Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Израел: Убивме уште 50 луѓе во болничкиот кварт во Газа

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Свет

Во продолжувањето на офанзивата на израелската армија врз болницата Ал Шифу во градот Газа, загинаа уште педесетина милитанти, соопшти денеска израелската армија.

„Повеќе од 50 терористи се елиминирани во размената на оган во изминатиот ден“, соопшти армијата, додавајќи дека повеќе од 140 милитанти се елиминирани во болничката област од почетокот на операцијата пред неколку дена.

— реклама —

Израелските сили објавија и дека пронашле складишта за оружје. Цивилите, пациентите и лекарите не се повредени, а медицинската опрема не е оштетена, тврдат од армијата.

— реклама —

Информациите не можеа веднаш да бидат независно проверени.

Израелските сили упаднаа во најголемата болница во Појасот Газа во понеделникот рано наутро во напад врз Хамас и неговата инфраструктура.

— реклама —

Во операцијата досега се убиени двајца израелски војници, соопшти армијата. Приведени се околу 160 осомничени. Израелската војска веќе изврши рација во Ал Шифа во средината на ноември и рече дека таму пронашла тунелски комплекс на Хамас.

— реклама —

Војната во Газа беше поттикната од масакрот на терористите на Хамас и другите екстремистички палестински групи на 7 октомври во Израел, во близина на границата со Појасот Газа.

Израел е изложен на се погласни меѓународни критики поради големиот број цивилни жртви и катастрофалните услови во Појасот Газа.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarygitprgec63i2cL9kHaz

(Видео) Првата зимска бура ја погоди Газа: Поплавени десетици илјади шатори, има повредени

Свет | пред 4 дена

— реклама —
gaza44

Нови израелски напади врз Газа, најмалку тројца Палестинци загинаа

Свет | пред 1 седмица

gaza1

Тројца убиени во израелски напади во Газа, меѓу ранетите и девојче

Свет | пред 1 месец

media-libraryof892nk1l8o73pKk1pV

Во Газа расте насилството врз жените и девојчињата, нагло се зголемени раните бракови

Свет | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања