Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

СДСМ

Screenshot-2024-02-24-at-16.57.46

СДСМ: Министре Тошковски, време е за лична одговорност, поднесете оставка

,,Панче Тошковски под притисок на СДСМ денеска ги потврди сите информации кои ги објавивме за пропустите на граничниот премин Блаце. За овие пропусти има тој лично одговорност и би било крајно несериозно таа одговорност да ја префрла на подредените.Со неговото признание се потврдува дека е направена тешка злоупотреба на граничниот премин Блаце, „пропуштени приватни лица и возила без контрола“, со што скандалот со свадбената поворка на претседателот на Собранието, Африм Гаши доби нови поголеми димензии.Никој нема одговор на прашањето кој се ја поминал границата и што носеле во приватните возила. Овој скандал, не само што потврдува дека безбедноста на границите е нарушена, туку јасно го открива своеволието на Владата на ВМРО-ДПМНЕ и ВЛЕН. Но, ова е пред се голем срам за државата и граѓаните.Уште еднаш повторуваме, министре Тошковски имате 24 часа чесно и доблесно до детал да ги објавите сите информации, во спротивно ќе ги објавиме ние.Обидот одговорноста да се лоцира во раководителот на смена од страна на Тошковски е наивна и не поминува. Затоа што на овој начин вистинските виновници власта на ВМРО-ДПМНЕ и ВЛЕН сака да ги заштити.”, велат од СДСМ.

Македонија | пред 1 година

sdsm-koalicija

СДСМ: ВЛЕН и ВМРО-ДПМНЕ се фатени живи, потврдуваат дека информациите за скандалот со Гаши се точни

,,Нервозните реакции и напади кон СДСМ од страна ВЛЕН и ВМРО-ДПМНЕ, само потврдуваат дека се што објави СДСМ во однос на скандалот на Гаши со земањето невеста од Косово е точно.Наместо да се обидуваат да манипулираат и го пренасочуваат вниманието, треба да одговорат на прашњата кои ги постави СДСМ и за кои јавноста бара одговори. Пред да го објавиме целиот скандал, прашуваме уште еднаш - Кој дозволил приватни возила непречено да ја поминат границата без контрола заедно со Гаши? Кој бил во тие возила? Кој се возел од сватовите заедно со обезебедувањето во државните возила каде никој освен личното обезедување на Претседателот не смее да се вози? Дали се спремни да ги декласифицираат и објават снимките од граничниот премин?Ова се реалните прашања и одговори кои ги очекува јавноста, наместо политизирање. Им даваме 24 часа да ги објават сите детали кои ги кријат за овој случај, во споритвно ќе ги објавиме ние. Ги повикуваме да одговорат на прашањата кои се јавен интерес и да престанат да го обвинуваат СДСМ за своето самоволие.”, велат од СДСМ.

Македонија | пред 1 година

IMG_4082

СДСМ: Ново мафијашко убиство во Скопје, неспособниот Тошковски да си даде оставка

,,За неполни 24 часа се случија две мафијашки пресметки во Скопје, медиумите пренесуваат дека едно лице е убиено утрово на паркингот кај Мавровка, а во синоќешното пукање во Сингелиќ има повредени.Граѓаните се вознемирени и се чуствуваат небезбедно. Ваквите пресметки стануваат секојдневие бидејќи МВР и Тошковски не успеваат да ги најдат сторителите и да ги расчистуваат случаите.За потсетување, во мандатот на Тошковски имаше три убиства и три обиди за убиства а разрешница имаше само за еден случај. Неспособноста на власта на Мицкоски Македонија ја претвори во Див Запад.Криминалните банди буквално хараат, криминалците бегаат од затворите кои се како хотел Промаја, а граѓаните стравуваат за својата безбедност.Нема скандал во изминатите 3 месеци а да не е поврзан со Тошковски и МВР.Тошковски е најнеспособниот министер за внатрешни работи и веднаш треба да си даде оставка.”, велат од СДСМ.

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

Кузеска: Сватовите на Гаши со приватни возила биле пропуштени на граница без контрола

,,Денеска ќе го разоткриеме скандалот со самоволието на коалицискиот партнер на Мицкоски, Африм Гаши, но и јасно ќе ја обзнаниме улогата на МВР во целиот скандал.Она што досега го знае јавноста, е дека партнерот на Мицкоски, Африм Гаши приватно со цела свита обезбедување бил на свадба во Косово со службено возило. Но ова е само мал дел од скандалот за кој денеска ќе ги изнесеме сите информации.Она што се крие од јавноста е уште поголем проблем за кој дебело треба да одговара Тошковски. Станува збор за тешка злоупотреба на граничниот премин Блаце и пропуштање на приватни возила и лица без контрола кои патувале во поворка заедно со Гаши и сватовите.Според информациите кои од свиркачи се доставени до СДСМ, границата со Косово била отворена за службените возила на Гаши, но и за други приватни возила кои исто така биле дел од поворката по невестата.Сите возила, на Гаши, на неговото обезбедување и приватните возила биле пропуштени без конотрла.Според информациите кои ги добивме, поворката пред да ја помине границата била паркирана на една бензинска станица во близина на границата. Потоа, сите возила заедно, вклучително и приватните возила, поминале на лентата за камиони, односно товарен траспорт без да бидат застанити.Да биде скандалот уште поголем, во возилата каде се што се возело обезбедувањето на Гаши, имало и дел од сватовите односно приватни лица што е законски недозволено.Ова значи, дека границата со Блаце била целосно приватизирана за потребите на Гаши и тоа со амин на МВР и одговорните службеници. Со ова е нарушена безбедноста на државата и проверката на патници која е задолжителна со закон.Ова е почитувани граѓани, целосен башибозук и газење на законите, институциите и достоинството на државата. Државната граница се третира како партиска своина на ВЛЕН и ВМРО-ДПМНЕ.Срам за една држава.Прашуваме, кој ја дал наредбата за ова? Дали лично Гаши или Тошковски? Кој од МВР бил одговорен да го организира ова своеволие? Бидејќи, јасно е дека без команда да се пропуштат возилата ова не можело да се случи. Дали контролата на границата кон Косово е целосно препуштена на партиските структури на ВЛЕН?Кој гарантира што се поминало низ границата во приватните возила?СДСМ бара сериозна истрага од Јавното обвинителство и одговорност од сите инволвирани за овој скандал. Бараме Тошковски да си поднесе оставка или да биде разрешен во најкратка постапка.Бараме внатрешна контрола да утврди одговорност на сите кои ги пречекориле овластувањата во МВР, а Јавното обвинителство да понесе соодветни кривични пријави.Почитувани, сега стана јасно зошто ВМРО-ДПМНЕ вчера преку соопштенија го бранеше Гаши за овој скандал. Тоа е затоа што истиот не можел да се случи без поддршка од МВР и раководни структури во министерството. ВМРО-ДПМНЕ и Тошковски се фасцилитатори на ова каубојско однесување и треба да одговараат.”, вели Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ.

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

Кузеска: СДСМ бара одговорност за починатата пациентка која не била примена на интензивна нега на Инфентивна клиника

,,За жал се случи најлошото, имаме смртен случај, пациентка која била во лоша состојба прво не била примена на интензивна нега во Инфективната Клиника, не била примена ниту на Карил, по што починала.За овој скандал мора да има одговорност!Министерот Таравари да не чека како што чекаше вчера туку веднаш да преземе мерки за целосно расчистување на случајот. Но и за средување на состојбата на Инфективна клиника за да не се случи нова жртва.Директорите на Карил и Инфективна клиника треба да излезат пред јавноста и да одоговорат зошто не е примена пациентката.Бараме истрага и одговорност за смртта на пациентката која не била примена на интензивна нега.”, вели Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ.

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

Кузеска: Мицкоски повторно слеп за самоволието на Гаши, МВР да ги покаже налозите

,,Скандалите на Коалицијата ВМРО-ДПМНЕ и ВЛЕН не запираат и секој следен е поскандалозен од претходниот.Најновото своеволие на претседателот на Собранието, Африм Гаши, потврдува дека не само што немаат намера да престанат со прекршување на правилата, туку тоа ќе го прават без да се грижат што мисли јавноста и граѓаните.По објавите на медиумите, дека Африм Гаши приватно со цела свита обезбедување бил на свадба во Косово, денес институциите МВР и Собрание должат повеќе одговори. Вчерашните неуспешни обиди да ја заташкаат веста нема да им поминат.Тошковски и МВР треба во најкус рок да одговорат, дали имал Гаши патен налог и документација со себе за ова одење по невеста?По кој основ бил даден налогот и на колку денови?Бараме налозите, се разбира ако постојат, да се објават во јавноста. Граѓаните веќе не им веруваат на зборовите на Тошковски и МВР, потребни се докази.Понатаму го прашување скандал мајсторот Гаши, да одговори пред граѓаните, дали е етички со службено возило да оди по невеста во Косово?Дали знае дека тој може со приватно возило да патува и покрај тоа што неговото обезбедување може да користи службени возила?Дали знае дека е понижување за државата, вториот човек по ранг да оди по свадби и по невести со службено возило во соседни држави?Свесен ли е Гаши воопшто за важноста и достоинството кое треба да го носи позицијата Претседател на Собрание или го смета тоа за приватна своина?Понатаму го прашуваме Мицкоски, до кога ќе ги гази сопствените ветувања?Зошто го убедуваше народот дека секој политичар од неговата Влада кој се однесува непримерно и несоодветно ќе биде сменет?Или тоа не важи за албанскиот коалициски партнер на ДПМНЕ.Мицкоски ја труеше јавноста и граѓаните дека му е потребен нивниот глас за да ги спаси од самоволието на ДУИ, за на крај прво да направи коалиција со ДУИ и им го надгради балансерот, а потоа да мижи пред понижувањата од ВЛЕН.”, вели Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ.

Македонија | пред 1 година

IMG_4082

СДСМ: Судијата Пајазити е избран за судија во времето на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ

,, Со денови ВМРО-ДПМНЕ се обидува да ја пренасочи одговорноста за избеганиот Рамадани кон судството, без ништо да каже за одговорноста на МВР и Тошковски кои беа задолжени да го обезбедат во куќен притвор.Што се однесува до судијата Пајазити, за кој со денови ВМРО-ДПМНЕ бара смена, според официјалните информации тој е избран токму за време на владеењето на на славната коалиција на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ. Според официјалните информации, Пајазити е избран за судија на 02.01.2013 година.ВМРО-ДПМНЕ, наместо да се обидува да се вади од одговорност во целиот случај, во најкус рок мора да го разреши Тошковски од функцијата Министер за внатрешни работи затоа што одговорноста за бегството е негова. Во најкус бараме МВР да излезе со извештај за тоа кој дозволил Рамадани да избега за така краток рок без да биде соодветено обезбеден. Повеќе од јасно е дека МВР игра клучна улога во неговото ноншалантно бегство и тоа многу брзо ќе се дознае.”, велат од СДСМ.

Македонија | пред 1 година

kovid-ambulanta-klinika-infektivna

Дали е точно дека лица со Ковид на кои им е потребен респиратор не се примаат на интензивна нега на Инфективна клиника?, прашува СДСМ

„Според инфомрациите кои стигаат до СДСМ, во моментов одделот за интезивна нега на Инфективната клиника не работи и не прима пациенти со Ковид на кои им е потребна респираторна поддршка“, велат од СДСМ и додаваат:Според извештај до кој дојде СДСМ, директорот Фадил Цана информирал до Мој Термин дека не работи интензивната нега. Прашуваме дали ова значи дека ако има потреба од респиратор за било кој пациент, истиот нема каде да биде примен? Дали можеби пациенти со ваква здравствена состојба се примаат на Карил? Доколку е тоа случај, тогаш се ставаат пациентите на Карил во огромен ризик.Што прави во моментот Министерството за здравство по ова прашање и дали е точно дека има пациенти кои се вратени, а имале потреба од респираторна поддршка? Очекуваме одговори во најкус рок. Доволно е само еден пациент да не е примен а е во тешка состојба со Ковид и може да донесе жртви од оваа болест.

Македонија | пред 1 година

IMG_4831

Филипче: 35% од оние кои гласаа за ВМРО-ДПМНЕ денес не би гласале повторно за нив

Општото незадоволство од владеењето на Мицкоски и неговата Влада е очигледно вели во интервју за неделникот Фокус, претседателот на СДСМ, Венко Филипче. Во интервјуто, Филипче ги коментира кадровските политика на владата и пропустите кои ги прави Мицкоски и неговата влада како во процесот на реформи, така и во сферата на економијата и надворешната политика на Македонија.„ Според нашите анализи, 35% од граѓаните кои гласале за ВМРО-ДПМНЕ на изборите денес не би го направиле истото. Ова е јасен индикатор дека поддршката за Владата паѓа. Според мене, Владата ги изневери скоро сите клучни ветувања“-вели Филипче.Во интервјуто за неделникот „Фокус“, претседателот на СДСМ, коментира дека од владеењето на Мицкоски разочарани се и работниците, а со економските политики кои ги планираат, стандардот на граѓаните ќе биде уште полош.„Ги разочараа работниците на кои јасно им порачаа дека не се приоритет. Платите со ВМРО-ДПМНЕ нема да растат, додека според нивните економски проекции на БДП, нема да расте ниту економијата. Истовремено, најавуваат даночен рај за најбогатите компании, политика која е исклучително погрешна и целосно несоодветна за 2024 година. Таа носи и ризици по меѓународните финансиски рејтинзи на државата. Ако на ова се додадат огромните задолжувања, но и поскапувањата кои Владата нема намера да ги контролира и амортизира, јасно е дека животниот стандард само ќе тоне“-вели Филипче за неделникот „Фокус“.Коментирајќи ги кадровските политики на новата влада, предводена од Мицкоски, претседателот на СДСМ, Венко Филипче, вели дека тоа е најлошо екипирана влада досега, со секојдневни гафови на министрите поради нивната нестручност и некомпетентност. Што се однесува до надворешната политика, наместо решенија Мицкоски креира нови конфликти со соседите, вели претседателот на СДСМ.

Македонија | пред 1 година

IMG_4082

СДСМ: Пандов и Меџити јасно ја лоцираа одговорноста во МВР за бегството на Рамадани, Тошковски да си поднесе оставка

„Владата на ВМРО-ДПМНЕ сама себе се демантира за секој обид за манипулација и спин во однос на скандалот со бегството на Блерим Рамадани. Последната комедија на оваа тема се вчерашните изјави на Александар Пандов и вицепремиерот Изет Меџити кои јасно посочија дека вината за бегството и информациите како избегал Рамадани треба да се бара во МВР. Има ли пилот во авионот на Владата? Додека Мицкоски се мачи да ја излаже јавноста дека вината е кај судот, неговиот верен поддржувач Пандов вели дека е во МВР. Кој кога залажува овде?“, вели СДСМ и додава:Мицкоски по повеќе скандали се уште го штити Тошковски кој демонстрира страшна неспособност и мора да си поднесе оставка. МВР е претворено во институција која нема контрола над затворениците, над мирот и безбедноста. Ако на тоа се додаде неспособноста на Панче Тошковски да управува со кризата со пожарите, тој не заслужува да биде во Владата.

Македонија | пред 1 година

IMG_5169

Филипче: Кредитот од Унгарија е бизнис план на Мицкоски на штета на граѓаните

Ставање на државата во економско и политичко заложништво на друга земја е многу погрешен чекор. Три поколенија ќе ги враќаат позајмувањата на премиерот Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ зад кои се кријат очигледни матни намери.Според претседателот на СДСМ, Венко Филипче, кредитот од Унгарија е всушност бизнис план на Мицкоски кој со сигурност ќе оди на штета на граѓаните.„Мицкоски обвинуваше за наводно подаништво на СДСМ кон ЕУ, а сега тој лично е најголемиот поданик на Унгарија, земја со отворено происточни тенденции и нејасна улога во рамките на Европската Унија. При состојба на ваков долг кон Унгарија, несомнено е дека и политичките одлуки и целосната стратешка ориентација на земјата ќе бидат под силно унгарско влијание.Но тоа е едниот проблем, другиот проблем е потенцијалната корупција која се спрема со овие пари“, изјави Филипче во интервју за неделникот Фокус.Една од причините за кредит од земја, а не од финансиска институција е помалата контрола врз тоа како ќе се трошат парите, појаснува Филипче.„Ова значи дека овие пари ќе се потрошат неконтролирано што апсолутно значи дека ќе има многу корупција. Според нашите информации, ВМРО-ДПМНЕ и за делот кој се однесува на проекти од општините веќе преговара со компании кои ќе ги работат проектите, при што ќе бидеме сведоци на офајдување на бизниси блиски до ВМРО-ДПМНЕ“, вели Филипче во интервјуто.Фактурите од договорот со Унгарија веќе пристигнуваат, смета Филипче, а допрва ќе ги видиме и другите фактури и бизнис интереси што се кријат зад договорот за кредитот.„Веднаш по кредитот стигна и најавата дека телекомуникациска компанија блиска до унгарскиот премиер, Виктор Орбан влегува во државата. Таа се најавува како некаква голема инвестиција која реално ништо нема да донесе за граѓаните и економијата. Но, Владата не одговара, како унгарскиот мобилен оператор „4iG“ ќе влезе во земјава кога има стратешко партнерство со кинеска компанија и тоа е спротивно на домашните закони со кои се обврзуваме да користиме телекомуникациски системи од доверливи добавувачи“, вели Филипче.

Македонија | пред 1 година

IMG_4082

СДСМ: Проширувањето на листата на лекови е благодарение на СДСМ

,,Проширувањето на позитивната листата на лекови со нови 9 лекови е благодарение на СДСМ затоа што ги започна и сите предуслови за тоа да се случи беа завршени во мандатот на СДСМ.Подобрување на пристапот до лекови, менување на позитивната листа на лекови и надополнување на листата со модерни лекови беше дел од долгорочните политики на СДСМ.СДСМ ја отвори можност за нова, современа и поефекасна терапија за граѓаните после цели 13 години.Беше усовоен нов Правилник за ставање лек на позитивната листа, усогласен со европските правилници.Во 2023 година беше формирана и стручна комисија а претходно беше усвоени нови критериуми, кои опшфаќаа и значење на лекот од аспект на јавно здравје, вредност на лекот, фармако-еконосмки аспекти што за првпат се воведоа како новина, етички аспекти за употреба на лекот како и дополнителни податоци од референтни извори и научни сознанија за секој лек.За граѓаните се отвори можноста за нови лекови а за фармацевтските компании можат да почнат со навремена подготовка на документацијата.Актуелната власт само го заврши процесот. Но за жал и тоа е нецелосно. Како што гледаме процесот не е комплетен, потребно е оваа листа да се интегрита и заедно со болничките лекови да се дополни.”, велат од СДСМ.

Македонија | пред 1 година

sdsm-koalicija

СДСМ: Дали ќе одговара некој во МВР за бегството на Рамадани, бараме истрага одма

,,Смешно изгледаат обидите на ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски да се иземат од одговорност за бегството на Блерим Рамадани кој веќе одмара на Косово и се слика на Фејсбук.Задолжен за негово обезбедување во куќен притвор е Тошковски и МВР и тие свесно го имаат пуштено. Каде е одговорноста за несоодветно чување на затвореникот?Дали е покрената постапка од внатрешна контрола и МВР за тоа како е избегал и кој од единиците кои требале да го обезбедуваат ќе одговара?Дали ова значи дека секој кој е во куќен притвор може слободно да избега и за тоа да биде крив судот кој определил таква мерка, или криви се оние кои требале да го обезбедуваат? Тошковски и Мицкоски не може да го скријат фактот е дека ова наликува на однапред договорена работа со косовските власти каде тие се извршители и олеснувачи на овој процес.СДСМ бара итна истрага во МВР и извештај за тоа како успеал да побегне од куќен притвор Рамадани. Ако остане одговорноста само кај судот кој одлучил куќен притвор, тогаш ќе биде јасно дека апсењето на Рамадани е само една голема манипулација и лага за која однапред се знаело дека тој ќе биде пуштен. Мицкоски да се одважи да каже дали ова не е дел од договорот меѓу него и Курти.ВМРО-ДПМНЕ да престане да ја манипулира јавноста а МВР да покрене постапки веднаш.”, велат од СДСМ.

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

СДСМ: Оставка од Тошковски за потфрлањето со пожарите

,,Катастрофата што се случува речиси цел месец со пожарите кои беснеат уништи 5% од вкупната територија на Македонија!Штетата е огромна, опустошени се над 1.200 километри шума, горат и националните паркови.Владата на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ потфрли во справувањето со пожарите и за тоа мора да има одговорност.Тошкоски треба веднаш да си поднесе оставка.СДСМ неколку пати апелираше дека Тошковски е неспособен да управува со Кризниот штаб и мора да биде сменет.Лошата координација со воздухопловите и спорото делување на институциите, за што со денови предупредувавмем се покажува како најголемо потфрлање на Управувачкиот комитет за системот за управување со кризи со кој раководи Тошковски.Тошковски потфрли целосно и во превенцијата како и во фаќање на оние кои намерно ги подметнуваат пожарите.Освен одговорност од Тошковски Владата треба целиот начин на делување да го промени. Сите институции да се фокусираат на кризата со пожарите, да се обезбеди поголема ефикасност и делување на воздуоловите.Одговорен премиер и одговорен министер, при ваква состојба секојдневно ќе бидат во кризниот штаб и ќе управуваат со институциите а не да ги гледаме како се занимаваат само со ПР и дневно политички промоции.Во изминат период СДСМ конструктивно и одговорно се однесуваше, не сакаше да ја подгрева тензијата и да ја напаѓа Владата, оставајќи ги институциите да работат.Но, состојбата со која се соочува земјата е пресериозна и во голема мера последица на неодговорно однесување на ВМРО-ДПМНЕ и Владата.", велат од СДСМ.

Македонија | пред 1 година

images-5

СДСМ: Рамадани е на Косово, најголем доказ дека е пуштен од МВР и Тошковски

,,Додека Тошковски и МВР се обидуваат несмасно да спинуваат дека судот е крив за бегството на Блерим Рамадани, тој веќе е на Косово. Има ли поголем доказ дека тој е намерно пуштен од МВР и Тошковски, што само за еден ден по бегството човекот е удобно дома па уште стигаат јасни пораки од Косово дека е таму? Кого се обидуваат да залажат институциите дека ова не е целосно сценарио за ослободување реализиран од МВР? Кој ќе сноси одговорност за бегството на човек баран со меѓународна потерница?СДСМ прашува до кога Тошковски ќе биде министер? Човекот шест месеци ја води институцијата МВР а безбедноста се влоши во секој сегмент. Имаме шест убиства или обиди за убиства од кои само едно е расчистено, имаме секојдневни грабежи сред бел ден без разрешница, се случува тотален хаос со пожарите додека тој е координатор на Кризниот Штаб, но никој не знае што координира.Ваква неспособност не е забележана од ниеден министер досега и затоа мора итно да си оди од функцијата.", велат од СДСМ.

Македонија | пред 1 година

sdsm-koalicija

Тошковски е неспособен за функцијата, му избега или го пушти Блерим Рамадани?, прашува СДСМ

„Панче Тошковски е големо разочарување на позицијата Министер за внатрешни работи. Откако е дојден на оваа функција веќе повеќе од шест месеци, државата е претворена во Хотел Промаја, а криминлаците бегаат како ќе им текне“, вели СДСМ и додава:Вчерашното бегство на Блерим Рамадани, човек баран со меѓународна потерница е уште еден во низата настани кои потврдуваат дека МВР под Тошковски нема контрола над државата. Прашуваме како е можно да се дозволи бегство на затвореник баран со меѓунардона потерница? Дали дозволи да избега или е крајно неспособен да зачува криминален кој е меѓународно баран? Тошковски исто не одговори, како е можно само пред неколку дена други десет затвореници да избегаат од Шутка?Во текот на вчерашниот ден се сподели и видео на социјалните мрежи каде во сред бел ден се врши грабеж во центарот на Скопје а МВР нема информација дали го лоцирала сторителот. Се случија шест убиства и обиди за убиства за кои нема разрешница освен за едно. Државата за шест месеци со Тошковски на чело на МВР се претвори во Див Запад и нема никаква одговорност. Тошковски треба да е доблесен и да си замине од функцијата.

Македонија | пред 1 година

pandov

Десет затвореници избегале од затвор во Шутка, неспобните Пандов и Утковски да бидат разрешени, бара СДСМ

„Дури десет затвореници избегале од затворот во Шутка. Власта се обиде да ја сокрие информацијата од јавноста, но не успеа во намерата“, вели СДСМ и додава:Неспособноста на владата на ВМРО-ДПМНЕ и кадрите на Мицкоски се евидентни на секој чекор.Каде е сега Пандов да одржи прес конференција и да каже како се случи да му побегнат 10 затвореници и да понесе одговорност за пропустите?Ова е уште една потврда дека Христијан Мицкоски намести несоодветни, непрофесионални кадри на директорските места само по партиски клуч.Најмалку што треба да направи Мицкоски е да ги разреши неспособните директори, Александар Пандов и Бобан Утковски.

Македонија | пред 1 година

Venko-Filipce-intervju-1

СДСМ: Стравот од Венко Филипче кај ВМРО-ДПМНЕ е голем, Владата разочарува во секој поглед

„Разбирлив е стравот на ВМРО-ДПМНЕ од претседателот Венко Филипче. По катастрофалните политики и скандали кои се нижат, Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ ја губат поддршката од ден во ден. Мицкоски треба да знае дека неговата пропаганда е прочитана како буквар и нема да ги препокрие скандалите на неговата Влада“, вели СДСМ и додава:Методите на постојани прес конференции и заплашување на граѓаните се поразија уште пред речиси десет години. Тоа што го прави ВМРО-ДПМНЕ за да го одвлече вниманието од сопствената глупост, само го потврдува широко распространетото мислење дека ова е најлошата Влада која Македонија ја имала од осамостојувањето.Наместо ВМРО-ДПМНЕ да глуми таблоид кој сее шпекулации и апелира, повелете докажете си ги сите обвинувања.Кога владеачка партија која има двотретинско мнозинство само апелира наместо да делува, тоа само ја потврдува нејзината неспособност.Престанете да глумите опозиција, фатете се за работа граѓаните веќе ја препознаваат измамата.

пред 1 година

Нема фотографија

Делегации на СДСМ оддадоа почит на македонските бранители кои загинаа кај Карпалак

Делегации на СДСМ денеска положија цвеќе на споменикот "Карпалак" во Прилеп и спомен обележјето кај месноста Карпалак, и оддадоа почит на Горан Миновски, Сашо Китаноски, Веби Рушитоски, Бранко Секулоски, Љубе Грујоски, Нане Наумоски, Ердован Шабаноски, Марко Деспотоски, Пеце Секулоски и на Дарко Велјаноски, армиските резревисти кои на 8 август 2001 година беа убиени кај месноста Карпалак.Вечна им слава!

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

Филипче до Гир: Се сомневам во намерите на Владата воопшто да го продолжи европскиот пат

Претседателот на СДСМ, проф. д-р Венко Филипче, денеска оствари средба со Дејвид Гир чиј мандат како амбасадор на Европската Унија во Северна Македонија завршува.Филипче и Гир разговараа за теми поврзани со досегашниот мандат на евроамбасадорот и случувањата во земјата. Во разговорот, Филипче истакна дека е загрижен за насоката во која новата Влада ја води земјата, особено за иднината на евроинтеграциските процеси.„Загрижен сум дека политиките на новата Влада може да предизвикаат трајно блокирање на евроинтеграциските процеси. Владата на ВМРО-ДПМНЕ во само неколку недели целосно ги наруши позициите на Северна Македонија, отворајќи веќе затворени спорови со што шансите за продолжување на евроинтеграциите драматично се влошија“, истакна Филипче на средбата со Гир.Претседателот на СДСМ пред евроамбасадорот го истакна и неговиот сомнеж околу намерите на Владата воопшто да го продолжи стратешкиот правец кон ЕУ и потенцираше дека уште на почетокот на работата на новата Влада земјата има нејасната иднина.Во таа насока, Филипче го информираше Гир дека СДСМ како опозиција ќе се залага за реформи и јасни перспективи.„Европската интеграција е стратешка цел на државата и СДСМ ќе продолжи да се залага за негување демократските вредности и заштитата на националните интереси. СДСМ како опозиција ќе се залага за реформи од страна на сите чинители во македонското општество. Напредокот во интеграцијата на нашата држава позитивно ќе се одрази на регионалната соработка, стабилноста и напредокот на земјата“, рече Филипче.Филипче му се заблагодари на Гир за неговата посветеност и работа во земјава ангажирајќи се како вистински пријател на Северна Македонија кој даде голема поддршка во остварување на државните стратешки цели.

Македонија | пред 1 година

IMG_4082

Ограбена држава - 560 милиони евра за пруга кон Бугарија и тунел кој нема излез, за СДС и ДУИ било важно само да тендерираат, вели Петрушевски

„Ограбена држава - 560 милиони евра за пруга кон Бугарија и тунел кој нема излез, предвидела претходната влада на СДС и ДУИ, за кои не е важно што нема економска оправданост, затоа што им важно само да тендерираат“, вели Бране Петрушевски пратеник во Собранието и додава:Македонија е оставена на цедило, со големи проблени, ограбена и со неплански проекти. Не одговорен е пристапот на претходната власт да се трошат 560 милиони евра за третата делница од пругата кон Бугарија долга 24 километри. Да, за 24 километри власта на СДС и ДУИ сакаше да потроши 560 милиони евра.Дали е оправдано? Секако дека не! Километар пруга според математиките на претходната власт би чинел над 23 милиони евра.Цената на чинење е само еден од проблемите. Пругата од 24 километри, треба да има 22 тунели, од кои последниот нема излез. Да, СДС и ДУИ предвиделе пругата кон Бугарија да завршува во тунел кој нема излез, затоа што од бугарска страна нема ниту проект за истата.Економски неоправдано е да се фрлат 560 милиони евра за пруга која завршува во тунел без крај.560 милиони евра, можат да се потрошат на модернизација на пругата од Табановце до Богородица и истата да може да се користи од возови кои би се движеле до 120 километри на час, а би чинела 250 милиони евра, односно на половина од тоа што СДС и ДУИ планирале за 22 километри пруга со тунел без крај“.

Македонија | пред 1 година

aerod-haos

СДСМ го обвини МВР дека лаже: Скандалот на аеродромот не смее да биде забошотен, ги имаме сите информации

„СДСМ очекува во најкус рок МВР и внатрешна контрола да излезат со детална информација во јавноста што точно се случило на скопскиот аердром во инцидентот со косовската Претседсателка. МВР мора да информира каква била улогата на лица од обезбедувањето на Претседателот на Собранието Африм Гаши и согласно законите да поведе постапки против оние кои ги прекршиле овласувањата. Доколку ова не го направи, тоа ќе биде јасна потврда дека се кријат фактите со цел да се заштитат меѓукоалициските односи“ велат од СДСМ и додаваат:СДСМ располага со целосни информации за тоа што точно се случило и доколку МВР се обиде да ги филува фактите, се ќе биде објавено. Истрагата за овој случај не треба да претставува никаков проблем за МВР и Обвинителството бидејќи аеродромот е под целосен видео надзор и без проблем може да утврдат сите детали.Во целата оваа скандалозна и конфузна ситуација ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски молчат. Додека беа во опозиција хистеријата која ја креваа беше неподнослива, но сега се скриени во глувчешка дупка и се надеваат дека кризата ќе ги одмине. МВР наместо транпарентно да информира веднаш по настанот кој се случил утрото, чекаше медиумите да ја откирјат приказната за да пушти штуро соопштение за јавност. Ваквата нетранспарентност јасно сугерира дека идејата е да се стават работите под тепих.

Македонија | пред 1 година

IMG_4082

Срамно е да има три верзии од скандалот на аеродромот, некој ја прикрива вистинската верзија, велат од СДСМ

„Јавноста е во целосна конфузија по вчерашниот инцидент со претседателката на Косово, Вјоса Османи откако сите страни излегоа со своја верзија на настанот. Прашуваме, дали се прикрива вистинската верзија за тоа што се случило и од кои причини?“, велат од СДСМ и додаваат:Додека Косово го окарактеризира настанот како „дипломатски скандал“, јавноста не беше удостоена ниту со прес конференција на МВР за да се разбере што се случило. Вистина ли е дека лице од обезбеувањето на Гаши се заканувало со огнено оружје на вработени на ТАВ и каква била неговата улога? Дали ова во детали ќе го истражи и соопшто МВР или ќе се обиде да го забошоти случајот? Повеќе пд очигледно е дека некој се обидува да ставу одредени факти под тепих. СДСМ бара целосно расчистување на настанот и транспарентно соопштување од страна на МВР.Како и за повеќе други ситуации, во овој краток мандат на Владата, граѓаните не знаат што се случува и која е вистината. Ние гледаме секојдневно спротивни информации на многу теми и тоа директно од највисоките претставници на власта. Муцунски зборува едно за кредитот за пругата кон Бугарија, Николовски друго.Мицкоски вика дека ќе најде начин да се намалат платите на функционерите, министереката за фиансии дека ќе си оди ако и се намали платите. Албанските партии во власта се со сосема различни тврдења од ВМРО-ДПМНЕ по сите прашања од нивни интерес, без разлика дали е тоа албанска МАНУ или балансерот. Оваа Влада е многу нечесна спрема граѓаните и повеќе од јасно е дека вистината тешко ќе се дознава.

пред 1 година

Screenshot-2024-08-02-at-08.42.49

Шилегов до Зечевиќ: Годинава вардарскиот во Паљури го јава коњот

Екс градиначалник на Скопје и виден функционер на СДСМ Петре Шилегов, ја продолжува расправијата со генералниот секретар на СДСМ во оставка, Миле Зечевиќ Вардарски.На ФБ напиша:,,Годинава вардарскиот во Паљури го јава коњот ….Без падобрани. Паднат од небо !!!Ех моја СДСМ …”Препукувањата се по катастрофалниот пораз на изборите на СДСМ на изборите, за што членството вината ја лоцира кај раководството, меѓу нив и Зечевиќ.Зечевиќ минатата година јаваше со коњ на Илинден, во Крушево, што сопартијците го критикуваа.

Коментари | пред 1 година

011-6

Спасовски: Затајува координацијата на институтициите за справување со пожарите

Координаторот на пратеничката група на СДСМ Оливер Спасовски, во емисијата „Вести плус“ на канал 5 телевизија во врска со интензивните пожари кои пустошат во државата истакна дека координацијата на институциите затајува, а ситуацијата бара далеку подинамичен пристап.-Затајува координацијата. Апелирам во овој период за енергична акција. И за пронаоѓање на било какви сторители или оние што палат. Институциите треба да работат, да се преземаат најстроги мерки за секој што ќе се отркие да подметнува пожар, заради тоа што најмногу страда државата, се загрозува и здравјето и безбедноста на граѓаните, рече Спасовски.Тој ги демантираше лагите дека досега не се вложувало ништо во справувањето со пожарите посочувајќи дека СДСМ ги опреми хеликоптерите за да може да се гасат пожари.-Нека каже било кој дали постоеле хеликоптери и персонал. Немало. МВР немаше подготвено ниту еден воздухоплов, ниту еден хеликоптер, којшто беше опремен за гасење пожари, ниту имаше обука за полициски службеници за гасење пожари. Во 2022 година МВР од сопствен буџет опреми три хеликоптери со најсовремена опрема и го обучи персоналот, заедно со колегите од Словенија, преку заеднички проект и денеска тие се една од најмобилните единици за гасење пожари, нагласи Спасовски.Во врска со ребалансот на буџетот Спасовски ја посочи разликата меѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ.-СДСМ не поднесуваше илјадници амандмани, со кои ќе се одолговлече постапката за донесување на ребалансот, тоа е разликата меѓу нас и сегашната власт. Тие кога беа во опозиција поднесуваа амандмани само за да може да се одолговлекува целиот процес. СДСМ поднесе амандмани за поголеми плати, за награди за пожарникарите, полицајците, војниците, рече координаторот на пратеничката група на СДСМ Оливер Спасовски.

Македонија | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања