Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Израелската армија ги пронајде телата на тројца мажи киднапирани од Хамас

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Свет

Израелската армија (ИДФ) денеска соопшти дека пронашла тела на три лица кои биле киднапирани и убиени откако биле киднапирани од борците на милитантната група Хамас на 7 октомври минатата година, кога го нападнаа јужниот дел на Израел.

— реклама —

Телата на Орион Хернандез Раду (30), Ханан Јаблонка (42) и Мајкл Нисенбаум (59) се пронајдени со помош на „веродостојни информации“ откриени за време на војната, соопшти ИД, пренесува Тајмс оф Израел.

— реклама —

Овие три лица беа киднапирани од борците на Хамас на југот на Израел во Кибуц Мефалсим, на истата локација каде што киднапираа и убија уште четворица заложници чии тела беа пронајдени минатата недела во тунел во бегалскиот камп Џабалија на северот од Појасот Газа. .

— реклама —

ИД додаде дека телата биле пронајдени во заедничка операција со израелската разузнавачка служба Шин Бет, а семејствата на жртвите биле известени откако нивниот идентитет бил потврден во форензичкиот институт Абу Кабир во текот на ноќта.

— реклама —

На 17 мај, ИД пронајде тела на тројца заложници во Појасот Газа, а израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху потоа вети дека ќе ги врати сите заложници „живи или мртви“.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarygitprgec63i2cL9kHaz

(Видео) Првата зимска бура ја погоди Газа: Поплавени десетици илјади шатори, има повредени

Свет | пред 4 дена

— реклама —
gaza44

Нови израелски напади врз Газа, најмалку тројца Палестинци загинаа

Свет | пред 1 седмица

gaza1

Тројца убиени во израелски напади во Газа, меѓу ранетите и девојче

Свет | пред 1 месец

media-libraryof892nk1l8o73pKk1pV

Во Газа расте насилството врз жените и девојчињата, нагло се зголемени раните бракови

Свет | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања