Промени тема
Контакт

Јаневска: Стручните служби и родителите заеднички да придонесат за воспитување на учениците и создавање побезбедна училишна средина, нова обврска на наставниците - дежурство во училишните простории и дворови

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 месеци -

Македонија
media-libraryr0g5hk12eofu20H10am

Министерката за образование и наука Весна Јаневска на денешната прес-конференција истакна дека не е доволно само декларативно да се зборува за младите како иднина, туку дека се потребни конкретни мерки и инвестиции.

— реклама —

Таа посочи дека во училиштето „Гоце Делчев“ се подобруваат инфраструктурните услови со цел учениците да имаат поквалитетна настава, а наставниците подобри услови за работа.

Јаневска нагласи дека инвестициите се реализираат со поддршка од Владата и Министерството, при што се продолжува со исполнување на ветените проекти за образовниот систем.

— реклама —

Таа им се заблагодари на локалната самоуправа и училиштниот кадар за ангажманот, истакнувајќи дека дел од проектите придонесуваат и за заштита на животната средина и намалување на емисиите.

— реклама —

Министерката се осврна и на прашањето за безбедноста во училиштата, најавувајќи нови мерки и упатства, меѓу кои и обврска за дежурства на наставниците во училишните простории и дворови.

Според неа, целта е наставниците, стручните служби и родителите заеднички да придонесат за воспитување на учениците и создавање побезбедна училишна средина.

Јаневска апелираше до родителите за поголема соработка со наставниците и прифаќање на нивните препораки, нагласувајќи дека тоа е важно за правилен развој на децата и подобрување на образовниот процес.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryfuub7mn852re5dEEosT

Јаневска им посака добредојде на бруцошите на УКИМ: „Вие сте идните професионалци, иноватори и лидери“

Македонија | пред 1 седмица

— реклама —
media-librarysdjfu8psmbjgdNFlc6y

Студентите бараат субвенции за поскапиот меѓуградски превоз, Јаневска: Ќе видиме што можеме да направиме

Македонија | пред 2 седмици

media-librarysdjfu8psmbjgdNFlc6y

Јаневска: за две години во образованието се вложени 70 милиони евра во над 90 инфраструктурни проекти

Македонија | пред 2 седмици

media-library0c9g0dk0km986QLJ4du

Јаневска за случајот со д-р Василевски: МОН нема ингеренции за вработувањата на Медицинскиот факултет, ДПИ ќе постапува ако има избор во звање

Македонија | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања