Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

ШИЛЕГОВ

makraduli

Макрадули по исклучувањето на Шилегов: Лојалноста не е молк

Поранешниот функционер на СДСМ, Јани Макрадули, се огласи по исклучувањето на Петре Шилегов и отворениот судир во партијата, повикувајќи на разум, зрелост и внатрешен дијалог наместо поделби.Во објава, Макрадули направи ретроспектива на периодот од 2013 година, кога СДСМ беше во опозиција и под силен притисок, потенцирајќи дека тогашната борба била водена со мотивација, теренска работа и верба во промени.„Лојалноста не е слепо следење. Лојалноста е одговорност – да мислиш, да кажеш и да создаваш“, порача Макрадули, алудирајќи на актуелните случувања во партијата.Тој нагласи дека тешките теми не смеат да бидат повод за раслојување, туку за аргументиран дијалог и приближување на ставовите, предупредувајќи дека игнорирањето на проблемите води кон слабеење на партијата.Макрадули се осврна и на концептот „Глас+“, кој го опиша како политика што вклучува, обединува и се темели на принципите на слобода, еднаквост и солидарност, нагласувајќи дека токму таков пристап е потребен и денес.„Партијата не е простор за тивки климања со глава, туку за одговорни луѓе кои размислуваат и придонесуваат“, истакна тој.Воедно, упати критика и кон актуелната власт, оценувајќи дека државата се соочува со неизвесност и недостаток на стратегија, при што, според него, доминираат лични интереси на сметка на граѓаните.На крајот, Макрадули повика на единство и создавање заеднички фронт за промени, потенцирајќи дека тие треба да започнат од самата партија.

Коментари | пред 1 седмица

media-libraryrsq2gvq5gp92bOvwsja

Филипче тврди дека Шилегов одработува за ВМРО-ДПМНЕ, а и Шилегов тврди дека Филипче се договара со ВМРО-ДПМНЕ

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, обвини дека поранешниот градоначалник Петре Шилегов „процесно одработува за ВМРО-ДПМНЕ“ и придонесува за внатрешни поделби во партијата.„Не станува збор за поинакво мислење, тоа беше сослушано. Станува збор за процесно одработување за ВМРО-ДПМНЕ и за внатрешна поделба на партијата. По сите проверки дојдовме до тој заклучок, а Извршниот одбор одлуката ја донесе со консензус“, изјави Филипче.Тој нагласи дека единството на СДСМ е клучно во, како што рече, борбата против „криминалната и корумпирана власт“, додавајќи дека нема да дозволи партијата да биде поделена.„Нема да дозволам ВМРО-ДПМНЕ преку поединци да ја ситни и дели партијата“, истакна Филипче.Од друга страна, Шилегов возврати со остри критики, тврдејќи дека постои договор со кој СДСМ намерно се одржува во слаба позиција.„Очигледно постои договор СДСМ да биде во ваква состојба, да ги промашува темите и да дозволи ВМРО-ДПМНЕ да владее два мандата, за да не бидат предмет на истраги“, рече Шилегов.Тој оцени дека партијата е „целосно кадровски исцрпена“ и дека значаен дел од влијателните кадри веќе не се дел од неа.Шилегов го оспори и процесот за негово исклучување, тврдејќи дека е спротивен на Статутот.„Исклучувањето го врши општинската организација, а не Извршниот одбор. Го повикувам Филипче да дојде во Карпош и да разговара со членството“, изјави Шилегов.Тој порача дека ќе продолжи со својата политичка платформа и побара актуелното раководство да се повлече.„Ќе го замолам ова раководство да си замине и да ја ослободи партијата. СДСМ не е сопственост на една групација“, нагласи Шилегов.

Македонија | пред 1 седмица

Silegov

Шилегов: Филипче ако сака да го спроведе моето разрешување, нека дојде во организацијата во Карпош

Поранешниот градоначалник на Скопје, Петре Шилегов, денеска изјави дека во согласност со партискиот статут, исклучувањето на член го врши општинската организација на која тој припаѓа и го повика претседателот на партијата, Венко Филипче, доколку сака да спроведе таква иницијатива, да дојде во организацијата во Карпош за да разговара со членството.„Ќе ја искористам можноста, ако сакаат да спроведат таква иницијатива, да дојдам во општина Карпош, ќе разговараме со членството таму, ќе се обидам да имаме сериозна дискусија, и за моето исклучување и за неговото отстранување. Што се однесува до тоа што завршија, тој заврши кај Петре Шилегов, нема да го дозволам ова. Сè што сум направил во мојот живот професионално, но уште повеќе политички, она што сум го направил за СДСМ и она што сè уште го правам, нема да дозволам да биде оцрнето од човек кој е избран за претседател без статут“, рече Шилегов.

Македонија | пред 1 седмица

Silegov

Шилегов: СДСМ не е сопственост на една групација, па со неа да се пазарат за својата слобода

Поранешниот градоначалник на Скопје и поранешниот пратеник од редовите на СДСМ, Петре Шилегов изјави дека постои договор СДСМ да биде во сегашната состојба, упорно да ги промашува темите и да дозволи ВМРО-ДПМНЕ да освои два мандати, со цел да се избегнат евентуални истраги и кривични постапки.Шилегов оцени дека партијата е кадровски исцрпена и дека одлуката за иницирање на негово исклучување е спротивна на Статутот, бидејќи, како што рече, таквата постапка треба да ја води општинската организација.Тој го повика лидерот на СДСМ Венко Филипче да дојде во општинската организација во Карпош и таму да се разговара за неговото исклучување и за состојбите во партијата.Шилегов најави дека ќе продолжи со својата платформа и стратегија и побара актуелното раководство да се повлече за да ја ослободи партијата, која некогаш беше државотворна.„СДСМ не е сопственост на една групација, па со неа да се пазарат за својата слобода“, рече Шилегов.Изјавата доаѓа откако вчера, Извршниот одбор на СДСМ донесе одлука да иницира постапка за негово исклучување од партијата. За ова треба да расправа и да донесе одлуца Централниот одбор, најверојатно наредната недела.

Македонија | пред 1 седмица

media-librarydceajh27ed0vdA5W1Z4

Шилегов по веста дека СДСМ ќе го исклучи: Имам што да кажам за психотропните супстанци на одредени лица

Откако СДСМ вечерва соопшти дека Извршниот одбор на партијата донел одлука да почне постапка за исклучување на Петре Шилегов, поранешниот скопски градоначалник и пратеник од СДСМ за ова слушна во емисија во живо.Шилегов рече дека од почит на денешниот ден и трагедијата во Кочани вечерва нема да дава политички изјави.„Утре ќе го имам коментарот, од должна почит кон луѓето кои го загубија животот на денешен ден. Не мислам дека сега е моментот политички, а имам што да кажам за психотропните супстанци на одредени лица и парите што така лесно ги имаат заработено во изминатиот период“, рече Шилегов.

Македонија | пред 1 седмица

silegov

СДСМ иницира постапка да го исклучи Петре Шилегов од партијата

Извршниот одбор на СДСМ денеска донесе одлука и иницираше постапка за исклучување на Петре Шилегов, поранешен висок функционер, од членството во партијата.„Шилегов е уценет и одработува за ВМРО. Ја разоткривме целата бизнис шема на Христијан Мицкоски во енергетиката, од Адамовиќ до „Руднап“. Сега на сите им е јасно зошто толку многу сакаат да го рушат СДСМ. ВМРО толку падна што единствената опција им остана обидот да го урне СДСМ одвнатре. Сега на сите им е јасно дека станува збор за платформа за рушење на СДСМ”, велат од СДСМ.Вчера во Дневникот на Сител телевизија, Шилегов најави дека наскоро, поголема група социјалдемократи ќе побараат оставка од актуелното раководство.„Ќе се обидеме да дојдеме до здрава политичка логика и ќе ги замолиме луѓето што ја водат партијата да престанат да го прават ова. Нека дојдат други и да ја водат партијата“, рече Шилегов.

Македонија | пред 2 седмици

Shilegov

Ќе побараме оставка од раководството на СДСМ, вели Шилегов

Поранешниот функционер на СДСМ, Петре Шилегов, во вечерната „Тема на денот“ на Сител рече дека оваа оопозициска партија „кадровски се испразнила“ и најави дека наскоро, како што рече, поголема група социјалдемократи ќе побара оставка од актуелното раководство.„Ќе се обидеме да дојдеме до здрава политичка логика и да ги замолиме луѓето што ја раководат партијата, повеќе да не го прават тоа. Да доојдат некои други да ја раководат партијата“, рече Шилегов.Додаде дека тоа ќе биде „процес“ воден од луѓе кои политички израснале во СДСМ. Смета дека слабиот СДСМ ги тера критички настроените граѓани да ја бараат опозицијата во Левица.„Кај граѓаните опозициското чувство е високо, но кај вака организиран СДСМ - безличен и без можност да привлече нови гласови, треба да се бара поинаков пристап“, вели поранешниот градоначалник на Скопје.

Македонија | пред 2 седмици

media-library0des7vqsdbnkeijcY1R

Оваа лакардија Обвинителството е должно да ја прекине, изложуваме премногу луѓе на огромна траума, вели Шилегов за судскиот процес „Пулс“

На денешното рочишта за пожарот во дискотеката „Пулс“, адвокатот Петре Шилегов, упати остри критики до судот и обвинителството, посочувајќи на очигледни двојни аршини при одредувањето на мерките за обезбедување на обвинетите.Шилегов потенцираше дека јавноста со право реагира на нееднаквоста пред законот. Иако, како што вели, лично не е поборник за секогаш да се посегнува по мерката притвор, смета дека правилата мора да важат за сите граѓани подеднакво.„Аршините за определување мерки за обезбедување присуство на судење треба да бидат еднакви за сите, а не да зависиме од нечија волја. Очигледно е дека во конкретниот случај има различни аршини. Не може за едни да имате едно правно мислење за истиот кривично-правен настан, а за други сосема поинакво“, изјави Шилегов.Тој упати директен повик до Јавното обвинителство да покаже одговорност и да стави крај на начинот на кој се води постапката, квалификувајќи го тековниот тек на судењето како „лакардија“ која непотребно ги трауматизира оштетените.„Оваа лакардија која се случува во конкретниот предмет, Јавното обвинителство е должно да ја прекине. Надвор од материјалниот аспект, ние изложуваме премногу луѓе на огромна траума“, порача адвокатот Шилегов.

Македонија | пред 1 месец

media-libraryj5oa9ct7goso1L8A8SR

Испитајте си го ставот, контрадикторни сте, им рече адвокатот Шилегов на обвинителите за „Пулс“ по обвиненијата за полицајците

Адвокатот Петре Шилегов бара да се запре судењето за да се измени обвинението. Тој денеска во судница побара од Обвинителството сериозно да го преиспита својот став и да ослободи дел од обвинетите, повикувајќи се на економичноста на постапката. Ова следува по обвиненијата од Обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, каде обвинителката детално образложи зошто се поднесени три засебни обвиненија. Само едно од трите обвиненија за полицајците се однесува на пожарот - нереагирањето на полицајците критичната вечер (виделе, но не превенирале активирање на пиротехниката). Другите пак (издавањето дозовла, проверките, лажните записници), не можат да се доведат во корелација со последицата - пожарот.Според Шилегов, државата троши огромни финансиски средства за судски процес кој, како што рече, може да се покаже како правно неоснован. Во своето излагање, Шилегов укажа дека самиот обвинителски орган во поврзан предмет донел спротивен правен заклучок.Според таа одлука, било утврдено дека нема директна причинско-последична врска меѓу непостапувањето и настанатата последица, поради што евентуалната одговорност би можела да се сведе само на „злоупотреба на службена положба и овластување“, дело кое, како што истакна Шилегов, веќе е застарено. Токму оваа правна логика, според одбраната, мора да се примени и во актуелната постапка.

Македонија | пред 1 месец

media-library4vsp2v80fas5cuH4JJ5

СДСМ обвинува: ВМРО со кривични предмети врши притисок врз Деспотовски и Шилегов

Како СДСМ со сета сила го објавува криминалот на тендер коалицијата ВМРО-ЗНАМ така се засилуваат хајките, црните кампањи и обидите за рушење на СДСМ одвнатре. Сите диригирани и координирани од еден центар - ВМРО, велат од СДСМ.„ВМРО најде двајца слаби од нашите редови за ова предавството.  Прашањето е зошто? Зошто токму Деспотовски и Шилегов се одбрани за напад врз СДСМ?Кои се причинско последичните факти?Против Јово Деспотовски е поднесена Кривична пријава од Управата за финансиска полиција со сомневање за злоупотреба на службената положба и овластување.Осомничен е дека како службено лице – директор на Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони во Скопје во 2022 година, заедно со други службени лица му овозможиле на едно правно лице да прибави противправна имотна корист која надминува значителна вредност од  10 милиони евра.  Постапката сè уште е во тек.Сега дали е појасно?По неуспешните првични обиди, Деспотовски ги продолжи нападите кон СДСМ, во директна координација со Геро и објави на неговиот портал.Дури се користи и иста реторика и истите теми како ВМРО. од страна на Деспотовски, но и од страна на Шилегов.Предавството на Шилегов можеби е очекувано поради пороците, приватните слабости и долгови. Но, според информации со кои располагаме, Основното јавно обвинителство во 2024 година доставило барање за доставување податоци и за оформен предмет за јавна набавка на Град Скопје од 2021 година.Овој предмет се уште е во истражна постапка но се однесува на времето на времето кога Петре Шилегов ја извршуваше функцијата Градоначалник на Скопје.ВМРО ги уценува со кривични пријави или други процеси.СДСМ уште еднаш порачува дека обидите за рушење на СДСМ од внатре нема да успеат.Ќе се избориме со сите напади.Нема неколку вакви слаби обиди да нè поколебаат во нашата борба против криминалот и корупцијата на ВМРО“, стои во соопштението.

Македонија | пред 2 месеци

media-library4vsp2v80fas5cuH4JJ5

СДСМ: Шилегов и ја напаѓа СДСМ за лидерската средба со иста реторика на Мицкоски

ВМРО, Шилегов, Деспотовски, сите користат иста реторика, исти техники од кујните и пораките ги шират преку истите провладини портали, вели СДСМ.„Координацијата на нападите врз СДСМ веќе на сите им е јасна.1.ВМРО ја напаѓа СДСМ за лидерската средба. Излегува Шилегов и ја напаѓа СДСМ за лидерската средба, дури употребува „изолирана партија“ односно со иста реторика на Мицкоски.Денеска Депостовски исто така ја напаѓа СДСМ за “неучеството на средба на лидерите на најголемите партии”.2.ВМРО ја напаѓа СДСМ затоа што бара законска заштита на податоците од системот „Сејф сити“.Деспотовски денеска за истата тема ја напаѓа СДСМ дека се инаети за „клучни законски проекти од значење за безбедноста на граѓаните”.Шилегов во емисија ја напаѓа СДСМ како била донесена одлуката да не се поддржи законското решение за истата тема.3.ВМРО бара оставка од претседателот Филипче. Шилегов и Деспотовски исто така.4.Деспотовски и Шилегов немаат ниту еден единствен критички збор упатено за Мицкоски и ВМРО, за нивните криминални тендери, за изолацијата на земјата, ниту пак за некоја владина политика. Ништо.Дали сега има некој што не му е јасно?Кога СДСМ вели дека сè е договорено, координирано и синхронизирано со ВМРО, нивните кујни и медиумскиот октопод Алфа-Алта, ова е нивното разоткривање“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 2 месеци

media-libraryrsq2gvq5gp92bOvwsja

ВМРО-ДПМНЕ: Кога Венко на нареден прес ќе ја менува Богданка, да одговори зошто би го рушеле преку Шилегов

Околу внатрешните проблеми на СДС, кланот Дубаи, Венко и Заев, ВМРО-ДПМНЕ нема да се меша, велат од владејачката ВМРО-ДПМНЕ„Но, бидејќи СДС и Венко по секоја цена сакаат со сила да го вмешаат ВМРО-ДПМНЕ би поставиле неколку логични прашања:Прво, Венко на наредната прес-конференција кога ќе ја заменува портпаролката Богданка Кузевска треба да одговори како Шилегов е на ВМРО ДПМНЕ, а Филипче беше советник на министер од ВМРО ДПМНЕ.Второ, како за кус период сите кои не мислат како Филипче, за Филипче станаа ВМРО-ДПМНЕ преку ноќ?Трето, зошто воопшто ВМРО-ДПМНЕ би го рушела Филипче, преку Шилегов, кој СДС како најголем конкурент на ВМРО-ДПМНЕ ја направи трета партија во земјава, а петта во Скопје?Четврто, дали има некој поистакнат член на СДС, освен Жерновски од ЛДП, кој денес не бара оставка на Венко Филипче?Додека Филипче се кара за темата кој бил повеќе на ВМРО-ДПМНЕ, добро е да одговори на овие прашања. Се друго е бегање од реалноста и од сопствената одговорност“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 2 месеци

media-library7mhm9aopa0ge4U1sL4C

Шилегов бара оставка од раководството на СДСМ: Резултатите се катастрофални

Поранешниот градоначалник на Скопје и истакнат член на СДСМ, Петре Шилегов, гостувајќи во емисијата „Топ тема“ на Телма, јавно побара оставка од актуелното партиско раководство, оценувајќи дека резултатите од неговото работење се, како што рече, катастрофални и ја довеле партијата во длабока криза.„Да ја сведете поддршката на партијата на околу сто илјади гласови и само 15 пратеници, да станете петта партија во Скопје и трета на државно ниво – ако тоа не е катастрофа, што е?“, изјави Шилегов.Тој најави дека незадоволството во партијата не доаѓа само од него, туку и од поширока група членови и функционери, меѓу кои и актуелни пратеници, кои, според него, немаат никаква комуникација со раководството.„Кога дел од пратениците ќе излезат од партијата, можеби и половина од пратеничката група, и кога дел од општинските раководства ќе ви ги затворат вратите, тогаш ќе сфатите дека мора да си заминете“, порача Шилегов.Тој потсети дека бил отстранет од потпретседателската функција за време на т.н. операција „Метла“, а подоцна, како што рече, не бил свикан ниту конгресот што го барале бројни активни членови по локалните избори. Шилегов ја оспори и легитимноста на конгресот што го најави актуелниот лидер Венко Филипче, посочувајќи на апатија, пасивизација на членството и изолација на партијата.

Македонија | пред 2 месеци

media-librarypvvqc79d0ct347waByH

(Видео) Со бомбите од СЈО ќе ја разведеа пола Македонија, вели Книга раскажувајќи каква порака пратил Шилегов до Груевски

Во емисијата „Претрес со Ландов“, Драги Митковски-Книга, долгогодишен близок пријател на Никола Груевски, зборуваше за периодот на „бомбите“, за односите со поранешниот премиер, како и за своето сведочење пред Специјалното јавно обвинителство.Одговарајќи на прашањето како се чувствувал кога ги слушал прислушуваните разговори во кои се спомнува Груевски, но и трговијата со влијание „ти мене – јас тебе“, Книга призна дека чувството било непријатно. Раскажа дека во моментите кога почнале да се објавуваат „бомбите“ бил во Сандански. Кога се вратил случајно се сретнал со Петре Шилегов.„Ми рече да му се јавам на другар ми да си даде оставка. Го прашав зошто? Ми вика – па слушаш ли бомби? Му реков дека слушам, ама дека со бомби ќе ја разведат пола Македонија“, раскажа Книга.На прашањето на водителот дали тој ги перцепира објавените материјали како снимки каде се зборувало за афери и „шваљерај“ отколку за класичен криминал, Книга одговори дека доколку биле објавени сите снимки, „удолницата ќе била целосна“.Книга потврди дека бил повикан и во Специјалното јавно обвинителство, каде што бил распрашуван за своите релации со Никола Груевски. Како што наведе, распитот го водела обвинителката Ленче Ристовска, за која рече дека била „ептен коректна“.Во разговорот се осврна и на периодот непосредно пред бегството на Груевски во Будимпешта. Иако претходно тврдел дека немал контакти со него, Книга призна дека се сретнале околу месец и пол пред бегството, во кафана. За бројните шпекулации околу начинот на кој Груевски ја напуштил државата, вклучително и приказните дека бил пренесен во гепек, Книга беше дециден.„Нема шанси Груевски да се вози во гепек“, рече тој, додавајќи дека, според негово убедување, заминувањето било „најнормално“.Цел ексклузивен разговор:

Македонија | пред 3 месеци

media-libraryij4jka12lc2j20pwL2m

Шилегов бара оставка од Филипче: „Или си СДСМ или си тезгарош“; претседателот пак возраврати со обвинувања за притисоци

Поранешниот градоначалник на Скопје и функционер на СДСМ, Петре Шилегов, јавно побара оставка од, како што го нарече, „претседателот“ на СДСМ, Венко Филипче, упатувајќи сериозни обвинувања и прашања за одговорност и мотиви.„Македонското законодавство познава убиство од небрижност. Познава и убиство со умисла, но не познава (само) убиство со умисла. Или ви е тешка одговорноста? Или ви тежи договорот? Или си СДСМ или си тезгарош“, напиша Шилегов.Тој додава дека „прашањата ќе ги постави по празниците“, алудирајќи дека, според него, темата намерно се пласира во период кога јавноста е фокусирана на новогодишните и божиќните празници.По овие обвинувања, со соопштение се огласи и претседателот на СДСМ, Венко Филипче, кој тврди дека партијата „удрила во осино гнездо“ и дека открила, како што вели, „најголема предавничка операција“ која веќе била потпишана, а чија реализација зависи од изборниот резултат.„Не само што ја забранија темата, туку и се закануваат со затвор. Паниката во редовите на ДПМНЕ е толку голема што веќе не бираат средства“, наведува Филипче, обвинувајќи дека владејачката партија секојдневно пласира лажни вести и наводни афери со цел да го одвлече вниманието од, како што ја нарекува, вистината.Филипче тврди дека бил направен обид преку еден член на СДСМ да се нанесе штета на партијата, при што, според него, биле искористени лични и финансиски проблеми, како и можни уцени, за да се внесе немир одвнатре.„Не го доживувам ова како напад врз мене лично, туку како напад врз целата партија и сите нејзини членови“, наведува Филипче, додавајќи дека СДСМ нема да се пресметува со тој член, туку дека ќе се обиде да му помогне.Во пораката до јавноста, Филипче истакнува дека СДСМ е „на патот на правдата“ и дека, како што вели, никој нема да ја запре борбата за враќање на власта „во рацете на народот“.„Кој сака – нека се приклучи. Кој не може или не сака – нека остане настрана. Правдата ќе победи“, порачува претседателот на СДСМ.

Коментари | пред 3 месеци

shilegov

Шилегов со песна го коментираше новото раководство на СДСМ: „Наместо коментар…“

Поранешниот градоначалникот на Град Скопје и дел од СДСМ, Петре Шилегов на својот Фејсбук профил реагираше по повод Централниот конгрес на СДСМ каде што беше избрано новото раководство.Тој ја објави песната „Во бестрага“ од Нокаут и Игор Џамбазов. Покрај објавата Шилегов напиша „Наместо коментар…“

Македонија | пред 1 година

shilegov

Шилегов: Aко нешто не е во ред и гледаш дека е така, а молчиш, со молкот стануваш соучесник..

Поранешниот градоначалник на Скопје, Петре Шилегов повторно се огласи преку социјалните мрежи.„1.000 зошто, едно затоа:За да нема нејаснотии, бидејќи имам многу јавувања, многу пораки, многу коментари: ако нешто не е во ред и гледаш дека е така, а молчиш, со молкот стануваш соучесник …“, напиша денеска Шилегов.Ексградоначалникот во претходната објава на фејсбук го критикуваше раководството на СДСМ.

Македонија | пред 1 година

shilegov-012

Да не се лажеме, СДСМ е заробена партија, со двајца октроирани „лидери“, рече Шилегов

Поранешниот градоначалник на Скопје и висок партиски функционер на социјалемократите, Петре Шилегов, со објава на Фејсбук остро го критикуваше сегашното раководство на СДСМ.Според Шилегов, партијата е „заробена“ уште од 2019 година и управувана од „октроирани лидери“ со интереси кои не се поврзани со членството, туку со лични алијанси.„Ај да не се лажеме! СДСМ е заробена партија… Тоа не е СДСМ“, напиша Шилегов.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-08-02-at-08.42.49

Шилегов до Зечевиќ: Годинава вардарскиот во Паљури го јава коњот

Екс градиначалник на Скопје и виден функционер на СДСМ Петре Шилегов, ја продолжува расправијата со генералниот секретар на СДСМ во оставка, Миле Зечевиќ Вардарски.На ФБ напиша:,,Годинава вардарскиот во Паљури го јава коњот ….Без падобрани. Паднат од небо !!!Ех моја СДСМ …”Препукувањата се по катастрофалниот пораз на изборите на СДСМ на изборите, за што членството вината ја лоцира кај раководството, меѓу нив и Зечевиќ.Зечевиќ минатата година јаваше со коњ на Илинден, во Крушево, што сопартијците го критикуваа.

Коментари | пред 1 година

IMG_4963

Шилегов распука против Зечевиќ: Дворските кавги во СДСМ ескалираат

Продолжуваат кавгите и поделбите во СДСМ. Веќе и не се знае кој со кого и против кого е.Последната во низата е меѓу екс градоначалникот на Скопје, виден член на СДСМ и поранешен пратеник и портпарол, Петре Шилегов со генералниот секретар во оставка Миле Зечевиќ.Тој си го додаде прекарот Вардарски, па Шилегов на социјалните мрежи му напиша:Дечкото од Серава, што мисли дека е “булдужер” од Вардар …Допрва следи “римув”.Шилегов не објаснува на што се должи ваквата реакција на поранешниот градоначалник на Град Скопје, но може да се заклучи дека станува збор за негово исклучување од некоја онлајн група по налог на Зечевиќ.На Зечевиќ му забележуваат дека СДСМ во време кога тој е генерален секретар го доживеа историски најголемиот историски дебакл, лошата кадровска политика, присуството на формирањето на партијата на Данела Арсовска.

Македонија | пред 1 година

Summerland-1

Се огласи Шилегов за проблемот со ѓубрето: Вожњава стварно бесплатна е

Екс градоначалникот Петре Шилегов, целата ситуација за состојбата со комуналното претпријатие се исмејува.Тој најпрво објави фотографија а потоа и искоментира:„Вожњава стварно бесплатна е …“, стои во објавата.

Коментари | пред 2 години

IMG_20211108_130116_169-768x512-1

Шилегов за Данела: Неа у ствари и учителката ја мразела коа била мала

По прес-конференцијата на Данела Арсовска на социјалните мрежи се огласи поранешниот градоначалник Петре Шилегов.„Од скопските приказни:Неа у ствари и учителката ја мразела коа била мала …“, вели Шилегов

Коментари | пред 3 години

silegov-1

Шилегов за изјавата на Џамбаски: Никогаш не се обидувам на глупавиот да му докажам дека е глуп

Поранешниот градоначалник на Скопје, Петре Шилегов реагираше на изјавата на бугарскиот европратеник и лидер на ВМРО, Ангел Џамбаски, кој преку контроверзно видео изнесе низа навреди и провокации со порака дека „Ние Бугарите одлучуваме кои сте вие“.„Имало некој си бугарски европратеник Џамбаски (велат бил он нивното ВМРО, ко демек се различни …)Ме прашуваат, зошто не сум реагирал на неговите изјави ?Им велам, никогаш, ама баш никогаш во мојот живот (за било кое прашање), не се обидувам на глупавиот да му докажам дека е глуп.Џабе ќе се трудам …“, вели тој.

Коментари | пред 3 години

Silegov

Шилегов сподели што мисли

Вработените во ЈСП „Скопје“ утре во 12 часот ќе протестираат пред Владата поради нередовна исплата на јавниот долг од страна на централната власт но и од страна на општините за превозот кој го врши претпријатието на учениците и на студентите. Поради ваквата одлука на Град Скопје и на ЈСП „Скопје“ се доведува во прашање нормалното функционирање на јавниот градски превоз во Скопје.На социјалните мрежи денес се огласи поранешниот градоначалник на Град Скопје, Петре Шилегов.„Мислам дека беЗплатен и беСплатен не е исто. Ама само мислам …“, вели Шилегов.

Скопје | пред 3 години

B6FF44BA-C775-40A5-A72C-00F0CA0149FE

Петре се препукува со Данела: Сериозни луѓе, превенираат. Другите се “менаџери”...

Ексградоначалникот на Скопје, Петре Шилегов, ја критикува актуелната градоначалничка Данела Арсовска.Тој пишува:За да нема нејаснотии (особено кај ботовите, со “мантрата” 😊 дека ми било криво): Град Скопје, има (или би требало да има) Кризен штаб. Тие луѓе (и Градоначалникот) секојдневно би требало да примаат информации за состојбите во градот, вклучително и за најавените невремиња.Согласно тие информации, се превземаат превентивни мерки (кои, за воља на вистината) не можат да превенираат секаква состојба, но можат сериозно да ги намалат негативните последици. Сериозни луѓе, превенираат. Другите се “менаџери” … И така …

Коментари | пред 3 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања