Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Собраниска расправа за построги казни и ново кривично дело во Кривичниот законик

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 месеци -

Македонија
sobranie

На денешната седница на собраниската Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците се разгледува Предлог-законот за изменување и дополнување на Кривичниот законик во второ читање. Предлогот е поднесен од девет пратеници од ВМРО-ДПМНЕ и содржи вкупно 13 амандмани.

— реклама —

Амандманите се распределени меѓу повеќе политички партии – девет се поднесени од пратеничката на Нова социјалдемократска партија, Соња Мираковска, два од пратеничката на Левица, Јована Мојсоска, и по еден од пратеничките на ВМРО-ДПМНЕ, Драгана Бојковска, и на Либерално-демократската партија, Моника Зајкова.

— реклама —

Како што се наведува во образложението објавено на веб-страницата на Собранието, целта на законските измени е да се надминат слабостите во постојните одредби на Кривичниот законик и да се обезбеди усогласување со одлуката на Уставниот суд од 12 февруари 2025 година, објавена во „Службен весник на Република Северна Македонија“ број 58/25.

— реклама —

Со предложените измени се предвидува заострување на казнената политика преку зголемување на казните за кривичните дела злоупотреба на службената положба и овластувањето (член 353) и злосторничко здружување (член 394), со цел повторно воспоставување на нивната превентивна и репресивна функција, како и зајакнување на борбата против високата корупција, во согласност со забелешките од извештајот на Европската комисија за 2023 година.

Предлог-законот воведува и ново кривично дело – инкриминирање на злоупотребата на туѓа снимка, фотографија, аудиозапис или спис со сексуално експлицитна содржина. Со ова се предвидува кривична одговорност за сторителот кој без согласност ќе направи достапна ваква содржина на трети лица, при што како објект на заштита се утврдува приватноста на оштетеното лице.

Во пакетот измени е опфатена и проширената конфискација преку проширување на кривичните дела за кои може да се примени член 98-а од Кривичниот законик. Дополнително, се врши усогласување со Истанбулската конвенција преку редефинирање на кривичното дело телесна повреда, при што гонењето по предлог се укинува во случаи на родово базирано насилство, семејно насилство, насилство од омраза или кога делото е сторено врз особено ранливи лица, и истото ќе се гони по службена должност.

Предвидени се и два нови облици кај кривичното дело трговија со дете, со цел поефикасно справување со злоупотребите поврзани со детското питачење. Законот содржи и технички појаснувања и подобрувања во делот на куќниот затвор, условната осуда со заштитен надзор и проширената конфискација.

Во образложението се наведува дека предложените измени се неопходни за елиминирање на потенцијалните штетни последици од измените на Кривичниот законик донесени во септември 2023 година, како и за исполнување на европските и меѓународните стандарди. Предлог-законот вклучува и усогласување на кривичните дела против безбедноста во сообраќајот и одземањето предмети со законските решенија поврзани со проектот „Безбеден град“.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library2usa516otu319IXcNE8

Денеска во Собранието седница за пратенички прашања

Македонија | пред 4 дена

smilkovsko-ezero-zrtvi

По 14 години, се бара по третпат да се приспитува убиството кои ги уби децата и рибарот кај Смилковско, овојпат од новиот јавен обвинител

Македонија | пред 1 седмица

media-library5671oo59c22e9ItTT2O

Ленче Ристоска беше оттурната и покрај кредбилитетот, рече Зајкова која упати порака до идниот државен обвинител Савески

Македонија | пред 1 седмица

media-librarys91catcl83t22eps8wT

Насилниците нема да носат електронска нараквица, жртвите нема да бидат предупредувани - не поминаа измените на законот

Македонија | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања