Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Support Kocani обезбеди и втора пратка компресивна облека за повредените: Делата зборуваат многу погласно од зборови

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 8 месеци -

Македонија
Screenshot-2025-07-08-184234

Денес во Кочани пристигна и беше официјално донирана втората пратка компресивна облека, обезбедена од граѓанската иницијатива Support Kocani, наменета за повредените од трагичниот настан од 16 март 2025 година.

— реклама —

Во оваа пратка се вклучени 43 парчиња компресивна облека, изработени по индивидуални мерки за 17 повредени лица. Облеката беше испорачана во Македонија во понеделник навечер, а веќе денес е доставена на Општата болница во Кочани. Фактурата за оваа пратка, во износ од 283.802 денари, е целосно исплатена од страна на Support Kocani.

— реклама —

Ова е втора по ред испорака на компресивна облека што ја обезбедува иницијативата. Претходно, Support Kocani целосно ја покри и првата пратка во вредност од 923.458 денари, со што вкупниот износ за двете набавки изнесува 1.207.260 денари, односно 23.560,37 евра – средства обезбедени исклучиво преку донации од хумани граѓани, фирми и поддржувачи од земјата и дијаспората.

— реклама —

Голема благодарност упатуваме до компаниите Julius Zorn GmbH и Health 2000, кои што овозможија квалитетна и навремена медицинска помош за што поголем број повредени лица.

„Во време на болка, солидарноста е најголем лек. Никој нема да биде сам. Делата зборуваат многу погласно од зборови, а ние не застануваме – продолжуваме посветено и одговорно, сè додека постои потреба и сè додека има луѓе што веруваат во хуманоста”, порачаа од Support Kocani.

 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

puls-35-1

Анксиозност, ПТСР и депресија - третина од повредените во пожарот во Кочани се соочуваат со сериозни психолошки последици

Македонија | пред 11 час

media-library7fefgsr0flr3fRv4lYr

Родителите на жртвите од „Пулс“ бараат враќање на обвинителката Трајчева: 63 животи не смеат да станат административна одлука

Македонија | пред 2 дена

media-librarysuoboe38mdcg2LVC2UL

(Видео) Збогум на дивите тераси во кочанскиот трговски центар

Настани | пред 1 седмица

media-libraryfjco2idjqge74chIYwX

(Видео) Пациенти се изолираат во соба со влага - влеговме во кочанската болница...

Студио | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања