Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

Танкери заглавени во Заливот: Осигурителните компании го укинуваат покривањето за воен ризик

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Свет
SeKXr-

Неколку осигурителни компании соопштија дека ќе го укинат покривањето за воен ризик за бродовите поради конфликтот во Иран и Персискиот Залив.

Осигурителните компании, меѓу кои се Gard, Skuld, NorthStandard, лондонскиот P&A клуб и Американскиот клуб, соопштија дека укинувањето на осигурувањето од воен ризик за бродовите ќе стапи на сила од 5 март, пренесува Ројтерс.

— реклама —

Според соопштението, осигурувањето од воен ризик ќе биде укинато за бродовите во иранските води, како и во Персискиот Залив и соседните води.

Јапонската осигурителна група MS&AD изјави за Ројтерс дека привремено суспендирала низа полиси за осигурување кои покриваат воени ризици во водите околу Иран и Израел, како и соседните земји.

— реклама —

Тензиите на Блискиот Исток ескалираа откако американските и израелските сили започнаа напади врз Иран за време на викендот, по што Техеран ја затвори пловидбата низ Ормускиот теснец, клучна точка за глобалниот проток на нафта и гас.

Неколку сопственици на танкери, големи нафтени компании и трговски куќи од тогаш ја запреа испораката на сурова нафта, гориво и течен природен гас преку теснецот, а сателитските податоци покажуваат дека бродовите се собираат во близина на клучни пристаништа во Обединетите Арапски Емирати, како што е Фуџеира.

Податоците за следење на бродови од вчера покажуваат дека најмалку 150 танкери се закотвени во отворените води зад Ормускиот теснец.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryit4682i4548j11F1nU1

„Имам добри вести“ – Трамп најави помилување на демонстрантки во Иран

Свет | пред 8 часа

— реклама —
lopta-fudbal

Иран сепак ќе настапи на Светското првенство во САД

Спорт | пред 9 часа

media-libraryjqohdp9bsumjckdoiza

Трамп: Иран може да добие уште три до пет дена

Свет | пред 9 часа

media-library4md44j2raa565nJ5iCE

Цените на нафтата надминаа 101 долар поради тензии во Ормускиот теснец

Свет | пред 9 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања