Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

„Итно да се увезе лекот еритропоетин - одговорност од министерот Алиу и директорите Клековски и Алити“, велат од Левица

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 месеци -

Македонија
media-library8jr1drgi67v78KmQxVE

Политичката партија Левица преку соопштение изрази загриженост поради, како што наведува, недостигот на еритропоетинска терапија во здравствениот систем, која е неопходна за пациентите со трансплантиран бубрег и за лицата на дијализа.

— реклама —

Од партијата посочуваат дека, според поплаките од пациенти, препаратите како „Recormon“ и другите еквивалентни лекови веќе извесен период не се достапни во здравствените установи, без да биде обезбедена соодветна замена или информација кога проблемот ќе биде надминат.

— реклама —

Левица тврди дека поради ваквата состојба дел од пациентите се принудени сами да ја набавуваат терапијата од странство, додека други остануваат без неопходниот третман, што, според партијата, претставува сериозен ризик за нивното здравје.

Во соопштението се оценува дека прекин во снабдувањето со лекови од витално значење е недозволив и се обвинуваат Министерството за здравство и надлежните институции за несоодветно управување со системот.

— реклама —

Левица бара министерот за здравство Азир Алиу, директорот на Фондот за здравствено осигурување Сашо Клековски и директорот на Малмед Сабри Алити итно да ја информираат јавноста за причините за недостигот на еритропоетинската терапија, да презентираат план за нормализирање на снабдувањето и во најкус можен рок да обезбедат интервентен увоз на лекот.

— реклама —

Од партијата, исто така, бараат да се утврди институционална одговорност доколку се покаже дека недостигот е резултат на пропусти во планирањето, јавните набавки или управувањето со здравствениот систем.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

Screenshot-2024-04-29-at-09.19.33

Левица: Има пари за службени возила, нема за мајките земјоделки - демографски загриженото ДПМНЕ против Предлог-законот за платено породилно отсуство за 38.000 жени земјоделки

Македонија | пред 7 часа

— реклама —
Screenshot-2024-12-12-at-21.31.52

Левица: ДПМНЕ мести свои луѓе да го надгледуваат прислушувањето - го преземаат и граѓанскиот надзор

Македонија | пред 9 часа

Screenshot-2024-04-29-at-09.19.33

Левица: ДПМНЕ го отфрли и не сакаше ниту да дискутира за помали станбени кредити за младите семејства - за наталитетот ќе продолжат да се грижат со „бато и дада“ во читанките

Македонија | пред 1 ден

media-library42ebed95ucqh8JHGrNG

„Да не ти упаѓаат дома на проверка дали си навистина болен и да создадат предуслови за наталитет наместо да држат лекции за братче и сестриче“: Левица со два предлог закони

Македонија | пред 2 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања