Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

Словенија ја затвори вратата за Нетанјаху поради кршење на човековите права

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 месеци -

Свет
netanjahu

Владата на Словенија донесе одлука премиерот на Израел, Бенјамин Нетанјаху, да не смее да влезе во земјата, со што Словенија стана првата членка на Европската унија која презеде ваква мерка против израелскиот лидер.

Оваа одлука следува по претходно санкционирање на двајца израелски министри – министерот за национална безбедност Итaмар Бен-Гвир и министерот за финансии Безалел Смотриќ, кои беа прогласени за непожелни поради, како што беше наведено, „геноцидни изјави“ упатени кон Палестинците.

— реклама —

Јавноста е информирана дека против него се водат постапки за воени злосторства и злосторства против човештвото. Меѓународниот суд за правда на 19 јули 2024 година утврди дека низа политики и практики на Израел ги кршат меѓународното хуманитарно право и човековите права, изјави државната секретарка во Министерството за надворешни работи, Нева Грашиќ, по седницата на владата.

Словенија во август минатата година стана и првата членка на ЕУ која воведе ембарго за извоз на оружје кон Израел. Во јуни 2024 година, се приклучи на Норвешка, Шпанија и Ирска во признавањето на Палестина како независна држава, со што дополнително го потврди својот став како еден од најгласните европски критичари на израелските акции во Газа.

— реклама —

Претседателката на Словенија, Наташа Пирц Мусар, во обраќањето пред Генералното собрание на ОН во вторникот, предупреди за геноцидот во Газа и повика на итна акција од меѓународната заедница:

Треба да ги преземеме правилните чекори. Не го запревме Холокаустот, не го запревме геноцидот во Руанда, не го запревме геноцидот во Сребреница. Мораме да го запреме геноцидот во Газа. Повеќе нема изговори. Никаков.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

zemjotres-2-2

Земјотрес ја потресе Словенија, епицентарот кај Севница

Балкан | пред 1 ден

— реклама —
media-library3mgkdd61d9p08Raeibd

Дали Словенија ќе излезе од НАТО , СЗО и ЕУ

Свет | пред 1 седмица

media-library13rk50ip047kauqNvmH

Потврдени изборните резултати во Словенија, во петок конститутивна седница на Парламентот

Свет | пред 2 седмици

media-library4j7690dnpdr35p6w0jN

Словенија остро го критикува Израел: „Смртната казна е дискриминација“

Свет | пред 3 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања