Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Родителите од трагедијата во „Пулс“: Ако можевте 30 километри до Штип, можете и 300 метри до Паркот?

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 месеци -

Македонија
kocani-puls-protest-4

Здружението на граѓани „16-ти Март 2025“, во кое се обединети дел од родителите на загинатите деца во кочанската трагедија, упати порака до јавноста по големиот концерт на Дино Мерлин во Штип.

— реклама —

„Скоро цело Кочани патуваше 30 километри до Штип на концерт. А градоначалникот на Штип, ете, предизборно најде време и срце да ги покани повредените деца и да им обезбеди маси за Дино Мерлин. Респект за гестот, респект за одзивот! А ние се прашуваме… Кочанчани, ако можевте 30 километри до Штип, зарем 300–400 метри до Паркот на револуцијата се премногу? Таму не ве чекаат ѕвезди на сцена, туку споменот на вашите другари и другарки – 62 ангели што таа кобна ноќ ја оставија младоста на овој град,“ стои во реакцијата.

— реклама —

Од здружението додаваат дека следниот марш не е за концерт или медиуми, туку за човечка почит и за вистинска правда:

— реклама —

„Наши сограѓани, родители – ве очекуваме на следниот марш. За 62 светлосни траги кои ја оставија младоста на овој град, за секоја насмевка што ќе недостасува, за секој срцев удар на сеќавањето – да покажеме дека споменот живее и дека љубовта и почитта остануваат засекогаш.“

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

puls-35-1

Анксиозност, ПТСР и депресија - третина од повредените во пожарот во Кочани се соочуваат со сериозни психолошки последици

Македонија | пред 11 час

media-library7fefgsr0flr3fRv4lYr

Родителите на жртвите од „Пулс“ бараат враќање на обвинителката Трајчева: 63 животи не смеат да станат административна одлука

Македонија | пред 2 дена

media-librarysuoboe38mdcg2LVC2UL

(Видео) Збогум на дивите тераси во кочанскиот трговски центар

Настани | пред 1 седмица

media-libraryfjco2idjqge74chIYwX

(Видео) Пациенти се изолираат во соба со влага - влеговме во кочанската болница...

Студио | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања