Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

Трамп со ултиматум до Вучиќ: За три месеци целосно повлекување на русите од нафтената индустрија

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 месеци -

Свет
Screenshot-2025-01-21-at-14.36.37

Министерката за рударство и енергетика на Србија, Дубравка Ѓедовиќ Хандановиќ, обзмами дека добиле известување од Владата на САД со кое се бара излегување на руската сопственост од Нафтената индустрија на Србија (НИС).

„Всушност, на барање на НИС, за првпат, таа недвосмислено рече дека сака целосна промена на руските акционери, односно дека бара излез од сопственоста“, рече српската министерка.

— реклама —

Министерката посочи дека државата е во момент кога можеби пред нив се некои од најтешките одлуки во модерната историја на Србија.

„Геополитичката ситуација се менува од ден на ден и се надевам дека нашите руски пријатели ќе ја разберат сериозноста на моментот и ќе ни помогнат заедно да излеземе од оваа исклучително сложена ситуација. Ние, ниту виновни ниту обврзани, се најдовме во средината на политички и геополитички конфликт и како мала земја сега мора да платиме висока цена. И единственото нешто што го сакавме беше да бидеме фер и коректни кон сите наши партнери и сите наши пријатели“, рече Ѓедовиќ.

— реклама —

Владата на Србија денес одржува состанок во на кој се поканети сите директори на јавни претпријатија.

Санкциите беа воведени од САД поради мнозинскиот руски капитал во компанијата.

Компанијата НИС ја информираше јавноста дека посебната лиценца на Министерството за финансии на Соединетите Американски Држави, која овозможува непречено оперативно работење, не е продолжена, што го означи почетокот на примената на американските санкции против таа компанија.

Американците сега бараат од Вучиќ целосно да ги повлече Русите од нафтената индустрија на Србија.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

zaharova-51320-

Захарова го критикуваше Нетанјаху: „Споредбата на Иран со Холокаустот е опасна“

Свет | пред 9 часа

— реклама —
media-libraryf80tj7ah7kaufWqMifA

Путин: „Победата е наша“

Свет | пред 1 ден

nafta

Русија го запира извозот на казахстанска нафта кон Германија

Свет | пред 1 ден

kremlj

Руската Федерална служба за безбедност спречи терористички план: Германска државјанка планирал напад

Свет | пред 2 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања