Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Продолжува мегапроцесот за трагедијата во „Пулс“: Одбраната денеска ги дава воведните зборови

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 месеци -

Македонија
media-librarym03jfcgescoj6h3izlG
YouTube/Print Screen

Судницата во Идризово денеска треба да се одржи второто рочиште од големиот судски процес за катастрофалниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани, во кој на 16 март 2025 година животите ги загубија 63 лица, а повеќе од 200 беа повредени. По воведниот говор на обвинителството на првото рочиште, денеска се очекува обвинетите да се произнесат за вината, по што одбраната ќе ги даде своите воведни обраќања.

— реклама —

Рочиштето повторно ќе се одвива под силни безбедносни мерки, со присуство на роднините на загинатите, новинари и голем број правни застапници. Постапката ја води судијката Диана Груевска Илиевска, која уште на почетокот најави дека ќе има нулта толеранција за недисциплина и нема да дозволи непотребни одолговлекувања.

— реклама —

Обвинителот Борче Јанев во своето излагање минатата недела порача дека трагедијата не може да се сведе само на моментот на активирањето на пиротехниката, туку дека станува збор за „години институционален молк, игнорирање на ризици и системски пропусти“ кои го претвориле клубот во, како што рече, „смртоносна стапица“. Според обвинението, објектот функционирал повеќе од една деценија без минимални услови за работа: без противпожарен систем, со затворени прозорци, користени лесно запаливи материјали и само еден излез за евакуација.

— реклама —

Јанев истакна дека доказите ќе покажат оти опасностите биле видливи со години, но службените лица – сопственици, управители, инспектори, поранешни градоначалници, обезбедување и други функционери – „ги наследувале и продолжувале утврдените обрасци на непостапување“. Според обвинителството, токму таквата рутина на игнорирање предупредувања довела до непрекинат причинско-последичен тек што резултирал со трагедијата.

Осум месеци по пожарот, на обвинителната клупа седнаа 37 обвинети – 34 физички и три правни лица. Меѓу обвинетите се: Дејан Јованов, Митко Стојанов, Михаил Јованов, Гроздан Милковски, Милка Едровска, Тодор Јованов, Огњан Георгиев, Љупчо Стаменков, Николчо Гоцев, Ратко Димитровски, Николчо Илијев, Љупчо Папазов, Јане Јанчески, Лазар Захариев, Ивица Грозданов, Мартин Горгиев, Стојанчо Димитријев, Шабан Салиу, Аднан Џафероски, Беким Максути, Џеват Селами, Љупчо Грнчиштанов, Ваљон Сараќини, Крешник Бектеши, Џеваир Камбери, Шовкет Хазари, Зоран Николовски, Беким Хаџиу, Арлинда Касапи, Миле Ампов, Блашка Ефтимова, Весна Кузмановска, Емил Митев, Размена Чекиќ-Дуровиќ, како и правните лица „ММММ Кафе“ ДООЕЛ Кочани, „Рубикон Секјурити Солушнс“ и „Венци Проект“ ДООЕЛ Кочани.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

puls-35-1

Анксиозност, ПТСР и депресија - третина од повредените во пожарот во Кочани се соочуваат со сериозни психолошки последици

Македонија | пред 3 часа

media-library7fefgsr0flr3fRv4lYr

Родителите на жртвите од „Пулс“ бараат враќање на обвинителката Трајчева: 63 животи не смеат да станат административна одлука

Македонија | пред 2 дена

media-librarysuoboe38mdcg2LVC2UL

(Видео) Збогум на дивите тераси во кочанскиот трговски центар

Настани | пред 6 дена

media-libraryfjco2idjqge74chIYwX

(Видео) Пациенти се изолираат во соба со влага - влеговме во кочанската болница...

Студио | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања