Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

САД

media-librarynigflcr9he0lb5NvTuq

Апасиев: Ние на Американците ќе мора да им ги укинеме сите царини, а тие ќе ни остават 15%, каков епохален „реципроцитет“

САД и Македонија постигнаа рамковен договор за фер и реципрочна трговија, со кој се отвораат нови можности за извозниците и се продлабочува билатералната економска соработка.Според договорот, Македонија ќе ги укине царинските давачки за сите индустриски и земјоделски производи од САД, додека Соединетите Држави ќе задржат 15% тарифи за дел од македонските производи, со можност одредени производи да добијат нулта стапка.Во објава на Фејсбук, министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски го оценува договорот како важен и значаен исчекор во економската соработка со САД кој има големо значење за македонската економија и од кој конкретен бенефит ќе имаат македонските компании.Пратеникот Димитар Апасиев жестоко реагираше на најавениот реципрочен договор со САД, оценувајќи го како штетен и нерамноправен за Македонија.„Бејби Тимчо, сиромашкиот, не го бива за ништо... Шо фати, се исуши детево. Ни вика дека склучил РЕЦИПРОЧЕН договор со САД - со кој, пази молим те, ние на Американците ќе мора да им ги укинеме сите царини, а тие ќе ни остават царини од 15%!?Ауууу сине, каков епохален "реципроцитет", нек си и*е мајката!#ВмроиднаНеспособност“, вели Апасиев.

Македонија | пред 1 месец

media-librarymekvcba156r13kAT7bb

(Видео) Две лица убиени во студентски дом во Јужна Каролина

Во пукање во студентски дом на Државен универзитет на Јужна Каролина, две лица се убиени, а едно е рането, по што кампусот беше затворен, соопшти Универзитетот.Инцидентот се случил во четврток навечер во стамбениот комплекс Хугин Свитс. Засега не е потврден идентитетот на жртвите ниту состојбата на повреденото лице.Идентитетот на напаѓачот и мотивот за пукањето сè уште не се познати. Универзитетот побара од полицијата да започне истрага.

Свет | пред 1 месец

media-libraryj3ambs513co59nHiVIx

САД ги намалува царините, Тајван отвора пазар за американска стока

Американски и тајвански официјални претставници потпишаа конечен трговски договор според кој САД ќе ја намалат царината за увоз на тајванска стока на 15 проценти, додека Тајван се обврза на план за укинување или намалување на давачките за речиси целата американска стока.Според одредбите од договорот, Тајван се обврза и во периодот од 2025 до 2029 година да купува повеќе американски суровини и производи.Меѓу другото, Тајван ќе набави течен природен гас од американски добавувачи во вредност од 44,4 милијарди долари, патнички авиони и мотори во вредност од 15,2 милијарди долари, како и опрема и генератори за електроенергетски мрежи, поморска опрема и опрема за производство на челик во вредност од 25,2 милијарди долари.Во конечниот договор се прецизирани техничките детали од трговскиот договор постигнат во јануари, со кој американските царини за тајванска стока, вклучително и за полупроводници – клучен сектор за тајванската економија – беа намалени од 20 на 15 проценти.Оваа одлука му овозможи на Тајван рамноправно натпреварување со Јужна Кореја и Јапонија, најблиските азиски конкуренти за удел на американскиот пазар.Во јануарскиот договор официјален Тајпеј и тајванските компании се обврзаа да вложат 250 милијарди долари за поттикнување на секторите за полупроводници, енергетика и вештачка интелигенција во САД, вклучително и инвестиција од 100 милијарди долари што претходно ја најави производителот на чипови TSMC. Тајванската влада би гарантирала уште 250 милијарди долари инвестиции во САД, изјави американскиот министер за трговија Хауард Латник.Во финалната верзија на договорот не се наведени деталите за тие инвестиции, но се истакнува дека канцеларијата на тајванскиот претставник во САД ќе соработува со американските власти за постигнување договор за дополнителни вложувања во изградба на нови капацитети и модернизација на постојните во стратешките високотехнолошки производствени сектори, вклучително и вештачка интелигенција, полупроводници и напредна електроника.Со договорот веднаш ќе бидат укинати тајванските царини до 26 проценти за увоз на голем дел од американските земјоделски производи, вклучувајќи говедско месо, млечни производи и пченка. Програмата предвидува и намалување на некои давачки, меѓу кои и сегашниот данок од 40 проценти за увоз на свинска сланина и 32 проценти за увоз на шунка, на 10 проценти.Во рамки на трговскиот договор, Тајван ќе ги отстрани нецаринските бариери за увоз на моторни возила и ќе ги прифати американските безбедносни стандарди за автомобили, медицински производи и лекови. Американскиот трговски претставник Џејмисон Грир изјави дека договорот ќе отвори нови можности за извоз за американските земјоделци, сточари, рибари, работници и индустријалци.„Овој договор е изграден врз темелите на нашите долгогодишни економски и трговски односи со Тајван и значително ќе ја зголеми отпорноста на синџирите на снабдување, особено во високотехнолошките индустрии“, додаде Грир.Во периодот од јануари до ноември 2025 година, американскиот трговски дефицит во размената со Тајван речиси се удвои во однос на истиот период во 2024 година и изнесуваше 126,9 милијарди долари, пред сè поради силниот раст на увозот на висококвалитетни чипови за вештачка интелигенција.

Свет | пред 1 месец

media-libraryols4h4h7f31h9ucU4a9

Македонија и САД усогласија Рамка за договор за реципрочна, фер и балансирана трговија, вели Муцунски

Република Македонија и Соединетите Американски Држави усогласија Заедничка изјава и Рамка за договор за реципрочна, фер и балансирана трговија, со што се зајакнува билатералната економска соработка и се отвора поголем пристап до американскиот пазар за македонските компании.„Денес правиме значаен исчекор во економската соработка со нашиот стратешки партнер – Соединетите Американски Држави. Усогласивме заедничка изјава и рамка за Договор за реципрочна, фер и балансирана трговија, со што ја зајакнуваме билатералната економска соработка и отвораме поголем пристап до американскиот пазар за македонските компании“, истакна министерот за надворешни работи и надворешна трговија.Заедничката изјава е основа за преговори за договор со кој ќе им се обезбеди на извозниците од двете земји проширен пристап до меѓусебните пазари и ќе се овозможи унапредување на меѓусебните трговски односи. Договорот ќе ги поддржи заедничките стратешки интереси, ќе го промовира економскиот раст и ќе го продлабочи трансатлантското партнерство.„Важно е да бидеме прецизни: САД ќе ја задржат реципрочната тарифа од 15% за производите со потекло од нашата држава, додека паралелно – и тоа е суштината на успехот – ќе се идентификуваат производи што ќе добијат до 0% реципрочна тарифа. Со други зборови, за дел од клучните индустрии и производи, тарифите ќе се намалат до нула“, нагласи министерот.Заедничката изјава опфаќа повеќе области, вклучително царини, зајакнување на економската и националната безбедносна соработка, дигитална трговија, енергетскиот сектор, заштита на животната средина, нетарифни бариери и заштита на правата од интелектуална сопственост.„Станува збор за конкретен и мерлив успех за македонската економија. Оваа заедничка изјава им обезбедува на нашите компании конкурентска предност, јасна регулаторна рамка, поголема предвидливост и посилна позиција на еден од најголемите пазари во светот“, посочи министерот.Следниот чекор е финализирање на Договорот и спроведување на домашните процедури за негово стапување во сила.Во официјалното соопштение на Канцеларијата на трговскиот претставник на Соединетите Американски Држави (USTR) се наведува дека ова ги поставува темелите за Договор за реципрочна трговија со цел унапредување на економското партнерство, при што амбасадорот Грир упатува благодарност до министерот Муцунски за неговиот конструктивен ангажман во насока на ребалансирање на трговските односи.„Трговската агенда на претседателот Трамп ги продлабочува нашите трансатлантски врски со клучен партнер во балканскиот регион. Оваа објава ги поставува темелите за Договор за реципрочна трговија со цел да се унапреди нашето економско партнерство, истовремено отстранувајќи ги административните пречки за американските земјоделци и производители. Му благодарам на министерот за надворешни работи на Северна Македонија, Тимчо Муцунски, за неговиот конструктивен ангажман во насока на ребалансирање на нашите трговски односи и создавање нови можности за американските работници и бизниси“, се наведува во официјалната изјава.

Македонија | пред 1 месец

media-library4nigvcra2gqibbsrM3R

Трамп поништи клучна одлука на Обама

Американскиот претседател Доналд Трамп поништи „заклучок за опасност“ од 2009 година, кој утврдува дека стакленичките гасови претставуваат закана за јавното здравје и служеше како правна основа за ограничување на нивните емисии, особено од возила.Во говор од Овалниот кабинет, Трамп ја нарече одлуката „катастрофална политика на Обама“ која ја оштети американската автомобилска индустрија и ги зголеми цените за потрошувачите. Белата куќа тврди дека укинувањето на регулативата ќе го намали трошокот на производителите за 2.400 долари по возило и ќе заштеди над еден билион долари за енергија и транспорт.„Заклучокот за опасност беше окосница на регулирањето на стакленичките гасови во САД, покривајќи сè од возила до електрани, нафта и гас, метан од депонии, па дури и авионски сообраќај“, објаснува Меган Гринфилд, поранешна адвокатка на EPA.Еколошки групи предупредуваат дека потегот може да доведе до поголеми трошоци за гориво, повеќе здравствени проблеми и до 58.000 дополнителни предвремени смртни случаи. Иако ќе им олесни на производителите во САД, повлекувањето на регулативата создава несигурност на странските пазари.Поништувањето, истовремено, го спречуваа и поединечните држави да воведуваат построги стандарди за емисии. Идните правни спорови најверојатно ќе се водат околу науката на која се базира одлуката, а многу експерти очекуваат случајот да заврши на Врховниот суд, со што одлуката би станала трајна.

Свет | пред 1 месец

media-librarysvfrs806oop86tasA7J

Американскиот амбасадор во НАТО: Мирот во Украина е поблиску од кога било

Американскиот амбасадор Метју Витакер оцени дека Украина е поблиску до мир од кога било досега, иако сè уште не е познато кога ќе биде потпишан мировниот договор за запирање на руската агресија.Тој нагласи дека договорот ќе биде финализиран „кога за тоа ќе дојде вистинското време“, изразувајќи уверување дека завојуваните страни се наоѓаат на чекор до постигнување мир.Витакер посочи дека внимателно ги следи преговорите и дека неговиот оптимизам се темели на конкретни случувања на теренот и на дипломатско ниво. Според него, документите за мировниот договор ќе ги потпишат американскиот претседател Доналд Трамп и украинскиот претседател Володимир Зеленски тогаш кога условите ќе бидат соодветни.Тој истакна дека, покрај надежта за мир, неопходно е да се обезбеди континуирана поддршка за Украина, со цел таа да може да се брани. Во тој контекст, Витакер ја нагласи важноста на програмата ПУРЛ, преку која европските членки на НАТО купуваат американско оружје за украинските вооружени сили, како и на другите иницијативи за воена помош.САД очекуваат дека земјите членки на НАТО во наредните денови ќе објават нови обврски за набавка на американско вооружување за Украина. Според Витакер, најголеми купувачи во рамки на програмата ПУРЛ досега биле Германија, Холандија и Норвешка.Во меѓувреме, генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, за време на посетата на Украина вети дека Алијансата ќе обезбеди повеќе од 15 милијарди американски долари за набавка на оружје за украинските сили, како дел од истата програма.

Свет | пред 1 месец

media-libraryoam1k2h4o21g9vaeBq4

„Ќе банкротираме како држава“ – алармантна порака на Илон Маск за американската економија

Директорот на Тесла, Илон Маск, предупреди дека финансискиот слом на Соединетите Американски Држави ќе биде неизбежен доколку вештачката интелигенција и роботиката не донесат длабока трансформација на економијата и не го ублажат товарот од растечкиот јавен долг. Во интервју за „Форбс“, Маск оцени дека сегашната динамика на задолжување е неодржлива и дека без технолошки пробив САД се движат кон банкрот.Тој посочи дека јавниот долг изнесува околу 38,5 билиони долари, а само каматите достигнуваат приближно еден билион долари годишно, сума што веќе го надминува буџетот за одбрана. Според Маск, без масовна примена на вештачка интелигенција и роботика „Америка е практично готова“, бидејќи ниту една друга мерка не може долгорочно да го реши проблемот со јавниот долг.Осврнувајќи се на својот ангажман во Одделот за ефикасност на владата, Маск изјави дека целта му била да се забави, како што ја нарече, фискално неодржливата патека на земјата и да се купи време додека новите технологии не создадат силен економски раст. Тој предвиде дека без таков развој САД „1000 проценти ќе банкротираат како држава“.Маск предупреди и на можните последици од технолошкиот бум, наведувајќи дека наглото зголемување на производството може да предизвика силна дефлација, што реално би го зголемило товарот на долгот. Иако САД имаат предност поради статусот на доларот како светска резервна валута и можноста за задолжување во сопствена валута, економските ризици, според него, остануваат сериозни.Во истиот контекст, американски експерти и финансиски институции предупредуваат дека земјата се наоѓа на патека што може да доведе до повеќе видови фискални кризи и дека без промена на политиките „некој облик на криза е речиси неизбежен“.

Свет | пред 1 месец

fon-der-lajen

Европа пред пресврт: Минхенскиот безбедносен извештај најавува идеолошка и стратешка конфронтација со САД

Европа дошла до болен но клучен заклучок дека мора да биде поодлучна и воено поавтономна, ослободена од зависноста од сè поавторитарната американска администрација која, според оценките, веќе не ги споделува либералните демократски норми и вредности. Ова е централната порака на извештајот подготвен за Минхенската безбедносна конференција што започнува оваа недела, објави британскиот весник „Гардијан“.Во документот се нагласува дека Европа влегува во период на отворена идеолошка конфронтација со Белата куќа на Доналд Трамп, при што сè поголем број европски лидери ја прифаќаат реалноста дека САД повеќе не се сигурен безбедносен и трговски партнер. Потребата од поголема воена автономија веќе не се смета за теоретска дебата, туку за практична нужност.Како клучен момент во овој пресврт се посочува говорот на американскиот потпретседател Џеј Ди Венс на минатогодишната Минхенска конференција, кога тој ги обвини европските елити дека ја задушуваат слободата на говорот и ја поттикнуваат масовната миграција. Според извештајот, токму тогаш Европа сфатила дека администрацијата на Трамп радикално се оддалечува од досегашните трансатлантски позиции и од вредносната рамка што со децении ја дефинираше западната алијанса.Односите дополнително се влошиле преку низа конкретни судири – од американскиот притисок Украина да прифати територијални отстапки кон Русија, преку заканите за преземање на Гренланд, до протекционистички мерки како воведување царини и ограничувања за инвестиции. Поделбата јавно ја посочи и канадскиот премиер Марк Карни, кој на Светскиот економски форум во Давос предупреди на длабок раскол меѓу САД и нивните традиционални западни сојузници.Извештајот оди чекор понатаму и оценува дека Европа со растечка загриженост, па дури и со ужас, го следи „лизгањето на САД кон конкурентен авторитаризам“, при што се отвора прашањето колку е навистина отпорна американската демократија. Се наведува дека Вашингтон се оддалечува од либералните принципи што го обликувале повоениот светски поредок и дека постои ризик активно да се создава „постамерикански“ меѓународен систем.Политиките на Трамп, според критичарите цитирани во документот, не водат кон „повторно величење на Америка“, туку претставуваат „самоубиство на велесила“. Во таа насока, европските лидери заклучиле дека долгогодишната зависност од американската воена моќ и политиката на попустливост ги достигнале своите крајни граници.Извештајот отворено ги повикува европските лидери да бидат поодважни, поиновативни и појасни во своите одлуки и јавни пораки. Се оценува дека стерилните соопштенија, предвидливите конференции и претпазливата дипломатија повеќе не функционираат во свет во кој противниците дејствуваат агресивно, без почит кон правилата и воспоставените норми. Наместо реактивен пристап, се бара активна изградба на нови, поодржливи безбедносни и политички структури.За разлика од администрацијата на Џо Бајден, која поддршката за Украина ја сметаше и за морална обврска и за стратешки интерес, Трамп и неговиот тим, според извештајот, покажуваат вознемирувачка наклонетост кон рускиот претседател Владимир Путин.Заклучокот е недвосмислен: Европа повеќе не може да си дозволи да биде пасивен набљудувач. Во услови кога, како што се наведува, „сè е на коцка“, европските лидери мора да преземат поголема одговорност за сопствената безбедност, политичка автономија и иднина.

Свет | пред 1 месец

media-libraryqsq87a7voc1n2MDXdQY

Орбан тврди: Клинтон побара Унгарија да ја нападне Србија во 1999 година

Унгарскиот премиер Виктор Орбан изјави дека во 1999 година, за време на неговиот прв мандат, поранешниот американски претседател Бил Клинтон побарал од Унгарија да ја нападне Србија по копно за да отвори втор фронт во средината на војната во Косово.Орбан го изнесе ова тврдење за време на викендот на состанокот на Дигиталните граѓански кругови на Фидес во Сомбатели, пишува Телекс.Според Орбан, Клинтон барал Унгарија да ја нападне Србија или „барем да пука во нив од Унгарија преку Војводина па сè до Белград“.Владата на Орбан, како што тврди тој, одбила, а на изричното барање на американскиот претседател, тие одговориле со „Не, господине!“. „Да имавме тогаш премиер кој знаеше само да каже „Да, господине“, ќе бевме во војна до врат“, заклучи Орбан.Унгарскиот премиер вели дека потоа го прашал Клинтон што ќе се случи со 300.000 Унгарци што живеат во Војводина во тој случај. Тој тврди дека го предупредил и Клинтон дека враќа на оган од една локација и прашал:„Дали треба да дозволиме бомбардирање на Сегед, тоа е планот? Или на Ходмезовашархеј и Мако?“ Орбан рече дека се согласиле да разговараат за тоа лично на самитот на НАТО една недела подоцна, но тврди дека Американците никогаш повеќе не го отвориле прашањето.„Можно е да се каже „не“ кога имате храброст“, им рече тој на присутните во Сомбатеј. Додаде дека за неколку години, дипломатската историја ќе открие преку кои канали и информации го убедиле американскиот претседател никогаш повеќе да не поднесе такво барање.

Свет | пред 1 месец

media-librarykdtnl4ipddmncXC89I0

САД и Бугарија ги запленуваат домените на ArenaBG, Zamunda и Zelka во координирана акција

По повеќе од две децении опстојување под постојан правен и политички притисок, најпознатите бугарски сајтови за споделување фајлови, периодов се соочуваат со најсериозен удар досега. Во, како што се оценува, координирана меѓународна операција, органите за спроведување на законот од САД и Бугарија ги запленија домените ArenaBG.com, Zamunda.net и Zelka.org, со што овие страници стануваат недостапни за корисниците.Посетителите на трите платформи, наместо содржината затекнуваат банер за заплена, на кој стои дека домените се одземени од страна на Homeland Security Investigations во рамки на меѓународна операција за спроведување на законот, врз основа на судска наредба издадена од Окружниот суд на САД за Јужниот округ на Мисисипи. На банерот се наведени и логата на Министерство за правда на САД, Europol, како и на бугарските институции – ГДБОП, Државна агенција за национална безбедност и Обвинителството на Република Бугарија.Оваа акција не доаѓа како целосно изненадување. Уште пред пет години Бугарија официјално ги информираше американските власти дека има намера да ги затвори најголемите торент-тракери во земјата, меѓу кои ArenaBG, Zamunda и Zelka, и побара помош од САД за тоа да се реализира. Оваа заплена на домените укажува дека тие планови сега се спроведуваат, барем во делот што се однесува на интернет-адресите.Судската наредба од Мисисипи ги обврзува регистраторите на домени да преземат мерки, а американските власти биле клучни поради поврзаноста на домените со САД. ArenaBG.com, Zamunda.net и Zelka.org се пренасочени кон сервери под контрола на американските институции.Zamunda.net беше меѓу најпосетуваните страници во Бугарија со милиони посети месечно. Бугарските власти најавија предистражни постапки за кривични дела поврзани со интелектуална сопственост и даноци, но не е јасно дали акцијата вклучува други мерки. Во минатото побарана е помош од САД за одземање на серверите, но засега се блокирани само домените.Ниту американските, ниту бугарските институции не објавија детали, а платформите можат да продолжат преку алтернативни адреси. Оваа акција се смета за најсериозна досега против бугарските торент-страници.

Свет | пред 1 месец

media-libraryn1m9e81qf70jfkAb9QI

Непознатото име што ги менува односите меѓу САД и Европа

Иако ретко се појавува во јавноста и речиси е непознат надвор од тесните политички кругови во Вашингтон, Енди Бејкер станува една од клучните фигури во креирањето на надворешната политика на Републиканската партија. Како заменик-советник за национална безбедност во Советот за национална безбедност на САД, тој има сè поголемо влијание врз одлуките на Белата куќа, особено преку блиската соработка со потпретседателот Џеј Ди Венс. Според „Политико“, токму Бејкер стои зад дел од најконтроверзните ставови на актуелната администрација, вклучително и сè поостриот однос кон европските сојузници.Пошироката јавност за првпат слушна за Бејкер случајно, кога во март потпретседателот Венс го посочи како свој главен човек во интерна комуникација поврзана со американските напади врз Хутите во Јемен, која протече во јавноста. Но, зад сцената, Бејкер веќе подолго време има централна улога во обликувањето на надворешнополитичката визија на Венс, кој сè почесто се споменува како можен републикански кандидат за претседателските избори во 2028 година.Извори од администрацијата и европски дипломатски кругови тврдат дека Бејкер помогнал во подготовката на остриот говор што Венс го одржа на Минхенската безбедносна конференција во февруари 2025 година. Во тој говор, европските лидери беа жестоко критикувани поради, како што беше наведено, неуспехот да ги заштитат слободата на говорот и сопствените граници, а миграцијата беше посочена како клучен проблем. Според Венс, отстапувањето на Европа од „основните западни вредности“ претставува главна закана за трансатлантскиот сојуз.Истата логика е вградена и во новата Стратегија за национална безбедност на САД, за која извори тврдат дека Бејкер одиграл значајна улога во нејзината изработка. Во документот се критикува ширењето на НАТО и се доведува во прашање концептот на алијанса што постојано се проширува, а се поздравува подемот на таканаречените патриотски и националистички партии во Европа. Овој пристап, според аналитичарите, претставува директен предизвик за деценискиот американски надворешнополитички естаблишмент.Бејкер до центарот на моќта стигнува по нетипичен пат. Израснат во работничко семејство во областа Норт Беј во Калифорнија, тој студира историја на Универзитетот Беркли, а потоа меѓународни односи на Оксфорд. Долги години работи како универзитетски предавач, а во 2010 година се вработува во Стејт департментот, каде останува 13 години. Службата во Авганистан и во седиштето на НАТО во Брисел, според неговите соработници, длабоко го зацврстиле неговиот скептицизам кон американските воени интервенции и традиционалните сојузи.По напуштањето на Стејт департментот во 2023 година, Бејкер се поврзува со тогашниот сенатор од Охајо, Џеј Ди Венс, и станува негов советник за национална безбедност. Во таа улога, тој има значително влијание врз противењето на Венс кон американската воена помош за Украина. По победата на Доналд Трамп на изборите во 2024 година, визијата на Бејкер и Венс добива можност да се спроведе во практика, особено преку настојувањето за брзо преговарачко решение на војната во Украина.Иако неговите соработници тврдат дека Бејкер не е антиукраински настроен, туку се води од идејата дека САД не треба да се врзуваат за глобални обврски кои не ги сметаат за витални, дел од европските партнери изразуваат загриженост. Тие сметаат дека неговиот поглед кон Русија е поразличен од доминантниот во Европа и дека постои ризик од потценување на заканите.Во пролетта минатата година, Бејкер е именуван за заменик-советник за национална безбедност, со што неговото влијание дополнително расте. Тој учествува во клучни безбедносни одлуки, вклучително и во процесите поврзани со Иран и со операциите против Хутите. И покрај тоа, луѓето што го познаваат го опишуваат како внимателен стратег, повеќе академик отколку класичен политички оперативец.Сè поголемиот подем на Енди Бејкер го симболизира јакнењето на новата, реалистичка струја во рамките на Републиканската партија, која отворено ги преиспитува старите сојузи и интервенционистичкиот пристап на САД. За аналитичарите, неговото име е клучно за разбирање на тоа во кој правец би можела да се движи американската надворешна политика во годините што следат, особено ако Џеј Ди Венс стане водечка фигура на републиканците по 2028 година.

Свет | пред 1 месец

media-libraryiega8e5hdb7ubfrDd7u

Иран се заканува со напади врз американски бази на Блискиот Исток доколку биде нападнат

Иран ќе ги нападне американските воени бази на Блискиот Исток доколку биде нападнат од американските сили, кои во последниот период го зајакнаа своето присуство во регионот, изјави иранскиот министер за надворешни работи Абас Арагчи. Тој нагласи дека евентуален одговор на Техеран не треба да се толкува како напад врз државите во кои се наоѓаат базите, туку исклучиво како насочена акција против американското воено присуство.Изјавата на Арагчи доаѓа ден по најавите од Техеран и Вашингтон дека ќе продолжат индиректните преговори за иранската нуклеарна програма, кои двете страни ги оценија како конструктивни. Во интервју за катарската телевизија „Ал Џезира“, иранскиот министер изјави дека датумот за следната рунда разговори сѐ уште не е утврден, но дека постои заедничка подготвеност тие да се одржат наскоро. Американскиот претседател Доналд Трамп, пак, изјави дека новиот круг разговори би можел да започне веќе на почетокот на наредната недела.Трамп во изминатиот период упати повеќе закани кон Иран, поврзани со зајакнатото американско воено присуство во регионот, барајќи Техеран да се откаже од збогатувањето ураниум, што може да води кон развој на нуклеарно оружје, како и да го запре развојот на балистички ракети и поддршката на вооружени групи во регионот. Иранските власти постојано негираат дека имаат намера да произведат нуклеарно оружје.Иако двете страни покажуваат подготвеност за продолжување на дипломатските напори околу долгогодишниот нуклеарен спор, Арагчи јасно порача дека Техеран не прифаќа проширување на преговорите на други теми. Според него, секој дијалог бара воздржаност од закани и притисоци, а разговорите со САД се ограничени исклучиво на нуклеарната програма. Иран инсистира на признавање на своето право на збогатување ураниум и смета дека ставањето на ракетниот програм на преговарачка маса би ја направило земјата поранлива на евентуални израелски напади.Потсетувајќи на настаните од минатата година, Арагчи посочи дека во јуни САД се приклучија на завршната фаза од дванаесетдневната израелска кампања на бомбардирање ирански нуклеарни објекти, по што Техеран возврати со ракетен напад врз американска база во Катар. Иранските власти тврдат дека по тие настани ги запреле активностите за збогатување ураниум.Во случај на нов американски напад, Иран ќе постапи на сличен начин, најави Арагчи, нагласувајќи дека цел ќе бидат исклучиво американските бази во регионот, а не земјите домаќини. Според него, постои јасна разлика меѓу напад врз американско воено присуство и напад врз соседните држави, разлика која, како што рече, Техеран јасно ја прави во своите пораки.

Свет | пред 1 месец

media-librarybr7fn62kt9adaMAl0tC

Обвинувања за таен нуклеарен тест ја продлабочуваат глобалната безбедносна неизвесност

Соединетите Американски Држави ја обвинуваат Кина дека во 2020 година спровела таен нуклеарен тест, во момент кога администрацијата на претседателот Доналд Трамп повикува на нов и поширок договор за контрола на нуклеарното вооружување што би ги вклучил и Пекинг и Москва. Обвинувањата доаѓаат само еден ден по истекот на последниот преостанат договор за контрола на нуклеарното оружје меѓу САД и Русија, со што најголемите нуклеарни сили во светот првпат по неколку децении остануваат без формални ограничувања на своите арсенали.Американскиот претседател и високи функционери од неговата администрација јавно порачуваат дека повеќе нема да се придржуваат до ограничувањата од договорот Нов СТАРТ, оценувајќи дека е неопходен нов договор кој ќе одговори на заканите од Русија и Кина. Во исто време, Трамп повторно ја отвора можноста за обновување на американските нуклеарни тестирања.На глобалната Конференција за разоружување во Виена, потсекретарот за контрола на вооружувањето и меѓународна безбедност Томас ДиНано изјавува дека американската влада располага со информации оти Кина спровела нуклеарни експлозивни тестови, вклучително и подготовка за тестови со јачина од неколку стотици тони. Според неговите тврдења, еден таков тест бил извршен на 22 јуни 2020 година, а кинеската војска, како што наведува, наводно користела техники за прикривање на експлозијата со цел да го отежне нејзиното сеизмичко откривање.Од Организацијата за сеопфатна забрана на нуклеарни тестови, која глобално ги следи ваквите активности, соопштуваат дека нивниот меѓународен систем за мониторинг не регистрирал настан што би одговарал на карактеристиките на нуклеарна експлозија на наведениот датум. Според нив, системот е способен да детектира експлозии со јачина од околу 500 тони ТНТ или повеќе, што остава отворено прашањето дали евентуалниот тест, доколку бил со помала јачина, можел да остане незабележан.Кинеската страна ги отфрла обвинувањата, наведувајќи дека Пекинг се придржува до политиката на непрва употреба на нуклеарно оружје и дека го почитува својот мораториум за нуклеарни тестирања. Од кинеската амбасада во Вашингтон порачуваат дека Кина е подготвена да соработува со сите страни за зачувување на меѓународниот режим на разоружување и неширење на нуклеарното оружје, но истовремено апелираат и САД сериозно да се придржуваат до своите обврски.Истекот на договорот Нов СТАРТ, кој важеше до 5 февруари 2026 година, американските власти го оценуваат како „крај на една ера“, најавувајќи дека САД ќе продолжат со модернизација на нуклеарниот арсенал и ќе задржат капацитет за брзо зголемување на распоредувањето доколку тоа го наложи безбедносната состојба. Според Вашингтон, идната контрола на вооружувањето не може да се замисли без вклучување на Кина, иако Пекинг досега одбива да учествува во трилатерални преговори, тврдејќи дека неговиот нуклеарен арсенал е значително помал од оние на САД и Русија.Експертите предупредуваат дека меѓусебните обвинувања и истекот на клучните договори ја зголемуваат глобалната несигурност и ризикот од нова трка во вооружување, оценувајќи дека без сериозен дипломатски ангажман, светот влегува во период на зголемена стратешка нестабилност.

Свет | пред 1 месец

media-librarycc0gi9u8j4ue5U9p2ON

Зеленски предупредува: САД и Русија не смеат да договараат решенија за Украина без Киев

Украинскиот претседател Володимир Зеленски предупредува дека постои реален ризик САД и Русија да склучат билатерални договори што се однесуваат на Украина, без учество на Киев. Тој ова го соопштува на брифинг со новинари, во услови на засилени дипломатски активности насочени кон ставање крај на војната и најава за можен продолжеток на разговорите веќе следната недела.Зеленски вели дека украинската страна јасно го пренесува ставот дека, доколку дојде до билатерални документи меѓу Вашингтон и Москва, сите одредби што се однесуваат на Украина мора да бидат во согласност со украинскиот устав. Посочува дека Киев добива сигнали за можни договори, вклучително и во сферата на економската соработка, иако Украина нема целосен увид во сите разговори.Тој открива дека преку разузнавачки канали до украинското раководство стигнале информации за т.н. „пакет на Дмитријев“, наводен предлог за обемна економска соработка меѓу САД и Русија, проценет на околу 12 билиони долари. Зеленски нагласува дека Украина нема да поддржи никакви договори во кои се одлучува за неа – без неа.Изјавите следуваат по разговорите одржани на 4 и 5 февруари во Абу Даби, каде што се состануваат делегации на Украина, САД и Русија. Според Зеленски, американската страна предлага обновување на иницијативата за деескалација во енергетскиот сектор, со оглед на речиси секојдневните руски напади врз украинската енергетска инфраструктура. Украина се согласува со предлогот, додека Русија сè уште не дава одговор.Воените претставници, како што информира Зеленски, ги разгледуваат техничките аспекти на евентуален прекин на огнот, особено механизмите за надзор доколку политичките лидери донесат одлука за запирање на борбите. Тој додава дека американското учество е потврдено, а не се исклучува ниту европско вклучување.Најчувствителното прашање и натаму останува територијата. Зеленски повторува дека задржувањето на сегашните позиции е најреалната основа за прекин на огнот во оваа фаза. Русија, пак, инсистира на повлекување на украинските сили од Донбас како услов за каков било договор.„Стоиме таму каде што сме – тоа е, според нас, најправеден и најстабилен модел за прекин на огнот во овој момент“, вели Зеленски. Тој потврдува дека американската страна ја изнесува и идејата за слободна економска зона во регионот, што отвора нови дебати, но потенцира дека Украина не ја прифаќа таа опција доколку значи губење на суверенитетот.Во однос на Крим и нуклеарната централа Запорожје, Зеленски истакнува дека сè уште нема согласност и дека тие прашања се директно поврзани со безбедноста, екосистемот и обновата на регионот. Тој нагласува дека Украина нема да прифати решенија што го наградуваат агресорот и создаваат нови безбедносни ризици.Зеленски додава дека САД предлагаат војната да заврши пред почетокот на летото и дека веројатно ќе вршат притисок врз двете страни за да се испочитува тој рок. Сепак, тој вели дека од украинскиот преговарачки тим нема најава дека Вашингтон би се повлекол од процесот и истакнува дека американското присуство е клучно – не само за Украина, туку и за Русија.На крајот, Зеленски открива дека за првпат се разговара и за можност најтешките прашања да се отворат на директен трилатерален самит на лидери, оценувајќи дека таков формат бара сериозни подготовки, но дека веќе станал дел од дипломатскиот дијалог.

Свет | пред 1 месец

media-libraryh2lpce1l5bs257ZuMFn

Уапсен најбараниот терорист на листата на ФБИ, „ловот“ траел повеќе од 20 години

Еден од најбараните терористи на листата на ФБИ, Даниел Андреас Сан Диего, кој повеќе од 20 години беше во бегство, може да биде екстрадиран од Велика Британија во Соединетите Американски Држави, каде ќе му се суди, пресуди денеска суд во Лондон.Сан Диего (47) наводно извршил два бомбашки напада во Сан Франциско во 2003 година, а беше уапсен во ноември 2024 година на имот во рурална област покрај шума во Конви, во северен Велс, каде живеел под лажен идентитет како Дени Веб.Препознатлива тетоважа на градите со натпис „It only takes a spark“ (Доволна е само искра) помогнала во неговата идентификација.Тој е првиот терорист кој во 2009 година бил додаден на листата најбарани на ФБИ, заедно со починатиот лидер на Ал-Каеда, Осама бин Ладен.Судијата Самуел Гузи во Магистратскиот суд Вестминстер во Лондон пресуди дека нема пречки за екстрадиција на Сан Диего, а конечната одлука ја носи министерот за внатрешни работи, што се очекува да биде формалност. Сан Диего има право да поднесе жалба на одлуката до Високиот суд. Тој се противеше на екстрадиција во САД, каде би можел да добие затворска казна до 90 години доколку биде осуден.Неговите адвокати тврдеа дека не може да има правично судење „во Америка на претседателот Доналд Трамп“, каде „претседателот спровел чистка во Министерството за правда и поставил свои поранешни лични адвокати на позиции на кои се одлучува“.Сан Диего првпат беше обвинет во Калифорнија во 2004 година за две кривични дела предизвикување штета со експлозив и поседување експлозив. Подоцна беа додадени нови обвиненија, вклучувајќи користење или носење експлозивна направа за извршување кривично дело. Бомбашките напади се случиле во Калифорнија на 28 август и 26 септември 2003 година, врз компаниите Chiron Biotechnology Corporation и Shaklee Nutritional Products Corporation, при што немало повредени.Групата Револуционерни ќелии – Бригада за ослободување на животните ја презеде одговорноста за нападите, наведувајќи како причина врските на тие компании со компанијата Huntingdon Life Sciences, која активистите за права на животните ја критикуваа поради тестирање експериментални лекови врз животни.Сан Диего исчезнал на 6 октомври 2003 година на транзитна станица додека ФБИ го следел кога го паркирал автомобилот во центарот на Сан Франциско. Повеќе не бил виден во живо, но било пријавено дека наводно бил виден повеќепати низ светот. За информации што би довеле до негово апсење била понудена награда од 250.000 долари. ФБИ наведува дека Сан Диего бил поврзан со екстремисти за права на животните, веган, познат по поседување пиштол и работел како експерт за компјутерски мрежи.

Свет | пред 1 месец

media-librarydbuhdl1u01bsaNzXC24

Марко Рубио поднесе оставка

Државниот секретар на Соединетите Американски Држави Марко Рубио поднесе оставка од функцијата вршител на должност директор на Националниот архив на САД, соопшти Националната управа за архиви и евиденција (NARA).Тој се повлече од функцијата во согласност со Законот за реформа на федералните испразнети работни места, кој го ограничува времетраењето на вршителите на должност, а своите овластувања во Националниот архив ги делегираше на Џејмс Бајрон, висок советник на архиварот.Националниот архивар е одговорен за надзор на владините евиденции и раководење со Националниот архив, агенција која американскиот претседател Доналд Трамп ја критикуваше поради ракувањето со доверливи документи во 2022 година, пренесе Ројтерс.Рубио беше назначен за вршител на должност директор на архивот откако Трамп ја отпушти тогашната архиварка Колин Шоган.

Свет | пред 1 месец

media-librarylk9kgmbun1p98ygMpxX

Трамп: Никогаш нема да дозволам нашето присуство на островот Диего Гарсија да биде загрозено

Американскиот претседател Доналд Трамп соопшти дека имал разговор со британскиот премиер Кир Стармер, во кој главна тема бил островот Диего Гарсија, најголемиот остров од архипелагот Чагос и локација на една од најважните американски воени бази во светот.Во објава на социјалната мрежа Truth Social, Трамп го оцени разговорот како „многу продуктивен“, нагласувајќи дека базата на Диего Гарсија е стратешки поставена во средиштето на Индискиот Океан и има исклучително значење за националната безбедност на САД. Тој истакна дека американските воени операции во изминатата година биле успешни поради силата на војската, современата опрема и, како што рече, клучната улога на стратешки позиционираните воени бази.Трамп наведе дека, според мислењето на многумина, премиерот Стармер го постигнал најдобриот можен договор околу статусот на островот, но предупреди дека САД го задржуваат правото да ја заштитат и зајакнат својата воена присутност доколку договорот за закуп се распадне или доколку американските сили и операции бидат загрозени. Тој порача дека нема да дозволи американската база да биде поткопана со, како што ги нарече, лажни тврдења или еколошки бесмислици.Архипелагот Чагос се наоѓа во централниот дел на Индискиот Океан, повеќе од 1.600 километри североисточно од Маврициус. Обединетото Кралство ги презело островите заедно со Маврициус во 1814 година, по поразот на Наполеон, врз основа на Парискиот договор. Во 1965 година, во екот на Студената војна, САД и Обединетото Кралство го издвоиле архипелагот Чагос од Маврициус и го преименувале во Британска територија во Индискиот Океан.Со цел да се ослободи простор за изградба на воената база, значителен број жители на Чагос со текот на времето биле присилно иселени, најчесто на Маврициус. Иако Маврициус стекнал независност во 1968 година, архипелагот останал под британска контрола. Во 1971 година, САД и Обединетото Кралство ја изградиле базата на Диего Гарсија за да го спречат советското воено влијание во регионот. Базата подоцна одиграла клучна улога во двете инвазии на Ирак, служела како појдовна точка за бомбардери во операции низ Азија и била поврзувана со американските програми за тајни изручења на затвореници.Маврициус со децении го оспорува британскиот суверенитет над архипелагот, а во 2019 година Меѓународниот суд на правдата пресуди дека Обединетото Кралство треба да го врати Чагос на Маврициус „што е можно побрзо“, со цел да се доврши процесот на деколонизација во согласност со правото на самоопределување. Иако пресудата не е правно обврзувачка, меѓународниот притисок врз Лондон значително се зголеми.Според договорот одобрен и потпишан во мај 2025 година од страна на Кир Стармер и премиерот на Маврициус, Обединетото Кралство ќе го пренесе суверенитетот над целиот архипелаг Чагос на Маврициус. Во исто време, Лондон ќе плаќа 101 милион фунти годишно за 99-годишен закуп на воената база на Диего Гарсија, што ќе им овозможи и на Обединетото Кралство и на САД и понатаму да ја користат оваа стратешка локација.

Свет | пред 1 месец

rusija-ukraina-678x381-1

Русија, Украина и САД постигнаа договор за размена на 314 затвореници

Ексклузивните разговори во Абу Даби донесоа конкретен резултат, Русија, Украина и Соединетите Американски Држави постигнаа договор за размена на затвореници, прв по петмесечен застој во овој чувствителен процес, пренесуваат медиумите во регионот.Специјалниот претставник на американскиот претседател Доналд Трамп, Стивен Виткоф, го објави договорот на социјалните мрежи, нагласувајќи дека делегациите на трите страни прифатиле размена на вкупно 314 затвореници.„Денес, делегациите од Соединетите Американски Држави, Украина и Русија се согласија да разменат 314 затвореници – прва таква размена во последните пет месеци“, рече Виткоф, оценувајќи дека договорот е постигнат благодарение на „детални и продуктивни преговори“.Размената е договорена како дел од втората рунда преговори за решавање на конфликтот во Украина, која започна на 4 февруари во Абу Даби. Според достапните информации на медиумите, составот на руската делегација останал непроменет во споредба со претходниот состанок одржан на 24 јануари, а преговарачкиот тим на Москва го предводи Игор Костјуков, началник на Генералниот директорат на Генералштабот на руските вооружени сили.Иако деталите за самата размена не се објавени, договорот во дипломатските кругови се толкува како мал, но значаен потег во услови на длабока недоверба и ограничен дијалог. Во исто време, тој укажува дека каналите за комуникација меѓу завојуваните страни и Вашингтон остануваат отворени, барем во прашања од хуманитарна природа, и покрај продолжувањето на политичките и воените тензии.

Свет | пред 1 месец

media-libraryk82msqmngp7v5LWZTj8

Американската војска изведе пет напади врз ИСИС во Сирија

Американската Централна команда (CENTCOM) соопшти дека во периодот од 27 јануари до 2 февруари извршила пет напади врз позиции на ИСИС на различни локации во Сирија. Во рамки на операциите, спроведени заедно со коалициските и партнерските сили со цел траен пораз на терористичката мрежа, уништени се комуникациски центар, клучен логистички јазол и повеќе складишта за оружје. Нападите биле изведени со авиони, хеликоптери и беспилотни летала, при што биле употребени 50 парчиња прецизно оружје.„Нападите врз овие цели ја покажуваат нашата постојана фокусираност и решителност да спречиме повторно зајакнување на ИСИС во Сирија“, изјави адмиралот Бред Купер, командант на CENTCOM, додавајќи дека соработката со коалициските и партнерските сили ја прави Америка, регионот и светот побезбедни.Операциите се дел од акцијата „Хокаи Страјк“, започната како одговор на смртоносниот напад што ИСИС го изведе на 13 декември минатата година врз американски и сириски сили во Палмира, при што загинаа двајца американски војници и еден американски преведувач. Во речиси два месеца целени дејства што следеа, убиени или заробени се повеќе од 50 припадници на ИСИС. Како што наведува CENTCOM, на 16 јануари во прецизен напад во северозападна Сирија бил убиен Билал Хасан ал-Јасим, терористички лидер директно поврзан со лицето одговорно за нападот од декември.

Свет | пред 1 месец

media-library6m0d6d4v1t8k2WaLf2M

Истекува последниот нуклеарен договор меѓу САД и Русија, расте стравот од нова трка во вооружување

Последниот важечки нуклеарен договор меѓу Русија и Соединетите Американски Држави истекува за неколку часа, со што светот се соочува со можност двете најголеми нуклеарни сили првпат по повеќе од половина век да останат без какви било формални ограничувања за своите нуклеарни арсенали. Развојот ја зголемува загриженоста од нова глобална трка во вооружување, во која сè поважна улога има и Кина.Станува збор за договорот „Нов СТАРТ“, потпишан во Прага во 2010 година, кој ги ограничува бројот на распоредени нуклеарни боеви глави и носачи и предвидува механизми за проверка и транспарентност. Ако во последен момент не биде постигнат нов договор или привремено продолжување, Вашингтон и Москва остануваат без обврзувачка рамка за контрола на стратешкото нуклеарно оружје.Од Кремљ порачуваат дека Москва ќе постапува „внимателно и одговорно“. Советникот на рускиот претседател изјавува дека Владимир Путин за ова прашање разговара со кинескиот претседател Си Џинпинг, при што Русија изразува подготвеност за разговори за стратешка стабилност. Истовремено, од Москва наведуваат дека досега нема официјален одговор од американска страна на предлогот ограничувањата да продолжат и по истекот на договорот.Апел упатува и поглаварот на Римокатоличката црква, папата Лав XIV, кој повикува двете страни да не дозволат престанок на важноста на договорот. Тој порачува дека е неопходно логиката на страв и недоверба да се замени со заедничка етика насочена кон општото добро.Експертите за контрола на вооружувањето предупредуваат дека без договорот, и Русија и САД добиваат слобода да распоредат стотици дополнителни нуклеарни боеви глави на своите ракети и тешки бомбардери. Во екстремно сценарио, тоа би можело речиси да ја удвои сегашната големина на нивните распоредени арсенали. Дополнително, исчезнуваат механизмите за проверка, што ја намалува довербата и ја отежнува проценката на намерите на другата страна.Иако вкупниот број нуклеарни боеви глави во светот е значително намален во однос на врвот од Студената војна, кога во 1986 година изнесувал над 70.000, денес тој број е околу 12.000. Сепак, и Русија и САД активно ги модернизираат своите нуклеарни сили, додека Кина во последната деценија повеќе од двојно го зголемува својот арсенал.Американскиот претседател Доналд Трамп испраќа спротивставени пораки. Тој изјавува дека доколку договорот истече, може да се постигне „подобар договор“, а претходно јавно се залага Кина да биде вклучена во идните рамки за контрола на вооружувањето, оценувајќи дека големите сили веќе располагаат со доволно оружје за повеќекратно уништување на светот.Дел од аналитичарите сметаат дека високата цена на нуклеарното оружје може да ја ограничи непосредната трка во вооружување, но истовремено предупредуваат дека отсуството на договор отвора опасен простор за недоверба, погрешни проценки и ескалација. Во такви околности, истекот на Новиот СТАРТ не се смета само за формален крај на еден договор, туку за потенцијална пресвртница во глобалната безбедносна архитектура.

Свет | пред 1 месец

Нема фотографија

САД и Индија постигнаа договор: Што му вети Моди на Трамп

Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, денеска соопшти дека разговарал со индискиот премиер Нарендра Моди, наведувајќи дека е постигнат трговски договор меѓу двете земји.Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, исто така соопшти дека Индија се согласила да престане со купување руска нафта.„Од пријателство и почит кон премиерот Моди и, по негово барање, со моментално дејство, се договоривме за трговски договор меѓу Соединетите Американски Држави и Индија, со кој САД ќе наплатуваат намалена реципрочна царина, намалувајќи ја од 25 на 18 отсто“, наведе Трамп на својата социјална мрежа Truth Social.Американскиот претседател напиша и дека една од темите на разговорот била војната во Украина и дека, во тој контекст, Моди се согласил Индија да престане со купување руска нафта и да го зголеми увозот на енергенси од Соединетите Американски Држави, а потенцијално и од Венецуела, што, според неговите зборови, би можело да придонесе за завршување на војната во Украина.Според наводите на Трамп, Индија се обврзала да ги намали своите царини и нецарински бариери кон американските производи на нула, како и значително да го зголеми купувањето на американска стока во рамки на политиката „Купувај американско“.Трамп додаде дека станува збор за купување американски енергетски, технолошки, земјоделски и други производи во вредност поголема од 500 милијарди долари.Тој оцени дека односите меѓу САД и Индија во наредниот период дополнително ќе бидат зајакнати, истакнувајќи дека тој и премиерот Моди „постигнуваат резултати“.

Свет | пред 1 месец

Нема фотографија

Анкети во САД: расте фрустрацијата од водството на Трамп, економијата во втор план

Иако актуелниот американски претседател Доналд Трамп јавно се фали со успесите на својата администрација, најновите истражувања на јавното мислење укажуваат на сè поголемо незадоволство и фрустрација кај граѓаните на Соединетите Американски Држави. Според повеќе анкети спроведени во јануари, значаен дел од Американците сметаат дека Трамп се занимава со погрешни приоритети и не посветува доволно внимание на секојдневните економски проблеми, особено на растечките трошоци за живот.Анкетите покажуваат дека, иако Трамп повторно беше избран во голема мера поради економските теми, мнозинството граѓани сè уште не чувствуваат конкретна корист од неговите политики. За голем дел од регистрираните гласачи, економијата е едно од најважните прашања со кои се соочува земјата, а околу половина од нив сметаат дека политиките на претседателот го направиле животот „помалку достапен“ за просечниот Американец. Истовремено, големо мнозинство анкетирани изјавуваат дека Трамп не посветува доволно време и внимание на економските прашања, став со кој се согласува и значителен дел од неговата сопствена партија.Дополнително, значаен број гласачи наведуваат дека економските мерки на администрацијата или директно им наштетиле или, во најдобар случај, не донеле никаква промена. Само мал процент од испитаниците велат дека имале лична корист од економскиот курс на претседателот, а речиси половина очекуваат состојбата во економијата во следната година да се влоши.Покрај економијата, расте и незадоволството од начинот на кој Трамп ја води имиграциската политика. Иако дел од јавноста и понатаму ја поддржува идејата за депортација на лица кои нелегално престојуваат во земјата, сè повеќе граѓани сметаат дека применетите тактики одат предалеку. Значителен дел од регистрираните гласачи оценуваат дека активностите на имиграциските служби се прекумерно агресивни, а ваквиот став бележи раст во однос на претходните месеци. Истражувањата покажуваат и дека поддршката за Трамп по ова прашање опаѓа дури и меѓу републиканците, што укажува на пошироко разнишување на довербата во неговиот пристап.Истовремено, анкетите покажуваат дека многу Американци сакаат претседателот да се занимава помалку со надворешната политика и повеќе со внатрешните проблеми. Во последниот период, Трамп отвори низа контроверзни теми на меѓународната сцена, меѓу кои и идеи за преземање контрола врз Гренланд, залагање за американско влијание врз венецуелската нафта и остри чекори кон Иран. Овие иницијативи, според истражувањата, не наидуваат на широка поддршка кај јавноста, а особено непопуларна е идејата за Гренланд, на која мнозинството Американци се спротивставуваат.Особено индикативни се податоците што укажуваат на пад на довербата во Трамп меѓу републиканските гласачи. Иако со години неговите поддржувачи покажуваа висока толеранција кон неговиот стил и однесување, новите анкети бележат намалување на поддршката за неговите политики, како и растечки сомнежи околу неговата етичност, почитувањето на демократските вредности и менталната подготвеност за извршување на функцијата. Процентот на републиканци кои се целосно или во голема мера уверени во неговата способност да ја води државата е во опаѓање, што претставува предупредувачки сигнал за администрацијата во пресрет на меѓуизборната година.

Свет | пред 1 месец

media-libraryr7roa88vb2n92eO0WQU

Тужба против Стејт департментот поради стопирањето визи за државјани од 75 земји, меѓу кои е Македонија

Група организации за човекови права поднесоа тужба против Стејт департмент на САД поради неодамнешната одлука за пауза на обработката на имигрантски визи за државјани од 75 земји меѓу кои е Македонија, оценувајќи дека ваквата политика грубо ги нарушува децениски воспоставените принципи на американското имиграциско право.Тужбата е поднесена во федерален суд во Менхетен и бара судска наредба со која би се блокирала примената на мерката, која стапи на сила на 21 јануари. Подносителите тврдат дека одлуката се темели на неосновани и, како што наведуваат, докажливо неточни претпоставки дека државјаните на засегнатите земји емигрираат во САД со цел да се потпрат на социјална помош и дека претставуваат ризик да станат таканаречен „јавен товар“.Тужбата е поднесена од National Immigration Law Center и други граѓански организации, во име на поширок круг тужители, меѓу кои и американски државјани кои тврдат дека се разделени од своите семејства поради новата политика. Како тужител се наведува и ендокринолог од Колумбија, на кого му е одобрена работна виза, но не може да ја добие поради тоа што Колумбија е вклучена меѓу земјите опфатени со паузата.Според наводите во тужбата, мерката влијае врз апликанти од повеќе региони, вклучувајќи земји од Латинска Америка како Бразил, Колумбија и Уругвај, балкански држави меѓу кои Босна и Херцеговина и Албанија, јужноазиски земји како Пакистан и Бангладеш, како и бројни држави од Африка, Блискиот Исток и Карибите.Од Стејт департментот засега нема официјален одговор на барањата за коментар. Во дипломатска депеша испратена до американските мисии, а до која имале увид медиуми, се наведува дека се спроведува „целосна ревизија“ на сите политики, регулативи и насоки со цел да се обезбеди „највисоко ниво на проверка и безбедносна проценка“ за сите апликанти за американска виза. Во истиот документ се тврди дека апликантите од 75-те засегнати земји носат висок ризик да станат корисници на локални, државни или федерални ресурси во САД.Политиката, според официјалните појаснувања, не се однесува на туристичките визи, кои во последно време се во фокус поради тоа што Соединетите Американски Држави ќе бидат домаќини на Светското првенство во фудбал во 2026 година и Олимписките игри во 2028 година. Судската постапка што допрва започнува се очекува да отвори поширока дебата за границите на извршната власт во областа на имиграцијата и за критериумите врз кои се темелат ваквите рестриктивни мерки.

Свет | пред 1 месец

1705740819-collage-sneg-am-2-750x422-1

(Видео) Тешки зимски услови го парализираа сообраќајот и енергетските системи во САД

Тешките зимски услови го нарушија сообраќајот и енергетските системи низ Соединетите Американски Држави, приземјувајќи повеќе од 1200 авиони и оставајќи десетици илјади луѓе без струја во неколку држави, јави Bloomberg.Според Националната метеоролошка служба, се очекуваше снежните врнежи да ослабнат, но условите сè уште се тешки. Додека се предвидува дека невремето ќе се засили над Атлантикот.Duke Energy, компанија за електрична енергија и природен гас со седиште во Северна Каролина, ги замоли своите корисници да ја ограничат потрошувачката на електрична енергија во утринските часови за да се спречат привремени прекини на електричната енергија.Извештајот на Bloomberg наведува дека прекините на струјата сè уште продолжуваат во делови од југот, каде што ледот од претходното невреме ги срушил далноводите. Според податоците за следење на прекини на струјата, скоро 178.000 домови и компании биле без електрична енергија во неколку држави.Нарушувањата во воздушниот сообраќај продолжија низ целата земја, а Меѓународниот аеродром Charlotte Douglas пријави најголем број откажани летови.

Свет | пред 1 месец

nafta

Индија ќе купува нафта од Венецуела, Трамп вели: Договорот е веќе постигнат

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека Индија ќе купува нафта од Венецуела наместо од Иран, наведувајќи дека веќе е постигнат „концепт на договор“.Ројтерс претходно објави дека САД соопштиле дека Индија наскоро би можела да продолжи со купување венецуеланска нафта за да се намали зависноста од руската нафта, повикувајќи се на извори запознаени со прашањето.Индија порано беше главен купувач на руска нафта по воведувањето на западните санкции по руската инвазија на Украина во 2022 година, додека увозот на иранска нафта беше ограничен поради американските санкции.Трамп во август минатата година ја удвои царината за индискиот увоз на 50 отсто за да го притисне Њу Делхи да престане со купување руска нафта.Порано овој месец предупреди дека царината повторно би можела да се зголеми доколку Индија не ги ограничи своите купувања.Меѓутоа, министерот за финансии на САД, Скот Бесент, во јануари сигнализираше дека дополнителната царина од 25 отсто би можела да се укине поради намалувањето на индискиот увоз на руска нафта.Американската администрација во март 2025 година воведе царина од 25 отсто за земјите кои купуваат венецуелска нафта, а минатата година се Трамп закани дека истата мерка ќе ја воведе и за Индија.Меѓутоа, САД оваа недела ги ублажија некои санкции за венецуелската нафтена индустрија за да им олеснат на американските компании продажба на сурова нафта.Трамп исто така изјави дека Кина би можела да постигне договор со САД за купување венецуелска нафта, нагласувајќи дека таков договор би бил „голем“, но не даде детали.

Свет | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања