НАТО. Тоа може да се случи најдоцна до 2029“, предупреди германскиот министер за надворешни работи Јохан Вадепфул.Европските влади се плашат дека евентуални територијални отстапки на Украина би го охрабриле Кремљ на нова агресија. Во сегашната фаза, извесно е дека секој мировен договор би ѝ дозволил на Москва да задржи дел од окупираната украинска територија, додека администрацијата на Трамп не ги отфрли руските барања за остатокот од Донбас.Дополнително, луѓе од Трамповата администрација отворено зборуваат за големи економски можности во деловната соработка со Русија по завршувањето на војната – нешто што ги вознемирува европските влади.Иако Европската Унија од почетокот на руската инвазија обезбеди околу 180 милијарди евра помош за Украина, таа и натаму нема значајно влијание во процесот.На располагање го има моќниот инструмент – замрзнатиот руски државен и приватен имот во ЕУ – но земјите членки сè уште не можат да постигнат договор дали да го искористат за финансирање нов пакет помош за Украина.Во обид да покажат сила, Франција и Велика Британија најавија дека се подготвени да распоредат „убедливи единици“ како дел од поствоени гаранции за Украина. Но Русија такви сили веднаш ги отфрли, а и европските држави знаат дека без американска логистика и технологија тие трупи нема да можат да дејствуваат самостојно.Експертите предупредуваат дека европските држави сега ја гледаат последицата од децениското потценување на воените капацитети.„Европјаните не се на масата затоа што, како што би рекол Трамп, немаат карти во раката“, вели Клаудија Мајор од German Marshall Fund. „Тие ја плаќаат цената за тоа што со години не инвестираа во сопствени одбранбени способности.“

Свет | пред 3 месеци

media-libraryebo4t2575nt84CVqsEz

Ексклузвини преговори во Флорида: Се преговара за две најтешки прашања

Во ексклузивниот приватен клуб „Шел Беј“ на југот на Флорида, во сопственост на Стив Виткоф, претставници на Вашингтон и Киев одржаа тајна средба за време на која беа послужени украински борш (традиционално руско-украинско јадење) и холупци – дипломатски гест што се толкува како сигнал дека САД се обидуваат да ја придвижат Украинa кон компромис во мировните разговори со Русија. Извор со непосреден увид во средбата, на која присуствувале државниот секретар Марко Рубио, специјалниот пратеник Стив Виткоф и зетот на Доналд Трамп, Џеред Кушнер, за СиЕнЕн изјавил дека станува збор за „исчекор напред“ и „надградба“ на првата рунда преговори што минатата недела се одржа во Женева. Но, и покрај напредокот, изворот предупредува дека многу чувствителни точки остануваат отворени и дека преговорите се далеку од финална фаза.Една од најконтроверзните точки е уставната определба на Украина за членство во НАТО, што Москва го бара како откажување, а Киев тврдo го одбива. Според изворот, преговарачите разгледувале можност Украина формално да не се откаже од евроатлантскиот курс, но де факто да биде блокиран патот кон НАТО преку двострани или повеќестрани договори меѓу Русија и одделни членки на Алијансата. Такво решение би било исклучително непопуларно во повеќе европски земји, а конечната одлука би ја имал претседателот Зеленски. Разговорите, сепак, покажуваат дека се бараат „креативни модели“ кои би ја заобиколиле украинската црвена линија, а истовремено би создадале простор за дипломатски напредок.Уште потешка точка е барањето на Кремљ, Украина да се откаже од делови од Донбас – територии што Русија ги анектираше, но не ги контролира целосно. Американскиот предлог предвидувал тие области да станат руска демилитаризирана зона без право на стационирање руски воени сили, но тоа решение Киев го смета за сериозно слабеење на сопствената одбрана. Изворот потврдува дека преговорите се движат и во врска со ова прашање, но не открива детали: „Ако стане јавно, може да се уништи можниот договор.“Додека Вашингтон и Киев бараат компромисни формули, најголемиот предизвик допрва следи – дали Москва ќе прифати нешто што отстапува од нејзините максималистички позиции. Кремљ досега не покажал подготвеност да се откаже од целта Украина да биде политички и стратешки подредена. Затоа, дипломатите предупредуваат дека иако се отвораат можности за украински чекори кон компромис, вистинскиот тест ќе биде руската реакција. Средбата во Флорида, иако обвиена со дискретност и симболика, го потврдува единственото нешто околу кое сите страни се согласни: мировниот договор нема да биде можен без болни одлуки.

Свет | пред 3 месеци

Rusija-ruska-policija-1-620x350

Спречен обид за атентат во Русија

Руската Федерална служба за безбедност (ФСБ) соопшти дека спречила наводен обид за атентат врз висок офицер на Министерството за одбрана на Русија на Крим, за кој тврди дека бил планиран по налог на украинската воено-разузнавачка служба (ГУР).Според официјалното соопштение, ГУР наводно регрутирала државјанин на Украина, кому му биле дадени инструкции да постави експлозивна направа во приватниот автомобил на рускиот офицер и потоа да ја активира. ФСБ наведе дека лицето било уапсено пред да го изврши нападот, пренесува руската агенција „РИА Новости“.Во соопштението дополнително се тврди дека украинските разузнавачки структури интензивно бараат потенцијални извршители за, како што наведуваат, „терористички и диверзантски акции“, користејќи интернет-канали, социјални мрежи и платформите Телеграм и ВатсАп, со цел нанесување штета на Русија.Наводите на ФСБ не може независно да се потврдат, а украинските служби засега не се огласиле за случајот.

Свет | пред 3 месеци

indija-oruzje-pvo

Војните ја зголемуваат продажбата: производителите на оружје со историски највисоки приходи

Производителите на оружје ширум светот во 2024 година оствариле рекордни приходи, поттикнати од војните, зголемените геополитички тензии и растечките буџети за одбрана, покажуваат најновите податоци на Штокхолмскиот меѓународен институт за мировни истражувања (СИПРИ). Според извештајот, сто најголеми светски одбранбени компании забележале раст од 5,9 проценти на годишно ниво, достигнувајќи вкупни приходи од околу 679 милијарди долари – највисока бројка досега.Побарувачката за вооружување нагло порасна како последица на војната во Украина, воениот конфликт во Газа и зголеменото чувство на несигурност во повеќе региони. Многу компании во изминатата година ги проширија капацитетите, отворија нови фабрики или купија конкурентски фирми со цел да одговорат на барањата на пазарот.САД остануваат доминантна сила во одбранбената индустрија: 39 од 100 најголеми компании се американски, а нивните приходи пораснале на 334 милијарди долари – речиси половина од глобалниот вкупен износ. На врвот се Lockheed Martin, RTX и Northrop Grumman. За првпат на листата се појави и SpaceX на Илон Маск, чијшто одбранбен сегмент ги удвоил приходите на 1,8 милијарди долари.Во Европа, вкупната продажба на оружје (исклучувајќи ја Русија) пораснала за 13 проценти и достигнала 151 милијарда долари, пред сè поради големата побарувачка поврзана со украинскиот конфликт и силната перцепција за руска закана. Германските Rheinmetall, ThyssenKrupp, Hensoldt и Diehl заедно бележат раст на приходите од 36 проценти.Рускиот напад врз Украина истовремено доведе до зголемување на приходите кај производителите од двете страни. Украинскиот Укроборонпром има раст од 41 проценти, а руските Ростех и United Shipbuilding Corporation заработиле 31,2 милијарди долари – 23 проценти повеќе од лани, и покрај санкциите и недостигот од компоненти.Израелските одбранбени компании, и покрај критиките за операциите во Газа, оствариле раст од 16 проценти, достигнувајќи 16,2 милијарди долари, а интересот за израелски системи останува висок.Кинеската индустрија, пак, забележала пад од 10 проценти поради низа корупциски скандали во процесите на набавка, што довело до одложување или откажување големи договори. Азија и Океанија, и покрај растот во Јапонија и Јужна Кореја, вкупно бележат пад од 1,2 проценти, што ги прави единствениот регион со намалена продажба.Од Greenpeace предупредуваат дека Европа станува „жариште на глобалното повторно вооружување“ и дека рекордното трошење за одбрана ја води планетата „во погрешна насока“.СИПРИ ги следи глобалните приходи од оружје од 1989 година, а податоците за кинеските компании ги вклучува од 2015 година.

Свет | пред 3 месеци

media-library3p8g5ol985516zJnxwH

(Видео) Украина нападна два руски танкери

Украински морнарички дронови нападнаа два руски танкери за нафта во Црното Море. Киев се обидува да изврши притисок врз Русија со напад врз празни бродови на пат кон товарење со нафта за странските пазари, напиша Би-Би-Си повикувајќи се на изјава од официјално лице.Се работи за танкерите „Каирос“ и „Вират“ кои работат под санкции. Тие биле на пат кон голем руски терминал за нафта во морето.Турција загрижена за нападот врз двата комерцијални брода.„Овие инциденти во нашата ексклузивна економска зона создадоа сериозни безбедносни ризици и претставуваат сериозни ризици за безбедноста на пловидбата, животите, имотот и животната средина во нашиот регион“, напиша на платформата Икс портпаролот на турското Министерство за надворешни работи, Ончу Кечели.

Свет | пред 4 месеци

media-library274douocelmc26TRi6w

Еден загинат и седум повредени во руски напад со дронови врз Киев

Најмалку едно лице загина, а седуммина меѓу кои и 13-годишно дете, се повредени во руски дронски и ракетен напад врз Киев изутринава, јави Би-би-си.Експлозиите оштетија станбени згради во повеќе делови од градот. Градоначалникот Виталиј Кличко, изјави дека четири лица се пренесени во болница, а пожар избувнал на пониските катови од една висококатница западно од центарот. Друг пожар бил ставен под контрола во централниот дел на градот.Шефот на воената администрација, Тимур Ткаченко, потврди дека ударите погодиле повеќе цели на периферијата на главниот град и дека воздушната одбрана е активирана против дронови над градот.Регионални власти јавија дека и во Бровари, источно од Киев, две жени биле повредени кога ракети и дронови погодиле станбени подрачја.Овој напад се случува само неколку дена по слично руско бомбардирање што усмрти седум лица во Киев, додека истовремено беа пријавени жртви и во руската област Ростов.

Свет | пред 4 месеци

Screenshot-2024-03-23-at-10.49.04

Москва: Украински служби планирале експлозија на гасовод, ФСБ го спречила нападот

Руската Федерална служба за безбедност (ФСБ) соопшти дека спречила обид за диверзија на гасовод во Серпуховскиот округ во Московската област, за кој, според нивните тврдења, стоеле украинските разузнавачки служби. Според официјалното соопштение, во текот на ноќта бил уапсен 56-годишен руски државјанин во моментот кога наводно се обидувал да постави импровизирана експлозивна направа на дел од гасоводот.Како што пренесува агенцијата РИА Новости, ФСБ наведува дека осомничениот претходно добил инструкции од „украински курир“, по што купил автомобил и електрична бушилка, а потоа, следејќи ги координатите што му биле доставени, пронашол скриено складиште со рачно изработени експлозивни направи.ФСБ тврди дека со навремената интервенција е спречена поголема материјална штета и потенцијален ризик за безбедноста во регионот. Од Украина засега нема коментар за случaјот.

Свет | пред 4 месеци

media-librarysife146nvhir2ATzNGt

(Видео) Украина: ‘Размерите на руските лаги се неверојатни’ – Се водат борби околу Купјанск“

Украинските сили и натаму ги бранат позициите во североисточниот град Купјанск, и покрај тврдењата на Москва дека руска контрола е целосно воспоставена. Рускиот претседател Владимир Путин минатата недела изјави дека градот е „повторно во рацете на Москва“, а за време на посетата на Киргистан повторно рече дека Купјанск е „целосно под руска контрола“.Врховниот командант на украинската армија, Олександр Сирски, остро ги демантираше ваквите тврдења. Тој по посетата на регионот Харков порача дека украинските војници секојдневно изведуваат одбранбени, извидувачки и ударни акции, со цел стабилизација на состојбата во градот.„Размерите на лагите на руското раководство за ситуацијата во Купјанск се неверојатни“, напиша Сирски на Телеграм, нагласувајќи дека украинските сили држат одредени линии и го засилуваат огнениот притисок со цел да ги блокираат руските линии за снабдување.Купјанск првично беше окупиран од руската инвазија во 2022 година, но Украина го поврати контролата истата година во рамки на една од најуспешните контраофанзиви. Денешните тврдења на Москва доаѓаат во време на зголемен дипломатски притисок за надминување на конфликтот, вклучувајќи го и новиот американски мировен предлог, во кој сега се вклучени и европски сојузници.Покрај Купјанск, руските сили се насочени и кон Покровск, важен логистички центар во Донецк. Путин тврдеше дека руската армија контролира 70 проценти од градот, познат по своето поранешно советско име Красноармејск. Руското Министерство за одбрана во петокот соопшти дека нивните сили зазеле два крајни реони од Покровск, иако украинските извори не го потврдуваат тоа.Состојбата на терен останува променлива, а двата града и понатаму се во центарот на интензивни борби за контрола врз источниот фронт.

Свет | пред 4 месеци

rafinerija-rusija

Ескалација на фронтот: нови украински дрон-напади предизвикаа пожари во Русија

Украина во текот на изминатата ноќ спроведе повеќе дрон-напади врз руски територии, при што беа погодени објекти во неколку региони, соопштија утрово руските власти. Најсериозниот инцидент е забележан во Краснодарскиот крај, каде по удар на украински дрон избувнал пожар во нафтената рафинерија „Афип“ во Севeрскиот округ.Регионалната администрација информираше дека огнот зафатил околу 100 квадратни метри и оштетил дел од техничката опрема во постројката, но складиштата со нафта останале непогодени, пренесува „Интерфакс“.Покрај Краснодар, руски извори пријавија и пожари во Ростовската област, каде, според нивните тврдења, биле погодени повеќе цивилни објекти. Засега нема информации за жртви, а локалните служби за итни интервенции работат на целосно локализирање на пожарите и процена на материјалната штета.Нападите се случуваат во период на засилен воздушен притисок меѓу двете страни, а Москва повторува дека украинските напади со беспилотни летала стануваат „сè почести и подалечни“. Украина официјално не ги коментира овие операции.

Свет | пред 4 месеци

ukraina-kiev-2

Руски удари врз Киев: едно загинато лице и 11 повредени, меѓу нив и дете

Во руски ракетни и дрон-напади врз Киев, изведени во текот на изминатата ноќ, загина едно лице, а 11 се повредени, меѓу кои и едно дете, соопштија властите на украинската престолнина. Шефот на киевската воена администрација, Тимур Ткаченко, изјави дека од полноќ наваму биле погодени најмалку шест локации во градот, пренесува „Укринформ“.Според неговите информации, еден дрон предизвикал значителна штета во Оболонскиот округ, каде биле погодени повеќе станбени објекти во приватниот сектор. Во текот на утрото бројот на повредени се искачи на 11 лица, додека една жртва подлегнала на повредите.Киевските служби наведуваат дека нападите предизвикале сериозни материјални оштетувања и дека екипите за спасување продолжуваат да работат на расчистување на урнатините и обезбедување на погодените подрачја. Властите предупредија дека ризикот од нови воздушни напади останува висок.

Свет | пред 4 месеци

Screenshot-2025-08-16-at-09.21.21

Путин постави услов за крај на војната

Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека Москва ќе ја прекине офанзивата во Украина само ако украинските сили се повлечат од сите територии што Русија ги смета за свои. Остриот ултиматум доаѓа во момент кога руските трупи постепено напредуваат на истокот од земјата, во најжестоките борби последниве месеци.„Доколку украинската армија се повлече од териториите што ги држи, тогаш ќе ги запреме борбените дејства“, изјави Путин за време на посетата во Киргистан. „Ако не – ќе го постигнеме тоа со воена сила.“Тој тврдеше дека руските сили ги опколиле Покровск и Мирноград во регионот Доњецк, и дека има напредок кај Вовчанск, Сиверск и во правец на стратешкото Гуљајполе. Украина ги демантираше овие тврдења, нагласувајќи дека линијата на фронтот сè уште се држи.Одговорот на Киев беше директен: Украина нема да се откаже од ниту еден свој сантиметар. Шефот на кабинетот на претседателот Зеленски, Андриј Јермак, за „The Atlantic“ изјави дека Зелeнски „никогаш нема да потпише документ со кој се откажува украинска територија“.„Украинскиот Устав тоа го забранува. Никој не може да го направи тоа, а уште помалку претседател што го брани својот народ“, рече Јермак. Тој додаде дека единствено за што може да се разговара е дефинирање на „линија на допир“, но не и за суверенитет.Во меѓувреме се водат и американски дипломатски напори. Првичниот план, подготвен од Вашингтон и Москва без консултации со европските сојузници, предвидувал Украина да се повлече од делови од Донецк и индиректно да се признае контролата на Русија врз Донецк, Луганск и Крим. По острите реакции, документот е ревидиран, но новата верзија сè уште не е објавена.Путин потврди дека знае за новиот предлог и дека може да послужи како основа за разговори. Следната недела во Москва ќе пристигне американскиот посредник Стив Виткоф, додека американскиот министер за копнена војска Дан Дрискол ќе го посети Киев.Но и покрај дипломатијата, на терен се води најтешкиот конфликт во Европа по Втората светска војна. Русија контролира околу една петина од украинската територија, а според Институтот за проучување на војната (ISW), оваа година руските сили освоиле просечно 467 км² месечно – повеќе од минатата година.Путин го доведе во прашање и легитимитетот на Зеленски, тврдејќи дека потпишување мировен договор со него е „правно речиси невозможно“.Три години по инвазијата што Москва ја започна во февруари 2022 година, крајот сè уште не е на повидок – ниту на бојното поле, ниту на преговарачка маса.

Свет | пред 4 месеци

media-library76l0qq6lb60e9rSopKL

Русија првпат по 60 години без можност да испраќа астронаути во вселената – инцидент на Бајконур ја урна сервисната кабина

Лансирната рампа на космодромот Бајконур во Казахстан претрпе сериозни оштетувања за време на лансирањето на мисијата Сојуз MS-28 кон Меѓународната вселенска станица, соопшти руската вселенска агенција Роскосмос. Иако леталото со двајца руски космонаути и еден астронаут на НАСА успешно се спои со ISS, инцидентот на земја отвора големи проблеми за идните мисии.Според првичниот увид, покретната сервисна кабина лоцирана под лансирната рампа се урнала веднаш по полетувањето. Овој систем е клучен за подготовка на мисиите „Сојуз“ и „Прогрес“ со човечки екипаж. Неговото уништување значи дека Русија привремено не може да врши пилотирани лансирања, што е прв ваков прекин од далечната 1961 година – почетокот на ерата на Јуриј Гагарин.Иако Роскосмос тврди дека поправките ќе бидат брзи, руските независни медиуми предупредуваат дека се можни долгорочни доцнења и сериозна нарушеност на распоредот за пилотирани мисии.Екипажот што безбедно пристигна на ISS треба да остане во орбитата осум месеци, а нивното враќање е планирано за крајот на јули 2026 година.Соработката меѓу Русија и САД во вселенската наука останува едно од ретките подрачја каде двата ривала продолжуваат да комуницираат, и покрај замрзнатите дипломатски односи и санкциите воведени по руската инвазија врз Украина во 2022 година.По изборот на Доналд Трамп, односите благо се подобрија, а руски претставници годинава повикаа на продлабочена соработка со американските вселенски компании, вклучително и SpaceX на Илон Маск.

Свет | пред 4 месеци

nafta-mazut

Големо поевтинување на руската нафта

Цената на руската нафта „Уралс“ во ноември паднала дури 23 отсто под цената на барел Брент на лондонскиот пазар, соопшти Руската централна банка во својот нов извештај за финансиска стабилност. Разликата меѓу двете референтни марки значително се продлабочила во однос на летните месеци, кога дисконтот се движеше околу 15%.Според извештајот, минатиот петок барел Уралс изнесувал 52,8 долари, што е пад од 22,8% во однос на почетокот на април. Истовремено, Брент се тргуваше по 62,56 долари, или 11,7% поевтино отколку на стартот на април.Руската централна банка наведува дека падот е директна последица на новите американски санкции. Администрацијата на претседателот Доналд Трамп во октомври воведе санкции за енергетските гиганти Лукоил и Роснефт, компании што произведуваат околу 5% од светската нафта.Потпретседателот на Централната банка, Алексеј Заботкин, изјави дека ваквиот голем пад е „привремен феномен“, како што се случило и во 2023 година, додавајќи дека руските извозници лани успеале да воспостават нови рути и да се прилагодат.Падот на глобалните цени ја намали и заработката од енергентите. Рускиот буџет од јануари до октомври инкасирал 7,5 билиони рубли (92,7 милијарди долари) од нафта и гас – 21,4% помалку отколку лани во истиот период.Министерството за финансии очекува дека само во ноември приходите ќе бидат за 590 милиони долари пониски од планираното.

Свет | пред 4 месеци

putin-vojna

Путин уценува: Доколку не се повлечат украинските сили сами, тоа ќе го постигнеме со воени средства

Претседателот на Русија, Владимир Путин, изјави дека нацрт-планот за мир за кој се договараат САД и Украина може да стане основа за идни договори за прекин на војната во Украина, но условува украинските сили да заминат-ако тоа не се случи, Русија ќе продолжи да се бори.На Русија, рече Путин, сè уште ѝ се вели да престане да се бори.,,Украинските сили мора да се повлечат од територијата што ја држат и тогаш борбите ќе престанат. Ако не заминат, тогаш ќе го постигнеме тоа со воени средства. Тоа е тоа“, рече Путин.Тој посочи дека руските сили напредуваат во Украина со забрзано темпо, градовите Красноармејск и Димитров се целосно опколени, а борбите околу Северск и Волчанск се интензивираат.Путин смета дека украинското раководство е нелегитимно и затоа правно невозможно да потпише договор со Украина.Според него, само Верховнара рада може да ги продолжи претседателските овластувања за време на воена состојба.

Свет | пред 4 месеци

putin-94

Европа под растечки хибридни напади: ЕУ и НАТО размислуваат за прв офанзивен одговор кон Русија

Европа се соочува со најинтензивниот бран хибридни напади досега – руски дронови над Полска и Романија, саботажи на железнички линии, мистериозни експлозии, GPS-ометувања и упади на воени авиони. Во атмосфера на постојани провокации, Европската унија и НАТО веќе отворено размислуваат за потврдa што до неодамна делуваше незамисливо: заеднички офанзивни потези насочени кон Москва. Тоа го пренесува „Политико“, повикувајќи се на високи европски функционери.Двоумењето исчезнува во светло на фактите – од јануари до јули годинава низ Европа се регистрирани повеќе од 110 саботажи и обиди за напади, најмногу во Полска и Франција. Според аналитичарите, руските служби и агенти настојуваат да го тестираат прагот на европската толеранција и да проверат до каде можат да одат без директен одговор. Латвиската министерка за надворешни работи Баиба Браже вели дека „Русија постојано ги испитува границите“, а Европа мора да испрати јасен сигнал – со дело, не со зборови.Ескалацијата е придружена со агресивна реторика од Кремљ. Владимир Путин неодамна порача дека внимателно ја следи „милитаризацијата на Европа“, а Дмитриј Медведев дури зборуваше дека Европејците треба да се „тресат од страв“. Во Брисел таквите изјави се читаат како намерно подигање на тензиите, додека нападите на терен продолжуваат.Европските држави веќе ги засилуваат одбранбените капацитети, но анализите покажуваат дека тоа повеќе не е доволно. Германија, Полска, Италија и други земји бараат европски пристап кон офанзивни кибер-операции, брзо и јавно припишување на нападите на Москва и дури ненадејни воени вежби на источниот фронт. Полска распореди 10.000 војници за заштита на инфраструктура по саботажа на железничка линија кон Украина. Премиерот Доналд Туск го нарече тоа „државен тероризам“.Во Италија, министерот за одбрана Гвидо Кросето ги предупреди сојузниците дека континентот не смее да остане „во инерција“, претставувајќи план за борба против хибридни закани со нов европски центар, кибер-единица од 1.500 луѓе и специјализиран кадар за вештачка интелигенција. Слични иницијативи веќе разгледуваат Германија и Романија, кои ги менуваат правилата за соборување дронови над критични точки.Експертите велат дека идните одговори најверојатно ќе бидат дигитални – насочени кон руските фабрики за дронови, енергетските постројки и логистичките линии за транспорт на оружје. Истовремено, се развиваат планови за засилени информативни операции што би продреле во руската јавност, која во голема мера е отсечена од независни извори.Иако НАТО по природа е одбранбен сојуз, во Алијансата расте уверувањето дека демонстрација на сила, единство и брзи реакции е неопходна. Тоа може да значи ненадејни воени вежби покрај Литванија и Естонија, како и експресни јавни процени кога Москва стои зад напад.За експертите, Европа влегува во нова фаза во односите со Русија – онаа во која толеранцијата за хибридни удари е речиси исцрпена. „Не смееме да живееме во страв од ескалација“, порача шефот на шведската армија Мајкл Клаесон. „Мора да бидеме цврсти.“

Свет | пред 4 месеци

Screenshot-2025-08-15-at-22.40.57

Што навистина се договарало? Транскрипт што ги тресе Киев и Брисел

Американската медиумска куќа „Блумберг“ објави аудио-снимка и целосен транскрипт од телефонски разговор воден на 14 октомври меѓу Стив Виткоф – специјален претставник на американскиот претседател Доналд Трамп за мировни мисии – и Јуриј Ушаков, главен советник на рускиот претседател Владимир Путин за надворешна политика.Разговорот, кој траел нешто повеќе од пет минути, открива како претставникот на Трамп му дава упатства на Кремљ за тоа како да му се доближи на американскиот претседател во обид да се креира заеднички мировен план за Украина, по моделот што неодамна беше применет во Газа.Она што дополнително привлече внимание е делот во кој Виткоф признава дека, според него, решението за конфликтот ќе бара отстапки од Украина, вклучително и „Донецк и можеби размена на територии“.Пренесуваме целосен транскрипт, како што го објави „Блумберг“, без измени и без кратење.Стив Виткоф: Здраво, Јуриј.Јуриј Ушаков: Да, Стив, здраво, како си?Виткоф: Добро сум, Јуриј. А ти?Ушаков: Добро сум. Честитки, пријателе.Виткоф: Благодарам.Ушаков: Одлична работа направи. Навистина одлична работа. Ти благодарам многу. Благодарам, благодарам.Виткоф: Благодарам, Јуриј, и благодарам за твојата поддршка. Знам дека вашата земја го поддржа тоа и сум благодарен.Ушаков: Да, да, да. Да. Знаеш, затоа и ја прекинавме подготовката за првиот руско–арапски самит.Виткоф: Да.Ушаков: Да, бидејќи сметаме дека таму во регионот работиш вистинска работа.Виткоф: Слушај, ќе ти кажам нешто. Мислам… мислам дека ако успееме да го решиме ова со Русија и Украина, сите ќе скокаат од среќа.Ушаков: Да, да, да. Да, треба да решите само еден проблем. (се смее)Виткоф: Кој?Ушаков: Руско–украинската војна.Виткоф: Знам! И како да го решиме тоа?Ушаков: Пријателе, сакам само твој совет. Дали мислиш дека би било корисно нашите двајца лидери да разговараат телефонски?Виткоф: Да, мислам дека би било корисно.Ушаков: Мислиш дека би било. А кога мислиш дека тоа би можело да се случи?Виткоф: Мислам дека штом вие предложите, мојот човек е подготвен веднаш да го направи тоа.Ушаков: Во ред, во ред.Виткоф: Јуриј, Јуриј… јас би вака. Мој предлог.Ушаков: Да, кажи.Виткоф: Би се јавил и само би повторил дека му честитате на претседателот за постигнувањето, дека го поддржувате тоа, дека го почитувате затоа што е човек на мирот, и дека навистина ви е драго што го гледате тоа. Тоа би го кажал. Мислам дека поради тоа разговорот би бил многу добар.Ќе ти кажам што му реков на претседателот. Му реков дека Руската Федерација од секогаш сакала мировен договор. Тоа е моето верување. Му кажав дека навистина верувам во тоа. И сметам дека проблемот е во тоа што имаме две држави кои тешко постигнуваат компромис, и кога ќе успееме — ќе имаме мировен договор. Размислувам дури да составиме некаков мировен предлог од 20 точки, како што направивме во Газа. Го составивме Трамповиот план од 20 точки за мир, и мислам дека би можеле исто и со вас. Поентата е следнава…Ушаков: Во ред, во ред, пријателе. Мислам дека за тоа нашите лидери можат да разговараат. Стив, се согласувам со тебе дека ќе му честита, дека ќе каже дека Трамп е вистински човек на мирот и така натаму. Тоа ќе го каже.Виткоф: Но слушај што мислам дека би било феноменално.Ушаков: Во ред, слушам.Виткоф: Што ако… што ако… само сослушај ме…Ушаков: Ќе разговарам за тоа со мојот шеф и ќе ти се јавам. Во ред?Виткоф: Да, но слушај ме. Сакам само да можеш тоа да му го кажеш на претседателот Путин, затоа што знаеш дека имам огромна почит кон него.Ушаков: Да, да.Виткоф: Можеби тој да му каже на претседателот Трамп: „Знаеш, Стив и Јуриј разговараа за сличен план од 20 точки за мир, и тоа би можело да биде нешто што ќе ги придвижи работите напред. Отворени сме да разгледаме што е потребно за да се постигне мировен договор.“А сега, меѓу нас… јас знам што ќе биде потребно договорот да успее: Донецк и можеби некаква размена на територии некаде. Но наместо да го кажеме тоа така, да зборуваме со повеќе надеж, затоа што мислам дека ќе стигнеме до договор. И мислам, Јуриј, дека претседателот ќе ми даде многу простор и слобода да го постигнам тој договор.Ушаков: Разбирам…Виткоф: …и ако можеме да создадеме таква можност, потоа ќе можеме да кажеме: „Разговарав со Јуриј и имавме разговор кој може да доведе до големи работи.“Ушаков: Во ред. Звучи добро. Навистина добро звучи.Виткоф: И уште нешто: Зеленски доаѓа во Белата куќа во петок.Ушаков: Знам. (се смее)Виткоф: И јас ќе бидам на тој состанок затоа што сакаат да бидам таму. Но мислам дека, ако е можно, треба да има повик со вашиот лидер пред тој состанок во петок.Ушаков: Пред, пред — да?Виткоф: Точно така.Ушаков: Во ред, разбирам. Ќе разговарам со мојот шеф и ќе ти се јавам.Виткоф: Во ред, Јуриј, ќе се слушнеме наскоро.Ушаков: Одлично, одлично. Благодарам многу.Виткоф: Чао.Ушаков: Чао.(повикот завршува)Објавата на транскриптите може да ги продлабочи сомнежите околу тоа колку Русија била вклучена во обликувањето на иницијалниот американски предлог. Украинските власти веќе предупредуваат дека под условите од иницијалната верзија државата би била принудена да се откаже од делови од територијата, што за официјален Киев е неприфатливо.Сега, кога деталите излегуваат на површина, станува јасно дека зад кулисите се воделе разговори со сериозни импликации за суверенитетот на Украина – разговори во кои Москва и Вашингтон на моменти звучеле многу поблиску отколку што официјалните изјави го прикажуваат.

Свет | пред 4 месеци

media-librarypvr94jt33di8egaVhr7

Новинарка праша кои се руските отстапки, Трамп одговори: „Ќе запрат со офанзивата“

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека Русија, со тоа што би ја прекинала својата офанзива, нуди „големи отстапки“ кон Украина, што според него претставува важен чекор напред во настојувањата за запирање на конфликтот.Во разговор со новинарите во претседателскиот авион „Ер форс уан“, Трамп се осврна на критиките дека неговиот мировен план е наклонет кон Москва и дека Русија не прави никакви отстапки. Тој одговори дека запирањето на руските воени операции само по себе претставува значајна отстапка.„Тие прават отстапки. Голема отстапка е тоа што би престанале да се борат и да освојуваат нови територии“, изјави Трамп, одговарајќи на прашање на новинарка за тоа кои конкретни отстапки ги нуди Русија.Белата куќа вчера изрази силен оптимизам дека договорот е „многу близу“, по неколкудневни интензивни разговори во Европа и во земјите од Заливот, во кои учествуваа државниот секретар Марко Рубио, американскиот министер за копнена војска Даниел Дрискол и неколку високи претставници на администрацијата.Трамп во вторникот го поздрави „огромниот напредок“ во ревидирањето на неговиот иницијален мировен план од 28 точки, кој беше жестоко критикуван како список на желби на Кремљ. Тој потврди дека му наложил на својот пратеник Стив Виткоф да отпатува во Москва на средба со Владимир Путин.Русија првично го поддржа предложениот план, но засега не е познато дали ќе го прифати по измените направени согласно украинските и европските забелешки, кои, според дипломатски извори, се однесуваат на прашањата за територијалниот интегритет и безбедносните гаранции.

Свет | пред 4 месеци

media-library5ni1dpmcm8qi3whniaf

Масовен напад со дронови врз Русија: загинати и повредени во Ростов и Краснодар

Јужните руски региони Ростов и Краснодарскиот крај ноќеска беа цел на масовен напад со украински беспилотни летала, во кој загинаа најмалку три лица, а повеќемина се повредени. Според првичните информации објавени од руските власти и агенцијата РИА Новости, нападите предизвикале значителни оштетувања на стамбени, образовни и индустриски објекти.Гувернерот на Ростовската област, Јуриј Сљусар, соопшти дека сите загинати се жители на Таганрог и Неклиновскиот округ. Осум лица се повредени, а повеќе згради претрпеле сериозна штета. Во Таганрог се оштетени две колективни станбени згради, една приватна куќа, зградата на Машинскиот факултет, два индустриски капацитети и еден детски градинка. Локалните власти прогласија вонредна состојба на погодените локации, а оперативни служби работат на терен.Министерството за одбрана на Русија соопшти дека нивните противвоздушни сили за време на нападот собориле 16 украински дронови над Ростовската област.Во Краснодарскиот крај, попознат како Кубан, повредени се шест лица. Четворица потекнуваат од Новоросијск, каде пет станбени згради и две приватни куќи претрпеле оштетувања. Во центарот на Краснодар се пронајдени делови од беспилотни летала, а кај неколку згради се скршени прозорци. Во Туапсе се запалил кров од станбена зграда по пад на дрон, но пожарот бил брзо ставен под контрола; во истиот инцидент ранет е и заштитар во соседна установа. Во Геленџик се оштетени две приватни куќи, а повреден е и еден маж кој се наоѓал на улицата – неговиот живот не е во опасност.Рускиот одбранбен ресор објави дека над Краснодарскиот крај се соборени вкупно 76 беспилотни летала – една од најголемите операции на пресретнување дронови досега.Локалните власти засега не даваат најави за дополнителни мерки, но службите за итни интервенции остануваат распоредени на терен, а жителите предупредени да избегнуваат оштетени објекти и делови со можна опасност од пожари и експлозии.

Свет | пред 4 месеци

Screenshot-2025-08-22-at-10.43.09

Политико: Европската унија во паника по руското одбивање на ревидираниот договор за Украина

Европските функционери вчера накратко воздивнаа, убедени дека преговорите во Женева донеле напредок и дека Доналд Трамп ќе ја сослуша нивната порака: Украина не смее да биде притисната да прифати лош мировен договор. Но оптимизмот траеше само неколку часа. Русија уште истата вечер ја отфрли ревидираната верзија на документот, јавува „Политико“.Европската радост првично беше поттикната од изјавата на претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, која го поздрави „добриот напредок“ постигнат благодарение на „силното европско присуство“ во преговорите. За првпат во процесот, европските и британските советници беа поканети на разговорите – нешто што изостана во оригиналниот американско-руски предлог од 28 точки, кој во Брисел предизвика вознемиреност поради прекумерната наклонетост кон Москва.Откако Русија ја отфрли ревидираната верзија, Украина се соочува со ризик Владимир Путин да ги врати преговорите на почеток – на спорниот договор за прекин на огнот што од Киев бара да отстапи дел од територијата, да се откаже од членството во НАТО и да ја намали армијата од речиси еден милион војници на околу 600.000.Во таква поставеност, претседателот Володимир Зеленски би се нашол пред драматичен избор: да го прифати договорот скроен од Трамп и Путин или да ризикува долгорочна иднина на Украина надевајќи се дека Европа конечно ќе одлучи да преземе поголем товар. Истата Европа која по четири години војна сè уште не испраќа свои сили, не го обезбедува оружјето што го бара Киев и не ги активира замрзнатите руски средства во европските банки.Американски републиканци, како Грег Свенсон од Republicans Overseas, сметаат дека Европејците се занесуваат: „Која е алтернативата? Можете да зборувате убаво, да присуствувате на дипломатски средби, но единствениот начин да се порази Путин е борба – а тие не се подготвени за тоа“, изјави Свенсон.Европските држави, пак, потсетуваат на огромната финансиска и воена помош што ја испратија во Украина, како и на економските последици од прекинот на соработката со Русија, особено во енергетиката. Но останува фактот: првиот предлог на Трамп предизвика паника во Брисел затоа што Зеленски не може да се потпира само на Европа.Тоа стана видливо на последниот самит во Брисел, кога лидерите на ЕУ беа уверени дека ќе го одобрат планот за користење на 140 милијарди евра замрзнат руски имот како „репарациски заем“ за Украина. Тој договор се распадна по неочекуваниот отпор на Белгија. Разговорите се интензивираат, но решение сè уште нема – а дел од дипломатите стравуваат дека идејата за заем ќе пропадне ако мировниот договор ја вклучи таа ставка. Првичниот американски предлог предвидуваше половина од приходите од инвестициите во Украина да одат во САД, што Европа го оцени како „скандалозно“.Дополнителен ризик е што финансискиот депозитар Euroclear – лоциран во Белгија – би можел да биде обврзан да ги врати средствата во Москва по укинувањето на санкциите, што би ги изложило европските даночни обврзници на огромни финансиски трошоци.Освен финансиските дилеми, отворено е и прашањето за безбедноста. Францускиот претседател Емануел Макрон и британскиот премиер Киер Стармер на почетокот на годинава зборуваа за меѓународни мировни сили составени од доброволни држави, па дури и за праќање војници во Украина. Но тонот се смени – и во Париз и во Лондон. Сериозноста на темата ја покажа и бурната реакција во Франција по изјавите на новиот началник на Генералштабот, Фабиен Мандон, кој ги повика локалните власти да се подготват за можен судир со Русија.Во Германија, министерот за надворешни работи Јохан Вадепфул истакна дека Берлин веќе испраќа силна поддршка со стационирање бригада во Литванија. Но за Украина тоа не е доволно: Киев бара конкретна, силна поддршка на своја територија, што европските влади сè уште не се подготвени да ја дадат.„Барем Трамп е искрен“, вели Свенсон. „Можеме да ја победиме Русија – и брзо, доколку не се употреби нуклеарно оружје. Но тоа би значело многу мртви.“Меѓу таа искреност, европската воздржаност и руската агресија – Украина повторно стои сама на средина.

Свет | пред 4 месеци

Screenshot-2025-08-22-at-10.41.43

Од план наклонет кон Москва до ‘ревидиран документ’: како мировниот предлог се смени преку ноќ

Доналд Трамп силно притиска за брз мировен договор во Украина, но Киев предупредува дека мирот не може да биде постигнат по цена на капитулација. Според анализата на Би-Би-Си, токму затоа Украина го одбила иницијалниот предлог што американската администрација се обидела да го протурка пред Денот на благодарноста, бидејќи содржел услови што речиси целосно одговарале на руските барања.Во Женева беше одржан итен круг преговори, на кои Украина испрати делегација на највисоко ниво. Цела недела, делегациите на Украина и САД се движеле меѓу две локации под строги мерки на безбедност, додека европските советници за национална безбедност од Германија, Франција и Обединетото Кралство се приклучиле со свои амандмани.Аналитичарката на Би-Би-Си успеала да го види украинскиот главен преговарач Андриј Јермак само накратко – без израз на лицето, што, како што наведува, е разбирливо: почетниот американски предлог бил толку наклонет кон Москва што државниот секретар Марко Рубио морал јавно да демантира дека текстот доаѓа од Кремљ. Но Трамп бил недвосмислен – Украина треба брзо да потпише или да се соочи со „неодредени последици“.Рубио објави дека постигнал „огромен напредок“, но одби да ги открие клучните детали. Заедничката изјава на Киев и Вашингтон сега зборува за „нов договор“ – ревидиран документ кој сè уште не е објавен. Според „Фајненшл Тајмс“, новата рамка од 19 точки задржува многу малку од иницијалниот текст.Европските предлози очигледно го промениле документот во корист на Украина. Од него исчезнале барањата за трајно ограничување на украинската армија и за автоматски вето-механизми што би го блокирале членството во НАТО. Предлогот не предвидува предавање дополнителни делови од Донбас и не содржи општа амнестија за воени злосторства. Територијалните прашања треба да се решаваат дипломатски – позиција што претседателот Володимир Зеленски и претходно ја истакнувал.Во документот се појавуваат и безбедносни гаранции, што Украина ги смета за клучни. Низа западни лидери, меѓу нив и британскиот премиер Киер Стармер, зборуваат за гаранции слични на член 5 од НАТО – обврска за директна помош во случај на нов напад. Германскиот канцелар Фридрих Мерц го опиша најновиот предлог како „значително изменет во позитивна насока“.Како текстот се претворил од верзија блиска до Кремљ во нешто што Киев барем може да разгледува, останува нејасно. Би-Би-Си потсетува дека првичниот документ бил обликуван под влијание на средбата меѓу бизнисменот Стив Виткоф и рускиот претседател Владимир Путин, по која Виткоф повторувал руски наративи речиси буквално. Новиот предлог, според проценките, е многу поприфатлив, но уште далеку од конечен договор.И самиот Трамп го промени тонот. Од жестоки критики кон Киев поради „недостаток на благодарност“, тој премина кон изјави дека „нешто добро“ може да произлезе од новиот циклус разговори. Но западните аналитичари предупредуваат дека сè додека Москва не чувствува воена слабост, нема индикации дека Путин е подготвен да се повлече.Според Карнеги центарот за Русија и Евроазија, корупциските скандали во Киев, политичките турбуленции, проблемите со мобилизацијата и руските придобивки на терен само ја зголемуваат самоувереноста на Путин. Најоптимистичките оценки велат дека притисокот на Трамп можеби го забрзал барањето за решение, но суштината не се променила.Би-Би-Си заклучува дека кругот повторно се затвора: Москва останува на позицијата „ова се нашите услови – прифатете ги или чекајте“. Украина, пак, и покрај желбата за мир, не е подготвена да плати со сопствената територија, војска или безбедност.

Свет | пред 4 месеци

media-librarycfbh1mm2afi6cz5lx5o

Русија со жестоки напади врз Киев и повеќе украински градови – загинати и тешко оштетена енергетската инфраструктура

Русија синоќа изведе масовен комбиниран напад врз Киев и повеќе украински градови, користејќи дронови „Шахед“ и балистички ракети „Кинжал“. Според првичните информации објавени од „Kyiv Independent“, во главниот град загинала најмалку една личност, а седум се повредени.Нападите започнале околу 1 часот по полноќ, при што низ Киев одекнувале серија експлозии, а противвоздушната одбрана била активирана на повеќе локации. Градските власти потврдија дека биле погодени станбени згради и делови од критичната енергетска инфраструктура.Пожари и урнатини во повеќе населби во КиевГрадоначалникот Виталиј Кличко информираше дека пожар избувнал во неколку висококатници во централниот Печерски реон. Една од нив е зграда од 22 ката, оштетена на повеќе нивоа. Во Дњипровскиот дел од градот целосно изгорела деветкатница каде што една личност загинала, а спасувачките екипи продолжуваат да ги пребаруваат урнатините. Изгорела и гаража во истиот реон.Напади и во Киевската област – повредено 14-годишно детеВо регионот на Била Церква четири куќи се целосно уништени, а повредено е и 14-годишно момче. Активност на ракети и дронови е забележана и во Запорожје и Харковската област.Украинското Министерство за енергетика нападот го опиша како „масовен комбиниран удар врз енергетската инфраструктура“. Москва во последните месеци значително ги засили нападите врз енергетскиот систем со цел да ја воведе Украина во уште една тешка зимска криза.Нападите доаѓаат во момент на засилен притисок врз КиевЕскалацијата се случува додека САД го притискаат Киев да прифати нов мировен план што сериозно ги фаворизира руските интереси. Американскиот претседател Доналд Трамп пред само неколку дена изјави: „Зимата е студена и многу големи електрани беа нападнати, благо кажано.“Украинскиот претседател Володимир Зеленски само неколку часа пред нападите предупреди дека Русија нема намера да го намали воениот притисок, и покрај мировните разговори.„Мораме да бидеме свесни дека Русија нема да попушти. Во овие денови мора да бидеме внимателни и да реагираме на сите воздушни тревоги. Ако навистина зборуваме за крај на војната, тогаш не треба да постојат масовни ракетни напади врз Украина,“ порача Зеленски.Спасувачките служби и натаму работат на теренот, додека се очекува официјален биланс на штетите и евентуално нови информации за жртвите.

Свет | пред 4 месеци

media-librarysos6qkdg30go81Va8uj

САД започнаа директни преговори со Русија и Украина во обид да се обезбеди мировен договор

САД интензивно преговараат со Русија и Украина во обид да го финализираат новиот мировен план за ставање крај на војната, јавуваат американски и меѓународни медиуми. Американскиот министер за копнена војска, Дан Дрискол, синоќа пристигнал во Абу Даби, каде започнал средби со украинскиот разузнавачки врв и руска делегација.Според американски функционер и извори упатени во процесот, Дрискол веќе синоќа имал првични разговори со руските претставници, а преговорите продолжуваат и денес. Тој треба да оствари средба и со Кирило Буданов, шеф на украинската воена разузнавачка служба (ГУР), познат по водењето на најсложените украински операции од почетокот на војната.Напредок во Женева, нов предлог со 19 точкиСредбата во Обединетите Арапски Емирати следи по викенд-преговорите во Женева, каде што американската и украинската делегација постигнаа напредок и од почетниот контроверзен план од 28 точки произлезе нов предлог – скратен на 19 точки и, како што се наведува, „значително поповолен за Киев“.Првиот предлог на администрацијата на Доналд Трамп предвидуваше признание на руската контрола врз Крим, Донецк и Луганск, формирање демилитаризирани зони и низа геополитички отстапки кои предизвикаа остра реакција во Европа и делови од американскиот Конгрес. Најчувствителните точки сега се оставени како прашања што треба да ги договорат двајцата претседатели – Трамп и Зеленски.Буданов – клучна личност меѓу двете страниБуданов е еден од ретките украински претставници кои во текот на војната одржуваа отворени канали со Русија, што овозможи размена на илјадници заробеници и решавање дел од хуманитарните прашања. Тој е назначен како дел од официјалната украинска делегација за директни преговори со САД и Русија.Зеленски: „Некои чекори за крај на војната стануваат остварливи“Во обраќање до украинската јавност, претседателот Владимир Зеленски синоќа рече дека очекува „неопходните чекори за ставање крај на војната да станат реални“, но предупреди дека најкритичните точки од договорот допрва ќе се разгледуваат.„По Женевските разговори има помалку точки, повеќе не се 28. Многу важни елементи се земени предвид. Но ни претстои сериозна работа и директни разговори со претседателот Трамп,“ изјави Зеленски.Вашингтон: „Мора да бидеме сигурни дека Русија ќе прифати“Белата куќа останува воздржана, но внимателно оптимистична. Портпаролката Каролин Левит потврди дека за сега не е планирана средба меѓу Трамп и Зеленски, но истакна дека САД се „многу охрабрени“ од напредокот во Женева.„Мора да бидеме сигурни дека сите точки се целосно договорени – и со Украина, и со Русија. САД се ангажираат подеднакво со двете страни“, рече таа.Предизвиците допрва следуваатИако процесот е интензивиран и воден 24 часа дневно, според американските функционери, остануваат големи отворени прашања – од безбедносните гаранции за Украина, до територијалните прашања и идната улога на НАТО.За првпат од почетокот на војната, преговорите вклучуваат високо ниво претставници на трите страни, а исходот ќе зависи од тоа дали ќе се произведе рамка што истовремено е прифатлива за Киев, Москва и Вашингтон.

Свет | пред 4 месеци

media-library2hlmrmsjmurd7y2X6lE

Руски камиказа-дронови повторно го погодија Харков: убиени четири лица, меѓу тешко повредените има и две деца

Четири лица загинаа во руски напад со камиказа-дронови врз Харков, соопшти градоначалникот Игор Терехов. Телото на едно од загинатите лица било извлечено од под урнатините.Според регионалниот гувернер Олег Синегубов, уште дванаесет лица се повредени, меѓу кои две деца на 11 и 12 години.Од локалните власти беше соопштено дека градот и неговата околина биле погодени со петнаесет напади во текот на денот. Харков се наоѓа само триесет километри од руската граница и од почетокот на инвазијата постојано е цел на удари насочени кон инфраструктурата и станбените објекти.Во одделен напад во Марханец, град во областа Дњепропетровск на југот на земјата, две лица загинале во руски артилериски оган, потврди гувернерот на регионот.

Свет | пред 4 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања