Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Трамп: Да не се појавев јас, денес немаше да постои НАТО

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 месеци -

Свет
Screenshot-2022-02-26-at-23.58.02

Американскиот претседател Доналд Трамп се огласи со нова контроверзна порака на својата социјална мрежа Truth Social, во која тврди дека без неговото појавување денеска немало да постои НАТО.

— реклама —

Трамп напиша дека ниту една личност, ниту еден претседател во историјата, не направил повеќе за Алијансата од него, нагласувајќи дека НАТО, според неговите зборови, би завршил „на сметилиштето на историјата“ доколку тој не се вмешал.

— реклама —

„Да не се појавев јас, денес немаше да има НАТО. Ќе завршеше на сметилиштето на историјата. Тажно, но вистинито“, напиша Трамп, потпишувајќи ја пораката со иницијалите „Претседател ДЏТ“.

— реклама —

Оваа изјава доаѓа во контекст на неговите чести критики кон земјите членки на Алијансата, особено европските, за недоволно издвојување средства за одбраната, како и неговото инсистирање дека токму под негов притисок биле зголемени воените буџети во рамки на НАТО.

Изјавите на Трамп и претходно предизвикуваа бурни реакции меѓу сојузниците, а неговото тврдење дека Алијансата опстанала исклучиво поради неговото лидерство повторно отвора дебата за иднината на трансатлантските односи и улогата на САД во колективната безбедност.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

65717207620215fa45d0e545827251_v4_big

НАТО пресретна балистички проектил од Иран во турскиот воздушен простор

Свет | пред 6 часа

media-librarybf78tj12r94fdPla1kY

Прага признава: нема средства за исполнување на НАТО обврските

Свет | пред 2 дена

rute

Руте: Ормутскиот теснец мора да се отвори, ќе најдеме решение

Свет | пред 1 седмица

mark-rute-1

Членките на НАТО дискутираат за повторно отворање на Ормускиот теснец

Свет | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања