Промени тема
Контакт

Јадранка Дабовиќ Анастасовска заминува од Уставен суд

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 8 месеци -

Македонија
ustaven-sud

Уставниот суд остана само со седум судии. Уставната судијка Јадранка Дабовиќ Анастасовска поднесе оставка од функцијата и се враќа како професор на Правниот факултет.

Таа во оставката на образложението доставено до Собранието, вели дека оставката е поради лични причини, конкретно поради промени кои настанале во втората половина од годинава, а кои се од лична и семејна природа.

— реклама —
— реклама —

,,Вршењето на функцијата судија на Уставен судија во изминатиов период за мене беше голема чест и одговорност и се трудев функцијата во овој период да ја извршувам одговорно, со голема посветеност и максимално професионлано. Но како одговорен човек по настанатите непредвидени околности сметам дека нема да можам да работам на предмети со целиот свој капацитет, кои најчесто не се од мојата потесна професионална определба на која сум се усовршувала цели 40 години”, напиша Дабовиќ.

— реклама —

Таа за уставен судија беше избрана на 12 декември 2023 година и на местото доаѓа како професор на Правниот факултет „Јустинијан Први“ при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика

Поврзани содржини

IMG_4929

Судскиот совет и Здружението на судии: Одлуката на граѓанскиот суд не може да биде однапред определена од Уставниот суд

Македонија | пред 1 седмица

ustaven-sud

Уставниот суд првпат пријави судија од Граѓанскиот суд поради непочитување на нивната одлука

Македонија | пред 2 седмици

media-libraryvjjmol4tsd7kbzGCssq

Уставните судови на Македонија и Турција ќе ја интензивираат билатералната соработка

Македонија | пред 1 месец

ustaven

Уставниот судија Гоце Наумовски поднесе оставка, Судот за тоа дознал од Собранието

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања