Војна под земја: САД користат бомби за пробивање бункери
САД во нападите врз ирански позиции во близина на Ормускиот теснец користеле т.н. „bunker-buster“ бомби тешки околу 2.270 килограми – специјализирано оружје наменето за уништување длабоко закопани воени цели.Иако од американската Централна команда (CENTCOM) не откриваат точен модел, во игра се две најверојатни варијанти: GBU-28 и поновата GBU-72 Advanced 5K Penetrator, при што аналитичарите сметаат дека најверојатно е употребена токму GBU-72.Станува збор за високопрецизна бомба од типот JDAM, која се наведува кон целта преку сателитска (GPS) и инерцијална навигација. Нејзината клучна предност е способноста да пробие бетон, карпа и утврдени подземни структури пред да експлодира, што ја прави идеална за напади врз бункери, складишта и ракетни силоси.GBU-72 е развиена со цел да ги неутрализира современите воени закани кои се кријат под земја, а може да се користи не само од стратешки бомбардери, туку и од борбени авиони како F-15E Strike Eagle, што овозможува поголема оперативна флексибилност.Употребата на вакво оружје укажува дека Иран значаен дел од својата воена инфраструктура – особено ракетните системи и беспилотните летала – ги чува во длабоко утврдени и заштитени подземни објекти.И покрај интензивните напади од САД и Израел, иранските сили и натаму демонстрираат способност за одговор, вклучително и користење балистички ракети со повеќекратни боеви глави, како и индиции за употреба на касетна муниција.
Свет | пред 1 седмица