Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Јаневска: „Студентите од Факултетот за безбедност не добија субвенциониран оброк бидејќи Факултетот не доставил список“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 месеци -

Македонија
media-library0c9g0dk0km986QLJ4du

Студентите од Факултетот за безбедност овој месец не ги добиле средствата за субвенциониран студентски оброк затоа што факултетот не го доставил потребниот список до Министерството за образование и наука, изјави министерката Весна Јаневска, одговарајќи на новинарско прашање.

— реклама —

Таа појасни дека факултетите имаат законска обврска секој месец, во периодот од 1 до 20 во месецот, да доставуваат ажурирани списоци со студенти што ги исполнуваат условите за користење на правото на субвенциониран оброк, бидејќи бројот на корисници постојано се менува.

— реклама —

„Во овој случај, Факултетот за безбедност не доставил список и Министерството нема ниту законско право, ниту можност да постапи поинаку од она што го предвидува законот“, рече Јаневска.

Таа посочи дека и во изминатите две години имало слични случаи, но дека факултетите каде што се случиле вакви пропусти потоа почнале навремено да ги исполнуваат своите обврски.

— реклама —

Министерката нагласи дека законите и правилата мора да важат подеднакво за сите и дека не може да се прават исклучоци и покрај незадоволството кај засегнатите студенти.

— реклама —

„Разбирам дека студентите се револтирани, но одговорноста е кај факултетот. Факултетот треба да го реши проблемот“, изјави Јаневска.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library8m1tpsuvdbmudDa08zk

Јаневска најави унапредување на наставните содржини за сообраќајна безбедност

Македонија | пред 1 седмица

— реклама —
media-librarycpa3j57gcvba0zXaU6X

Јаневска во Брисел: ја стимулиравме националната научно-истражувачка дејност, сега работиме на регионално и глобално поврзување

Македонија | пред 3 седмици

media-librarymgffmrvd0u22cuI6mbq

Јаневска: со двојно зголемен буџет во период од две години, значително ја раздвиживме науката во Македонија

Македонија | пред 4 седмици

media-libraryfuub7mn852re5dEEosT

Јаневска им посака добредојде на бруцошите на УКИМ: „Вие сте идните професионалци, иноватори и лидери“

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања