Промени тема
Контакт

Иран со жестоко предупредување: „Ниту една капка нафта нема да излезе од Персискиот Залив“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 седмици -

Свет
media-librarylacsaq24tqi36JiUMlR
unsplash javad-esmaeili

Иран се закани со одмазда кон секоја земја што ќе се приклучи кон новата американска кампања за економски притисок врз Техеран, додека Вашингтон најавува воведување секундарни санкции против држави, компании и други субјекти што продолжуваат да тргуваат со Иран.

Американскиот министер за финансии, Скот Бесент, најавениот потег го опиша како „најголема финансиска офанзива некогаш покрената против некој противник“. Целта на Вашингтон е дополнително да ја изолира иранската економија, шест месеци по почетокот на војната.

Во пресрет на американската објава, Обединетите Арапски Емирати, кои се најголем трговски партнер на Иран на Блискиот Исток, соопштија дека ја прекинуваат трговијата со Техеран. Иранските власти сметаат дека одлуката е координирана со Вашингтон.

Сега во фокусот се Кина, Индија и Русија и нивниот одговор на зголемениот американски притисок. Особено значајна е позицијата на Кина, која со години е најголем купувач на иранската нафта.

Пекинг веќе го осуди воведувањето еднострани санкции кои, според кинеските власти, немаат основа во меѓународното право. Портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи, Лин Џијан, порача дека воените средства, санкциите и политиките на притисок не се решение.

— реклама —

Сепак, сегашната ситуација е посложена од претходните американски обиди за економски притисок врз Иран. Испораките на иранска нафта кон Азија практично се запрени поради американската поморска блокада на иранските пристаништа.

Минатата недела и гувернерот на Централната банка на Иран, Абдолнасер Хемати, призна дека извозот на сурова нафта „практично запрел“.

Техеран, пак, возврати со остри закани. Иранскиот шеф за безбедност, Мохсен Резаеи, предупреди дека доколку Вашингтон ги спроведе најавените мерки, Иран ќе одговори со „силата на земјотрес“.

— реклама —

Особено ги предупреди соседните земји од Заливот да не се приклучуваат кон американската кампања.

„Ако земјите што го опкружуваат Иран им се придружат на Американците во нивната економска војна, ниту една капка нафта нема да го напушти Персискиот Залив и Ормускиот Теснец“, рече Резаеи.

— реклама —

Тој предупреди дека Иран би можел да преземе мерки и против други транспортни правци преку кои се извезува нафта од Заливот. Пловењето низ Ормускиот Теснец и онака е сериозно нарушено, што дополнително ги зголемува ризиците за глобалното снабдување со енергенси.

Иран во неделата дополнително го засили притисокот, ставајќи на црната листа 45 танкери поради наводно прекршување на правилата за минување низ Ормускиот Теснец.

Техеран се закани со парични казни, задржување на пловилата и запленување на нивниот товар, со што дополнително се зголемува неизвесноста околу еден од најважните светски енергетски коридори.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library3d618c6e52p27Acvs7F

Иран: Ормускиот Теснец може да биде отворен за неколку дена ако САД ја укинат блокадата

Свет | пред 44 минути

— реклама —
media-library0n7gg5pde9lhaJMTimR

Иран до САД постави седум услови за преговори: „Подготвени сме за одлучувачка војна“

Свет | пред 2 дена

media-libraryhb80gm6shsn85tfBtQv

Иран егзекутира маж: Го обвинија дека на Мосад му давал информации за ракетни позиции

Свет | пред 3 дена

nafta-mazut

САД бараат заплена на 61 милион долари: Иран наводно „испрал“ 1,5 милијарди преку криптовалути

Свет | пред 6 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања