Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

САД

Screenshot-2025-08-15-at-20.07.31

Трамп во ОН: „Срамота е што НАТО работи со Русија, Европа оди кон пропаст“

Американскиот претседател Доналд Трамп одржа обраќање на 80. заседание на Генералното собрание на Обединетите нации во Њујорк, зборувајќи речиси четири пати подолго од предвиденото. Неговиот говор беше препознатлив по лични пораки, остри критики кон европските држави, напад врз климатската наука и обвинувања на сметка на самата организација.Трамп го отвори говорот со шега за технички проблем со телепромптерот, по што тврдеше дека под негово водство САД влегле во „златна ера“, со пониски трошоци за енергија, храна и кредити, победена инфлација и рекордни нивоа на берзата. Тој ја обвини претходната администрација на Џо Бајден за „четири години слабост, беззаконие и радикализам“.Голем дел од говорот беше посветен на Русија и Украина. Трамп ги обвини европските држави, дури и членки на НАТО, дека продолжуваат да увезуваат руска нафта и гас, додека истовремено ја поддржуваат Украина.„Финансирате војна против самите себе. Тоа е срамота“, рече тој, најавувајќи нова рунда американски царини против Москва доколку не се постигне мировен договор, но нагласувајќи дека тие мерки ќе бидат ефективни само ако и Европа ги прифати.Трамп ги нападна европските држави и поради миграциските политики, велејќи дека„Европа е преплавена од илегални имигранти какви никогаш досега не се виделе“ и дека „земјите одат кон пропаст“.Посебно се обиде да ја дискредитира климатската наука и обновливите извори на енергија, нарекувајќи ги „зелена измама“.„Ако продолжите со оваа превара, вашите држави ќе пропаднат. Климатските промени, тоа е најголемата измама направена врз светот“, изјави Трамп, наведувајќи ја Европа како пример за последици од „погрешни зелени политики“.Обраќањето заврши со предупредување дека САД ќе останат лидер во борбата против развојот на биолошко оружје, но и со нова порака кон ОН дека „празните декларации не го менуваат светот“.Трамп зборуваше речиси еден час, иако правилата на Генералното собрание предвидуваат ограничување на говорите до 15 минути. Неговиот настап го следеа бројни светски лидери, меѓу кои италијанската премиерка Џорџа Мелони, украинскиот претседател Володимир Зеленски и првата дама Меланија Трамп.

Свет | пред 6 месеци

Screenshot-2025-08-18-at-19.53.36

САД: Ќе ја браниме секоја педа од НАТО-територијата

САД потврдија дека ќе го заштитат територијалниот интегритет на НАТО по серијата случаи кога Русија го наруши воздушниот простор на европски членки на Алијансата.„САД стојат рамо до рамо со своите сојузници во НАТО во справувањето со овие нарушувања на воздушниот простор. Сакам да ја искористам оваа прва прилика да повторам и нагласам дека САД и нашите сојузници ќе ја бранат секоја педа од територијата на НАТО“, изјави американскиот амбасадор во Обединетите нации, Мајк Волц, на денешната вонредна седница на Советот за безбедност во Њујорк.Тој оцени дека Русија мора веднаш да престане со „опасното однесување“ и наместо тоа да бара начини за деескалација. „Очекуваме Русија да избере пат на преговори, а не ризици кои можат да доведат до проширување на конфликтот“, додаде Волц.Амбасадорот потсети дека американскиот претседател Доналд Трамп вложил „огромно време и напор“ за ставање крај на „ужасната војна меѓу Русија и Украина“, и дека Москва треба директно да преговара со Киев за запирање на војната.Во петокот, Естонија објави дека три руски борбени авиони 12 минути го нарушувале нејзиниот воздушен простор, што Москва го негира. Само една недела претходно, десетици руски беспилотни летала влегоа во полскиот воздушен простор за време на нападите врз Украина, а дел од нив беа соборени од полската армија и сојузничките сили на НАТО. Останки од дроновите беа пронајдени во источниот и централниот дел на Полска.Сличен инцидент регистрира и Романија, откако руски дрон навлезе во нејзиниот воздушен простор. Полска, Естонија и Романија се членки на НАТО.

Свет | пред 6 месеци

Screenshot-2025-08-15-at-20.07.31

Политико: Трамп ја разнебитува американската дипломатија

Американскиот претседател Доналд Трамп вети реформа на дипломатијата на САД, но според проценките на упатените, неговата администрација всушност ја разорува до таа мера што го поткопува глобалното влијание на Вашингтон. Осум месеци по почетокот на неговиот втор мандат, повеќе од половина амбасадорски позиции се уште не се пополнети, а голем дел од водечките места во Стејт департментот се покриени привремено, често од лица без соодветно искуство, пишува Politico.Многу дипломати, особено оние во странство, велат дека се исклучени од креирањето политики и дека се принудени да спроведуваат збунувачки инструкции од администрацијата. Стравот од санкции, откази или загубени унапредувања е толку голем што дел од нив избегнуваат дури и да укажат на проблеми.„За време на првиот мандат ќе рековме: ‘Ова не е во ред, мора да и кажеме на Белата куќа.’ Сега тоа го нема. Оваа администрација едноставно не се интересира“, изјавил еден функционер на Стејт департментот за Politico.Дипломатите предупредуваат дека се воведува атмосфера на тестирање лојалност, наместо професионализам. Според извештаите, на некои вработени им било наредено за „сензитивни теми“ да разговараат само лице в лице, поради сомнежи дека Стејт департментот користи софтвер за надзор на комуникациите.Министерот за надворешни работи Марко Рубио воведе критериум – „верност кон целите на администрацијата“ – како фактор при унапредувања, што предизвикува дополнителна вознемиреност меѓу дипломатите.Од 195 амбасадорски места, 110 се непополнети. За повеќе од 60 позиции администрацијата воопшто нема предложено кандидати, што сериозно ја намалува способноста на САД да ја спроведуваат својата надворешна политика. Странски лидери, поради дипломатски протокол, често избегнуваат средби со привремени претставници.Администрацијата на Трамп и Рубио воведува нови приоритети: построга имиграциска политика, намалено внимание на човековите права и демократија, и засилен фокус на промоција на американските компании. Истовремено, голем број искусни дипломати се отстранети, а на нивни места доаѓаат помалку квалификувани кадри, што дополнително ја ослабува институцијата.Politico оценува дека американската дипломатија се претвора во „помошна служба“ која само спроведува наредби, наместо да биде креатор на идеи и политики. Според критичарите, ваквиот курс не само што ја ослабува традиционалната улога на Стејт департментот, туку и сериозно го еродира глобалниот кредибилитет на САД.

Свет | пред 6 месеци

Screenshot-2025-06-24-at-09.17.14

Трамп бара агресивни истраги против политичките противници: „Мора да дејствуваат, мора брзо“

Американскиот претседател Доналд Трамп јавно ја повика највисоката правосудна функционерка во земјата, државната обвинителка Пам Бонди, да отвори поагресивни истраги против неговите политички противници.„Не можеме повеќе да одложуваме, тоа ни го уништува угледот и кредибилитетот“, напиша Трамп во објава на социјалните мрежи директно упатена до Бонди, пренесе BBC.Трамп изрази незадоволство дека „ништо не се презема“ и побара истраги против поранешниот директор на ФБИ, Џејмс Коми, државната обвинителка на Њујорк, Летитија Џејмс, и демократскиот сенатор Адам Шиф, кој го водеше неговиот прв импичмент-процес.„Прегледав над 30 изјави и објави кои во суштина велат: ‘истата приказна како и минатиот пат, само приказни, без акција. Што е со Коми, со Адам „Лукавиот“ Шиф, со Летитија??? Сите се виновни, а ништо не се презема’“, порача Трамп.Тој додаде дека Бонди би можела „да остане запаметена како една од најдобрите државни обвинителки на сите времиња“.Изјавите на Трамп предизвикаа остри реакции кај демократите. Лидерот на демократското малцинство во Сенатот, Чак Шумер, предупреди дека „ова е пат кон диктатура“.„Министерството за правда отсекогаш било силна државна институција, без разлика кој бил на власт. Сега Трамп го претвора во инструмент за прогон на неговите непријатели – виновни или не“, изјави Шумер за CNN.Повикот на Трамп доаѓа само ден по оставката на федералниот тужител Ерик Сиберт, кој претходно одбил да покрене постапка против обвинителката Летитија Џејмс за наводна хипотекарна измама. „Сиберт доби отказ, а случајот е ГОЛЕМ“, тврди Трамп.„Њујорк тајмс“ објави дека истрагите не нашле доволно докази против Џејмс, која пак обвинувањата ги оцени како „неосновани и мотивирани од одмазда“.Од 1970-тите наваму, Министерството за правда настојувало да биде независно од Белата куќа. Но, Трамп ја скрши оваа традиција уште во првиот мандат, кога го отпушти тогашниот главен обвинител Џеф Сешнс и подоцна се судри и со наследникот Вилијам Бар.

Свет | пред 6 месеци

zemjotres-avganistan

Авганистан: „Нема договор за враќање на базата Баграм на САД“

Авганистанската влада денеска одговори дека е „неможно“ било каков договор за враќање на поранешната американска база Баграм, откако американскиот претседател Доналд Трамп вчера се закани со санкции доколку тоа не се случи.„Во последно време некои луѓе велат дека започнале преговори со Авганистан за враќање на базата Баграм. Но договор дури и за еден квадратен сантиметар авганистанска територија е невозможен,“ изјави Фасихудин Фитрат, началник на кабинетот на Министерството за одбрана, пренесоа локалните медиуми.Трамп претходно на платформата Truth Social порача:„Доколку Авганистан не ја врати базата Баграм на оние кои ја изградија, значи на САД – ЛОШИ РАБОТИ ЌЕ СЕ СЛУЧАТ!“Фитрат, не споменувајќи директно САД, објасни дека „некои луѓе“ сакаат повторно да ја заземат базата преку „политички договор“, но нагласи: „Не ни треба тоа.“Базата Баграм, најголемата авганистанска воздухопловна база, беше клучен центар на западните воени операции предводени од САД против талибанците, сѐ до нивното враќање на власт во 2021 година.Трамп за време на државната посета на Велика Британија неочекувано ја спомена идејата за повторно американско преземање на контролата врз Баграм, наведувајќи дека базата е „само еден час оддалечена од местото каде што Кина гради свое нуклеарно оружје“.На новинарско прашање во Белата куќа дали планира да испрати американски сили да ја заземат базата, Трамп одговори: „Не сакаме сега да зборуваме за тоа, но преговараме со Авганистан. Ја сакаме базата назад и тоа веднаш. А ако не ни ја вратат – ќе дознаете што ќе преземам.“

Свет | пред 6 месеци

peskov-putin1

Песков: Путин и Трамп имаат интерес за мирно решение на украинското прашање

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјави дека рускиот претседател Владимир Путин, како и американскиот претседател Доналд Трамп, задржува интерес и отвореност за насочување на целата украинска ситуација кон мирно решение.„Русија очекува дека САД и претседателот Трамп лично ќе вложат напори за да помогнат во ова прашање. Потоа ќе видиме што ќе произлезе од тоа,“ рече Песков во интервју за телевизијата Русија 1, пренесува ТАСС.Тој додаде дека за време на официјалната посета на Трамп во Велика Британија оваа недела, Лондон детално го информирал за своите планови да продолжи со притисокот врз Русија и дополнително да ги заостри санкциите.„Тоа не е нешто што ќе придонесе за решение,“ оцени Песков, кој ја нарече Велика Британија еден од лидерите на „проратниот табор“.Според него, претседателот Трамп во Британија веројатно слушнал многу за плановите за продолжување на притисокот врз Русија, за зајакнување на, како што ги нарече, „незаконските санкции“ и за обиди да се спречи Русија на секој можен начин, пренесува РИА Новости.

Свет | пред 6 месеци

TikTok

САД ќе имаат контрола врз ТикТок: шест од седум директори Американци

Белата куќа соопшти дека тековните преговори со Пекинг предвидуваат во управниот одбор на TikTok во САД да има седум членови, од кои шест ќе бидат Американци.„TikTok ќе биде во мнозинско американско сопствеништво. Во одборот ќе бидат седум членови, од кои шест Американци,“ изјави портпаролката на претседателот, Каролин Левит, за Fox News.Таа додаде дека податоците и приватноста на корисниците ќе ги надгледува американската технолошка компанија Oracle, а алгоритмот исто така ќе биде под контрола на САД.„Сите овие елементи се веќе договорени меѓу странките и останува само формализација,“ рече Левит, истакнувајќи дека тоа се очекува „во наредните денови“.Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека договорот ќе го финализираат „големи американски домољуби, луѓе кои ја сакаат својата земја и се технолошки потковани“. Ден претходно, по телефонски разговор со кинескиот претседател Си Џинпинг, Трамп порача дека потпишувањето на договорот може да биде „пука формалност“.Од кинеска страна, нема официјални коментари по разговорите на двајцата претседатели. Си Џинпинг само апелирал САД да обезбедат „отворена, фер и недискриминирачка бизнис средина за кинеските компании што инвестираат во Америка“.Преговорите се водат во контекст на американскиот закон што предвидуваше забрана за TikTok во САД поради наводни ризици за националната безбедност. Од враќањето на власт, Трамп бара начин апликацијата да остане активна, но со тоа што американските операции би се продале на конзорциум од инвеститори, меѓу кои и неговиот сојузник, Лери Елисон од Oracle.Според пишувањето на Wall Street Journal, американската влада очекува провизија од неколку милијарди долари за нејзината улога како посредник во преговорите.

Свет | пред 6 месеци

Screenshot-2025-08-15-at-22.40.57

Човек на Трамп: Путин сака да го обнови Руското Царство – мора да го запреме

Генерал-полковник Кит Келог, ветеран од Виетнамската и Заливската војна, денес е помошник на американскиот претседател Доналд Трамп и специјален претседателски изасланик за Украина. Во интервју за The Telegraph, Келог изнесе остри оценки за Владимир Путин и предупреди на опасностите од руската експанзија.„Путин е агент на КГБ. Никогаш не престана да биде еден од нив. Тој е манипулатор. Се прави дека не зборува англиски, а ние го фативме неколку пати дека всушност зборува. Единствено оружје против ваков човек е силата,“ изјави Келог.На прашањето дали Русија, доколку ја освои Украина, би нападнала земја-членка на НАТО, Келог одговори без двоумење:„Апсолутно. Путин сака да го обнови Руското Царство. Историјата е јасна – тоа ме потсетува на Хитлер во 1938 година кога бараше Судети, па Порајне, Полска, а потоа почна Втората светска војна. Историјата не се повторува, но се римува. Затоа мора да го запреме – сега.“Келог го опиша Путин и како „реалист“ кој, ако се зголеми улогот, ќе отстапи.„Путин е во заблуда дека победува во оваа војна. Трамп му дава време и простор за преговори, но картите се сè уште во наши раце,“ нагласи тој.Според него, приоритетот е прекин на огнот:„Трамп претпочита мировни преговори, јас прво прекин на огнот – затоа што еднаш кога ќе застане, тешко е повторно да започне.“81-годишниот генерал оцени дека руските загуби во Украина – мртви и ранети – веќе надминуваат еден милион. Тој и порача на Европа дека мора да се подготви за поддршка на Украина и без американска помош, додавајќи дека тоа не значи целосно повлекување на САД, туку потреба Европа да „стои на свои нозе“.

Свет | пред 6 месеци

Screenshot-2025-08-15-at-20.07.31

Суд во САД ја отфрли тужбата на Трамп против New York Times: „85 страници се премногу“

Сојузен суд во САД ја отфрли тужбата за клевета што претседателот Доналд Трамп ја поднесе против New York Times, оценувајќи дека е „непотребно долга и детална“.Судијата Стивен Меридеј од окружниот суд на Флорида му даде на Трамп рок од 28 дена да ја преработи тужбата, која во моменталната форма има 85 страници иако се однесува само на два случаи на наводна клевета.„Тужбата мора да биде правична, прецизна, директна и економична,“ наведе судијата во образложението. Тој додаде дека „тужбата не е мегафон за односи со јавноста“ и препорача новата верзија да не надминува 40 страници.Трамп ја најави тужбата во понеделник, тврдејќи дека весникот со години го клевети и бара отштета од 15 милијарди долари. „New York Times со години лаже и ме оцрнува, и тоа мора веднаш да запре,“ објави Трамп на својата мрежа Truth Social.Од New York Times ја отфрлија тужбата како неоснована, наведувајќи дека „нема правна тежина“ и претставува обид да се обесхрабри независното новинарство. „New York Times нема да биде заплашен со закани. Ќе продолжиме да известуваме за фактите без страв и фаворизирање, бранејќи го правото на новинарите да поставуваат прашања во име на американската јавност,“ соопшти редакцијата.Случајот е еден од неколкуте што повторно ја отворија дебатата во САД за слободата на говор и односот меѓу политичарите и медиумите.

Свет | пред 6 месеци

media-librarys409uua76iuiauBT04U

Американска армија: Убиен висок лидер на ИСИС во Сирија, планирал напади врз САД

Американската армија денеска соопшти дека во рација во Сирија е убиен висок припадник на Исламската држава, кој, според информациите, планирал напади врз САД.Ирачката антитерористичка служба претходно информираше дека во координација со меѓународната коалиција предводена од САД, во Сирија е ликвидиран високорангиран лидер на организацијата.Според соопштението на американската војска, убиен е Омар Абдул Кадер, познат и како Абдул Рахман ал-Халаби, кој бил одговорен за надворешни операции и безбедност на групата. Тој бил обвинет за организирање и надгледување напади во повеќе земји, вклучително и бомбашкиот напад врз иранската амбасада во Либан, како и за планирање операции во Европа и САД кои биле спречени со разузнавачки активности.Не е познато дали во акцијата имало цивилни жртви.Американското Централно командување (CENTCOM) изврши неколку напади врз припадници на Исламската држава во Сирија, а американски официјални лица предупредија дека групата се надева на враќање во земјата по падот на сирискиот претседател Башар ал-Асад во декември минатата година.

Свет | пред 6 месеци

803_dmitrij-peskov-shutterstockcom-id1974_f

Кремљ: Трамп е емотивен околу Украина – и тоа е разбирливо

Кремљ соопшти дека претпоставува оти американскиот претседател Доналд Трамп и понатаму вложува напори за изнаоѓање решение за конфликтот во Украина, и покрај неговата изјава дека рускиот претседател Владимир Путин го „изневерил“ со своите постапки.Трамп неколку пати досега изрази разочараност поради продолжените руски напади врз украински цели, иако, како што тврди, се обидувал да посредува во пронаоѓање мирно решение. Во четвртокот, на заедничка прес-конференција со британскиот премиер Киер Стармер, Трамп изјави дека се чувствува „изневерен“ од Путин.„Претседателот Трамп е, да речеме, прилично емотивен околу оваа тема. Тоа е сосема разбирливо,“ изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, цитиран од руската новинска агенција РИА.Тој додаде дека Москва претпоставува оти и понатаму постои политичка волја и намера од страна на Трамп и на САД да се вложат напори за олеснување на решението за Украина.Рускиот претседател Владимир Путин и други високи функционери во повеќе наврати ги пофалија обидите на Трамп да најде решение за украинското прашање и да организира средби на високо

Свет | пред 6 месеци

media-library480ek70qcc7n4vSXJN6

Најдени текстуални пораки: Робинсон признава, Бенон сомнева — истрагата за убиството на Чарли Кирк се шири

Обвинителите во Јута објавија дека има текстуални пораки во кои 22-годишниот Тајлер Робинсон, осомничен за убиството на конзервативниот активист Чарли Кирк, наводно признава дека го убил Кирк на кампусот на Универзитетот Јута Вали и ја објаснува мотивацијата како „заситеност од неговиот говор на омраза“, јави британскиот таблоид Daily Mail, кој објави дел од пораки.Според обвинителите, пораки и други дигитални траги се дел од материјалот што ќе се користи во истрагата и евентуално во обвинението. Робинсон е официјално обвинет и доколку биде прогласен за виновен може да се соочи и со смртна казна.Дел од јавноста и политичките актери реагираат по објавата. Поранешниот советник на Доналд Трамп, Стив Банон, во својот подкаст изрази сомнеж во автентичноста и целосноста на текстуалните пораки, опишувајќи ги како „премногу сценарирани“.„Не верувам особено во тие текстуални пораки… Мора да стигнеме до дното на ова“, рече Банон и повика на поширока истрага за можни врски со екстремистички групи. Тој го поврза случајот со други инциденти и најави дека треба да се испитаат и групи како Антифа.Директорот на ФБИ, Кристофер (Кеш) Пател, рече дека агенцијата ја разгледува комуникацијата на платформата Discord поврзана со осомничениот и дека сите учесници во онлајн собата ќе бидат испитани. Гувернерот на Јута, Спенсер Кокс, порано изјави дека истрагата укажува на политички мотив и дека се работи на целосно расветлување на настанот.Откако беше уапсен, според извештаите, Робинсон, според полицијата, бил предаден делумно со помош на членови на семејството, а истрагата ги вклучува и разговорите со блиските и со цимерот, чија комуникација со осомничениот дала траги клучни информации.Медиумските личности и политичарите од различни страни ги повикаа властите на транспарентност и целосно објаснување на околностите околу убиството. Истражната постапка продолжува, а обвинителството најави дека ќе ги испита сите релевантни дигитални и физички докази.

Свет | пред 6 месеци

media-library2gfi0k7sdk4819EqReW

Трамп ја нападна ABC поради суспензијата на Кимел

Американскиот претседател Доналд Трамп повторно отвори жестока дебата околу слободата на медиумите, откако изјави дека на некои телевизиски мрежи би им требало да им се одземат лиценците. Изјавата ја даде во авион „Ер форс уан“ при враќањето од посета на Велика Британија, директно коментирајќи ја суспензијата на популарниот ТВ-водител Џими Кимел.Кимел, кој со години ја води вечерната емисија „Jimmy Kimmel Live!“ на ABC, беше повлечен од етерот на неопределено време, откако во монолог коментираше за убиството на конзервативниот инфлуенсер Чарли Кирк.„Даваат само лош публицитет. Добиваат лиценца, а мислам дека можеби треба да им се одземе,“ изјави Трамп, тврдејќи дека медиумите се 97% негативно настроени кон него.Претседателот на FCC, Брендан Кар, порача дека суспензијата на Кимел не е „крај на приказната“

Свет | пред 6 месеци

Screenshot-2025-09-17-at-10.21.13

(Видео) Убиецот на Чарли Кирк се појави во суд, обвинителите ќе бараат смртна казна

Човекот обвинет за убиството на Чарли Кирк признал дека го убил десничарскиот активист во порака до својот цимер, објавија обвинителите, додека ги претставуваа седумте обвиненија против него.Тајлер Робинсон, 22, оставил порака под тастатурата за неговиот цимер, изјави обвинителот на округот Јута, Џефри Греј. Тој додаде дека цимерот бил романтичен партнер на обвинетиот.Според Греј, во пораката пишувало: „Имав можност да го убијам Чарли Кирк и ќе ја искористам“.https://youtu.be/pQ4gYqoRfq8Обвинителот, исто така, споделил текстуални пораки меѓу цимерите, вклучувајќи една во која обвинетиот наводно рекол дека го застрелал Кирк затоа што „му било премногу од неговата омраза“.Осомничениот е задржан без кауција во специјална станбена единица во затворот во округот Јута. Тој првпат се појави пред судот, појавувајќи се од далечина додека обвинителите ги читаа седумте обвиненија против него.Обвиненијата се тешко убиство, кривично дело пукање со огнено оружје, две точки за попречување на правдата, две точки за манипулирање со сведоци и извршување на насилно кривично дело во присуство на деца.Тие исто така рекоа дека ќе бараат смртна казна за пукањето во Кирк, кој беше убиен со еден истрел испукан од покрив додека зборуваше на Универзитетот Јута Вали во среда.Уапсен минатата недела по 33-часовна потера, обвинетиот не се изјасни ниту призна пред полицијата. Обвинителот, исто така, нагласи дека обвинетиот е невин додека не се докаже дека е виновен и ќе се соочи со судење од порота.Тој откри мноштво докази на прес-конференција во вторник, вклучувајќи го наводното признание на обвинетиот и ДНК пронајдена на чкрапалото на пушката за која се сомнева дека е употребена во злосторството.

Свет | пред 6 месеци

kirk

Убиецот на Чарли Кирк и понатаму молчи – утре пред суд: Се проверува дали трансродовиот цимер е мотивот

Осомничениот за убиството на конзервативниот активист Чарли Кирк, 22-годишниот Тајлер Робинсон, засега одбива соработка со истражителите и не дал никакво признание, соопшти гувернерот на Јута, Спенсер Кокс. Обвинителството сè уште ги реконструира неговите движења и контакти, а првото рочиште е закажано за вторник. Убиството на Кирк, кој беше застрелан за време на јавен настан на Универзитетот Јута Вели во Орем, предизвика жестоки дебати во САД за политичкото насилство и радикализацијата преку интернет.Во меѓувреме, низ повеќе американски градови се одржуваат бдеења во чест на 31-годишниот Кирк, близок сојузник на Доналд Трамп. Неговата вдовица најави масовна комеморација и порача дека ќе ја продолжи неговата мисија.Обвиненијата против РобинсонТајлер Робинсон е задржан без кауција во окружниот затвор во Јута и утре треба да се појави пред суд. Се соочува со обвиненија за убиство и попречување на правдата, а главниот обвинител на Јута, Дерек Браун, изјави дека „сите опции се разгледуваат“, не исклучувајќи ја можноста за барање смртна казна.Робинсон е сместен во специјално одделение каде внимателно се следи и е подложен на проценка на менталното здравје – мерки што се применуваат во случаи со тешки кривични дела.Потрага по мотивИстражителите се обидуваат да утврдат што го навело Робинсон да пука кон Кирк од покрив. Се разгледува и можноста неговата романтична врска со трансродовиот цимер да имала некаква улога во злосторството.„Партнерот соработува, тој немал поим за она што се случува и моментално помага во истрагата“, изјави гувернерот Кокс.Истрагата опфаќа и белешка што Робинсон ја оставил, како и пораки напишани на чаурите најдени на местото на злосторството. На една од нив пишувало: „Еј, фашисто! Фати го ова!“ Други пораки биле комбинација од интернет мемиња, цитати од видео игри, како и стихови од италијанска антифашистичка песна. Тоа, според истражителите, дополнително го отежнува откривањето на јасен мотив.АпсењетоРобинсон, студент по електротехника во трета година, беше уапсен по 33-часовна потера. Клучна улога одиграл неговиот татко, кој го препознал на снимките од надзорните камери и го убедил да се предаде. Полицијата добила помош и од пораките на „Discord“, каде што Робинсон шеговито напишал дека „двојник“ го извршил злосторството, а цимерот ја споделил содржината со истражителите.Реакции и комеморацииВдовицата на Кирк, Ерика Кирк, во првото јавно обраќање рече: „Ако мислевте дека неговата мисија досега беше силна, немате претстава што ќе следи. Нема да верувате што сте ослободиле во оваа земја.“Бдеења се одржуваат во Њујорк, Висконсин и Јута, каде што голем број студенти му оддаваат почит. Голема комеморативна служба е најавена за 21 септември на стадионот „Стејт Фарм“ во Аризона, кој собира над 63.000 луѓе. На погребот е најавено присуство и на Доналд Трамп.

Свет | пред 6 месеци

Screenshot-2025-08-15-at-20.07.31

(Видео) Трамп ја нарече Русија агресор и најави нови санкции, но со услов за Европа

Американскиот претседател Доналд Трамп во неделата повтори дека е подготвен да воведе нови санкции кон Русија, но ја услови одлуката со посилен одговор од европските држави и НАТО-сојузниците. Тој остро ги критикуваше партнерите поради, како што рече, недоволен придонес кон заедничката безбедност.„Европа купува нафта од Русија. Не сакам да купуваат нафта. Санкциите што ги воведуваат не се доволно остри. Подготвен сум да воведам санкции, но тие ќе мора да ги заострат своите мерки пропорционално на моите“, рече Трамп, додавајќи: „НАТО мора да се обедини, Европа мора да се обедини. Не можеме ние да бидеме единствените што одат полна пареа“.Трамп се осврна и на можноста за директна средба меѓу украинскиот претседател Володимир Зеленски и рускиот претседател Владимир Путин, најавувајќи дека тој самиот можеби ќе мора да се вклучи.„Толку се мразат што не можат да дишат. Мислам дека јас ќе морам да ги натерам да разговараат“, изјави Трамп, додавајќи дека човечкиот данок од војната е „неприфатлив“.🇺🇲🇺🇦🇷🇺 There is boundless hatred between Zelensky and Putin, they hate each other so much that they cannot talk, — TrumpTrump stated that the next stage of negotiations regarding the war in Ukraine should be a trilateral summit.See the latest updates with us: @NSTRIKE1231 pic.twitter.com/oGnfg2iID4— Visioner (@visionergeo) September 15, 2025 За првпат по подолго време, Трамп отворено ја нарече Русија агресор.„Кога сте агресор, обично повеќе губите. Тоа е вистината во секој војна“, рече тој, наведувајќи дека „8000 млади војници загинале само оваа недела“.Изјавите на Трамп предизвикаа реакции на Капитол Хил. Демократскиот конгресмен Адам Смит оцени дека воведувањето царини кон Кина нема да има суштинско влијание врз конфликтот во Украина.„Русија нема никакви легитимни безбедносни причини да ја нападне Украина. Тие го започнаа овој војна и мора да ја завршат“, изјави Смит, повикувајќи на единство на САД и НАТО во поддршката за Киев.Иако Трамп сè почесто користи поостар речник кон Москва, неговиот однос кон Русија и понатаму е извор на контроверзии. Критичарите потсетуваат дека за време на неговиот мандат често бил попустлив кон Кремљ, а дел од заканите со санкции останале само на зборови.

Свет | пред 6 месеци

93407653-32a8-48d7-9585-788b24101080

(Видео) Скандалозна изјава на водител од Fox News: „Дајте им смртоносна инјекција на бездомниците“

Водителот на популарната американска емисија Fox & Friends, Брајан Килмид, предизвика жестоки реакции во јавноста со предлогот бездомниците со ментални проблеми кои одбиваат помош да бидат еутаназирани. Контроверзната изјава се случи за време на дискусија за убиството на украинската бегалка Ирина Заруцка.Ko-водителите Ајнсли Ерхард и Лоренс Џонс разговараа за случајот, посочувајќи дека осомничениот има богатo криминалнo досие и дијагностицирана ментална болест, и требало одамна да биде отстранет од улица. Џонс нагласи дека проблемот со бездомништвото и менталното здравје не е изолиран, туку национален.„Ова се случува низ целата земја, и тоа не е прашање на пари. Потрошени се милијарди, а многумина од нив не сакаат да учествуваат во програмите и ја одбиваат помошта“, рече тој. Според него, решението е строго: „Или ќе ја прифатите помошта што ви ја нудиме, или ќе завршите во затвор.“A Fox News anchor saying "Or involuntary lethal injection or something just kill them" about people living on the streets live on air. This and the dehumanization that comes from this - is what political violence looks like. pic.twitter.com/zWjlhoYJFA— Housing 4 All is Hot (@ahouse4all) September 12, 2025 Во тој момент се вмеша Килмид со радикален коментар: „Или, хм, неволна смртоносна инјекција. Само убијте ги.“ Неговиот шокантен предлог не доби реакција од колегите во студиото, кои продолжија со разговорот како ништо да не се случило.Изјавата предизвика силни реакции. Гувернерот на Калифорнија, Гавин Њусом, во саботата реагираше преку социјалните мрежи, цитирајќи библиска изрека: „Кој го затвора увото пред вапајот на сиромавиот, и самиот ќе вика и нема да биде услишан.“Настанот ја отвори дебатата во САД за тоа до каде може да оди јавниот дискурс во медиумите и како ваквите изјави влијаат врз перцепцијата за една од најранливите групи во општеството.

Свет | пред 6 месеци

Нема фотографија

Како ќе реагира Европа на ултиматумот на Трамп?

Американскиот претседател Доналд Трамп во саботата им упати ултиматум на сојузниците во НАТО, барајќи САД да воведат „големи“ санкции кон Русија само доколку сите членки се обврзат на истото и престанат да купуваат руска нафта. Како што јавува CNN, исполнувањето на ваквиот услов би претставувало голема промена во рамките на Алијансата, а отворено останува прашањето дали постои заеднички интерес за вакви чекори.„Подготвен сум да воведам големи санкции кон Русија кога сите земји членки на НАТО ќе се договорат и ќе почнат да го прават истото, и кога сите ќе престанат да купуваат руска нафта. Само кажете кога!“, напиша Трамп на социјалните мрежи, цитирајќи делови од писмото упатено до неговите колеги во НАТО. Тој порача дека купувањето руска нафта од одредени земји е „шокантно“ и дека тоа ја ослабува преговарачката моќ на сојузот.Претседателот упати и дополнително барање: НАТО да воведе високи царини од 50% до 100% на стоките од Кина, кои би биле укинати по завршувањето на војната во Украина. Трамп смета дека ваквата мерка би го забрзала крајот на, како што го нарече, „смртоносниот, но смешен“ конфликт.Европската унија веќе има забрана за поморски увоз на руска нафта и деривати, но дел од земјите и натаму купуваат руски фосилни горива, особено течен природен гас. Дополнителен притисок претставува и фактот што Трамп во своето обраќање не спомена Индија, иако претходно бараше воведување царини и кон неа. Ова го усложнува односот, бидејќи ЕУ е во завршна фаза на трговски преговори со Индија.Со своите барања упатени кон НАТО, а не кон ЕУ, Трамп ги вклучи и земјите како Турција – еден од најголемите купувачи на руска нафта – што дополнително ја нагласува тежината на условите.Во меѓувреме, Русија не покажува знаци на деескалација. Романското министерство за одбрана соопшти дека во саботата пресретнало руски дрон кој влегол во нивниот воздушен простор за време на нападите врз Украина. Украинскиот претседател Володимир Зеленски предупреди дека тоа не е „случајност или грешка“, туку намерно ширење на конфликтот.Инцидентот доаѓа само неколку дена по упадот на руски дронови во полскиот воздушен простор, што ја натера НАТО да најави засилување на одбраната на источниот фронт. Американскиот државен секретар Марко Рубио го оцени случајот како „неприфатлив и опасен развој на настаните“.Европските лидери сега се соочуваат со двоен притисок – од една страна ултиматумот на Трамп, а од друга страна постојаната ескалација на руските провокации. Како ќе реагира Европа на оваа нова динамика, останува отворено прашање.

Свет | пред 6 месеци

tejler-robinson

Од студент со стипендија до осомничен за политичко убиство: Кој е Тајлер Робинсон?

Тајлер Робинсон од Јута, некогаш успешен ученик и стипендист на престижен универзитет, денес е главен осомничен за убиството на конзервативниот активист Чарли Кирк, јавува CNN. Истражителите се обидуваат да откријат што довело до пресврт во животот на младиот човек со ветувачка иднина.Робинсон, кој пораснал во мирно предградие во Сент Џорџ, завршил средно училиште во 2021 година со највисоки оценки. Истата година гордо објавил видео во кое чита писмо за четиригодишна стипендија од Универзитетот Јута Стејт. Но, по само еден семестар го напуштил факултетот и никогаш не се вратил. Подоцна се запишал во технички колеџ за обука на електричари.Мотивот за злосторството сè уште се истражува. Во близина на местото на нападот била пронајдена пушка, а на чаурите биле врежани антиестаблишмент и антифашистички пораки, меѓу кои и стихови од италијанската песна „Бела чао“. Присутни биле и алузии на видео-игри и интернет мемови, што укажува на длабока вклученост во онлајн културата.Сведоштвата за политичките ставови на Робинсон се контрадикторни. Некои поранешни соученици велат дека бил конзервативец и поддржувач на Доналд Трамп, додека други го опишуваат како повлечен, без изразени политички ставови. Регистриран е како независен гласач, но никогаш не гласал.Соседи и познаници го опишуваат како „тивок“ и „незабележлив“, додека неговото семејство, познато по републиканската ориентација, не сака да ја коментира истрагата.Пресвртниот момент настанал кога неговиот татко го препознал на фотографиите објавени од полицијата. При семејна конфронтација, 22-годишниот Робинсон наводно признал, велејќи дека „подобро би се убил отколку да се предаде“. По разговор со семеен пастор, сепак се предал на властите.Досега тој одбива да соработува со истражителите, оставајќи без одговор клучни прашања: како едно „златно дете“ со стипендија и иднина пред себе заврши како осомничен за политички атентат.

Свет | пред 6 месеци

klark-ubiec

Татко го предаде синот: апсење на осомничениот за ликвидацијата на Чарли Кирк во Јута

Мажот осомничен за убиството на конзервативниот активист Чарли Кирк е уапсен во Јута, а клучна улога во неговото предавање одиграл неговиот татко, објави CNN.Според информациите, осомничениот е 22-годишниот Тајлер Робинсон, кој на својот татко му признал дека е одговорен за пукањето. Таткото веднаш ги известил властите, го спречил синот да избега и во соработка со полицијата помогнал при неговото апсење.Гувернерот на Јута, Спенсер Кокс, потврди дека Робинсон е уапсен во четвртокот околу 23 часот по локално време во јужна Јута. „Тој одигра клучна улога – не само што го охрабри синот да се предаде, туку и помогна во процесот на апсење,“ изјави Кокс.Дополнително, во процесот бил вклучен и пастор, кому таткото се обратил за помош, по што бил воспоставен контакт со органите за спроведување на законот.Истрагата открила докази од комуникацијата на Робинсон со неговиот цимер преку платформата „Дискорд“. Според гувернерот Кокс, во пораките се споменувало складирање на оружје, оставање пушка во грмушка, завиткување во пешкир, како и куршуми со гравирање.Робинсон, наводно, му пишувал на цимерот дека треба да се пресоблече по нападот. Цимерот првично мислел дека пораките се шега, но подоцна информациите ги предал на истражителите.Според членови на семејството, Робинсон во последните години станал поактивен политички и изразувал негативни ставови кон Кирк и неговите настапи. „Кирк е полн со омраза и шири омраза,“ изјавил еден од блиските роднини, пренесе гувернерот Кокс.Осомничениот живеел во куќа вредна 600.000 долари во градот Вашингтон, на 420 километри јужно од местото на злосторството. Неговата мајка, Амбер Робинсон, работи во компанија која соработува со државата Јута во обезбедување грижа за лица со попреченост.Очекувањата се дека директорот на ФБИ, Кеш Пател, како и претставници на Јута, во најскоро време ќе се обратат со официјални информации за случајот.

Свет | пред 6 месеци

Screenshot-2025-09-11-084643

(Видео) Даваат знаци кога може да пука во Чарли Крик?

Конзервативниот активист и близок сојузник на американскиот претседател Доналд Трамп, Чарли Кирк (31), бил убиен за време на говор на Универзитетот Јута Вали. Напаѓачот облечен во темна облек од покрив испукал еден истрел кој го погодил Кирк во вратната артерија. Настанот се случил пред околу 3.000 присутни, при што неговото семејство било таму, но не е повредено.- The suspect can be seen running on the roof after firing the shot at charlie kirk. pic.twitter.com/ocTCtj1GQ5— Abebe Samson (@AbebeSamson1) September 10, 2025 Очевидци опишуваат дека Кирк ја кренал раката додека крв блика од неговиот врат, а потоа бил пренесен во болница, каде бил прогласен за мртов. Студентот Портер Лафебер, кој се наоѓал на околу 15 метри од местото, сведочел дека луѓето панично барале засолниште во околните згради. Видеа на социјалните мрежи го прикажуваат хаотичниот момент, а на некои од нив се гледа и напаѓачот како трча по кровот.Во дел од видеата што се споделуваат на социјалните мрежи пишува дека луѓето што стојат зад Крик како да дале точни знаци кога атентаторот може да пукаLooks like the spotters gave the signal to shoot?As far as I understand they waited for the right moment to make a political point, they waited for the moment when Charlie talks about Gun Violence. #CharlieKirkdead They wanted him to be shot while he talks about shootings. pic.twitter.com/hItjElBwhG— Mahalaxmi Ramanathan (@MahalaxmiRaman) September 11, 2025

Свет | пред 6 месеци

Screenshot-2025-08-14-at-22.09.34

Трамп му се закани на Чикаго со воена интервенција, гувернерот го нарече диктатор

Претседателот на САД, Доналд Трамп се закани дека ќе го употреби новоименуваното Министерство за војна во Чикаго.„Чикаго ќе разбере зошто сега се нарекува Министерство за одбрана“, рече Трамп на својата социјална мрежа Truth Social.Објавата на Трамп вклучува негова фотографија генерирана од вештачка интелигенција и цитат: „Го обожавам мирисот на депортација наутро“, реплика од филмот од Виетнамската војна од 1979 година „Апокалипса сега“. Во филмот, репликата ја изговара потполковник Бил Килгор, кој вели дека му се допаѓа мирисот на „напалм“ додека американската војска фрла запалливо оружје врз виетнамски цели.Демократскиот гувернер на Илиноис, каде што се наоѓа Чикаго, изрази негодување поради најавата на Трамп.Демонстрантите против Трамп вчера излегоа на улиците на Чикаго, носејќи транспаренти на кои пишуваше „Стоп на овој фашистички режим!“ и „Не за Трамп, нема војници“. Протестната рута минуваше и покрај Трамповата кула во Чикаго, при што демонстрантите правеа навредливи гестови кон зградата на претседателот додека минуваа.

Свет | пред 6 месеци

brod-venecuela

Венецуела испраќа ловци F-16 над американски разурнувач – расте тензијата со Вашингтон

Венецуела по вторпат во два дена испратила воени авиони во близина на американскиот разурнувач USS Jason Dunham, кој се наоѓал во меѓународни води. Американскиот Пентагон овој потег го оцени како „опасна игра на нерви“.Според американски одбранбени извори, се работи за борбени авиони F-16 кои ноќта меѓу четврток и петок прелетале над разурнувачот опремен со систем Aegis. Иако авионите биле во домет на бродското оружје, американската морнарица не возвратила со оган. Засега не е познато дали венецуелските авиони биле вооружени.Првиот инцидент се случил ден претходно, кога два F-16 прелетале над истиот брод. Тогаш Пентагон оцени дека се работи за „многу провокативен потег“ насочен кон попречување на американските операции против нарко-тероризмот.USS Jason Dunham е дел од флотата американски воени бродови распоредени во регионот за борба против криминални организации и трговија со дрога. Како дополнително засилување, САД испратија и десет борбени авиони F-35 на Карибите.Американскиот претседател Доналд Трамп остро порача дека секое ново приближување на венецуелските авиони ќе има последици: „Ако летаат во опасна позиција, ќе бидат во неволја“, изјави тој. Трамп ја донесе оваа изјава по брифинг со министерот за одбрана Пит Хегсет и со началникот на Генералштабот, генерал Дан Кејн.Тензијата дополнително порасна откако Белата куќа претходно потврди дека американската војска извела напад врз брод осомничен за криумчарење дрога од Венецуела, при што биле убиени 11 лица. Според Вашингтон, бродот го контролирала криминалната група Tren de Aragua, која САД ја имаат прогласено за странска терористичка организација.

Свет | пред 6 месеци

Screenshot-2025-08-18-at-19.53.36

Вашингтон го тужи Трамп за „воена окупација“ на престолнината

Главниот државен обвинител на Дистрикт Колумбија, Брајан Швалб, поднесе тужба до федералниот суд со која бара да се запре распоредувањето на Националната гарда во американската престолнина, што, според него, претставува неуставен потег и кршење на повеќе федерални закони.„Наоружани војници не треба да ги надгледуваат американските граѓани на американска територија. Присилната воена окупација на Вашингтон е прекршување на нашата локална автономија и на основните слободи. Тоа мора да престане“, напиша Швалб на платформата Х.Од јануари, кога повторно ја презеде функцијата, претседателот Доналд Трамп се обидува да ја прошири улогата на војската на американска почва, што критичарите го сметаат за опасно ширење на извршната власт кое може да предизвика судири меѓу армијата и граѓаните.Минатиот месец Трамп распореди трупи на Националната гарда во Вашингтон, нагласувајќи дека тие ќе ја „вратат законитоста, редот и јавната безбедност“. Притоа, тој ја стави и Метрополитенската полиција на Дистрикт Колумбија под директна федерална контрола.

Свет | пред 6 месеци

Screenshot-2025-08-16-at-09.21.21

Русија ќе ѝ помогне на Кина да ја престигне Америка во нуклеарна енергија

Русија ќе и помогне на Кина да ја престигне Америка и да стане најголем светски производител на нуклеарна енергија, изјави за руската државна телевизија Алексeј Лихачов, директор на државната нуклеарна корпорација „Росатом“.Соединетите Американски Држави моментално управуваат со најголемата мрежа на нуклеарни реактори во светот, со речиси 97 гигавати (GW) инсталиран капацитет. Кина, пак, интензивно инвестира во изградба на нови реактори и според податоците на Американската управа за енергетски информации, во април 2024 година имала оперативен капацитет од 53,2 GW.„Кина има амбициозни планови за развој на атомската енергија. Целта е да се стигнат и надминат САД по инсталиран капацитет, што значи да се достигне повеќе од 100 гигавати,“ изјави Лихачов.На прашањето дали Русија ќе и помогне на Кина во реализацијата на оваа цел, тој одговори: „Се разбира. Ќе помогнеме. Веќе помагаме.“Русија досега помогнала во изградбата на четири нуклеарни реактори во Кина и моментално работи на изградба на уште четири. Според Лихачов, амбициозните планови на Пекинг бараат големи количини ураниум и нуклеарно гориво, па затоа Кина ќе треба да развие нова генерација реактори со затворен нуклеарен горивен циклус, базирани на руската технологија.

Свет | пред 6 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања