Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Продолжен краткотрајниот притвор за Стојанче Јовaновски по трагедијата во Карпош

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 седмици -

Македонија
media-libraryhgglr9iubkt7bpz1uBM

Кривичниот суд го прифати предлогот на Основното јавно обвинителство Скопје и донесе одлука за продолжување на краткотрајниот притвор за осомничениот Стојанче Јовановски, насилниот сопруг на Ивана, во случајот поврзан со трагедијата во скопската населба Карпош, за уште 48 часа.

Претходно обвинителството побара продолжување на мерката поради тековните истражни дејствија, меѓу кои се вештачење на три мобилни телефони и други предмети, како и обезбедување и анализа на видео-снимки од повеќе критични локации.

Во рамки на постапката се прибира и целокупната документација за претходни поплаки и пријави за семејно насилство кои се однесуваат на осомничениот и на починатата жена.

Трагедијата во Карпош, во која мајката Ивана и детето Катја го загубија животот по пад од балкон, предизвика силни реакции во јавноста и отвори прашања за постапувањето на институциите во случаите на семејно насилство.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library11tkb6jos84m4ifXFCb

Стојанче ја тепал Ивана и ја оставил на автопат, ја турнал по скали во Клиника, а Катја покажувала како мајка и се бранела - сведоштво во судница

Македонија | пред 3 часа

media-librarysologqplbu91b98np79

(Видео) Чаловска: Самоубиство поради семејно насилство се смета за фемицид

Македонија | пред 4 часа

media-library03c9p1489hrl4bvif63

(Видео) Обвинителката Бојчевиќ: Денешното признание на вина од страна на Стојанче воопшто не е признание

Настани | пред 5 часа

media-libraryr1elf3dkt0f9fPiMMT5

Мајката на Ивана сведочеше: Стојанче ја тепаше додека беше со дете во раце, Катја кажуваше „бабо, тато ја шутираше мама и ѝ викаше д*ољо“

Македонија | пред 10 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања