Промени тема
Контакт

Иран ги обвини САД и Израел за немирите, писмо доставено до Советот за безбедност на ОН

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 8 месеци -

Свет
IMG_6878

Иран во писмо доставено до Советот за безбедност на Обединетите нации ги обвини Соединетите Американски Држави и Израел дека стојат зад немирите и насилните настани во земјата. Постојаниот претставник на Иран при ОН, Амир Саид Иравани, во писмото наведува дека, според Техеран, САД се „директно одговорни за немирите и насилните дејствија“, преку, како што тврди, закани, поттикнување и намерно охрабрување на насилството, како и преку нарушување на мирот и стабилноста.

— реклама —

Иравани дополнително го осуди однесувањето на Вашингтон, наведувајќи дека американските активности се одвиваат во координација со Израел, што, според иранската страна, претставува директно мешање во внатрешните работи на Иран. Во писмото се истакнува дека ваквите дејствија се спротивни на меѓународното право и на Повелбата на Обединетите нации.

— реклама —
— реклама —

Протестите во Иран траат веќе 14 дена и започнаа на големата пазарна зона во Техеран, по што се проширија и во други делови на земјата. Иранските власти во последните денови сè почесто повикуваат на разграничување меѓу мирните демонстранти и, како што ги нарекуваат, „изгредниците“, иако тој термин, според бројни реакции и извештаи, режимот го користи и за самите учесници во протестите.

— реклама —

Состојбата во Иран и натаму предизвикува зголемено внимание кај меѓународната заедница, додека официјален Техеран инсистира дека надворешни фактори ја поттикнуваат нестабилноста и ја користат внатрешната социјална и економска криза за свои геополитички цели.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarylacsaq24tqi36JiUMlR

Иран го доби одговорот од САД на предлогот за прекин на војната

Свет | пред 3 дена

— реклама —
media-library6crepiukitpr8lAKRxC

Иран во сè подлабока криза: Лековите поскапеле и повеќе од трипати

Свет | пред 3 дена

media-librarylkgnpc0p5rhp2N8GVwd

Иранска пејачка осудена на 74 удари со камшик по настап без хиџаб

Свет | пред 4 дена

media-libraryhb80gm6shsn85tfBtQv

Нова порака од Техеран: Хамнеи тврди дека и Арапското Море ќе биде „ослободено“

Свет | пред 5 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања