Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK

Индија бара нафта од Африка и Латинска Америка поради кризата на Блискиот Исток

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 месеци -

Свет
media-librarymnnfa8l573bvauqXfEn
Photo by Tomas Williams on Unsplash

Индија ги зголемува набавките на нафта од Латинска Америка и Африка за да го надомести намаленото снабдување од Блискиот Исток поради војната и блокадата на Ормускиот Теснец, покажуваат податоци од трговски извори.

— реклама —

Рафинериите во третата најголема земја-увозник на нафта во светот во април и мај го зголемиле увозот од Венецуела, Бразил, Ангола и Нигерија, а паралелно продолжиле да купуваат и руска нафта.

Индија во април не купувала ирачка нафта поради прекин на извозот, но повторно почнала да увезува иранска нафта по пауза од седум години, откако Вашингтон привремено дозволил купување за стабилизирање на светските цени.

— реклама —

Според податоците, увозот на руска нафта во април бил намален за околу 29,4 проценти во однос на март, на 1,6 милиони барели дневно, главно поради одржување на една голема индиска рафинерија. Сепак, Русија останала најголем снабдувач на Индија со нафта.

— реклама —

Во мај Индија се очекува да увезува околу 1,9 милиони барели руска нафта дневно и околу 41 илјада барели дневно од Ирак.

Податоците покажуваат дека увозот од Обединетите Арапски Емирати речиси се зголемил трипати, додека увозот од Саудиска Арабија останал стабилен. Овие две земји се меѓу ретките производители во Персискиот Залив што имаат нафтоводи кои го заобиколуваат Ормускиот Теснец.

Поради кризата, уделот на нафтата од земјите членки на ОПЕК во индискиот увоз пораснал на 45,2 проценти во април, додека уделот на руската нафта паднал од речиси 50 на околу 35 проценти.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarymbr0603v839oeQjXQyG

(Видео) Хеликоптер со шест лица исчезна од радарот во Индија, се стравува дека се урнал во планина

Свет | пред 12 часа

— реклама —
media-libraryfn04cig9gp76d9NbhHs

(Видео) Најмалку шест загинати во Индија по ударот на циклонот Арнаб

Свет | пред 1 ден

media-libraryqsthnblehgf51E2DxmH

Тежок удар за заштитата на гепардите во Индија: убиен 19-месечен гепард

Свет | пред 2 дена

media-librarym1ekmrkirjcc0QnWqFV

(Видео) Речиси 100.000 луѓе евакуирани во Индија поради силниот циклон Арнаб

Свет | пред 2 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања