Промени тема
Контакт
Најнова епизода Стефан Николовски на „Претрес“: Тони, Тино, Атанас, Љутков, политичарите и „тајните“ зад сцената! Гледај на LANDOV.MK

Иран сè поблиску до нови правила за Ормутскиот теснец: На бродовите од ЕУ ќе им биде забранет премин

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 месеци -

Свет
SeKXr-

Сигурносниот одбор на иранскиот парламент го одобри нацрт-законот со кој се воведува систем за наплата на премин низ Ормускиот теснец и се предлага ограничување на пристапот за пловила поврзани со земји кои вовеле санкции против Иран.

— реклама —

Претставникот на одборот, Мојтба Сари, изјави за новинската агенција FARS дека предлогот ќе биде поднесен за расправа и гласање во парламентот.

— реклама —

„Според нацрт-законот, бродовите од САД, Израел и од земјите кои во последните години го санкционирале Иран ќе имаат забранет премин низ овој стратешки морски пат. Пловила од Европската унија исто така ќе бидат опфатени“, изјави Сари.

Наплатата ќе се врши во националната валута на Иран, риал, извести FARS, во потег насочен кон зајакнување на валутата и заобиколување на американските санкции, а истовремено државата ќе има целосна контрола врз финансиските текови.

— реклама —

Овој потег сигнализира дополнителна ескалација со Вашингтон.

Американскиот претседател Доналд Трамп побара Иран целосно да го отвори теснецот, клучна рута за глобалните енергетски испораки, и се закани со драстични последици доколку тоа не го стори.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library3lp5aqc3s2v192BIUrY

Арагчи со предупредување: „Иран го нападнаа двапати, ако се обидат повторно, резултатот ќе биде ист“

Свет | пред 1 ден

— реклама —
media-libraryp4td1q8uuucqamn57JJ

„Ќе ги кренат рацете и ќе се предадат“ – Трамп со остра порака до Куба

Свет | пред 2 дена

media-libraryjkf1kip65pc7cmRzgab

Иран се закани дека ќе ги нападне американските бази ако продолжи придружувањето на бродови

Свет | пред 4 дена

media-libraryjkf1kip65pc7cmRzgab

(Видео) Пожар на нафтен танкер во Ормускиот Теснец, Иран тврди дека удрил во мина

Свет | пред 5 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања