Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

САД

media-libraryrhfnvbj6ievfeNpGhYp

Претседателот на Египет до Трамп: „Ве молам, запрете ја војната“

Претседателот на Египет, Абдел Фатах ал-Сиси, упати директен и драматичен апел до американскиот претседател Доналд Трамп да ја запре војната во Иран, оценувајќи дека токму Вашингтон има клучна улога за деескалација.„Никој освен вас не може да го запре овој конфликт. Ве молам, помогнете ни да ја запреме војната“, порача Сиси на енергетската конференција во Каиро.Тој предупреди дека ескалацијата може да предизвика сериозни последици за глобалната економија, вклучително и нагло зголемување на цената на нафтата, која, според проценките, може да достигне и над 200 долари по барел.Сиси истакна дека нападите врз енергетската инфраструктура и нарушувањето на снабдувањето ќе доведат до двоен удар – недостиг на ресурси и раст на цените, со најтешки последици за земјите со послаби економии.Дополнително, предупреди и на можна глобална прехранбена криза, поради нарушувања во извозот на ѓубрива, што може да ја загрози стабилноста на многу држави.Во меѓувреме, Советот за соработка во Заливот оцени дека нападите врз енергетската инфраструктура и затворањето на Ормускиот теснец претставуваат сериозна закана за глобалната енергетска безбедност, со оглед дека преку овој морски пат се транспортира значителен дел од светската нафта.

Свет | пред 7 часа

media-libraryoilhi33moenp3cStO1e

Стармер: Британија нема да испрати војници во Иран

Британскиот премиер Кир Стармер изјави дека Обединетото Кралство нема да испраќа војници во Иран и нема директно да се вклучи во војната.„Ова не е наша војна и нема да бидеме вовлечени во неа“, порача Стармер, додавајќи дека Лондон презема исклучиво одбранбени мерки за заштита на своите граѓани, интереси и сојузници во регионот.Тој нагласи дека Британија продолжува со дипломатските напори за повторно отворање на Ормускиот теснец, кој е клучен за глобалната трговија со нафта.Сепак, и покрај ваквата позиција, Велика Британија им дозволи на САД користење на своите воени бази за напади врз цели поврзани со заканите во теснецот, а истовремено распореди и борбени авиони за пресретнување на ирански проектили.Со ова, Лондон се обидува да одржи баланс – без директно учество на терен, но со ограничена поддршка на сојузниците во рамки на пошироката безбедносна стратегија.

Свет | пред 7 часа

media-library7b2po1sthnnv8xXcDjJ

Рубио со жестока порака до Иран: „Ова нема да се дозволи“

Американскиот државен секретар Марко Рубио упати остри критики кон раководството на Иран, оценувајќи дека заканите за контрола врз Ормускиот теснец нема да бидат прифатени.„Тоа нема да се дозволи“, изјави Рубио, додавајќи дека Доналд Трамп располага со повеќе опции за спречување на такво сценарио.Во својата изјава, Рубио употреби и исклучително остра реторика кон иранското водство. „Тие луѓе се лудаци. Тие се луди. Тие се верски фанатици“, рече тој.Сепак, посочи дека во комуникацијата со иранските претставници има одредени промени, но предупреди дека нивните најави мора внимателно да се проверат.„Некои од работите што велат дека се подготвени да ги направат – мора да видиме дали навистина можат да ги реализираат. Тоа мора многу силно да се тестира“, нагласи Рубио.Изјавата доаѓа во време на зголемени тензии во регионот, каде контролата врз Ормускиот теснец, низ кој поминува значителен дел од светската нафта, претставува клучно геостратешко прашање.

Македонија | пред 8 часа

media-library7bhfilhab3q242gTs5q

Мадрид со остар потег: Забрана за американски летови во операции против Иран

Шпанија го затвори својот воздушен простор за американските авиони кои учествуваат во операции поврзани со војната во Иран, со што дополнително се дистанцира од конфликтот на Блискиот Исток.Министерката за одбрана Маргарита Роблес изјави дека на САД не им е дозволено ниту користење на воените бази во Шпанија, ниту прелетување преку нејзиниот воздушен простор за вакви операции.„Не дозволуваме користење на базите ниту на воздушниот простор за акции поврзани со војната во Иран“, рече Роблес во Мадрид.Оваа одлука ги принудува американските воени авиони да бараат алтернативни рути кон Блискиот Исток, иако се предвидени исклучоци за итни ситуации.Потегот е дел од пошироката политика на шпанската влада, која отворено се спротивставува на нападите врз Иран. Премиерот Педро Санчез е меѓу најгласните критичари на американско-израелските операции, оценувајќи ги како еднострани и спротивни на меѓународното право.Одлуката дополнително ги затегнува односите меѓу сојузниците, откако американскиот претседател Доналд Трамп претходно се закани со трговски мерки кон Мадрид поради одбивањето да се користат шпанските бази за воени цели.

Свет | пред 8 часа

media-library1j2gdtm4kr09feazw0p

Подготовка за офанзива? САД ја зголемуваат воената сила околу Иран, над 50.000 војници во регионот

САД распоредиле дополнителни воени сили на Блискиот Исток, со што вкупниот број на американски војници во регионот надминал 50.000, што е за околу 10.000 повеќе од вообичаеното ниво, пренесува The New York Times.Засилувањето доаѓа во момент кога американскиот претседател Доналд Трамп разгледува следни чекори во конфликтот со Иран, кој трае веќе еден месец.Според американски воени извори, во регионот се испратени дополнителни 2.500 маринци и 2.500 морнари, додека претходно Пентагон наредил и распоредување на околу 2.000 војници од 82-та воздухопловно-десантна дивизија.Силите се распоредени во повеќе земји, меѓу кои Саудиска Арабија, Бахреин, Ирак, Сирија, Јордан, Катар, Обединети Арапски Емирати и Кувајт, што укажува на поширока регионална мобилизација.Една од опциите што се разгледуваат е евентуална копнена операција, вклучително и заземање на стратешки цели како островот Харк, клучна точка за извоз на нафта во Персискиот Залив. Истовремено, Хормушки теснец, преку кој се транспортира околу 20 проценти од светската нафта, е сериозно нарушен поради воените дејствија.Сепак, воените аналитичари предупредуваат дека и покрај зголемувањето, бројката од 50.000 војници е недоволна за поголема копнена инвазија. За споредба, при инвазијата на Ирак во 2003 година, коалицијата предводена од САД ангажирала околу 250.000 војници.Дополнително, Иран со својата големина, население и воени капацитети претставува значително посложен предизвик, поради што експертите оценуваат дека евентуална окупација би била исклучително ризична и долготрајна операција.

Свет | пред 12 часа

media-libraryd9eo1lt3cbkf0VtbIgs

Прв увоз по два месеца: Руски танкер со нафта пристигна во близина на Куба

Рускиот танкер „Анатолиј Колодкин“ со околу 650.000 барели сурова нафта од типот „Урал“ влезе во ексклузивната економска зона на Куба, што би можело да претставува прв увоз на руска нафта во оваа земја во последните два месеца.Рускиот танкер кој транспортира сурова нафта е детектиран во зоната на Куба, според податоците за следење на движењето на бродови, што укажува на можен нов енергетски товар кон карипската држава.Танкерот „Анатолиј Колодкин“, кој испловил од Приморск натоварен со околу 650.000 барели сурова нафта од типот „Урал“, наскоро би можел да биде истоварен во кубанското пристаниште Матанзас, доколку не го промени својот тек, покажуваат податоците од службите за следење на бродови, пренесува Ројтерс.Соединетите Американски Држави дозволиле рускиот танкер да се приближи до Куба, а американската крајбрежна стража не добила наредба да го пресретне бродот, иако располага со пловни објекти способни за таква операција во регионот. Со тоа е избегната можна директна конфронтација со Русија во близина на американскиот брег.

Свет | пред 14 часа

media-library74la3l8bli74dd4xMKJ

Млад Американец загина во Либан откако се приклучи на израелската војска

Млад човек кој минатата година се преселил од Конектикат, САД, во Израел за да се приклучи на армијата, загинал во борбена операција на југот на Либан.Израелската војска соопшти дека станува збор за наредникот Моше Јицхак Хакоен Кац, 22-годишник со потекло од Њу Хејвен. Тој бил распореден во 890. баталјон на падобранската бригада и загинал во регион кој се смета за упориште на Хезболах.Неговиот татко, Менди Кац, на социјалните мрежи напиша дека „срцето му е скршено“, додека семејството отпатувало во Израел за да присуствува на погребот.Одлуката на Кац да се приклучи на војската била донесена по нападот на Хамас на 7 октомври 2023 година, кога беа убиени околу 1.200 луѓе во јужен Израел. По доаѓањето во земјата, тој прво посетувал јазична обука бидејќи не го зборувал хебрејскиот јазик.Премиерот на Израел, Бенјамин Нетанјаху, изјави дека Кац „храбро загинал бранејќи ја татковината“.

Свет | пред 15 часа

w_55664211

Зголемен ризик од напади: Вашингтон бара евакуација на американските државјани од Ирак

САД издадоа итно предупредување до своите државјани да го напуштат Ирак поради сериозно влошување на безбедносната состојба и зголемен ризик од напади.Во соопштението на американската амбасада во Багдад се наведува дека постои реална опасност од напади од страна на Иран и проирански вооружени групи врз цели поврзани со САД, вклучително и универзитети, дипломатски претставништва и енергетска инфраструктура.Американските власти истакнуваат дека вакви напади веќе се регистрирани низ повеќе делови од земјата, вклучително и во регионот на Ирачки Курдистан, како и врз институции и цивилни објекти.Амбасадата во Багдад и генералниот конзулат во Ербил продолжуваат со работа, но со ограничено присуство, при што на граѓаните им се препорачува да не ги посетуваат овие објекти поради постојаната закана од ракетни и беспилотни напади.Нивото на предупредување за Ирак останува на највисоко, четврто ниво – „не патувајте“, а на американските државјани им се наложува веднаш да ја напуштат земјата доколку се наоѓаат во неа.За оние што ќе одлучат да останат, властите предупредуваат дека го прават тоа на сопствен ризик, нагласувајќи дека заканата од нови напади останува висока и непредвидлива.

Свет | пред 16 часа

Screenshot-2025-08-15-at-20.07.26

(Видео) Инцидент на аеродром во САД: Дрон го прекина сообраќајот во Палм Бич додека полетуваше авионот на Трамп

Дрон во непосредна близина на Palm Beach International Airport предизвика итен прекин на воздушниот сообраќај во момент кога претседателот на САД Доналд Трамп полетувал со претседателскиот авион Air Force One.Инцидентот се случил за време на полетувањето, кога дронот се приближил опасно до леталото, по што веднаш бил воведен т.н. „ground stop“ – целосно запирање на сите операции на аеродромот од безбедносни причини.Според информации од пилоти на Delta Air Lines, патниците биле известени во текот на летот за блиската средба со дронот, додека во воздух биле подигнати хеликоптери со цел да се провери ситуацијата и да се обезбеди воздушниот простор.Претседателскиот авион безбедно полетал, а по кратко време сообраќајот бил нормализиран и операциите на аеродромот продолжиле без дополнителни нарушувања. Засега нема информации за повредени лица или материјална штета.Од Federal Aviation Administration и United States Secret Service сè уште нема официјално соопштение за случајот.Инаку, Трамп често престојува во своето одморалиште Мар-а-Лаго во Палм Бич, каде и претходно имало безбедносни инциденти, вклучително и вооружен упад во близина на комплексот.

Свет | пред 1 ден

media-libraryfii3gflg0hd06a4wz4j

Невина жена пет месеци во затвор поради грешка на вештачка интелигенција

Педесетгодишна жена од Тенеси поминала повеќе од пет месеци во затвор, откако била погрешно идентификувана од систем за препознавање лица базиран на вештачка интелигенција и поврзана со серија финансиски измами во Северна Дакота – место каде, како што тврди, никогаш не била.Случајот со Ангела Липс отвори сериозни прашања за употребата на АИ во полициските истраги, откако полицијата во Фарго призна дека направила „неколку грешки“ во постапката.Истражителите користеле систем за препознавање лица од партнерска агенција, кој посочил „сличност“ со осомничено лице. Токму таа идентификација, без доволна дополнителна проверка, довела до издавање налог за апсење и нејзино приведување.Липс била уапсена во јули, а потоа со месеци држена во притвор и префрлена на повеќе од 1.600 километри од својот дом. Таа се соочувала со сериозни обвиненија, вклучително и кражба и злоупотреба на лични податоци.Пресвртот доаѓа кога нејзиниот адвокат презентирал банкарски докази дека во моментите на извршување на делата таа се наоѓала во Тенеси. Обвиненијата биле отфрлени дури во декември, по што таа била ослободена на Бадник.„Бев исплашена, исцрпена и понижена“, изјавила Липс, опишувајќи го искуството како трауматично. Нејзиниот правен тим сега разгледува можност за тужба поради кршење на граѓанските права.Полицијата во Фарго призна дека дел од проблемот било потпирањето на АИ систем кој не бил под нивна директна контрола. Станува збор за технологија на компанијата Clearview AI, која користи милијарди фотографии собрани од интернет.Како последица на случајот, најавени се промени: идните идентификации преку препознавање лица ќе мора да добијат дополнително одобрување, а соработката со спорниот систем ќе биде прекината.

Свет | пред 1 ден

media-librarye748rg39tmkcbBPvYGY

Иран се заканува: Ударите ќе ги натераат САД да се повлечат од регионот

Командантот на воздухопловно-космичките сили на Исламска револуционерна гарда, Сејед Маџид Мусави, изјави дека серијата напади на иранските сили врз американски воени цели ќе го принудат САД да ги повлече своите трупи од регионот.Во објава на социјалната мрежа Икс, Мусави тврди дека иранските сили ќе продолжат со напади насочени кон парализирање на американските радари и логистички капацитети, истовремено нанесувајќи загуби на американскиот воен персонал.Тој додаде дека штетите врз американската воена инфраструктура, вклучително и оштетени авиони за радарско набљудување и командување, како и уништени хангари, се доказ за ефектите од нападите, најавувајќи и нови „високовредни цели“.Овие изјави доаѓаат во период на засилени тензии, по информациите дека американскиот претседател Доналд Трамп разгледува можност за ограничени копнени операции на територијата на Иран.Според ирански извори, вооружените сили на земјата досега извеле десетици бранови на одмазднички напади врз американски и израелски цели во регионот, при што се предизвикани човечки жртви и значителна материјална штета.Во еден од последните напади, извршен врз воздухопловната база „Принц Султан“ во Саудиска Арабија, бил погоден и оштетен американски авион за радарско извидување и командување, при што биле повредени повеќе војници и оштетени дополнителни летала за дополнување гориво во воздух.Развојот на настаните укажува на понатамошна ескалација на конфликтот на Блискиот Исток, со зголемен ризик од директна конфронтација меѓу двете страни.

Свет | пред 1 ден

media-librarymfqvrrgn84715wlA0p4

Пакистан најавува: Наскоро преговори меѓу САД и Иран

Пакистан најавува можност за отворање нов дипломатски канал во конфликтот на Блискиот Исток, со потенцијални преговори меѓу САД и Иран кои би се одржале во Исламабад.Шефот на пакистанската дипломатија, Ишак Дар, изјави дека неговата земја наскоро ќе биде домаќин на разговорите, но не прецизираше дали тие ќе се водат директно или преку посредници. Засега, нема официјална потврда ниту од Вашингтон ниту од Техеран.Изјавата доаѓа по состанокот на високи дипломати од Турција, Египет и Саудиска Арабија во пакистанската престолнина, каде што се разговарало за можностите за прекин на војната која трае веќе еден месец.„Пакистан е задоволен што и Иран и САД покажаа доверба во нашата посредничка улога“, изјави Дар, додавајќи дека разговорите би можеле да се одржат „во наредните денови.Министрите за надворешни работи на Турција, Египет и Саудиска Арабија ја поддржале иницијативата на Пакистан, а најавено е и ново координациско средба веќе следниот ден.Во изминатиот период, Пакистан се позиционира како важен дипломатски посредник, користејќи ги релативно стабилните односи и со САД и со Иран. Според пакистански извори, јавната иницијатива следи по неколкунеделна тивка дипломатија зад сцената, со цел да се отвори простор за деескалација на конфликтот.

Свет | пред 1 ден

media-libraryrc64hvf23c6je3TUFe9

Една третина Американци веруваат дека ќе го доживеат крајот на светот

Социјални психолози во САД откриле дека дури една третина од испитаниците веруваат дека светот ќе заврши во текот на нивниот живот – податок кој, освен што звучи загрижувачки, има директно влијание врз начинот на кој луѓето реагираат на глобалните кризи.Истражувањето, пренесено од Дојче Веле, покажува дека ваквите убедувања не се само апстрактни мисли, туку фактор кој го обликува чувството на лична одговорност и подготвеноста за дејствување.Социјалниот психолог Метју Биле од Универзитетот во Калифорнија објаснува дека луѓето различно го замислуваат крајот – од целосно уништување на планетата, преку колапс на цивилизацијата, до трансформација што може да доведе и до „нова“ или подобра реалност.Истражувачите утврдиле дека ставовите зависат од четири клучни фактори: колку блиску се чувствува крајот, како се замислува дека ќе се случи, дали поединецот верува дека има влијание врз исходот и што очекува да следи потоа.На пример, луѓето кои сметаат дека крајот е „во Божји раце“ се помалку подготвени да поддржат политики за справување со климатските промени или други глобални ризици. Слично, ако некој не верува во заедничка иднина, помала е веројатноста да поддржи колективни мерки, како што се даноци за намалување на емисиите.Студијата опфатила повеќе од 3.000 испитаници од САД и Канада, со различна верска и социјална позадина. Анализирани биле нивните ставови за економски, еколошки, геополитички, социјални и технолошки ризици.Резултатите покажуваат дека иако за мнозинството крајот на светот е „далечен и апстрактен“, за секој трет испитаник тој е лична и непосредна реалност. Овие луѓе, според истражувањето, повеќе се плашат од глобалните закани, но и почесто се подготвени да поддржат драстични мерки за нивно спречување.Сепак, постои и друга страна. Начинот на кој луѓето го доживуваат „крајот“ може да им помогне полесно да се справат со неизвесноста. Оние кои веруваат дека по катастрофата следи некаква обнова или „утопија“, покажуваат поголема психолошка отпорност.Истражувањето заклучува дека размислувањето за апокалипса не е само индивидуален феномен, туку колективен процес – кој влијае врз општествените одлуки, политиките и начинот на кој човештвото се соочува со сопствените кризи.

Магазин | пред 1 ден

media-libraryudqju2upidoa9bdz5XF

Иран погодил американски AWACS авион, сериозен удар врз воздушните операции

Американскиот авион за радарски надзор и командување E-3 Sentry AWACS е оштетен во ирански ракетен и беспилотен напад врз воздушната база „Принц Султан“ на 27 март, при што се ранети повеќе од десет американски војници, од кои двајца потешко.Според достапните информации, во нападот биле погодени и авиони за дополнување гориво во воздух, што дополнително ја комплицира оперативната состојба на Вооружени сили на САД во регионот.Американското Централно командување засега не го коментира инцидентот, додека објавените фотографии што кружат во јавноста укажуваат на сериозни оштетувања, иако тие не се независно потврдени.Авионот E-3 AWACS има клучна улога во модерните воени операции – овозможува радарски надзор, координација на воздушниот простор и управување со борбени дејствија. Овие летала се користат со децении во конфликти како Заливска војна, како и во Ирак, Авганистан и други операции.Аналитичарите предупредуваат дека евентуалното губење на ваков авион може значително да ја намали способноста за следење на ситуацијата на бојното поле и да создаде „слепи точки“ во воздушниот надзор.„Овие летала се клучни за целокупната координација – од избегнување судири до прецизно таргетирање. Нивната вредност е во тоа што ја гледаат целата слика“, оценуваат воените експерти.Воедно, нападот се толкува како дел од поширока стратегија на Иран за таргетирање на клучните елементи на американската воздушна надмоќ – комуникациски системи, радарски капацитети и поддржувачка авијација.Со оглед дека флотата на вакви авиони е ограничена и делумно застарена, евентуалната загуба дополнително го зголемува притисокот врз преостанатите ресурси, додека се чека воведување на новата генерација системи.

Свет | пред 1 ден

gaza-glad

Напади во Појас Газа: убиени шест лица, меѓу нив и дете

Додека трае војната меѓу Израел и Иран, израелските сили продолжуваат со воени операции врз палестинските територии, вклучително и Појас Газа и окупираниот Западен Брег.Според здравствени извори од Газа, најмалку шест лица, меѓу кои и едно дете, загинале во воздушни напади врз две полициски контролни точки во јужниот дел на градот Кан Јунис.Меѓу жртвите има тројца полицајци и тројца цивили, вклучително и девојче, додека уште четири лица се повредени.За нападот засега нема официјална потврда од страна на израелските власти.Според достапните податоци, од ноември минатата година, кога беше договорено примирје со посредство на САД, израелските сили убиле најмалку 692 Палестинци, а 1.895 лица се ранети.Овие случувања укажуваат на континуирана нестабилност и насилство во регионот, и покрај формалните договори за прекин на огнот, додека поширокиот конфликт на Блискиот Исток дополнително ја усложнува безбедносната состојба.

Свет | пред 1 ден

media-librarykkbeotev1k8bb9fUDSi

Раст на цените на нафтата и инфлација: нов удар врз американската економија

Пазарот на труд во САД, кој покажуваше знаци на стабилизација, повторно се соочува со сериозни ризици поради ескалацијата на конфликтот на Блискиот Исток, предупредуваат економистите.Четири недели по почетокот на нападите врз Иран, економските последици веќе се чувствуваат – раст на цените на нафтата, нарушени синџири на снабдување и зголемени трошоци за енергија, што дополнително ја поттикнува инфлацијата и неизвесноста.Клучен фактор е ситуацијата во Ормуски теснец, чија евентуална продолжена блокада би можела да предизвика нов економски шок. Економистите предупредуваат дека доколку цената на нафтата остане над 100 долари за барел, тоа би можело да доведе до пресврт и повторно појавување на отпуштања.И покрај тоа, засега пазарот на труд останува релативно стабилен, но со слаба динамика – мал број нови вработувања, но и ограничен број отпуштања. Се очекува умерен раст од околу 20.000 нови работни места месечно во првата половина од годината, додека стапката на невработеност би можела да порасне од 4,4 на околу 4,7 проценти до крајот на годината.Економистите предупредуваат дека ризикот од рецесија изнесува околу 40 проценти, особено ако неизвесноста дополнително се зголеми. Засега состојбата се опишува како „ладење“, но не и колапс на пазарот.Во меѓувреме, американските потрошувачи веќе ги чувствуваат последиците од повисоките цени на енергенсите. Цената на бензинот порасна за околу еден долар по галон, а зголемените трошоци за гориво, греење и комуналии би можеле да го намалат годишниот приход на домаќинствата за повеќе од 1.300 долари.Дополнително, ОЕЦД прогнозира дека инфлацијата во САД би можела да достигне 4,2 проценти оваа година, што претставува значително зголемување во однос на претходниот период.Економистите оценуваат дека идниот развој во голема мера ќе зависи од тоа колку долго ќе трае геополитичката криза и дали ќе дојде до дополнителни нарушувања на глобалните пазари.

Свет | пред 1 ден

media-librarylacsaq24tqi36JiUMlR

Иран подготвува сценарио за копнена војна: дадена „Пукај по волја“ директива за армијата

Иран издал нова воена директива со која неговите сили се подготвуваат за можен копнен напад од САД, вклучително и сценарија за урбани борби и справување со внатрешни безбедносни закани.Според наводите објавени во медиумите, директивата им дава овластување на воените и безбедносните единици да дејствуваат самостојно, дури и без директни наредби од централната команда – пристап кој во Техеран се опишува како „пукај по волја“.Документот, подготвен во рамки на иранскиот Генералштаб и усогласен со врвните државни и безбедносни структури, предвидува зголемена подготвеност, заштита на клучни објекти и распоредување на силите во чувствителни региони, особено во главниот град Техеран и другите големи урбани центри.Истовремено, иранските власти разгледуваат и офанзивни сценарија. Во случај на американска копнена интервенција, се споменува можност за заземање на крајбрежни делови на Обединети Арапски Емирати и Бахреин, како дел од поширока стратегија за одговор.Покрај надворешната закана, директивата открива и сериозна загриженост кај иранските власти од потенцијални внатрешни немири и активности на вооружени групи, особено во западните и источните делови на земјата.Аналитичарите оценуваат дека целосна копнена инвазија врз Иран би била исклучително комплексна и ризична, но не ја исклучуваат можноста за ограничени операции – како што се заземање на стратешки острови или позиции во близина на Ормуски теснец.Овие подготовки доаѓаат во услови на зголемена воена активност во регионот и засилена реторика меѓу Техеран и Вашингтон, што дополнително ја зголемува неизвесноста околу можната следна фаза од конфликтот.

Свет | пред 1 ден

media-library1ve5ufdd63v50gpMbd8

Кенеди ја разгори јавноста: Трамп, на хартиен подметач, нацртал „совршена мапа“ на Блискиот Исток

Американскиот министер за здравство Роберт Ф. Кенеди Помладиот предизвика силни реакции во јавноста откако на настап пред конзервативна публика во Тексас го пофали претседателот Доналд Трамп со необична анегдота: дека, за време на претседателска кампања, Трамп на задната страна од хартиен подметач со маркер нацртал „совршена мапа“ на Блискиот Исток и на неа ги обележал воените сили на земјите долж границите.Кенеди, зборувајќи за Трамп, тврдеше дека тој поседува „енциклопедиско“, речиси „молекуларно“ знаење за широк спектар теми – од музика и театар, до спорт, бизнис и финансии. Во истиот тон го опиша и како политичар што има „извонредна длабочина“ во разбирањето на функционирањето на државните агенции, како и „инстинкт“ за носење добри одлуки.Во уште една впечатлива оценка, Кенеди рече дека Трамповото сфаќање за употребата на моќта е меѓу најдобрите во американската историја. Притоа направи споредба и со својот чичко, поранешниот претседател Џон Ф. Кенеди, заклучувајќи дека Трамп „веројатно подобро ја разбира употребата на моќта“ од многу претседатели во поновата историја.Настапот се случи на Конференцијата за конзервативна политичка акција (CPAC) во Грејпвајн, Тексас, која годинава се одржа од 25 до 28 март. Кенеди беше меѓу говорниците, а неговите зборови беа протолкувани како досега најдиректна јавна пофалба за Трамп откако се вклучил во неговата администрација.Реакциите на социјалните мрежи и во дел од медиумите беа поделени: едни ја доживеаја изјавата како уште еден обид за политичко приближување и градење на лојалност, додека други ја оценија како претерана идеализација што дополнително ја продлабочува поларизацијата во американската јавност.

Свет | пред 1 ден

media-libraryuabugusrc3o12Hyze6S

Иран со закана: „Ако дојдат американски трупи – ќе ги запалиме“

Иран испрати остра порака до САД, откако претседателот на парламентот Мохамад Багер Галибаф изјави дека иранските сили се подготвени за евентуално пристигнување на американски трупи, предупредувајќи на жесток одговор.Во изјави пренесени од IRNA, Галибаф го обвини Доналд Трамп за двојна политика – јавно повикување на преговори, додека паралелно, според него, се подготвува копнена воена операција.„Непријателот отворено испраќа пораки за преговори, а потајно планира копнен напад. Нашиот народ го чека доаѓањето на американските војници – ќе ги запали“, изјавил Галибаф.Изјавата доаѓа во момент кога американските медиуми објавија дека Пентагон разгледува сценарија за копнени операции во Иран. Дополнително, американската војска најави распоредување на околу 3.500 војници од 31-та експедициска единица на маринците на Блискиот Исток.Овие пораки дополнително ја засилуваат реторичката ескалација меѓу Техеран и Вашингтон, во услови на веќе сериозна воена и политичка напнатост во регионот.

Свет | пред 1 ден

media-librarypv97hgpq5nrseUhckBF

Истражување: САД посиромашни од Европа според ново мерење

И покрај повисоките просечни приходи, САД имаат значително повисоко ниво на „просечно сиромаштво“ во споредба со водечките европски економии, покажува ново истражување на економистот Оливие Стерк од Универзитет Оксфорд.Според анализата, на просечен Американец му се потребни 63 минути за да заработи еден меѓународен долар, што е речиси двојно повеќе од Германија (26 минути), Франција (31 минута) и Обединето Кралство (34 минути).Истражувањето воведува нов концепт – „просечно сиромаштво“, кој не се базира на класични прагови, туку на времето потребно за заработка на одредена вредност. Овој пристап, според авторот, подобро ја отсликува реалната распределба на доходите во општеството.Иако економијата на САД бележи раст, сиромаштијата во оваа мерка се зголемува. Причината, според Стерк, е растечката нееднаквост.„Во САД, нееднаквоста расте побрзо од приходите, што значи дека сè поголем дел од населението има ниски примања“, објаснува тој.За разлика од тоа, во европските земји нееднаквоста останува релативно стабилна, па економскиот раст директно придонесува за намалување на сиромаштијата.Податоците покажуваат дека од 1990 година до денес, времето потребно за заработка на еден долар во САД се зголемило за 47 проценти, додека во Европа се намалило.Истражувањето заклучува дека клучниот фактор не е само растот на економијата, туку начинот на кој се распределува богатството – при што САД остануваат една од најнееднаквите економии меѓу развиените земји.

Свет | пред 1 ден

media-librarykh14r29pgftf0jWN4VJ

Венс прв, Рубио веднаш зад него – борба за наследник на Доналд Трамп

Потпретседателот на САД, Џеј Ди Венс, повторно води во анкетата спроведена на CPAC, но значителен раст бележи и Марко Рубио, што отвора нова динамика во Републиканската партија во пресрет на изборите во 2028 година.Според резултатите, Венс освоил 53 отсто од гласовите, што е пад во однос на минатогодишните 61 отсто, додека Рубио скокнал на 35 отсто поддршка, откако претходно бил речиси незабележлив во истата анкета.Иако истражувањето не е репрезентативно за целото гласачко тело, туку се однесува на учесниците на конференцијата, резултатите се сметаат за индикатор за расположението во базата на конзервативците.Подемот на Рубио се поврзува со неговата активна улога во администрацијата на Доналд Трамп, особено во контекст на надворешната политика и воените и дипломатските активности поврзани со Иран, Венецуела и Куба.Од друга страна, Венс во последниот период е помалку експониран, а неговите претходни ставови против нови воени конфликти отворија прашања кај дел од поддржувачите за неговата позиција во однос на актуелните случувања.Меѓу дел од помладите конзервативци се појавува и желба за нови лица, наместо повторување на истите политички комбинации, но сепак Венс задржува силна поддршка, особено поради неговата лична приказна и блискоста со гласачката база.Во исто време, отсуството на Трамп од конференцијата – првпат по една деценија – дополнително ја засили дебатата за тоа кој ќе биде негов политички наследник. Иако тој јавно не поддржал никого, неговото мислење се смета за клучно во идната трка.Покрај Венс и Рубио, останатите потенцијални кандидати, меѓу кои Тед Круз, Рон Десантис и Ренд Пол, имаат минимална поддршка во оваа анкета.Резултатите упатуваат на можно формирање на ново ривалство во рамки на партијата, но и на сценарио во кое Венс и Рубио би можеле да се најдат на иста изборна листа, како потенцијален победнички тандем за 2028 година.

Свет | пред 1 ден

media-library928rb7fvg2d00Q6SeWy

Војната со Иран ја открива слабоста на непредвидливата стратегија на Трамп

Претседателот Доналд Трамп тврди дека САД победуваат во војната со Иран, и покрај тоа што на Блискиот Исток се испраќаат илјадници дополнителни американски војници. Тој ги критикуваше другите држави за недоволна поддршка, но потоа рече дека неговата земја не се нуждае од таква помош.Двапати ги одложи роковите што ги постави за Иран околу повторното отворање на Ормускиот теснец, и се закани дека ќе ги „уништи“ иранските енергетски постројки ако важниот пловен пат остане затворен, додека истовремено тврди дека затворањето на теснецот „не ги погодува САД“.Историчари и поранешни официјални лица предупредуваат дека Трамп често ја разубавува вистината за војната, прикажувајќи ја ситуацијата како успешна, додека реалноста е далеку покомплексна. Леон Панета, кој служел како секретар за одбрана и директор на ЦИА, вели дека „вистината станува првата жртва“ во секоја војна, и дека Трамп вовел пракса на постојано лажење за текот на конфликтот.Аналитичари забележуваат дека стилот на претседателот – честа непредвидливост и промена на реториката – создава политичка конфузија и ги држи противниците и сојузниците во постојана неизвесност. За критичарите, тоа покажува дека нема долгорочна стратегија, додека за Трамп, непредвидливоста е дел од стратегијата за влијание.Републиканските поддржувачи остануваат главно лојални, но анкети покажуваат дека долгорочниот конфликт на Блискиот Исток може да предизвика незадоволство, особено ако се испраќаат копнени сили. Само 20% од републиканците поддржуваат ставање на копнени трупи во Иран, иако 63% го одобруваат воздушното бомбардирање на воени цели.Повеќе членови на Конгресот изразија загриженост за долгорочните последици, финансиските трошоци и неопределеноста во стратегијата, додека Трамп продолжува да ја менува реториката и да ја прикажува ситуацијата како победничка.Според некои аналитичари, ваквиот пристап можеби има тактичка цел – да ја зголеми несигурноста кај иранските лидери – но ризикот за политичката стабилност и за изборната поддршка во САД е висок.

Свет | пред 2 дена

media-library2e9baqigp61uc7nGqE3

Низ САД се планираат масовни протести против Трамп

Илјадници протести под слоганот „Нема кралеви“ се очекуваат денеска ширум Соединетите Американски Држави, насочени против политиките на претседателот Доналд Трамп и неговата администрација.Организаторите најавуваат повеќе од 3.200 собири во сите 50 сојузни држави, со очекување дека станува збор за најголемите еднодневни демонстрации во историјата на земјата. Главните протести ќе се одржат во Њујорк, Лос Анџелес, Вашингтон и Минеаполис.„Вистинското прашање на оваа мобилизација не е само колку луѓе протестираат, туку каде сè протестираат“, изјави коосновачката на организацијата Индивизибл, Леа Гринберг, која стои зад протестите.Од Белата куќа, портпаролката Абигејл Џексон ги нарече протестите „терапевтски состаноци на пореметени антитрамповци“.Претходните слични собири привлекоа милиони учесници и беа поттикнати од мерките на имиграциските власти и распоредувањето на Националната гарда во поголемите градови. Според организаторите, денешните протести се насочени и против американско-израелското бомбардирање на Иран.

Свет | пред 2 дена

media-librarytl776dvtqhiq1K4tM1H

Далтон: САД и Иран сакаат договор, но бараат премногу

И покрај постоењето волја за договор, САД и Иран поставуваат преголеми барања едни кон други, што ја намалува можноста за смирување на кризата, предупреди поранешниот британски амбасадор во Иран, Ричард Далтон.Тој оцени дека и двете страни покажуваат интерес за постигнување договор, но клучниот проблем остануваат нивните позиции.„Како агресори, Израел и Соединетите Американски Држави мора да го повлечат првиот потег и да ги намалат своите барања до ниво на кое може да се земат предвид интересите на остатокот од светот и иранскиот народ“, изјави Далтон.Според него, без поголем реализам, преговорите нема да дадат резултат.„Ако нема повеќе реализам во единствениот можен пат за решавање на проблемот во Ормускиот теснец, а тоа се преговорите, наместо смирување на тензиите ќе сведочиме на нивна понатамошна ескалација“, предупреди Далтон.Изјавата доаѓа во време на зголемени тензии во регионот, каде дипломатските напори се соочуваат со сериозни пречки поради тврдите позиции на вклучените страни.

Свет | пред 2 дена

media-librarypkqinl1pfe508aSuJ0v

Обезбедувач на сопругата на Бајден се самоповредил со сопственото оружје

Агент на американската Тајна служба, кој бил дел од обезбедувањето на поранешната прва дама Џил Бајден, случајно се прострелал во ногата на меѓународниот аеродром во Филаделфија.Инцидентот се случил во петокот наутро, нешто по 8:30 часот, додека агентот ракувал со службеното оружје во рамки на безбедносна задача.„Во петокот наутро, нешто по 8:30 часот, агент на американската Тајна служба на должност се здоби со повреда која не е опасна по живот, поради ненамерно испукување додека ракувал со службено оружје на аеродромот во Филаделфија за време на заштитна задача“, изјави портпаролот на Тајната служба, Ентони Гулиелми.Агентот веднаш добил медицинска помош на местото на настанот, по што бил пренесен во болница, каде се наоѓа во стабилна состојба и под лекарски надзор.Случајот ќе биде предмет на истрага од страна на Канцеларијата за професионална одговорност во рамки на агенцијата.Во моментот на инцидентот, Џил Бајден се наоѓала на аеродромот, но не била во непосредна близина на местото каде што се случило прострелувањето.

Свет | пред 2 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања