Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Зеленски: Русија подготвува нова голема војна во Европа до 2030 година

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 месеци -

Свет
Screenshot-2025-08-17-at-20.54.17

Украинскиот претседател Володимир Зеленски предупреди дека Русија подготвува нова, голема офанзива на европскиот континент, која, според украинските проценки, би можела да започне во периодот меѓу 2029 и 2030 година. Тој како доказ го посочи интензивираното производство на оружје во Русија, што, според него, покажува дека Москва нема намера да ја прекине војната против Украина.

— реклама —

Во објава на „Телеграм“, Зеленски истакна дека Москва значително ја зголемува воената индустрија, што јасно укажува дека целта на Кремљ е продолжување, а не завршување на конфликтот.

— реклама —

„Состојбата на фронтот ни покажува дека Русија не е подготвена да сопре. Кога ги гледаме нивните фабрики, складишта и производни капацитети, станува јасно дека тие се подготвуваат за долгорочна војна,“ изјави украинскиот лидер, пренесе агенцијата „Укринформ“.

— реклама —

Зеленски нагласи дека само здружениот меѓународен притисок може да ја принуди Русија да ја прекине агресијата, повикувајќи ги земјите-сојузници да дејствуваат сега, додека војната сè уште може да се сопре во рамките на Украина.

Во меѓувреме, Министерството за финансии на САД соопшти дека воведува нови санкции против руските енергетски гиганти „Роснефт“ и „Лукоил“, барајќи од Москва итно да прифати прекин на огнот. Според проценките на Киев, овие санкции ќе ѝ нанесат на Русија загуби од најмалку 50 милијарди долари годишно.

И Европската унија продолжува со притисокот врз Кремљ – високата претставничка за надворешна политика Каја Калас објави дека Унијата го усвоила 19-тиот пакет санкции насочен кон руската економија и нејзините воени капацитети.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

kremlj

Кремљ: Нема да стоиме на страна додека Куба страда

Свет | пред 13 часа

peskov-putin1

Кремљ: Србија е „пријателска и братска земја“, испораките на гас продолжуваат

Свет | пред 15 часа

media-libraryme5079vgccp59EEe3b8

(Видео) Руски аналитичар тврди: „Осудени сме на пораз во Украина“

Свет | пред 18 часа

media-libraryetjmqfmacn7u0iabNim

Рускиот ФСБ разоткри британски дипломат во Москва – мора да ја напушти земјата

Свет | пред 19 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања